Contract
Здружение на граѓани Институт за човекови права Бр. 0506-65/2
10.11.2022, Скопје
За потребите на проектот „Пристап до правда за сите” финансиран од ЕУ, во рамки на ИПА програмата за граѓанско општество и медиуми 2020 – Оперативна поддршка за граѓански организации во Република Северна Македонија, врз основа на Договорот за грант меѓу ЕУ и Институтот за човекови права IPA/2021/171/328-22 од 23.12.2021 година (во понатамошниот текст: Договор за грант), проектниот тим на Институтот за човекови права испраќа:
ПРОЕКТНА ЗАДАЧА ToR 11/2022
за ангажирање на експерти за изработка на онлајн курс за еднаквост
I. НАСЛОВ НА ПРОЕКТОТ
„Пристап до правда за сите”
II. ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА ЗАДАЧАТА
Број на предвидени работни денови: 8 Почеток на договорот: ноември 2022 Крај на договорот: декември 2022 Место: Скопје/онлајн
III. ПОЗАДИНА
„Пристап до правда за сите” е проект чијашто генерална цел е подобрување на пристапот до правдата за сите, особено за ранливите и маргинализирани групи граѓани во Северна Македонија. Специфични цели на проектот се:
1. Да се олесни заштитата од дискриминација на маргинализираните групи на луѓе преку обезбедување бесплатна правна помош;
2. Подигање на свеста и промовирање на едукација за прашања поврзани со човековите права;
3. Да се подобри пристапот до правдата на граѓаните преку следење на релевантните институции со помош на анализа базирана на докази;
4. Залагање за соодветно законодавство и политики во однос на заштитата на човековите права и владеењето на правото во согласност со правото на ЕУ и
5. Да се зајакнат капацитетите на ИЧП за следење и застапување на политиките и за постигнување поголема одговорност и компетентност.
Проектот „Пристап до правда за сите“ е финансиран од ЕУ, во рамки на ИПА програмата за граѓанско општество и медиуми 2020 – Оперативна поддршка за граѓански организации во Република Северна Македонија.
Проектот е реализиран од Институтот за човекови права.
Институтот за човекови права (ИЧП) е главниот спроведувач на проектот и е здружение на граѓани лоцирано во Скопје, основано во 2009г. со цел промовирање, унапредување и заштитата на човековите права и слободи преку континуирана едукација на професионалната јавност и анализа на состојбите, организирање на стручни дискусии во рамките на правната професија и дискусии за општата јавност со цел зајакнување на капацитетите и механизмите за промовирање, гарантирање и заштита на човековите слободи и права. ИЧП ги остварува своите активности во соработка со државни органи и институции, граѓански организации од земјата како и регионални и меѓународни институции и организации од областа на заштитата на човековите права.
IV. ЦЕЛ НА ЗАДАЧАТА
Генералната цел на задачата е да се креира онлајн едукативен курс за интегрирање на еднаквоста кој ќе биде поставен на онлајн Академијата на Институтот за човекови права (xxxxx://xxxxxxxxxx.xxx.xx/). Курсот ќе овозможи ефективен пристап до едукација за интегрирање на еднаквост во програми и политики. Експертите се должни при креирање на курсевите да бидат во постојан контакт и консултација со проектниот тим на ИЧП. Курсевите ќе бидат наменети за претставници на институции и на граѓански организации, но и генерално до пошироката јавност особено до млади лица кои ќе покажат интерес за овие курсеви.
Конкретната цел на задачата е да се ангажираат двајца експерти кои имаат искуство со човекови права и недискриминација и познавање и искуство со програми и политики за еднаквост, односно познавање на релевантната националната и меѓународната правна рамка.
Задачи и обврски:
Во координација со Програмскиот менаџер и тимот на ИЧП, и во меѓусебна соработка, експертите ќе:
1. Изработат лекции за курсот систематизирани во минимум 3 поглавја:
• Лекциите треба да содржат теоретски и практичен дел;
• Практичниот дел може да се состои од примери, вежби, студии на случај, итн.;
2. Изготват прашања за секое поглавје на курсевите (со понудени одговори):
• За секое поглавје треба да се изработат од 3 до 5 прашања со понудени одговори, кои ќе претставуваат тест за учесниците на курсот дали ја совладале материјата на поглавјето.
3. Снимање на кратки видеа врз основа на материјалите од курсот:
• За секое поглавје ќе биде снимено кратко видео со кое ќе се воведе учесникот во содржината на поглавјето.
Забелешка: При извршувањето на оваа задача, се очекува од експертот:
• Да примени пристап заснован на докази, највисок стандард на работа и навремено да ги доставува резултати во секоја фаза на извршувањето на задачата.
• Да обезбеди јасност на целите и процесот за време на консултациите со проектниот тим.
Работата ќе се смета за финална само откако ќе биде одобрена од ИЧП.
V. ОЧЕКУВАНИ РЕЗУЛТАТИ
Од ангажираните експерти се очекува да ги испорачаат следниве резултати:
Резултати | Прелиминарен датум |
1. Драфт верзија со утврдени поглавја и лекции | 2 декември |
2. Финална верзија со прашања и примери | 9 декември |
3. Едукативни видеа | 15 декември |
Начин на плаќање
Плаќањето ќе биде извршено по реализација на услугата.
VI. ЛОГИСТИКА
За спроведување на активностите од страна на проектниот тим на ИЧП ќе биде обезбедена следнава поддршка:
• ИЧП програмски менаџер – достапен во текот на целата мисија
• Во функција на успешно извршување на задачата на експертите ќе им биде ставена на располагање сета потребната документација со која располага ИЧП.
Експертите ќе работат во координација и под директен надзор на програмскиот менаџер и, по потреба, со поддршка од проектниот тим. Тие ќе бидат во редовна комуникација со
програмскиот менаџер преку е-маил. Целата комуникација и документите ќе треба да бидат подготвени на македонски јазик. Материјалните и другите права на експертот за нарачаното дело се пренесуваат на ИЧП (вклучувајќи и без ограничување права на дистрибуција, печатење и копирање на делото) со јасно наведување на авторството.
VII. ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА ЗАДАЧАТА
Услугата треба да се испорача во период од ноември 2022 до декември 2022 година.
Проектниот тим на Институтот за човекови права во согласност со предвидената временска рамка ќе се договори со испорачателите на услугите за точниот датум во зависност од претходно реализираните активности кои се во рамките на овој проекти во зависност од обезбедувањето на сите потребни услови.
Деталната временска рамка ќе биде дополнително креирана во договор со сите членови на тимот.
VIII. МЕСТО НА ИЗВРШУВАЊЕ НА ЗАДАЧАТА И ПАТУВАЊЕ
Местото на извршување на задачата ќе биде во Скопје/онлајн. Службени патувања не се предвидени согласно проектната активност.
IX. ВЕШТИНИ
• Развиени меѓучовечки и комуникациски вештини, способност за тимска работа.
• Способности за аналитичко размислување, известување и пишување.
• Добра организација на времето и исполнување на поставените рокови.
X. КВАЛИФИКАЦИИ НА ЕКСПЕРТОТ
Образование
• Минимум завршени студии од прв циклус на високо образование во област релевантна за проектот и проектната задача (на пример: право, општествени науки, политички студии, родови студии и слично).
Искуство
• Најмалку две години работно искуство во вршење на работи поврзани со човековите права.
• Најмалку две години работно искуство во вршење на работи поврзани со еднаквост.
• Како предност ќе се смета искуство во спроведување на предавања и подготовка на курикулуми за курсеви како и пишување анализи и истражувања.
XI. КРИТЕРИУМИ ЗА ИЗБОР НА НАЈПОВОЛНА ПОНУДА
Изборот на понудувачите ќе се изврши по пат на евалуација на квалитативната и на финансиската понуда. Договор ќе се склучи со двајца понудувачи чија понуда:
а) Е соодветна и прифатлива и
б) Ќе освои највисок број на поени согласно следниве критериуми:
• Квалитативни критериуми: 60%
• Финансиска понуда: 40%
За финансиската евалуација ќе се земат предвид само кандидатите кои ќе добијат минимум
40 поени во квалитативната евалуација.
За одредување на бодовите на финансиската понуда ќе се користи следнава формула:
број на бодови = (најниска понудена цена х максимален број на бодови) / цена на понудата
Квалитативна евалуација:
Критериуми | Xxxxxxxx поени 60 |
Образование Релевантни студии од прв циклус = 10 поени Релевантни студии од втор циклус или четиригодишно високо образование (т.н. „стара програма”) = 12 поени Релевантни студии од трет циклус = 15 поени | 15 |
Најмалку две години работно искуство во вршење на работи поврзани со човековите права. 2 години = 15 поени | 20 |
2 - 5 години = 17 поени Повеќе од 5 години = 20 поени | |
Најмалку две години работно искуство во вршење на работи поврзани со еднаквост. 2 години = 15 поени 2 - 5 години = 17 поени Повеќе од 5 години = 20 поени | 20 |
Искуство во спроведување на предавања и подготовка на курикулуми за курсеви како и пишување анализи и истражувања. Искуство во пишување = 5 поени | 5 |
XII. ДОКУМЕНТИ КОИ ТРЕБА ДА СЕ ПОДНЕСАТ
Ве молиме да ни доставите Ваша понуда за горенаведената покана. Понудата треба да содржи квалитативна и финансиска понуда.
Квалитативниот дел на понудата треба да се состои од:
• CV со фокус на потребната квалификација и искуство.
Финансискиот дел од понудата треба да биде во следниот формат:
Ставка | Опис на производ/услуга | Количина (во денови) | Цена во бруто износ (МКД) |
1. | Драфт верзија со утврдени поглавја и лекции | 2 | |
2. | Финална верзија со прашања и примери | 5 | |
3. | Едукативни видеа | 1 | |
ВКУПНО | 8 |