Contract
Друштво за осигурување
ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје
УСЛОВИ
ЗА ОСИГУРУВАЊЕ ОПШТА ОДГОВОРНОСТ
Февруари 2022 година
I. ОПШТИ ОДРЕДБИ
ПРЕДМЕТ НА ОСИГУРУВАЊЕ
Член 1
Овие Услови се применуваат за осигурување од одговорност, а во колку одговорноста се осигурува со некој друг вид осигурување, овие услови се применуваат како тоа го предвидуваат условите за тој вид осигурување.
ЗНАЧЕЊЕ НА ОДДЕЛНИ ИЗРАЗИ
Член 2
Одделните изрази во овие услови ги имаат следните значења:
1. ОСИГУРУВАЧ - Акционерско Друштво за осигурување ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје
2. ДОГОВОРУВАЧ НА ОСИГУРУВАЊЕ- лице коешто со осигурувачот го склучува договорот за осигурување;
3. ОСИГУРЕНИК - лице чијашто одговорност е покриена со осигурувањето;
4. ТРЕТО ЛИЦЕ - лице кое не е субјект на договорот за осигурување, односно лице чија одговорност не е покриена со осигурувањето како и работник на осигуреникот;
5. СУМА НА ОСИГУРУВАЊЕ - највисок износ на обврската на осигурувачот за секој осигурен случај.
6. ПРЕМИЈА - износ што се плаќа за осигурување врз основа на договорот за осигурување;
7. ПОЛИСА - исправа на договорот за осигурување;
8. ОСИГУРЕН СЛУЧАЈ - иден неизвесен и независен од исклучивата волја на осигуреникот штетен случај, кој има за последица настанување на штета за кој надомест може да бара трето оштетно лице;
9. ИЗВОР НА ОПАСНОСТИ - дејност (занимање), ствари (подвижни и неподвижни), правен однос или одредено својство од кои може да настане одговорност како ризик покриен со ова осигурување.
10. XXXXXXX XXXXXXX - е највисок износ на обврската на осигурувачот кој тој го плаќа за сите штети кои осигуреникот ќе ги предизвика за времетрањето на осигурувањето.
II.ОСНОВНИ ОДРЕДБИ
ПРЕДМЕТ НА ОСИГУРУВАЊЕ
Член 3
(1) Предмет на осигурување според овие услови е законската одговорност на осигуреникот за штета настаната со смрт, повреда на телото или здравјето како и оштетување или уништување на ствари на трето лице.
(2) Со ова осигурување се покрива одговорноста за штета која настанала важи - или од дејност на осигуреникот, од поседување ствари, од правен однос, или од одредено својство како извор на опасност, што се одбележани во полисата за осигурување, односно во понудата за осигурување.
(3) Ако е посебно така договорено, со осигурување се покрива и одговорноста за:
1) штета настаната со кражба или исчезнување на ствари;
2) штета која не настанала ниту со повреда на лицето, ниту со оштетување, односно уништување на стварите, така наречена “чисто имотна штета”.
ПРОШИРУВАЊЕ НА ОСИГУРУВАЊЕТО
Член 4
(1) Во рамките на осигурениот извор на опасноста од дејност, опфатена е и одговорноста на осигуреникот;
1) од користење, односно поседување, закуп или плодоуживање на: земјиште, згради и простории, коишто се користат исклучиво за потребите на осигурената дејност или занимање како и обејкти што им служат исклучиво на работниците на осигуреникот.
2) од користење на лифтови наменети за превоз на лица и товар;
3) од вскладиштување на материјал за ложење и погон за исклучителна употреба за обавување на осигурената дејност или занимање;
4) поради кражба или исчезнување на ствари за лична употреба на работниците на осигуреникот освен на: пари, часовници, фото-апарати, скапоцености од сите видови, хартии од вредност и документи од сите видови, под услов стварите да се сместени во заклучени простории или во заклучени остави;
5) држење и употреба на несамоодни работни машини и несамоодни транспортни средства за потребите на осигурената дејност , ако е посебно договорено и платена дополнителна премија.
(2) Доколку се работи за објекти што се наведени под став (1), точка 1. од овој член, со осигурувањето е опфатена и одговорноста:
1) на осигуреникот како инвеститор или изведувач на градежните работи (новоградба, поправка, преправка, варосување, копање , адаптација, реконструкција.) , само до лимит на извршените работи до 20.000 Евра.
2) Од поседување на гаражи, кои се наоѓаат на, односно во осигурените недвижности, доколку не се работи за гаража која се користи за обавување на дејност и за хотелска гаража.
ОСИГУРУВАЊЕ ОД НОВИ ИЗВОРИ НА ОПАСНОСТИ
Член 5
(1) Ако договорот за осигурување е склучен со плаќање на премија за осигурување во потполност ,врз основа на нето платниот фонд на работниците , покритието од осигурувањето се проширува и на одговорноста од нови извори на опасност кои се појавуваат кај осигуреникот по склучување на договорот за осигурување, доколку за овој новонастанат извор на опасност не е склучено посебно осигурување, а за истото е известен осигурувачот во рок од 15 дена од денот на појавување на новонастанат извор на опасност. Осигурувачот има право да го прифати или одбие со ивестување во писмена форма.
(2) Осигурувањето почнува со денот на прифаќањето од страна на Осигурувачот, со појавата на новиот извор на опасност. Осигуреникот е должен, на крајот на периодот од осигурувањето при утврдувањето на конечниот износ на премијата, да ги пријави сите нови извори на опасност. За новите извори на опасност осигуреникот плаќа премија пресметана од денот на нивните појави (“про рата темпорис”).
(3) Обврската на осигурувачот за надоместок од осигурувањето не настанува во случај на појава на нов извор на опасност, ако осигурувачот според овие услови на осигурување и тарифата на премии не осигурува таков извор на опасност.
1) Осигурувачот има право на пресметка на дополнителна премија за покритието на новите извори на опасност од претходните ставови на овој член, како и право да не ги прифати новите извори на опасност во осигурувањето, за што писмено ќе го извести договарачот .
(4) За новите извори на опасност важи сумата на осигурување во полисата. Ако полисата за поедини извори на опасности содржи различни суми на осигурување, важечка ќе биде сумата на осигурување за изворите на опасноста кај кои премијата се пресметува врз основа на нето платниот фонд или вкупниот приход од дејноста. Ако постојат повеќе различни суми на осигурување кај кои премијата се пресметува на овој начин, важечка ќе биде највисоката сума на осигурување.
(5) Осигурувањето на новите извори на опасности не се однесува на одговорноста од:
1) држење или употреба на пруги (железнички, жичарница и сл.), театри, кина, циркуси и трибини.
2) држење или употреба на моторни возила и други возила на моторен погон (трактори, мотокултиватори, “самоодни” работни машини), воздушни возила и возила на вода;
3) изработка, обработка, сместување, превоз, употреба и трговија со експлозивен материјал или радиоизотопи, освен ако за ова постои одобрение од надлежен орган.
4. лов како дејност и ловечки спорт, ако поесебно не се договори и наведе на полисата за осигурување.
ОБЕМ НА ПОКРИТИЕТО ЗА ШТЕТИ НАСТАНАТИ СО ЗАГАДУВАЊЕ НА ТЛОТО И ВОДАТА
Член 6
(1) Само ако посебно се договори и плати дополнителна премија , се покриваат штети од овој ризик .
(2) Под загадување на тло и вода се подразбира промена на биолошките, хемиските или физичките природни својства на тлото или водата со испуштање на штетни материи кои можат да доведат до такви промени.
(3) Со осигурувањето се опфатени само штети причинети со смрт, повреда на телото или здравјето на некое лице, кои се последица од загадување.
(4) Од осигурувањето е исклучена одговорноста за штети до кои би дошло поради тоа што осигуреникот не ги одржувал, менувал и поправал уредите за прочистување на отпадните води и други отпадни продукти, ниту пак се придржувал кон други мерки предвидени со прописите за заштита на животната средина.
ОСИГУРУВАЊЕ ОД ОДГОВОРНОСТ ЗА ЧИСТО ИМОТНИ ШТЕТИ
Член 7
(1) Ако посебно се договори (чл. 3 ст. 2, точ.2) или ако тоа е предвидено со посебни одредби од овие Услови, осигурувањето се однесува на одговорноста за “чисто имотни штети”, т.е. штети што не настанале ниту со повреда на телото или здравјето на некое лице, ниту со оштетување, односно уништување на ствари.
(2) Се смета дека осигурениот случај настанал тогаш кога е сторено дејство, односно настанало пропуштање при обавување на дејноста означена во полисата, поседување на некои ствари и друг (извор на опасности) со кои е предизвикана чисто имотна штета на некое лице.
(3) Со осигурувањето е опфатена одговорноста за штети, чијашто причина (дејство или пропуштање) настанала за време на траење на осигурувањето, доколку штетите не настанале по истек на две години од престанување на осигурувањето.
(4) Ако штетата настанала поради пропуштање, се смета во случај на сомневање, дека пропуштањето настанало оној ден кога пропуштеното дејство требало најдоцна да се преземе, за да би се избегнало настанување на штетата.
(5) Осигурувањето се однесува на дејност, односно пропуштање настанато во Република Северна Македонија.
(6) Од осигурувањето се исклучени штети:
1) заради пречекорување на пресметки и кредити по договорите за купување и продавање, а особено заради неодржување на договорните рокови на испораката и гарантираните обврски;
2) заради посредување во парични и други стопански работи;
3) заради кусок во благајна, грешки при исплата и проневера од страна на работниците на осигуреникот;
4) заради неправилно таксирање и останати недостатоци во поглед на таксирањето;
5) причинети со тоа што осигуреникот ја превидел грешката во сметката, пресметката или во мерките во цртежите;
6) заради исчезнување на ствари.
ИСКЛУЧУВАЊЕ ОД ОСИГУРУВАЊЕ
Член 8
(1) Осигурувањето не се однесува кога/при:
1) кога осигуреникот намерно ќе причини штета, освен кога штетата намерно или со крајно невнимание ја причинил вработен кај осигуреникот, во кој случај осигурувачот стапува во правата на осигуреникот спрема работникот како одговорно лице;
1. кога осигуреникот намерно или со крајно невнимание постапува спротивно на прописите или правилата по кои се обавува дејноста односно занимањето како извор на опасност во полисата;
2. кога осигуреникот одржувањето го врши спротивно на важечките прописи и упатства, или не врши редовно одржување, или има сознание за дефект или недостаток на стварите;
3. кога осигуреникот не ги спровел мерките за спречување на остварување или зголемување на опасноста (превентивни мерки) како што од него барал осигурувачот. Како зголемена опасност се смета и околност која во минатото веќе довело до штетен настан.
2) одговорност за штети што се во непосредна или во посредна врска со користење на нуклеарна енергија освен одговорност за штети од радиоизотопи што се користат за мирновременски цели (во медицината, биологијата, индустријата, земјоделството и т.н.);
3) одговорност за штети настанати со држење или употреба на моторни возила и други возила на моторен погон (трактори, мотокултиватори, “самоодни” работни машини), воздухоплови и возила на вода, освен кога не се во функција на моторни возила и кога не можат да бидат покриени со осигурување од автоодговорност и за нивно покритие е платена дополнитекна премија.
4) штети што ќе ги претрпи осигуреникот, брачниот другар на осигуреникот, децата и други лица коишто живеат со него во заедничко домаќинство и кои е должен да ги издржува;
5) одговорност на осигуреникот врз основа на договорно проширување на неговата одговорност и за случаи за кои, инаку, по Закон не одговара;
6) штети на ствари или извршени работи кои, осигуреникот или некое друго лице по негов налог или за негова сметка, ги изработил или испорачал, ако причината за штетата е во изработката или испораката;
7) штети од производи со недостатоци;
8) штети на туѓи ствари причинети при обавување на осигурената дејност (занимање) на овие и со овие ствари (како на пр. обработка, поправка, превоз, испитување и сл.), освен ако до штетата дошло поради настан, кој не е во непосредна врска со професионални пропуштања на осигуреникот.
9) штети кои настанале како последица на свесно постапување, спротивно на прописите или правилата по кои се обавува дејноста, односно занимањето како извор на опасности од полисата;
10) штети што се последица на загадување на воздухот;
11)штети што се последица на професионални заболувања на работниците на осигуреникот.
12) штети при вршење на секаква дејност со отпад, преработка и складирање
13) штети како последица на демонтажа, рушење, уривање
14) штети како последица на подземно или подводно минирање
15) штети како последица на изградба и одржување на брани
16) Одговорнсот на бензиски станици
17) Одговорност при огномети , дејности врзани со експлозивни и отровни материи
18) штети кои настанале како последица на свесно постапување, спротивно на прописите
или правилата по кои се обавува дејноста, односно занимањето како извор на опасности од полисата.
(2) Со осигурувањето не се покриени штети кои настануваат на стварите заради:
1) трајно дејство на температури, гасови, пареа, влага или врнежи (чад, саѓи, прашина и др.), како и заради мувлосаност, потреси, шумови и сл. што има за последица постепено настанување на штетата;
2) спуштање и лизгање на земјиште;
3) поплава на стоечки, истечни и подземни води.
(3) Ако посебно не е договорено во полисата за осигурување со посебните одредби за дополнителни ризици, осигурувањето не се однесува на одговорноста на осигуреникот за штети настанати:
1. заради учествуво во коњски, велосипедски, мотоциклистички и автомобилски трки, боксерски и боречки борби, како и учество во подготовки за трки односно борба (тренинг).
2. лекување, здравствени и други третмани и интервенции над лица како што се породување, нега на телото, козметика итн.
3. за штети кои не спаѓаат ниту во штети поради повреда на телото или здравјето на некое лице ниту во финансиски штети;
4. за еколошки штети;
5. за штети на движни и недвижни ствари:
- што се наоѓаат кај осигуреникот ( во закуп, на чување, поради испорака и сл.);
- што осигуреникот или лицата кои работат за него ги позјмиле, дале во закуп, наем или лизинг;
- при вршење на регистрираната дејност, работење со движни и недвижни ствари, вклучувајќи и складиштење – чување, владение и поправки од сите видови;
- поради натовар и истовар;
-поради исчезнување (кражба) на стварите на регистрирани гости во угостителски објекти, освен за моторни возила;
6. За штети на моторни возила поради:
- употреба на автоматски автоперални;
- исчезнување (кражба) на моторни возила за време на чување на возилото;
- упореба на дигалки;
-регистрирана дејност на осигуреникот (проширување на покритието на моторните возила)
- поради исчезнување (кражба) на моторни возила на регистрирани гости во хотелот, мотелот и сл;
ТЕРИТОРИЈАЛНО ВАЖЕЊЕ НА ОСИГУРУВАЊЕТО
Член 9
Со осигурувањето се опфатени осигурени случаи што настанале на територијата на Република Северна Македонија, а на територијата на други земји само ако тоа посебно се договори или ако тоа е предвидено со посебни одредби, освен доколку не се работи за чисто имотна штета.
ОСИГУРЕН СЛУЧАЈ
Член 10
(1) Осигурен случај е иден, неизвесен и независен од исклучивата волја на осигуреникот, штетен настан, врз основа на кој трето оштетено лице би можело да бара надомест на штета.
Се смета дека осигурениот случај настанал оној момент кога таквиот настан почнал да се остварува.
(2) Како еден осигурен случај се сметаат и повеќе временски поврзани штети ако се тие последица на иста причина.
(3) Се смета дека сериската штета настанала во моментот кога настанала првата штета и според тој момент се определува обемот на договореното осигурително покритие за сите штети во низата.
(4) Доколку првата штета во низата настанала пред почетокот на договорениот период на осигурување и за истата договарачот или осигуреникот не знаел ниту можел да знае, како прва штета во низата ќе се смета првата штета што се случила по почетокот на договорениот период на осигурување.
(5) Доколку првата штета во низата настанала за време на прекин на договорениот период на осигурување и за истата договарачот или осигуреникот не знаел ниту можел да знае, како прва штета во низата ќе се смета првата штета што се случила по продолжување на договорениот период на осигурување.
(6) Кај штетите заради повреда на здравјето кои настануваат постепено, во случај на сомневање се смета дека штетниот настан настанал тогаш кога првиот пат со лекарски наод е утврдена повредата на здравјето.
ВРЕМЕНСКО ВАЖЕЊЕ НА ОСИГУРУВАЊЕТО
Член 11
(1) Осигурувачот е во обврска само тогаш ако осигурениот случај настане за време на важење на осигурувањето.
(2) Осигурениот случај којшто настанал за време на важењето на осигурувањето, а чијашто причина е од периодот којшто претходи на склучување на договорот за осигурување или од време кога осигурувањето било прекинато, покриен е со осигурување само тогаш ако на договорувачот на осигурувањето или на осигуреникот до почетокот на осигурувањето или повторниот почеток на осигурувањето не му биде позната причината од која потекнува осигурениот случај.
(3) Кај штетите заради повреда на здравјето кои настануваат постепено, во случај на сомневање се смета дека штетниот настан настанал тогаш кога првиот пат со лекарски наод е утврдена повредата на здравјето.
(4) Отштетното барање поднесено за време на важењето на осигурувањето , за штета поради смрт, повреда на телото или нарушување на здравјето на трето лице, како и оштетување ствари на трето лице, а произлегува од осигурен случај во периодот што претходи на склучување на договорот за осигурување или од време кога осигурувањето било прекинато,а најмногу една година пред почетокот на осигурувањето , покриен е со осигурување само доколку во полисата е договорено и осигурување за определен претходен период, под услов на договорувачот на осигурувањето или на осигуреникот до почетокот на осигурувањето или повторниот почеток на осигурувањето не му била познато, ниту можело да му биде познато дека настанал осигурениот случај.
СУМА НА ОСИГУРУВАЊЕ
Член 12
(1) Сума на осигурување е горната граница на обврските на осигурувачот по еден осигурен случај, па и тогаш кога за штетата одговараат повеќе лица чијашто одговорност е покриена со ова осигурување.
(2) Сумата на осигурувањето, зависно од тоа како е договорено, може да биде: само за штети со смрт, повреди на телото или здравјето на некое лице: само за штети на ствари; и за едните и за другите
штети со одвоени суми; или единствена сума на осигурување без оглед на видот на штетата.
(3) По настанувањето на осигурениот случај и исплата на оштетата осигурувањето останува и понатаму на сила во висина на сумата на осигурување од полисата , односно до износ на утврдениот Агрегат – како максимална обврска на осигурувачот.
(4) Осигурувањето е лимитирано во однос на највисок кумулативен износ кој тој го плаќа за сите штети кои осигуреникот ќе ги предизвика за времетрањето на осигурувањето, како вкупна обврска на осигурувачот во текот на осигурителната година (годишен агрегат). Со исцрпување на агрегатниот износ престанува и обврската на осигурувачот за исплата на штети.
ОБВРСКА НА ОСИГУРЕНИКОТ ПО НАСТАНУВАЊЕ НА ОСИГУРЕН СЛУЧАЈ
Член 13
(1) Осигуреникот е должен да го извести осигурувачот за настанувањето на осигурениот случај како и за поднесеното барање за надомест на штетата најдоцна во рок од 3 (три) дена по сознавањето.
(2) Осигуреникот е должен да го извести осигурувачот и тогаш кога барањето за надомест на штета против него ќе биде истакнато преку суд, ќе биде ставен во притвор, како и тогаш кога ќе биде поведена постапка за обезбедување на докази.
(3) Ако е поведен извид подигнат обвинителен акт, или е донесена Xxxxxx за кривична постапка, осигуреникот е должен за тоа веднаш да го извести осигурувачот, па и тогаш кога веќе го пријавил настанувањето на штетниот настан. Исто така е должен да го достави наодот на надлежниот орган во врска со настанатиот штетен настан.
(4) Ако со осигурувањето е покриена штета што настанала заради кражба на ствари, осигуреникот е должен без одлагање да ја пријави кражбата на органот на јавната безбедност.
(5) Осигуреникот не е овластен без претходна согласност на осигурувачот да се изјасни за барањето за надомест на штета, а особено да го признае потполно или делумно, да за барањето за надомест за штета се израмни како ниту да изврши исплата, освен ако спрема фактичката состојба не можело да се одбие признанието, порамнувањето односно исплатата, а да со тоа не се направи очигледна неправда. Ако осигуреникот во заблуда сметал дека постои негова одговорност или дека се исправно утврдени фактите, тоа нема да го оправда.
(6) Ако оштетениот поднесе тужба за надомест на штета против осигуреникот, осигуреникот е должен да му достави на осигурувачот судска покана односно тужба и сите писма во врска со штетниот настан и со барањето за надомест на штета како и водењето на спорот да му го препушти на осигурувачот.
(7) Ако осигуреникот се спротивствани на предлогот на осигурувачот барањето за надомест на штета да се реши со порамнување, осигурувачот не е должен да го плати вишокот на надоместокот, на каматите и трошоците кои што при тоа настанале.
(8) Во случај оштетениот со барањето за надомест на штета непосредно му се обрати на осигурувачот, осигуреникот е должен на осигурувачот да му ги даде сите докази и податоци со кои располага, а кои се неопходни за утврдување на одговорноста за причинетата штета и за оцена на основаноста на барањето, обемот и висината на штетата.
(9) Ако при променети околности осигуреникот го стекне правото да се укине или намали рентата на оштетеното лице, должен е за тоа да го извести осигурувачот.
(10) Доколку осигуреникот не се придржува на обврските од овој член ќе ги сноси штетните последици коишто настануваат при тоа освен ако тие би настанале и кога би се придржувал на обврските.
ОБВРСКА НА ОСИГУРУВАЧОТ ПО ПОДНЕСЕНОТО БАРАЊЕ ОД ОШТЕТЕНОТО ЛИЦЕ
Член 14
Во врска со поднесеното барање за надомест на штета од страна на оштетеното лице осигурувачот има обврска:
1) заедно со осигуреникот да преземе одбрана на неосновани или претерани барања за надомест на штета (правна заштита - член 15);
2) да ги задоволи основните барања за надомест на штета (надомест на штета - член 16);
3) да ги надомести трошоците на судската постапка (надомест на трошоците на постапката - член 17).
ПРАВНА ЗАШТИТА
Член 15
Осигурувачот во согласност со овие услови за осигурување му обезбедува на осигуреникот правна заштита и тоа во поглед на:
- испитување и утврдување на одговорноста за штетен настан;
- изнесува советодавни-консултативни ставови и насоки за постапување;
Доколку оштетниот води спор директно со осигуреникот, осигурувачот се обврзува дека за потребите на истиот може да се вклучи како замешувач, да дава изјави кои што смета дека ќе бидат од корист за задоволување или за одбрана од неосновано или претерано барање за надомест на штета, како и во насока на утврдување на постоење на осигуран случај и процена на висината на истата.
Како би добил правна заштита благовремено, осигуреникот е должен веднаш да го извести и запознае осигурувачот за сите предјавени или најавени оштетни побарувања упатени директно кон него или за секој поведен судски спор поврзан со предметно осигурување и е должен да се придржува строго до упатствата и насоките добиени од осигурувачот, во спротивно секое поинакво негово дејствување, со исклучок на правосилно утврдена правна работа нема да биде основ за обештетување.
Осигурувачот може да даде согласност водењето на спорот да му се довери на осигуреникот кој е должен да се придржува на упатствата кога се работи за неосновани барања.
Осигурувачот може да одбие да води постапка за надомест на штета во име на осигуреникот, односно доколку оцени дека штетниот настан не е осигуран случај.
НАДОМЕСТ НА ШТЕТА
Член 16
(1) Осигурувачот го исплатува надоместокот од осигурувањето во рок од 14 дена, сметајќи од денот кога е поднесено комплетно барање за штета и ја утврдил својата обврска и висината на таа обврска врз основа на комплетирана документација.
(2) Осигурувачот учествува во депонирањето (аванс) заради обезбедување на надомест на штета за која осигуреникот би бил должен врз основа на законските прописи или судските одлуки и тоа најмногу до износот на висината на неговата обврска за надомест на штета.
(3) Од пресметаниот надоместок на штета се одбива износот на договорената франшиза. Осигурувачот има право во случаевите каде е предвидена франшиза во % (процент) од висина на штета, да постави дополнителен минимален лимит изразен во денари или Евра (според среден курс на НБРМ) и истиот задолжително да биде наведен во полисата за осигурување.
НАДОМЕСТ НА ТРОШОЦИТЕ НА ПОСТАПКАТА
Член 17
(1) Осигурувачот ги надоместува сите трошоци на процесната постапка доколку сам го водел спорот или дал согласност на осигуреникот за водење на спорот, само тогаш кога барањето за надомест на штета не било основано.
(2) Ако парницата е водена без знаење и согласност на осигурувачот, со осигурувањето се покриени и трошоците на спорот, до колку заедно со надоместот на штетата не ја надминуваат сумата на осигурување.
(3) Осигурувачот може да ги сноси трошоците на бранителот во кривичната постапка покрената против осигуреникот заради настан кој би можел да има како последица поставување на барање за надомест на штета по основ на одговорност покриена со осигурувањето и тоа само исклучително ако е запознат со изборот на бранителот и прифатил да ги сноси трошоците. Трошоците на кривичната постапка, како и трошоците на застапување на оштетениот, осигурувачот не ги надоместува.
(4) Кога ќе ја изврши својата обврска , осигурувачот се ослободува од понатамошни давања на име надомест и трошоци за еден осигурен случај.
НЕПОСРЕДНО БАРАЊЕ НА ОШТЕТНО ЛИЦЕ
Член 18
(1) Ако оштетното лице своето барање или тужбата за надомест на штета го упати само спрема осигурувачот, осигурувачот ќе го извести за тоа осигуреникот и ќе го повика за да му ги даде сите потребни податоци и постапки во согласност со член 13 став 8 од овие Услови, како и самиот осигуреник да ги преземе мерките заради заштита на своите интереси.
(2) До колку во случајов од претходниот став осигурувачот одлучи да му исплати надомест на оштетениот во потполност или делумно, должен е за тоа да го извести осигуреникот.
III. ПОСЕБНИ ОДРЕДБИ ЗА ПОЕДИНИ ИЗВОРИ НА ОПАСНОСТИ
ПРИМЕНА НА ПОСЕБНИТЕ ОДРЕДБИ
Член 19
За осигурувањето од одговорност од поедини извори на опасности, покрај основните одредби од овие Услови во поглед на обемот на покритието се применуваат и посебните одредби од овие услови. Во случај на отстапување од основните се применуваат посебните одредби.
КЛИНИКИ, БОЛНИЦИ, ЛЕКУВАЛИШТА, САНАТОРИУМИ,ДИСПАНЗЕРИ, АМБУЛАНТИ
Член 20
(1) Со осигурувањето ако посебно се договори и плати дополнителна премија е опфатена и одговорноста за штети заради оштетување, уништување, исчезнување или кражба на ствари за лична употреба на болните и нивните придружници ако тие ствари се предадени на чување на осигуреникот.
(2) Со осигурувањето е опфатена одговорноста, за штети заради исчезнување и кражба на пари, хартии од вредност, часовници, документи, накит и други скапоцености, само во случај ако тие ствари се предадени на чување на осигуреникот и ако тие ствари осигуреникот ги држи во заклучена каса.
ДРУШТВА
Член 21
(1) Со осигурување е покриена и одговорноста:
1) од одржување состаноци, седници и приредби на друштвото, предвидени со Статутот или другите општи акти на друштвото;
2) од поседување на згради, земјиште, простории и уреди кои служат исклучиво за потребите на друштвото (како на пр.: игралишта, вежбални, стрелишта и др.);
3) на членовите на управата на друштвото и другите лица кои што се овластени да го застапуваат друштвото;
4) на членовите на друштвото при обавување на дејноста на приредби на друштвото и во врска со тие приредби во интерес за целите на друштвото.
(2) Кај стрелачкото друштво со осигурување е покриена одговорноста за штети само ако тие настанале на место одредено за гаѓање.
(3) Со осигурувањето е опфатена и одговорноста за оштетување, уништување, исчезнување и кражба на возила на вода (чамци, едрилици и др.), преземени на чување под услов да постои постојан чувар, штетите на моторите на чамците се покриени доколку моторот е прицврстен за чамецот или е сместен ноќе во затворена просторија.
(4) Ако посебно, е договорено со осигурувањето и е платена диополнителна премија, покриена е и одговорноста на друштвото за штети од:
1) поседување на згради, земјиште, простории и уреди кои не служат исклучиво за потребите на друштвото;
2) приредби кои ги преминуваат рамките на обични приредби на друштвото, предвидени со статутот на друштвото;
3) држење на животни;
4) подигање на трибини;
5) користење на спортски терени и уреди (лизгалишта, патека за санкање и скијање и др.);
6) дејности кои споредно ги обавува друштвото (на пр. ресторани во сопствена режија, бањи и сл.).
ОПШТЕСТВЕНО-ПОЛИТИЧКИ ЗАЕДНИЦИ
Член 22
(1) Покрај одговорноста за штети настанати со обавување и поради обавување на функциите на органите на општествено-политичките заедници, со осигурувањето е опфатена и одговорноста од поседување или користење на згради, земјиште, простории и уреди што служат исклучиво за потребите при обавување на работи од општествено-политичките заедници.
(2) Одговорноста од други дејности на општествено-политичките заедници, опфатена е со осигурувањето само ако секој извор на опасност посебно се осигурува.
(3) Од осигурувањето е исклучена одговорноста на општествено-политичките заедници за штети настанати со смрт или телесна повреда на некое лице поради акт на насилство или терор како и пријавени демонстрации и манифестации, како и за други штети што органите на општествено- политичките заедници биле должни според важечките прописи да ги спречат.
ГАРДЕРОБИ
Член 23
(1) Со осигурувањето е покриена и одговорноста на осигурениците заради оштетување, уништување, исчезнување или кражба (па и поради замена) на ствари предадени во гардероба на чување со исправна потврда (број, блок и сл.).
(2) Од осигурувањето е исклучена одговорноста на осигуреникот за штети поради исчезнување или кражба на пари, хартија од вредност, скапоцености, часовници и документи од секаков вид.
(3) Осигурувачот е во обврска само тогаш ако гардеробата има постојан чувар и во неа, освен чуварот, други лица немаат пристап.
ГРАДЕЖНА МОНТАЖА И СЛИЧНА ДЕЈНОСТ
Член 24
(1) Штети настанати од нивелирање на терен што го врши осигуреникот покриени се со осигурувањето доколку нивелирањето се однесува на работи што осигуреникот треба да го изврши, при што од осигурувањето е исклучена одговорноста за штети на објектот за чија изградба и обработка се врши нивелирањето.
(2) Осигурувањето се однесува и на одговорноста за штети:
1) непосредно причинети со оштетување на подземни уреди (како водови: за гас, вода, струја, канализација и сл.), доколку не е посебно договорено да се опфатат и посредните штети;
2) причинети со минирање во обавување на дејноста на осигуреникот, но не и за штети на неподвижни ствари кои при минирањето се наоѓаат на оддалеченост помала од 75 метри од точката на минирањето ако поинаку не се договори;
(3) Од осигурувањето е исклучена одговорноста за штети:
1) на соседните градежни објекти поради пропуштање да се изврши соодветно засилување (потпирање и сл.);
2) на градежен односно монтажен објект што го изведува или на кој работи осигуреникот;
3) причинети од рушење, демонтажа и уривање
(4) Ао е осигурен дел од градежниот објект или поедини градежни занаетчиски работи, осигурувањето од одговорност на изведувачот на градежните работи не ги покрива штетите на останатите делови на тој градежен објект или останатите градежни и занаетчиски работи, кои не се осигурени, односно се осигурени со друга полиса.
(5) Ако е осигурен дел од монтажен објект или поедини монтажни работи, осигурувањето од одговорност на изведувачот на монтажните работи не ги покрива штетите на останатите делови на тој монтажен објект или останатите монтажни работи, кои не се осигурени, односно се осигурени со друга полиса.
(6) Осигуреникот учествува со 10% во секоја штета.
БАЗЕНИ, КАПАЛИШТА
Член 25
(1) Со осигурувањето , ако посебно се договори и плати дополнителна премија, е покриена и одговорноста на осигуреникот за оштетување, уништување, исчезнување и кражба на ствари за лична употреба на гостите во капалиштата, ако тие ствари се заклучени во кабини или други соодветни простории за сместување на ствари или ако му се предадени на осигуреникот на чување.
(2) Одговорноста за штети при исчезнување и кражба на пари, хартии од вредност, скапоцености, часовници, документи и сл. е покриена со осигурувањето само тогаш ако тие ствари се предадени на осигуреникот на чување и ако се држат во заклучена каса.
(3) Со осигурувањето е покриена и одговорноста за штети причинети од стварите на осигуреникот што служат за спорт, рекреација и забава на гостите во капалиштата.
ПРИСТАНИШТА И ЈАВНИ СКЛАДИШТА
Член 26
(1) Ако посебно се договори и плати дополнителна премија осигурувањето се однесува и на одговорност:
1) за штети настанати на туѓа стока при: претовар, вскладиштување, сложување и прицврстување, мерење, броење, сортирање, маркирање и зголемување, пакување и поправка при пакувањето, превоз и пренесување во деловниот простор;
2) за штети од загадување на води, крајбрежја и други објекти.
(2) Со осигурувањето не е опфатена одговорнсота:
1) за штети причинети со: влечење, пилотирање, чување и заштита на бродови: заврзување, одврзување и спасување на бродови; превоз на лица со пилотски и приврзувачки чамци, дообработка, преработка, обработка, и сл. егализирање, фумиграње, чистење, варосување, мешање, сушење и сл.; со меѓународно и внатрешно отпремување на стоката (шпедиција); со вскладиштување и чување на стоката во фрижидери;
2) за посредни штети (на пр.: губење на пазарот, паѓање на цените, забрана на увоз или извоз);
(3) Во секоја штета осигуреникот учествува со 10%.
ЗЕМЈОДЕЛСКА И ШУМАРСКА ДЕЈНОСТ
Член 27
(1) Со осигурувањето е покриена и одговорноста за штети причинети од:
1) држење на животни, но не и штети кои настануваат на животните при припуст или вештачко оплодување, освен ако тоа посебно не е договорено;
2) користење на средства за отстранување на плевел, како и за спречување и отстранување на растителни болести и штетници на земјиштето на осигуреникот со тоа што осигуреникот учествува со 10% во секоја штета,
(2) Со осигурувањето е покриена и одговорноста на осигуреникот во својство на приватно лице во смисла на член 29 од овие Услови.
ЖИЧАРНИЦИ ПРИКЛУЧНИ ПРУГИ, УСПИЊАЧИ (КАЧУВАЛКИ), ДИГАЛКИ И ПОСТРОЈКИ ЗА НАТОВАР И ИСТОВАР
Член 28
(1) Во колку дејноста на осигуреникот, како извор на опасност од полисата, се обавува со користење на приклучни пруги, успињачи, жичарници, закупени железнички складишта, дигалки и други постројки за натовар и истовар, со осигурувањето е опфатена:
1) одговорноста за штети настанати од употреба на приклучни пруги (шумски, полски, индустриски), успињачи или жичарници, ако превозот се врши без наплата на возарина;
2) одговорност за штети од употреба на дигалки и постројки за натовар и истовар, во колку не настанале при употреба на постројки кои по својата конструкција го пуштаат товарот да падне;
(2) Ако посебно се договори и плати дополнителна премија со осигурувањето е покриена:
1) одговорноста за штети поради оштетување на вагони, бродови, моторни возила со користење на дигалки и други постројки за натовар и истовар.
2) одговорноста за штети настанати при употреба на приклучни пруги (шумски, полски, индустриски) успињачи или жичарница ако превозот се врши со наплата на возарина.
ОДГОВОРНОСТ НА ПРИВАТНО ЛИЦЕ
Член 29
(1) Со осигурување е покриена одговорноста на осигуреникот за штети предизвикани од приватни лица во секојдневниот живот вон од обавување на некое занимање или занает и тоа:
1) како сопственик, корисник или закупец на стан или посебна куќа за живеење, мала градина и двор;
2) како работодавател спрема лицата вработени во домаќинството;
3) поседување или употреба на велосипед без мотор;
4) бавење со спорт, освен спортот со кој се бави професионално како и спортот кој е поврзан со употреба на возила снабдени со мотор од било кој вид, спорт со воздушни летала, лов и боречки спортови (бокс, мачување, борење, џудо, карате и др.);
5) како сопственик на питоми животни кои не се користат во земјоделството;
6) ладно или огнено оружје за чие поседување има дозвола која служи за одбрана или учество на стрелачки натпревари.
(2) Во истиот обем како во став 1 од овој член осигурувањето се однесува и на одговорноста на:
1) брачниот другар на осигуреникот и децата кои живеат со него во заедничко домаќинство, и кои е должен да ги издрќува;
2) лица вработени во домаќинството на осигуреникот заради обаву-вање на работи на тоа домаќинство.
(3) Ако дел од станот односно зградата се употребува за обавување на некое занимање, осигурувањето не ја опфаќа одговорноста од поседување на тој дел од станот односно зградата.
(4) Ако посебно се договори, опфатена е одговорноста за малолетни деца кои не живеат во заедничко домаќинство со осигуреникот.
ОДРЖУВАЊЕ НА ПАТИШТА
Член 30
(1) Ако посебно се договори и плати дополнителна премија со осигурување е покриена и одговорноста на осигуреникот за штети настанати при:
1) несоодветни тротоари и заштитни огради или нивно непостоење, како и непостоење на соодветни сообраќајни знаци и предупредување на опасни места на патиштата;
2) не косење на тревата и неодржување на насадите на патното земјиште;
3) разни наноси на патот (снег, земја, отпадоци и др.);
4) непосипување на патот за спречување на последици;
5) осигуреникот учествува со 10% во секоја штета.
СПОРТСКИ ПРИРЕДБИ
Член 31
Со осигурувањето покрај останатите спортски приредби е опфатена одговорнсота на организаторот на велосипедските трки за време на самата трка.
Ако трката се одржува на отворени патишта таквата патека мора да биде обезбедена од страна на органите за јавна безбедност.
Осигурена е и одговорноста на учесниците на спортски приредби, со исклучок на случаите од член 8 став 3 точка 1 од овие Услови.
УЧИЛИШТА, УСТАНОВИ ЗА ВОСПИТУВАЊЕ, ОБРАЗОВАНИЕ и ЧУВАЊЕ
Член 32
(1) Со осигурувањето е покриена и одговорноста на осигуреникот за штети поради оштетување, уништување, исчезнување и кражба на ствари на ученици - питомци, само ако стварите се наоѓаат во соодветни простории што служат за нивно сместување.
(2) Од осигурувањето е исклучена одговорноста за штети поради исчезнување и кражба на: пари, вредносни хартии, благородни метали, нумизматички, филателистички и други збирки и скапоцености од секаков вид.
(3) Со осигурувањето е покриена и одговорноста:
1) на членови на училиштниот совет и советот на воспитните и други установи кои според законските прописи и актите на училиштата, односно воспитните и други установи управуваат со училиштето односно установата;
2) од организирање на излети, екскурзии, училишни приредби и слично.
УГОСТИТЕЛСТВО И ТУРИЗАМ
Член 33
(1) Под угостителска дејност, во смисла на овие Услови, се подразбира дејноста што ја обавуваат: хотели, кафеани, пансиони, одморалишта, средени кампови и сл.
(2) Со осигурувањето ако посебно се договори и плати дополнителна премија, е покриена и одговорноста на осигуреникот поради оштетување, уништување, исчезнување или кражба на ствари за лична потреба на гостите што ги довеле во угостителскиот објект. Како ствари за лична употреба се сметаат и: аматерски фото-апарат со прибор, опрема за викенд и кампување, радио и ТВ приемник, грамофон со плочи и касетофон, двоглед, ловечка пушка, лично оружје и спортски реквизити.
(3) Осигурувањето не се однесува на одговорност за штети настанати:
1) на стварите на гостите при нивната употреба, обработка или работење врз нив од страна на осигуреникот;
2) при исчезнување или кражба на ствари на гостите ако тие се внесени во простории кои се пристапни на секој, во кои се послужува храна и пијалок и сл. освен ако се предадени во гардеробата на чување.
(5) Одговорноста за штети при исчезнување или кражба на пари, накити, хартии од вредност и документи од секој вид, покриена е со осигурувањето ако тие ствари му се предадени на осигуреникот и се сместени во заклучена каса.
(6) Со осигурувањето е опфатена и одговорноста:
1) од помошни погони што му припаѓаат на осигуреникот (како: перални, кујни, фурни, месарници и сл.), а кои му служат исклучиво за обавување на дејноста на осигуреникот;
2) од поседување на предмети, простории и терени за спорт и рекреација што гостите ги користат бесплатно.
УРЕДИ ЗА ЗАБАВА
Член 34
Со осигурувањето е покриена и одговорноста за штети што настануваат при монтажа и демонтажа на уредите за забава.
ПРОТИВ ПОЖАРНИ ДРУШТВА
Член 35
(1) Со осигурувањето е опфатена одговорноста за штети причинети при вежби, акции за спасување и пружање помош.
(2) Со осигурувањето е покриена и личната одговорност на членовите на друштвата од обавување на активности во својство на пожарникари.
(3) Осигурувањето се однесува и на одговорноста на противпожарното друштво како сопственик, закупец или плодоуживател на земјиште, згради и простории кои исклучиво служат за потребите на друштвото.
(4) Од осигурувањето е исклучена одговорноста за штети на стварите поради чие спасување друштвото било повикано.
ВЕТЕРИНАРИ, ВЕТЕРИНАРСКИ КЛИНИКИ И СТАНИЦИ
Член 36
(1) Со осигурувањето е покриена и одговорноста на осигуреникот поради повреда на животните при лекување.
(2) Ако посебно се договори, со осигурувањето е покриена и одговорноста за штети поради повреда на животни во врска со кастрација, третирање со гасови и вештачко осеменување.
ПАРКИНЗИ ( ЧУВАЊЕ ВОЗИЛА )
Член 37
(1) Ако посебно се договори и плати дополнителна премија , со осигурувањето е покриена и одговорноста на осигуреникот за оштетување, уништување, исчезнување, кражба и замена на возила оставени на чување (моторни возила, приколки, мотори и велосипеди).
(2) Доколку возилото не е сместено во заклучена гаража, од осигурувањето се исклучени штетите на стварите кои се наоѓаат на или во возилата како и на одделни делови на возилото, освен стварите кои сериски се произведуват со возилото и стварите кои по прописите би требало да бидат во возилото.
(3) Осигурувачот е во обврска само тогаш кога паркиралиштето за возилата е точно одредено, одбележано и ако возилата се прописно сместени и обезбедени, под услов да постои постојан чувар.
ЗГРАДИ И ЗЕМЈИШТА (ПОСЕДУВАЊЕ ОДНОСНО КОРИСТЕЊЕ)
Член 38
(1) Со осигурувањето е покриена и одговорноста за изворите на опасност од член 4 став 2 точка 1. и 2. од овие Услови.
(2) Со осигурувањето е покриена и одговорноста:
1) за штети што ги предизвикуваат лица задолжени за одржување и чистење на згради, односно земјишта како извори на опасност;
2) за штетите што ги предизвикуваат лица кои стапуваат на местото на осигуреникот во својство на нов корисник, плодоуживател или стечаен управник;
3) за штети од користење на детски игралишта со опремата што припаѓа за разонода на децата, доколку игралиштето припаѓа на зградата како извор на опасност на полисата;
4) од поседувањето на градина, доколку таа се користи за сопствени потреби и доколку и припаѓа на зградата или земјиштето како извор на опасност од полисата;
(3) Ако зградата има повеќе корисници, односно сопственици, осигурувачот не е во обврска да ја надомести штетата што ја предизвикува еден корисник, односно сопственик на друг сопственик, на неговиот брачен другар и лицата што ги издржува.
(4) Барањата на сопственикот, односно корисникот на станот, неговиот брачен другар и лицата што ги издржува, опфатени се со осигурувањето, доколку тие не учествуваат во заедничката одговорност за штети со останатите сопственици односно корисници на зградата.
ЖИВОТНИ
Член 39
(1) Со осигурувањето е покриена и одговорноста на чуварот на животните и другите лица што се грижат за животните кои се означени во полисата за осигурување.
(2) Со осигурувањето е покриена од оговорноста за штети од актот за припуст на животни, ако тоа посебно се договори.
IV. ОПШТИ ОДРЕДБИ
ПРЕМИЈА НА ОСИГУРУВАЊЕ
Член 40
(1) Ако основ за пресметување на премијата е годишниот нето личен доход на работниците, конечната пресметка на премијата се врши по завршувањето на годината врз основа на остварениот личен доход
, ако така процени осигурувачот за што го известува осигуреникот при почеток на осигурувањето.
(2) Во случај на престанување на договорот за осигурување пред договорениот рок на траење, ако договорувачот имал некаков попуст на траење на осигурувањето, должен е износот на премијата одобрена на име попустот, да му го врати на осигурувачот.
Член 41
[1] Во случај на предвремено раскинување на Договорот за осигурување, осигурувачот е должен да врати дел од премијата за неискористеното време на осигурување, ако осигурената опасност престанала да постои по склучување на Договорот за осигурување.
[2] Ако осигурената опасност престанала да постои пред почетокот на покритието, осигурувачот ја враќа целокупната уплатена премија, намалена за манипулативните трошоци.
[3] Во другите случаи на престанување на важноста на Договорот за осигурување пред крајот на периодот за кој е платена премијата, на осигурувачот му припаѓа премија до денот до кој трае покритието, освен ако не е поинаку договорено.
[4] Враќање на премијата на барање на осигуреникот може да се изврши само врз основа на докази за исполнети услови за поврат на премија
ПЛАЌАЊЕ НА ПРЕМИЈАТА
Член 42
[1] Договарачот на осигурувањето ја плаќа премијата одеднаш,освен ако не е поинаку договорено.
[2] Ако е договорено плаќање на рати, тогаш договарачот на осигурувањето ја плаќа првата рата во моментот на склучување на Договорот за осигурување или издавањето на лист на покритие, освен ако не е поинаку договорено.
[3] Осигурувачот има право сите доспеани неплатени рати од премијата да му ги одбие на осигуреникот при исплатата на штета. Кај тотална штета, сите неплатени рати од премијата доспеваат за наплата и се одбиваат од износот за надоместок на штета при исплатата.
[4] Ако на договарачот на осигурувањето му се признал попуст за времетраење на осигурувањето, а осигурувањето од кои било причини престанало пред истекот на тоа време, осигурувачот има право да ја наплати разликата до премијата што договарачот на осигурувањето би требало да ја плати кога Договорот за осигурување би бил склучен само за периодот до прекинувањето. Во случај да престане важноста на Договорот за осигурување поради неплаќање на доспеаната премија, договарачот треба
да ја плати премијата за неплатеното време до денот на престанок на важноста на Договорот за осигурување. Ако до денот на престанок на осигурувањето настанал осигурен случај за кој осигурувачот исплатил оштета, договарачот на осигурувањето е должен да ја плати целокупната премија за тековната година на осигурување
ПОСЛЕДИЦИ ОД НЕПЛАЌАЊЕ НА ПРЕМИЈАТА
Член 43
[1] Ако премијата за осигурување не е платена до стасаноста, осигурувачот може да го извести договарачот да ја плати премијата за осигурување. Ако премијата за осигурување не е платена во рокот што е наведен во известувањето, а кој не може да биде пократок од триесет (30) дена, осигурувачот може да го раскине Договорот за осигурување без отказен рок, при што на осигурувачот му припаѓа стасаната премија за осигурување.
[2] Во случај на доцнење со плаќање на премијата, осигурувачот има право да пресмета и законска затезна камата.
[3] Со неплаќање на премијата за осигурување, договарачот не може еднострано да го раскине осигурувањето.
ПОЧЕТОК И ПРЕСТАНУВАЊЕ НА ОБВРСКАТА НА ОСИГУРУВАЧОТ
Член 44
[1] Доколку не е поинаку договорено, осигурителното покритие од Договорот за осигурување започнува по истекот на 24 часот на денот што во полисата за осигурување е означен како почеток
на траење на осигурувањето, под услов до тој ден да е платена договорената премија или првата рата на премијата, а во спротивно, по истекот на 24 часот од денот кога премијата еплатена.
[2] Осигурителното покритие престанува по истекот на 24 часот на денот означен во полисата на осигурување како ден кога истекува осигурувањето.
[3] Осигурувањето се склучува за период од една (1) година, доколку не е поинаку договорено.
[4] Ако полисата за осигурување содржи само почеток на осигурувањето, Договорот за осигурување се продолжува од година во година, сè додека една од договорните страни не го откаже најмалку 3 месеци пред доспевањето на премијата.
НАЧИН НА ИЗВЕСТУВАЊЕ
Член 45
([1] Документацијата кон Договорот за осигурување и во врска со Договорот за осигурување мора да биде на македонски јазик и во пишана форма, или во договорена електронска форма, и стапува на сила од денот на прием.
[2] Сите известувања и изјави што треба да се дадат според одредбите на Договорот за осигурување мора да бидат во писмена форма.
[3] Како ден на прием се смета следниот работен ден после препорачано предадената пратка, пратена на последната дадена адреса од страна на примачот.
ИЗМЕНА НА НАЗИВОТ ИЛИ АДРЕСАТА (ФИРМА)
Член 46
(1) Договорувачот на осигурувањето, односно осигуреникот е должен за измените на името, називот или адресата, да го извести осигурувачот во рок од 15 дена од денот на настанувањето на промената.
(2) Ако договорувачот на осигурувањето, односно осигуреникот не го извести осигурувачот за промените од претходниот став, за полноважност на известувањата што ги испраќа осигурувачот,
доволно е ако му упати на договорувачот на осигурувањето, односно осигуреникот препорачано писмо според последните податоци за адресата на станот, деловните простории, односно имињата и називите со кои располага. Известувањето станува полноважно на денот кога според редовниот тек на работите станало полноважно кога не би настанале промените од претходниот став.
ИЗМЕНИ НА УСЛОВИТЕ ЗА ОСИГУРУВАЊЕ И ТАРИФАТА НА ПРЕМИИ
Член 47
[1] Ако осигурувачот ги промени условите за осигурување или тарифата на премии, треба да го извести договарачот на осигурувањето барем 60 дена пред почетокот на тековната година на осигурување.
[2] Договарачот на осигурувањето има право 60 дена по приемот на известувањето да го откаже Договорот за осигурување. Договорот престанува да важи со завршувањето на тековната година на осигурување.
[3] Ако договарачот на осигурувањето не го откаже Договорот за осигурување во рокот утврден во став 2 на овој член, следната година тој се менува согласно со новите услови за осигурување и тарифата на премии
ПРИМЕНА НА ЗАКОНСКИТЕ ПРОПИСИ И ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ОСИГУРУВАЊЕ НА ИМОТИ
Член 48
На прашањата што не се регулирани со овие услови, ќе се применуваат соодветни одредби од Законот за облигациони односи и Општите услови за осигурување на имот, ако не е во спротивност со овие услови.
ЗАСТАРУВАЊЕ НА ПОБАРУВАЊАТА
Член 49
Побарувањата на осигуреникот или на корисникот на осигурувањето, односно на трето лице од договорот за осигурување, застаруваат согласно одредбите од Законот за облигациони односи.
ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ
Член 50 Информации во врска со обработка на лични податоци
[1] Идентитет и контакт на податоците на контролорот и офицерот за заштита на личните податоци: Контролор: Друштво за осигурување ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје, Седиште во Скопје на ул. Мајка Тереза бр.1 влез 2, e-mail: xxxx@xxxxxxxxxxxxx.xxx.xx, Офицер за заштита на личните податоци: xxx@xxxxxxxxxxxxx.xxx.xx. Дополнителни податоци за офицерот за заштита на личните податоци може да најдете на интернет страницата на Друштвото xxx.xxxxxxxxxxxxx.xxx.xx.
Член 51 Обработка и заштита на личните податоци
[1] Друштвото за осигурување ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје врши обработка (собирање, евидентирање, организирање, чување итн.) на лични податоци на осигуреници, договорувачи на осигурување, нивните законски застапници или полномошници во согласност со одредбите на Законот за заштита на лични податоци и другите релеванти позитивни законски прописи, применувајќи соодветни технички и организациски мерки за обезбедување на безбедност на личните податоци. Собраните лични податоци се дел од збирките на лични податоци на Друштвото за осигурување ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје, а Друштвото за осигурување ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје во својство на контролор на личните податоци, истите ги користи согласно основните начела за обработка на лични податоци дефинирани во Законот за заштита на личните податоци.
Член 51-а Правен основ за обработката на личните податоци
[1] Друштвото за осигурување ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје обработува лични податоци кои се неопходни при склучување на договорите за осигурување (полиси), врз основа на член 109 од Законот за супервизија на осигурување, а во согласност со Законот за заштита на личните податоци. [2] Личните податоци се неопходни за обработка од страна Друштвото за осигурување ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје со цел исполнување на правата и обврските што произлегуваат од договорот за осигурување,
односно обработката на истите претставува основа за оценување на осигурително покритие и степен на оштета.
Член 51-б Цели за обработката на личните податоци
[1] Личните податоци (телефонски број и електронска адреса – e-mail), Друштвото за осигурување ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје ги обработува со цел остварување на контакт заради ефикасно остварување на права и обврските кои произлегуваат од договорите за осигурување (полиси). Овие податоци за цели доставување на рекламни материјали, промоции, понуди како и за други цели на директен маркетинг од страна на Друштвото за осигурување ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје ќе бидат искористени само доколку имате дадено согласност, преку одбирање на соодветната опција за согласност. [2] Со цел водење на постапка за надомест на штета и воспоставување на бази на податоци за настанати штети, оценување на осигурително покритие и степен на оштета Друштвото за осигурување ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје обработува и копии од документи во кои се содржани и лични податоци. [3] Личните податоци од став 1 и став 2 на овој член Друштвото за осигурување ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје ги обработува само врз основа на претходна согласност од субјектот на личните податоци, а недавањето на согласност за обработка на овие податоци може да има за последица несоодветно оценување на осигурително покритие или степен на оштета или пак неисплаќање на оштетно барање. [4] Согласноста за обработка на личните податоци од ставот 3 на овој член може да се повлече во секое време преку доставување на известување за повлекување на согласност по пошта на следната адреса: ул. Мајка Тереза бр.2, 1000 Скопје, со назнака за Офицерот за заштита на лични податоци или преку електронска адреса xxx@xxxxxxxxxxxxx.xxx.xx. Со повлекување на согласноста за обработка на лични податоци Друштвото за осигурување ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје ќе прекине со понатамошна обработка на личните податоци и истите ќе ги избрише од базите на податоци со што можат да настанат последици наведени во став 3 од овој член.
Член 51-в Рокови на чување на лични податоци
[1] Личните податоци, Друштвото за осигурување ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје ги чува во рок за цело времетраење на договорниот облигационен однос, односно најмногу до 10 години по истекот на договорот за осигурување или во случај на настанување на штета, 10 години по затворањето на случајот на настанување на штетата, односно од денот на целосната исплата на надоместокот за настаната штета согласно член 109 став 8 од Законот за супервизија на осигурување. [2] По истекот на роковите од став 1 на овој член личните податоци ќе бидат избришани/уништени од базите на податоци на Друштвото за осигурување ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје и истите нема да се обработуваат за други цели.
Член 51-г Права на субјектите на личните податоци
[1] Остварување на правата кои произлегуваат од Законот за заштита на личните податоци (право на пристап, корекција, бришење, ограничување на обработката на лични податоци, приговор и преносливост), се врши преку доставување на барање на електронската адреса на офицерот за заштита на лични податоци: xxx@xxxxxxxxxxxxx.xxx.xx. На истата електронска адреса може да се достави барање во врска со сите прашања поврзани со обработката на личните податоци. [2] Доколку субјектот на лични податоци смета дека обработката на личните податоци за целите наведени во член 35-б, од страна на Друштвото за осигурување ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје не е во согласност со одредбите на Законот за заштита на личните податоци, или пак смета дека е повредено некое право за заштита на личните податоци, има право да поднесе барање за утврдување на прекршување на прописите за заштита на личните податоци до Агенцијата за заштита на личните податоци како надлежен орган за вршење на надзор над законитоста на преземените активности при обработката на личните податоци на територијата на Република Северна Македонија.
Член 51-д Пренос на личните податоци
[1] Друштвото за осигурување ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје може да изврши пренос на лични податоци во земји членки на Европската Унија, земји членки на Европскиот економски простор и трети земји. За вршење на преносот на лични податоци во земји членки на Европската унија и Европскиот економски простори се известува Агенцијата за заштита на личните податоци, а преносот на лични податоци во трети земји се врши по претходно добиено одобрени од страна на Агенцијата за заштита
на личните податоци. При вршење на преносот на личните податоци се обезбедува високо ниво на технички и организациски мерки за обезбедување на тајност и заштита на личните податоци. Исто така, се обезбедуваат сите неопходни заштитни мерки за обезбедување на тајност и заштита на личните податоци преку стандардни клаузули за заштита на личните податоци кои се одобрени и објавени од страна на Европската комисија. Сите дополнителни информации во однос на заштитните мерки може да се добијат со поднесување на барање до по пошта на следната адреса: ул. Мајка Тереза бр.1 влез 2 со назнака за Офицерот за заштита на лични податоци или преку електронска адреса xxx@xxxxxxxxxxxxx.xxx.xx.
Член 51-ѓ Обработка на лични податоци за цели на директен маркетинг
[1] Личните податоци за цели на директен маркетинг, Друштвото за осигурување ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје ги обработува само врз основа на експлицитна согласност за обработка на личните податоци за цели на директен маркетинг за своите услуги. [2] Согласноста за обработка на личните податоци за цели на директен маркетинг може да се повлече во секое време, бесплатно, со писмено барање (доставено на следната електронска адреса: xxx@xxxxxxxxxxxxx.xxx.xx или по пошта до Друштвото за осигурување ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје, ул. Мајка Тереза бр.1 влез 2, 1000 Скопје, со назнака “До Офицерот за заштита на лични податоци”).
ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ
член 52
[1] За односите од договорот за осигурување се применува правото на Република Северна Македонија.
[2] За односите меѓу осигурувачот, договарачот и осигуреникот кои не се договорени во договорот за осигурување, се применува Законот за облигациони односи.
Постапка по приговори
Во случај осигурувачот и осигуреникот да не се согласат по однос на обемот и висината на штетата, осигуреникот има право на приговор во рок од 8 дена од приемот на писменото известување од осигурувачот, до Второстепената комисија за решавање на штети по приговор, која е должна во рок од 30 дена да одговори по приговорот.
Постапка по жалба
Договорувачот, односно осигуреникот во однос на работењето на Друштвото има право на жалба до Агенцијата за супервизија на осигурување како орган надлежен орган за супервизија на друштвата за осигуруавње.
Решавање на спорови
Евентуалните спорови кои би произлегле од договорот з а осигурување, договорните страни ќе ги решаваат спогодбено, а доколку до спогодба не дојде надлежен е Основен суд Скопје 2 Скопје.
КЛАУЗУЛИ ЗА ДОПОЛНИТЕЛНО ПОКРИТИЕ
(важат само ако посебно се договорат и ако се назначени на полиса за осигурување)
КЛАУЗУЛA 1: ОДГОВОРНОСТ НА РАБОТОДАВЕЦОТ
(1) Осигурувањето ги покрива оштетните побарувања поради телесни повреди, болест или смрт на вработените и поради оштетување или уништување на имотот на вработените. Како вработени се сметаат лица кои се во работен однос со осигуреникот врз основа на договор или вработување, едукативен договор или студентска препорака (сопствени вработени, стажанти/чираци, практиканти) како и други лица кои работат за осигуреникот на препорака од нивниот работодавец позајмена работнасила);
(2) Осигурувањето не ги покрива оштетнитепобарувања:
1) за повреда на лица кои работат кај осигуреникот без соодветна работна дозвола (работа нацрно);
2) за повреда на лица кои не употребуваат задолжителни безбедносни средства и опрема, доколку се установи дека поради нивната употреба штетата не бинастанала;
3) за професионална болест навработените;
4) за штета што ќе настане ако вработениот по налог на осигуреникот извршува работа која е во спротивност со одредбите на внатрешните акти или важечките работни постапки.
КЛАУЗУЛА 2: ОШТЕТУВАЊЕ НА ПРЕДМЕТИ ШТО МУ СЕ ДОВЕРЕНИ НА ОСИГУРЕНИКОТ
(1) Осигурувањето ги покрива оштетните побарувања поради оштетување или исчезнување на предметите кои му се доверени на осигуреникот за поправка, преработување, преправање или чување.
(2) Осигурувањето не ги покрива оштетнитепобарувања:
1) поради оштетување или исчезнување на предметите кои ги користи осигуреникот за лични потреби (пр. изнајмени машини или простории соопрема))
2) поради оштетување или исчезнување на предметите доколку причината за штета е или работење на нив или работење со нив (како последица од употреба, преработка, поправка ислично);
3) поради оштетување или изчезнување на предметите за време на транспорт;
4) поради оштетување на копнени моторни возила, авиони и бродови;
5) поради оштетување на компјутерски софтвер и податоци заедно со преносителите наинформации
6) поради оштетување на предметите што сереставрираат;
7) поради изчезнување или кражба на предметите што им припа ѓаат на гостите од заедничките простории во хотелите, рестораните, кафеаните и другите угостителски објекти.
(3) Сумата на осигурување (подлимит) за ова покритие изнесува 40% од сумата на осигурување на општа одговорност што е наведена вополисата.
КЛАУЗУЛА 3: ОШТЕТУВАЊЕ НА МОТОРНИ ВОЗИЛА ШТО МУ СЕ ДОВЕРЕНИ НА ОСИГУРЕНИКОТ НА ЧУВАЊЕ
(1) Осигурувањето ги покрива оштетните побарувања поради оштетување, уништување или исчезнување на моторни возила и приколки, нивни составни делови и предмети сместени во нив, кои му се доверени на осигуреникот за чување.
(2) Осигурителното покритие се однесува исклучиво на одговорноста на осигуреникот како чувар на моторни возила кои се наоѓаат во гаража на хотел, ресторани, на паркиралиште или на друг простор предвиден за таква намена.
(3) Осигурувањето не ги покрива оштетните побарувања:
1) поради крш намашини;
2) поради штета предизвикана додека моторно возило се поместува надвор од местото начување;
3) поради оштетување или изчезнување на товарот што се наоѓа на/во моторното возило.
(4) Сумата на осигурување (подлимит) за ова покритие изнесува 40% од сумата на осигурување на општа одговорност што е наведена во полисата. Ако штетата се случи на необезбедувано место (незаштитен паркинг), осигурителното покритие според оваа клаузула е ограничено на 1.000 Евра. За необезбедено место се смета местото кое нема физичка или техничказаштита
КЛАУЗУЛА 4: ОШТЕТУВАЊЕ НА ПРЕДМЕТИ ВРЗ КОИ И СО КОИ СЕ ИЗВЕДУВА ДЕЈНОСТА НА ОСИГУРЕНИКОТ
(1) Осигурувањето ги покрива оштетните побарувања поради оштетување или исчезнување на предмети (не се однесува на моторни возила), ако причината за штетата е работа врз нив или
2) губење на тежината на стоката, како последица на природен отпадок(кало);
3) штета што се појавува како последица од карактеристиките на стоките или е последица на неправилно пакување наистите;
4) загуба на стоките како последица на инвентарен дефицит или кражба;
5) штета на предмети направени од благородни метали, накит, вистински бисери, скапоцени камења, природно крзно и уметнички предмети, готови пари, хартии од вредност, живи животни, експлозиви,изотопи;
6) штета за платени казни или пенали, за конфискација и за барања поради последични штети (пр. xxxxxx на работа во погонот);
7) штета што ќенастане заради задржување или неправовремена испорака на складиранитестоки;
8) штета наавиони;
9) штета на моторните возила или другите направи со кои се извршува товар и растовар. работа со нив (предмет или средство за обработка, преработка, тестирање, чистење итн.);
(2) Осигурувањето ги покрива и оштетните побарувања поради оштетување или исчезнување на предметите што му се од било која причина доверени на осигуреникот (за поправка, обработка, преправање или чување).
(3) Осигурувањето не ги покрива оштетните побарувања:
1) поради оштетување или исчезнување на предмети што осигуреникот ги користи за сопствени потреби (пр. позајмени машини или простории со опрема);
2) поради оштетување или изчезнување на предметите за време на транспорт;
3) поради оштетување на копнени моторни возила, авиони и бродови;
4) поради оштетување на компјутерски софтвер и податоци заедно со преносителите наинформации;
5) поради оштетување на предметите што се реставрираат;
(3) Сумата на осигурување (подлимит) за ова покритие изнесува 40 % од сумата на осигурување на општа одговорност што е наведена во полисата
КЛАУЗУЛА 5: ОШТЕТУВАЊЕ НА ПРЕДМЕТИ ЗА ВРЕМЕ НА СКЛАДИРАЊЕ
(1)Осигурувањето ги покрива оштетните побарувања поради уништување или оштетување на туѓа стока за времена:
1) складирање;
2) манипулирање(товарење,растоварување, претоварување и преместување);
3) транспортирање во подрачје на стовариште.
(2) Осигурувањето ги покрива и оштетнитепобарувања:
1) поради штета предизвикана од камиони виљушкари, електрокари, кранови и слично (во случај кога наведените возила имаат осигурување од авто одговорност ова покритие се смета како дополнително);
2) поради натопување на стоките од ненадеен обилен дожд за време на товарење, растоварување и претоварување, само ако стоките биле соодветно пакувани и ако со натоварување, растоварување, претоварување и преместување се започнало пред дождот;
3) поради штета на туѓи моторни возила, бродови, возови, контејнери и цистерни која настанала за време на натоварување или растоварање рачно или со направи за товар и растовар од било којвид.
(3) Осигурувањето не ги покрива оштетните побарувања поради:
1)штета што е последица на непочитување на прописите за соодветното складирање или манипулација со стоките,
(4) Сумата на осигурување (подлимит) за ова покритие изнесува 40% од сумата на осигурување на општа одговорност што е наведена во полисата
КЛАУЗУЛА 6: ЕКОЛОШКА ШТЕТА ПОРАДИ ЗАГАДУВАЊЕ НА ОКОЛИНАТА
(1) Осигурувањето ги покрива оштетните побарувања поради ненадеен и неочекуван штетен настан што предизвикува загадување на воздух, земја и вода (во понатамошниот текст: загадување) и како последица на тој настан доаѓа до повреда на лица или оштетување на имот.
(2) Осигурителното покритие важи само ако загадувањето се појави за времетраење на осигурувањето и ако оштетните побарувања поради повреда на лица или оштетување на имотот се поднесат најкасно до две години по истекот на осигурителното покритие.
(3) Осигурувањето не ги покрива оштетните побарувања:
1)поради постојани и долготрајни настани на штета (постојано капење, испарување и сл.);
2)поради штети што настанале со работа на направите за прочистување на отпадни води и други слични направи како и од дејноста на депониите од било кој вид на отпадоци;
3)поради штети кои се појавуваат при складирање на опасни отпадоци според важечките закони (Закон за животна средина и Закон за заштита наприродата)
4)поради поседување или управување на комунални објекти и опрема, пред се на депонии за ѓубрива и компост; 5)доколку осигуреникот не ги почитувал упатствата и прописите на производителот или самата технологија односно не направил пропишан преглед, сервис или неопходната поправка на направата што го предизвикала загадувањето;
6)за штета што настанала заради влијанија врз природата а кои се неизбежни или итни за дејноста на осигуреникот а за кои осигурениот бил предупреден и ги прифатил;
7)поради еколошка штета која не е резултат од загадувањето на околината (пр.поради влошување на биолошките различности).
(4) Сумата на осигурување (подлимит) за ова покритие изнесува 40 % од сумата на осигурување на општа одговорност што е наведена во полисата
Овие Услови се донесени врз основа на Овластување на Oдборот на директори на Друштво за осигурување ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје дадено на својата редовна седница на 15.11.2021 година со Одлука бр.0203-09/08 и ќе се применуваат од 23.02.2022 година.
Главен извршен директор
Суат Инан
Извршен директор Xxxxxx Xxxxxxxx