Работни биографии (CV) на клучниот персонал.
ПОВИК бр. 1/2015
НАБАВКА НА УСЛУГИ ЗА
ВЕБ АПЛИКАЦИЈА ЗА АРХИВИРАЊЕ НА МЕДИУМСКИ СОДРЖИНИ
Предмет
Набавка бр. 1/2015
Постапка
Ограничен повик согласно Договорот за грант со УСАИД
Финансирање
Договор за грант меѓу УСАИД и Фондацијата Метаморфозис
Набавувач
Фондација Метаморфозис
СПЕЦИФИКАЦИЈА НА НАБАВКАТА
Вид на договор:
Глобална цена
Опис на договорот
Изработка на Веб апликацијата за архивирање на содржини од медиумите која ќе овозможи зачувување на содржините од веб страниците кои се селектирани од корисници и автоматски од избрани веб сајтови, како и нивна автоматска обработка.
УСЛОВИ ЗА УЧЕСТВО
Право на учество
Правни и физички лица (тимови) кои може, преку соодветно портфолио, да демонстрираат капацитети за спроведување на услугите побарани со повикот, според горенаведните спецификации.
Број на понуди
Еден субјект може да поднесе само една понуда, без разлика во која форма учествува (како индивидуален правен субјект или група на понудувачи). Доколку еден субјект поднесе повеќе од една понуда, сите понуди во кои тој субјект учествува, ќе бидат исклучени.
Основи за исклучување
Како дел од понудата, понудувачите мора да поднесат потпишана изјава дека не се во состојба која е основа за исклучување. (Види т.3 од Упатството за понудувачите)
Подизведување
Подизведување на овој повик не е дозволено.
ОРИЕНТАЦИОНА ВРЕМЕНСКА РАМКА
Ориентационен датум на почеток на спроведување на договорот
15.09.2015 година
Период за спроведување на услугата
90 дена.
КРИТЕРИУМИ ЗА ИЗБОР
Критериуми за избор
Технички и професионален капацитет на понудувачот
Во текот на последните три години да има извршено најмалку два проекти од областа поврзана со бараните услуги;
Портфолио на други спроведени проекти.
Работни биографии (CV) на клучниот персонал.
Квалитет на понуденото решение
Понуден план за работа
Усогласеност со специфицираните потреби
Дизајн на изгледот на функционалностите
Вклученост на дополнителни функционалности кои додаваат вредност
Документирање на софтверот
Услови за одржување на понуденото софтверско решение
Време на изработка
Цена („Најдобра вредност за парите“)
ДОСТАВУВАЊЕ ПОНУДА
Рок за доставување на понудата
04.09.2015 година, 17.00 часот (види т.7 од Упатството за понудувачите)
Формат на доставување на понудата
Понудата треба да се достави во образецот на документацијата за понуда, која е составен дел од овој повик.
Нема да се земе предвид дополнителна документација, освен онаа што се бара со повикот.
Начин на доставување на понудата
Понудата се доставува по е-пошта на адресата xxxx@xxxxxxxxxxxxx.xxx.xx , согласно т. 7 од Упатството за понудувачите
Измена или повлекување на понуда
Учесниците на повикот можат да ја изменат и дополнат или повлечат понудата до рокот за доставување на понудите. По овој рок, не може да се повлече или измени понудата.
Повлекувањето односно измената и дополнувањето се врши согласно т. 8 од Упатството за понудувачите.
Јазик
Сите комуникации во врска со оваа понуда треба да бидат на македонски или англиски јазик.
Правна основа
Внатрешни постапки на Метаморфозис, Фондација за интернет и општество.
Други информации
Сите комуникации во врска со повикот, освен доставувањето на понудите, ќе се вршат по електронски пат.
3