Contract
Арх број 03-738/1 од 05.10.2016 година
Д О Г О В О Р
ЗА ЈАВНА НАБАВКА НА СТОКИ
I .ДОГОВОРНИ СТРАНИ
А.ОПШТИНА ЗРНОВЦИ ул ,, Илинденска,, бб нас место Зрновци
Застапувана од Блаже Станков, Градоначалник на Општина Зрновци , ( во понатамошниот текст
,, Договорен орган,, ) од една страна И
Б. ДООЕЛ ,, ЕЛИКСИР - З , xx Xxxxxxx Xxxxxxxx xxxx 0 Xxxxxx
Застапувано од Xxxxx Xxxxxxxx ( во понатамошниот текст ,,Носител на набавката ( од друга страна
II. ДЕФИНИЦИИ ( ОБЈАСНЕНИЕ НА ПОИМИТЕ )
Член 1
За целите на овој Договор, одделни поими и изрази употребени во овој Договор го имаат следново значење
1. ,, Договорен орган,, е субјектот дефиниран во член 4 став 1 точка а), б), в), г) и д) од Законот за јавни набавки
2. ,, Носител на набавката,, - е понудувач или група на понудувачи кои склучиле договор за јавна набавка,
3. ,, Договор за јавна набавка на стоки,, - претставува набавка на една или повеќе стоки , преку купување веднаш, купување со одложено плаќање или изнајмување со или опција за купување на стоката,
4. ,, Договорна цена,, - е цената која ја побарува носителот на набавката како што е утврдено во овој Договор, вклучувајжи го и евентуалниот попуст што го дал
5. ,, Испорака,, - значи предавање на стоките од страна на Носителот на набавката на Договорниот орган во времето и на местото предвидено со овој Договор, на начин на кој Договорниот орган се стекнува со право на сопственост на стоките,
6. ,,Сродни услуги,, - претставува пропратни услуги на набавката на стоки, како што е осигурување, инсталација, почетно одржување и други слични обврски на Носителот на набавката според условите наведени во овој Договор
7. ,, Сервисрињае,, -преставува отсранување на сите грешки ( дефекти и слично ) и технички недостатоци, како и вградување на потребните резервни делови на испорачаните стоки
8. ,,подизвеедувач,, - е домашно или странско правно или физичко лице , кое треба да достави кој било дел од стоките или да изврши кој било дел од стродните услуги преку поддоговор склучен со носителот на набавката
III. ПРЕДМЕТ НА ДОГОВОРОТ
Член 2
Предмет на овој договор е набавка на
а) - градежни материјали , сукцесивна набавка за период од една година во општина Зрновци , согласно техничката документација која е составен дел на овој договор.
IV.ЈАЗИК НА ДОГОВОРОТ
Член 3
Јазик на Договорот и на другите документи кои претставуваат составен дел на Договорот , е Македонскиот јазик
Јазик на целата комуникација во писмена форма помеѓ договорните страни е на Македонски јазик.
V.ВРЕДНОСТ НА ДОГОВОРОТ
Член 4
Вкупната цена на договорот изнесува 706.530 денари без пресметан ДДВ, а прилог на овој договор е конечната понуда од страна на Носителот на набавката во која се искажани сите позиции на специфицираните стоки ( вредноста на конечна понуда изнесува дел -1 - 553.305 денари и дел – 2- 153.233 денари
VI.ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА ДОГОВОРОТ
Член 5
Договорот се склучува на определено време за период од една година од денот на склучувањето . VII.ГАРАНЦИЈА ЗА ИЗВРШУВАЊЕ НА ДОГОВОРОТ
Член 6
Навременото и квалитетнотот извршување на Договорот , Носителот на набавката го гарантира со доставување на банкарска гаранција од банка прифатлива за Договорниот орган.
Висината на банкарската гаранција изнесува 10 % висината на вредноста на договорот.
Гаранцијата се наплаќа во следниве случаи
-доколку Xxxxxxxxx на набавката не го почитува договорениот рок заиспорака на стоката од најмногу два дена утврден во член 7 од овој Договор
- по дополнително доставено писмено известување од страна на Договорниот орган и оставен рок од уште два дена за испорака на стоката,
- во случај на несовпаѓање на техничките и квалитативните карактеристики на испорачаната стока, верификувано од ензависна институција за контрола на квалитетот на испорачаната стока и
- во случај на раскинување на Договорот по вина на Нпсителот на набавката.
Гаранцијата за извршување на Договорот во услови на навремено и квалитетно извршување на Договорот, му се враќа на Носителот на набавката во рок од 14 дена по целосното извршување на договорот.
VIII.ДИНАМИКА И НАЧИН НА ИСПОРАКА НА СТОКИТЕ
Член 7
Носителот на набавката е должен испораката на стоките да ја изврши во рок од два дена од денот на добивањето на нарачката од страна на Договорниот орган ( по склучувањето на овој договор).
Испораката на стоките се смета за извршена по потпишувањето на испратницата од овластено лице на Договорниот орган и овластеното лице на Носителот на набавката.
Испораката на стоките Носителот на набавката ќе ја врши врз основа на писмена нарачка на Договорниот орган заверена од овластеното лице во рок од два работни дена од денот на приемот на нарачката.
Носителот на набавакта е должен за испорачаната стока да достави Упатсво за нејзино користење на македонски јазик
IX. ДОГОВОРНА КАЗНА ЗА ЗАДОЦНУВАЊЕ ИЛИ НЕИСПОЛНУВАЊЕ НА ДОГОВОРОТ
Член 8
Во случај на доцнење со испораката на стоките што се предмет на овој договор, од страна на Носителот на набавката, Договорниот орган има право на надомест на штета и договорна казна.
Договорната казна се определува во висина од 3.000 денари за секој ден задоцнување.
Во случај на 2 ( две ) последователни неиспораки , договорниот орган има право по претходно доставено писмено известување до Носителот на набавката за испорака на стоките што се предмет на овој договор, во дополнително оставен рок од уште дв адена , да го раскине
Договорот за испорака на стоките предмет на овој договор, со проста изјава и да склучи Договор за испорака на истите стоки со второрангираниот понудувач.
Во случај на став 3 од овој член , Носителот на набавката е должен да му ја надомести штетата на Договорниот орган.
Договорниот орган не може да бара договорна казна поради задоцнување ако го примил исполнувањето на обврската, а без одлагање не му соопштил на Носителот на набавката дека го задржува своето право за договорна казна.
X.ИЗГОТВУВАЊЕ И ДОСТАВУВАЊЕ НА ФАКТУРАТА
Член 9
При изготвувањето на фактурата, Носителот на набавката е должен да ги наведе следните елементи
• Назив на Договорниот орган, место, седиште и даночен број
• Број и дата на Договорот
• Колилчини со опис на стоката, дефинирани по елемнти како во член 2 од договорот
• Единични договорни цени на секој од елементите
• Вкупни цени по елемнти
• Вкупна цена на фактурата
• Правдање на даден авнас ( доколку го имало)
• Други зголемувања или намалувања, согласно со договорните услови ( камати, пенали, разлики на цени и сл.)
• Пресметка на ДДВ
• Вкупна цена за исплата по фактурата ( во случаи на правдање на аванс и тн_
• Валута на плаќање
XI.НАЧИН, УСЛОВИ И РОКОВИ НА ПЛАЌАЊЕ, ЗАТЕЗНА КАМАТА ЗА ЗАДОЦНЕТО ПЛАЌАЊЕ
Член 10
Договорниот орган се обврзува плаќањето на Носителот на набавката да го врши на следниов начин- вирмански преку жиро сметка
Договорниот орган се обврзува плаќањето на Носителот на набавката да го врши во рок од 30 дена , од денот на приемот на фактурата во архивата на Договорниот орган, на сметка и банка за која писмено ќе го извести Носителот на набавката.
Прилог на фактурата е уредно заверена испратница
Во случај Договорниот орган да не ја плати фактурата во договорениот рок, се засметува законска затезна камата во висина определена согласно позитивните законски прописи во Р. Македонија.
XII.КВАНТИТАТИВНА И КВАЛИТАТИВНА КОНТРОЛА
Член 11
Квалитативн и квантитативен прием на стоката што е предмет на овој договор , врши договорниот орган, со документ ( испратница ) потпишана од двете договорни страни.
Во текот на примопредавањето се утврдува квалитетот и квантитетот на испорачаната стока.
Член 12
Носителот на набавката е должен да достави потврда, атест, сертификат за квалитетот на стоката што ја испорачува според стандардите наведени во самата техничка спецификација од тендерската документација.
Договорниот орган може да изврши дополнителна контрола и гаранција на квалитетот со спроведување на дополнителни независни испитувања и контроли за квалитет кај овластена институција.
XIII.ОБВРСКИ НА НОСИТЕЛОТ НА НАБАВКАТА
Член 13
Носителот на набавката е должен да ја испорача стоката на Договорниот орган во времето и местото предвидено со овој договор.
Носителот на набавката за извршил обврската од став 1 на овој член, по правило , кога стоката ќе му ја врачи на Договорниот орган или ќе му предаде исправа со која стоката може да ја преземе.
Член 14
Носителот на набавката е должен да ја испорача стоката на Договорниот орган во исправна состојба.
Член 15
Носителот на набавката е должен испораката на стоката да ја изврши во рок од два дена, по добивањето на нарачката од страна на договорниот орган.
Член 16
Во случај кога според договорот е потребно да се изврши превоз на стоката, а со договорот не е определено местото на исполнувањето , предавањето е извршено со врачување на стоката на превозникот или на лицето кое го организира експедирањето.
Член 17
Ако носителот на набавката е должен да ја испрати стоката до Договорниот орган тој мора, на вообичаен начин и под вообичаени услови, да склучи договори потребни за извршување на превозот до определеното место.
Член 18
Трошоците на предавањето , како и оние што му претходат , ги поднесува Носителот на набавката, а трошоците за превземање на стоките и сите други трошоци по предавањето ги поднесува Договорниот орган, ако не е договорено ништо друго.
Член 19
Ако не е ништо друго договорено или вообичаено, Нсителот на набавката не е должен да ја предаде стоката, ако Договорниот орган не му ја исплати цента истовремено или ако нее готов тоа да го стори истовремено, но Договорниот орган не е должен да ја исплати цената пред да има можност да ја прегледа стоката.
Член 20
Кога предавањето на стоката се остварува со врачување на превосникот , Носителот на набавката може да го одложи плаќањето на стоката до исплатата на цената, или да ја испрати стоката така што да го задржи правото да располага со неа за време на превозот.
Ако го здаржал правото да располага со стоката за време на превозот, Носителот на набавката може да бара стоката да не биде предадена на Договорниот орган во местото на определувањето додека не ќе ја исплати цената, а Договорниот орган не е должен да ја исплати цената пред да има можност да ја прегледа стоката.
Член 21
Кога поради задоцнување на Договорниот орган ризикот преминал врз Договорниот орган пред предавањето на стоката, Носителот на набавката е должен да ја чува стоката со внимание на добар стопанственик, односно добар домаќин и за таа цел да ги преземе потребните мерки.
Носителот на набавката има право на надомест на трошоците потребни заради зачувување на предметот.
XIV.ОБВРСКИ НА ДОГОВОРНИОТ ОРГАН
Член 22
Договорниот орган е должен да ја плати договорената цена на Носителот на набавката , по испораката на стоката во рок од 30 дена од денот на примањето на фактурата доставена од страна на Носителот на набавкта, пополнета на начин пропишан со тендерската документација.
Член 23
Во случај на сукцесивна испорака, Договорниот орган е должен да ја исплати цената за секпја испорака во моментот од нејзиното преземање па добиената фактура и рокот наведен во истата.
Член 24
Договорниот орган е должен да ги изврши сите потребни дејствија за да биде возможно предавањето на стоката.
XV.НАЧИН НА ПРИМОПРЕДАВАЊЕ НА СТОКИТЕ
Члн 25
Примопредавањето на стоките се состои од вршење на потребните дејствија за да биде возможно предавањето , како и превземањето на стоките.
Член 26
Носителот на набвакта е должен да му ја предаде стоката на Договорниот орган во времето и на местото предвидено со овој договор.
Носителот на набавката ја извршил обврската за предавање на Договорниот орган, по правило , кога стоката ќе му ја врачи или ќе му предаде исправа со која стоката ќе може да се преземе.
Член 27
За примопредавање се составува записник кој ги содржи особено следните податоци
1. Дали стоката е испорачана во рокот кој е договорен
2. Дали квантитетот и квалитетот на испорачаните стоки одговара на договорениот квалитет и квантитет , односно , кои стоки ќе треба да се заменат, поправат и во кој рок топа треба да се стори
3. Констатација за примопредавањето на гарантните листови и атести за стоките
Член 28
Записникот за примопредавање го потпишуваат двете договорни страни.
Од денот на составувањето и потпишувањето на записникот настануваат последиците во врска со примопредавањето.
XVI.ПРИМЕЛИВ ЗАКОН
Член 29
Врз сите евентуални спорови кои би произлегле од овој Договор, ќе се применуваат важечките прописи во Република Македонија.
XVII.ВИША СИЛА
Член 30
Ниту една од договорени страни нема да биде одговорна за неисполнување на овој Договор до кое дошло заради Виша сила. Ако една од договорените страни е спречена заради Виша сила должна е во рок од 24 часа писмено да ја извести другата страна , со наведување на причините за Вишата сила и по можност обезбедување на соодветен доказ.
По отстранување на Вишата сила Договорот може да се реализира по потреба со заеднички прифатено дополнување или да се раскине договорено.
XVIII. ОСИГУРУВАЊЕ
Член 31
До предавањето на стоката на Договорниот орган, ризикот за случајна пропаст или оштетување на стоката го поднесува Носителот на набавката, а со предавањето на предметот ризикот преминува врз Договорниот орган.
Ризикот не преминува врз Договорниот орган ако тој поради недостаток на предадената стока го раскинал договорот или барал замена на стоката.
Член 32
Ако предавањето на стоката не е извршено поради задоцнување на Договорниот орган, ризикот преминува врз Договорниот орган во моментот кога паднал во задоцнување.
Член 33
Кога поради задоцнување на Договорниот орган ризикот преминал врз Договорниот орган пред предавањето на стоката, Носителот на набавката е должен да ја чува стоката со внимание на добар стопанственик , односно добар домаќин и за таа цел да ги преземе сите потребни емрки.
Истотот важи и за Договорниот орган кога стоката му е врачена, а тој сака да ја врати на Носителот на набавката, било поради тоа што го раскинал договорот, било поради тоа што барал друга стока наместоа испорачаната.
И во едниот и во другиот случај договарачот кој е должен да ги преземе емрките за зачувување на стоаката има право на надомест на трошоците потребни заради зачувување на стоката.
Член 34
Договорниот орган кој не сака да ја прими стоката што му е упатена во местотот на определувањето и таму ставена на располагање, должен е да ја преземе за сметка на Носителот на набавката, ако овој не е присутен во местотот на определувањто, ниту таму има некој што би ја превзел за него, а под услов ако е тоа можно без исплатата на цената и без поголеми незгоди или претерани трошоци.
XIX.ГАРАНЦИИ И УСЛОВИ ЗА НАПЛАТА НА ГАРАНЦИИТЕ
Член 35
Носителот на набавката е должен на Договорниот орган да му достави банкарска гаранција во висина од 10% од вредноста на договорот, со која се обврзува навремено , квалитетно и според условите од договорот ќе ја изврши испораката на стоката која е предмет на овој договор.
Договорниот орган ќе ја врати банкарската гаранција од став 1 на ово член на Носителот на набавката, во рок од 14 дена по ситекот на гарантниот рок.
XX.ГАРАНТЕН ПЕРИОД
Член 36
Кога носителот на набавката , му предал на Договорниот орган гарантелнлист со кој производитечот го гарантира исправното функционирање на стоката во текот на определено време, сметајќи од неговото предавање на Договорниот орган, Договорниот орган може , ако стоката не функционира исправно да бара како од Носителот на набавката така и од производителот, да ја поправи стоката во разумен рок од 5 дена или ако тоа не го стори , да му предаде стока која функционира исправно.
Член 37
Договорниот орган може поради неисправното функционирање да бара од Носителот на набавката, односно од производителот поправка или замена на стоката во текот на гарантниот рок, без оглед на тоа кога се појавил недостаток во функционирањето.
Тој има право на андомест на штетата што ја претрпел поради тоа што бил лишен од употреба на тсоката од моментот на барањето поправка или замена до нивното извршување.
Член 38
Во случај на помала поправка, гарантниот рок се продолжува онолку колку што Договорниот орган бил лишен од употреба на стоката.
Меѓутоа , кога поради неисправното функционирањњ е извршена замена на стоката или нејзина суштествена поправка, гарантниот рок почнува повторно да тече од замената односно од враќањето на поправената стока.
Ако е заменет или сушттствено поправен некој дел од стоката, гарантниот рок почнува повторно да тече само за тој дел.
Член 39
Ако ноистелот на набавката не изврши во разумен рокод 5 дена поправка или замена на стоката, Договорниот орган може да го раскине договорот или да ја намали цената и да бара надомест на штетата.
Член 40
Носителот на набавката, односно производителот е должен на своја сметка да ја пренесе стоката до емстотот каде што треба да се поправи, односно да се замени, како и поправената , односно заменетата стока да му ја врати назад на Договорниот орган.
За тоа време Носителот на набавката , односно производителот го поднесува ризикот за пропаѓање или оштетување на стоката.
Член 41
Кога во изработката на одеелни делови од стоката или во извршувањето на одделни дејствија учествувале повеќе самостојни производители, нивната одговорност спрема финалниот производител за неисправното функционирање на стоката кое потекнува од тие делови или од тие дејствија престанува кога ќе престане одговорноста на финалниот производител спрема Договорниот орган кој ја набавува стоката.
Член 42
Правата на Договорниот орган спрема производителот врз основа на гарантниот лист се гаснат по истекот на една година, сметајќи го денот кога барала од него поправки или замена на стоката.
XXI. ОДГОВОРНОСТ ЗА НЕДОСТАТОЦИТЕ
Член 43
Носителот на набавката одговара за материјалните недостатоци на стоката што тој ги имл во моментот на преминувањето на ризикот врз Договорниот орган, без оглед дали тоа му било познато.
Носителот на набавката одгавара и за оние материјални недостатоци што ќе се појават по преминувањето на ризикот врз Договорниот орган ако се последица од причина што постоела пред тоа.
Незначителниот материјален ендостаток не се зема во предвид.
Член 44
Недостаток постои
1. Ако стоката ги нема потребните својства за нејзина редовна употреба или промет
2. Ако стоката ги нема потребните својства за особена употреба за која ја набавува Договорниот орган, а која му била позната на Носителот на набавката или морала да му биде позната,
3. Ако стоката ги нема својствата и одликите што се изречно или премолчно договорени, односно пропишани, и
4. Кога Носителот на набавката предал стока која не е соодветна на мострата или на моделот освен ако мострата или моделот се покажани само заради известување.
Член 45
Носителот на набавката не одговара за недостатоците од член 44 на овој Договор, ако во моментот на склучувањето на договорот му биле познати на Договорниот орган или не можеле да му станат непознати.
Се смета дека на Договорниот орган не можеле да му останат непознати оние недостатоци што грижливо лице со просечно знаење и искуство на лице со исто занимање и струка како Договорниот орган би можеле лесно да ги забележи при вообичаениот преглед на предметот.
Носителот на набавката одговара и за недостатоците што Договорниот орган можел лесно да ги забележи ако изјавил дека стоката нема никакви недостатоци или дека стоката има определени својства или одлики.
Член 46
Договорниот орган е должен примената стока на вообичаен начин да ја прегледа или да ја даде на преглед, штом тоа според редовниот тек на работите е можно и за видливите недостатоци да го извести Носителот на набавката во рок од осум дена, а кај трговските договори без одлоагање, инаку го губи правотот што му птипаѓа врз таа основа.
Кога прегледот е извршен во присуство на двете страни, Договорниот орган е должен своите забелешки поради видливите недостатоци да му ги соопшти на Носителот на набавката веднаш , инаку го губи правото што му припажа врз таа основа.
Ако договорниот орган ја експидирал стоката натаму без претовар, а на Носителот на набавката при склучувањето на договорот му била позната или морала да му биде позната можноста за такво натамошно експидирање, прегледот на стоката може да биде одложен до нејзиното пристигнување во новото место на определување и во тој случај Договорниот орган е должен да го извести Носителот на набавката за недостатоците штом, според редовниот тек на работите , можел за нив да дознае.
Член 47
Кога по приемот на стоката од страна на Договорниот орган ќе се покаже дека стоката има некој недостаток што не можел дасе открие со вообиаениот преглед при нејзиното преземање ( скриен недостаток) , Договорниот орган е должен , под закана на губење на правото , за тој недостаток да
го извести Носителот на набавката во рок од осум дена , сметајќи од денот кога го открил недостатокот, а кај трговски договор без опдлагање.
Носителот на набавката не одговара занедостатоците што ќе се покажат откако ќе изминат шест месеци од предавањето на стоката, освен кога со договорот е определен подлог рок.
Член 48
Договорниот орган не го губи правот да се повика на некој недостаток и кога не ја извршил својат обврска стоката да ја прегледа без одлагање, или обврската во определениот рок да го извести Носителот на набавката за постоењето на недостатокот, како и кога недостатокот се покажал дури по истекот на шест месеци од предавањето на стоката, ако тој недостаток му бил познат на Носителот на набавката или не можел да му биде непознат.
Член 49
Договорниот орган кој навремено и уредно го известил Носителот на набавката за недостатокот може
1. Да бара од Xxxxxxxxx на набавкта да го отстрани недостатокот или да му предаде друга стока без надоместок ( исполнување на договорот)
2. Да бара намалување на цената и
3. Да изјави дека го раскинува договорот
Во секој од овие случаи Договорниот орган има право на надомест на штетата. Покрај тоа и независно од тоа , Носителот на набавката му одговара на Договорниот орган и за штетата што овој поради недостаток на стоката ја претрпел на другите свои добра и тоа според општите правила за одговорноста на штетата.
XXII.ОБЕШТЕТУВАЊЕ
Член 50
Договорните страни се должни да ги исполнат обврските кои произлегуваат од овој Договор.
Кога една од договорните страни не ќе ја исполни обврската или ќе задоцни со нејзиното исполнување, другата договорна страна има право да бара и андомест на штетета ѓто ја претрпел поради тоа.
За штетата поради задоцнување со исполнување то одговара договорната страна на која другата договорна страна и дала примерен дополнителен рок за исполнување.
Договорната страна одговара и за делумната или целосната невозможност за исполнување иако не ја криела таа невозможност ако настапила по нејзино доаѓање во задоцнување за кое одговара.
Договорната страна се ослободува од одговорноста за заштита ако докаже дека она што е предмет на обврската случајно би пропаданало и кога таа својата обврска би ја исполнила на време.
Член 51
Договорната страна се ослободува од одговорноста за штетета ако докаже дека не можела да ја исполни својата обврска, односно дека задоцнила си исполнувањето на обврската поради околности настанати по склучувањето на договорот кои не можела да ги спречи, отстрани или избегне.
Член 52
Со договор може да се прошири одговорноста на договорната страна и врз случај за кој таа инаку не одговара.
Исполнувањето на ваквата договорена одредба не може да се бара ако тоа би било во спроптивност со анчелото на совесност и чесност.
Член 52
Одговорноста на договорната страна за намерата или крајното невнимание не може однапред со договор да се исклучи.
Судот може , по барање од заинтересираната договорна страна, да ја поништи и договорната одредба за исклучување на одговорноста за обично невнимание, ако таквата спогодба произлегла од монополската положба на договорната страна или воопшто од нерамноправниот однос на договорните страни.
XXIII.РЕШАВАЊЕ НА СПОРОВИ
Член 53
Сите спорови кои ќе произлезат од овој Договор или во врска со него, ќе се решаваат пред надлежен суд.
XXIV.УСЛОВИ ЗА ПРЕКИНУВАЊЕ ИЛИ РАСКИНУВАЊЕ НА ДОГОВОРОТ
Член 54
Кога една од договорните страни не ќе ја исполни својата обврска, другата договорна страна , може да бара исполнување на обврската или да го раскине договорот, а во секој случај има право на надомест на штетата.
Член 55
Кога една од договорните страни не ќе ја исполни својата обврска во определениот рок , другата договорна страна , ќе и остави примерен дополнителен рок до пет дена за исполнување на обврската.
Ако договорнита страна која не ја исполнила својата обврска во определениот рок, не ја исполни обврската ни во дополнителниот рок, другата договорна страна , може да го раскине договорот.
Член 56
Договорниот орган може да го раскине договорот и без да му остави на Носителот на набавката , дополнителен рок за исполнување ако од неговото однесување произлегува дека тој нема да ја изврши својата обврска ниту во дополнителниот рок.
Член 57
Кога пред истекот на рокот за исполнување на оврската е очигледно дека едната договорна страна нема да ја исполни својата обврска од договорот, другата страна може да го раскине договорот и да бара надомест на штетата.
Член 58
Договорната страна која поради неисполнување на договорните обврски го раскинува договорот, должна е тоа да и го соопшти на другата договорна страна без одлагање.
Член 59
Договорот не може дасе раскине поради неисполнување на незначителен дел од обврската.
Член 60
Со раскинувањето на договорот двете договорни страни се солободени од своите обврски, совен од обврската за андомест на евентуална штета.
Ако едната страна го извршила договорот целосно или делумно има право да и се врати она што го дала.
Ако двете страни имаат право да бараат врачќање на адденотот, заемните враќања се вршат според правилата за извршување на двостраните договори.
Секоја страна е долќна на другата надомест за корист што во меѓувреме ја иамала од она што е должна да го врати, односно да го андомести.
Сстраната што вража пари е должна да палти затезна камата од денот кога ја примила исплатата.
Член 61
Ако по склучувањето на договорот настапат околности што го отежнуваат исполнувањето на обврската на едната договорна страна или ако поради нив не може да се оствари целта на договорот, во таа мера што е очигледно дека договорот повеќе не им одговара на очекувањата на договорените страни и дека според општото мислење би било несправедливо, да се одржи во сила таков каков што е, страната на која и е отежнато исполнувањето на обврската , односно страната која што поради променетите околности не може да ја оствари целта на договорот може да бара договорот да се раскине.
Раскинувањето на договор не може да се бара ако страната што се повикува на променетите околности била должна во време на склучување на договорот да ги земе предвид тие околности или можела да ги избегне или да ги совлада.
Страната која бара раскинување на договорот не може да се повикува на променетите околности што анстапил по истекот на рокот определенб за исполнување на нејзината обврска.
Договорот нема ад се раскине ако другата страна понуди или се согласи соодветните услови од договорот да се изменат справедливо.
Ако изрече раскинување на договорот судот, на барање од другата страна , ќе ја обврзе страната што барала раскинување да и надомести и на другата страна справедлив дел од шетета што ја трпи поради тоа.
Член 62
Страната што е овластена да бара поради променетите околности раскинување на договорот е должна за својата намера да бара раскинување на договорот, да ја извести другата страна штом дознала дека настапиле такви околности, а ако тоа не го сторила одговара за шетата што другата страна ја претрпела поради што барањето благовремено не и било соопшетно на време.
XXV.ЗАВРШНИ И ОПШТИ ОДРЕДБИ
Член 63
Договорните страни можат да ги дополнат или изменат одредбите од овој договор само спогодбено.
Договорната страна која бара измена или дополнување е должна своето барање до другата страна да го достави во писмена форма.
Одредбите од овој договор можат да се изменат или дополнат со склучување на Договор за изменување и дополнување на основниот Договор.
Дополнувањата и измените на овој договор се важечки ако се направени во псимена форма и ако се потпишани од двете договорни страни.
Член 64
Ниту една договорна страна нема право своите обвсрки да ги пренесе на трета страна, без взаемна писмена согласност.
Член 65
Овој договор е составен во шест примероци од кои секој страна задржува по 3 ( три ) примерока и стапува во сила со денот на неговото склучување.
ОПШТИНА ЗРНОВЦИ ДООЕЛ ,, ЕЛИКСИР 3,,
Градоначлник одговорно лице
Xxxxx Xxxxxxx Xxxxx Xxxxxxxx
_
Договорен орган Носител на набавката
Составен дел на овој договор е понуда по завршувањето на е-аукцјата