Contract
РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
ФОНД ЗА ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ НА МАКЕДОНИЈА
Бр. 02-
Дата год.
Врз основа на член 70 од Законот за здравствено осигурување (“Сл. весник на РМ”, бр. 25/2000, 34/2000, 96/2000, 50/2001, 11/2002, 31/2003, 84/2005, 37/2006 , 18/2007и 36/2007) и
член 3 и 4 од Правилникот за критериумите за склучување договори и за начинот на плаќање на здравствените услуги на здравствените установи кои вршат специјалистичко – консултативна здравствена заштита (“Сл. весник на РМ”, бр. 14/2008) и Правилникот за начинот на плаќањето на здравствените услуги во примарна здравствена заштита (“Сл.весник на РМ“ бр.48/2001, 31/2003 , 137/2006 25/2007и 151/07) се склучува
Д О Г О В О Р
За извршување и плаќање здравствени услуги во примарна и специјалистичко-консултативната здравствена заштита
Склучен во Скопје за 2008 година, помеѓу:
1. Фонд за здравствено осигурување на Македонија (во понатамошниот текст Фонд), застапуван од директорот XXXXX XXXXX, како стратешки купувач на здравствени услуги од една страна и
2. --------------------- со седиште на ----------------------- (во понатамошниот текст Здравствена
установа), застапувана од директорот ---------------------, ж-ска бр што се
води кај --------------------, даночен број , како давател на услуги од друга
страна.
Предмет на договорот Член 1
Предмет на овој Договор е регулирање на односите помеѓу Фондот и Здравствената установа за обезбедување и извршување на здравствени услуги на осигурените лица во примарна и специјалистичко-консултативна здравствена заштита, начинот на плаќање на услугите, правата и обврските на договорните страни како и други прашања кои се однесуваат за уредување на меѓусебните односи помеѓу договорните страни.
Давател на услуги во примарна и специјалистичко-консултативната здравствена заштита
Член 2
Договорот се склучува со Здравствената установа за потребите на осигурените лица за обезбедување на примарна и специјалистичко-консултативна здравствена заштита во согласност со Решението бр. ----------------------- од ----------------------- година, издадено од Министерството за здравство.
Здравствената установа во примарната здравствена заштита за осигурените лица ги врши следните дејности:
· итна медицинска помош и домашно лекување
· итна стоматолошка помош
· превентивна здравствена заштита на предучилишни и училишни деца до 18 години
(имунизација и систематски прегледи)
· превентивна стоматолошка заштита за деца до 14 години
· поливалентна патронажа за доенчиња и мајки
· депо на лекови
· превоз со санитетско возило
Здравствената установа во специјалистичко консултативна здравствена заштита за осигурените лица ги врши следните дејности:
· специјалистичко-консултативни здравствени услуги
· биохемиски - лабораториски услуги по упат на лекар специјалист
· биохемиски - лабораториски услуги по упат на избран лекар
· микробиолошки лабораториски услуги
· рентген дијагностика
· дијализа (доколку е организирана)
Член 3
Здравствената установа својата дејност ја обавува во една или повеќе организациони единици со соодветен стручен кадар согласно Правилникот за поблиските просторни услови, опремата и кадрите за основање и работење на здравствените организации и кои имаат добиено лиценца за работа.
Здравствената установа за секое проширување или промена на дејноста, како и измена на бројот на организационите единици, склучува Анекс на овој договор со Фондот согласно средствата во буџетот на Фондот за таа намена.
За секоја статусна промена на здравствената установа се склучува нов договор.
За секоја промена на седиштето, здравствената установа е должна да го извести Фондот во рок од 15 дена.
Член 4
Здравствената установа е должна на осигурените лица да им пружа целосна, квалитетна, навремена, економична, ефективна и ефикасна примарна и специјалистичко- консултативна здравствена заштита во согласност со одредбите на Законот за здравствена заштита, Законот за здравствено осигурување, Правилникот за критериумите за склучување договори и за начинот на плаќање на здравствените услуги на здравствените установи кои вршат специјалистчко – консултативна здравствена заштита (во понатамошниот текст Правилникот), меѓудржавни договори за социјално осигурување, општите акти на Фондот, Програми за здравствена заштита на Република Македонија како и одредбите на овој договор.
Услугите дадени на осигуреното лице надвор од став 1 на овој член и надстандардните услуги по барање на осигуреното лице, не се на товар на Фондот.
Здравствените услуги на осигурените лица ги пружа лекарскиот тим, односно тимови на лекари специјалисти од соодветната дејност, вработени во здравствената установа кои имаат добиено лиценца за работа.
Член 5
Здравствената установа за обезбедување на лабораторискате услуги ќе склучи посебен договор со здравственита установа на избраниот лекар врз основа на Правилникот за начинот на плаќање лабораториски испитувања во специјалистичко-консултативна здравствена заштита по упат на избран лекар (“Сл.весник на РМ“ бр.10/2002, 17/2002
,137/2006 , 41/2007, 62/2007 и 86/07).
Фактурите и пресметките за пружените услуги на здравствената установа од став 1 на овој член се евидентираат во подрачната служба на Фондот, а средствата по овој основ се пресметани во вкупниот надоместок на здравствената установа утврдени со овој договор.
Вид и обем на здравствени услуги во примарна здравствена заштита Член 6
Видот и обемот на здравствените услуги во примарната здравствена заштита здравствената установа го планира согласно видот на здравствената заштита, програмите за здравствена заштита кои ги донесува Владата на Република Македонија , потребните лекарски тимови и бројот на населенето кое гравитира кон здравствената установа.
Член 7
Планот за видот и обемот на здравствените услуги за превентивна здравствена заштита на предучилишни и училишни деца до 18 години и превентивна стоматолошка заштита за деца до 14 години треба да содржи проценка на број на ученици и студенти кои треба да бидат систематски прегледани во тековната година и вакцинацинирани согласно Програмата за задолжителна имунизација на населението во Република Македонија за 2008 година и Програмата за систематски прегледи на ученици и студенти во Република Македонија за 2008 година и бројот на лекарските тимови.
Член 8
Планот за видот и обемот на здравствените услуги за итна медицинска помош и домашно лекување, превоз со санитетско возило кога е тоа неопходно и итна стоматолошка помош, здравствената установа го изготвува според потребите на населението и лекарските тимови .
Член 9
Планот за видот и обемот на здравствените услуги за поливалентна патронажа за доенчиња и мајки треба да содржи податоци за здравствени услуги согласно Програмата за заштита на деца и мајки и потребниот кадарот за спроведување на оваа програма .
Член 10
Здравствената установа за потребите на извршување на здравствените услуги од превентивна и примарна здравствена заштита обезбедува лекови, медицински потрошен материјал и инсулинска терапија во депото на лекови.
Член 11
Планот на видот и обемот на здравствените услуги за биохемиски-лабораториски услуги по упат на лекар специјалист, биохемиски-лабораториски услуги по упат на избран лекар треба да содржи вид на лабораториските испитувања, број на осигурените лица и начин и време на вршење на лабораториски испитувања.
Вид и обем на здравствени услуги во специјалистичко
-консултативна здравствена заштита Член 12
Видот и обемот на здравствените услуги кои здравствената установа ги обезбедува на товар на средствата на Фондот според планот за тековната година претставуваат
договорени здравствени услуги од специјалистичко-консултативна здравствена заштита кои здравствената установа треба да ги оствари во тековната година
Индикаторите за остварување на целите низ резултатите од извршената работа според планот за тековната година се договорени индикатори.
Член 13
Планот на видот и обемот на здравствените услуги и планот на индикаторите за остварување на целите низ резултатите од извршената работа се утврдени во Прилог - обрасци и се составен дел на овој договор.
Член 14
Како вид и обем на здравствени услуги, според правилникот, се сметаат здравствени услуги кои здравствената установа ќе ги обезбеди на осигурените лица во тековната година, групирани по групи на дијагнози по МКБ – 10 со слични дијагностичко терапевски процедури (во понатамошниот текст: „терапевски процедури).
Член 15
Целите што треба да ги постигне здравствената установа низ резултатите од извршената работа се: зголемување на продуктивноста, ефикасноста и квалитетот.
Преку остварувањето на целите од став 1 на овој член се врши оценување на успешноста во работењето на здравствената установа, врз основа на следните индикатори:
- количник (однос) на бројот на првите и повторените амбулантски прегледи,
- задоволство на осигурените лица
- број на упати до здравствената установа
Секој индикатор изнесува 5% и здравствената установа ќе го оствари доколку биде исполнет планираниот број.
Начин на пресметување и плаќање на обезбедени здравствени услуги Член 16
Висината на вкупниот надоместок ( во понатамошен текст договорен надоместок) е утврдена согласно Правилникот, во зависност од средствата во Буџетот на Фондот утврдени за таа намена и се смета како договорен надоместок за примарни и специјалистичко – консултативни здравствени услуги што ќе бидат остварени во тековната година.
Висината на договорениот надоместок за тековната година се определува во износ од најмногу ------------------------ денари за примарна здравствена заштита и специјалистичко- консултативна здравствена заштита.
Висината на договорениот надоместок за тековната година се дели еднакви месечни износи (месечен надоместок) во износ од ----------------- денари и се исплаќа на здравствената установа во полн износ, по завршување на тековниот месец.
Договорните страни се согласни на договорениот износ за тековната година да може да се измени во зависност од остварувањето на средствата во Буџетот на Фондот, врз основа на Одлука на Управниот одбор на Фондот доколку таква се донесе.
Доколку се изврши измена на висината на договорениот надоместок од став 3 на овој член, соодветно на извршената измена пропорционално се менува и планот на видот и обемот на здравствените услуги кој е составен дел на овој договор.
Член 17
Надоместокот утврден во член 16 на овој договор се состои од фиксен и променлив дел.
a) Фиксниот дел е утврден како основен надоместок кој изнесува 40% од
договорениот надоместок во висина од --------------------- денари годишно, односно --------------
------- денари месечно.
б) Променлив дел е утврден како:
- надоместок според извршување на договорениот вид и обем на здравствени услуги на здравствената установа изнесува 45% од делот на договорениот надоместок во висина до
------------------------ денари годишно, односно денари месечно и
-надоместок според исполнување на целите што треба да се постигнат низ резултатите од извршената работа (успешност во работењето) изнесува 15% од делот на договорениот надоместок во висина до ----------------------- денари годишно, односно ----------------------
денари месечно.
Член 18
Месечниот надоместок од член 16 на овој договор за обезбедени здравствени услуги на здравствената установа се исплатува во целост до крајот на месецот, за претходниот месец.
Член 19
Здравствената установа по истекот на секое тромесечие најдоцна до 10-ти во тековниот месецот до Фондот во електронска и во пишана форма доставува Пресметка за планираниот и остварениот вид и обем на здравствени услуги и Пресметка за планираните и остварените индикатори за остварувањето на целите низ резултатите од извршената работа.
Променливиот дел од надоместокот од член 17, став 1, точка б), алинеја 1 на здравствената установа се намалува доколку извршувањето на договорениот вид и обем на специјалистичко консултативните здравствени услуги е помалку остварено во однос на планираниот договорен вид и обем на здравствени услуги.
Намалувањето се врши со индексот на вкупно пресметаните бодови на извршените здравствени услуги во однос на планираните здравствени услуги, пресметани според бодовите во Ценовникот на здравствени услуги на РМ, по терапевтски процедури во претходното тромесечие.
Променливиот дел од надоместокот според исполнување на целите од член 17 став 1, точка б) алинеја 2 на здравствената установа се намалува според просечниот индекс добиен врз основа на остварените индикатори( кои имаат подеднаква вредност кои се однесуваат на специјалистичко консултативна здравствена заштита во однос на планираните за секоја од утврдените цели, за остварените резултати во претходното тромесечие .
Намалениот износот на променливиот дел од член 9, став 1, точка б) на овој договор доколку биде намален согласно став 2 и 4 на овој член, се одбива од вкупниот месечен надоместок за тоа тромесечје.
Член 20
Здравствената установа доставува фактури за извршените здравствени услуги од член 2 на овој договор до подрачните служби на Фондот заради евиденција на здравствените услуги и уплатената партиципација на осигурените лица најдоцна до 5-ти во тековниот за претходниот месец.
Со фактурите од став 1 на овој член се доставува и збирен рекапитулар по дејности односно програми посебно за примарна и специјалистичко-консултативна здравствена заштита според член 2 од договорот.
Во прилог на фактурите здравствената установа доставува и поединечни пресметки за
пружени здравствени услуги по дејностите утврдени во член 2 до подрачната служба на Фондот според цените утврдени во Ценовникот на здравствени услуги на Република Македонија.
Начинот на фактурирањето за извшените здравствени услуги е уредено со Упатство за фактурирање на здравствени услуги.
Член 21
Доколку износот на средствата што здравствената установа го фактурирала за здравствени услуги на осигурените лица на крајот од годината е поголем од износот на договорениот надоместок, здравствената установа го отпишува побарувањето за разликата помеѓу фактурираниот износ и договорениот надоместок.
Обврски на здравствената установа Член 22
Здравствената установа е должна за вршење на здравствените услуги на осигурените лица да обезбеди лекови и медицински потрошни материјали, потребни за целосно извршување на здравствените услуги.
Доколку здравствената установа не ги обезбеди лековите и материјалите од став 1 на овој член, истата е должна на осигуреното лице да му издаде соодветен доказ (потврда или друг доказ со кој ќе се потврди фактичката состојба).
Доколку здравствената установа не ги обезбеди лековите и материјалите од став 1 на овој член, а осигурените лица ги набавиле со сопствени средства, договорениот месечен надоместок на здравствената установа ќе биде намален за износот на рефундираните средства.
Член 23
Здравствената установа се обврзува да склучи посебни договори со добавувачите кои се избрани на јавната набавка на лекови за најповолни, со кои ќе го договори начинот и рокот на нарачката и испораката на лековите за тековниот месец, како и рокот на плаќање од најмалку 120 дена.
Меѓусебниот договор склучен помеѓу здравствената установа и добавувачот не смее да биде во спротивност со договорот помегу Фондот и добавувачот.
Здравствената установа се обврзува за лековите кои се избрани на јавната набавка на лекови за најповолни да врши плаќање на добавувачите во рокот на стасаност согласно договорите помеѓу Фондот и добавувачите.
Фондот нема никаква одговорност ниту обврска во исполнувањето односно неиполнувањето на меѓусебниот договор склучен помеѓу здравствената установа и добавувачот.
Посебниот договор од став 1 на овој член престанува да важи за лековите за кои ќе се утврдат референтни цени од страна на Фондот.
Член 24
Здравствената установа е должна со средствата добиени по основ на овој договор да врши редовно и навремено плаќање на добавувачите по основ на испорачани лекови од Листата на лекови кои паѓаат на товар на Фондот и медицински помагала.
Фондот не презема никаква обврска за плаќање на лековите од Листата на лекови и инсулинската терапија кои се испорачани во здравствената установа.
Член 25
Со утврдување на референтни цени на лековите и инсулинската терапија од страна на
Фондот, здравствената установа има обврска самостојно да врши набавка на лекови од целокупниот асортиман од Листата на лекови, согласно Законот за јавни набавки.
Набавката на лековите од Листата на лекови треба да се врши според утврдените средства за таа намена.
Член 26
Здравствената установа со овој договор се обврзува да ги повлече сите свои тужби, платни налози и предлози за извршување кои што се насочени кон други Јавни здравствени установи.
Член 27
Здравствената установа согласно законот се обврзува редовно да ја уплатува партиципацијата на сметката на Фондот.
Доколку здравствената установа не ја уплатила пресметаната партиципација на сметката на Фондот, за износот на неуплатената партиципација ќе се намали месечниот надоместок во наредниот месец.
Доколку здравствената установа наплатила партиципација од осигурените лица спротивно на прописите, износот на средствата што Фондот ги рефундирал на осигурените лица по овој основ ќе биде намален од месечниот надоместок на здравствената установа.
Член 28
Доколку здравствената установа остварила приход од Фондот врз основа на невистинити и неточни податоци, по утврдување на невистинитоста и неточноста на податоците, за неправилно остварениот приход Фондот соодветно ќе го намали надоместокот за тековниот месец.
Член 29
Здравствената установа е должна да ги врши бараните испитувања според упатот на избраниот лекар и да ги зема во предвид сите веќе направени испитувања од другите здравствени установи заради поголема економичност со цел да се избегне повторување на испитувањата, воспоставувањето на дијагнозата и лекувањето.
Член 30
Здравствената установа е должна по потпишувањето на овој Договор да воспостави компјутерска евиденција според процедура, форма и содржина на податоците како и интернет поврзување.
Начинот, обемот, содржината и формата на податоците што ќе ги доставува здравствената установа до Фондот се утврдуваат со Упатство од Фондот.
Податоците од став 2 на овој член се доставуваат на трошок на здравствената установа. Секоја измена на Упатството од став 1 и став 2 на овој член, здравствената установа е должна да ја усогласи во рок од 30 дена од неговиот прием.
Член 31
Други обврски на здравствената установа:
1. Да го уплатува редовно придонесот за задолжително здравствено осигурување согласно одредбите на Законот за здравствено осигурување;
2. Да обезбедува здравствени услуги на сите осигурени лица без дискриминација;
3. Да ја почитува дискрецијата на податоците и информациите во врска со осигурените лица, нивниот дигнитет и интимност;
4. Да доставува пресметки за извршениот вид и обем на здравствени услуги и пресметки за извршените цели најдоцна до 10- ти во тековниот месец по изминувањето на тримесечјето;
5. Да наплатува партиципација и да издава потврда за наплатеното учество (партиципација) и да не наплаќа дополнителни средства од осигурените лица, освен за утврденото учество и да ги применува решенијата за ослободување од партиципација донесено од страна на Фондот;
6. Да доставува месечни финансиски извештаи најдоцна до 15 –ти во тековниот месец за претходниот, согласно буџетските процедури.
7. Да му овозможи на Фондот вршење на предходна (Еx-ante) финансиска контрола на извршувањето на буџетот на здравствената установа;
8. Да му овозможи на Фондот, увид и контрола на целокупната документација;
9. Да обезбеди лекови, инсулинска терапија и медицински потрошен материјал за целосно извршување на здравствената услуга;
10. Здравствената установа на видно место да истакне висина на партиципацијата за услугите што согласно Одлуката за партиципација се наплаќаат;
11. Да води кадровска евиденција за вработените според законските прописи;
12. Здравствената установа е должна да води уредна евиденција за сите набавени материјали со доказ за набавката и рокот на траење;
13. Здравствената установа е должна на видно место да истакне ознака дека има склучено договор со Фондот и да го истакне работното време на сите нејзини ординации согласно прописите за работно време;
14. Здравствената установа е должна да води евиденција согласно прописите за водењето на евиденциите во областа на здравството, и други податоци од медицински карактер потребни за анализи, информации за медицинската наука, Министерството за здравство и Фондот за здравствено осигурување на Македонија;
15. Да ги доставува сите потребни извештаи и информации во пишана и електронска форма во врска со имплементацијата на овој договор;
16. Да негува добри деловни односи со Фондот;
17. Економично и рационално да ги користи средствата добиени од Фондот;
Член 32
На лицата опфатени со склучени меѓудржавни договори за социјално осигурување – странски осигуреници, здравствената установа им обезбедува здрвствени услуги врз основа на договорен меѓудржавен двојазичен образец, врз основа на потврда за правата на користење здравтвена заштита на странскиот осигуреник и членовите на неговото семејство издадена од соодветната подрачна служба или врз основа на европска картичка за здравствено осигурување (European Health Insurance Card – EHIC), доколку со таа земја Фондот има склучено посебен договор за користење на европска картичка за здравствено осигурување на територија на Република Македонија како и врз основа на сертификат доколку европската картичка е во изработка.
Здравствената установа до соодветната подрачна служба доствува посебна пресметка за пружени здрвствени услуги од став 1 на овој член.
Во пресметките, здравствента установа е должни да ги наведатг сите здравствени услуги кои се пружени според цените утврдени од Фондот.
Водење на посебни евиденции Член 33
Здравствената установа се обврзува на посебен образец (Образец С) веднаш, а најдоцна во рок од 10 дена да ја извести Подрачната служба на Фондот за сите случаи кои се
последица од сообраќајна несреќа, несреќа на работа, професионална болест и повреди предизвикани со нанесување на телесни повреди од други лица и да ги доставува потребните податоци за покренување на постапка за регрес.
Здравствената установа се обврзува за пружената здравствена заштита во врска со лекувањето како последица на причините наведени во став 1 на овој член, посебно да ги евидентира пресметките (фактурите) за извршените здравствени услуги во здравствената установа и со посебен допис да ги достави до подрачната служба на Фондот.
Доколку здравствената установа за наведените случаи не постапи според одредбите на овој Договор, Фондот ќе го исплати договорениот надоместок намален за висината на лекувањето.
Обврски на Фондот
Член 34
Фондот е обврзан да:
1. го плаќа надоместокот за обезбедените здравствени услуги во согласност со овој договор;
2. врши контрола на примената на одредбите од Законот и подзаконските акти и другите прописи, како и контрола на спроведување на одредбите на овој договор;
3. врши мониторинг и контрола на видот и обемот на договорените здравствени услуги како и на пресметките на планирани и остварени здравствени услуги;
4. врши мониторинг и контрола на индикаторите за остварување на целите низ резултатите од извршената работа како и на пресметките на планирани и остварени индикатори за цели;
5. врши тековна проверка на критериумите врз основа на кој е склучуван договорот;
6. го следи износот на рефундирани средства на осигурените лица за медицински потрошен материјал, кои здравствената установа била должна да ги обезбеди и ја намалува висината на надоместокот на здравствената установа за рефундираниот износ;
7. ја следи уплатената партиципација од страна на здравствената установа.
Претходна проверка (Xxx Xxxx) Член 35
Здравствената установа се обврзува на Фондот да му овозможи вршење на предходна проверка (Екс Анте) на точноста и усогласеноста на документите кои се однесуваат на финансиските активности кои создаваат обврски и расходи на здравствената установа согласно со законските, подзаконските и интерните акти, одлуките и договорите пред нивното извршување.
Контролата се врши со потпишување или одбивање да се потпишат соодветните документи со кои се одобрува извршувањето на трансакцијата, односно одлуките вклучително и плаќањата.
Исправноста на документите со својот потпис ја одобрува контролорот на образец -
контрола листа.
Контрола Член 36
Фондот во здравствената установа врши контрола на договорениот вид и обем на договорени здравствени услуги на осигуренитре лица, индикаторите за остварување на целите низ резултатите од извршената работа, контрола на остварувањето на правата од
задолжителното здравствено осигурување на осигурените лица, контрола на евиденцијата за пружени здравствени услуги на осигурени лица, контрола на примена на одредбите од Законот за здравственото осигурување и подзаконските акти донесени врз основа на тој Закон и другите прописи, како и контрола на спроведување на одребите од овој договор. Здравствената установа се обврзува во секое време да му овозможи на Фондот увид и контрола во целокупното свое работење.
Член 37
За извршената контрола се составува записник за утврдената состојба во здравствената установа.
Фондот најдоцна до 15 дена од денот на извршената контрола доставува записник до здравствената установа со заклучоци за отстранување на утврдените неправилности и недостатоци.
Здравствената установа има право во рок од 8 дена по добивање на записникот од Фондот да достави забелешки до централната служба на Фондот .
Централната служба на Фондот доколку има нови докази составува извештај по кој веднаш се постапува.
Користење на средствата во здравствената установа Член 38
Со средствата остварени според овој договор, здравствената установа располага самостојно.
Здравствената установа средствата добиени според овој договор, наменети за одредени позиции од планот не може да ги пренаменува за други позиции, односно други трошоци, со кои ќе предизвика намалување на обемот и квалитетот на здравствените услуги на осигурените лица.
Раскинување на договорот Член 39
Овој Договор може да се раскине спогодбено во писмена форма.
Договорот може да се раскине со писмено известување, со отказен рок од 30 дена од денот на приемот на писменото известување.
Еднострано раскинување на Договорот
Член 40
Фондот има право во секое време еднострано да го раскине Договорот со здравствената установа во целост или за одделна организациона единица во следните случаи:
1. Во случај на стечај или ликвидација на здравствената установа односно доколку и биде изречена мерка забрана за вршење на дејност;
2. Ако здравствената установа континуирано не пружа здравствени услуги според позитивните законски прописи
3. Ако го оневозмножува или отежнува остварувањето на правата од задолжително здравствено осигурување;
4. Ако здравствената установа не овозможи вршење на контрола од страна на Фондот;
5. Ако здравствената установа доставува неточни податоци до Фондот;
6. Ако со работата се нанесе штета на Фондот;
7. Ако здравствената установа постапува спротивно од одредбите на овој Договор.
8. Ако не негува добри деловни односи;
9. Доколку не се извршуваат здравствените услуги од член 2 на овој договор;
10. Ако не се исполнети критериумите врз основа на кои е склучен овој договор
11. Во случаите кога е применета договорната казна, а по повторна контрола од член 36 и член 37 на овој договор повторно се утврди повреда на било која одредба од овој договор
Член 41
Договорните страни за одредени повреди на одредбите од овој договорот, се согласија за исплата на договорна казна.
Износот на договорната казна, повредите за кои е определена можност за договорна казна како и рокот за исплата на договорна казна се утврдени со овој договор
Доколку се утврдат повреди за кои е предвидено договорна казна и еднострано раскинување на договорот, се применува едностраното раскинување на Договорот.
Доколку се утврдат повреди од член 42 и 43 од овој Договор, се применува договорната казна од член 42 на овој договор.
Со исполнувањето на договорната казна за одредена повреда, истата важи за утврдени повреди до исполнувањето на договорната казна, а не се однесува за натамошниот период на важењето на договорот.
Со утврдување на договорната казна, здравствената установа се обврзува веднаш да ги отстрани утврдените повреди за кои е составен записникот од член 37 на овој договор.
Доколку договорната казна не се уплати во утврдениот рок од став 9 на овој член, овој договор еднострано се раскинува од страна на Фондот, а обврската за договорната казна останува и се наплаќа со задржување на неисплатениот износ што треба да го исплати Фондот на давателот на услугите или по судски пат.
За повредите од членот 42 и 43 направени од страна на здраствената установа договорната казна се наплатува однајзината сметка.
Рокот за исплата на договорната казна изнесува 15 дена од денот на доставувањето на известувањето од Фондот и се врши со уплата на договорната казна на сметката на Фондот.
Член 42
Договорна казна во износ од 150.000,00 денари се утврдува за следните повреди
1. Доколку во рок од 10 дена не го извести Фондот за било какви промени (статусни, седиште, проширување, промена на дејноста, измени на бројот на организациони единици и сл.);
2. Ако здравствената установа наплатува на осигурените лица партиципација спротивно на важечките прописи;
3. Доколку придонесот за задолжителното здравствено осигурување редовно не се уплатува согласно законот;
4. Ако не ја уплатува партиципацијата на сметка на Фондот согласно одредбите на овој Договор.
5. Доколку здраствената установа нема извршено набавка на компјутерска опрема и интернет поврзување;
6. Доколку здравствената установа во договорениот рок не ги доставува бараните податоци согласно овој Договор до Фондот;
7. Доколку здравствената установа на осигуреното лице не му издаде соодветен доказ (потврда или друг доказ со кој ќе се потврди фактичката состојба), во случај кога не се обезбедени лековите и материјалите од член 22 на овој договор;
8. Доколку здравствената установа за лековите кои се избрани на јавната набавка на лекови за најповолни не врши плаќање на добавувачите во рокот на стасаност согласно
договорите помеѓу Фондот и добавувачите
9. Доколку здравствената установа не посебен образец (Образец С) веднаш, а најдоцна во рок од 10 дена да ја извести Подрачната служба на Фондот за сите случаи кои се последица од: сообраќајна несреќа, несреќа на работа, професионална болест и повреди предизвикани со нанесување на телесни повреди од други лица и да ги доставува потребните податоци за покренување на постапка за регрес.
10. Доколку здравствената установа, ги извршува видот и обемот на договорените здравствени услуги помалку од 60% за секое тромесечје во две последователни тромесечја;
Член 43
Договорна казна во износ од 75.000,00 денари се утврдува за следните повреди:
1. Ако здравствената установа не води евиденција согласно законските прописи, актите на Фондот и овој Договор;
2. Постои писмено незадоволство на осигурениците кои ги користат здравствените услуги доколку се утврди правданост на незадоволството;
3. Ако здравствената установа не ја почитува дискрецијата на податоците и информациите во врска со осигурените лица, нивниот дигнитет и интимност;
4. Ако здравствената установа не обезбедува здравствени услуги на сите осигурени лица без дискриминација;
5. Ако здравствената установа не води уредна евиденција за сите набавени материјали со доказ за набавката и рокот на употреба;
6. На видно место не истакне ознака дека има склучено договор со Фондот и нема истакнато работно време;
7. На видно место не ја истакне Одлуката за висината на учеството на осигурените лица во цената на здравствените услуги.
Член 44
Во случај на еднострано раскинување на Договорот од страна на Фондот согласно одредбите на овој Договор, Фондот нема обврска да склучи нов Договор со здравствената установа.
Промена на прописите Член 45
При промена (измени и дополнувања) на прописите врз основа на кои е склучен овој договор, доаѓа до промена на одредбите од Договорот, согласно извршените измени.
Се што не е предвидено со одредбите на овој договор, важат одредбите од Законот за облигационите односи.
Член 46
При промена (измени и дополнувања) на прописите врз основа на кои е склучен овој договор, како и при промена на Одлуката за утврдување на буџетски плафони на ЈЗУ за 2008 година донесена од страна на Управниот одбор на Фондот, доаѓа до промена на одредбите од Договорот, согласно извршените измени.
Судска надлежност Член 47
За решавање на споровите што ќе настанат од овој договор, надлежен ќе биде Основниот суд Скопје 2 од Скопје.
Влегување во сила на Договорот Член 48
Овој договор влегува во сила со денот на потпишувањето од двете договорни страни, а ќе се применува 01.01.2008 година заклучно со 31.12.2008 година.
Број на примероци на договорот Член 49
Овој договор е составен во 4 (два) еднообразни примероци, по два за секоја од договорните страни.
Преодна одредба Член 50
Со денот на склучувањето на овој договор престануваат обврските и побарувањата од предходните години помеѓу договорните страни.
Член 51
Овој договор престанува да важи доколку здравствената установа до 30.04.2008 година не достави Решение за вршење на дејност издадено од Министерство за здравство.
ПРИЛОЗИ:
- извештај за приходи и трошоците на здравствената установа во последните три години;
- извештај за видот и обемот на извршените здравствени услуги на осигурени лица во последните три години;
- извештај за бројот и структурата на вработените во последните три години;
- извештај за видовите, количините и износите на медицинските материјали и другите материјали потрошени во претходната година;
- план на приходи и трошоците на здравствената устнова за тековната година;
- план и структурата на вработените за тековната година;
- план за видот и обемот на здравствените услуги за тековната година; план на цели што треба да се постигнат во работењето.
Фонд за здравствено осигурување ------------------------------------------------
на Македонија,
Директор,
Заменик на Директор,
Xxxxx Xxxxx --------------------------