Contract
Модел на договор за вработување за вршење сезонска работа
Врз основа на член 13, 14, 15 и, 28 од Законот за работни односи („Службен весник на Република Македонија бр. 62/05...27/16), работодавачот_________________со седиште на ул.______________, МБ ________ (во натамошниот текст:работодавач) и работникот _________________ од _________, со живеалиште на ул. _______________________________, ЕМБГ ________________ (во натамошниот текст: работник), на ден ___________ година го склучија следниот:
ДОГОВОР ЗА ВРАБОТУВАЊЕ
за вршење сезонска работа
Општи одредби
Член 1
Со овој Договор се уредуваат правата, обврските и одговорностите од работниот однос меѓу работникот и работодавачот.
Член 2
Работникот заснова работен однос на определено време во траење од _____ месеци, почнувајќи од __________ година, до _________ година.
Работниот однос работникот го заснова со полно работно време, за извршување сезонски работи на работно место _____________________________.
Работните задачи, работникот ќе ги извршува во _____________ (се наведува местото, односно градот).
Во случај на потреба, работникот е согласен да извршува работни задачи на секое работно место кое одговара на неговиот степен на стручна подготовка.
Распоредот на работното време на работникот е во согласност со Одлуката за распоред и прераспределба на работното време на работодавачот.
Обврски на работникот
Член 3
Работникот ги прифаќа обврските што произлегуваат од Законот за работните односи, колективниот договор и општите акти на работодавачот, а особено:
работите да ги извршува совесно, навремено и квалитетно, а средствата за работа да ги користи економски, целесообразно и одговорно и да остварува позитивни резултати во работата;
да се придржува кон пропишаното работно време и пропишаните мерки за заштита при работа;
да ги почитува општите и поединечните акти, наредби, барања, упатства и одлуки на работодавачот, непосредниот раководител и органите на управување;
да се воздржува од сите постапки кои со оглед на природата на работата се штетни или би ги повредиле интересите на работодавачот;
правилно и совесно да се однесува спрема странките и останатите вработени, со своето однесување да го чува угледот на работодавачот и
не смее да ги користи за своја сопствена употреба или да ги предаде на трето лице податоците што се сметаат за деловна тајна и кои му биле доверени и со кои бил запознат на друг начин.
Обврски на работодавачот
Член 4
Работодавачот ги прифаќа обврските што произлегуваат од Законот за работните односи, колективниот договор и општите акти, а особено прифаќа:
да му ги обезбеди работа за која се договориле, потребните услови работа и за извршување на преземените работни задачи;
да му го обезбеди пропишано работно време, одмори и отсуства од работа,
да му обезбеди пропишани средства за заштита при работа и други услови за работа и права од работен однос во согласност со закон и колективен договор;
да му обезбеди редовна месечна плата и исплата на други додатоци, надоместоци и примања во согласност со закон и колективен договор и општите акти на работодавачот;
да го информира работникот за ризичните работни места и посебни стручни квалификации или познавања или неопходен посебен медицински надзор во согласност со закон, со наведување на посебните ризици кои според законските прописи можат да бидат последица од работа;
да ја штити и почитува личноста и достоинството на работникот и неговата приватност.
Права на работникот
Член 5
За извршената работа, работодавачот на работникот ќе му се исплатува основна плата во бруто износ од _______________ денари.
Работникот има право на додатоци на плата, дел од плата за работна успешност, надоместоци на плата и надоместок на трошоци поврзани со работата што ја извршува, согласно ЗРО, колективен договор, односно акт на работодавачот.
Работодавачот се обврзува на работникот да му ја исплаќа платата најдоцна до 15-ти во месецот за претходниот месец.
Член 6
Работникот има право на дневен, неделен и годишен одмор.
Должината на дневниот одмор изнесува 30 минути во текот на работниот ден, дневен одмор во траење од 12 часови меѓу два последователни работни дена во текот на 24 часа, а неделниот одмор во траење од 24 часови се определува во зависност од процесот на работа,согласно Законот за работни односи (недела или друг ден во неделата)
Работникот има право на годишен одмор во траење од најмалку 20 работни денови (ако склучил договор за сезонска работа во траење од 6 месеци непрекинато) или пропорционален дел од годишниот одмор, односно по два дена за секој месец (доколку склучил договор за вработување пократко од 6 месеци со или без прекини), а времето на користење го определува работодавачот во согласност со Законот за работните односи, колективниот договор и во согласност со потребите на работењето на работодавецот, утврдено со општ акт на работодавецот.
Работникот има право на платен одмор заради лични и семејни околности согласно ЗРО и колективен договор.
Престанок на важноста на договорот
Член 7
Овој Договор престанува со истекот на времето за кое е склучен.
Договорот може да се раскине со спогодба на страните и пред истекот на времето за кое е склучен.
Важноста на договорот за вработување може да престане и со отказ од страна на работникот или работодавачот во согласност со закон, колективен договор и општите акти на работодавачот.
Должината на отказниот рок во случај на отказ од страна на работдавачот изнесува 7 работни дена.
Општи акти на работодавачот
Член 8
Условите за работа на работникот, се уредени во следниве општи акти на работодавачот:
- Правилник за организација на работа и систематизација на работните места;
- Правилник за заштита при работа;
Завршни одредби
Член 9
За се што не е предвидено со овој договор ќе се применуваат соодветните одредби од Законот за работните односи.
Член 10
Договорот е склучен во 2 (два) истоветни примероци, од кои по еден за работникот и работодавачот.
Работник Работодавач
________________ _____________