ОТВОРЕНА ПОСТАПКА БРOJ 25/2017
ЦАРИНСКА УПРАВА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
ОТВОРЕНА ПОСТАПКА БРOJ 25/2017
ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДОГОВОР ЗА ЈАВНА НАБАВКА НА УСЛУГИ
,,ОДРЖУВАЊЕ И РАЗВОЈ НА НКТС (НЦТС)‘‘
ТЕНДЕРСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА ЗА ПОСТАПКА КОЈА СЕ СПРОВЕДУВА ПРЕКУ ЕСЈН И ЗАВРШУВА СО Е-АУКЦИЈА
Скопје, Декември 2017 годинa
ПОКАНА ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ ПОНУДА
Почитувани,
Договорниот орган Царинска управа на Република Македонија, со адреса на ул.,,Лазар Личеноски’’ бр.13, 1000 Скопје, Република Македонија; телефон за контакт: xx000 0 0000 000; електронска адреса: xxxx@xxxxxxx.xxx.xx; има потреба од јавна набавка на услуги-Одржување и развој на НКТС (НЦТС), согласно техничката спецификација во прилог на тендерската документација.
За таа цел, договорниот орган спроведува постапка за доделување на договор за јавна набавка на услуги со отворена постапка, во согласност со член 21 од Законот за јавните набавки („Службен весник на Република Македонија“ број 27/15, 78/15, 192/15, 27/16 и 120/16), за што објави оглас број 25/2017.
Ве молиме да ни ја доставите Вашата понуда за горенаведениот предмет на договор за јавна набавка најдоцна до 01.02.2018 година, во 12:00 часот (по локално време) исклучиво преку ЕСЈН (xxxxx://xxx.x-xxxxxxx.xxx.xx), притоа следејќи ги упатствата дадени во “Прирачник за користење на ЕСЈН“ објавен на истата веб адреса во делот "Економски оператори".
Со оваа покана Ви доставуваме тендерска документација која ги содржи сите информации кои ќе Ви помогнат за изработка на понудата. Тендерската документација се состои од следните делови: инструкции за економските оператори, техничка спецификација, модел на договор, задолжителни одредби што ќе ги содржи договорот за јавна набавка, изјава за сериозност на понудата, изјава за независна понуда, образец на листа на доверливи информации и образец на понудата.
Понудата испратена преку ЕСЈН треба да биде електронски потпишана од страна на економскиот оператор со користење на дигитален сертификат1. Во хартиена форма може да се поднесе исклучиво документација во нестандарден формат и големина пред крајниот рок за поднесување на понудите, доколку истите се преобемни за скенирање и прикачување на ЕСЈН.
Oтворањето на понудите ќе биде јавно, по електронски пат преку ЕСЈН на 01.02.2018 во 12:00 часот.
Однапред Ви благодариме на соработката.
Во Скопје, 23.01.2018 година
Царинска управа на Република Македонија
1 Електронско средство во кое се јавува електронскиот потпис и кое го заменува
своерачниот потпис.
I. ИНСТРУКЦИИ ЗА ЕКОНОМСКИТЕ ОПЕРАТОРИ
1. ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ
1.1 Дефиниции
1.1.1 Одредени поими употребени во оваа тендерска документација го имаат следново значење:
- „Договор за јавнa набавкa“ е договор од финансиски интерес склучен во писмена форма меѓу договорниот орган од една страна и носителот на набавката од друга страна, а чиј предмет е изведување на работи, испорака на стоките или обезбедување на услуги кои претставуваат предмет на договорот;
- „Постапка за доделување на договор за јавна набавка“ е постапка што ја спроведува договорниот орган, чија цел или дејство е купување или стекнување на стоки, услуги или работи;
- „Отворена постапка“ е постапка во која секој економски оператор има право да поднесе понуда;
- „Електронска аукција“ е повторлив процес на негативно наддавање кој се реализира по првична целосна евалуација на понудите, во кој понудувачите имаат можност, исклучиво со користење на електронски средства, да ги ревидираат дадените цени или да подобрат одредени елементи од понудата, така што рангирањето се врши автоматски со помош на електронски средства;
- „Тендерска документација“ е збир на документи, информации и услови кои претставуваат основа за изготвување, доставување и оценување на пријавата за учество, односно понудата;
- „Техничка спецификација“ е збир на технички услови, прописи, препораки и стандарди со кои детално се дефинираат минималните барања од технички аспект кои стоките, услугите или рабо-тите предмет на договорот за јавна набавка треба да ги задоволат;
- „Економски оператор“ е секое физичко или правно лице или група на такви лица кои на пазарот нуди стоки, услуги или работи;
- „Поврзан економски оператор“ е економски оператор:
▪ врз кој економскиот оператор со кој е поврзан има доминантно влијание,
▪ кој има доминантно влијание врз економскиот оператор со кој е поврзан или
▪ кој заедно со економскиот оператор со кој е поврзан е предмет на доминантно влијание од страна на трет субјект;
- „Доминантно влијание“ е кога:
▪ едниот економски оператор директно или индиректно е сопственик на повеќе од половина од капиталот во другиот економски оператор и на тој начин го контролира мнозинството гласови врз основа на акциите или уделите издадени од страна на другиот економски оператор и може да назначи повеќе од половина членови во органите на управување или во надзорниот одбор на другиот економски оператор или
▪ постои роднинска поврзаност помеѓу основачите на двата економски оператори до втор степен;
- „Понудувач“ е секој економски оператор кој поднел понуда;
- „Понуда“ е предлог од понудувачот изготвен врз основа на тендерската документација и претставува основа за доделување на договорот за јавна набавка;
- „Техничка понуда“ е дел од понудата со која се докажува исполну- вањето на поставените технички барања и услови од тендерската документација;
- „Финансиска понуда“ е дел од понудата во кој се содржани понудените цени согласно со условите од тендерската документација;
- „Алтернативна понуда“ е понуда со која се нудат поинакви карак- теристики на предметот на договорот за јавна набавка од оние утврдени во тендерската документација;
- „Носител на набавката“ е понудувач или група на понудувачи кои склучиле договор за јавна набавка;
- „Евалуација на понуда“ е оцена на поднесена понуда во постапката за доделување на договор за јавна набавка;
- „Прифатлива понуда“ е понуда која е поднесена во утврдениот рок и за која е утврдено дека во потполност ги исполнува сите барања од тендерската документација и техничките спецификации и одговара на сите критериуми, условите и евентуалните барања за способноста на понудувачите;
- ,,Соодветна понуда“ е прифатлива понуда која е во рамки на износот што го утврдил договорниот орган со одлуката за јавна набавка или што може да го дообезбеди согласно со член 28 став
(4) од Законот за јавните набавки;
- „Одговорно лице на договорен орган“ е функционер кој раководи со државен орган, градоначалник на единицата на локалната самоуправа или директор на правно лице, односно лице овластено од него;
- „Електронски средства“ е користење на електронска опрема за обработка и чување на податоци (вклучувајќи и дигитална компресија), кои се пренесени, испорачани и примени преку кабелски, радио или оптички средства или преку други електромагнетни средства;
- „Електронски систем за јавни набавки - ЕСЈН“ е единствен компјутеризиран систем достапен на интернет, кој се користи со цел да се овозможи поголема ефикасност и економичност во областа на јавните набавки;
- „Писмено или во писмена форма“ e секој израз кој се состои од зборови или бројки кои можат да се прочитаат, умножат и дополнително да се соопштат, како и информации кои се пренесуваат и чуваат со помош на електронски средства под услов сигурноста на содржината да е обезбедена и потписот да може да се идентификува;
- „Профил на економски оператор“ е функционалност на Електронскиот систем за јавни набавки со која се олеснува докажувањето на исполнетоста на одредени критериуми за утврдување способност од страна на регистрираните економски оператори.
1.2 Договорен орган
1.2.1 Договорен орган е Царинска управа на Република Македонија, со седиште на адреса: xx. ,,Лазар Личеноски” бр.13, 1000 Скопје, Република Македонија; телефон: xx000 0 0000 000; факс xx000 0 0000 000; електронска адреса:xxxx@xxxxxxx.xxx.xx; интернет адреса:xxx.xxxxxxx.xxx.xx.
1.2.2 Лица за контакт кај Договорниот орган се Xxxxx Xxxxxxx и Јовица Матески, телефон: xx000 0 0000 000, електронска пошта: xxxxx.xxxxxxx@xxxxxxx.xxx.xx и xxxxxx.xxxxxxx@xxxxxxx.xxx.xx.
1.3 Предмет на договорот за јавна набавка
1.3.1 Предмет на договорот за јавна набавка е набавка на услуги- Одржување и развој на НКТС (НЦТС) за временски период од 12 (дванаесет) месеци. Детален опис на предметот на договорот е даден во техничката спецификација во прилог на оваа тендерската документација и истата е составен дел на тендерската документација.
1.3.2 Предметот на договорот е неделив. Понудувачот во својата понуда треба да ги вклучи сите составни делови. Во спротивно понудата ќе се смета за неприфатлива.
1.4 Вид на постапка за доделување на договор за јавна набавка
1.4.1 Договорот за јавна набавка ќе се додели со примена на отворена постапка, која ќе заврши со електронска аукција како последна фаза во постапката.
1.4.2 Оваа постапка ќе се спроведува со користење на електронски средства преку Електронскиот систем за јавни набавки (ЕСЈН) (xxxxx://xxx.x-xxxxxxx. xxx.xx).
1.4.3 Подетални информации за користењето на електронски средства: За да можете да учествувате во постапката, потребно е да се регистрирате во ЕСЈН и да поседувате дигитален сертификат. Економскиот оператор се регистрира во ЕСЈН со пополнување на регистрациска форма која е составен дел од ЕСЈН2, по што ЕСЈН автоматски ги обработува податоците од регистрациската форма, генерира шифра и истата ја доставува на регистрираната електронска пошта на економскиот оператор. Повеќе информации за начинот на регистрација и користење на системот ќе најдете во Прирачникот за користење на ЕСЈН наменет за економски оператори, кој можете да го преземете од почетната страна на ЕСЈН во делот
„Економски оператори“.
1.4.4 Подетални информации за електронската аукција: Договорниот орган ќе користи електронска аукција како последна фаза во отворената постапка. Предмет на електронската аукција е вкупната цена вклучувајќи ги сите трошоци и попусти и увозни царини, без ДДВ. Почетна цена на електронската аукција е најниската цена од прифатливите понуди поднесени во првичната фаза од постапката. Поканите за учество на аукцијата ќе се достават во електронска форма преку ЕСЈН по целосната евалуација на првичните понуди, до сите економски оператори кои доставиле прифатливи понуди во првата фаза од постапката и кои се регистрирани во ЕСЈН.
Поканата за учество на аукцијата ќе биде електронски испратена во поштенското сандаче на корисничкиот профил на ЕСЈН, на лицето кое ќе поднесе понуда за соодветната постапка по електронски пат.
Во поканата за учество на аукцијата ќе бидат содржани следниве податоци: почетната цена на аукцијата, односно најниската цена од првично поднесените понуди, датумот и часот на започнување и завршување на аукцијата, интервалот во кој ќе се спроведува негативното наддавање (минимална и максимална разлика во понудени цени).
2 Линк „Регистрирај се“ во делот „Економски оператори“ на почетната страна на ЕСЈН
Доколку е поднесена само една понуда или само една прифатлива понуда, договорниот орган ќе го покани единствениот понудувач да поднесе конечна цена преку ЕСЈН. Во поканата за поднесување конечна цена се содржани следниве податоци: идентификување на делот на понудата кој ќе биде предмет на поднесување конечна цена, информации кои ќе му бидат достапни пред поднесувањето на конечната цена и временскиот период за поднесување конечна цена.
Единствениот понудувач ја поднесува конечната цена во утврденото време само еднаш, а доколку не поднесе конечна цена, првично понудената цена ќе се смета за конечна.
1.5 Посебни начини за доделување на договорот за јавна набавка
1.5.1 Оваа постапка ќе заврши со доделување на договор за јавна набавка, односно нема да се користи посебниот начин за доделување на договорот со рамковна спогодба.
1.5.2 Oваа постапка ќе заврши со спроведување на електронска аукција.
1.6 Применливи прописи
1.6.1 Оваа постапка се спроведува согласно со Законот за јавните набавки, објавен во Службен весник на Република Македонија број 27/15, 78/15, 192/15, 27/16 и 120/16, како и донесените подзаконски акти.
1.6.2 При подготовка на својата понуда, понудувачот треба да ги има предвид важечките прописи од областа на даноците и другите јавни давачки, работните односи, работните услови и заштитата при работа и прописите кои ја регулираат материјата која е предмет на набавка. Сите прописи може да се најдат во соодветните изданија на Службен весник на Република Македонија. Дополнителни податоци во однос на важечките прописи од горенаведените области, понудувачот може да добие од Управата за јавни приходи, Царинската управа и Министерството за финансии (за даноците и другите јавни давачки), Министерството за труд и социјална политика (за работните односи, работните услови и заштитата при работа).
1.7 Извор на средства
1.7.1 Средствата за реализација на договорот за јавна набавка кој е предмет на оваа постапка се обезбедени од Буџетот на Република Македонија.
1.8 Право на учество
1.8.1 Економскиот оператор кој има една или повеќе негативни референци, групата економски оператори во која членува економски оператор кој има негативна референца, како и економскиот оператор кој
претставува поврзано друштво со економскиот оператор кој има негативна референца, нема право на учество.
1.8.2 Право да достави понуда има секое заинтересирано домашно и странско правно и физичко лице - понудувач, кое е регистрирано за вршење на дејноста поврзана со предметот на договорот за јавна набавка.
1.8.3 Право да достави понуда има и група на понудувачи без обврска за здружување во соодветна правна форма. Договорниот орган нема да бара од групата на понудувачи да се здружи во посебна правна форма доколку истата биде избрана за носител на набавката.
1.8.4 Составен дел од групната понуда е договор за поднесување групна понуда со кој членовите во групата економски оператори меѓусебно и кон договорниот орган се обврзуваат за извршување на договорот за јавна набавка. Овој договор потребно е да ги содржи следниве податоци: членот на групата кој ќе биде носител на групата, односно кој ќе ја поднесе понудата и ќе ја застапува групата, членот на групата кој во име на групата економски оператори ќе го потпише договорот за јавна набавка, членот на групата кој ќе ја издаде фактурата и сметка на која ќе се вршат плаќањата, краток опис на обврските на секој од членовите на групата економски оператори за извршување на договорот.
1.8.5 Сите членови на групата на понудувачи се поединечно и солидарно одговорни пред договорниот орган за извршување на своите обврски. Договорниот орган ќе комуницира со претставникот на групата на понудувачи.
Напомена: Во моментот на поднесување на групна понуда, најмалку носителот на групата треба да биде регистриран на ЕСЈН. 3
Носителот на групата задолжително ги потпишува со дигитален сертификат: понудата, потребните изјави и целокупната документација која самиот ја изготвува и потпишува.
Доколку членовите на групата не поседуваат дигитален сертификат, потребните изјави и документацијата која тие ја изготвуваат и потпишуваат може да биде своерачно потпишана и доставена во скенирана електронска форма.
1.8.6 Член во групата економски опеартори не може да се повлече од групата економски оператори до склучување на договорот за јавна набавка доколку:
− е носител на групата еконономски оператори,
3 Доколку е потребно да се издаде негативна референца на групата понудувачи а некој од членовите на групата не е регистриран на ЕСЈН, договорниот орган ќе ја објави негативната референца за сите членови на групата, при што нерегистрираните претходно ќе ги регистрира на ЕСЈН врз основа на доставените податоци од понудата.
− ја обезбедува гаранцијата на понудата во форма на банкарска гаранција или депонирани средства,
− групата на економски оператори не може да го докаже исполнувањето на критериумите за утврдување на способност што се барале во постапката без тој член или
− другите членови од групата солидарно не ги превземаат обврските на членот од групата кој сака да се повлече од групата економски оператори.
Повлекувањето на член од групата економски опрератори спротивно на наведеното од претходниот став се смета за повлекување на групната понуда .
1.8.7 Економскиот оператор во рамките на иста постапка за доделување на договор за јавна набавка може да учествува само во една понуда. Сите понуди ќе бидат отфрлени ако економскиот оператор:
- учествува во повеќе од една самостојна и/или како член во групна понуда или
- учествува како подизведувач во друга самостојна и/или како член во групна понуда.
1.8.8 Економскиот оператор може да учествува како подизведувач во повеќе од една понуда.
1.8.9 Понудувачот може да ангажира подизведувачи. Доколку економската и финансиската состојба, како и техничката или професионалната способност на понудувачот не е поддржана од други субјекти во вид на подизведувачи, тој нема обврска да доставува документација за утврдување на способност од подизведувачите. Во спротивно, ќе се постапи согласно со членовите 151 и 154 од Законот за јавните набавки, без оглед на тоа дали другите субјекти се јавуваат како подизведувачи или не.
1.8.10 Доколку понудувачот има намера дел од договорот за јавна набавка да го отстапи на еден или повеќе подизведувачи, во понудата мора да наведе податоци за делот од договорот кој има намера да го отстапи на подизведувачи, како и податоци за сите предложени подизведувачи (фирма, седиште, единствен даночен број и слично). Понудувачот е одговорен пред договорниот орган за извршување на договорот за јавна набавка, без оглед на бројот на подизведувачите.
1.8.11 Лицата кои учествувале во изработка на тендерската документација не смеат да бидат понудувачи или членови во група на понудувачи во постапката за доделување на договорот.
1.9 Трошоци за поднесување на понуда
1.9.1 Економскиот оператор ги сноси сите трошоци поврзани со подготовката и со доставувањето на понудата, а договорниот орган не е одговорен за тие трошоци без оглед на водењето и на исходот од постапката за доделување на договор за јавна набавка.
1.10 Критериум за доделување на договорот за јавна набавка
1.10.1 Критериум за доделување на договорот за јавна набавка е најниска цена. За носител на набавката ќе биде избран оној економски оператор кој ќе понуди најниска цена во текот на електронската аукција, а чија понуда претходно е оценета како прифатлива. Со оглед на тоа дека конкретнава постапка завршува со спроведување на електронска аукција нема да се врши бодување на понудите, туку само рангирање на понудувачите според висината на понудените цени.
1.10.2 Евалуацијата на понудите ќе се врши согласно со Методологијата за изразување на критериумите за доделување на договорот за јавна набавка во бодови („Службен весник на Република Македонија“ број 41/08).
1.11 Спречување на судир на интереси
1.11.1 За спречување на судир на интересите во постапките за доделување на договори за јавни набавки соодветно се применуваат одредбите од Законот за спречување судир на интереси.
1.11.2 Носителот на набавката не смее, при извршување на договорот за јавна набавка, да ангажира лица кои биле вклучени во евалуација на понудите поднесени во постапка за доделување на договор за јавна набавка, во времетраење на договорот. Во тој случај договорот се смета за ништовен.
1.11.3 Во постапката за доделување договор за јавна набавка, претседателот, заменикот на претседателот, членовите и замениците на членовите на комисијата за јавна набавка, како и одговорното лице потпишуваат изјава за непостоење судир на интереси која претставува дел од досието од спроведена постапка.
1.11.4 Во случај на судир на интереси кај претседателот, неговиот заменик, членовите и нивните заменици во комисијата за јавна набавка, истите се повлекуваат од работа на комисијата и се заменуваат со други лица.
1.11.5 Во случај на судир на интереси кај одговорното лице, истото со посебно решение овластува друго лице од редот на функционерите или вработените кај договорниот орган да ги донесе соодветните одлуки и да го потпише договорот.
1.12 Начин на комуникација
1.12.1 Секое барање, информација, известување и други документи во постапката се испраќаат во електронска форма преку ЕСЈН (xxxxx://xxx.x- xxxxxxx.xxx.xx). Секој документ се евидентира во моментот на испраќање, односно во моментот на примање.
1.12.2 Понудата и придружната документација се испраќаат во електронска форма преку ЕСЈН, освен во случаите од точка 2.1.2.
1.12.3 Начинот на поднесување на понудата е утврден во точка 4.8 и
4.9 од Инструкциите за понудувачите.
1.13 Информации од доверлив карактер
1.13.1 Договорниот орган ќе ги заштити информациите кои економскиот оператор ги има означено како доверливи, особено кога станува збор за деловна тајна или права од интелектуална сопственост, освен во случаите каде по сила на закон Договорниот орган е должен да ги достави овие информации до надлежните органи (во случај на жалбена постапка, поведување на управен спор и слично).
За таа цел, економскиот оператор треба да направи листа на доверливи информации со користење на Образецот на листа на доверливи информации во прилог на оваа тендерска документација и истата да ја достави заедно со својата понуда.
1.13.2 Доколку економскиот оператор не ја достави листата на доверливи информации заедно со својата понуда, договорниот орган ќе смета дека предметната понуда не содржи информации од доверлив карактер.
1.13.3 Цената на понудата не се смета за доверлива информација во ниту еден случај.
2. СПОСОБНОСТ НА ЕКОНОМСКИТЕ ОПЕРАТОРИ
2.1 Начин на докажување на способноста
2.1.1 Со понудата економскиот оператор задолжително треба да достави придружна документација со која ќе ги докаже:
- личната состојба,
- способноста за вршење професионална дејност,
- техничка или професионална способност,
- стандардите за системи за квалитет.
2.1.2 Економскиот оператор придружната документација (оригинал или копија заверена од економскиот оператор) ја доставува во скенирана електронска форма.
Економскиот оператор може да го користи профилот на економски оператор на ЕСЈН за докажување на одредени критериуми за утврдување способност што ги овозможува ЕСЈН.
Економските оператори можат во хартиена форма да ја поднесат документација во нестандарден формат и големина пред крајниот рок за поднесување на понудите, доколку истите се преобемни за скенирање и прикачување на ЕСЈН.
Документација во нестандарден формат и големина, се доставува во хартија во запечатен внатрешен плик на кој се наведува полниот назив и адреса на економскиот оператор, најдоцна до крајниот рок на отварање на понудите. Така запечатениот внатрешен плик се затвора во надворешен плик кој:
- e адресиран со точна адреса на договорниот орган;
- содржи информација за бројот на огласот за доделување на договор за јавна набавка и датумот на кој е објавен;
- во горниот лев агол стои предупредување „Не отвoрај“, за да не се отвора пред времето и датумот за отворање на понудата.
2.1.3 При проверката на комплетноста и валидноста на документацијата за утврдување на способноста на економскиот оператор и при евалуација на понудата, Комисијата преку ЕСЈН задолжително бара од понудувачите да ги појаснат или дополнат документите за утврдување способност во рок од 5 (пет) работни дена од крајниот рок за поднесување на понудите.
2.1.4 Бараното објаснување економскиот оператор го доставува во електронска форма преку ЕСЈН, со прикачување на документот со појаснувањето или дополнувањето во делот "Појаснување/Дополнување на поднесени документи", во рокот кој го определил договорниот орган а кој не смее да е покус од (5) пет работни дена, од денот на приемот на барањето од страна на понудувачот.
2.1.5 Никакви промени во понудата, освен исправката на аритметички грешки, не смеат да се бараат, нудат или да се допуштат од страна на комисијата или од економскиот оператор.
2.1.6 Секое појаснување или дополнување доставено од страна на економскиот оператор во поглед на неговата понуда што не е дадено како одговор на барање од договорниот орган, нема да се разгледува.
2.1.7 Во случај на група економски оператори, сите членови на групата поединечно ја докажуваат својата лична состојба и способноста за вршење професионална дејност.
2.2 Лична состојба
2.2.1 Договорниот орган ќе го исклучи од постапката за доделување на договор за јавна набавка секој економски оператор:
- на кој во последните 5 години му била изречена правосилна пресуда за учество во злосторничка организација, корупција, измама или перење пари;
- кој е во постапка на стечај или во постапка на ликвидација;
- кој има неплатени даноци, придонеси и други јавни давачки, освен ако на економскиот оператор му е одобрено одложено плаќање на даноците, придонесите или другите јавни давачки во согласност со посебните прописи и истите редовно ги плаќа;
- на кој му е изречена споредна казна забрана за учество во постапки за јавен повик, доделување на договори за јавна набавка и договори за јавно приватно партнерство;
- на кој му е изречена споредна казна привремена или трајна забрана за вршење на одделна дејност;
- кому му е изречена прекршочна санкција - забрана за вршење на професија, дејност или должност, односно привремена забрана за вршење одделна дејност и
- кој дава лажни податоци или не ги доставува податоците што ги барал договорниот орган.
2.2.2 За докажување на својата лична состојба, економскиот оператор ги доставува следниве документи:
- изјава на економскиот оператор дека во последните 5 години не му била изречена правосилна пресуда за учество во злосторничка организација, корупција, измама или перење пари;
- потврда дека не е отворена постапка за стечај од надлежен орган;
- потврда дека не е отворена постапка за ликвидација од надлежен орган;
- потврда за платени даноци, придонеси и други јавни давачки од надлежен орган од земјата каде економскиот оператор е регистриран или доказ за одобрено одложено плаќање на истите.
- потврда од Регистарот на казни за сторени кривични дела на правните лица дека не му е изречена споредна казна забрана за учество во постапки за јавен повик, доделување на договори за јавна набавка и договори за јавно-приватно партнерство,
- потврда од Регистарот на казни за сторени кривични дела на правните лица дека не му е изречена споредна казна привремена или трајна забрана за вршење на одделна дејност и
- потврда дека со правосилна пресуда не му е изречена прекршочна санкција - забрана за вршење на професија, дејност или должност, односно привремена забрана за вршење одделна дејност.
2.2.3 Изјавата од алинеја 1 од потточка 2.2.2 ја изготвува во електронска форма и со електронски потпис ја потпишува самиот економски оператор и истата не треба да биде заверена од надлежен орган.
2.2.4 Потврдите дека не е отворена постапка за стечај и постапка за ликвидација, како и потврдите од регистарот на казни за сторени кривични дела од xxxxxxx 5 и 6 од потточка 2.2.2, ги издаваат надлежни органи во земјата каде е регистриран економскиот оператор. Во Република Македонија надлежен орган за издавање на овие потврди е Централниот регистар на Република Македонија.
2.2.5 Потврдата за платени даноци, придонеси и други давачки ја издава надлежен орган од земјата каде е регистриран економскиот оператор. Во Република Македонија надлежен орган за издавање на оваа потврда е Управата за јавни приходи.
2.2.6 Потврдата од алинеја 7 од потточка 2.2.2 ја издава надлежниот орган во државата каде е регистриран економскиот оператор. Во Република Македонија надлежен орган за издавање на оваа потврда е Централниот регистар на Република Македонија.
2.2.7 Документите од потточка 2.2.2 не смеат да бидат постари од 6 (шест) месеци сметано од крајниот рок за доставување на понудите наназад.
2.2.8 Ако земјата во која е регистриран економскиот оператор не ги издава документите наведени во потточка 2.2.2 или ако тие не ги опфаќаат сите погоренаведени случаи, економскиот оператор може да достави изјава заверена кај надлежен орган.
2.3 Способност за вршење на професионална дејност
2.3.1 За да ја докаже способноста за вршење на професионална дејност, економскиот оператор треба да достави документ за регистрирана дејност како доказ дека е регистриран како физичко или правно лице за вршење на дејноста поврзана со предметот на договорот за јавна набавка или доказ дека припаѓа на соодветно професионално здружение согласно со прописите на земјата каде што е регистриран.
2.4 Техничка или професионална способност
2.4.1 За да се квалификува како способен за извршување на предметниот договор за јавна набавка од аспект на неговата техничка или професионална способност, економскиот оператор треба да ги исполнува следниве минимални услови:
− Да има искуство во извршување на услуги како предметот на договорот за јавна набавка или искуство во извршување на услуги за одржување и развој на некој од европските царински системи: NCTS или ICS или ECS или EMCS, во последните 3 (три) години.
− Да располага со технички персонал (вработени или ангажирани од економскиот оператор) кој ќе биде задолжен за реализација на услугите - предмет на набавка, кој треба постојано да биде достапен на Царинската Управа, а по потреба и физички присутен во просториите на Царинската Управа, во текот на времетраење на Договорот и тоа:
• Најмалку 1 (еден) PL/SQL програмер, кој треба да ги поседува следниве
Квалификации и вештини:
- Универзитетска диплома за завршено високо образование од областа на Информатика, Компјутерски науки, Електротехника, Електроника, Телекомуникации, Машинство, Математика или Физика;
- Познавање на пишан и говорен Англиски јазик. Општо професионално искуство:
- Најмалку 2 (две) години искуство во дизајн и развој на софтвер со Oracle PL/SQL програмски јазик, и да поседува официјален сертификат за Oracle PL/SQL програмер.
• Најмалку 1 (еден) Java програмер, кој треба да ги поседува следниве
Квалификации и вештини:
- Универзитетска диплома за завршено високо образование од областа на Информатика, Компјутерски науки, Електротехника, Електроника, Телекомуникации, Машинство, Математика или Физика;
- Познавање на пишан и говорен Англиски јазик. Општо професионално искуство:
- Најмалку 2(две) години искуство во дизајн и развој на софтвер со JAVA програмски јазик, и да поседува официјален сертификат за Java програмер.
• Најмалку 1 (еден) LINUX систем - инженер, кој треба да ги поседува
следниве Квалификации и вештини:
- Универзитетска диплома за завршено високо образование од областа на Информатика, Компјутерски науки, Електротехника, Електроника, Телекомуникации, Машинство, Математика или Физика;
- Познавање на пишан и говорен Англиски јазик. Општо професионално искуство:
- Најмалку 2 (две) години работно искуство во системско одржување и администрација на LINUX оперативни системи, и да поседува официјален сертификат за LINUX администратор;
• Најмалку 1 (еден) ORACLE DB администратор, кој треба да ги
поседува следниве Квалификации и вештини:
- Универзитетска диплома за завршено високо образование од областа на Информатика, Компјутерски науки, Електротехника, Електроника, Телекомуникации, Машинство, Математика или Физика;
- Познавање на пишан и говорен Англиски јазик. Општо професионално искуство:
- Најмалку 2 (две) години работно искуство во системско одржување и администрација на Oracle бази на податоци, и да поседува официјален сертификат за ORACLE DB администратор.
• Најмалку 1 (еден) ИТ бизнис аналитичар, кој треба да ги поседува следниве
Квалификации и вештини:
- Универзитетска диплома за завршено високо образование од областа на Информатика, Компјутерски науки, Електротехника, Електроника, Телекомуникации, Машинство, Математика, Физика или Економски студии;
- Познавање на пишан и говорен Англиски јазик. Општо професионално искуство:
- Најмалку 8 (осум) години работно искуство со ИТ системи, од кои најмалку 4 (четири) години работно искуство со царински ИТ системи во земји членки или земји кандидати во ЕУ.
Дополнително професионално искуство:
- Најмалку 4 (четири) години работно искуство во развој на европскиот царински систем NCTS, NCTS структура на бази на податоци, техничките и функционалните спецификации и практично знаење од имплементација или одржување на NCTS системи.
• Најмалку 5 (пет) лица дополнителен технички персонал (вработени или ангажирани кај економскиот оператор) да работат при извршувањето на предметната услуга.
Покрај погоре наведените експерти, понудувачот може да вклучи и друг технички персонал потребен за реализација на услугите предмет на набавка.
Во текот на реализација на Договорот за предметната набавка ќе може да се изврши промена на техничкиот персонал - програмери, систем инженери и ИТ бизнис аналитичар, по претходно доставено писмено известување до Царинската управа. Новото лице мора да ги има истите минимални квалификации како и лицето кое го заменува.
− Воспоставена техничка опременост и оспособеност на економскиот оператор за извршување на 24/7 превентивна поддршка и обезбедување на квалитет на предметните услуги за превентивно одржување.
2.4.2 Економскиот оператор го докажува исполнувањето на минималните услови од потточка 2.4.1 со доставување на:
− Листа на главни услуги како предметот на договорот за јавна набавка или како услуги за одржување и развој на некој од европските царински системи: NCTS или ICS или ECS или EMCS, извршени во последните 3 (три) години, со вредности, датуми, купувачи (договорни органи или економски оператори), со обезбедување на најмалку 1 (една) потврда за извршена услуга како предметот на набавката или за извршена услуга за одржување и развој на некој од европските царински системи: NCTS или ICS или ECS или EMCS, издадена од примателите или, доколку таква потврда не може да се обезбеди од причини вон контрола на економскиот оператор, само со негова изјава за извршени услуги.
− Изјава за расположивост со листа на целиот технички персонал со кој располага (вработени или ангажирани лица), а кој ќе биде задолжен за реализација на услугите - предмет на набавка и кој треба постојано да биде достапен на Царинската Управа, а по потреба и физички присутен во просториите на Царинската Управа во текот на времетраење на Договорот. Изјавата треба да се изготви на обрзецот IX, кој е даден во прилог на оваа тендерска документација.
− Изјави за расположивост потпишани од секој член на ангажираниот технички персонал, програмери, систем инженери и ИТ бизнис аналитичар (само за лицата кои не се вработени кај понудувачот) со која тие потврдуваат дека му се ставаат на располагање на понудувачот во текот на реализацијата на предметот на набавката.
Изјавата треба да се изготви на обрзецот X, кој е даден во прилог на оваа тендерска документација.
− Дипломи/Сертификати за програмерите, систем инженерите и ИТ бизнис аналитичарот, согласно барањата наведни во потточка 2.4.1, алинеја 2.
− Професионална биографија (CV) за програмерите, систем инженерите и ИТ бизнис аналитичарот. Во професионалната биографија треба да се наведат проектите, времетраењето (дд/мм/гггг) и улогата/обврските на експертот во тие проекти, со цел потврдување на бараните квалификации, вештини и искуството, кои се наведени во потточка 2.4.1, алинеја 2. Професионалната биографија (CV), за секој експерт пооделно, треба да се изготви на обрзецот XI, кој е даден во прилог на оваа тендерска документација.
− Изјава за техничка опременост и оспособеност за извршување на 24/7 превентивна поддршка и обезбедување на квалитет на предметните услуги за превентивно одржување.
Изјавата треба да се изготви на обрзецот XII, кој е даден во прилог на оваа тендерска документација.
− Известување за елементите на договорот кои економскиот оператор има намера да го отстапи на подизведувач/и (се доставува само доколку постои каква намера).
2.4.3 Документите наведени во потточка 2.4.2 ги изготвува и електронски ги потпишува самиот економски оператор и тие не мора да бидат заверени од надлежен орган, со исклучок на:
- потврдата за извршени услуги, која треба да е издадена од приматели на услугите,
- изјавите за расположивост потпишани од секој член на ангажираниот технички персонал, програмери, систем инженери и ИТ бизнис аналитичар (само за лицата кои не се вработени кај понудувачот) ,
(Овие изјави задолжително треба да се своерачно потпишани од ангажираните лица кои не свработени кај понудувачот, скенирани и на таков формат да биде аплициран дигитален потпис со прикачување на валиден дигитален сертификат чиј носител е одговорното лице на понудувачот или лице овластено од него.)
- професионалните биографии (CV) за вработените/ангажираните експерти-програмерите, систем инженерите и ИТ бизнис аналитичарот .
(Овие професионални биографии (CV), задолжително треба да се своерачно потпишани од вработеното/ангажираното лице-експерт, скенирани и на таков формат да биде аплициран дигитален потпис со прикачување на валиден дигитален сертификат чиј носител е одговорното лице на понудувачот или лице овластено од него).
2.4.4 Техничката и професионалната способност на економскиот оператор може да биде поддржана од друг субјект, без оглед на правните врски меѓу економскиот оператор и тој субјект, освен во делот на референтната листа и претходно склучените договори. Ако економскиот оператор ја докажува својата техничка и професионална способност повикувајќи се на поддршката од друг субјект тој е должен да ја докаже поддршката со xxxxxxx доказ – склучен Договор за деловно техничка соработка дека тој субјект ќе му ги стави на располагање на економскиот оператор соодветните технички и професионални ресурси.
Против субјектот кој ја обезбедува техничка или професионална поддршка не смее да е изречена правосилна пресуда за учество во криминална организација, корупција, измама или за перење на пари.
2.4.5 Ако економски оператори поднесат понуда како група на економски оператори, техничката и професионалната способност се докажува со земање предвид на ресурсите на сите членови на групата.
Ако групата на економски оператори настапува со техничка или професионална поддршка од трет субјект или трети субјекти, техничката и професионалната способност се утврдува согласно наведеното во потточка 2.4.4.
2.5 Стандарди за системи за квалитет
2.5.1 За да се квалификува како способен за извршување на предметниот договор за јавна набавка од аспект на стандардите за системи на квалитет, економскиот оператор треба да ги исполнува следниве стандарди:
− Воспоставен Систем за управување со безбедност на информации, согласно барањата на меѓународниот стандард ISO/IEC 27001.
2.5.2 Економскиот оператор го докажува исполнувањето на стандардите од потточка 2.5.1 со доставување на:
− Сертификат за усогласеност со меѓународниот стандард ISO/IEC 27001, односно доказ дека има воспоставено Систем за управување со безбедност на информации, согласно барањата на меѓународниот стандард ISO/IEC 27001.
3. ПОЈАСНУВАЊЕ, ИЗМЕНА И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ТЕНДЕРСКАТА ДОКУМЕНТАЦИЈА
3.1 Појаснување на тендерската документација
3.1.1 Економскиот оператор може да побара појаснување на тендерската документација од договорниот орган, исклучиво во електронска форма преку ЕСЈН со користење на модулот "Прашања и одговори", најдоцна 6 (шест) дена пред крајниот рок за поднесување на понудите.
3.1.2 Појаснувањето договорниот орган ќе го достави преку ЕСЈН, во модулот „Прашања и одговори“, по што сите економски оператори што презеле тендерска документација ќе добијат автоматско електронско известување дека е даден одговор на поставеното прашање и ќе бидат во можност да го прочитаат појаснувањето, без при тоа да се идентификува економскиот оператор што побарал појаснување.
3.2 Измена и дополнување на тендерската документација
3.2.1 Договорниот орган го задржува правото најдоцна 6 (шест) дена пред истекот на крајниот рок за поднесување на понудите, по свое наоѓање или врз основа на поднесените прашања за објаснување поднесени од страна на понудувачите, да ја измени или да ја дополни тендерската документација, за што веднаш ќе ги извести сите економски оператори што ја подигнале.
3.2.2 Во случај на измена на тендерската документација, договорниот орган ќе го продолжи крајниот рок за доставување на понудата за најмалку 6 (шест) дена.
3.2.3 Во случај на измена и дополнување на тендерската документација објавена на ЕСЈН како и продолжување на крајниот рок, договорниот орган е должен да ја објави направената измена преку ЕСЈН, по што сите економски оператори што презеле тендерска документација до моментот на измената ќе добијат автоматско електронско известување дека е објавена измена за конкретниот оглас.
4. ПОДГОТОВКА И ПОДНЕСУВАЊЕ НА ПОНУДИТЕ
4.1 Содржина на понудата
4.1.1 Понудата треба да биде подготвена врз основа на оригиналната тендерска документација во електронска форма и се состои од следниве елементи:
- пополнет образец на понуда составен од ОПШТ ДЕЛ и ТЕХНИЧКА И ФИНАНСИСКА ПОНУДА;
- договор за групна понуда (задожително се доставува заедно со понудата, само во случај на групна понуда);
- документи за утврдување на личната состојба наведени во тендер- ската документација;
- документи за утврдување на способноста за вршење на професио- нална дејност наведен во тендерската документација;
- докази за утврдување на техничката или професионалната способност наведени во тендерската документација;
- доказ за утврдување на стандардите за системи за квалитет наведен во тендерската документација;
- изјава за сериозност на понудата;
- изјава за независна понуда (во случај на групна понуда, секој член на групата на понудувачи ја поднесува изјавата за независна понуда за својот субјект/правно лице, односно самостојно),
- пополнет образец за општи информации (во случај на групна понуда образецот со општи информации се пополнува за секој член на групата на економски оператори),
- пополнет образец на листа на доверливи информации (образецот не мора да се доставува ако нема доверливи информации).
4.1.2 Економскиот оператор понудата ја изготвува и доставува врз основа на електронските обрасци на понуда дадени во оваа тендерска документација.
Доколку на дадениот образец на понуда во оваа тендерска документација економскиот оператор не може целосно и сеопфатно да ја изрази својата понуда, може да користи друг образец на која ќе ја достави својата понуда под услов таквиот образец да ги содржи сите елементи од образецот на понуда даден во оваа тендерска документација.
Понудата поднесена на образец на понуда кој не ги содржи сите елементи согласно тендерската документација ќе биде отфрлена како неприфатлива.
4.1.3 Доколку понудувачот има намера дел од договорот за јавна набавка да го отстапи на еден или повеќе подизведувачи, во понудата мора да наведе податоци за делот од договорот кој има намера да го отстапи на подизведувачи, како и податоци за сите предложени подизведувачи (фирма, седиште, единствен даночен број и слично). Понудувачот е одговорен пред договорниот орган за извршување на договорот за јавна набавка, без оглед на бројот на подизведувачите.
4.2 Јазик на понудата
4.2.1 Понудата, како и целата кореспонденција и документи поврзани со понудата се доставува на македонски јазик.
4.2.2 При изразување на цената со букви, странскиот економски оператор во делот на понудата може да се послужи со англиски јазик.
4.2.3 Печатената литература може да биде и на друг јазик. Договорниот орган го задржува правото во фазата на евалуација на понудите да побара од понудувачот да изврши превод на печатената литература која е поднесена на друг јазик.
4.3 Цена на понудата
4.3.1 Економскиот оператор во листата на цени ја внесува цената за секој дел поединечно.
4.3.2 Понудената цена треба да ги вклучува сите трошоци и попусти на економскиот оператор, да биде искажана без данок на додадена вредност кој се искажува посебно. Понудената цена треба да ги вклучува и увозните
царини доколку ги има. Оттука, предмет на евалуација ќе биде вкупната понудена цена со вклучени увозни царини без ДДВ.
4.3.3 Економскиот оператор понудената цена задолжително ја внесува и во ЕСЈН преку веб образецот „Поднеси понуда/пријава за учество“, панел
„Податоци од понудата“, во полето за внесување на цената. Цената на понудата се пишува со бројки и букви. (Доколку понудата е поднесена од странски економски оператор, цената на понудата покрај со бројки, се пишува и со букви на англиски јазик.)
4.3.4 Доколку одделна понуда содржи невообичаено ниска цена која е значително пониска од реалната пазарна цена што предизвикува сомнеж дека договорот ќе биде извршен, договорниот орган од понудувачот бара во писмена форма и пред одбивање на понудата, детали околу понудата за кои смета дека се важни и ги проверува доказите што биле доставени за оправдување на цената на понудата. Ако економскиот оператор не успее да објасни на писмено, кои се причините за таквата цена во рок од од 5 пет) дена од датумот на поднесување на барањето, или пак ако Комисијата не ги прифати неговите причини, понудата ќе биде отфрлена.
4.4 Валута на понудата
4.4.1. Цената на понудата се изразува во денари.
4.5 Период на важност на понудата
4.5.1 Понудите треба да важат најмалку 365 дена од денот на јавното отворање за чие времетраење понудата во сите нејзини елементи е обврзувачка за понудувачот. Доколку денот на отворањето на понудата е неработен, периодот на важноста на понудата се смета од наредниот работен ден. Понудите кои содржат покус период на важност од оној утврден во оваа точка од тендерската документација ќе бидат отфрлени како неприфатливи.
4.5.2 Доколку договорниот орган процени за потребно може да побара од понудувачот продолжување на периодот на важност на понудата.
4.6 Изјава за сериозност на понудата
4.6.1 Во прилог на понудата, понудувачот доставува и електронски потпишана изјава за сериозност на понудата, при што треба да го користи образецот на изјава даден во прилог на тендерската документација. Доколку дојде до прекршување на дадената изјава за сериозност на понудата, истото ќе резултира со исклучување од натамошната постапка и издавање негативна референца против таквиот понудувач на начин и согласно условите утврдени во Законот за јавните набавки.
4.6.2 За објавувањето на негативната референца договорниот орган ќе одлучи со одлуката за избор или за поништување на постапката, а истата ќе
биде објавена во рок од 3 (три) работни дена од денот на конечноста на одлуката за избор или за поништување на постапката.
4.6.3 Изјавата за сериозност на понудата не може дополнително да се достави по истекот на рокот за поднесување на понудите.
4.7. Изјава за независнa понуда
4.7.1 Во прилог на понудата, покрај изјавата за сериозност на понудата, понудувачот доставува и електронски потпишана изјава за независнa понуда, при што треба да го користи образецот на изјава даден во прилог на тендерската документација, каде е подетално објаснето нејзиното значење како и кои дејствија ќе се преземат доколку договорниот орган добие сознанија дека дадените наводи се невистинити.
4.7.2 Изјавата за независнa понуда ја потпишува исклучиво одговорното лице, се доставува заедно со понудата и не може дополнително да се достави по истекот на рокот за поднесување на понудите.
4.7.3 Изјавата за независна понуда не може да гласи на ниту едно друго лице освен на одговорното лице.
4.7.4 Изјавата се потпишува електронски со прикачување на валиден дигитален сертификат чиј носител е одговорното лице. Доколку изјавата за независна понуда е потпишана од лице овластено за дигитално потпишување, тогаш истата задолжително треба да е своерачно потпишана од одговорното лице, скенирана и на таков формат да биде аплициран дигитален потпис.
4.8 Форма и потпишување на понудата
4.8.1 Понудата се поднесува во електронска форма преку ЕСЈН и истата треба да биде електронски потпишана со користење на дигитален сертификат од одговорното лице на економскиот оператор или лице овластено од него.
Доколку понудата ја потпишува лице овластено од одговорното лице, во прилог се доставува и овластување за потпишување на понудата потпишано од одговорното лице.
Подетални информации за начинот на дигитално потпишување се содржани во прирачникот “Општи и технички препораки за користење на ЕСЈН за економски оператори и договорни органи“ објавен на почетната страна на ЕСЈН во делот "Документи".
4.8.2 Дополнителни информации за користењето на дигитални сертификати:
Понудата се потпишува електронски со употреба на дигитален сертификат, кој е издаден од регистриран издавач на сертификати во Министерството за финансии на Република Македонија.
Дигиталниот сертификат треба да биде со важност најмалку до моментот на јавното отворање.
Странски економски оператор може електронски да ја потпише понудата со употреба на квалификуван дигитален сертификат, кој е издаден од регистриран издавач на сертификати со седиште во Европска унија.
Во случај на употреба на квалификуван сертификат издаден од издавач со седиште во трета земја, сертификатот може да се смета за валиден доколку е исполнет еден од следните 3 услова:
- Издавачот ги исполнува условите за квалификуван сертификат пропишани со Законот за податоци во електронски облик и електронски потпис („Службен весник на Република Македонија“ број 34/01, 06/02 и 98/08) и е доброволно акредитиран во Европската унија или
- Регистриран домашен издавач гарантира за странскиот сертификат како да го издал самиот или
- Така да е договорено со билатерален или мултилатерален меѓуна- роден договор склучен помеѓу Република Македонија и друга земја или меѓународна организација.
Комисијата го задржува правото доколку во текот на евалуацијата се посомнева во валидноста на употребениот сертификат или издавачот на сертификати да побара дополнителни информации или документи со кои ќе се докаже валидноста на сертификатот.
За да се избегнат технички пропусти при утврдување на валидноста на сертификатот, препорачливо е економскиот оператор во понудата да наведе со кој софтверски пакет (Microsoft Office 2003, 2007, 2010, OpenOffice итн.) се потпишани документите,
Носител на дигиталниот сертификат со кој се потпишуваат документите кои се составен дел на понуда (финансиска и техничка понуда, изјави), задолжително треба да биде овластениот потписник на економскиот оператор или лице ополномоштено од овластениот потписник.
Полномошното ќе се смета за валидно доколку е приложено во:
а) електронска форма потпишано со дигитален сертификат на управителот или
б) во скенирана форма, со печат и своерачен потпис на управителот.
Понуди потпишани со дигитален сертификат чиј носител е лице кое нема никакво овластување за потпишување на понуда, ќе бидат отфрлени како понуди со формални недостатоци.
4.9 Начин на доставување на понудата и придружната документација
4.9.1 Договорниот орган може да прифати и понуда од економски оператор кој не ја презел тендерската документација преку ЕСЈН, но не е обврзан евентуално направените измени и дополнувања на тендерската документација да ги доставува и до тие економски оператори.
4.9.2 Економскиот оператор придружната документација ја доставува во скенирана електронска форма. Економските оператори можат во хартиена форма да ја поднесат документација во нестандарден формат и големина пред крајниот рок за поднесување на понудите, доколку истите се преобемни за скенирање и прикачување на ЕСЈН, а на начин опишан во потточка 2.1.2.
4.10 Краен рок и место за поднесување на понудите
4.10.1 Краен рок за доставување на понудите е 01.02.2018 година, до 12:00 часот.
4.10.2 Понудите се поднесуваат преку ЕСЈН достапен преку следнава веб адреса: xxxxx://xxx.x-xxxxxxx.xxx.xx.
4.10.3 Понудата која е поднесена по истекот на крајниот рок за поднесување на понудите нема да биде примена во ЕСЈН, односно ќе биде автоматски отфрлена за што и договорниот орган и економскиот оператор ќе бидат известени и истата нема да се прикаже при јавното отворање на понудите.
4.11 Алтернативни понуди
4.11.1 Во оваа постапка за доделување на договор за јавна набавка не се дозволени алтернативни понуди.
4.12 Измена, замена и повлекување на понудата
4.12.1 Понудувачите можат да ги изменат, заменат или повлечат своите понуди по поднесување на понудата, под услов измените, замените или повлекувањата да се добиени од договорниот орган пред крајниот рок за поднесување на понудите наведен во точка 4.10.
4.12.2 Измените, замените и повлекувањата на понудите се спроведуваат преку ЕСЈН во модулот „Поднеси понуда“, со додавање на нови документи, бришење на веќе поднесени документи или целосно повлекување на понудата.
4.12.3 Понудата не може да биде изменета, заменета или повлечена по крајниот рок за поднесување на понудите предвиден во точка 4.10.
4.12.4 Повлекувањето на понудата во периодот помеѓу крајниот рок за поднесување на понудите и истекувањето на периодот на важност на понудата ќе резултира со издавање на негативна референца согласно точка
4.6.1 .
5. ОТВОРАЊЕ И ЕВАЛУАЦИЈА НА ПОНУДИТЕ
5.1 Oтворање на понудите
5.1.1 На јавното отворање на понудите може да присуствува секое заинтересирано лице.
5.1.2 Само овластените претставници на понудувачите можат да учествуваат во постапката на јавно отворање на понудите со давање на свои забелешки во Записникот од отворањето на понудите.
5.1.3 Овластените претставници на економските оператори на јавното отворање мораат да носат овластување потпишано од одговорното лице на економскиот оператор. Сите овластени претставници на економските оператори, присутни на јавното отворање, треба да потпишат евидентен лист.
5.1.4 Јавното отворање ќе се одржи на 01.02.2018 година, во 12:00 часот, во Царинска управа на Република Македонија, Одделение за јавни набавки, xx. „Колекторска“ бб, 1000 Скопје.
5.1.5 Доставените понуди се отвораат согласно Законот за јавните набавки и тоа: една по една, со читање на името на економскиот оператор, при што се констатира дали понудите се доставени според точка 4.8 и точка
4.9 од тендерската документација и дали се електронски потпишани, а потоа се пристапува кон читање на понудите по истиот редослед по кој тие се отворени, освен понудите, кои согласно Законот за јавните набавки, се исклучуваат од натамошната постапка. После тоа се пристапува кон читање на цените на понудата, вклучувајќи какви било попусти и постоењето на гаранција на понудата. Само попустите кои се прочитани на јавното отворање на понудата ќе се разгледуваат при евалуацијата на понудите. Ниту една понуда нема да биде отфрлена на отворањето на понудите.
5.1.6 Комисијата за јавни набавки ќе пристапи кон јавно отворање на понудите доколку е пристигната и само една понуда.
5.1.7 Во текот на отворањето на понудите се води Записник според Правилникот за постапката на отворањето на понудите и Образецот за водење на Записник за отворањето на понудите („Службен весник на Република Македонија“ бр. 154/07).
5.2 Доверливост на процесот на евалуација на понудите
5.2.1 Ниту една информација во врска со разгледувањето, оценката и споредбата на понудите во процесот на евалуација нема да им се откријат на економските оператори или на кои било други лица што не се службено вклучени во тој процес.
5.3 Исправка на аритметички грешки
5.3.1 Ако понудата е прифатлива и е составена и доставена во согласност со тендерската документација, договорниот орган ги коригира аритметичките грешки на следниот начин:
- ако постои несовпаѓање меѓу зборовите и бројките, преовладува износот што е напишан со зборови,
- ако постои разлика помеѓу единечната цена и вкупната цена, тогаш преовладува единечната цена.
5.3.2 Комисијата за јавни набавки ќе ги корегира грешките во понудата според опишаната постапка и таа ќе се смета обврзувачка за него.
5.3.3 Ако економскиот оператор не ја прифати корекцијата на аритметичките грешки, понудата ќе биде отфрлена и ќе биде издадена негативна референца од страна на договорниот орган заради прекршување на изјавата за сериозност на понудата.
6. ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДОГОВОРОТ ЗА ЈАВНА НАБАВКА
6.1 Доделување на договорот за јавна набавка
6.1.1 Договорниот орган, по спроведената електронска аукција како последна фаза во отворената постапка, договорот му го доделува на економскиот оператор кој понудил најниска цена во текот на негативното наддавање.
6.1.2 Доколку во текот на аукцијата нема негативно наддавање, односно намалување на почетната цена, договорниот орган може да му го додели договорот за јавна набавка на економскиот оператор кој понудил најниска цена во првичната фаза од постапката.
6.1.3 Доколку никој не поднесе нова цена во текот на електронската аукција, а притоа две или повеќе понуди имаат идентична цена, за најповолна ќе биде избрана порано поднесената понуда.
6.1.4 Во случај да е поднесена само една прифатлива понуда во првата фаза од постапката, односно да не се исполнети условите за одржување на електронската аукција, договорниот орган задолжително го поканува единствениот понудувач да поднесе конечна цена во ЕСЈН после што може да му го додели договорот за јавна набавка на единствениот економски оператор кој поднел прифатлива понуда или да ја поништи постапката доколку се поднесени цени понераеални од реалните на пазарот.
6.1.5 Доколку во текот на постапката за доделување договор за јавна набавка, најповолната прифатлива понуда согласно условите на постапката е со цена повисока од износот на средства утврден во одлуката за јавна набавка, договорниот орган може да ја измени одлуката и да дообезбеди средства потребни за реализација на договорот, под услов понудената цена да не е понеповолна од реалните цени на пазарот и да не го надминува
вредносниот праг пропишан за видот на постапката согласно со Законот за јавните набавки.
6.1.6 По завршувањето на електронската аукција/поднесувањето на конечна цена во ЕСЈН и изборот на најповолен понудувач, доколку предметот на набавката или поединечниот дел се состои од повеќе ставки, цената на секоја од поединечните ставки ќе се пресметува со соодветно намалување кое ќе биде еднакво на процентот на намалување на цената на првичната понуда на избраниот најповолен понудувач (пред електронската аукција/пред поднесувањето на конечна цена во ЕСЈН) и цената на последната понуда (по завршувањето на аукцијата/по поднесувањето на конечна цена во ЕСЈН).
6.2 Известување за доделување на договорот за јавна набавка
6.2.1 По завршувањето на електронската аукција на јавниот дел од ЕСЈН автоматски се објавува и до сите учесници на аукцијата автоматски се испраќа известување за економскиот оператор кој поднел најниска цена во текот на негативното наддавање. Известувањето е од информативен карактер и не предизвикува правни последици. Исходот од електронската аукција е основ за донесување на одлука за избор на најповолна понуда.
6.2.2 Избраниот најповолен економски оператор ќе биде известен во електронска форма преку ЕСЈН дека неговата понуда е прифатена, најдоцна во рок од 3 (три) дена од донесувањето на одлуката за избор на најповолна понуда. Во исто време, и сите други економски оператори ќе бидат известени за резултатите од спроведената постапка, одлуката кој е најповолен економски оператор како и за причините за неизбор на нивната понуда.
Економските оператори што учествувале во постапката имаат право на увид во извештајот од спроведената постапка.
6.3 Правна заштита
6.3.1 Секој понудувач кој има правен интерес за добивање на договорот за јавна набавка и кој претрпел или би можел да претрпи штета од евентуално прекршување на одредбите од овој закон, може да бара правна заштита против одлуките, дејствијата и пропуштањата за преземање дејствија од страна на договорниот орган во постапката за доделување на договор за јавна набавка, во согласност со условите и постапката предвидени со Законот за јавните набавки.
Правото на жалба во постапка која завршува со електронска аукција во однос на утврдување на способноста на понудувачите и целосната евалуација на првичните понуди се остварува по донесување на одлуката за избор на најповолен понудувач или поништување на постапката.
6.3.2 Жалбата треба да ги содржи следниве елементи:
- податоци за подносителот на жалбата (име презиме, назив на економскиот оператор, адреса на престојувалиште и седиште),
- податоци за застапникот или полномошникот,
- назив и седиште на договорниот орган,
- број и датум на постапката за доделување на договор за јавна набавка и податоци за огласот за доделување на договор за јавната набавка,
- број и датум на одлуката за избор на најповолна понуда, поништување на постапката или други одлуки на договорниот орган,
- податоци за дејствијата или пропуштањата за преземање на дејствија од страна на договорниот орган,
- опис на фактичката состојба,
- опис на неправилностите и образложение по истите,
- предлог на докази,
- жалбено барање и/или барање за надомест за трошоците на постапката и
- потпис на овластено лице.
6.3.3 Подносителот на жалбата е должен да приложи и доказ за уплата на надомест за водење на постапката.
6.3.4 Подносителот на жалбата кој нема седиште на територијата на Република Македонија е должен да определи полномошник за прием на писмена.
6.3.5 Жалбата се изјавува до Државната комисија. Жалбата се поднесува лично или по препорачана пошта истовремено до Договорниот орган и до Државната комисија. Денот на поднесување на жалбата по препорачана пошта се смета за ден на поднесување. Во случај на лично поднесување на жалбата Договорниот орган е должен да му издаде на подносителот потврда за времето на приемот.
6.3.6 Во постапката пред Државната комисија подносителот на жалбата, покрај административната такса, плаќа и надоместок за водење на постапката во зависност од висината на понудата, и тоа:
- до 20.000 евра во денарска противвредност, надоместок од 100 евра во денарска противвредност,
- од 20.000 до 100.000 евра во денарска противвредност, надоместок од 200 евра во денарска противвредност,
- од 100.000 до 200.000 евра во денарска противвредност, надомес- ток од 300 евра во денарска противвредност или
- над 200.000 евра во денарска противвредност, надоместок од 400 евра во денарска противвредност.
6.3.7 Во случај на непостоење на понуда, висината на надоместокот за водење на постапката се пресметува врз основа на проценетата вредност на договорот за јавна набавка, при што Државната комисија го известува подносителот на жалбата за висината на надоместокот и рокот во кој треба да достави доказ за негова уплата.
6.4 Склучување на Договорот за јавна набавка
6.4.1 Договорниот орган ќе го достави Договорот за јавна набавка до избраниот најповолен понудувач во 6 (шест) примероци на потпишување.
6.4.2 Избраниот најповолен понудувач има обврска да го потпише Договорот за јавна набавка и истиот да му го врати на Договорниот орган во рок од 5 (пет) работни дена од денот на добивање на Договорот. Договорниот орган презема обврска на избраниот најповолен понудувач да му го испрати потребниот број на примероци од Договорот откако истиот ќе го потпише овластеното лице на Договорниот орган.
6.4.3 Доколку избраниот најповолен понудувач не го потпише Договорот во рокот утврден во точка 6.4.2 од тендерската документација, Договорниот орган го задржува правото да смета дека избраниот најповолен понудувач се откажал од склучување на Договорот и да ја објави негативната референца.
7. ЗАДОЛЖИТЕЛНИ ЕЛЕМЕНТИ ОД ДОГОВОРОТ ЗА ЈАВНА НАБАВКА
7.1 Начин на плаќање
7.1.1 Се предвидува следниов начин на плаќање: вирмански во рок од 60 (шеесет) дена од првиот нареден ден од денот на прием на фактурата во архивата на Царинската управа на Република Македонија, лоцирана на ул.,,Xxxxx Xxxxxxxxx‘‘ бр. 13, 1000 Скопје.
Задолжително во прилог на фактурата се доставува месечен Извештај за извршени активности уредно потпишан од страна на овластени лица на двете договорни страни.
7.1.2 Начинот на плаќање е задолжителен. Секоја понуда која содржи начин на плаќање поинаков од овој утврден во оваа точка ќе се смета за неприфатлива и како таква ќе биде одбиена од страна на Комисијата за јавни набавки.
7.2 Начин, рок и место на извршување на услуги
7.2.1 Носителот на набавката е должен во временски период од 12 (дванаесет) месеци од денот на склучување на Договорот да ги извршува услугите - предмет на Договорот во просториите на Царинска управа на Р.Македонија, ул.,,Лазар Личеноски“ бр.13, 1000 Скопје и/или преку дозволен далечински пристап, а на начин и во рокови согласно барањата наведени во техничката спецификација од тендерската документација.
7.2.2 Начинот, рокот и местото на извршување на услугите се задолжителни. Секоја понуда која содржи начин, рок и место на извршување на услугите поинакви од тие утврдени во техничката спецификација ќе се смета за неприфатлива и како таква ќе биде одбиена од страна на Комисијата за јавни набавки.
7.3 Авторски права
7.3.1 Сите изработени софтверски апликации кои се дел од услугите- предмет на овој Договор се исклучива сопственост на Договорниот орган, односно Договорниот орган има неограничено право да го користи, менува и пренесува програмскиот код.
7.3.2 Носителот на набавката е должен 30 (триесет) дена пред истекот на Договорот на Договорниот орган да го достави програмскиот код за сите софтверски апликации кои се дел од услугите-предмет на овој Договор, со цел Договорниот орган да може да ги остварува правата од потточка 7.3.1.
Програмскиот код мора да биде соодветно документиран и спакуван во форма која, за Договорниот орган, ќе овозможи лесно одржување и понатамошен развој или надградба на софтверската апликација. Носителот на набавката е должен при предавањето на програмскиот код на Договорниот орган да му испорача и алатки и програмска документација, која овозможува самостојно и независно програмирање и менување на функционалностите на системот, како и интеграција со други софтверски апликации и решенија, без интервенција на Носителот на набавката.
7.3.3 Носителот на набавката треба да ги обезбеди сите лиценци за софтверски компоненти или алатки кои се потребни за изработката на софтверската апликација која е предмет на овој договор. За софтверските лиценци треба да се дадат соодветни инсталациски медиуми и/или пристап до заштитена веб локација од производителот за преземање на
инсталациите (одредбите од овој член се применуваат само доколку при
изработка и/или за користење на софтверската апликација се неопходни други алатки кои се интелектуална сопственост на трета страна).
7.3.4 Носителот на набавката не може без писмено одобрение од До- говорниот орган да го прикаже своето име или лого на веб-локацијата на системот или на кој било друг производ кој е директно поврзан со софтверската апликација.
7.4 Разлики во цена (корекција на цени)
7.4.1 Не се предвидува корекција на цените, односно цените искажани во понудата на најповолниот понудувач ќе бидат фиксни за целото времетраење на договорот за јавна набавка.
7.5 Авансно плаќање
7.5.1 За извршување на договорот за јавна набавка не е дозволено авансно плаќање.
7.6 Гаранција за квалитетно извршување на договорот
7.6.1 Услов за потпишување на договорот со избраниот најповолен по- нудувач е обезбедување гаранција од страна на избраниот најповолен по- нудувач за квалитетно извршување на договорот во висина од 10% од вкупната вредноста на договорот со вклучен ДДВ.
7.6.2 Гаранцијата од точка 7.6.1 се доставува во вид на банкарска гаранција во писмена форма. Гаранцијата треба да биде поднесена во оригинална форма. Копии не се прифаќаат.
7.6.3 Гаранцијата за квалитетно извршување на договорот ќе биде со важност најмалку 1 (еден) месец по истекот на рокот за целосно реализирање на договорот. Договорниот орган по извршениот избор на најповолен понудувач дополнително го утврдува крајниот датум на важност на гаранцијата.
7.6.4 Банкарската гаранција за квалитетно извршување на договорот ќе биде во валутата на која гласи договорот.
7.6.5 Гаранцијата за квалитетно извршување на договорот треба да биде издадена од банка.
7.6.6 Гаранцијата за квалитетно извршување на договорот избраниот најповолен понудувач ја доставува во рок од 20 (дваесет) дена од добиеното известување за извршениот избор, а пред склучување на договорот.
7.6.7 Гаранцијата за квалитетно извршување на договорот се доставува во определениот рок, и тоа: по пошта на адреса на Царинска управа на Р.Македонија , xx.,,Лазар Личеноски‘‘ број 13, Скопје или лично во Царинската управа, Одделение за јавни набавки, ,, Колекторска “ бб, Скопје.
7.6.8. Гаранцијата за квалитетно извршување на Договорот ќе биде наплатена доколку Носителот на набавката не исполни некоја од обврските од договорот за јавна набавка во рокот на стасаноста, за што писмено ќе го извести Носителот на набавката. Доколку дојде до наплата на гаранцијата за квалитетно извршување на договорот, договорниот орган ќе објави до ЕСЈН негативна референца. За наплатата на банкарската гаранција за квалитетно извршување на договорот и за објавувањето на негативна референца на ЕСЈН, Носителот на набавката може да покрене спор пред надлежниот суд.
7.6.9 Доколку договорот за јавна набавка е целосно реализиран согласно договореното, банкарската гаранција за квалитетно извршување на договорот договорниот орган му ја враќа на Носителот на набавката во рок од 14 дена од целосното реализирање на обврските по договорот.
7.6.10 Гаранцијата за квалитетно извршување на договорот, Договорниот орган му ја враќа на Носителот на набавката по пошта, лично во седиштето на економскиот оператор или лично во седиштето на Договорниот орган.
7.7 Гарантен период
7.7.1 Гарантен период за секоја извршена активност наведена во точка
2.1 Превентивно одржување и точка 2.2 Адаптивно одржување од техничката спецификација изнесува 6 (шест) месеци. Гарантниот период започнува да тече од моментот на завршување / имплементација на активноста.
7.7.2 Носителот на набавката во текот на гарантниот период ќе ги отстранува без дополнителни трошоци за Договорниот орган сите дефекти поврзани со:
▪ воочени функционални недостатоци на НКТС, кои се сметаат за отстапување од потребните правила и услови дефинирани од DG TAXUD,
▪ сите технички недостатоци кои предизвикуваат застој во работата или недостапност на одредени функционалности на НКТС,
▪ сите недостатоци или разлики помеѓу функционалноста или техничките карактеристики на НКТС и документацијата која била испорачана за дефинирање на соодветните карактеристики на НКТС, и потребата од ургентни измени и доработки на постоечките функционалности на НКТС, предизвикани поради промена на законската регулатива.
7.8 Гаранција за гарантен период
7.8.1 Носителот на набавката е должен да обезбеди гаранција за гарантен период во висина од 10% од вкупната вредност (со вклучен ДДВ) на испорачаните услуги на адаптивно одржување и/или месечниот паушал за за превентивно одржување.
7.8.2 Гаранцијата од точка 7.8.1 се доставува во вид на банкарска гаранција во писмена форма. Гаранцијата треба да биде поднесена во оригинална форма. Копии не се прифаќаат.
7.8.3 Гаранцијата за гарантен период ќе биде, со важност најмалку 1 (еден) месец по истекот на гарантниот период. Договорниот орган по склучување на Договорот дополнително го утврдува крајниот датум на важност на гаранцијата.
7.8.4 Банкарската гаранција за гарантен период ќе биде во валутата на која гласи договорот.
7.8.5 Гаранцијата за гарантен период треба да биде издадена од банка.
7.8.6 Гаранцијата за гарантен период Носителот на набавката ја доставува најдоцна 10 (десет) дена пред истекот на важноста на склучениот Договор за реализација на услугите-предмет на Договорот за јавна набавка.
7.8.7 Гаранцијата за гарантен период се доставува во определениот рок, и тоа: по пошта или лично во Царинската управа.
7.8.8 Гаранцијата за гарантен период ќе биде наплатена доколку Носителот на набавката не исполни некоја од обврските од Договорот за јавна набавка во гарантниот период, за што писмено ќе го извести Носителот на набавката.
7.8.9 Доколку договорот за јавна набавка е целосно реализиран согласно договореното, банкарската гаранција за гарантен период договорниот орган му ја враќа на Носителот на набавката во рок од 14 дена од истекот на гарантниот период.
7.8.10 Гаранцијата за гарантен период договорниот орган му ја враќа на Носителот на набавката по пошта, лично во седиштето на економскиот оператор или лично во седиштето на договорниот орган
8. ПОНИШТУВАЊЕ НА ПОСТАПКАТА
8.1. Договорниот орган може да ја поништи постапката за доделување на договор за јавна набавка ако:
- бројот на кандидати е понизок од минималниот број предвиден за постапките за доделување на договор за јавна набавка согласно со овој закон,
- не е поднесена ниту една понуда или ниту една прифатлива понуда,
- не е поднесена ниту една соодветна понуда во постапка каде што предметот на договорот е оформен во еден единствен дел, како и во постапките каде што предметот на договор е оформен во повеќе делови и каде што може да се утврди соодветноста на понудите,
- се поднесени прифатливи понуди кои не можат да се споредат поради различниот пристап во техничките или финансиските понуди,
- настанале непредвидени промени во буџетот на договорниот орган,
- понудувачите понудиле цени и услови за извршување на договорот за јавна набавка кои се понеповолни од реалните на пазарот,
- оцени дека тендерската документација содржи битни пропусти или недостатоци, до моментот на отворање на понудите,
- поради непредвидени и објективни околности се промениле потребите на договорниот орган или
- договорниот орган не може да изврши избор на најповолна понуда поради битни повреди на законот согласно со членот 210 од овој закон или
- избраниот понудувач се откаже од склучување на договорот.
9. ЗАВРШУВАЊЕ НА ПОСТАПКАТА ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДОГОВОР ЗА ЈАВНА НАБАВКА
9.1 Постапката за доделување на договор за јавна набавка завршува на денот на конечноста на одлуката за избор или за поништување на постапката.
II. ТЕХНИЧКА СПЕЦИФИКАЦИЈА
1. ОПИС НА НОВИОТ КОМПЈУТЕРИЗИРАН ТРАНЗИТЕН СИСТЕМ ( НКТС )
Царинскиот транзит претставува камен - темелник на европската интеграција и е од витален интерес за европските бизниси. Овозможува полесно и поевтино движење на стоката и поедноставни и побрзи царински формалности. За негово непречено спроведување во 1987 година склучени се две конвенции помеѓу Европската економска заедница и ЕФТА државите. Конвенцијата за заедничка транзитна постапка од 20 мај 1987 година ја определува заедничката транзитна постапка, а Конвенцијата за поедноставување на формалностите при трговија со стока, исто така од 20 мај 1987 година, претставува поедноставување на формалностите при увоз, извоз и транзит, преку воведување на Единствениот царински документ (ЕЦД). Полноправни членки на овие конвенции се земјите членки на ЕУ, ЕФТА, Турција, Србија и Македонија.
Република Македонија е полноправна членка на Конвенцијата за заедничка транзитна постапка и на Конвенцијата за поедноставување на формалностите при трговија на стока од 1 јули 2015 година. Пристапувањето кон конвенциите овозможува полесно и побрзо движење на стоката заради спроведувањето на транзитната постапка со поднесување на единствена транзитна декларација во електронска форма во местото на поаѓање која важи сè до местото на одредиште во рамките на договорните страни на конвенциите. Оваа транзитна декларација паралелно се употребува и како т.н. влезна збирна декларација која задолжително треба да се поднесе за секоја стока при влезот во било која земја членка на ЕУ.
Во рамките на програмата за модернизација на Царинската управа на Република Македонија, преку проект финансиран во рамки на програмата на ЕУ – ИПА 2008, беше реализиран проектот за имплементација на Новиот компјутеризиран транзитен систем со кој се заврши дизајнот, развојот, имплементацијата и тестирањето на НКТС. Исто така се помогна и во интеграцијата со веб базираниот Систем за обработка на царински декларации и акцизни документи (СОЦДАД), кој е во фаза на развој, а се обезбедија обуки за експертите од Царинската управа.
НКТС започна да се применува на национално ниво од 1 март 2014 година во сите царински испостави на територијата на Република Македонија. Со пристапувањето на Република Македонија, како полноправна земја членка на Конвенцијата за заедничка транзитна постапка и Конвенцијата за поедноставување на царинските формалности при трговија на стока, од 1 јули 2015 година, Новиот компјутеризиран транзитен систем (НКТС) започна да се применува на ниво на размена на пораки со системите на другите земји членки на Конвенциите (ЕУ, ЕФТА, Турција и Србија).
НКТС е базиран на централизирано ИТ решение развиено да одговори на потребите како на националниот транзит, така и во рамките на
Конвенцијата за заедничка транзитна постапка. Користи напредни компјутерски техники за електронска обработка на податоци. НКТС претставува основа за спроведување на транзитната постапка, преку размена на електронски пораки помеѓу економските оператори и царинските испостави, како и помеѓу самите царински испостави од земјите членки на Конвенциите. Служи како алатка за управување и контрола на транзитните операции и овозможува помодерно и поефикасно управување од систем базиран на хартија.
За потребите на НКТС покрај продукциска, инсталирана е и тестна околина, каде се применуваат и тестираат дополнителните измени во апликацијата или закрпи пред да се применат на продукција.
1.1 Компоненти на НКТС
Новиот компјутеризиран транзитен систем (НКТС) се состои од следните компоненти:
o Oracle 11g база на податоци;
o Пакети, процедури и функции развиени на Oracle PL/SQL платформа;
o Веб интерфејс развиен на APEX платформа;
o XML базирани веб сервиси;
o Хардвер и системски софтвер на кој што работи системот (подетално опишани во точка 1.2 и точка 1.3);
o Апликациски сервер – Glassfish;
o CCN/CSI систем за конекција, составен од апликација за рамена на податоци преку CCN/CSI;
x Xxxxx конвертор кој обезбедува преведување на пораките од XML во
EDIFACT формат и обратно.
НКТС апликацијата (веб интерфејсот) се состои од следните модули:
o Модул на појдовна испостава;
o Модул на транзитна испостава;
o Модул на одредишна испостава;
o Модул за администрација;
o Модул за Хелп деск;
o Модул за економски оператори;
o Модул за гарантна испостава;
o Модул за управување со ризик;
o Модул за испитна постапка и постапка за наплата;
o Модул за управување со референтни податоци.
Применетите XML спецификации, правилата и условите мора да се во согласност со најновата верзија на документацијата DDNTA (Design Document for National Transit Application) на DG TAXUD.
1.2 Преглед на инсталираниот софтвер
o Oracle VM Server – инсталирани се 2 хоста за виртуелизација во кластер мод;
o 1 Red Hat Enterprise Linux Server - со инсталиран Oracle VM Manager;
o 1 Red Hat Enterprise Linux Server - апликативен сервер, Glassfish Server;
o 2 Red Hat Enterprise Linux Server - сервер со база на податоци, Oracle
Database 11g Enterprise Edition;
Целокупниот инсталиран софтвер нема обезбедена поддршка од производителот.
1.3 Преглед на хардверот
DELL poweredge R910 - Сервери за виртуелизација (Qty. 2) инсталиран Oracle VM Server 3.0.3 64bit |
rackmountable server |
2x Xeon 4c E7520 1.86Gz 18MB |
upgradable to 4 processors |
8x PCIe slots |
128GB Low Power DD3 Memory |
so 4x146GB sas hdd |
Hardware RAID Controller (Support for RAID 0,1,10) |
4x146gb 2.5'' sas 6Gbps 15K hd Hotplug |
8X DVDROM Drive |
two dual port gigabit ethernet cards (4 ports total) |
2 dual port 8gbps fc hba cards (compatible with storage and virtualization software) |
management card dedicated network card |
integrated trusted plaform module for advanced security |
2 redundant hot plug power supplies |
slidin rack rails +cable arm included |
system management software included |
virtualization support for Oracle VM 64 bit |
EMC Clarion CX4-120 - Storage |
Модуларен, поддршка за различни типови на дискови |
Редундантни контролери, напојување, вентилатори (no single point of failure) |
web management monitoring software |
Operating sysytem and virtualization software support |
Stoarage controllers/ processors 2 |
6GB |
front end ports min 4 x 8 gb FC min 4x1GB I SCSI ports |
Поддршка за RAID zastita 1,0,10,5,6 |
Поврзување со storage дозволува компетитивен и редунадантен пристап за сервери и виртуелни машини со windows linux red hat ibm aix oracle vm. |
disk capacity 4.5TB Raw capacity on 15x300GB FC 15Krpm 8TB Raw capacity on 8 X1TB sata 7.2 Krpm |
redundant power supply |
Dell Poweredge R710 – инсталиран Red Hat Oracle VM Manager (Qty.1) |
rackmountable server |
1x Intel Xeon E5620 4C 2.40GHz 12MB |
Hotplug hard drives, hot plug redundant power supplies DDR3 ECC Memory |
up to 8 Hot plug Hard drives |
4 PCIe G2 slots + 1 storage slot: |
32GB 1333MHz DD3 Memory (8x4 GB ) |
up to 288GB (18 DIMM slots) 2GB/4GB/8GB/16GB modules |
4 hard drive chasis |
Internal RAID Controller RAID 0,1 |
Video Controller: Minimum 4 MB |
4 x 600gb 10k SAS |
DVD+/- RW Drive |
4x USB2.0, 1x Video, 1x Serial |
Minimum 2x1 Gbit Ethernet Controllers |
Management Card with Dedicated Network Card |
Redundant Power Supply |
Целокупниот хардвер не е под гаранција.
Отстранување на хардверски дефекти кои се однесуваат на хардверските компоненти опишани подолу (кои се користат од НКТС системот), не се предмет на оваа набавка.
Мониторирањето на однесувањето на НКТС од аспект на хардверски и мрежни подесувања и давање предлог за надминување на евентуални проблеми од ваков тип се опфатени и опишани во делот 2.1. Превентивно одржување.
2. ПРЕДМЕТ НА НАБАВКА (техничка спецификација)
Со цел обезбедување на тековно одржување и прилагодување на системот согласно најновите верзии на документацијата од DG TAXUD кои содржат правила, услови, спецификации и најновите верзии на софтверски алатки за CCN/CSI комуникација, понудувачите треба да достават понуди со кои ќе обезбедат услуги за превентивно и адаптивно одржување на НКТС системот и обезбедување на поддршката за софтверот - Xxxxx конвертор во период од 12 месеци и тоа:
Реде н број | Опис | Единица мерка |
1. | Услуги за превентивно одржување од 12 месеци | месечен паушал |
2. | Услуги за адаптивно одржување од 300 работни часа, по доставен налог од Царинската управа | работен час |
3. | Обезбедување на одржување/поддршка за софтверот Xxxxx конвертор | паушал |
2.1. ПРЕВЕНТИВНО ОДРЖУВАЊЕ
Во рамки на превентивното одржување на НКТС, Носителот на набавката треба да ги реализира следниве активности, за времетраењето на договорот:
• Континуирано следење на перформансите и функционирањето на НКТС системот во целина и доставување на неделен извештај за направената проверка и преземените активности, вклучувајќи и хардверски и мрежни подесувања, како и дијагностицирање на неговата моментална состојба, односно препознавање на сите евентуални технички и системски дефекти со давање предлог план за нивно надминување.
• Надминување на евентуални проблеми кои се однесуваат на пад на перформансите на системот кои ги уочил Носителот на набавката или на барање на назначеното контакт лице/лица од Договорниот орган;
• Надминување на проблемите кои ги уочил Носителот на набавката или на барање на назначеното контакт лице/лица од Договорниот орган, а може да настанат при инсталација на дополнителни измени или закрпи, развој на нови верзии на апликацијата, поради неопходни нови инсталации или надградби на веќе инсталиран софтвер и имаат влијание врз базите на податоци или клиентската околина, односно воопшто на работењето на НКТС системот;
• Најмалку еднаш месечно да се врши усогласување на тест околината со продукциската околина. Дозволени се отстапувања во функционалностите или модулите на кои во тој момент се врши развој или измена;
• Еднаш месечно оптимизирање на базата со податоци, на ниво на sql подесувања и дисков простор, со можност за оптимизирање/ намалување на дисковиот простор на базата (преку архивирање, компресирање или друго решение).
• Отстранување на сите грешки (bug-ови) и проблеми во функционирањето на НКТС системот, уочени во текот на нормалното работење на истиот, а
кои ги уочил Xxxxxxxxx на набавката или на барање на назначеното контакт лице/лица од Договорниот орган.
• Отстранување на неправилности во податоците или враќање на податоци
од back up, кои ги уочил Xxxxxxxxx на набавката или на барање на назначеното контакт лице/лица од Договорниот поради:
- Грешки на корисниците на системот (операторите) со кои е
предизвикано нарушување и/или бришење на одредени податоци,
- Штети предизвикани од дефект или неправилна работа на хардверски и софтверски компоненти,
- Грешки или проблеми во функционирањето на софтверската апликација на НКТС,
- Штети предизвикани од дејство на виша сила (поплава, пожар, земјотрес и сл.),
- Друга причина.
• Месечна проверка на безбедноста на системот и доставување на извештај за направената проверка и преземените активности со предлог насоки за унапредување.
2.2. АДАПТИВНО ОДРЖУВАЊЕ
Во рамки на адаптивното одржување на НКТС, по добиен налог од Договорниот орган, Носителот на набавката треба да ги реализира следниве активности за времетраењето на договорот:
• Имплементација на сите RFC промени во НКТС апликацијата, кои се имплементираат по добиен налог од Договорниот орган и успешно извршување на сите потребни тестови за нивна усогласеност со легислативата на ЕУ, до денот од кога се применуваат. Овие промени ќе се развиваат и тестираат на тест околината на Договорниот орган, а по успешното тестирање ќе се имплементираат на продукциската околина;
• Изработка на нови, или измени и надградби на интерфејсите и веб сервисите кон Xxxxxxxx за обработка на царински декларации и акцизни документи (СОЦДАД), кои ќе се извршуваат по добиен налог од Договорниот орган;
• Инсталација на најнова верзија на CCN/CSI stack и потребни прилагодувања на постоечката комуникација на НКТС системот со CCN по добиен налог од Договорниот орган;
• Измени и прилагодување на постојниот начин на преземање на референтите податоци од новиот портал CS/RD 2 на DG TAXUD и нивно автоматизирано вчитување во базата на податоци на НКТС системот, што ќе биде имплементирано по добиен налог од Договорниот орган;
• Ургентни измени и надградби на интерфејсите, пакетите, процедурите и функциите кои ќе бидат побарани од Договорниот орган и прифатени од Носителот на набавката, а за подобрување на функционирањето и перформансите на системот.
За реализација на сите погоре наведени активности се предвидени не повеќе од 300 работни часа.
Сите погоре наведени активности од ,,Адаптивното одржување‘‘, за кои Понудувачот ќе добие налог од Договорниот орган, мора да ги реализира во целост и во рамките на вкупно предвидениот број на часови (не повеќе од 300 работни часа за сите активности), при што Носителот на набавката не може по истите да доставува посебни услови и ограничувања.
При поставувањето на решенијата на продукциска околина треба да се земе во предвид дека системот е во продукција 24/7 и затоа е потребно нивното поставување да се изврши со минимален прекин во работењето и во најкус можен рок и со максимална одговорност за сигурност, заштита и без губење на податоци.
2.3. ОБЕЗБЕДУВАЊЕ НА ОДРЖУВАЊЕ / ПОДДРШКА ЗА СОФТВЕРОТ XXXXX КОНВЕРТОР
Дел од предметот на набавка е и обезбедување на услуга за одржување/поддршка на конверторот која што ја обезбедува производителот XXXXX во времетраење од 1 (една) година.
За потребите на НКТС системот инсталирани се 2 (две) Xxxxx лиценци - Xxxxx AnyToAny XML Format Converter Engines, секоја за по 1 PLU Windows систем за Intel процесор до 2 cores, за кои Царинската управа имаше обезбедено годишна поддршка од Xxxxx.
Согласно горенаведеното, потребно е да се обезбеди продолжување на поддршката од Xxxxx за времетраење од 1 (една) година за двете Лиценци, во периодот на времетраење на договорот.
Бараното одржување да биде по стандардите и принципите за одржување на производителот XXXXX и со негова поддршка, а на начин што сите потребни формалности во врска со набавката на оваа услуга потребно е да бидат реализирани од страна на Носителот на набавката, а во согласност со Царинската управа, и навремено да бидат доставени до Царинската управа.
SLA документот да биде обезбеден на име на Царинската управа и доставен до назначените контакт лица од Царинската управа во рок од 14 работни дена, сметано од денот на потпишување на Договорот.
2.4. УСЛОВИ ЗА ИЗВРШУВАЊЕ НА АКТИВНОСТИТЕ ВО РАМКИ НА РЕАЛИЗАЦИЈАТА НА ДОГОВОРОТ
Подолу наведените услови за извршување на активностите во рамки на реализацијата на договорот претставуваат минимални побарувања и не можат да подлежат на измени.
- Во рок од 5 (пет) дена по потпишување на Договорот, ќе се одржи почетен состанок помеѓу контакт лица од Договорниот орган и експертите предложени од Носителот на набавката, на кој ќе бидат договорени и усогласени динамиката на реализација на активностите од договорот, како и сите дополнителни детали. Во рок од 10 (десет) дена по одржување на овој состанок заеднички ќе се договори и усогласи Акционен план за реализација на активностите од Договорот.
- Еднаш месечно, во заеднички договорен термин, ќе се одржува конференциски состанок помеѓу контакт лица од Договорниот орган и експертите предложени од Носителот на набавката. Состанокот ќе се одржува преку Skype или друг на начин кој ќе биде договорен меѓу двете страни. На состанокот ќе се разгледува напредокот во реализација на договорот. Времетраењето на конференцискиот состанок ќе изнесува не помалку од 60 минути, а не повеќе од 120 минути.
- Секоја измена на системот развиена од страна на Носителот на набавката, ќе биде развиена на тест околината на Договорниот орган. Изворниот код ќе биде зачуван во различни верзии и алатки кои се применуваат во Договорниот орган и кои ќе бидат доставени од Договорниот орган, во рок од 5 (пет) дена од моментот на потпишување на договорот. После спроведеното успешно тестирање, промената ќе се имплементира на продукциска околина, со можност на враќање на кодот доколку се појави проблем во функционирањето на НКТС системот.
- Сите активности кои Носителот на набавката ги извршува за времетраење на Договорот, ќе бидат извршени и имплементирани во координација или по добиен налог од назначеното контакт лице/лица од Договорниот орган.
- Носителот на набавката најдоцна до 15-ти секој месец поднесува Месечен извештај за претходниот месец, до назначеното контакт лице/лица од Договорниот орган, за сите направени и превземени активности во рамките на Договорот.
- Секоја инсталација на дополнителни измени или закрпи или развој на нови верзии на апликацијата, Носителот на набавката ќе ги доставува на одобрување до назначеното контакт лице/лица од Договорниот орган, вклучувајќи ја и документацијата која ќе биде отворена за уредување.
- На Носителот на набавката ќе му биде овозможен далечински пристап со цел да се овозможи интервенција од далечина за случаите кога експертот
не е локално присутен и/или не може самостојно да го реши проблемот. Далечинскиот пристап ќе се овозможи по потпишување на Договор за заштита на информации и далечински пристап помеѓу двете договорни страни и Изјава за тајност на податоци потпишана од страна на секој експерт кој ќе пристапува далечински.
Секој далечински пристап до системот е регулиран со поднесување на барање за далечински пристап од страна на Носителот на набавката со наведена причина за поврзувањето и интервенцијата и по завршениот далечински пристап Носителот на набавката е должен да достави извештај за направената интервенција за време на пристапот.
- Тестирањето на направените промени на системот, експертот на Носителот на набавката може да ги извршува далечински или да биде присутен во просториите на Договорниот орган. За секое тестирање експертот на Носителот на набавката ќе направи ревизија и опсервација на извршените тестови. Исто така ќе биде задолжен за извршување на тестови соодветни на последната верзија (RFC) од тестовите за усогласување на НКТС, согласно регулативата на DG TAXUD.
- Носителот на набавката до назначеното контакт лице/лица од Договорниот орган, 30 (триесет) дена пред истекот на Договорот, треба да достави документација за секоја измена на системот, софтверскиот дизајн, изворниот код, дизајнот на базата на податоци и останати документи кои се однесуваат на структурата на базата согласно барањата на Договорниот орган.
- Носителот на набавката, треба да го обезбеди следново:
o Период на интервенција за техничките проблеми, во рамките на превентивното одржување: При појава на прекин во функционирањето на НКТС, Носителот на набавката интервенцијата ќе ја започне најдоцна за 2 (два) часа и ќе ја реши во рок од најмногу 48 часа. Во случај проблемот да не се реши во овој рок, а во зависност од проблемот и дефинираните приоритети, Договорниот орган може да му даде дополнителен рок на Носителот на набавката. По истекот и на овој рок се активира гаранцијата за квалитетно извршување на договорот.
o Период за постапување по барањата на Договорниот орган, во рамките на превентивното одржување: При доставено барање по електронска пошта од страна на назначеното контакт лице/лица од Договорниот орган, Носителот на набавката активноста ќе ја започне најдоцна за 4 (четири) работни часа и ќе го имплементира барањето во рок од најмногу 40 работни часа. Во случај барањето да не се имплементира во овој рок, а во зависност од проблемот и дефинираните приоритети, Договорниот орган може да му даде дополнителен рок на Носителот на набавката. По истекот и на овој рок се активира гаранцијата за квалитетно извршување на договорот.
o По добиен налог/барање од Царинската управа, во рамките на адаптивното одржување, треба да подготви Спецификација за потребните промени во системот, со План за имплементација на истите, со рокови на испорака и потребни часови за изработка. Спецификацијата ќе се одобрува од назначеното контакт лице/лица. Реализацијата на активностите треба да биде во согласност со План за имплементација на адаптивните промени. Во случај некоја од потребните промени во системот да не се реализира во согласност со роковите дефинирани во договорената Спецификација и План за имплементација, Договорниот орган може да му даде дополнителен рок на Носителот на набавката. По истекот и на овој рок се активира гаранцијата за квалитетно извршување на договорот.
o Дополнителни или повторни интервенции и имплементации на барањата на Договорниот орган, кои веќе еднаш биле евидентирани и доставени во форма на барање по електронска пошта или налог, Носителот на набавката е должен да ги разреши без никаков дополнителен трошок за Договорниот орган .
o Носителот на набавката е должен да обезбеди и во понудата да вклучи гарантен период од 6 (шест) месеци за секоја извршена активност наведена во точка 2.1. Превентивно одржување и точка 2.2. Адаптивно одржување. Гарантниот период започнува да тече од моментот на завршување / имплементација на активноста. Носителот на набавката е должен да обезбеди гаранција за гарантен период во висина од 10% од вкупната вредност (со вклучен ДДВ) на испорачаните услуги на адаптивно одржување и/или месечниот паушал за превентивно одржување.
Во текот на гарантниот период Носителот на набавката ќе ги отстранува без дополнителни трошоци за Договорниот орган, сите дефекти поврзани со:
▪ воочени функционални недостатоци на НКТС, кои се сметаат
за отстапување од потребните правила и услови дефинирани од DG TAXUD,
▪ сите технички недостатоци кои предизвикуваат застој во
работата или недостапност на одредени функционалности на НКТС,
▪ сите недостатоци или разлики помеѓу функционалноста или
техничките карактеристики на НКТС и документацијата која била испорачана за дефинирање на соодветните карактеристики на НКТС, и потребата од ургентни измени и доработки на постоечките функционалности на НКТС, предизвикани поради промена на законската регулатива.
- Со цел успешна реализација на предметот на јавната набавка, Договорниот орган ќе го овозможи следното:
o Во рок од 5 (пет) работни дена од склучување на Договорoт, Договорниот орган ќе назначи контакт лице/лица и за истото ќе го извести Носителот на набавката. Назначеното контакт лице/лица ќе ја следи реализацијата на договорот и целокупната комуникација помеѓу Договорниот орган и Носителот на набавката ќе се одвива преку него.
o Достава на изворниот код, комплетна техничка документација, како и сите неопходни ресурси и документи до Носителот на набавката со цел да му овозможи извршување и разрешување на сите проблеми.
o Тестирање на новите верзии на НКТС.
o Доколку е потребно, примена на безбедносните ревизии понудени од Носителот на набавката на самиот систем.
o Да овозможи далечински пристап на Носителот на набавката со претходно регулиран пристап со Договор за заштита на информации и далечински пристап помеѓу двете договорни страни.
ЛИСТА НА ВРАБОТЕНИ ВО ____________ ____________
СО ПРАВО НА ПРИСТАП ДО ИНФОРМАЦИСКИОТ СИСТЕМ НА ЦАРИНСКАТА УПРАВА
Име и презиме | ЕМБГ | Функција |
... | ... | |
... | ... | |
... | ... | |
... | ... | |
... | ... | |
... | ... |
Потпис Име и презиме
______ ______
ИЗЈАВА ЗА ТАЈНОСТ НА ИНФОРМАЦИИ
Име и презиме: ______________________________
Единствен матичен број: ____ _______________________
Изјавувам дека сум запознаен/а со содржината на Договорот за заштита на информации и далечински пристап во Системот _, склучен помеѓу Царинска управа и _ на _ година, а особено со правата, обврските и одговорностите кои ги имам согласно истиот и изјавувам дека ги прифаќам сите одредби од овој Договор.
Со потпишување на оваа изјава се обврзувам дека сите информации до кои ќе имам пристап и увид:
• ќе ги користам исклучиво за потребите на одржување, ажурирање и надградба на информациониот систем,
• ќе ги чувам и заштитувам како доверливи податоци,
• нема да ги отуѓувам на трети лица.
Потпис Име и презиме
_______ ______
Датум:
Место:
БАРАЊЕ ЗА ПРИСТАП
до Системот
1. Број | 2. Датум | ||
3. Основ за поднесување на барањето | Договор за склучен помеѓу Царинската управа и , (бр. од ) | ||
4. Податоци за лицето кое треба да пристапи (име и презиме, корисничко име доделено за далечински пристап) | |||
5. Период на пристапување до системот (временски интервал и датум) | |||
6. Причина за поднесување на барањето (опис на активностите кои ќе се извршуваат за време на пристапот и причината зошто се преземаат) | |||
7. Барател | |||
8. Одобрено | да не Коментар: Одобрил: | ||
да не Коментар: Одобрил: |
Напомена:
- Полињата број 1, 2, 3, 4, 5, 6 и 7 ги пополнува лицето на кое согласно наведениот договор во поле 1 му е доделено право на далечински пристап
- Полето број 8 го пополнуваат овластени лица од Царинската управа
ИЗВЕШТАЈ ПО ОСТВАРЕН ПРИСТАП
до Системот
9. Пристап остварен согласно | Барање број |
Датум | |
10. Период во кој се остварил пристапот во системот (точно време на пристап – најава и одјава ) | |
11. Лице кое пристапило (име и презиме, корисничко име доделено за далечински пристап) | |
12. Извештај за остварен пристап (детален опис на извршени активности и причина за преземање на истите, проблеми при извршувањето на активностите, направени промени/надградба на системот, потенцијални проблеми во иднина и сл.) | |
13. Подносител на извештајот (име, презиме и потпис) | |
14. Датум на доставување на извештајот |
IV. ОБРАЗЕЦ НА ПОНУДА
[меморандум на понудувачот] - опционално
Врз основа на огласот број 25/2017 објавен од страна на Царинска управа на Република Македонија, за доделување на договор за јавна набавка на
,,Одржување и развој на НКТС (НЦТС)‘‘, со спроведување на отворена постапка со електронска аукција преку Електронскиот систем за јавни набавки (ЕСЈН), и на тендерската документација која ја презедовме преку ЕСЈН (xxxxx://xxx.x-xxxxxxx. xxx.xx), ја поднесуваме следнава:
П О Н У Д А
IV.1. ОПШТ ДЕЛ
IV.1.1. Име на понудувачот: _
IV.1.2. Контакт информации:
- Адреса:
- Телефон:
- Факс:
- Е-пошта: _
- Лице за контакт:
IV.1.3. Одговорно лице:
IV.1.4. Лице овластено од одговорното лице: _
(се пополнува само доколку понудата ја потпишува лице овластено од одговорното лице, со приложено овластување)
IV.1.5. Даночен број:
IV.1.6. Матичен број:
IV.1.7. Нашата понудата е составена од следниве делови:
- Пополнет образец на Понуда составена од ОПШТ ДЕЛ и ТЕХНИЧКА И ФИНАНСИСКА ПОНУДА
- Договор за групна понуда (само во случај на групна понуда се доставува заедно со понудата),
- Документи за утврдување на личната состојба наведени во тендерската документација;
- Документ за утврдување на способноста за вршење на професионална дејност наведен во тендерската документација;
- Докази за исполнување на техничката или професионалната способност наведени во тендерската документација;
- Доказ за утврдување на стандардите за системи за квалитет наведен во тендерската документација;
- Изјава за сериозност на понудата;
- Изјава за независна понуда понуда (во случај на групна понуда, секој член на групата на понудувачи ја поднесува изјавата за независна понуда за својот субјект/правно лице, односно самостојно);
- Пополнет образец за општи информации (во случај на групна понуда образецот со општи информации се пополнува за секој член на групата на економски оператори);
- Пополнет образец на листа на доверливи информации (ако нема доверливи информации, образецот не мора да се доставува),
IV.2. ТЕХНИЧКА И ФИНАНСИСКА ПОНУДА
IV.2.1. Согласни сме да ги понудиме услугите-предмет на договорот за јавна набавка со цените дефинирани во следнава Листа:
Листа
1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 |
Реден број | Назив на услуги | Единица мерка | Количина | Единечна цена без ДДВ во денари | Вкупна цена без ДДВ во денари (4х5) | ДДВ во денари |
1. | Превентивно одржување, согласно техничка спецификација | месечен паушал | 12 | |||
2. | Адаптивно одржување по налог, согласно техничка спецификација | работен час | 300 | |||
3. | Обезбедување на одржување/поддршка за софтверот Xxxxx конвертор, согласно техничка спецификација | паушал | 1 | |||
Вкупна цена без ДДВ (со бројки): | ||||||
Вкупно ДДВ (со бројки): |
IV.2.1. Според тоа, вкупната цена на понудата, вклучувајќи ги сите трошоци и попуст без ДДВ, изразена во денари изнесува: (со бројки),
(со букви). Вкупниот износ на ДДВ изнесува (со бројки).
(со букви).
IV.2.3. Изјавуваме дека имаме намера дел од договорот да го отстапиме на подизведувач/и, и тоа:*
- следниот дел од договорот:
- на следниот/те подизведувач/и (фирма, седиште, единствен даночен број и слично):
_
* (Податоците мора да бидат наведени само доколку понудувачот има намера дел од договорот за јавна набавка да го отстапи на еден или повеќе подизведувачи)
IV.2.4. Изјавуваме дека ги почитуваме законите за заштита на интелектуалната сопственост.
IV.2.5. Со поднесување на оваа понуда, во целост ги прифаќаме условите предвидени во огласот и тендерската документација и не го оспоруваме Вашето право да ја поништите постапката за доделување на договор за јавна набавка, согласно со член 169 од Законот за јавните набавки.
Место и датум Одговорно лице
(потпис) *
*Овој образец не се потпишува своерачно, туку исклучиво електронски со прикачување на валиден дигитален сертификат чиј носител е одговорното лице или лице овластено од него.
V. ИЗЈАВА ЗА СЕРИОЗНОСТ НА ПОНУДАТА
И З Ј А В А
Xxx, долупотпишаниот _ [име и презиме] врз основа на член 47 став 1 од Законот за јавните набавки, а во својство на одговорно лице на понудувачот
изјавувам дека во целост ја гарантирам содржината на понудата и дека понудата е xxxxxxx и правно обврзувачка за нас во сите нејзини делови до истекот на периодот на нејзината важност.
Исто така, изјавувам дека сум целосно свесен со последиците од прекршување на оваа изјава во случаите од член 47 став 6 од Законот за јавните набавки, што ќе доведе до издавање на негативна референца од страна на договорниот орган против понудувачот во чие име и за чија сметка сум овластен да ја дадам оваа изјава.
Место и датум Одговорно лице
_
(потпис) *
*Овој образец не се потпишува своерачно, туку исклучиво електронски со прикачување на валиден дигитален сертификат чиј носител е одговорното лице или лице овластено од него.
VI. ИЗЈАВА ЗА НЕЗАВИСНА ПОНУДА (во случај на групна понуда, секој член на групата на понудувачи ја поднесува изјавата за независна понуда за својот субјект/правно лице, односно самостојно)
И З Ј А В А
Јас, долупотпишаниот* _ _ [име и презиме], врз основа на член 129 став 2 од Законот за јавните набавки, а во својство на одговорно лице на понудувачот
, под целосна материјална и кривична одговорност изјавувам дека понудата во отворената постапка за доделување на договор за јавна набавка на ,,Одржување и развој на НКТС (НЦТС)‘‘, по оглас бр. 25/2017 ја поднесувам независно, без договор со други економски оператори на начин кој не е спротивен на прописите за заштита на конкуренцијата.
Истовремено, под целосна материјална и кривична одговорност изјавувам дека при доставувањето на понудата за постапката по оглас бр.25/2017 не учествувам со други економски оператори со кои сум капитално, сопственички или роднински поврзан.
Исто така, изјавувам дека сум целосно свесен за последиците од давање на невистинити наводи во изјавата, што ќе доведе до поведување на соодветна постапка против понудувачот во чие име и за чија сметка сум овластен да ја дадам оваа изјава.
Место и датум
_
Одговорно лице
_ (потпис)**
*Изјавата за независна понуда не може да гласи на ниту едно друго лице освен на одговорното лице.
** Овој образец се потпишува електронски со прикачување на валиден дигитален сертификат чиј носител е одговорното лице. Доколку образецот е потпишан од лице овластено за дигитално потпишување, тогаш истиот задолжително треба да е своерачно потпишан од одговорното лице, скениран и на таков формат да биде аплициран дигитален потпис.
Напомена: во случај на групна понуда, доколку членовите на групата не поседуваат дигитален сертификат, образецот може да биде своерачно потпишан и доставен во скенирана електронска форма.
VII. Образец за ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ (во случај на групна понуда, образецот со општи информации се пополнува за секој член на групата на економски оператори)
1. Назив на економскиот оператор/ член на група економски оператори: | |
2. Адреса на седиштето: | |
3. Телефон: | 4. Контакт: |
5. Факс: | 6. e-mail: |
7. Место на основањето/ регистрацијата: | 8. Година на основањето / регистрацијата: |
9. Основни дејности на економскиот оператор: |
Место и датум
Одговорно лице
_ (потпис) *
*Овој образец не се потпишува своерачно, туку исклучиво електронски со прикачување на валиден дигитален сертификат чиј носител е одговорното лице или лице овластено од него.
Напомена: во случај на групна понуда, доколку членовите на групата не поседуваат дигитален сертификат, образецот може да биде своерачно потпишан и доставен во скенирана електронска форма.
VIII. Образец на ЛИСТА НА ДОВЕРЛИВИ ИНФОРМАЦИИ (ако нема доверливи информации, образецот не мора да се доставува)
Временски | |||
Бројот на | Причини за | период во кој | |
Информации кои се | страниците | доверливост | тие |
доверливи | со тие | на тие | информации |
информации, | информации | ќе бидат | |
доверливи | |||
Место и датум Одговорно лице
(потпис) *
*Овој образец не се потпишува своерачно, туку исклучиво електронски со прикачување на валиден дигитален сертификат чиј носител е одговорното лице или лице овластено од него.
IX. Образец на ИЗЈАВА ЗА РАСПОЛОЖИВОСТ со листа на целиот технички персонал со кој располага економскот оператор
Јас, долупотпишаниот* _ [име и презиме] во својство на одговорно лице на понудувачот
изјавувам дека техничкиот персонал, доставен во табелата подолу, ќе биде задолжен за реализација на услугите - предмет на набавката и постојано ќе биде достапен на Царинската Управа, а по потреба и физички присутен во просториите на Царинската Управа, во текот на времетраење на Договорот.
Р.бр. | Име и презиме | Профил** | Вработен/ Ангажиран |
1 | |||
2 | |||
3 | |||
4 | |||
5 | |||
6 | |||
7 | |||
8 | |||
9 | |||
10 | |||
11 | |||
12 | |||
13 | |||
14 |
Место и датум Одговорно лице
_
(потпис) ***
* Изјавата не може да гласи на ниту едно друго лице освен на одговорното лице.
** Се пополнува профилот на експертот те програмер, систем инженер, ИТ бизнис аналитичар или дополнителен персонал
*** Овој образец се потпишува електронски со прикачување на валиден дигитален сертификат чиј носител е одговорното лице. Доколку образецот е потпишан од лице овластено за дигитално потпишување, тогаш истиот задолжително треба да е своерачно потпишан од одговорното лице, скениран и на таков формат да биде аплициран дигитален потпис.
Напомена: во случај на групна понуда, доколку членовите на групата не поседуваат дигитален сертификат, образецот може да биде своерачно потпишан и доставен во скенирана електронска форма.
X. Образец на ИЗЈАВА НА АНГАЖИРАНО ЛИЦЕ ЗА РАСПОЛОЖИВОСТ
Јас, долупотпишаниот _ [име и презиме] изјавувам дека му се ставам на располагање на понудувачот
за реализација на услугите - предмет на набавката во текот на времетраење на Договорот.
Место и датум Ангажирано лице
(потпис) *
*Овој образец задолжително треба да е своерачно потпишан од ангажираното лице, скениран и на таков формат да биде аплициран дигитален потпис со прикачување на валиден дигитален сертификат чиј носител е одговорното лице на понудувачот или лице овластено од него
Напомена: За секое лице кое се ангажира за извршување на предметниот договор, а не е вработен кај понудувачот, се пополнува посебен образец
XI. Образец на ПРОФЕСИОНАЛНА БИОГРАФИЈА (CV) на лицeто вработено/ангажиранo како експерт (програмер, систем инженер, ИТ бизнис аналитичар) од економскиот оператор / групата економски оператори за предметот на набавка**
1. Економски оператор / група економски оператори | |||
2. Назив на функција / област за која се ангажира лицето | |||
3. Име на лицето | 4. Датум на раѓање | ||
5. Професионални квалификации и вештини: | |||
6. Моментално вработување | Име и адреса на работодавач | ||
Телефон | Раководно лице за контакт | ||
Факс | |||
Период поминат кај работодавачот | |||
Позиција и работни задачи на лицето |
Преглед на општо професионалното искуство, со посебно назначување на проектите, времетраењето и улогата/обврските на експертот во тие проекти, а со цел потврдување на потребните квалификации, вештини и искуство:
Период од – до (дд/мм/гггг) | Компанија, проект и улогата/обврските на експертот во тие проекти |
Преглед на дополнително професионалното искуство ( само за ИТ бизнис аналитичар), со посебно назначување на проектите, времетраењето и улогата/обврските на експертот во тие проекти, а со цел потврдување на потребните квалификации, вештини и искуство.
Период од – до (дд/мм/гггг) | Компанија, проект и улогата/обврските на експертот во тие проекти |
Вработено /ангажирано лице-експерт Одговорно лице
(потпис) * (потпис) *
*Овој образец задолжително треба да е своерачно потпишан од вработеното/ангажираното лице-експерт, скениран и на таков формат да биде аплициран дигитален потпис со прикачување на валиден дигитален сертификат чиј носител е одговорното лице на понудувачот или лице овластено од него
**За секој експерт се пополнува посебен образец
XI. Образец на ИЗЈАВА ЗА ТЕХНИЧКА ОПРЕМЕНОСТ
Јас, долупотпишаниот* _ [име и презиме] во својство на одговорно лице на понудувачот
изјавувам дека имаме воспоставена техничка опременост и оспособеност за:
- извршување на 24/7 превентивна поддршка, и
- обезбедување на квалитет на предметните услуги за превентивно одржување.
Место и датум Одговорно лице
_
(потпис) **
* Изјавата не може да гласи на ниту едно друго лице освен на одговорното лице.
** Овој образец се потпишува електронски со прикачување на валиден дигитален сертификат чиј носител е одговорното лице. Доколку образецот е потпишан од лице овластено за дигитално потпишување, тогаш истиот задолжително треба да е своерачно потпишан од одговорното лице, скениран и на таков формат да биде аплициран дигитален потпис.
Напомена: во случај на групна понуда, доколку членовите на групата не поседуваат дигитален сертификат, образецот може да биде своерачно потпишан и доставен во скенирана електронска форма.