ВЕ МОЛИМЕ ВНИМАТЕЛНО ПРОЧИТАЈТЕ ГО ОВОЈ ДОКУМЕНТ ПРЕД ДА ГО ИНСТАЛИРАТЕ ИЛИ КОРИСТИТЕ СОФТВЕРOT. ОВОЈ ДОГОВОР СОДРЖИ ОДРЕДБИ КОИ ЈА ОГРАНИЧУВААТ ИЛИ ИСКЛУЧУВААТ ОДГОВОРНОСТА НА РИМ КОН ВАС И ТАКВИ КОИ НА ДРУГ НАЧИН ИМААТ ВЛИЈАНИЕ НА ВАШИТЕ ПРАВА. ВО...
ДОГОВОР ЗА ЛИЦЕНЦА ЗА БЛЕКБЕРИ РЕШЕНИЕ
ВЕ МОЛИМЕ ВНИМАТЕЛНО ПРОЧИТАЈТЕ ГО ОВОЈ ДОКУМЕНТ ПРЕД ДА ГО ИНСТАЛИРАТЕ ИЛИ КОРИСТИТЕ СОФТВЕРOT. ОВОЈ ДОГОВОР СОДРЖИ ОДРЕДБИ КОИ ЈА ОГРАНИЧУВААТ ИЛИ ИСКЛУЧУВААТ ОДГОВОРНОСТА НА РИМ КОН ВАС И ТАКВИ КОИ НА ДРУГ НАЧИН ИМААТ ВЛИЈАНИЕ НА ВАШИТЕ ПРАВА. ВО ЗАВИСНОСТ НА ВАШАТА ЈУРИСДИКЦИЈА, ОВОЈ ДОГОВОР, ИСТО ТАКА, МОЖЕ ДА БАРА ОД ВАС ДА КОРИСТИТЕ АРБИТРАЖА НА ИНДИВИДУАЛНА ОСНОВА ЗА РЕШАВАЊЕТО НА СПОРОВИТЕ, НАМЕСТО ИСТИТЕ ДА СЕ РЕШАВААТ ПО СУДСКИ ПАТ ИЛИ ПРЕКУ ТУЖБИ НА ГРУПА ПОТРОШУВАЧИ. ОВОЈ ДОГОВОР НЕМА ВЛИЈАНИЕ НА XXXXXX ЗАДОЛЖИТЕЛНИ ЗАКОНСКИ ПРАВА ПРИМЕНЛИВИ ВО ВАШАТА ЈУРИСДИКЦИЈА ДОКОЛКУ ИМАТЕ ПРАВО НА ТАКВИ ЗАДОЛЖИТЕЛНИ ЗАКОНСКИ ПРАВА.
Овој "Договор за лиценца за БлекБери Решение" (во понатамошниот текст: "Договор"), е правен договор меѓу Вас, како физичко лице, ако се согласувате со него во Ваше сопствено име, или, ако сте овластени да го набавите Софтверот (како што е дфинирано подолу) во име на вашата фирма или на друго правно лице, меѓу лицето во чија корист настапувате (и во двата случаја во понатамошниот текст: "Вие") и Research In Motion UK Limited, Company No. 4022422 ("РИМ") чие седиште е на 000 Xxxx Xxxx, Xxxxxx, Xxxxxxxxx, Xxxxxx Xxxxxxx SL1 3XE/1 (во понатамошниот текст: заедно "Страни", индивидуално "Страна"). Во поглед на лиценцата и дистрибуцијата на Софтверот (како што е подолу дефинирано) РИМ означува Research in Motion E-Commerce, Inc. / Research in Motion E- Commerce S.a.r.l. (“RIME”) или друга РИМ филијала која е идентификувана како дистрибутер на понуди во вашата јурисдикција на xxxx://xxx.xxxxxxxxxx.xxx/xxxxx/xxxx (“RIME”). Доколку користите софтвер поврзан со Рачен Производ било за лична потреба или за потребите на вашата компанија или друг субјект освен „вие“ ќе значи дека Вие во ваш личен капацитет за некои софтверски продукти и сервиси на РИМ (пр. Доколку компанијата за која работите ве овластила да влезете во овој договор во однос на вашето користење на BlackBerry Enterprise Server (“BES”) email сметка и BlackBerry апликации за менаџирање на лични информации (PIM апликации), меѓутоа не е авторизирање и преземање одговорност за вашата употреба на друг софтвер и сервиси, како штое е Windows Live Messenger client Software or a RIME Store, во тој случај „Вие“ ја означува вашата компанија за BES email сметка и PIM апликации, и
„Вие“ значи дека вие лично во врска со вашата употреба на Windows Live Messenger client Software и RIMЕ продавницата). Со оглед на лицентата и дистрибуцијата на софтверот, РИМ е или директен или индиректен сопственик на лиценца на: (a) Research in Motion Ltd („РИМ Канада“) или кој било еден или повеќе од неговите филијали и партнери (кои филијали и партнери заедно со РИМ Канада во понатамошниот текст на овој
Договор се „РИМ групација на компании“/„Групација РИМ“); или (б) трето лице како обезбедувач на лиценца на која и да е компанија од РИМ групацијатана компании, вклучувајќи ја и РИМ.
СО КЛИКАЊЕТО НА КОПЧЕТО ПОДОЛУ ИЛИ СО ИНСТАЛИРАЊЕ, АКТИВИРАЊЕ ИЛИ КОРИСТЕЊЕ НА СОФТВЕРОТ, ВИЕ СЕ СОГЛАСУВАТЕ ДА БИДЕТЕ ОБВРЗАНИ СО ОДРЕДБИТЕ И УСЛОВИТЕ НА ОВОЈ ДОГОВОР. ДОКОЛКУ ИМАТЕ БИЛО КАКВИ ПРАШАЊА ИЛИ ГРИЖИ ВО ВРСКА СО ОДРЕДБИТЕ НА ОВОЈ ДОГОВОР, ВЕ МОЛИМЕ КОНТАКТИРАЈТЕ СО РИМ НА XXXXXXXXX@XXX.XXX.
ОВОЈ ДОГОВОР ГИ ЗАМЕНУВА И УКИНУВА ПРЕТХОДНО БИЛО КОИ ПРЕТХОДНО ПОСТОЕЧКИ БЛЕКБЕРИ ДОГОВОРИ ЗА КРАЈНИ КОРИСНИЦИ/ЛИЦЕНЦА ЗА СОФТВЕР И БЛЕКБЕРИ ДОГОВОРИ ЗА ЛИЦЕНЦА ЗА СЕРВЕРСКИ СОФТВЕР, КАКО И СЕКОЈ ДОГОВОР ЗА ЛИЦЕНЦА ЗА БЛЕКБЕРИ СОФТВЕР ИЛИ ДОГОВОР ЗА ЛИЦЕНЦА ЗА БЛЕКБЕРИ СОФВЕР, ДО СТЕПЕН ДА ТАКВИТЕ ДОГОВОРИ СЕ НА ДРУГ НАЧИН ПРИМЕНЛИВИ, ОД ДАТУМОТ НА ВАШАТА СОГЛАСНОСТ СО УСЛОВИТЕ НА ОВОЈ ДОГОВОР, ЗА БИЛО КОЈ СОФТВЕР КОЈ Е ДЕЛ ОД ОД ВАШЕТО БЛЕКБЕРИ РЕШЕНИЕ (ЗА ПОВЕЌЕ ИНФОРМАЦИИ ВИДЕТЕ ПОД ДЕЛОТ НАСЛОВЕН „СОЕДИНУВАЊЕ НА ДОГОВОРИТЕ“ (ДЕЛ 30)) .
Враќање.
ДОКОЛКУ, ПРЕД ПРВАТА ИНСТАНЦА ВО КОЈА ВИЕ ГО ИНСТАЛИРАТЕ, АКТИВИРАТЕ ИЛИ ГО УПОТРЕБИТЕ ПРВИОТ ПРОИЗВОД ОД СОФТВЕРОТ, ЛИЦЕНЦИРАН СО ОВОЈ ДОГОВОР, ОДЛУЧИТЕ ДЕКА НЕ САКАТЕ ДА СЕ СОГЛАСИТЕ СО ОДРЕДБИТЕ НА ОВОЈ ДОГОВОР, ВИЕ НЕМАТЕ ПРАВО ДА КОРИСТИТЕ БИЛО КОЈ СОФТВЕР И ТРЕБА: (А) ВЕДНАШ ДА ГО ВРАТИТЕ СОФТВЕРОТ НА РИМ, ДА ГО ИЗБРИШЕТЕ, ИЛИ ДА ГО ОНЕСПОСОБИТЕ; (Б) АКО ИМАТЕ КУПЕНО ПРОИЗВОД НА РИМ НА КОЈ ОВОЈ СОФТВЕР Е ОДНАПРЕД ИНСТАЛИРАН ОД ИЛИ ВО ИМЕ НА РИМ, ВЕДНАШ ДА ГО ВРАТИТЕ ПРОИЗВОДОТ И ПРИДРУЖНИОТ СОФТВЕР И АРТИКЛИ (ВКЛУЧУВАЈЌИ ЈА ДОКУМЕНТАЦИЈАТА И АМБАЛАЖАТА) НАЗАД НА РИМ ИЛИ НА ОВЛАСТЕНИОТ ДИСТРИБУТЕР НА РИМ ОД КОГО СТЕ ГО НАБАВИЛЕ ПРОИЗВОДОТ НА РИМ И ПРИДРУЖНИОТ СОФТВЕР И АРТИКЛИ; ИЛИ (В) АКО ИМАТЕ КУПЕНО ПРЕНОСЕН ПРОИЗВОД ОД ТРЕТО ЛИЦЕ НА КОЈ СОФТВЕРОТ Е ВЕЌЕ ОДНАПРЕД ИНСТАЛИРАН ОД ИЛИ ВО ИМЕ НА РИМ, ВЕДНАШ ДОГОВОРЕТЕ ИЛИ СО РИМ ИЛИ СО ОВЛАСТЕНИОТ ДИСТРИБУТЕР НА РИМ ОД КОЈ СТЕ ГО КУПИЛЕ ПРОИЗВОДОТ ОД ТРЕТО ЛИЦЕ И ПРИДРУЖНИОТ СОФТВЕР И АРТИКЛИ ДА СЕ
ОНЕСПОСОБИ СОФТВЕРОТ. Доколку, во гореопишаните околности, Вие сте платиле за софтверот и/или за производот на РИМ кој сте го набавиле со таков Софтвер и не можете да го користите производот на РИМ без Софтверот, доколку го доставите на РИМ или на овластениот дистрибутер на РИМ од кој сте го купиле софтверот за РИМ производи со Вашиот доказ
за купувањето во рок од 30 (триесет) дена од датумот на кој сте го купиле Софтверот, РИМ или овластениот дистрибутер ќе Ви ја вратат сумата (доколку постои) која сте ја платиле за овие артикли. За да добиете поврат на средствата за Софтвер инсталиран на преносни производи од трето лице (имајте во предвид дека, сепак, Софтверот на некои преносни производ(и) од трети лица е обезбеден бесплатнo, па поради тоа можеби нема да има никаква сума за поврат) Ве молиме контактирајте со Вашиот овластен дистрибутер на Софтверот за тој преносен производ од трето лице. Доколку, во гореопишаните околности, Вие не можете да добиете поврат на средствата за Софтверот од овластен дистрибутер, Ве молиме контактирајте со РИМ на xxxxxxxxx@xxx.xxx.
1. Дефиниции. Доколку контекстот не изискува поинаку, следните термини ги имаат подолу воспоставените значења (и онаму кадешто контекстот го дозволува тоа, еднината ќе ја вклучува и множината и обратно).
"Услуга на поврзување" означува услуги на глобална безжична мрежа, други мрежни услуги (вклучувајќи безжична локална мрежа (WLAN), сателитски и интернет услуги) и кои и да било други услуги кои ги пружаат вашиот(те) Обезбедувач(и) на услуга на поврзување, за користење во комбинација со Вашето БлекБери Решение.
"Обезбедувач на услуга на поврзување" означува правно лице кое обезбедува услуги поврзување.
"Овластени Корисници" означува кој и да било од следните лица на кои Вие им имате дадено дозвола да го користат Софтверот како дел од Вашето БлекБери Решение: (а) кои и да било од Вашите вработени, консултанти или независни договарачи; (б) кој и да било пријател или член на семејството, или која и да било личност која престојува во Вашите деловни простории; и (в) која и да било личност која РИМ на писмено ќе ја овласти. Без оглед на претходно наведеното овој Договор не го пренесува автоматското право Вашиот БлекБери серверски софтвер да биде хостиран од трето лице. Но, доколку сакате да направите така, Ве молиме контактирајте со РИМ на: xxxxxxxxx@xxx.xxx.
"БлекБери пренослив производ", исто така познат и како "БлекБери уред", означува уред произведен од или во име на РИМ, вклучувајќи кој и да било даден "Смарт" телефон, читач на "Смарт" картички, таблет или БлекБери презентер, како и кој и да било друг уред кој од страна на РИМ на веб сајтот xxxx://xxx.xxxxxxxxxx.xxx/xxxxx/xxxxxxxxxxxxxxxxx_xxx_xxxxx е изрично идентификуван како БлекБери пренослив производ.
"БлекБери пренослив софтвер" означува лиценциран софтвер на РИМ (кој се состои од РИМ лиценциран: софтвер, хардвер, интерфејси и без разлика дали тие технички се сметаат или не за софтверски код; како и компоненти од Трета страна), или кој и да било дел од него, наменет за употреба на Пренослив производ: (а) инсталиран на Преносливите производи каков што е оригинално испратен од РИМ; или (б) пренесен, дистрибуиран или на друг начин Ви е од време на време направен достапен од страна на или во името на РИМ за користење на Вашиот Пренослив производ било директно или преку РИМЕ Продавницата. Примери на БлекБери пренослив софтвер го вклучуваат РИМ лиценцираниот оперативен системски софтвер и РИМ лиценцираните апликации кои се однапред инсталирани на еден БлекБери пренослив производ или се достапни преку РИМЕ кој е пренесен, дистрибуиран или на друг начин е од време на време направен достапен од страна на или во името на РИМЕ Продавницата, и било кој РИМ лиценциран софтвер пренесуван, дистрибуиранили на друг начин достапен од страна на, или во име на РИМ од време на време специјално за користење на Преносливи производи од Трети лица.
„Блекбери сервис за плаќање“ е комерцијална платежна инфраструктура на РИМ која овозможува купување на производи In- App производи и други дигитални производи и сервиси преку РИМЕ Продавницата.
"БлекБери софтвер за персонални компјутери (РС-а)" означува лиценциран софтвер на РИМ (кој се состои од лиценциран софтвер, интерфејси и други податоци, без разлика дали тие технички се сметаат или не за софтверски код; како и компоненти од Трето лице), или кој и да било дел од нив, наменет за употреба како дел од едно БлекБери Решение и само за користење или пристап на персонален компјутер од страна на само еден краен корисник во било кое дадено време. Пример на БлекБери софтвер за РС-а е "БлекБери десктоп софтвер", кој може да се користи за обезбедување и одржување на синхронизација меѓу Вашиот Пренослив производ и Вашиот персонален компјутер и кој овозможува и други функции за управување на десктоп.
"БлекБери про-кориснички услуги" се РИМ услуги кои се наменети за и се нудат од РИМ со цел да обезбедат за корисниците на РИМ одредени функции овозможени од лиценцираниот серверски софтвер на Блекбери без да мораат клиентите на РИМ да го набават серверскиот софтвер. Пример за БлекБери про- корисничките услуги е "БлекБери интернет услуга" на РИМ, која им овозможува на претплатниците да: (а) интегрираат одредени ISP или други E-mail акаунти од Трети лица за испорака до Вашиот Пренослив производ заснована на "push" методата/технологијата; (б) креираат E-mail адреса која потекнува од Вашиот Пренослив
производ; и (в) пристапат до одредени интернет содржини и услуги. Сите или некои од БлекБери про-корисничките услуги може да не бидат поддржани од Вашиот Обезбедувач на услуга на поврзување. Ве молиме проверете со Вашиот Обезбедувач на услуга на поврзување за тоа дали одредена услуга е на располагање.
"БлекБери серверски софтвер" означува РИМ лиценциран серверски софтвер (кој се состои од лиценциран РИМ: софтвер, интерфејси кои може технички да бидат или не сметани за софтверски код, вклучувајќи го идентификаторот на "server routing protocol" (SRP ID), SRP клуч за потврдување на автентичностa, како и кој и да било друг идентификатор кој РИМ го обезбедува за употреба со одреден примерок на серверскиот софтвер; како и компоненти од Трета страна), или дел од него, од кој еден единствен примерок е наменет да биде инсталиран на компјутер и до него да пристапуваат повеќекратен број на Преносливи производи или персонални компјутери применливи во било кој ист временски момент. Примери за БлекБери серверски софтвер го вклучуваат производот "БлекБери сервер за фирми", кој е наменет да се интегрира со и да обезбеди врска меѓу одредени апликативни сервери за компании (како на пример E-mail серверите) и Преносливите производи кои се одредени да работат со софтверот "БлекБери сервер за фирми", како и софтверот "БлекБери мобилен глас" системот, кој е наменет за да ги направи карактеристиките на канцелариските телефони достапни на Преносливите производи.
"БлекБери Решение" го означува софтверот и барем најмалку еден од следните дополнителни артикли за употреба во комбинација со софтверот: РИМ производ, БлекБери серверски софтвер, БлекБери пренослив софтвер, БлекБери софтвер за РС-а и/или РИМ Услуга(- и); заедно со документацијата која се однесува на истите.
„Содржина“ означува било кој податок, текс, музика, звук, рингтон, фотографија, графика, видео, порака, таг или друг дигитален материјал или дигитална информација.
"Документација" ги означува соодветното упатство за инсталација и друга стандардна документација вклучувајќи било кое правило за однесување, упатсва или правила за користење изготвени и обезбедени од РИМ за соодветниот тип и верзија на софтвер, РИМ производ или услуга, вклучувајќи и кој и да било безбедносни упатства. Документацијата за крајните корисници и администратори исто така може да се добие и на xxxx://xxxx.xxxxxxxxxx.xxx или со контактирање со РИМ на xxxxxxxxx@xxx.xxx. За сигурност, Документацијата не вклучува кое и да било упатство за инсталација или документација за крајните корисници која е изготвена од кое и да било лице освен од РИМ или кои и да било модификации на документацијата направени од кое и да било лице освен од РИМ.
"Пренослив производ" означува: (а) БлекБери пренослив производ; или (б) Пренослив производ од трета страна.
“In-App Products” означува дигитални продукти или сервиси кои се продаваат за ваше користиње преку БлекБери сервисот за плаќање преку копии од софтвер или софтвер од трети лица кои го преземате преку РИМЕ Продавницата.
„Киоск“ означува оддел од РИМЕ Продавницата.
„Компанија одговорна за финансиските трансакции“ означува лице кое одоговорно за обработка на продажби како што се идентификувани во времето на купување, кои можат да се разликуваат по начинот на плаќање, јурисдикција и Киоск.
„Мојот Свет“ означува складиште кое ви овозможува да избришете или реинсталирате одреден софтвер и содржина со потекло од трети лица на вашиот преносен уред, преку РИМЕ Продавницата.
„Понуди“ означува In-App производи и било која содржина или услуга достапни преку РИМЕ Продавницата вклучувајќи било кој РИМ производ, софтвер, РИМ Услуга, содржина или услуга од некоја трета страна.
„Понуда продавачи“ ги означува физичките и правни лица кои нудат понуди за дистрибуција преку РИМЕ Продавницата.
„Платени РИМ услуги“ означува РИМ услуги за кои Вие и Вашите овластени корисници мораат да се регистрираат и да направат плаќање кон РИМ со цел да ги добијат истите.
"РИМ периферни уреди" означува артикли брендирани од РИМ: прибор или други артикли вклучувајќи microSD картички или друг тип на проширлива меморија и пар слушалки наменети да работат во комбинација со РИМ производ.
"РИМ производ" означува кои и да било БлекБери преносливи производи и кои и да било РИМ периферни уреди без каков и да е Софтвер.
„РИМ Услуга(и)“ означува било кој сервис изрично идентификуван како услуга достапна за Вас преку или во име на РИМ или филијала на РИМ, како што е „BlackBarry Protect” услугата, РИМЕ продавниците, „BlackBarry Messenger” услугата и BlackBerry про- корисничките услуги, меѓутоа фактот дека РИМ кобрендира услуги на трети страни не ги прави истите РИМ услуги.
„РИМЕ Продавница“ означува комерцијална дигитална продавница на РИМЕ или филијала на РИМЕ, различна од „BlackBerry enterprise продавницата“ преку која Понуда продавачите поднесуваат понуди за дистрибуција до крајните корисници; меѓутоа за појаснување,
„РИМЕ Продавницата“ не ја вклучува дигиталната продавница од
xxx.xxxxxxxxxxxxxx.xxx управувана од Global Solutions, Inc.
„Понуда од РИМЕ Продавница“ означува понуда достапна преку РИМЕ Продавницата.
„Обезбедувачи на услуги“ го има значењето дадено во дел 9(е).
"Софтвер" означува кој и да било БлекБери пренослив софтвер, БлекБери софтвер за РС-а или БлекБери серверски софтвер кој го добивате во рамките на овој Договор, без разлика на формата, медиумот или начинот на кој е тој доставен или подоцна инсталиран или користен. Изразот "Софтвер" нема да вклучува Софтвер од Трети лица или Производи од Трети лица, без оглед дали истите се или не се дистрибуирани од РИМ или во име на РИМ, или преку РИМЕ Продавница или на кој било друг канал употребувајќи го BlackBerry сервисот за плаќање, или дали Софтверот од Трети лица или Продуктите од Трети лица го придружуваат, се доставени со, или работат во комбинација со, Софтверот и/или кој и да било друг дел од Вашето БлекБери Решение или Пренослив производ од Трета страна.
"Компоненти од Трето лице" ги означува софтверот и интерфејсите земени под лиценца од РИМ од Трето лице, а за вградување во одреден софтверски производ на РИМ, или за вградување во хардвер во случајот на хардверски производи на РИМ, кои потоа се дистрибуирани како составен дел од тој РИМ производ под брендот РИМ, но нема да вклучува Софтвер од Трето лице.
"Содржина од Трето лице" означува Содржина лиценцирана од Трето лице.
"Пренослив производ на Трето лице" означува кој и да е уред вклучуваќи пренослив уред како што е "Смарт" телефон или таблет, освен "БлекБери пренослив производ", на кој е наменет, од страна на РИМ, да работи БлекБери пренослив софтвер или кој и да било негов дел (вклучувајќи каде BlackBerry преносливиот производ е наменет да пристапи до РИМ инфраструктурата, РИМ склучува договор со вашиот обезбедувач на услуга на поврзување, овластувајќи го уредот на тоа Трето лице да може да пристапува во инфраструктурата на РИМ)
"Артикли на Трето лице" означува Содржини на Трето лице и Производи на Трето лице.
"Хардвер на Трето лице" означува Преносливи производи, компјутер, опрема, периферни уреди и кој и да било друг харверски производ кој не е производ на РИМ.
"Производи на Трето лице" означува Хардвер на Трето лице и Софтвер на Трето лице и кои да било други комерцијални производи кои не се производи на РИМ.
"Услуги на Трето лице" означува услуги обезбедени од Трето лице, вклучувајќи Услуги на поврзување, услуги достапни од страна МоР процесор за плаќање на трето лице, и која и да било Web страна која не е управувана од РИМ.
"Софтвер од Трето лице" означува самостојни софтверски апликации лиценцирани од Трето лице кои се обезбедуваат или на друг начин се ставаат на располагање со, на или преку РИМ Производи, Софтвер или РИМ услуги, како што е РИМЕ Продавницата.
"Вашето БлекБери Решение" го означува Софтверот и најмалку еден од следните дополнителни артикли кои Вие ги добавувате, инсталирате, обезбедувате, или на друг начин ги овластувате и ја прифаќате одговорноста за нивното користење, во комбинација со Софтверот, како што е применливо во Вашите околности: РИМ производ, БлекБери серверски софтвер, БлекБери пренослив софтвер, БлекБери софтвер за РС-а и/или РИМ Услуга(-и); заедно со Документацијата која се однесува на нив. Артикли на Трети лица или Услуги на Трети Лица не се дел од вашето BlackBerry решение.
„Ваша Содржина“ означува Содржина која вие или вашите овластени корисници ја поднесувате или на друг начин ја правите достапна на РИМ Услуга или услуга на Трета Страна.
2. Лиценца за софтвер и документација. Со овој Договор Софтверот се лиценцира, а не се продава. Вашата лиценца за користење на Софтверот е условена од Вашето плаќање на применливиот надоместок за лиценца, доколку таков постои. Зависно од одредбите и условите на овој Договор, истиот Ви дава лична, отповиклива, не-ексклузивна, не-пренослива лиценца која Ви дозволува Вам и на Вашите овластени корисници, заеднички:
(а) доколку Софтверот е БлекБери серверски софтвер:
(i) да инсталирате и користите до бројот на копии (вклучувајќи виртуелни копии) на Софтверот закои надоместоците за лиценца биле платени на РИМ или на Овластените дистрибутери на РИМ (а доколку нема
надоместоци за Софтверот кои се плаќаат на РИМ или на Овластените дистрибутери на РИМ, тогаш да се инсталира и користи онолку пати колкав што е бројот на примероци кои и инаку се одобрени написмено од РИМ или од неговиот овластен дистрибутер); и
(ii) да се овозможи да пристапат до Софтверот онолкав број на Преносливи производи или персонални компјутери, како што е применливо, колкав што е бројот на надоместоците платени на РИМ или на Овластените дистрибутери на РИМ (пр. бројот на пристапни лиценци за клиенти купени за BlackBerry Enterprise софтвер)(а доколку нема надоместоци кои се плаќаат на РИМ или на Овластените дистрибутери на РИМ, да им се овозможи на Преносливите производи или да пристапат до Софтверот, а потоа да се овозможи до бројот на Преносливи производи или Персноналните компјутери кои и инаку се одобрени на писмено од РИМ или од неговиот овластен дистрибутер); и
(б) доколку Софтверот е БлекБери пренослив софтвер или БлекБери софтвер за РС-а и:
(i) е однапред инсталиран на хардвер, тогаш, да се користи единствениот примерок на тој Софтвер кој е инсталиран на хардверот; или
(ii) не е однапред инсталиран на харвер, тогаш, да се инсталира и користи Софтверот на онолкав број на уреди на соодветниот хардвер, колкав што број на надоместоци за лиценца за Софтверот се платени на РИМ или на Овластените дистрибутери на РИМ (а доколку нема надоместоци за Софтверот кои се плаќаат на РИМ или на Овластените дистрибутери на РИМ, тогаш да се инсталира и користи онолку пати колкав што е бројот на примероци кои и инаку се одобрени на писмено од РИМ или од неговиот овластен дистрибутер).
Доколку го набавувате Софтверот (и кои и да било со него поврзани CALs) на претплатничка основа или како дел од бесплатна проба, тогаш лиценцните права опишани погоре важат само за онолкав временски период за колкав што ја имате платено задолжителната претплата или за временскиот период одобрен од РИМ или од неговиот овластен дистрибутер, зависно за кој случај станува збор.
Во сите случаи, лиценцата(-ите) доделени со овој Договор, Ви дозволуваат на Вас и на Вашите овластени корисници да го користат или да дозволат користење на Софтверот или да пристапуваат кон РИМ Услугите само за Ваши интерни или лични цели и само како дел од вашето БлекБери Решение. Доколку еден Овластен Корисник сака да го користи
БлекБери преносливиот софтвер и како дел од друго БлекБери Решение (т.е. БлекБери Решение составено делумно од РИМ лиценцирани производи, софтвер или услуги кои Вие, или некој кој настапува во Ваше име, не ги набавил, инсталирал или обезбедил, a Вие сте подготвени тоа да го дозволите, но не ја прифаќате одговорноста за таквата употреба; во понатамошниот текст "Друго БлекБери Решение"), тогаш таквата употреба не е покриена со овој Договор за лиценца и Вие мора да барате Овластениот корисник да склучи посебен Договор за лиценца со РИМ кој ќе го/ја овласти да го користи БлекБери софтверот како дел од Другото БлекБери Решение. (на пр. Вие сте корпорација и Ваш вработен/Ваша вработена сака да го користи БлекБери преносливиот софтвер во комбинација со неговите/нејзините лични БлекБери про-кориснички услуги, или Windows Live Messenger софтверот, а Вие сте подготвени тоа да го дозволите, но не ја прифаќате одговорноста за таквата употреба, тогаш таа услуга не е опфатена со овој договор со „Вас“ како корпорација и вие не сте одговорни за тоа, доколку вие сте потврдиле со овластениот корисник дека тој/таа влегува во овој договор во нивен соптвен капацитет за користењето на тој Софтвер како дел од Друго BlackBerry Решение. Слично, доколку Вие имате склучено Договор за хостиран BES пристап, Вашите клиенти мора да го склучат BBSLA со цел да го користат БлекБери серверскиот софтвер за фирми како дел од нивното БлекБери Решение).
Ажурирање и Надградби. Овој Договор и со него доделените лиценци, не подразбира никакви права на или овластувања за: (А) идни нови верзии или ажурирања на Софтверот или на Софтверот од Трета страна; (Б) во случај на БлекБери пренослив софтвер на Пренослив производ, можноста да се пристапи до апликации, освен оние кои се вклучени во Софтверот; или (В) да се набават кои и да било нови или модифицирани РИМ Услуги. И покрај досега споменатото, Софтверот може да вклучува функција автоматски да проверува дали има ажурирања или нови верзии на Софтверот, и од вас може да биде побарано го ажурирате софтверот или софтверот од Трета Страна со цел да продолжите да имате пристап или да користите одредени РИМ услуги, друг нов Софтвер или Артикли од Трети Лица или услуги од Трети Лица или делови. Освен ако Вие, или Трета страна со која имате Договор да Ви го добави Вашето БлекБери Решение или делови од него, го конфигурирате Вашето БлекБери Решение да го спречува преносот или користењето на новите верзии или ажурирањата на Софтверот, Софтверот на Трети Страни или РИМ Услугите, со ова се согласувате дека РИМ може (но не е обврзан) да Ви ги стави на располагање соодветните ажурирања или нови верзии од време на време. Кои било Ажурирања или Надградби достапни за вас од страна на РИМ, според овој договор ќе бидат сметани за BlackBerry пренослив софтвер, BlackBerry PC-Софтвер, BlackBerry сервер софтвер, РИМ Услуги или Софтвер од Трета Страна.
Бета Производи. Доколку Софтверот, или која било Услуга до која се пристапува преку софтверот, е идентификувана како предкомерцијална, евалуација, „алфа“ или „бета“ софтвер (“Alpha Software” и “Beta Service”
соодветно), правата од лиценцата востановени погоре, со оглед на Вашата употреба на таков Бета Софтвер или пристап до Бета Услугите се применуваат само за периодот одобрен од РИМ („Тест Период“) и исклучиво до степен потребен за да ви овозможи Вам, и Вашите овластени корисници (нема Овластени Корисници за Бета Софтвер или Бета Услуги ако Вие сте физичко лице) да тестирате и да обезбедите повратна информација до РИМ за Бета Софтверот и Бета Услугите, и било кој РИМ продукт обезбеден од страна на РИМ за употреба со Бета Софтверот („Бета Хардвер“ заедно со Бета Софтвер и Бета Услуги, „Бета Продукти“); и доколку Бета Софтвер и други Бета Продукти се обезбедени како дел од РИМ развојна програма, да развијат софтверски апликации за употреба единствено со употребливиот софтвер, или комерцијалните верзии за бета софтверот или други Бета Производи, ако и кога тие се комерционални издадени од страна на РИМ. Таква лиценца ќе биде автоматски престаната по истекувањето на Тест Периодот, кој период може да биде продолжен или прекинат од страна на РИМ во било кое време, во своја дискреција, меѓутоа, освен ако Вие сте го прекршиле овој договор, РИМ, ако е можно, ќе употреби економско оправдани напори да ви обезбеди претходна забелешка за промената на траењето на Тест Периодот. Без оглед на Тест Периодот, вие сте согласни и прифаќате дека РИМ може да вклучи технички мерки во Бета Продуктите кои ги прават истите неупотребливи по истекот на одреден период и вие сте согласни дека нема да ги заобиколувате овие технички мерки, или да се обидете да го направите тоа. Во предвид на давањето на лиценца на Бета Продуктите, вие сте согласни дека ќе му обезбедите на РИМ повратна информација за Бета Продуктите на барање на РИМ, вклучувајќи тековни инфромации во врска со дефекти и грешки сретнати во текот на Тест Периодот, без каква било компензација или надомест од страна на РИМ, и дека делот подолу насловен како повратни информации ќе се применат на вакви повратни информации. РИМ може посебно да побара од вас да пополните анкета поврзана со одреден Бета Производ и се согласувате да поплните такви анкети.
Права на репродукција. Нема да дистрибуирате или модифицирате софтвер или содржина која ви е достапна како дел од РИМ Услуга, во дел или во целост. Освен до степен кога РИМ е изрично спречен со закон да ги забранува овие активности, не смеете да го копирате, репродуцирате или на кој и да било друг начин да го умножувате Софтверот, или која било содржина достапна до вас преку РИМ Услуга, во целост или делумно, освен како што е изрично одобрено во овој Договор, во документацијата за употребливата РИМ Услуга, или во засебен пишан Договор меѓу Вас и РИМ или филија на РИМ. За целите на оваа одредба, "копира" и "репродуцира" нема да вклучуваат копирање на изјави и упатства за Софтверот што природно се појавува во текот на нормалното работење на софтверот кога истиот се користи во согласност со и за целите опишани во Документацијата или во текот на правењето немодифицирани редовни резервни копии од Софтверот или од компјутерот или системот на кој е инсталиран Софтверот, во согласност со стандардните деловни практики
на стопанската гранка. Не смеете да копирате која и да било Документација или дел од неа за Ваша лична или внатрешна употреба и за употреба во комбинација со Вашата употреба на вашето БлекБери Решение.
3. Правила за користење на БлекБери Решение. Вие сте одговорни за сите активности во врска со Вашето БлекБери Решение преземени од Вас или од Вашите овластени корисници и Вие ќе се осигурите дека:
(а) Вие и Вашите овластени корисници го користите Вашето БлекБери Решение и кој и да било дел од него, во согласност со овој Договор, сите важечки закони и прописи, како и употребливата Документација за Вашето БлекБери Решение или за дел од него;
(б) Вие го имате правото и овластувањето да го склучите овој Договор, било во Ваше сопствено име или во име на одредена компанија или друго лице, или малолетно лице, а доколку Вие сте полнолетни;
(в) Која и да е информација која е доставена на РИМ во врска со овој Договор, вклучувајќи при регистрација за користење на било која РИМ Услуга, правење нарачка преку РИМЕ Продавница или компретирање трансакција преку БлекБери платежниот сервис е вистинита, точна, тековна и целосна и се додека вие или вашите овластени корисници продолжат да користат РИМ Услуга или да одржуваат сметка, вие ќе ажурирате вакви информации за истите да бидат вистинити, точни и комплетни;
(г) Вие и Вашите овластени корисници нема свесно, откако ќе направите проверка како што разумна личност во Ваша или во позиција на Ваш Овластен Корисник би ја презела, да користите или да дозволите други да го користат Вашето БлекБери Решение или дел од него посебно или со кој било артикл од Трета Страна или Услуги од Трета Страна на начин кои, според толкувањето на РИМ, настапувајќи разумно, се коси со, го деградира или негативно се одразува на кој и да било софтвер, хардвер, систем, мрежа, содржина или услуга, вклучувајќи кои било дел од Вашето или на друг корисник БлекБери Решение користени од кое и да било лице, вклучувајќи ги и РИМ или одреден обезбедувач на услуга на поврзување, или на друг начин има штетно влијание врз РИМ, Групацијата РИМ, обезбедувачите на услуга на поврзување или кои и да било од нивните соодветни корисници или инфраструктура или производи или услуги, а Вие ќе ја
прекинете која и да било таква активност веднаш штом ќе добиете известување од РИМ за истата;
(д) Вие и Вашите овластени корисници нема да го користите вашето БлекБери Решение или дел од истото за да пренесувате, издавате, праќате, поставувате на мрежа, или дистрибуирате какви било несоодветни, профани, вознемирувачки, навредливи, клеветнички, незаконски, непристојни или лажливи содржини;
(ѓ) Вие и Вашите овластени корисници нема да го користите Вашето БлекБери Решение, или кој и било негов дел, да извршите или да се обидете да извршите кривично дело или потпомагате во извршувањето на кое и да било кривично дело или други нелегални или нечесни дела, вклучувајќи, поставување на мрежа, собирање, складирање испраќање, пренесување комуцирање или на друг начин правење достапно на која било информација или материјал за кој вие немате право да го собирате, складирате или да го правите достапен, вклучувајќи под било кое лраво или било кој договор или во прекршување на било која должност нарушување правото на приватност на закони, нелегално коцкање или било кое дело кое ќе повреди, наруши или проневери кои и да било права на интелектуална сопственост и/или други сопственички права на која и да било Трета страна (вклучувајќи, копирање или споделување софтвер или содржини од за кои Вие и Вашите овластени корисници ги немате правата да ги копирате и споделувате, или незаконски да се заобиколуваат кои и да било заштити за управување на дигиталните права);
(е) Вие и Вашите Овластени нема да користите БлекБери Решени или дел од истото, за да поставувате на мрежа, праќате електронска пошта, пренесувате или на друг начин правите достапен (i)софтвер или содржина кој содржи вирус, Тројански коњ, црв, задна врата, механизми за исклучување, штетен код, трагач, бот, “drop dead” механизам (механизам за деактивација на оперативниот систем) или “spyware” (софтвер кој самостојно се инсталира на компјутер и овозможува се собираат информации користењето на интернет, лозинки и др.); или (ii) кој било друг софтвер или содржина со намена да (А) има обратен ефект на перформансите, (Б) оневозможи, расипе или предизвика штета, (В) предизвика или олесни неовластен влез или да оневзможи овластен влез, или предизвика негово користење за било кои неовластени или несоодветни причини, било кој софтвер, хардвер, услуга, системи или податоци (малициозен софтвер) (и ако вие сте свесни за постоењето на било кој малициозен софтвер во
врска со БлекБери Решението, вие навремено ќе го известите РИМ);
(ж) Вие и Вашите овластени корисници нема да го продавате, изнајмувате, давате под наем или префрлате, или да се обидете да го продадете, изнајмите, дадете под наем или префрлите, Софтверот или која и да било содржина или дел од него, достапен до вас како дел од РИМ Услуга или Вашето право да ги користите Услугите или кој и да било нивен дел (вклучувајќи водење на услужна канцеларија или истоветна услуга користејќи го Софтверот), на која и да било друга личност, без претходна категорична писмена дозвола на РИМ;
(з) Вие и Вашите овластени корисници нема да се обидете да добите неовластен пристап до која било РИМ Услуга, други сметки, компјутерски системи или мрежи поврзани со некоја РИМ Услуга, преку хакирање, барање лозинки или на други начини да се обидете да добиете, кој и да било материјал или информација достапни преку РИМ Услуга преку какви било начини ненамерно достапни до Вас преку која било РИМ Услуга.
(ѕ) Вие и Вашите овластени корисници нема да го употребувате вашето БлекБери Решение или дел од истото за да го преземеш идентитетот на било кое физичко или правно лице или да давате лажни изјави или на друг начин погрешно да ги претставите вашата или на вашите овластени корисници припадност кон физичко или правно лице, или да создадете лажен идентитет за да доведете во заблуда други, вклучувајки добивање туѓи информации или пари со измама.
(и) Вие и вашите овластени корисници ќе соработувате со РИМ и ќе доставите информации кои РИМ ќе Ви ги побара, со цел да му помогнете на РИМ во истражувањето или определувањето дали имало кршење на овој Договор и ќе му овозможите на РИМ или на независен аудитор, назначен од РИМ, пристап до деловните простории и комјутери кадешто се или биле користени РИМ производите, РИМ Услугите или Софтверот, како и со нив поврзаните записи. Со ова го овластувате РИМ да соработува со: (i) органи на власта за спрoведување на законот во истражувањето на спомнителни кривични престапи; (ii) трети страни во истражувањето на активности кои го кршат овој Договор; и (iii) систем администратори на Обезбедувачи на интернет услуги, мрежи или информатички капацитети со цел да се спроведе овој Договор. Ваквата соработка може да вклучи и РИМ да ги обелодени следните
податоци: Ваши или на Вашите овластени корисници корисничко име, IP адреса, или други лични податоци.
4. Барани Артикли од Трето лице и Услуги на Трето лице.
Потребни Aртикли од Трето лице. Вие сте одговорни да осигурите дека Aртиклите од Трето лице и Услугите на Трето лице (вклучувајќи ги, компјутерските системи, Опцијата за поврзување на интернет, како и Услугите на поврзување, безжични мрежи и имплементација на десктоп криптографија) со кои одбирате да функционира Вашето БлекБери Решение ги исполнува минималните барања на РИМ, вклучувајќи ги, брзината на процесирање, меморијата, софтверот за корисници и расположливоста на пристап до интернет кој е наменет специјално за и е неопходен за Вашето БлекБери Решение како што е опишано во Документацијата, како и дека користењето на Aртиклите од Трето лице и/или Услугите на Трето лице со Вашето БлекБери Решение од Вас и од Вашите овластени корисници не крши никои лиценци, одредби, услови, закони, правила и/или прописи кои се однесуваат на користење на Aртиклите од Трето лице и Услугите на Трето лице. Услугите на поврзување генерално се потребни со цел да можете да го користите Вашето БлекБери Решение, вклучувајќи, за видео разговори, електронска пошта или разговори на мобилен телефон. Трошоците за услугите на поврзување може да бидат наплатени заедно со вашата употреба на вашето БлекБери Решение и Вие сте согласни дека меѓу Вас и РИМ, Вие сте одговорни за сите трошоци за услугите на поврзување настанати преку таква употреба. Вашиот обезбедувач на услуга на поврзување (можно е да ги ограничи достапните РИМ услуги и услугите од Трети Страни) на Обезбедувач на услуга на поврзување). Доколку сакате да дојдете до информации за тоа кој Обезбедувач на услуга на поврзување го поддржува Вашето БлекБери Решение во Вашето место Ве молиме контактирајте со РИМ на xxxxxxxxx@xxx.xxx. Вие можете да ја проширите вашата имплементација на десктоп базирана криптографија (како што е S/MIME верзија 3.0 (или понова) или имплементација заснована на RFC 2440 стандарди, како што е PGP) на вашиот пренослив Блекбери уред, користејќи софтвер, меѓутоа РИМ не ги снабдува криптографските десктоп имплементции кои се артикли на Трети Страни и без ограничување на општите услови во Дел 22, РИМ И НЕГОВИТЕ ФИЛИЈАЛИ НЕМААТ КАКВА БИЛО ОДГОВОРНОСТ ЗА БИЛО КОЕ ПРАШАЊЕ КОЕ ПРОИЗЛЕГУВА ОД ИЛИ Е ВО ВРСКА СО ВАШАТА ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА НА ДЕСКТОП КРИПТОГРАФИЈА.
5. Дополнителни услови
(а) Од Вас можеби ќе биде побарано да се согласите со дополнителни услови и правила со:
i) РИМ во врска со компоненти на Трета Страна (пр. компоненти со отворен код) и со цел да се користат одредени РИМ услуги или РИМ содржина или да не добие ажурирање на РИМ продукт или РИМ Услуга;
ii) Трета Страна за да се добие или користи Артикл на Трета Страна или Услуга на Трета Страна, вклучувајќи добивање понуда од Трета Страна преку РИМЕ Продавница или за употреба на веб страна на Трета Страна;
iii) МоР за да се направи купување преку РИМЕ Продавница или In-
App продукт преку Блекбери сервисот за плаќање; и
iv) Обезбедувач на услуга на поврзување за услуги на поврзување.
(б) Вие сте одговорни за согласноста со било кој договор во кој влегувате со Трета Страна и РИМ нема да биде одговорен или обврзан на било кој начин за било која загуба или штета од било каков вид како резултат на вашите зделки со такви Трети Лxxx. Доколку не сте сигурни дека РИМ е изворот на било која содржина, артикл, производ или услуга, Ве молиме контактирајте со РИМ на xxxxxxxxx@xxx.xxx. Ако работите со Трети лица преку интернет или во врска со Услуги од Трето лице, погрижете се со сигурност да знаете со кого работите, како и дека ги знаете одредбите и условите поврзани со тие Web страни и кои и да било други Услуги од Трето лице или Aртикли од Трето лице до кои може да имате пристап или ги добиете, вклучувајќи ги условите за испорака и плаќање, условите за користење, условите на лиценцата за крајни корисници, можноста за враќање на производи, условите за приватност, поставувањата за приватност и безбедносните карактеристики за заштита на Вашите лични податоци и да ја осигурате Вашата лична сигурност.
(в) Во ниеден случај вакви дополнителни услови и правила меѓу вас и било која Трета Страна нема да бидат обврзувачки за РИМ или да предизвикаат дополнителни обврски или обврски неконзистентни со условите и правилата од овој договор, кон РИМ во секој случај, и меѓу вас или РИМ, условите и правилата од овој договор поврзани со Артикли од Трети Страни и Услуги од Трети Страни во овој договор сеуште ќе се применуваат на тие артикли.
(г) До оној степен каде кој било компонент на Трета Страна е покриен од дополнителните услови и правила кои ви даваат право да користите, копирате, дистрибуирате или промените во целост или во дел таков компонент од Трета Страна пошироки од вашите права за софтверот кои произлегуваат од овој договор, тогаш единствено до степен да вие можете да остварувате такви пошироки права без да ги прекршите условите и правилата од овој договор за остатокот од софтверот, Вие ќе го добиете бенефитот од вакви проширени права. Со оглед на Софтвер од Трета
Страна или услуги од Трета Страна (кои вклучуваат софтвер и содржина) достапни до Вас преку Рим, освен Софтверот од Трета Страна или Услугите од Трета Страна преку РИМЕ Продавница (која е спомената во дел 9), ако Софтверот од Трета Страна или Услугите од Трета Страна не е придружуван од посебна лиценца или услови за користење, неговото користење ќе спаѓа под условите и правилата за користење од овој договор исто како да се работи за софтвер или РИМ Услуги (како што е применливо) кои се дел од вашето БлекБери Решение; доколку таков софтвер од Трета Страна или услуги од Трета Страна ви се достапни од страна на РИМ „КАКО ШТО Е“ и „КАКО ШТО Е ДОСТАПЕН“, без јасни или имплицирани услови, одобрувања, гаранции и репрезентации, а помеѓу Вас и РИМ, ограничувањата или исклучувањата на одговорност, услови на употреба и провизии за рефундирања поставени во овој договор за артикли на Трети Страни и услуги од Трети Страни, а не за софтвер, ќе се применуваат. Кој било софтвер од Трета Страна доставен на Блекбери преносен уред на вам ви се достапни како погодност од страна на РИМ, и доколку Вие сакате да го добиете софтверот од Трета Страна под други услови, Вие ќе го добиете софтверот од Трета Страна директно преку неговите доставувачи.
6. РИМ услуги.
(а) Модификација и прекин на РИМ услуги. Се согласувате дека РИМ може, без одговорност кон вам, да го модифицира, суспендира, прекине, отстрани, постави ограничувања на или оневозможи некоја РИМ Услуга во било кое време, привремено или постојано, со или без забелешка до вас; доколку РИМ прекине, на постојано ниво, некоја негова услуга (во кој случај, вашата лиценца за користење на било кој Блекбери преносен софтвер, специјално создадена за пристап до таа РИМ Услуга, по автоматизам ќе биде прекината), и доколку Вие сте платиле за таа РИМ Услуга да ви биде достапна за одреден период и е во согласност со овој договор, може да имате право на рефундација на вашите пари во целост или во дел од сумата платена на РИМ за РИМ Услугата. Ваквата рефундација, доколку ја има, ќе биде ваше ексклузивно право и обврска на РИМ единствено до Вас, во случај РИМ, да прекине РИМ Услуга на постојано ниво.
(б) Одржување. Без ограничување на претходно споменатото, РИМ го има правото да, и вие сте согласни, може во своја дискреција, периодично да го суспендира пристапот до одредени РИМ услуги, или на друг начин да исклучи РИМ услги од употреба, со цел поправање софтверски дефекти, ажурирања и да спроведе дијагноза со цел одржување на РИМ услугите.
7. Ваш придонес и друга содржина.
(а) Повратни информации. Може да обезбедите повратни иформации до РИМ за вашето БлекБери Решение. Освен ако РИМ на друг начин писмено се согласи, се согласувате дека РИМ ги поседува сите ваши повратни информации, коментари, предлози, идеи, концепти и промени кои вие ги обезбедувате до РИМ во врска со Вашето БлекБери Решение и сите поврзани права на интелектуална сопственост (колективно „повратни информации“) и вие ги препишувате на РИМ сите ваши права, овластувања и интереси. Без знаење ќе ја доставите до РИМ секоја повратна информација која е предмет на права на интелектуална сопственост на Трета Страна. Се согласувате да соработувате во целост со РИМ во поглед на потпишувањето на дополнителни документи и исполнувањето на други дела кои се разумно побарани од страна на РИМ, со цел потврдување дека РИМ ги поседува повратните информации и да се овозможи РИМ да регистрира и/или заштити било кои поврзани права на интелектуална сопственост и/или доверливи информации.
(б) Содржина на крајни потрошувачи, артикли на Трети Страни. Вие, а не РИМ, сте целосно одговорни за вашите содржини. РИМ не ја контролира содржината или други Артикли од Трети Лица кои се достапни за вас од страна на крајни корисници во врска со нивното БлекБери Решение или која било услуга на Трета Страна користена во комбинација со нивното БлекБери Решение, и како дополнување на општите услови од Дел 22, РИМ не гаранрира за прецизноста, интегритетот или квалитетот, и не е одговорен за било кој таков артикл од Трета Страна. РИМ може да постави генерална пракса и граници во поглед на употребата РИМ услуги, вклучувајќи, количината содржина која може да биде складирана, максималниот временски период при кој содржината или пораката/постовите на таблата за дискусија ќе бидат задржани на било која РИМ Услуга (вклулувајќи било која “клауд“ услуга за складирање) и/или временскиот период за чиј тек Вие можете да продолжите да ја користите или да пристапувате до содржината. Можете да ја користите содржината која е достапна за вас преку РИМ или филијала на РИМ, во врска со РИМ Услуга единствено за ваша лична употреба и во согласност со специјалните услови и правила од лиценцата применливи на РИМ Услугата. Не може да користите содржини кои ви се достапни како дел од
„BBM Music” услугата за звуци. Ограничувања како оние споменати претходно ќе бидат детално објаснети во Документацијата за применливите РИМ Услуга, со која вие треба да се запознаете и да ја прегледате повремено затоа што РИМ може да направи потенцијални промени. Се согласувате дека РИМ нема одоговрост или обврска за загубата, бришењето, неовластениот пристап или неуспех да се складира било која содржина и доколку Вие ги имате потребните права или лиценци да го правите истото, Вие треба да водите алтернативна back-up копија од било која содржина за чие задржување, копија ви е од голема важност.
(в) Ваша Содржина. Поинаку од она што е изрично наведено во овој договор или во некој додадок, овој договор не ја пренесува која било сопственост на вашата содржина на РИМ. Со оглед на која било таква содржина која вие и вашите овластени корисници ја правите достапна за вклучување на јавно достапна веб страни или други јавно достапни аспекти од РИМ услугите, Вие му давате на РИМ светска, временски неограничена, неотповиклива, пренослива, ослободена од авторски права и неексклузивна лиценца да употребува, дистрибуира, репродуцира, променува, прилагодува, јавно изведува и прикажува таква соджина како што е разумно потребно за да ви биде достапна РИМ Услугата; и вие наложувате и барате во двата случаи дека вие го имате правото а дадете таква лиценца на РИМ.
(г) Содржина на која може да се приговара и Артикли од Трета Страна. Разбирате дека со користењето на вашето БлекБери Решение или услуга од Трета Страна, Вие и вашите овлстени корисници може да бидете изложени на содржина и артикли од Трета Страна кои се, или Вие вашите овластени корисници сметате дека се, навредливи, непристојни или на друг начин може да се приговара за истите. РИМ и неговите назначени може да го имаат правото (но не и обврската) во нивна целосна дискреција да претходно да ги испита, одбие или отстрани кои било артикли од Трети Страни за било која РИМ Услуга.
(д) Родителска контрола и надзор од возрасни. Делови од вашето БлекБери Решение или услугите од Трета Страна може да вклучат поставувања кои Ви дозволуваат да блокирате или филтрирате одредена содржина, РИМ услуги, услуги од Трета Страна или Трети Страни. Целосно ваша одговорност е да одберете и овозможите вакви поставувања по ваш личен избор. РИМ не гарантира дека ваквите поставувања се целосно без грешки, ќе ја блокираат целата релевантна содржина, РИМ услуги, услуги од Трети Страни или Трети Страни, или не може да бидат оневозможени или заобиколени од страна на други кои имаат пристап до вашето БлекБери Решение. Доколку му дозволите на вашето дете да слуша, гледа или пристапи до софтвер, РИМ услуги или артикли од Трета Страна на вашиот преносен уред, одговорноста да утврдите дали ваквиот софтвер, РИМ услуги, услуги од Трети Лица или артикли од трети лица се соодветни за вашето дете, и вие сте целосно одговорни за пристапот до и употребата на софтверот, РИМ услугите, услугите од Трета Страна и артикли од Трета Страна од страна на вашето дете, вклучувајќи ги сите финансиски надоместоци или други обврски кои се јавуваат во поглед на ваква употреба или пристап.
(д) Отстранување на софтвер или артикли на Трета Страна. Се согласувате дека од време на време РИМ може да отстрани софтвер или артикл од Трета Страна од било која РИМ Услуга вклучувајќи и РИМЕ Продавница или Мојот Свет и, каде е законски потребно или каде софтвер или каде пречи артикл од Тxxxx Xxxxxx, ги намалува перформансите или негативно влијае на кој било софтвер, хардвер, систем, мрежа или
податоци, вклучувајќи кој било дел од вашиот и/или на други корисници БлекБери Решение, може да го отстрани ваквиот софтвер или артикл од Трета Страна од вашиот преносен продукт, да го суспендира пристапот до употребливите РИМ услуги или услуги од Трети Страни за неограничени периоди или да не ги прави достапни за вас во било кое време, без да ве извести, и предмет на дел 6(а), ќе немате извори против РИМ, доколку ова се случи.
(ѓ) Дополнителни права за отповикување. Освен во случај забранет со закон, РИМ го задржува дискреционото право, во било кое време, за било која причина и без да ве извести, да го промени, суспендира, отстрани, ограничи, исклучи или прекине вашиот пристап и да го отстрани од вашиот блекбери преносен уред кој било софтвер или артикл од Тxxxx Xxxxxx, вклучувајќи, оневозможување или отстранување на работењето на такви материјали кои веќе биле инсталирани на преносен уред, и вие ќе немате извори против РИМ, доколку ова се случи.
8. Сигурносни информаци поврзани со употребата на технологија.
(а) Физички Симптоми. Во ретки случаи, луѓе доживуваат напади или онесвестување поради нивна изложеност на трепкачки светла и шеми кои често се наоѓаат во технологија како што се видео игрите. Доколку сте имале, или сте искусиле какво било гадење, неволни движења, отрпнување, јадеж, проблеми со видот додека сте користеле технологија во минатото, треба да се консултирате со вашиот лекар пред да користите слична технологија и треба веднаш да го прекинете користењето на таква технологија доколку такви симптоми повторно се појават. Во секој случај треба да избегнувате да користите долго користење на технологија со цел да ја минимизирате непријатноста или замореноста, вклучувајќи мускулен, зглобен или напор поврзан со видот и треба внимателно да го набљудувате користењето на технологија од страна на вашите деца.
(б) Услуги за итни случаи. Карактеристиките за видео разговори, на БлекБери преносните уреди, не се поврзани со јавната телефонска мрежа (PSTN), не користат телефонски броеви за комуникација со други уреди и не се дизајнирани или наменети да бидат замена за вашиот обичен мобилен или телефон со фиксна линија. Како дополнение, Вие прифаќате и се согласувате дека ниту BlackBerry Mobile Voice Software (“MVS”) ниту карактериската за видео разговори на софтверот се дизајнирани или наменети да бидат замена за вашиот традиционален телефон со фиксна линија или вашиот мобилен телефон, и дека нема да ги користите за да повикувате итни телефонски броеви како „911“, „112“, „999“, „000“ или други назначени броеви намети за повзување со јавната безбедност . Повиците до Итните Услуги не се обработуваат преку карактеристиката за видео разговори или преку “MVS” ќе бидат обработени само преку БлекБери преносен уред каде постои безжична мобилна поддршка од Услугата за Поврзување. Разбирате и се согласувате дека дополнителни
аранжмани, одделени од “MVS” или од функцијата за видео разговори од софтверот, мора да бидат направени за пристап до услугите за итни случаи и дека РИМ групата на компании и нивните службеници, директори и вработени ќе немаат никаква одговорност или обврска за каква било лична повреда, смрт или штета која произлегува од или е во врска со неможноста за поврзување со услугите за итни случаи преку MVS или преку функцијата за видео разговори на софтверот.
9. РИМЕ продавнца(и). Следните дополнителни услови и правила се однесуваат на употребата на РИМЕ Продавница(ите) од ваша страна и од страната на вашите овластени корисници:
(а) Применливост на условите за понуди. Освен како што е изрично наведено во овој Дел 9, сите услови и правила во овој договор кои се однесуваат на софтвер, РИМ производи, артикли од Трета Страна, РИМ услуги или услуги од Трета Страна се применуваат на соодветните типови на понуди. РИМЕ ги прави сите е-трговија трансакции за вашата јурисдикција за сите компании од РИМ групата, и соодветно, во контекст на дистрибуцијата на понуди од РИМЕ Продавница или купивањето на In-App продукти сите референци во овој договор кон РИМ ќе бидат сметани како референци кон РИМЕ.
(б) Промени. РИМЕ го резервира правото во своја дискреција да прави какви било ажурирања, модификации или прилагодувања на РИМЕ Продавницата без претходно известување вклучувајќи и промена на достапните понуди, описите на понудите и услови, под услов таки промени да се однесуваат само на потенцијална основа.
(в) Место на Понуди. Без оглед на тоа што Пxxxxx x прикажана РИМЕ Продавница таа може да не биде достапна во сите јурисдикции преку РИМЕ Продавница. РИМЕ го има правото, во своја дискреција да го исклучи или на друг начин ограничи снабдувањето на било која понуда до физико или правно лице резидент на било која јурисдикција или географска област, и да користи технологии и информаци поврзани со вашиот носач и/или уред, да ја идентификува вашата јурисдикција или географска облас со цел да олесни такви ограничувања или исклучувања. Без да се ограничува гореспоменатот, понуди може да бидат само симнати, инсталирани и/или употребувани во јурисдикциите овластени од применливите услови на продажба (дефинирани подолу) или како што се на друг начин одредени од страна на продавачот. In-App продуктите се достапни само во јурисдикциите во кои понудата од РИМЕ Продавницата преку која In-App продуктот е достапна под ваше име или сметка.
(г) Малолетници. Понудите се наменети за индивидуи со потребниот капацитет и можност легално да се согласат со понудата на потребни информации и да склучат договор. Се согласувате да надгледувате и да
бидете одоговорни за секоја употреба на РИМЕ Продавница и употреба на
In-App продукти од страна на малолетници преку вашето име и сметка.
(д) Обезбедувачи на Услуга. РИМЕ може да користи мноштво обезбедувачи на услуги, вклучувајќи други членови на РИМ групата на компании да одржуваат, оперираат и обезбедат исполнување и други услуги за РИМЕ продавниците и БлекБери услугата за плаќање („Обезбедувачи на услуги“).
(ѓ) Компанија одговорна за финансиските трансакции од Тxxxx Xxxxxx. РИМЕ ги прави сите РИМЕ продавници достапни до вас и вашите овластени корисници, меѓутоа не мора да биде компанија одговорна за финансиските трансакции за сите РИМЕ продавници или Киосци или за сите купувања на In-App продукти. Компании одговорни за финансиски трансакции од Xxxxx Xxxxxx ќе бидат идентификувани во времето на купување во РИМЕ Продавница или на In-App продукт, ви обезбедуваат услуги од Xxxxx Xxxxxx, и како дополнување на дополнителните услови и правила, може да се побара да Вие имате сметка со специфичен обработувач на исплати како што е PayPal, Inc. со цел да се направи купувањето.
(е) Услови на Продажба. Вашето право да користите која било понуда дистрибуирана до вас преку РИМЕ Продавница, вклучувајќи го вашето право да пристапите и користите која било понуда која е услуга, е предмет на условите и правилата на секој договор за краен корисник вклучен во понудата (Услови на Продажба). Доколку понудувач не успее да обезбеди Услови на Продажба во врска со некоја понуда, во тој случај Вие сте согласни дека вашата употреба на таква Понуда ќе биде предмет на условите и правилата на договор со истите услови и правила како овој Договор, исто како понудата да е софтвер или РИМ Услуга (како што е применливо) што формира дел од вашето БлекБери Решение, следните модификации: i) Понудувачот ќе се смета дека е даватлот на лиценцата или обезбедувачот на услугата, како што е применливо, ii) Понудата ви е дадена преку РИМЕ или неговите филијали „КАКО ШТО Е“ и „КАКО ШТО Е ДОСТАПНО“, без експлицитни или имплицитни услови, индосаменти, гаранти, претставувања или гаранции; iii) како и меѓу Вас и РИМЕ, ќе се применат огранучувањата и исклучувањата на одговорност и одредбите за рефундирање од овој Договор за применливите видови понуди од Трети Страни, меѓутоа не и за софтвер или РИМ улсуги.
(ж) Понуди за лична употреба на БлекБери преносни уреди, а не за препродажба. Без оглед на било кој услов или правило во условите и правилата за одредена Понуда, Се согласувате дека Вие ќе преземате понуди само за ваша лична употреба а не за продажба или препродажба и дека ќе преземате, инсталирате и/или користите Понуди кои се софтверски апликации само на комерцијална софтверска платформа која работи на пренослив уред.
(з) Ограничена поддршка. Во врска со РИМЕ Продавницата, артикли од Трета Страна и услуги од Трета Страна кои се достапну преку РИМЕ Продавница, РИМЕ е одговорен за: (а) услуги со ограничена поддршка само во однос на проблеми со преземањето на софтвер и артикли од Трета Страна; и (б) услуги за поддршка во прва линија за технички проблеми што би можеле да ги сретнете со оглед на БлекБери преносниот софтвер до кој го олеснува пристапот до, и употребата на, РИМЕ Продавницата. Ве молиме обратете се до веб страната за проддршка за применливата РИМЕ Продавница за услуги на поддршка кои се моментално достапни.
(ѕ) Платени надградби. Во некои случаи РИМ може да направи основна или временски ограничена верзија на РИМ Услуга или софтвер кои ви е достапен било преку уредот како што е доставен преку РИМЕ Продавницата, меѓутоа, бара од вас да купите надградена верзија на РИМ Услугата (или надградена претплата на РИМ Услугата) или на таков софтвер со цел да добиете дополнителна функционалност или да ја користите РИМ Услугата или софтверот по првичниот тест период.
(и) Одговорност на Компанијата одговорна за финансиски трансакции и РИМ за артиклите од Трета Страна ли услугите од Трета Страна. Ниту Компании одговорни за финансиски трансакции од Трета Страна ниту РИМЕ имаат техничка експертиза во поглед на артиклите од Трета Страна или услугите од Трета Страна кои се достапни преку РИМЕ Продавница. Понудувачите се одговорни за гаранциите и поддршката за нивните понуди. Вие ќе го имате бенефитот од гаранцијата на Понудувачот (доколку ја има) за нивните Понуди. Гаранциите од различни Понудувачи ќе се разликуваат, дури и гаранциите од ист понудувач ќе разликуваат меѓу различните јурисдикции. Треба да се обратите до релевантната документација или условите за продажба доставени со понудата за да откриете која поддршка ја нуди Понудувачот за која било понуда и кои се вашите права во поглед на поддршка и гаранции. Освен ако не поинаку договорено или е побарано од важечки закон, кои било гаранции дадени во врска со понуди се однесуваат само на вас во однос на разбирањето дека вие сте само корисник а не препродавач на тие понуди. Освен до оној степен изрично пропишан со закон, или преку политиката на враќање пари на Копанијата одговорна за финансиските трансакции (доколку има) за одреден артикл од Трета Страна или услуга од Трета Страна, ниту Компанија одговорна за финансиските трансакции, ниту РИМЕ нема да дејствуваат за нивна сметка или како Обезбедувач на Услуги за Компанија одговорна за финансиските трансакции, ќе имаат обврска да дадат каква било операциона или техничка или рефундација за артиклите од Трета Страна или услуги од Трета Страна кои се достапни преку РИМЕ Продавница.
(ј) Рефундација или права од гаранција. Ако без оглед на одредбите од овој договор, од РИМЕ е барано според законите кои се во сила во вашата јурисдикција да понудат дополнителна рефундација или гарантни права за
понуда, РИМЕ ќе обезбеди такви лекови како што е нужно според таквите закони и, каде што е дозволено, РИМ моеже да избере да обезбеди еден или повеќе алтернативни продукти, софтвер, артикли од Трета Страна или услуги од Трета Страна.
(к) In-App продукти и БлекБери услугата за плаќање. БлекБери услугата за плаќање им овозможува на Понудувачите да прават дигитални продукти и услуги достапни на Вам од софтвер на Трета Страна или софтвер. Потврдувате дека In-App продукти од Трета Страна не се чуваат серверите на РИМЕ и не се дистрибуирани преку РИМЕ Продавница и сте согласни дека понудувачот на тие In-App продукти е одговорен да ги исполни вашите нарачки на In-App продукти и да ги достави тие продукти до вас, а не РИМЕ.
10. Мојот Свет. Кога ќе преземете некој Софтвер или артикл од Трета Страна преку РИМ Услуга или услуга од Трета Страна, ваша одговорност е, а не на РИМ или неговите филијали да бидат обврзани према вас за која било загуба, уништување или штета направена на вакви материјали. Мој Свет Складиштето ви овозможува да деинсталирате и реинсталирате одреден софтвер и артикл од Трета Страна на вашиот преносен уред, понатаму објаснето во тогаш важечките правила за Мојот Свет. Прифаќате и се согласувате дека правилата и карактеристиките на Мојот Свет можат да бидат променети од време на време и сте согласните да ги почитувате моменталните правила.
11. Интелектуална сопственост. Ниту вие ниту пак вашите овластени корисници не стекнувате, со овој договор, какви и да било права на сопственост, законски права или интерес во или врз која и да било интелектуална сопственост или други права на сопственост, вклучувајќи патенти, дизајни, трговски марки, права за умножување, права за бази на податоци или права на кои и да било доверливи информации или трговски тајни, во, или поврзани со, Вашето XxxxXxxx Решение или кој и да бил дел од него, вклучувајќи содржина која е достапна преку РИМ или неговите филијали и нивните доставувачи како дел од РИМ Услуга. Исто така не се стекнувате со никакви права на лиценца во или поврзани со Вашето БлекБери Решение или кои и да било негов дел, или која било содржина достапна до вас преку РИМ Услуга, освен со правата кои се прецизно лиценцирани на вам со овој Договор, во придружната документација или во друг взаемно писмено склучен Договор кој можеби го имате со РИМ. Ниту едно законско право и/или кое и да било право на сопственост на РИМ производот(-ите) (доколку постојат) не е дадено по автоматизам со овој Договор, и никакво право на бета софтвер не преоѓа на вас. Кои и да било права кои не се јасно дадени со овој Договор се категорично задржани. За појаснување, и покрај се друго во овој Договор, во никој случај патентна лиценца дадена овде во Софтверот нема да бидат
доделени, или да бидат сфатени како доделени, на користење на кои и да било Услуги од Трети лица или Артикли на Трети лица, било самостојно или во комбинација со Вашето БлекБери Решение, како и, без ограничување на горенаведеното, во никој случај нема лиценците доделени со овој Договор да бидат сфатени така што кои и да било добавувач на Услугите од Трети лица или Артикли од Трети лица да може успешно да инсистира користењето на Услугите од Трети лица или Артиклите на Трети лица, било во комбинација со целото или со дел од БлекБери Решението или на самостојна основа се лиценцирани согласно патентите на РИМ врз основа на фактот што Софтверот е лицениран со овој Договор. Софтверот и кои и да било копии од него кои ги имате направено, е единствено лиценциран, а не продаден, на Вас и Софтверот, целата Документација и која и да било содржина предвидени за вас преку РИМ Услуга и било кои Web страна(-и) кои Ви дозволуваат да пристапите кон кои и да било РИМ Услуги се заштитени со законите за авторки права и патенти на Канада, САД и со меѓународните закони за авторки права и патенти, како и со одредбите на меѓународните договори. Постојат строги казни, и граѓански и кривични, за прекршување на интелектуална сопственост. Вие се согласувате дека ништо во овој Договор нема да влијае неповолно врз кои и да било права и да се прибегне кон какви и да било лекови, вклучувајќи, кон наложена помош, кои РИМ и било кој добавувач на содржина за РИМ Услуга може да ги има според кои и да било важечки закони кои се однесуваат на заштитата на интелектуалната сопственост на Рим или на добавувачите на содржини или на други права на сопственост.
12. Извоз, увоз, ограничувања на користење и Владини лиценци од САД
(а) Се согласувате дека РИМ Производите и Софтверот можат да вклучуваат криптографска и нема да бидат извезени, увезени, користени, префрлени или ре-екпортирани, освен ако е тоа направено во согласност со важечките закони и прописи на државните органи. Како резултат на ова Вие застапувате дека: (А) според Ваше целосно сознание Вие сте квалификувани да ги примате РИМ производите и Софтверот согласно важечката законска регулатива; (Б) Нема да ги користите РИМ производите и Софтверот за развој, производство, манипулирање со, одржување, складирање, детекција, идентификација или распространување на хемиски, биолошки или нуклеарни оружја или во системи за испорака на ракети со вакви полнења, или за материјали или опрема кои би можеле да бидат употребени во такви оружја или во системи за испорака на ракети со вакви полнења, или да ги препродавате или извезувате на кое и да било физичко или правно лице кое е вклучено во вакви активности; и (В) ќе обезбедите Овластените Корисници да ги користат РИМ производот(-ите) и Софтверот во согласност со
горенаведните ограничувања. Сепак, кои и да било Договор со трето лице или кои и да било одредба од закон, пропис или политика, доколку сте која и да било агенција на владата на САД, тогаш Вашите права во поглед на Софтверот нема да ги надминуваат правата одредени со овој Договор, освен ако тоа не е изрично договорено со РИМ во пишан договор меѓу Вас и РИМ и потпишано од Главниот опративен директор или Главниот извршен директор на РИМ.
13. Безбедност, сметки и лозинки. Се согласувате да преземете целосна одговорност за поставувањето на соодветните безбедносни мерки за контрола на пристапот на вашиот преносен уред и компјутерскиот систем со кој функционира. Без ограничување на споменатото, се согласувате изберете силни лозинки и да ја одржувате безбедноста и доверливоста на сите лозинки кои се користат за пристап до вашето БлекБери Решение или кој било дел од истото, вклучувајќи лозинки кои се користат за пристап до која било сметка поставена во врска со вашето БлекБери Решение. Понатаму, се согласувате дека сте одговорни за секоја активност кои ги бараат вашите лозинки или на или преку вашите сметки, вклучувајќи ги сите финансиски наплати или други обрски кои се случуваат во поглед на вашата активност. Се согласувате веднаш да го известите РИМ за секоје неовластено користење, во целост или во дел, на вашето БлекБери Решение, вклучувајќи лозинки за било кој дел вашето БлекБери Решение, преку контактирање на РИМ грижата за корисници. (контакт информација на xxx.xxxxxxxxxx.xxx/xxxxxxx) РИМ може да преземе активности кои ги смета за соодтветни по приемот на такво известување, меѓутоа нема обврска ги преземе истите. Се согласувате дека известувањето на РИМ како што е наведено погоре не ве ослободува од одговорноста за сета активност која се случува користејќи ги вашите лозинки или на или преку вашите сметки.
14. Промена или загубени/украдени уреди: back-up/бришење на податоци.
(а) Изгубени/украдени уреди. Ако се сомневате дека вашата преносниот уред е украден треба да ја контактирате локаната полициска станица. Доколку вашиот преносен уред е изгубен или сметате дека е украден, а истиот го имате регистрирано со некоја РИМ Услуга, како што е БлекБери Заштита, која овозможува лоцирање на уреди, заклучување или можност за далечинско бришење на податоци, ваквата РИМ Услуга треба да ја користите за да се обидете да го лоцирате вашиот уред, да го заклучите истиот или да ја отстраните можноста за бришење податоци. Без оглед на наведеното и без ограничување на опшите услови во Дел 22, РИМ и неговите филијали не можат да ја осигураат: (i) достапноста, точноста, комплетноста, сигрноста или благовременоста на податоците на местоположбата или на било кои податоци достапни
преку такви услуги за лоцирање, или (ii) можнота далечинското бришење, далечинското заклучување или друга функционалност на такви сервиси да бидат успешно изведени, затоа што покриеноста на услугите на поврзување од страна на вашиот обезбедувач на услуга на поврзување, состојбата на вашиот преносен уред и системски ресурси не можат да бидат познати во времето на барањеро.
(б) Back-up/бришење податоци. РИМ препорачува, доколку ги имате потребните права и лиценци, да правите редовен back-up на целата електронска пошта, содржина и софтвер од Трета Страна кои ги добивате и/или дргуи податоци на вашиот преносен уред, затоа што во многу инстанци вакви податоци не се чуваат или на друг начин копираат од страна на, или во име на РИМ. Ако го префрлите вашиот преносен уред (како што е дозволено од страна на BBSLA) поради било која причина, вклучувајќи, во врска со сервисирањето на вашиот преносен уред, освен доколку не ги избришете сите податоци од вашиот преносен уред, и ја отстраните целата потрошна меморија, овие податоци ќе бидат достапни за лицето кое го има во владение тој преносен уред. Доколку вашиот преносен уред ви биде вратен, откатко бил целосно избришан и префрлен, како после сервисирање на вашиот преносен уред, вие ќе треба одново да го инсталирате секој софтвер кој не бил оригинално доставен со преносливиот уред.
(в) Дистанциран уред. Некои РИМ услуги, како што е БлекБери Заштита и БлекБери Интернер Услугата, ви дозволуваат да го дистанцирате вашиот преносен уред од таквата РИМ Услуга. Ако вашиот преносен уред е изгубен, украден, го пренесете вашиот уред поради било која причина, или доколку повеќе не сакате вашиот преносен уред да биде во врска со таквите РИМ услуги, вие сте одговорни за дистанцирањето на вашиот преносен уред од таквите услуги.
15. Доверливост и забрана за обратен инженеринг. Прифаќате и се согласувате дека вашето XxxxXxxx Решение е: (а) развиено за значително време и трошок од РИМ и/или Групацијата РИМ; и (б) дека РИМ продуктите, РИМ услугите, Софтверот и со него поврзаните CALs содржат доверливи информации вклучувајќи ги трговските тајни на РИМ, Групацијата РИМ и нивните соодветни добавувачи. Без ограничување на горенавденото, за Бета продуктите, како доверлива информација се смета изгледот, „изглед и чувство“, перформансите, спецификациите, каратериститките и финкционалноста на софтвер и харвер, и овие информации не смеат де дискутираат и покажуваат во јавноста од ваша страна или од страна на вашите овластени корисници, на било кој начин се додека не е јавно објавено од страна на РИМ. Овој Договор не ви дава право да набавите од РИМ, неговите филијали или од неговите дистрибутери каква и да било шифра за Софтверот, РИМ Услугата или
услугите од Трета Страна и, освен до степенот до кој РИМ е јасно спречен со закон да ги забрани ваквите активности, се согласувате дека ниту Вие ниту пак Вашите овластени корисници нема да го менувате, модифицирате, прилагодувате, создавате деривативни работи, преведувате, обезличувате или да вршите обратен инженеринг врз Софтверот и/или со него поврзаните CALs, РИМ Услугата или услугите од Трета Страна или да се обидете тоа да го направите, ниту пак ќе дозволите да, се согласите со, одобрите или поттикнете која и да било друга страна да го направи истото. За целите на овој Договор, "Обратен инженеринг" вклучува какво и да било дејствие на обратен инженеринг, преведување, раставување, декомпилирање, дешифрирање или деконструкција на податоци (вклучувајќи тука и каков и да било аспект на "фрлање на RAM/ROM или постојана меморија", ""душкање" на кабловски или безжичен линк", или обратен инженеринг на "црна кутија"), софтвер (вклучувајќи интерфејси, протоколи и кои и да било други податоци вклучени во или користени во комбинација со програми кои може или не технички да бидат сметани за софтверски код), услуги, или хардвер или кој и да било метод или процес на доаѓање до или конвертирање на кои и да било информации, податоци или софтвер од една форма во форма читлива за луѓето.
16. Престанок на важноста. Овој Договор ќе стане важечки откако Вие ќе се согласите да бидете обврзани со одредбите на истиот (како што е опишано во погоренаведената преамбула) и ќе продолжи да има важност освен ако не биде раскинат во согласност со одредбите воспоставени во него.
17. Лекови или Раскинување.
Како дополнување на кои било други права и лекови на РИМ поставени понатаму во овој договор:
(а) Xxxxxxx Вие или Вашите овластени корисници го прекршите овој Договор, РИМ или неговиот агент може, но не е обврзан да, преземе одредени активности кои ги сметаат соодветни. Вавки активности вклучуваат привремено и трајно отстранување на содржина, блокирање или делумно блокирање интернет трансмисијата, и/или итното суспендирање или прекинување на целото или дел БлекБери Решението или кој било артикл од Трета Страна кој се користи во комбинација со вашето БлекБери Решение.
(б) РИМ може, дополнително на сите други права и лекови кои му ги дава овој Договор или законот; (i) веднаш да го раскине овој Договор и кој и да било друг Договор за лиценца меѓу Вас и РИМ за кој и да било друг дел од Вашето XxxxXxxx
Решение користено од вас или Вашите овластени корисници со овој Софтвер доколку го прекршите овој договор, или било кој негов додаток или друг договор што го имате во сила со РИМ или со филијала на РИМ вклучувајќи, со неизвршувањето на плаќањето на кои било давачки во рок од триесет (30) дена од нивното простигнување; и/или (ii) прекине да обезбедува било која РИМ Услуга(-и) Вам или на Вашите овластени корисници во врска со Вашето БлекБери Решение. Доколку сте му доставиле на РИМ Ваши точни податоци за контакт, РИМ ќе користи разумни комерцијални напори за да ви достави Известување за укинување на важноста.
(в) Доколку било кој БлекБери преносен софтвер е дизајниран за да би обезбеди пристап до специфична(и) услуга(и) од Трета Страна, и таква(и) услуга(и) не се повеќе достапни за Вас за било која причина, РИМ може, но нема обврска да, ја прекине вашата лиценца за користење на тој БлекБери пренослив софтвер, во било кое време, со или без да ве извести; меѓутоа, доколку е фозможно, РИМ ќе користи економско разумни напори да ви обезбеди известување за прекинувањето. Доколку му имате платено на РИМ за таков XxxxXxxx преносен софтвер и не сте го прекршиле овој договор, вие можете да бидете овластени да ја рефундирате во целсот или делумно сумата што сте ја платиле на РИМ за таков XxxxXxxx преносен софтвер. Таквата рефундација, доклку постои, ќе биде ваше ексклузивно право единствената одговорност на РИМ према вас, во случај на прекин на таква лиценца.
(г) Дополнително, РИМ може да го раскине овој Договор и/или веднаш да прекине да ја дава РИМ Услугата(-ите), без каква и да е обврска кон Вас или кон Вашите овластени корисници, доколку РИМ е спречен да дава кој и да било дел или целосно од која и да било РИМ Услуга, од кој и да било закон, пропис, барање или пресуда изречена во каква и да било форма од судско или друго владино тело, или доколку известување од владина агенција или одделение укаже дека РИМ не му е дозволено да дава кој и да било дел од или целосна РИМ Услуга . Ништо овденаведено нема да биде разбрано дека изискува од РИМ да бара откажување од кој и да било таков закон, правило, пропис или ограничување, или да бара судски преглед или жалба од кој и да било судски степен. Доколку е возможно,РИМ ќе направи разумни напори да ви обезбеди, во рок триесет (30) дена претходно, известување за такво раскинувањето или прекинување во случај на платени РИМ услуги.
(д) Освен како што е изрично наведено овде, РИМ нема да има никаква обврска кон вас или вашите овластени корисници која произлегува од или е поврзана со прекинувањето на овој договор, или кои било права или лиценци дадени овде, во согласност со овој договор.
(е) Секое раскинување во согласност со овој договор од страна на РИМ ќе влезе во сила без рим да добие правна или административна согласност, одобрение или решение во вашата јурисдикција.
19. Обештетување/Одговорност. Вие ќе го обештетите и ќе спречи да биде оштетен РИМ, Групацијата РИМ, партнерите, добавувачите,
наследниците, агентите, овластените дистрибутери (вклучувајќи Обезбедувачи на Услуги на Поврзување) или застапници на РИМ и секој од нивните директори, функционери, вработени или независни договарачи (во понатамошниот текст секој од нив "Обештетена страна на РИМ") од кои и да било штети, загуби, трошоци или расходи (вклучувајќи, разумни
„адвокатски“ надоместоци и трошоци) кои настанале за Обештетената страна на РИМ и по барање на Обесштетената страна на РИМ да се брани на ваш трошок кое било барање или постапка на трета страна поведено пред Обештетената страна на РИМ, а кои произлегуваат од: (а) кршење на патенти или друга интелектулана сопственост или права на сопственост кои произлегуваат од комбинирање со или користење на која и да било направа (различена од БлекБери пренослив производ), систем или услуга поврзана со вашето БлекБери Решение или кој било дел од истото; или (б) вашето прекршување на овој Договор или било кој било негов додаток. Ниту еден лек кој е овде доделен на РИМ не е наменет да биде, ниту ќе се смета дека е, изземен од било кој друг лек одреден овде или како што е дозволен со закон или по праведност, туку таквите лекови ќе бидат кумулативни.
20. Ограничени емства.
(а) Софтвер.
(i) Доколку во текот на периодот од 90 (девеесет) дена откако Софтверот Ви е испорачан ("Гарантен период"), Софтверот, онака како што е ставен на располагање од РИМ или кој и да било овластен дистрибутер на РИМ, не е способен да ги извршува функциите опишани во стандардната Документација за тој артикл или софтвер за крајниот корисник ("Спецификации") кога се користи како што е назначено од РИМ во Документацијата која се однесува на тој одреден тип и верзија на Софтвер во комбинација со други неизменети делови на Вашето БлекБери Решение, РИМ ќе, по свој сопствен избор и проценка, направи или разумни напори да го корегира или ќе Ви обезбеди заобиколно решение за тој проблем (која поправка или заобиколно решение може да ви биде обезбедена по разумна проценка на РИМ во една од повеќе различни форми, вклучувајќи тоа да биде и во тек на телефонска или E-mail поддршка на корисникот која ќе Ви биде обезбедена, во издание на софтверската поправка кое е веќе на располагање на Web страната на РИМ или во која и да било друга форма за која ќе Ве извести РИМ) или ќе ви обезбеди поврат на еднократниот надоместок кој сте го платиле за соодветниот Софтвер, доколку престанете да го користите Софтверот и медиумот на кој ви бил
доставен Софтверот и целосната нивна амбалажа биде вратена на РИМ со механизам за враќање согласно Вашето нормално емство (кое може да биде преку Вашиот Обезбедувач на услуга на поврзување, доколку е можно, или преку местото на купување) во текот на гарантниот период и со приложен доказ за купувањето.
(ii) без оглед на што и да е спротивно на овој Договор, ажурирањата, новите верзии и Бета софтверот кои ви се обезбедени бесплатно се доставени "КАКО ШТО СЕ" и без никаков вид на емство.
(iii) ажурирањата и новите верзии за кои сте платиле дополнителни надоместоци, ќе бидат предмет на погоре изнесеното емство во период од 90 (девеесет) дена од датумот на кој Ви е испорачана новата верзија на кој и да било Софтвер.
(iv) горенаведената обврска нема да важи доколку неможноста Софтверот да ги извршува функциите опишани во Спецификациите се должи на: (А) користење на Софтверот на неконзистентен начин со која и да било од Вашите обврски изнесени во овој Договор или на начин неконзистентен со упатствата, вклучувајќи ги упатствата за безбедност, наведени од РИМ во Документацијата кој се однесува на дадениот тип и верзија на Софтвер; или (Б) неисправно функционирање или друг проблем кој е поврзан со каков и да било хардвер (вклучувајќи ги и оние кои произлегуваат од дефектни Преносливи производи од Трето лице), мрежа, софтвер или комуникациски систем (поправки дефектни БлекБери уреди се предмет на гаранција и/или договор за поддршка за тие РИМ продукти) или (В) на кои и да било надворешни причини кои влијаат на Софтверот, вклучувајќи го медиумот на кој е инсталиран Софтверот, како што се незгода, катастрофа, електростатско празнење, пожар, поплава, гром, вода или ветар, исправка на грешки кои може да се припишат на софтвер кој е различен од Софтверот, или дефекти кои се последица на поправки или модификации кои не се одобрени од РИМ.
(v) за појаснување, освен ако поинаку не се бара од соодветните закони, ова емство се однесува на БлекБери Преносливиот софтвер во новите Преносливи производи и не важи за БлекБери Преносливиот софтвер вклучен со користени или обновени Преносливи производи.
(vi) Нема емство за бесплатни пост продажни "симнувања" на дополнителни артикли на Софтвер или на бесплатен БлекБери серверски софтвер, или на бесплатен Серверски софтвер. Доколку кој и да било артикл на таков Xxxxxxx не работи во согласност со неговата Документација во периодот од 90 (девеесет) дена по денот на кој сте го инсталирале истиот на Вашиот Пренослив производ или компјутер, може да контактирате со РИМ и РИМ ќе Ви ја идентификува поддршката, доколку истата е потребна, која е на располагање за тој Софтвер (која поддршка може да Ви биде обезбедена по разумна проценка на РИМ во една од повеќе различни форми, вклучувајќи тоа да биде и во тек на телефонска или E-mail поддршка на корисникот која ќе Ви биде обезбедена, во издание на софтверската поправка или издание кое е веќе на располагање на Web страната на РИМ или во која и да било друга форма за која ќе Ве извести РИМ).
(vii) потврдувате и прифаќате дека онаму кадешто таквиот Софтвер е наменет да го овозможи Вашиот пристап до Артикли на Трето лице и Услуги на Трето лице, РИМ МОЖЕ ДА ИМА ОГРАНИЧЕНА ИЛИ НИКАКВА КОНТРОЛА ВРЗ ФУНЦИОНАЛНОСТА ИЛИ РАБОТЕЊЕТО ИЛИ НЕ-РАБОТЕЊЕТО НА ТАКВИТЕ АРТИКЛИ ОД ТРЕТО ЛИЦЕ ИЛИ УСЛУГИ ОД ТРЕТО ЛИЦЕ, КАКО И ДА НЕ МОЖЕ ДА ДАДЕ ПОПРАВКА ИЛИ ЗАОБИКОЛНО/ПОМОШНО РЕШЕНИЕ ЗА ПРОБЛЕМ КОЈ СТЕ ГО ОТКРИЛЕ КАЈ ОВОЈ СОФТВЕР. РИМ не дава гаранции за артикли на Трети Страни или услуги од Трети Страни и во врска со истите, мора да се обратите до обезбедувачот на тие артикли или услуги за да добиете гаранција. Гаранците се разликуваат помеѓу различни обезбедувачи и дури помеѓу различни јурисдикции за иститот обезбедувач. Треба да се повикате на релевантната документација или условите дадени од обезбедувачот за да дознаете каква поддршка нуди обезбедувачот за одреден артикл или неговите услуги, и вашите права во врска со поддршка и гаранции.
(viii) Овој Дел го објаснува обврските кои РИМ единствено ги има и Вашите единствени лекови од апсект на Софтверот и кои и да било дефекти, грешки, проблеми или кршење на емството за Софтверот кое е овде изнесено.
(б) Производи. Ограниченото емство, доколку го има, за РИМ Производ(-и) ("Ограничено емство за производ") е опишано во Документацијата која се однесува на тој производ. Ограниченото емство за производ е ексклузивното емство за кој и да било производ на РИМ кој се продава според одредбите и условите на овој Договор и ги објаснува Вашите единствени лекови во поглед на производите на РИМ и на какво и да било кршење на Ограниченото емство за производ. Бета Харверот е даден „КАКО ШТО Е“ без гаранција од било каков вид. Следните Подделови на подолуопишаниот Дел од овој Договор со наслов "Општи одредби" (Дел 29) се вклучени преку референца во одредбите на Ограниченото емство за производ, видоизменети согласно барањата до степен неопходно потребен да се применат во Ограниченото емство за производ: "Писмено откажување од недостатоци" (Дел 29(б)), "Опстанок" (Дел 29(в)), "Можност за раскинување на Договорот" (Дел 29(д)), "Јазик" (Дел 29(ѓ)) и "Целосен Договор" (Дел 29(ж)). Со изразување на прифаќањето на овој Договор од Ваша страна, како што е пропишано погоре, Вие признавате дека сте го прочитале Ограниченото емство за производ и дека се согласувате со неговите одредби. За објаснување, освен до степенот кој се бара со соодветните закони, "Ограниченото емство за производ" важи само за нови производ(-и) на РИМ и само резултатот на таквото емство (доколку има) важи за кои и да било обновени производи на РИМ.
21. Поддршка по истекување на емството. Доколку сакате да добиете поддршка од РИМ по истекот на емствениот период, Ве молиме контактирајте со РИМ на xxxxx@xxxxxxxxxx.xxx (или друга таква локација дадена на xxxx://xxx.xxxxxxxxxx.xxx/xxxxx/) или со вашиот обезбедувач на услуга на поврзување. Доколу трето лице врши хостирање на Софтверот во Ваше име ("Лице домаќин") и Вие сакате Лицето домаќин да обезбеди од РИМ поддршка за Софтверот во Ваше име, тогаш или Вие или Лицето домаќин мора да има склучено со РИМ Договор за поддршка за соодветните артикли на Софтвер како што е неопходно за бројот на Ваши Овластени Корисници, а Вие мора од време на време да праќате на РИМ најнови информации за Софтверот кој е хостиран во Ваше име со испраќање на E-mail на xxxxx@xxxxxxxxxx.xxx (или друга таква локација дадена на xxxx://xxx.xxxxxxxxxx.xxx/xxxxx/) идентификувајќи го Софтверот, бројот на промероци за кои имате лиценца, заедно со SRP IDs и CALs соодветно. Поддршка за Вашето БлекБери Решение може да не биде возможна преку одредени Обезбедувачи на услуга на поврзување.
22. Демант.
ЗАКОНИТЕ НА НЕКОИ ЗАКОНОДАВСТВА МОЖЕ ДА НЕ ДОЗВОЛУВААТ ОГРАНИЧУВАЊЕ НА ОДГОВОРНОСТА ИЛИ ИСКЛУЧУВАЊЕ НА ЕМСТВА, УСЛОВИ, РЕКЛАМИРАЊЕ, ГАРАНЦИИ, УВЕРУВАЊА ИЛИ ЗАСТАПУВАЊА ВО ДОГОВОРИ СО КОРИСНИЦИ И ВО СТЕПЕН ВО КОЈ ВИЕ СТЕ КОРИСНИК ОВИЕ ИСКЛУЧОЦИ МОЖЕ ДА НЕ ВАЖАТ ЗА ВАС.
(а) Општи емства.
(i) ДО МАКСИМАЛНИОТ СТЕПЕН ДОЗВОЛЕН СОГЛАСНО СООДВЕТНОТО ЗАКОНОДАВСТВО, СО ИСКЛУЧОК КОГА ТОА Е ИЗРИЧНО ИЗНЕСЕНО ВО ОВОЈ ДОГОВОР, СИТЕ УСЛОВИ, РЕКЛАМИРАЊЕ, ГАРАНЦИИ, УВЕРУВАЊА, ЗАСТАПУВАЊА, ИЛИ ЕМСТВА ОД КАКОВ И ДА Е ВИД, ИЗРАЗЕНИ ИЛИ ПОДРАЗБИРЛИВИ, ВКЛУЧУВАЈЌИ, КОИ И ДА БИЛО УСЛОВИ, РЕКЛАМИРАЊЕ, ГАРАНЦИИ, ЗАСТАПУВАЊА ИЛИ ЕМСТВА ЗА ТРАЈНОСТ, СПОСОБНОСТ ЗА ОДРЕДЕНА ЦЕЛ ИЛИ УПОТРЕБА, МОЖНОСТ ЗА ТРГУВАЊЕ, КВАЛИТЕТ НА ПРОИЗВОД, НЕПОВРЕДУВАЊЕ, ЗАДОВОЛИТЕЛЕН КВАЛИТЕТ, ИЛИ ПРАВО, ИЛИ КОИ ПРОИЗЛЕГУВААТ ОД СТАТУТ ИЛИ ОБИЧАЈ ИЛИ ТЕК НА РАБОТЕЊЕ ЗА КОРИСТЕЊЕ НА ТРГОВИЈА, КАКО И СИТЕ ДРУГИ ЕМСТВА, ЗАСТАПУВАЊА, УСЛОВИ, РЕКЛАМИРАЊА, ИЛИ ГАРАНЦИИ ОД КАКОВ И ДА БИЛО ВИД, ИЗРАЗЕНИ ИЛИ ПОДРАЗБИРЛИВИ, СО ОВА СЕ ОДРЕЧЕНИ И ИСКЛУЧЕНИ.
(ii) До максимален степен дозволен со соодветнен закон, кои и да било подразбирливи емства, или услови кои се во врска со Софтверот во степен да не можат да бидат исклучени како што е погоре изнесено, но може да бидат ограничени, се овде ограничени на 90 (девеесет) дена од датумот кога за првпат сте инсталирале кој и да било дел од Вашето БлекБери Решение на Вашиот компјутер.
(б) РИМ Услуга(-и).
(i) ОСВЕН ДО СТЕПЕНОТ ИЗРИЧНО ЗАБРАНЕТ СО СООДВЕТЕН ЗАКОН, СЕКОЈА РИМ УСЛУГА Е ДАДЕНА ИЛИ НАПРАВЕНА ДОСТАПНА "КАКО ШТО Е" И "КАКО ШТО Е НА РАСПОЛАГАЊЕ", БЕЗ УСЛОВ, РЕКЛАМА, ГАРАНЦИЈА, УВЕРУВАЊЕ ЗАСТАПУВАЊЕ ИЛИ ЕМСТВО ОД КОЈ И ДА Е ВИД ОД СТРАНА НА РИМ И,
ПРЕДМЕТ НА ДЕЛ 23(б), РИМ НЕМА ДА ИМА ОБЛИГАЦИЈА КОН ВАС, ИЛИ ПОБАРУВАЊЕ НА НЕКОЈА ТРЕТА СТРАНА ОД ВАС ИЛИ ПРЕКУ ВАС, ЗА БИЛО КОЕ ПРАШАЊЕ ПОВРЗАНО СО БИЛО КОЈА УСЛУГА КОЈА НЕ Е ПЛАТЕНА РИМ УСЛУГА.
(ii) ОСВЕН ДО СТЕПЕНОТ СПЕЦИФИЧНО ЗАБРАНЕТ СО ЗАКОН, РИМ НЕ ДАВА ЕМСТВО, ИЛИ КАКОВ И ДА Е ДРУГ ВИД НА СЛУЧНО УВЕРУВАЊЕ, ДЕКА НЕПРЕКИНАТОТО КОРИСТЕЊЕ НА ИЛИ РАБОТЕЊЕ СО КОЈА И ДА БИЛО РИМ УСЛУГА, КОНТИНУИРАНА ДОСТАПНОСТ НА КОЈА И ДА Е РИМ УСЛУГА, ИЛИ ДЕКА КОИ И ДА БИЛО ПОРАКИ, СОДРЖИНА ИЛИ ИНФОРМАЦИИ ИСПРАТЕНИ ОД ВАС ИЛИ ДО ВАС ИЛИ СКЛАДИРАНА ВО ВАШЕ ИМЕ, НЕМА ДА БИДЕ ИЗГУБЕНА, ИЗБРИШАНА ИЛИ ОШТЕТЕНА ИЛИ ЌЕ БИДАТ ТОЧНИ, ПРЕНЕСЕНИ ВО НЕВИДОИЗМЕНЕТА ФОРМА ИЛИ ВО РАЗУМЕН ВРЕМЕНСКИ ПЕРИОД.
(в) Артикли од Трето лице и Услуги од Трето лице, поврзани Web страни.
(i) ОСВЕН ДО СТЕПЕНОТ ИЗРИЧНО ЗАБРАНЕТ СО СООДВЕТЕН ЗАКОН, УСЛУГИТЕ ОД ТРЕТО ЛИЦЕ И АРТИКЛИТЕ ОД ТРЕТО ЛИЦЕ НЕ СЕ ПОД КОНТРОЛА НА РИМ, РИМ НЕ РЕКЛАМИРА НИТУ ЕДНИ ОДРЕДЕНИ УСЛУГИ ОД ТРЕТО ЛИЦЕ И АРТИКЛИ ОД ТРЕТО ЛИЦЕ И РИМ НЕМА НИКАКВА ОДГОВОРНОСТ ЗА ВАШИОТ ИЗБОР, КОРИСТЕЊЕ, ПРИСТАП ИЛИ ПРИМЕНА НА УСЛУГИТЕ ОД ТРЕТО ЛИЦЕ ИЛИ АРТИКЛИТЕ ОД ТРЕТО ЛИЦЕ.
(ii) ПРЕТХОДНО НАВЕДЕНОТО ВАЖИ БЕЗ ОГЛЕД НА ТОА: (А) КАКО НАБАВУВАТЕ ИЛИ ДОБИВАТЕ ПРИСТАП ДО АРТИКЛИТЕ ОД ТРЕТО ЛИЦЕ И/ИЛИ УСЛУГИТЕ ОД ТРЕТО ЛИЦЕ, Т.Е. БЕЗ ОГЛЕД ДАЛИ Е НЕЗАВИСНО ОД ИЛИ ПРЕКУ РИМ ИЛИ ПРЕКУ ВАШИОТ ОБЕЗБЕДУВАЧ НА УСЛУГА НА ПОВРЗУВАЊЕ; (Б) ДАЛИ КОИ И ДА БИЛО АРТИКЛИ ОД ТРЕТО ЛИЦЕ И/ИЛИ УСЛУГИ ОД ТРЕТО ЛИЦЕ (ВКЛУЧУВАЈЌИ УСЛУГИ НА ПОВРЗУВАЊЕ) СЕ НЕОПХОДНИ СО ЦЕЛ ДА СЕ КОРИСТАТ СИТЕ ИЛИ КОЈ И ДА БИЛО ДЕЛ ОД ВАШЕТО БЛЕКБЕРИ РЕШЕНИЕ; ИЛИ (В) БЕЗ РАЗЛИКА ДАЛИ НАБАВУВАТЕ ИЛИ ДОБИВАТЕ ПРИСТАП ДО АРТИКЛИТЕ ОД ТРЕТО ЛИЦЕ И/ИЛИ УСЛУГИТЕ ОД ТРЕТО ЛИЦЕ ПРЕКУ ПРЕНОСЛИВИОТ ПРОИЗВОД, ВКЛУЧУВАЈЌИ СОФТВЕР КОЈ Е ДОБАВЕН ПРЕКУ БРАУЗЕР ИЛИ
РИМЕ ПРОДАВНИЦА КОЈ МОЖЕ ДА БИДЕ СНАБДЕН КАКО ДЕЛ ОД БЛЕКБЕРИ ПРЕНОСЛИВИОТ СОФТВЕР, ПРЕКУ ПОСТ ПРОДАЖНО "СИМНУВАЊЕ" НА БЛЕКБЕРИ ПРЕНОСЛИВ СОФТВЕР КОЈ ГО ОВОЗМОЖУВА ВАШИОТ ПРИСТАП ДО ОДРЕДЕНИ УСЛУГИ ОД ТРЕТО ЛИЦЕ И/ИЛИ АРТИКЛИ ОД ТРЕТО ЛИЦЕ, ИЛИ ПО ПАТ НА ЛИНКОВИ ДО ОДРЕДЕН СОФТВЕР ОД ТРЕТО ЛИЦЕ ИЛИ WEB СТРАНИ ОД ТРЕТО ЛИЦЕ И/ИЛИ ДРУГИ УСЛУГИ ОД ТРЕТО ЛИЦЕ КОИ ВИ СЕ ОВОЗМОЖЕНИ ПРЕКУ ИКОНИ ИЛИ ПРЕКУ ОЗНАКИ НА НОВ ТЕКСТ (BOOKMARK-ОВИ) НА ВАШИОТ ПРЕНОСЛИВИОТ ПРОИЗВОД, ИЛИ ПРЕКУ КОИ И ДА БИЛО ДРУГИ НАЧИНИ, ВКЛУЧУВАЈЌИ НА ДРУГИ WEB СТРАНИ ИЛИ ПРЕКУ ИНФОРМАЦИИ ДО КОИ СЕ ПРИСТАПУВА КОРИСТЕЈЌИ ГО ВАШИОТ ПРЕНОСЛИВ ПРОИЗВОД ИЛИ ДОБАВЕНИ НА ВАС ОД РИМ ИЛИ ОД ОБЕЗБЕДУВАЧ НА УСЛУГА НА ПОВРЗУВАЊЕ.
(iii) БЕЗ ОГРАНИЧУВАЊЕ НА ПРЕТХОДНО НАВЕДЕНОТО, ОСВЕН ДО СТЕПЕНОТ ИЗРИЧНО ЗАБРАНЕТ СО СООДВЕТЕН ЗАКОН, СИТЕ УСЛУГИ ОД ТРЕТО ЛИЦЕ И АРТИКЛИ ОД ТРЕТО ЛИЦЕ СЕ ДАДЕНИ ИЛИ НАПРАВЕНИ ДОСТАПНИ ОД РИМ, ИЛИ ПОИНАКУ КОРИСТЕНИ ОД ВАС ВО КОМБИНАЦИЈА СО БЛЕКБЕРИ РЕШЕНИЕТО, ВРЗ ОСНОВА "КАКО ШТО Е" И "КАКО ШТО Е НА РАСПОЛАГАЊЕ", БЕЗ КАКОВ И ДА Е УСЛОВ, РЕКЛАМА, ГАРАНЦИЈА, УВЕРУВАЊЕ ЗАСТАПУВАЊЕ ИЛИ ЕМСТВО ОД КОЈ И ДА Е ВИД И РИМ НЕМА ДА ИМА НИКАКВА ОДГОВОРНОСТ КОН ВАС, ИЛИ КОЕ И ДА БИЛО ПОБАРУВАЊЕ ОД ТРЕТО ЛИЦЕ ОД ИЛИ ПРЕКУ ВАС, ЗА КОЕ И ДА БИЛО ПРАШАЊЕ ПОВРЗАНО СО АРТИКЛИТЕ ОД ТРЕТО ЛИЦЕ, ИЛИ УСЛУГИТЕ ОД ТРЕТО ЛИЦЕ, ВКЛУЧУВАЈЌИ: (А) ТОЧНОСТА, ПРЕНОСОТ, НАВРЕМЕНОСТА ИЛИ ПОСТОЈАНАТА ДОСТАПНОСТ НА ТАКВИТЕ АРТИКЛИ ОД ТРЕТО ЛИЦЕ, ИЛИ УСЛУГИТЕ ОД ТРЕТО ЛИЦЕ, ИЛИ НА КОЈ И ДА БИЛО ДЕЛ ОД СОФТВЕРОТ КОЈ Е НАМЕНЕТ ЕДИНСТВЕНО ЗА ОВОЗМОЖУВАЊЕ НА ТАКОВ ПРИСТАП; (Б) РАБОТЕЊЕТО ИЛИ НЕ-РАБОТЕЊЕТО НА АРТИКЛИТЕ ОД ТРЕТО ЛИЦЕ, ИЛИ УСЛУГИТЕ ОД ТРЕТО ЛИЦЕ; ИЛИ (В) НЕФУНКЦИОНИРАЊЕТО НА АРТИКЛИТЕ ОД ТРЕТО ЛИЦЕ, ИЛИ УСЛУГИТЕ ОД ТРЕТО ЛИЦЕ СО СИТЕ ИЛИ СО ДЕЛ ОД ВАШЕТО БЛЕКБЕРИ РЕШЕНИЕ; ИЛИ (Г) ДЕЛАТА ИЛИ ПРОПУСТИТЕ НА БИЛО КОЈА ТРЕТА СТРАНА ВО ВРСКА СО АРТИКЛИТЕ ОД ТРЕТА СТРАНА ИЛИ
УСЛУГИТЕ ОД ТРЕТА СТРАНА, ВКЛУЧУВАЈЌИ, ВО ПОГЛЕД НА КОРИСТЕЊЕТО НА ВАШИТЕ ПОДАТОЦИ ОД ТРЕТА СТРАНА.
(iv) БЕЗ ОГРАНИЧУВАЊЕ НА ПРЕТХОДНО НАВЕДЕНОТО, ОСВЕН ДО СТЕПЕНОТ ИЗРИЧНО ЗАБРАНЕТ СО СООДВЕТЕН ЗАКОН, ВИЕ ОСОБЕНО СЕ СОГЛАСУВАТЕ ДЕКА РИМ НЕ Е ОДГОВОРЕН ИЛИ ОБВРЗАН ЗА КОИ И ДА БИЛО ВИРУСИ, ИЛИ КОИ И ДА БИЛО ЗАКАНУВАЧКИ, КЛЕВЕТНИЧКИ, СРАМОТНИ, НЕЧЕСНИ, НАВРЕДЛИВИ ИЛИ НЕЗАКОНСКИ УСЛУГИ ОД ТРЕТО ЛИЦЕ, ТРЕТИ АРТИКЛИ ИЛИ ЗА КОИ И ДА БИЛО АРТИКЛИ ОД ТРЕТО ЛИЦЕ И УСЛУГИ ОД ТРЕТО ЛИЦЕ ИЛИ НИВНО ПРЕНЕСУВАЊЕ, КОЕ ПРЕКРШУВА КОИ И ДА БИЛО ПРАВА НА ИНДУСТРИСКА СОПСТВЕНОСТ НА ТРЕТО ЛИЦЕ. ВАШЕТО ОБРАЌАЊЕ ЗА ПОМОШ ВО СЛУЧАЈ НА ТАКВИ БАРАЊА ВО ВРСКА СО КОИ И ДА БИЛО АРТИКЛИ ОД ТРЕТО ЛИЦЕ И УСЛУГИ ОД ТРЕТО ЛИЦЕ ТРЕБА ДА БИДЕ ЕДИНСТВЕНО ПРОТИВ СООДВЕТНОТО ТРЕТО ЛИЦЕ.
(г) Апликации со пресудна важност за една мисија. ВАШЕТО БЛЕКБЕРИ РЕШЕНИЕ И КОИ И ДА БИЛО НЕГОВ ДЕЛ, НЕ ОДГОВАРА ЗА УПОТРЕБА ВО АПЛИКАЦИИ СО ПРЕСУДНА ВАЖНОСТ ЗА ЕДНА МИСИЈА ИЛИ ВО ОПАСНИ ОПКРУЖУВАЊА ИЛИ ОПКРУЖУВАЊА КОИ ИЗИСКУВААТ КОНТРОЛИ ИЛИ ИЗВЕДУВАЊА КОИ НЕ СЕ РАСУПУВААТ, ВКУЧУВАЈЌИ, РАБОТЕЊЕ НА НУКЛЕАРНИ ПОСТРОЈКИ, АВИОНСКИ СИСТЕМИ ЗА НАВИГАЦИЈА ИЛИ КОМУНИКАЦИЈА, КОНТРОЛА НА ВОЗДУШНИОТ СООБРАЌАЈ, СИСТЕМИ ЗА ОДРЖУВАЊЕ ВО ЖИВОТ, СИСТЕМИ ЗА ОРУЖЈА ИЛИ ЛОКАТОР ЗА ИТНА СОСТОЈБА ИЛИ ДРУГИ СЕРВИСИ ЗА ИТНИ СЛУЧАИ. ВИЕ ИЗЛОЖУВАТЕ И ГАРАНТИРАТЕ ДЕКА, ВО КОРИСТЕЊЕТО НА ВАШЕТО БЛЕКБЕРИ РЕШЕНИЕ, ЌЕ ОДРЖУВАТЕ СООДВЕТНИ СИСТЕМИ ЗА ПОВРАТ НА ПОДАТОЦИ И ЗА ПРАВЕЊЕ РЕЗЕРВНИ КОПИИ И ВО СЛУЧАЈ НА: (i) ПРЕКИН НА КОРИСТЕЊЕТО ИЛИ УСЛУГАТА; ИЛИ (ii) ПОТЕШКОТИИ ИЛИ ГРЕШКИ ВО ПРЕНЕСУВАЊЕТО НА ИНФОРМАЦИИ; ИЛИ (iii) ГУБЕЊЕ ИЛИ ОШТЕТУВАЊЕ НА ПОДАТОЦИ ВИЕ СЕ СОГЛАСУВАТЕ ВЕДНАШ ДА ГИ НАМАЛИТЕ КОИ И ДА БИЛО ИЛИ СИТЕ ЗАГУБИ ИЛИ ОШТЕТУВАЊА И ДА ГО ИЗВЕСТИТЕ РИМ ЗА ТАКВИТЕ ПРАШАЊА. БЕЗ ОГРАНИЧУВАЊЕ НА ОПШТИТЕ ДЕМАНТИ ЗА ШТЕТИ ВО ДЕЛ 23(а), ВО НИЕДЕН СЛУЧАЈ РИМ НЕМА ДА БИДЕ ОБРЗАН ЗА БИЛО КОЈА ШТЕТА КОЈА РЕЗУЛТИРА ОФ ВАШАТА УПОТРЕБА НА ВАШЕТО БЛЕКБЕРИ РЕШЕНИЕ,
ИЛИ ДЕЛ ОД ИСТОТО, ЗА АПЛИКАЦИИ КОИ СЕ НЕОПХОДНИ ЗА РАБОТАТА ИЛИ ВО ОПАСНИ СРЕДИНИКОИ БАРААТ КОНТРОЛИ ИЛИ ИЗВЕДУВАЊА, БЕЗ РАЗЛИКА ДАЛИ ТАКВИ ШТЕТИ БИЛЕ ПРЕДВИДЕНИ ИЛИ НЕ, И ДОКОЛКУ РИМ БИЛ ИЗВЕСТЕН ЗА МОЖНОСТА ОД ТАКВИ ШТЕТИ.
(д) Бета Продукти. БЕТА ПРОДУКТИТЕ НЕ МОЖАТ ДА БИДАТ ОВЛАСТЕНИ ЗА УПОТРЕБА ОД СТРАНА НА ПОШИРОКАТА ЈАВНОСТ ИЛИ СЕРТИФИЦИРАНИ КАКО ПРАВИЛА ИЛИ СТАНДАРДИ ИЗГЛАСАНИ ОД СТРАНА НА ДРЖАВНИТЕ ОРГАНИ ВО ВАШАТА ЈУРИСДКЦИЈА, И РИМЕ НЕ ПРАВИ РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА ДЕКА ТАКВИ ОВЛАСТУВАЊА ИЛИ СЕРИФИКАЦИИ ЌЕ БИДАТ ДОБИЕНИ. СООДВЕТНО, СЕ СОГЛАСУВАТЕ ДЕКА БЕТА ПРОДУКТИТЕ НЕ СЕ, И НЕ МОЖАТ ДА БИДАТ ПОНУДЕНИ НА ПРОДАЖБА ИЛИ НАЕМ, ИЛИ ПРОДАДЕНИ ИЛИ ИЗНАЈМЕНИ ДОДЕКА НЕ Е ДОБИЕНО ТАКВО ОВЛАСТУВАЊЕ. БЕТА ПРОДУКТИТЕ НЕ СЕ НАМЕНЕТИ ЗА УПОТРЕБА ВО НЕКОЈА ПРОДУКТИВНА ИЛИ ДРУГА СРЕДИНА КАДЕ ЌЕ СЕ ОСЛОНУВАТЕ НА ПЕРФОРМАНСИТЕ НА БЕТА ПРОДУКТИТЕ. БЕТА ПРОДУКТИТЕ СЕ ПРЕДПРОДАЖНА ВЕРЗИЈА НА СОФТВЕР, УСЛУГИ И РИМ ПРОДУКТИ И НЕ СЕ НАМЕНЕТИ ЗА ПРЕТСТАВУВАЊЕ ИЛИ РАБОТА НА ИСТИОТ НАЧИН ПРОДАЖНИОТ ПРОДУКТ ИЛИ УСЛУГА, И ТРЕБА ДА СЕ ОСИГУРАТЕ ДЕКА РЕДОВНО ПРАВИТЕ РЕЗЕРВНИ КОПИИ ОД КОИ БИЛО ПОДАТОЦИ КОИ ГИ КОРИСТИТЕ СО ТАКВИ МАТЕРИЈА. ВО ДОПОЛНУВАЊЕ, БЕТА ПРОДУКТИТЕ СОДРЖАТ КАРАКТЕРИСТИКИ, ФУНКЦИОНАЛНОСТИ ИЛИ APIS ЗА СОФТВЕР ИЛИ УСЛУГИ КОИ СЕУШТЕ НЕ СЕ ДОСТАПНИ ВО ПРОДАЖБА. ПРИФАЌАТЕ ДЕКА ТАКВИТЕ БЕТА ПРОДУКТИ ИЛИ БИЛО КОЈ ДЕЛ, ВО ИДНИНА МОЖЕ ДА НЕ БИДАТ ОБЈАВЕНИ ИЛИ ПУШТЕНИ ВО ПРОДАЖБА, ИЛИ ДА БИДАТ ДОСТАПНИ СО ЗНАЧИТЕЛНИ ПРОМЕНИ, И РИМ НЕМА ИЗРИЧНИ ИЛИ ИМПЛИЦИРАНИ ОБРСКИ КОН ВАС ДА ОБЈАВИ ИЛИ ДА НАПРАВИ БИЛО КОЈ ТАКОВ СОФТВЕР ИЛИ УСЛУГИ, БЕТА ПРОДУКТИ ИЛИ БИЛО КОЈ ДЕЛ ОД ИСТИТЕ ДОСТАПНИ. ПРИФАЌАТЕ И СЕ СОГЛАСУВАТЕ ДЕКА СЕТО ТЕСТИРАЊЕ, ОЦЕНУВАЊЕ И РАЗВОЈ КОЈ ГО СПРОВЕДУВАТЕ ВО ОДНОС НА БЕТА ПРОДУКТИТЕ И СО НИВ ПОВРЗАН СОФТВЕР И УСЛУГИ О ПРАВИТЕ ЦЕЛОСНО НА ВАШ РИЗИК.
23. Ограничувања на одговорноста.
НЕКОИ ДРЖАВИ НЕ ДОЗВОЛУВААТ ОГРАНИЧУВАЊЕ ИЛИ ИСКЛУЧУВАЊЕ НА ПОСЛЕДОВАТЕЛНИ, ИНДИРЕКТНИ ИЛИ ДРУГИ ШТЕТИ ВО ДОГОВОРИ СО КОРИСНИЦИ И ДО СТЕПЕНОТ ВО КОЈ ВИЕ СТЕ КОРИСНИК ОГРАНИЧУВАЊАТА ИЛИ ИСКЛУЧОЦИТЕ ВО ОВОЈ ДЕЛ МОЖЕ ДА НЕ ВАЖАТ ЗА ВАС.
(а) ДО МАКСИМАЛНИОТ СТЕПЕН ДОЗВОЛЕН СОГЛАСНО СООДВЕТНОТО ЗАКОНОДАВСТВО И КОЈ Е ПРЕДМЕТ НА ЛЕКОВИТЕ ИЗНЕСЕНИ ВО ОВОЈ ДОГОВОР, ВО НИКОЈ СЛУЧАЈ РИМ НЕМА ДА БИДЕ ОДГОВОРЕН ЗА КОИ И ДА БИЛО ОД СЛЕДНИТЕ ТИПОВИ НА ШТЕТИ: ПОСЛЕДОВАТЕЛНИ, ПРИМЕРНИ, СЛУЧАЈНИ, ПОСРЕДНИ, СПЕЦИЈАЛНИ ШТЕТИ, ОШТЕТА, МОРАЛНИ ИЛИ ДОПОЛНИТЕЛНИ ШТЕТИ, ШТЕТИ ЗА ЗАГУБА НА ДЕЛОВНИ ПРОФИТИ ИЛИ ПРИХОДИ, ПРОПУШТАЊЕ ДА СЕ РЕАЛИЗИРААТ КОИ И ДА БИЛО ОЧЕКУВАНИ ЗАШТЕДИ, ДЕЛОВНО ПОПРЕЧУВАЊЕ, ЗАГУБА НА ДЕЛОВНИ ИНФОРМАЦИИ, ЗАГУБА НА ДЕЛОВНИ ПРИЛИКИ, ИЛИ ВИДОИЗМЕНУВАЊЕ ИЛИ ЗАГУБА ИЛИ ПРОБИВАЊА НА СИГУРНОСТА НА ПОДАТОЦИ, НЕМОЖНОСТ ДА СЕ ИСПРАТАТ ИЛИ ПРИМАТ КОИ И ДА БИЛО ИНФОРМАЦИИ, ПРОБЛЕМИ ПОВРЗАНИ СО КОИ И ДА БИЛО АПЛИКАЦИИ КОРИСТЕНИ ВО КОМБИНАЦИЈА СО ВАШЕТО БЛЕКБЕРИ РЕШЕНИЕ ИЛИ КОИ ПРОИЗЛЕГУВААТ ОД БИЛО КОИ ПРОМЕНИ ИЛИ ОБИДИ ДА СЕ НАПРАВИ ПРОМЕНА ВО ВАШЕТО БЛЕКБЕРИ РЕШЕНИ, ИЛИ ДЕЛ ОД ИСТОТО, ОД БИЛО КОЈ ОСВЕН РИМ. ТРОШОЦИ ПОРАДИ ПАУЗА ВО РАБОТЕЊЕТО НА ВАШИОТ ПРОИЗВОДОТ, ЗАГУБА НА КОРИСТЕЊЕТО НА ВАШЕТО БЛЕКБЕРИ РЕШЕНИЕ ИЛИ КОЈ И ДА БИЛО НЕГОВ ДЕЛ ИЛИ НА КОИ И ДА БИЛО УСЛУГИ ОД ТРЕТО ЛИЦЕ ИЛИ АРТИКЛИ ОД ТРЕТО ЛИЦЕ, ЦЕНА НА ЧИНЕЊЕ НА ЗАМЕНСКИ ДОБРА, ЦЕНА НА ЧИНЕЊЕ НА ПОКРИВАЊЕТО, ПОСТРОЈКИТЕ ИЛИ УСЛУГИТЕ, ТРОШОЦИ НА КАПИТАЛОТ, ИЛИ ДРУГИ СЛИЧНИ ПАРИЧНИ ЗАГУБИ КОИ ПРОИЗЛЕГУВААТ ОД ИЛИ СЕ ПОВРЗАНИ СО ОВОЈ ДОГОВОР ИЛИ СО ВАШЕТО БЛЕКБЕРИ РЕШЕНИЕ ВКЛУЧУВАЈЌИ ГО КОРИСТЕЊЕТО, НЕМОЖНОСТА ЗА КОРИСТЕЊЕ, РАБОТЕЊЕТО ИЛИ НЕ-РАБОТЕЊЕ НА ВАШЕТО БЛЕКБЕРИ РЕШЕНИЕ, БЕЗ ОГЛЕД НА ТОА ДАЛИ ВАКВИТЕ ШТЕТИ БИЛЕ ПРЕДВИДЕНИ ИЛИ НЕПРЕДВИДЕНИ И ДУРИ И РИМ ДА БИЛ ИЗВЕСТЕН ЗА МОЖНОСТА ЗА ВАКВИ ШТЕТИ.
(б) До максимален степен дозволен со соодветнен закон, во никаков случај нема збирната одговорност на РИМ да надмине поголем износ од: (i) износот платен од Вас за РИМ
Производот(ите) во прашање; (ii) сумата платена за тој дел на Софтверот во прашање; (iii) сумата платена за релеватниот временски период од платената РИМ Услуга во прашање; и
(iv) 5 (пет) американски долари.
(в) До максимален степен дозволен со соодветнен закон, до степенот до кој РИМ е одговорен кон Вас, според ова, РИМ ќе биде одговорен само за штетите кои настанале во текот на периодот на дефектот, задоцнувањето или не-работењето на вашето БлекБери Решение.
(г) Ништо во овој Дел не ја ограничува одговорноста на РИМ кон вас во случај на: смрт или телесна повреда во степен кој резултира непосредно од небрежноста на РИМ; или доколку која и да било штета која би била исплатена на Вам би била намалена до степенот на ваша или туѓа соработка.
(д) ДО МАКСИМАЛЕН СТЕПЕН ДОЗВОЛЕН СО СООДВЕТНЕН ЗАКОН, СЕКОЈА СТРАНА ЌЕ БИДЕ ОДГОВОРНА НА ДРУГАТА САМО КАКО ШТО Е ЈАСНО ОДРЕДЕНО ВО ОВОЈ ДОГОВОР И НЕМА ДА ИМА НИКАКВА ДРУГА ОБВРСКА, ДОЛЖНОСТ, ИЛИ ОДГОВОРНОСТ БИЛО ДА Е ВО ДОГОВОР, ПОРАДИ НЕИЗВРШУВАЊЕ НА ОБВРСКИ, ПОД СТАТУТ ИЛИ НА ДРУГ НАЧИН.
(ѓ) ДО МАКСИМАЛНИОТ СТЕПЕН ДОЗВОЛЕН СО СООДВЕТНЕН ЗАКОН, ОГРАНИЧУВАЊАТА, ИСКЛУЧОЦИТЕ И ДЕМАНТИТЕ ВО ОВОЈ ДОГОВОР ЌЕ: (i) ВАЖАТ НЕЗАВИСНО ОД ПРИРОДАТА НА ПРИЧИНАТА ЗА ДЕЈСТВИЕ, БАРАЊЕ ИЛИ АКТИВНОСТ ОД ВАША СТРАНА, ВКЛУЧУВАЈЌИ, НО БЕЗ ДА Е ОГРАНИЧЕНО НА, НЕБРЕЖНОСТ, НЕИЗВРШУВАЊЕ НА ОБВРСКИ, СТРИКТНА ОДГОВОРНОСТ, СТАТУТ, КРШЕЊЕ НА ДОГОВОР, ИЛИ КОЈА И ДА БИЛО ДРУГА ПРАВНА ТЕОРИЈА; (ii) ПРЕЖИВУВАЊЕ НА ФУНДАМЕНТАЛНО КРШЕЊЕ ИЛИ КРШЕЊА ИЛИ ПРОМАШУВАЊЕ НА ОСНОВНАТА ЦЕЛ НА ОВОЈ ДОГОВОР ИЛИ НА КОЈ И ДА БИЛО ЛЕК СОДРЖАН ВО НЕГО; (iii) НЕ ВАЖИ ЗА ОБВРСКИТЕ ЗА ОБЕШТЕТУВАЊЕ ПРОПИШАНИ ТУКА ИЛИ ПРОНЕВЕРА ИЛИ КРШЕЊЕ, ОД БИЛО КОЈА ОД СТРАНИТЕ, НА ПРАВАТА НА ИНТЕЛЕКТУАЛНА СОПСТВЕНОСТ НА ДРУГАТА СТРАНА ИЛИ КРШЕЊЕ НА ДЕЛОВИТЕ НА ОВОЈ ДОГОВОР СО НАСЛОВ: „ПРАВИЛА ЗА КОРИСТЕЊЕ НА БЛЕКБЕРИ РЕШЕНИЕ" (ДЕЛ 3), "ЛИЦЕНЦА ЗА СОФТВЕР И ДОКУМЕНТАЦИЈА" (ДЕЛ 2), "ИНТЕЛЕКТУАЛНА СОПСТВЕНОСТ" (ДЕЛ 11), "ИЗВОЗ, УВОЗ, ОГРАНИЧУВАЊА НА КОРИСТЕЊЕ И ВЛАДИНИ ЛИЦЕНЦИ ОД САД" (ДЕЛ 12) И "ДОВЕРЛИВОСТ И БЕЗ ОБРАТЕН ИНЖЕНЕРИНГ" (ДЕЛ 15);
И КОРИСНИЧКИ ПОДАТОЦИ (ДЕЛ25) И (iv) ВАЖАТ ВО ЦЕЛИНА ЗА РИМ ИЛИ ЗА ГРУПАЦИЈАТА РИМ, НИВНИТЕ НАСЛЕДНИЦИ, ЗАСТАПНИЦИ, КАКО И ОВЛАСТЕНИ ДИСТРИБУТЕРИ НА РИМ (ВКЛУЧУВАЈЌИ ОБЕЗБЕДУВАЧИ НА УСЛУГА НА ПОВРЗУВАЊЕ КОИ НАСТАПУВААТ ВО СВОЈСТВО НА ОВЛАСТЕНИ ДИСТРИБУТЕРИ НА РИМ НА СОФТВЕРОТ).
(е) ВО НИКОЈ СЛУЧАЈ НЕМА КОЈ И ДА БИЛО ФУНКЦИОНЕР, ДИРЕКТОР, ВРАБОТЕН, АГЕНТ, ДИСТРИБУТЕР, ДОБАВУВАЧ (РАЗЛИЧЕН ОД ПОНУДУВАЧОТ), ОБЕЗБЕДУВАЧОТ НА УСЛУГИ, НЕЗАВИСЕН ДОГОВАРАЧ, ИЛИ КОЈ И ДА БИЛО ОБЕЗБЕДУВАЧ НА УСЛУГА НА ПОВРЗУВАЊЕ (ОСВЕН КАКО ШТО Е ПОГОРЕ ОПРЕДЕЛЕНО) НА ГРУПАЦИЈАТА РИМ ДА ИМА КОЈА И ДА БИЛО ОБВРСКА КОЈА ПРОИЗЛЕГУВА ОД ИЛИ Е ПОВРЗАНА СО ОВОЈ ДОГОВОР.
(ж) ВИЕ ПОТВРДУВАТЕ И СЕ СОГЛАСУВАТЕ ДЕКА ДЕМАНТИТЕ, ИСКЛУЧУВАЊАТА ИЛИ ОГРАНИЧУВАЊАТА ОДРЕДЕНИ ВО ОВОЈ ДОГОВОР СОЧИНУВААТ СУШТИНСКИ ЕЛЕМЕНТ НА ДОГОВОРОТ МЕЃУ ДОГОВОРНИТЕ СТРАНИ И ДЕКА ВО ОТСУСТВО НА ВАКВИ ДЕМАНТИ, ИСКЛУЧУВАЊА ИЛИ ОГРАНИЧУВАЊА: (i) НАДОМЕСТОЦИТЕ И ДРУГИТЕ УСЛОВИ ВО ОВОЈ ДОГОВОР БИ БИЛЕ ЗНАЧИТЕЛНО РАЗЛИЧНИ; И (ii) МОЖНОСТА НА РИМ ДА ПОНУДИ И ВАШАТА МОЖНОСТ ДА ЗЕМЕТЕ СОФТВЕР И РИМ УСЛУГИ ПОД ЛИЦЕНЦА СПОРЕД ОВОЈ ДОГОВОР И/ИЛИ СПОСОБНОСТА НА РИМ ДА ГИ НАПРАВИ УСЛУГИТЕ НА ТРЕТО ЛИЦЕ И ПРОИЗВОДИТЕ ОД ТРЕТО ЛИЦЕ ДОСТАПНИ ПРЕКУ ВАШЕТО БЛЕКБЕРИ РЕШЕНИЕ БИ БИЛЕ НА УДАР.
НИШТО ВО ОВОЈ ДОГОВОР НЕ Е НАМЕНЕТО ДА ГИ НАДМИНЕ КОИ И ДА БИЛО ЈАСНО ПИШАНИ ДОГОВОРИ ИЛИ ЕМСТВА ДАДЕНИ ОД РИМ ЗА ДЕЛОВИ НА ВАШЕТО БЛЕКБЕРИ РЕШЕНИЕ, СО ИСКЛУЧОК НА СОФТВЕРОТ И РИМ УСЛУГИТЕ.
24. Согласност за собирањето, употребата, обработувањето, трансферот, складирањето и откривањето (се заедно „обработка“ или
„обрабтвање“) на информации.
Личните податоци се обработуваат од страна на Групацијата РИМ и нејзините обезбедувачи на услуги ќе бидат третирани во согласност со политиката за приватност на РИМ (што е вклучена во овој договор и може да биде прегледана на xxx.xxxxxxxxxx.xxx/xxxxx или добиена преку праќање електронска пошта на xxxxxxxxx@xxx.xxx). Каде што е
применливо, контролерот на податоците во поглед на вашите лични податоци е РИМ правното лице со кое вие сте влегле во овој договор; доколку, во поглед на вашите лични податоци собрани во врска со дистрибуцијата на понуди преку РИМЕ Продавница, контролорот на податоци е односното РИМЕ правно лице со кое сте влегле во договор за управување на таква дистрибуција.
(а) Лични Информации. Инсталирање и/или користење од ваша страна на вашето БлекБери Решение (или кој и да било негов дел), РИМ Услугата или поврзаните Услуги на поврзување може да резултираат во обработката на лични информации како што се дефинирани во важечките закони за Вас и за Вашите овластени корисници (сите заедно „Корисници“) од страна на РИМ Групацијата на компании и нивните обезбедувачи на услуги. Вашите обезбедувачи на Услуги на Поврзување и трети страни со продукти или услуги користени со вашето БлекБери Решение. Во зависност од користените услуги, личните информации можат да содржат информации како што се E-mail адреса, телефонски број, БлекБери Идентификација, акредитиви за сметка и подесувања. Информации за Преносливиот производ (на пример, ПИН број на Преносен Уред или други идентификатори за уреди). Информации за локацијата на Преносливиот производ (како што е опишано подолу), информации за Обезбедувачот на услуги на поврзување и информации за користењето на функционалноста на Вашето БлекБери Решение и РИМ Услугите, или софтверот и хардверот искористен во комбинација со Вашето БлекБери Решение). Се соглсувате дека РИМ Групацијата може да собира такви лични податоци директно од Вас или да ги добие од Услугата на Поврзување, обезбедувачите или трети страни кои продукти или услуги кои ги користите со вашето БлекБери Решение.
(б) Намени. Во согласност со политиката на приватност на РИМ, лични информации можат да бидат обработени од РИМ групацијата на компании и нивните обезбедувачи на услуги за намени поврзани со (i) разбирање и излегување во пресрет на вашите потреби и желби и да ви го обезбедат вашето БлекБери Решение; (ii) развој на нови и подобрување на постоечките продукти и услуги; (iii) менаџирање и развивање на бизнисот и работата на РИМ Групацијата; и (iv) исполнување на правни и регулаторни барања. Понатаму, РИМ може да направи достапни до корисниците или да испрати до истите надградби или ажурирања или известувања за надградби или ажурирања на софтверот или други РИМ продукти или услуги, софтвер од Трети Страни, содржина од Трети Страни или Услуги на Трети Страни и поврзани продукти или услуги
(в) Услуги засновани на „клауд“. Ако се регистрирате за или користите, засновани на клау, услуги за праќање пораки или користите далечински пристап, складирање или back-up функција овозможена од сранана РИМ Групацијата на Компании или нивнит даватли на услуги, информациите кои ги вметнувате, обезбедувате или ги интегрирате во ваквите услуги (на пр. Имиња, слики, статусни пораки, листа на контакти или информација за групи, календар, или други информации како задачи или медиа фајлови) можат да бидат обработени од страна на РИМ Групацијата на Компании за да се олеснат услугите понудени во согласност со вашиот договор(и) со РИМ, и вие изјавувате и гарантирате дека ја имате сета потребна согласност за да овозможите такви информации до РИМ. Доколку се користи БлекБери AppWorld и Мојот Свет или некоја слична услуга, тогаш РИМ групацијата на Копмании може да обработува информации за кој софтвер, РИМ Услуга. Артикли од Трета Страна и/или услуги од Трета Страна се преземени и користени на вашиот преносен продукт.
(г) Социјална Функционалност. Одредени РИМ услуги или софтверски карактеристики може да вклучуваат „социјална“ функционалност која ви дозволува да се направите себеси видливи и да се поврзете со други индивидуи, и да го подобрите или збогатите вашето искуство со РИМ услугите или софтверот или софтверот на Трета Страна или услугите од Трета Страна интегрирани со социјалната функционалност достапна од страна на РИМ. Ако користите таква функционалност, се согласувате дека вашата можност да комуницирате или да се поврзувате со други може да укажува на други, и вашиот профил, прикажува имиња, прикажува слики, статусни пораки, статус на членство и други идентификатори или информации кои може да бидат гледани, коментирани од тие индивидуи. На пример, доколку користите РИМ Услуга или услуга на Трета Страна која е интегрирана со
„Социјалната Платформа за Пораки на БлекБери“, се согласувате дека: (i) вашите контакти од Социјалната Платформа за Пораки на БлекБери можат да видат дали вие користите таква РИМ Услуга или услуга на Трета Страна, (ii) вашите контакти од „Социјалната Платформа за Пораки на БлекБери“ можат да го видат вашиот профил и софтверот и содржината (како што се игри, музика или други медиа фајлови, во зависност од РИМ Услугата или услугата на Тxxxx Xxxxxx) која сте ја преземале, ја конзумирате или е достапна за споделување како дел од вашата употреба на РИМ Услугата или услугата на Трета Страна, како и коментарите кои Вие и останатите ги правите за истите, (iii)
дека кога поставувате коментари за вашите контакти или софтверот или содржината која ја преземале или ја конзумираат како дел од нивната употреба на РИМ Услугата или услугата на Трета Страна, информација за Вас (како што се вашите коментари, името на корисникот на профилот и прикажаната слика) може да бидат прикажани на другите контакти на таа индивидуа, и (iv) РИМ Услугата или услугата на Трета Страна може да вклучува автоматизирана функционалност која изведува анализи за развој на препораки засновани на вашите параметри и користење на РИМ Услугата или софтверот. Ве молиме проверете ги применливите поставки за применливите РИМ услуги или софтвер за достапните опции за подесување или поставки за приватност за таквите РИМ услуги или софтвер.
(ѓ) Интеграција со услуги на Трети Страни. Доколку одберете да го интегрирате или поврзете вашето БлекБери Решение со улсуги на Трета Страна (на пр. Услуги за електронска пошна на Трета Страна или сервиси кои ја олеснуваат вашата употреба на преносниот уред(и) за пристап и употреба за социјално вмрежување или други услуги понудени од Трети Страни), го овластувате РИМ да ги користи вашите акредитиви за да пристапи до услугите на Трети Страни во ваше име и да ги обработи вашите лични информации што се однесуваат на такви услуги на Трети Лица со цел да го олеснат вашиот пристап до таквите услуги на Трети Лица за ваша лична или домашна употреба. Обработените информации може да содржат: (i) вашиот кориснички ID, лозинка, токени за овластување или други акредитивиза таква услуга за електронска пошта на Трети Страни или други сметка(и) ги интегрирате во вашето БлекБери Решение; (ii) Вашите информации за сметка за профил (на пр. БлекБери ID, прикажаната слика, прикажаното име, лична порака, достапен статус, држава, временска зона, уникатни идентификатори за уред, итн.); (iii) информации за контактите на вашиот уред, (iv) индикација која апликација или услуга од Трета Страна ја имате врзано со вашата софтверска сметка, и (iii) податоци за сесијата кои произлегуваат од вашата употреба на апликации или услуги ги имате врзано со вашата софтверска сметка (на пр. Високи резултати кои сте ги постигнале во поврзана игра или апликација
(e) „Колачиња“ и слични технологии. РИМ групацијата на компании може да користи „колачиња“ (мали парчиња податоци складирани на вашиот компјутер или преносен уред) или слични алатки кои користат анонимизирани податоци со цел да ви овозможат да се приклучите на одредени услуги со цел да се заштитите вие и РИМ,
помогнете да ги направите РИМ услугите полесни за користиње или да го прилагоди вашето искуство, или за анализа со цел да ни помогнат како корисниците ги користат нашите РИМ услуги и БлекБери Решение и да ги подобриме нивните карактеристики. Ве молиме, проверете ги поставувањата на вашиот пребарувач во вашиот преносен уред во поглед на блокирањето или отстранувањето на колачињата од пребарувачот.
(ж) Поддршка и гаранција за квалитет. Доколку контактирате со РИМ за поддршка или поправка на вашиот преносен продукт или пратите дијагностика или друга техничка информација до РИМ преку електронска пошта или алатки за приклучување дадени од РИМ, за такви цели, се согласувате дека РИМ Групацијата на Компании може да собира технички информации како што се PIN бројот на вашиот преносен продукт, ID бројот на хардвер и број на модел, состојба на меморија, информации за оперативниот систем и средината, состојба на батеријата, силата на Wi-Fi, радио или безжичната конекција, листа на инсталирани апликации, информации за користењето на програми или апликации, податоци за процеси кои работат или конфигурацијата на уредот, системски настани и други информации во поглед на состојбата на вашиот БлекБери продукт кои можат да бидат од помош за дијагностички цели. Таквите информации ќе бидат користени за решавање на проблеми, корисничка поддршка, софтверски ажурирања и подобрување на продуктите и услугите на РИМ во согласност со политиката на приватност на РИМ. Доколку анализите покажуваат дека е вклучен продукт од Трета Страна, РИМ може да испрати одредена дијагностика или технички информации до продавачот на тие продукти како дел од процесот на решавање на проблеми. Прифаќате и се согласувате дела повиците со РИМ и неговите сервиси можат да бидат снимани за тренинг, гаранција на квалитет, услуги за клиентите и референтни цели.
(ѕ) Податоци за локација. РИМ Групацијата на Компании може да обезбеди одредени карактеристики кои се потпираат на информации за локацијата користејќи GPS или слични сателитски услуги (каде што се достапни) или WiFi точки и преобезбедувачи на сигнал за мобилни телефони. На пример, кадешто одредени карактеристики на софтверот или БлекБери Решението ви дозволуваат да ја споделите вашата локација со вашите контакти, или да лоцирате, пратите порака, пуштите звук на, или далечински го заклучите или избирепте вашиот преносен продукт (предмет на покриеноста Обезбедувачот на услуга на Поврзување, состојбата на
вашиот преносен продукт и системските ресурси во времето на барањето). Други карактеристики на БлекБери Решението или БлекБери продуктите може, исто така, да собираат анонимизирани рути и информации за насоки (на пр. БлекБери Сообраќај) или пребарувања за барање на локација за да се олеснат или подобрат РИМ Услугите кои ги користите. За да бидат овозможени такви карактеристики или услуги, информација за локацијата на преносен продукт (вклучувајќи информација за GPS, ID за преносникот, ID за преобезбедувачот, BSSID, за Wi-Fi точките или силината на сигналот на видливите Wi-Fi точки и преобезбедувачите на сигнал за мобилни телефони) можат да бидат комуницирани до РИМ Групацијата на Компании кога го користите вашиот преносен продукт или овозможувате ги услугите за податоци и функционалноста за лоцирање. РИМ Групацијата на Компании не задржува такви инфромации во форма која лично го идентификува корисникот, и може да користи такви информации за да ви овозможи и да ги подобри услугите кои се засноваат на локација овозможени од страна на, или во име на РИМ Групацијата на Компании или оние овозможени од страна услуги на Трети Страни користени со вашето БлекБери Решение. РИМ Групацијата на Компании може исто така да користи такви информации за да креира податоци кои се собрани или направени анонимни со цел да овозможи засновано на информации и локациски-сензитивно рекламирање. Ве молиме прегледајте ги опциите или помошното мени на БлекБери Преносниот Софтвер во врска со начинот на кој можете да ги исклучите или прилагодите карактеристиките за лоцирање на вашиот уред, или да деинсталирате од вашиот преносен продукт апликациите кои може да користат локациони податоци. Кога користите услуги на Трета Страна кои користат или овозможуваат локациони податоци, вие сте предмет на, и потребно е да ги прегледате таквите услови политики на приватност тие на Трети страни, за употребата на такви услуги на Трети Страни, и треба да дадете должни внимание пред да се согласите вашите локациони податоци да бидат дадени на други лица.
(и) Меѓународни трансфери. Се сложувате и согласувате да му овозможувате на БлекБери Решението и РИМ услугите (вклучувајќи ги на “клауд“ заснованите функционалности и функционалностите за далечински пристап, складирање и back-up), РИМ Групацијата на Компании може да преработува податоци,кои може во одредени случаи да вклучуваат лични податоци и содржината на комуникации, на сервери управувани во име на РИМ Групацијата на Компании во или надвор од јурисдикцијата во која се наоѓаат корисниците, вклучувајќи ги Канада, САД, Обединетото Кралство, Сингапур
и други држави каде има објекти кои се управувани од страна на, или во име на РИМ Групацијата на Компании. Доколку корисниците се резиденти на Европската Економска Област или било која јурисдикција каде што е потребна согласност за пренос на лични податоци надовор од таа јурисдикција или регион, Се согласувате со такви постапки и гарантирате дека и имате сите потреби согласности од страна на вашите корисници, според важечките закони.
25. Кориснички податоци. Како дополнување на било кои обелоденувања овластени од Дел 24, Вие и вашите овластени корисници се согласувате дека РИМ Групацијата на Компании може да пристапи, зачува и обелодени ваши или податоци на вашите овластени корисници, вклучуваќи лични податоци, содржина на вашата комуникација или информации за употребата на функционалноста на вашето БлекБери Решение и услугите или софтверот и хардверот употребени во комбинација со вашето БлекБери решение кога се достапни за РИМ („Кориснички Податоци“), на трети страни, вклучувајќи странски или домашни владини тела, без да ве извести Вас или вашите овластени корисници според законите на државите каде РИМ Групацијата на Компании и нејзините обезбедувачи на услуги, други партнери или филијали се се лоцирани со цел да: (i) се во согласност со правни постапки или извршни исправи или на друг начин барано со закон; (ii) соработуваат со трети страни во истражувањето на дела кои го прекршуваат овој договор; или (iii) соработуваат со системски администратори она интернет провајдери, мрежи или компјутерска опрема со цел да спроведе овој договор. Гарантирате дека ги имате добиено сите согласности потребни, според важечките закони, од вашите авторизирани корисници за да ги обелодените корисничките податоци на РИМ Групацијата на Компании и за РИМ Групацијата на Компании да ги собира, користи, обработува, пренесува и/или обелодени тие кориснички податоци како што е опишано погоре.
26. Oтстапување и пренесување на правата и обврските. РИМ може да го отстапи овој Договор без да Ве извести за тоа. Вие нема да го отстапувате овој Договор во целост или делумно без претходна писмена согласност од РИМ (ваквата согласност може да биде одбиена или условена според процената на РИМ) и кое и да било отстапување без претходна писмена согласност на РИМ ќе биде неважечко и без ефект. РИМ може да ги исполни сите обврски кои треба да се исполнат согласно овој Договор директно или може некои или сите обврски да бидат извршени од неговите добавувачи или поддобавувачи.
27. Известувања. Освен кога е поинаку одредено во овој Договор, сите известувања или друга комуникација под овој Договор, ќе се смета дека се
прифатливо дадени кога ќе бидат направени написмено и испорачани лично, од курурска служба или испратени по пошта, со однапред платена поштарина, по препорачана пошта или на еквивалентен начин, со Повратница и адресирани до Вас со адресата назначена како адреса за фактурирање која сте ја доставиле до РИМ, како и адресирана до Research In Motion UK Limited, 000 Xxxx Xxxx, Xxxxxx, Xxxxxxxxx, Xxxxxx Xxxxxxx XX0 0XX, Attention: Managing Director и во случајот на РИМЕ на адресата наведена на xxxx://xxx.xxxxxxxxxx.xxx/xxxxx/xxxx; и во секој случај со копија (што нема да претставува известување) до Главниот Правен Службеник на РИМ на 000 Xxxxxx Xxxxxx, Xxxxxxxx, Xxxxxxx, Xxxxxx X0X 0X0. Дополнително на горенаведеното, РИМ може, според свое мислење, да Ви достави известување според овој Договор електронски. Ќе се смета дека електронското известување до Вас е соодветно доставено кога ќе биде пренесено на E-mail адреса дадена од Вас на РИМ, а доколку не сте му доставиле ваква адреса на РИМ, известувањето може да биде соодветно дадено кога ќе биде ставено воочливо на xxxx://xxx.xxxxxxxxxx.xxx/xxxxx/.
28. Виша сила. И покрај која и да е друга одредба на овој Договор, ниту една од договорните страни нема да се смета дека не го исполнува овој Договор поради пропуштање да ги исполни своите обврски кога неисполнувањето настанало поради причини кои се вон нејзината разумна контрола. Оваа одредба нема да се сфати дека оправдува неисполнување на која и да е обврска од која и да е од Страните да изврши плаќање на другата страна согласно овој Договор.
29. Општи одредби.
(а) Трето страни корисници. Партнерите на РИМ како и РИМ и директорите, функционерите и вработените на неговите партнери се одбрани третострани бенефицијари за целите на одредбите од овој Договор со наслов " Безбедносни Информации поврзани со користењето на технологии“ (дел 23), „Обештетување/Одоворност“ (Дел 19), „Ограничување на одговорноста" (Дел 23) и "Демант" (Дел 22). Доставувачите на содржината за РИМ услуги се корисници од трета страна на заштитите и ограничувањата за употребата на нивната содржина навдени во „Правила за употреба на БлекБери Решени“ (Дел 3) или „Интелектуална Сопственост“ (Дел 11). Освен како што е специфично изкажано во овој Дел, овденаведените одредби се за корист на страните, а не за која и да било друга личност или ентитет.
(б) Писмено откажување од основни права. Ниту една страна не треба да се смета дека се откажала или лишила од кое и да било право според овој Договор, било да е тоа на основа на пропуштање, задоцнување или која и да било друга правна
или правична доктрина, освен ако тоа писмено откажување е направено на писмено потпишано од овластен потписник на Страната против која се бара да се наложи писменото откажување. Писмено откажување од која и да било одредба или кое и да било прекршување на која и да било одредба на овој Договор во едeн случај, нема да претставува писмено откажување за кој и да било друг случај.
(в) Опстанок. Одредбите, условите и емствата содржани во овој Договор кои според нивната смисла или контекст се наменети да го преживеат извршувањето на истиот, соодветно ќе го преживеат изполнувањето на извршувањето, откажувањето или раскинувањето на овој Договор.
(г) Владеjачко право и разрешување на спорови. Овој Договор ќе биде владеен од и сфатен согласно законите на Англија и Велс/ државата Њу Јорк/ Сингапур, исклучувајќи го кое и да било законско тело кое владее конфликти меѓу закони. Страните се согласуваат дека Конвенцијата на ОН за Договори за меѓународната продажба на добра е, со ова, целосно исклучена од примена во овој Договор. Кое и да било несогласување или спор произлезени од или поврани со овој Договор, или неговото кршење, кои Страните нема да можат да ги решат после преговори во добра вера, ќе бидат поднесени прво до погорните нивоа на менаџментот на Страните. Страните, преку нивните претставници од погорните нивоа на менаџментот, кои доколу сте физичко лице, сте Вие, ќе се сретнат во рок од 30 (триесет) дена од кога спорот е доставен до нив и доколку страните не можат да го разрешат несогласувањето или спорот во рамките на 30 (триесет) дена од состанокот, освен во степенот експлицитно забранет од важечки закон во Вашето законодавство, таквото несогласување или спор ќе биде разрешен од крајна и обврзувачка арбитража која ќе се спроведе во Лондон, Англија во согласност со Правилата за арбитража на Меѓународната трговска комора ("МТТ Правила") и ќе биде ислушан од еден арбитер назначен во согласност со наведните МТТ Правила и за кого страните треба взаемно да се согласат во рок од 30 (триесет) дена од назначувањето на арбитерот, а доколу ова не се исполни арбитерот ќе биде назначен од Претседателот на Британското компјутерско друштво (или од лице соодветно назначено од Претседателот да настапува во негово или нејзино име) за поднесокот на која и да е од Страните за времето додека е на сила, кои правила се сметаат дека се вклучени по препорака во овој параграф. Доколку одредбите за претходно наведеното се забранети со закон во Вашето законодавство, арбитражата ќе биде: (i) одржана во Вашата јурисдикција; (ii) решена со арбитража во
согласност со Постојатион Арбитражен Суд при Стопанска Комора на Р. Македонија („Македонските Правила“); и (iii) водена од еден арбитер назначен во согласност со Македонските Правила и за кого страните треба взаемно да се согласат во рок од 30 (триесет) дена од назначувањето на арбитерот, а доколу ова не се исполни независно трето лице ќе го назначи арбитерот. Секоја Страна ќе сноси една половина од трошоците поврзани со арбитражната постапка. Ниту еден спор меѓу Страните, или кој вклучува кое и да било лице освен Вас, не може да биде заедно споен или комбиниран, без претходна писмена согласност на РИМ. Мислење за наградата доделена од арбитерот може да биде поднесена во кој и да било суд кој има јурисдикција врз неа. И покрај горенаведеното, РИМ има право да отпочне правна или правична постапка, вклучувајќи постапка која бара наложена помош, во суд за барања или спорови во врска со:
(i) сумите кои ги должите Вие на РИМ во врска со Вашето набавување на Вашето БлекБери Решение или кои и да било негов дел, ако има исти; и (ii) Вашето кршење или закана за кршење на одредбите на овој договор со наслов „Вашето БлекБери Решение" (Дел 3), "Лиценца за софтвер и документација" (Дел 2), "Интелектуална сопственост" (Дел 11), "Извоз, увоз, ограничувања на користење и владини лиценци од САД" (Дел 12), "Безбедност" (Дел 13), "Доверливост и забрана за обратен инженеринг" (Дел 15) и "Ефект од раскинувањето на Договорот" (Дел 18). Вие неотповикливо се откажувате од кој и да било приговор поради местото на одржување, forum non-conveniens, или која и да било слична причина и неотповикливо се согласувате на услуга на процес по пошта или на кој и да било друг начин дозволен со соодветен закон и неотповикливо се согласувате, се повинувате на и ја прифаќате јурисдикцијата на судовите лоцирани во Англија/Њу Јорк/Сингапур за кои и да било такви барања кои произлегуваат од или се поврзани со овој Договор. Страните особено се согласуваат дека, во случај да има несогласување согласно овој Договор и таквото несогласување треба да се разреши на суд, истото нема да се разрешува со поротнички судски процес. Страните со ова се откажуваат од сите права на судски процес со порота за која и да било работа поврзана со или која произлегува од овој Договор.
(д) Можност за раскинување на Договорот. До степенот до кој кој и да било дел, параграф, одредба или реченица или нивен дел ("Дел") на овој Договор е определена да биде незаконска, невалидна или неизвршлива од надлежен орган во која и да било јурисдикција, тогаш таквата определба на тој Дел нема да влијае на: (i) законитоста, валидноста или неизвршливоста
на останатите Делови на овој Договор; или (ii) законитоста, валидноста или неизвршливоста на тој Дел во која и да било друга јурисдикција и тој Дел ќе биде ограничен доколку е можно и само потоа раскинат, доколку е потребно, до степенот баран за да се направи Договорот валиден и извршлив.
(ѓ) Xxxxx. Доколку овој Договор е преведен на друг јазик освен англиски, во случај да постои каков и да е конфликт или разлика во значењето меѓу англиската верзија и кој и да било превод, ќе преовладува англиската верзија. Освен ако, и само до степен, забранет со закон во Вашата јурсидикција, кои и да било и сите несогласувања, спорови, медијација, арбитража или литигација во врска со овој Договор ќе бидат вршени на англиски јазик, вклучувајќи, која и да било кореспонденција, откритие, поднесоци, поднесувања, завршни искази, усни завршни искази, расправи, усни расправи и наредби или пресуди.
(е) Недоследност. Доколку постои каква и да е недоследност меѓу овој Договор и која и да било лиценца за софтвер или договор за крајни корисници (различни од овој Договор) доставени во амбалажата или пропратните материјали од кој и да било дел од Вашето БлекБери Решение одредбите на овој Договор ќе важат до степенот на недоследноста. Доколку постои каква и да било недоследност меѓу овој Договор и која и да било лиценца за софтвер или договор за крајни корисници доставени во врска со кои и да било ажурирања и нови верзии на Софтверот, одредбите на таквата друга лиценца или договорите за крајни корисници ќе важат до степенот на недоследноста. Во случај на каква и да било недоследност меѓу која и да е документација доставена во амбалажата на кој и да било дел од Вашето БлекБери Решение и Документацијата за соодветниот РИМ производ или артикл на Софтвер, одредбите на Документацијата ќе важат до степенот на недоследноста.
(ж) Целосен Договор. Овој Договор (кој за целите на кој и да било Додаток кон него, а во врска со предметот на тој Додаток, ќе ги вклучува одредбите на Додатокот), го претставува целиот Договор меѓу Страните во поглед на предметот на истиот и меѓу Страните нема одредби, разбирања, комуникации, застапувања, емства, потфати, колатерални договори и договори меѓу страните кои се во врска со Софтверот освен како што е изнесено во овој Договор. И покрај горенаведеното, други договори меѓу Страните може да го владеат користењето на други делови на Вашето БлекБери Решение. Овој Договор ги заменува кои и да било претходни
или тековни одредби, разбирања, комуникации, застапувања, емства, потфати, колатерални договори и договори меѓу Страните, било усмени или пишани, во поглед на предметот на истиот и Вие потврдувате дека не сте се потпирале на ниту еден од претходните договори кога сте се согласиле да го склучите овој Договор. Овој Договор може да биде изменет во било кое време врз основа на заедничка согласност од Страните. Освен во степен кога РИМ е изрично спречен од важечки закон, РИМ понатаму го задржува правото, во своја дискреција, да прави измени во овој Договор на идна основа, вклучувајќи, за да се одразат промените во или барани од законот (вклучувајќи измени за да се обезбеди извршноста на овој Договор) или измени во деловниоте практики, со тоа што ќе Ви достави разумно известување за промената било електронски (како што е во план со горенаведената oдредба Известувања) или со поставување на известувањето за измената на xxxx://xxx.xxxxxxxxxx.xxx/xxxxx и Вие треба редовно да ја проверувате таа Web страна за измени. Доколку продолжите да го користите Софтверот и/или РИМ Услугите повеќе од 60 (шеесет) дена откако било дадено известувањето за промената, тогаш ќе се смета дека сте ги прифатиле тие промени. Доколку имате грижа за промената(- ите) Ве молиме контактирајте ја xxxxxxxxx@xxx.xxx во рок од
60 (шеесет) дена откако било дадено известувањето за промената(-ите) за да се распрашате за Вашите опции.
(з) Сообразување со закони. Вие, на Ваш сопствен трошок, ќе ги набавите и одржувате сите дозволи, регистрации и одобренија барани од владините органи или соодветниот закон во Вашето правосудство за извршувањето и исполнувањето на овој Договор или кои и да било поврзани договори за лиценца. Поточно и за избегнување на сомнеж, Вие ќе се сообразувате со сите важечки закони и прописи во инсталирањето и употребата на вашето БлекБери Решение, вклучувајќи и добивање на која и да било потребна дозвола, регистрација и одобрение од надлежните владини органи за увоз и користење на кој и да било Софтвер кој содржи комерцијалeн код или друга безбедносна функција барана од важечкото законодавство. Вие ќе го обезбедите РИМ со уверенијата и официјалните документи кои РИМ периодично може да ги побара за да го провери Вашето сообразување со оваа одредба. Без ограничување на претходно споменатото, како што одредени РИМ услуги и услуги на Трети Страни може да бидат пристапени глобално, доколку изберете да пристапите РИМ услуги или услуги на Трети Страни од локации различни од државите за кои РИМ или третата страна укажале дека тие РИМ услуги или услуги на Трети Страни се достапни, Ќе го сторите тоа на ваша сопствена
иницијаива и вие сте одговорни за усогласеноста со релевантните закони и регулативи, вклучувајќи ги и оние кои се однесуваат на увоз, извоз, употреба, пренос и/или комуникација на применливата РИМ Услуга или услуга на Трета Страна или софтвер. Понатаму, РИМ не прави никакви репрезентации дека секој софтвер и артикли од Трета Страна во врска со или достапни преку РИМ Услуга(и) (на пр. Преку РИМЕ Продавница и/или купена преку БлекБери сервисот за плаќање) се соодветни или достапни за употреба на сите локации, се согласувате дека ниту вие ниту вашите овластени корисници ќе преземате или на друг начин пристапувате до софтвер или артикли од Трета Страна, или да се обидете, од локации каде тоа е нелегално. Без ограничување на гореспоменатото, доколку важечките закони Ви забрануваат вам или на Овластен Корисник да користите опции за видео разговори, како што се видео разговори или MVS фукцијата на БлекБери преносниот софтвер, вклучувајќи, peer to peer, видео или интернет заснована функција не е дозволено во вашата јурисдикција, затоа што Вие или некој авторизиран корисник се помлади од пропишаната возраст, или затоа што законите кои се ондесуваат услугите за итни случаи, тогаш ниту вие ниту вашиот Овластен Корисник нема да преземате или користите вакви софвтерски карактеристики или продукти и/или ваша одговорнсот е да направите алтернативни аранжмани за пристап до услугите за итни случаи.
(ѕ) Проширени значења. Терминот „вклучува“ или „како што е/се“ ќе бидат толкувани како „вклучува без ограничување“ и „како што е/се без ограничување“, во зависност од случајот.
30. Соединување на договори. Со цел да обезбеди: (а) врз БлекБери софтверот софтвер за РС-а, БлекБери серверскиот софтвер и БлекБери преносливиот софтвер да важат усогласени одредби кога секој е користен како дел од Вашето БлекБери Решение; и (б) да се разјасни во поглед на тоа кои услови за лиценца важат за БлекБери преносливиот софтвер кога се користи како дел од Вашето БлекБери Решение, без оглед на начинот на кој сте го обезбделите БлекБери преносливиот софтвер, СО ИЗРАЗУВАЊЕ НА ВАШЕТО ПРИФАЌАЊЕ НА ОДРЕДБИТЕ И УСЛОВИТЕ НА ОВОЈ ДОГОВОР НА НАЧИНОТ ВОСПОСТАВЕН ПОГОРЕ, ВИЕ ИСТО ТАКА СЕ СОГЛАСУВАТЕ ДЕКА: I) ОВОЈ ДОГОВОР ГИ ЗАМЕНУВА И УКИНУВА ПРЕТХОДНО ПОСТОЕЧКИТЕ БЛЕКБЕРИ ДОГОВОРИ ЗА КРАЈНИ КОРИСНИЦИ/ЛИЦЕНЦИ ЗА СОФТВЕР И БЛЕКБЕРИ ДОГОВОРИ ЗА ЛИЦЕНЦИ ЗА СЕРВЕРСКИ СОФТВЕР ЗА ФИРМИ И КОИ И ДА БИЛО БЛЕКБЕРИ ДОГОВОРИ ЗА ЛИЦЕНЦА ЗА СОФТВЕР, КОИ БИЛО ПРЕТХОДНО ПОСТОЕЧКИ ДОГОВОРИ ЗА БЛЕКБЕРИ СОФТВЕРСКА ЛИЦЕНЦА ИЛИ ДОГОВОР ЗА ЛИЦЕНЦА ЗА БЛЕКБЕРИ РЕШЕНИЕ И КОЈ БИЛО ДОГОВОР ЗА ЛИЦЕНЦА ЗА БЛЕКБЕРИ ПРО-КОРИСНИЧКИ
УСЛУГИ, СО ВАС ЗА СОФТВЕРОТ ИЛИ РИМ УСЛУГИТЕ; И II) ОВАА ВЕРЗИЈА ОД BBSLA ГИ НАСЛЕДУВА СЛЕДНИТЕ ДОПОЛНУВАЊА ИЛИ ДОПОЛНИТЕЛНИ УСЛОВИ: ДОПОЛНУВАЊА ЗА БЛЕКБЕРИ APP WORLD И БЛЕКБЕРИ ПЛАТЕЖНАТА УСЛУГА, БЛЕКБЕРИ ID УСЛОВИТЕ И ПРАВИЛАТА, BBM MUSIC, БЛЕКБЕРИ ЗАШТИТАТА, БЛЕКБЕРИ ПАТУВАЊЕ, ДОПОЛНИТЛНИТЕ УСЛОВИ ЗА БЛЕКБЕРИ ВИДЕО РАЗГОВОРИ, ДОПОЛНИТЕЛНИТЕ УСЛОВИ ЗА БЛЕКБЕРИ MESSENGER СОФТВЕР, ВО СЕКОЈ СЛУЧАЈ ЕДИНСТВЕРНО ДО СТЕПЕНОТ ТАКВИ ДОГОВОРИ И ДОПОЛНУВАЊА ДА СЕ ВАЖЕЧКИ НА ДРУГ НАЧИН, ОД ДАТУМОТ НА ВАШЕТО ПРИФАЌАЊЕ НА ОВОЈ ДОГОВОР, ДО КОЈ И ДА БИЛО СОФТВЕР КОЈ ФОРМИРА ДЕЛ ОД ВАШЕТО БЛЕКБЕРИ РЕШЕНИЕ.
Сите референци за БлекБери договорот за крајни корисници/лиценци за софтвер и БлекБери договорот за лиценци за серверски софтвер за фирми, договори за лиценци за БлекБери софтвер или договори за лиценци за БлекБери Решение во други договори, дополнувања или документација која ја имате со РИМ за Вашето БлекБери Решение, ќе се сметаат дека се референци кон овој Договор за лиценца за БлекБери Решение (освен во степен, таква референца да нема смисла во контекстот, на пр. каде, како во оваа одредба, се имало намера да се направи разлика меѓу договорите кои претходно постоеле и Договорите за лиценца за БлекБери Решение, референците кон договорите кои претходно постоеле нема да се сметаат дека се референци кон Договорот за лиценца за БлекБери Решение).
Кои и да било измени или додатоци на БлекБери договорите за крајни корисници/лиценци за софтвер или Блекбери договорите за лиценци за серверски софтвер за фирми или БлекБери договорите за лиценци за софтвер или Договорите за Лиценци за БлекБери Решение според кои РИМ Ви доставувал кој и да било софтвер, ќе се сметаат дека се измени или додатоци на овој Договор за лиценца за БлекБери Решение.
ДОКОЛКУ ИМАТЕ БИЛО КАКВИ ПРАШАЊА ИЛИ ГРИЖИ ВО ВРСКА СО ОДРЕДБИТЕ И УСЛОВИТЕ НА ОВОЈ ДОГОВОР, ВЕ МОЛИМЕ