Имотот предмет на овој преддоговор Продавачот го гради без терет и без било какви други задржани правa и истиот ќе му го предаде на Купувачот во сопственост и владение согласно одредбите од овој преддоговор.
ПРЕДДОГОВОР
ЗА КУПОПРОДАЖБА НА НЕДВИЖЕН ИМОТ
Склучен во Скопје на ден _________ 20___ година помеѓу:
__________________________, со седише на ул.________________ бр. _____ од ___________, со ЕДБ:__________________ и ЕМС.____________ преставувано од Управителот_____________________(во понатамошниот текст „ПРОДАВАЧ„ ) од една страна
и
__________________________, со седише на ул.________________ бр. _____ од ___________,, со ЕМБГ: __________________ и л.к. бр. _____________ (во понатамошниот текст само “КУПУВАЧ“) од друга страна
кои се договорија за следното:
ПРЕДМЕТ НА ПРЕДДОГОВОРОТ
Член 1
Предмет на овој Преддоговор е купопродажба на недвижен имот – стан по систем клуч на рака во објект со намена А2 – семејно добување во згради од втора категорија предвиден за изградба во _________ (во понатамошниот текс само Објектот) на викано место _____________ на КП_____ за КО _______влез__, стан бр.__ со површина од ____ м2-стан и тераса ___ м2 , односно вкупна површина од ___ м2 согласно лист за предбележување на градба бр. _______ КО _____ (во понатамошниот текст само Xxxxxx)
Паркинг место со површина од ____м2 кое е јасно обележено и одвоено со означување за соодветниот стан, претставува идеален дел од______ од гаражата во ____________ согласно Лист за за предбележување на градба бр._____ КО _______
Дворно место со површина од ____ м2 кое е јасно обележено и одвоено со означување за соодветниот стан основниот Архитектонски проект со тех.бр. _______од _________год. заверен од _____________.
Градежното земјиште под објект и заеднички простор изразен во процените според површината на станот.
Објектот е предвиден за изградба согласно Правосилно одобрение за градба бр._________ од_____________год. издадено од ________________, заверен основен Архитектонски проект со тех.бр. _______од _________год. заверен од _____________ и Извод од детален уработнистички план бр.________од___________год. издаден од ______________.
Продавачот е сопственик на земјиштето, видно од ИЛ бр. __________ изадено од Агенцијата за катастар на недвижности, Сектор за катастар на недвижности___________ и инвеститор на објектот цитиран во овој член погоре и има потполно право да го склучи овој преддоговор.
Купувачот изјавува и потврдува дека му е ставена на увид и е запознаен со целокупната проектна и градежна документација која се однесува на изградбата на Имотот предмет на овој преддоговор. Купувачот ќе има право да бара увид во текот на градбата се до конечното завршување на градежните работи.
Имотот предмет на овој преддоговор Продавачот го гради без терет и без било какви други задржани правa и истиот ќе му го предаде на Купувачот во сопственост и владение согласно одредбите од овој преддоговор.
За предметниот Имот Продавачот нема склучено правни дела со кои се органичува во правото да по изградбата имотот го пренесе во сопственост и предаде во владениот на Купувачот.
ЦЕНА И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ
Член 2
Договорените страни се согласни и спогодбено утврдуваат дека купопродажната цена за предметниот Имот опишан во член 1 од овој преддоговор, односно во цената на станот (со паркиг место) изнесува ____________ евра за еден квадратен метар или вкупна цена од ____________ евра, цената на терасата изнесува _________ евра за еден квадратен метар или вкупно цена од ___________ евра и цена за дворно место изнесвуа ___________ евра за еден квадратен метар или вкупна цена од _________ евра, односно вкупна цена на предметниот Имот пресметана според квадратурата утврдена со проектната документација изнесува ____________ евра.
Вкупна вредност на имотот кој е предмет на овој преддоговор изнесува ________ евра.
Купопродажната цена што Купувачот се обврзува да ја плати за предметниот Имот ќе биде пресметана и утврдена по завршување на објектот, и тоа според квадратурата што за предметниот Имот ќе биде утврдена врз основа на премер извршен од страна на овластен орган за премер и по евидентирање на Имотот во катастарот, а согласно цената за метар квадратен наведена во претходниот став од овој.
Член 3
Купувачот се обврзува дека вкупната купопродажна цена утврдена во член 2 погоре ќе му ја исплата на Продавачот до _____________ година по следниот редослед:
При склучување на преддоговорот Купувачот се обврзува да ја уплати вкупната вредност на Имотот или ____________ евра. (или на рати се наведува динамиката на плаќање)
Купувачот е должен пред потпишувањето на овој преддоговор да презентира уплатница на продавачот за извршена уплата од овој член.
Вредноста е изразена во Евра а уплатата се врши во денарска противвредност сметано според продажен курс на НБРМ на денот на уплатата.
Договорените страни се согласно дека доколку Xxxxxxxxx не ја исплати купопродажната цена на начин и во роковите утврдени во член 3 став 1, Продавачот ќе има право да засмета законска затезна камата, која Купувачот ќе му ја надомести на Продавачот.
РОКОВИ И ГАРАНЦИИ
Член 4
Договорените страни се согласни, а Продавачот се обврзува дека предметниот имот ќе го заврши и подготви за предавање на Купувачот најдоцна до крајот на ________ год, а кон склучување и солемнизација на главниот договор за купопродажба да пристапи најдоцна во рок од 15 дена од датумот на издавање на имотен лист за предметниот Имот на име на Продавачот. Предметниот имот ќе биде предаден изграден и опремен во целост согласно проектната документација, како и со вградени материјали и опрема согласно техничкиот опис за објектот и Имотот, кој претставува составен дел на овој преддоговор. Продавачот го задржува правото да врши измена на предвидени материјали во проектот со други соодветни материјали кои нема да влијаат на квалитетот на градбата, а ќе ги исполнуваат стандардите за тој тип на градба. Доколку Купувачот по негова волја одбере други градежни материјали кои сака да бидат вградени во предметниот Имот, а кои не се предвидени во техничкиот опис прилог на овој преддоговор, и доколку цената на таквите материјали е повисока од цените на материјалите предвидени во техничкиот опис, Купувачот ќе биде должен да ја доплати разликата од цената на предвидените до цената на вградените материјали.
Рокот за завршување и предавање на предметниот Имот, утврден во претходниот став, може да се пролонгира во случај на настапување на околности кои претставуваат виша сила, односно околности кои се надвор од влијанието и/или контролата на Продавачот, а го спречуваат Продавачот да го запази рокот наведен во претходниот став од овој член. Продавачот не е посебно обврзан за известување на Купувачот за настанување на секоја причина за пролонгирање на рокот освен на писмено барање на Купувачот.
Купувачот се обврзува дека ќе пристапи кон склучување на главен договор за купопродажба и солемнизација на истиот, како и кон примопредавањето на предметниот Имот во рок од 15 дена од денот кога од Продавачот ќе му биде доставено писмено известување, по пат на препорачана пратка, дека Имотот е завршен и подготвен за примопредавање.
Примопредавањето на Имотот во владение на Купувачот ќе биде констатирано со записник за примопредавње кој ќе биде сочинет и потпишан заеднички од договорените страни.
Договорените страни се согласни и се обврзуваат дека откако Имотот предмет на овој преддоговор ќе биде евидентиран во надлежниот катастар на име на Продавачот, договорените странки ќе склучат договор за купопродажба на предметниот Имот согласно цената и условите утврдени во овој преддоговор. Договорот за купопродажба ќе биде предмет на солемнизација од страна на надлежен нотар и ќе претставува основ за пренос на сопственоста од Продавачот на Купувачот. За таа цел, Продавачот писмено, по пат на препорачана пратка или усмено, ќе го повика Купувачот во рок од 15 дена да пристапи пред надлежниот нотар заради склучување и солемнизација на Договорот за купопродажба.
Договорените страни се согласни дека во секој случај примопредавањето на предметниот Имот во владение на Купувачот ќе настапи најдоцна во моментот на солемнизација на договорот за купопрадажба и по целосна исплата на вкупната купопродажна цена.
Член 5
Договорените страни се согласни, Продавачот да достави банкова гаранција и дека во случај Продавачот да не го запази рокот за предавање на предметниот Имот утврден во член 4 став 1 и став 7 погоре, Купувачот ќе има право еднострано да го раскине овој преддоговор и да бара поврат на уплатените парични средства по основ на овој договор, зголемени за камата на штедни влогови на овој износ која исплатуваат банките во РМ, односно Купувачот има право да ја наплати банковата гаранција.
Во случај на раскинување на овој преддоговор од страна на Купувачот како предвидено во став 1 и 2 од овој член погоре, Xxxxxxxxx изјавува дека се откажува и нема да има право да истакнува какво било друго побарување кон Продавачот, ниту по основ на надомест на штета, ниту по некој друг основ, освен правото предвидено во став 1 од овој член.
Член 6
Продавачот му гарантира на Купувачот дека Имотот предмет на овој преддоговор ќе биде изведен согласно одобрената техничка документација и одобрението за градење.
Договорените страни се согласни дека проектната квадратура на Имотот може да отстапува најмногу 5% во однос на квадратурата што ќе биде утврдена со премер од страна на овластен орган за премер. За секое поголемо отстапување потребна е согласност од Купувачот.
Продавачот се обврзува да му го предаде предметниот Имот на Купувачот во состојба “клуч-на-рака“, со вградени комплетни инсталации за струја, вода, греење вклучувајќи грејни тела и инсталација за телефонски приклучок, кое сето е пресметано во купопродажната цена утврдена во член 2 од овој преддоговор.
Член 7
Продавачот му дава на Купувачот гаранција за квалитетот на изведените градежни работи за период од _______ години сметано од датумот на техничкиот прием на објектот, додека гаранција за вградената опрема во Имотот ја пренесува на Купувачот според условите на гаранција што ги даваат производителите на таквата опрема.
Доколку во наведениот гарантен рок се појават недостатоци или дефекти на Имотот кои произлегуваат од начинот на изведба на истиот, Продавачот ќе биде должен во рок од 8 работни дена од приемот на барањето од Купувачот да пристапи кон отстранување на таквите недостатоци или дефекти на своја сметка.
Продавачот не одговара за штети, дефекти или недостатоци на Имотот што ќе настанат по вина на Купувачот, односно поради несовесно и несоодветно користење на Имотот и вградената опрема, или поради вршење на измени на објектот или Имотот од страна на Купувачот или трети лица.
Траењето на оваа гаранција не се продолжува во случај на настапување на околности кои претставуваат виша сила, односно околности кои се надвор од контролата и/ или влијанието на продавачот.
Член 8
Договорените страни се согласни дека во случај на “ПИШМАНЛУК“ од страна на Купувачот на предметниот Имот утврден во член 4 став 1 и став 7 погоре и раскинување на овој преддоговор, Купувачот да му надомести на Продавачот износ од 10% од вкупната договорена цена од предметниот Имот утврдени во члне 2 став 1 и 2 на име надомест на штета, односно Продавачот утврдениот износ на име на надомест на штета го здржи од уплатените средства од Купувачот, а остатоткот да му го врати.
Во случај на раскинување на овој преддоговор од страна на Купувачот како предвидено во став 1 од овој член погоре, Продавачот изјавува дека се откажува и нема да има право да истакнува какво било друго побарување кон Купувачот, ниту по основ на камата, ниту по некој друг основ, освен правото предвидено во став 1 од овој член.
ОСТАНАТИ ОДРЕДБИ
Член 9
Договорените страни се согласни и се откажуваат од правото на еднострано раскинување на овој преддоговор, освен во случај и под условите предвидени во овој преддоговор.
Член 10
Договорените страни се согласни дека нотарските трошоци, ќе произлезат во врска со склучувањето на овој преддоговор и договорот за купопродажба за предметниот Имот, неопходни за пренос на сопственоста и упис на Купувачот како сопственик на предметниот Имот ќе ги сноси Купувачот.
Член 11
Продавачот врз основа на овој преддоговор ќе изврши предбележување на овој преддоговор во листот за прибележување на градба за КО________
Во случај на еднострано раскинување на овој договор од страна на купувачот или продавачот, продавачот има право врз основ на изјавата за раскинување да бара од Агенцијата за катастар да се изврши бришење на прибележувањето од листот за прибележување на градба за КО___________ и без согласност од купувачот.
Член 12
Договорените страни можат да вршат измени и дополнувања на овој преддоговор единствено по пат на склучување на писмен Xxxxx кон истиот.
Во случај на спор, надлежен е стварно и месно надлежниот суд во Скопје.
Овој преддоговор е составен во 4 (два) еднообразни примероци, а од кои по 2 (еден) за секоја договорена страна.
ПРОДАВАЧ: КУПУВАЧ:
_____________________________ ______________________________
6