Примена на условите за oсигурување
|
Примена на условите за oсигурување
Член 1
(1) Овие Посебни услови се применуваат за осигурување од одговорност на менаџери, директори, членовите на Управен или Xxxxxxxx одбор и членовите на Одбор на директори на акционерско друштво (во понатамошниот текст: членови на органи). За осигурувањата склучени по овие Посебни услови се применуваат и Општи услови за осигурување од одговорност.
Значење на поимите Член 2
(1) Поимите од овие Посебни услови го имаат следното значење:
1) осигурувач – АД ОСИГУРИТЕЛНА ПОЛИСА Скопје, со кој е склучен договор за осигурување;
2) договорувач на осигурување – лице кое со осигурувачот склучува договор за осигурување;
3) осигуреник – физичко лице чија одговорност е покриена со осигурувањето;
4) xxxxxxx, директор – физичко лице кое е на раководна позиција во друштвото;
5) управен одбор - орган на управување при двостепен систем на управување на друштвото, согласно Законот за трговските друштва и Статутот на друштвото;
6) надзорен одбор - орган на надзор на работата на Управен Одбор при двостепен сиситем на управување на друштвото, согласно Законот за трговските друштва и Статутот на друштвото;
7) член на управен одбор - физичко лице кое е именувано за член на Управен Одбор на друштвото;
8) член на надзорен одбор - физичко лице кое е именувано за член на Надзорниот одбор на друштвото;
9) одбор на директори - орган при едностепен сиситем на управување на друштвото, составен од извршни и незвршни членови на одборот на директори;
10) извршен член - физичко лице кое е член
на одбор на директори, кому одборот на директори му го доверил секојдневното работење со друштвото. Лице кое го носи називот Извршен или Генерален директор;
11) неизвршен член - физичко лице - член на Одборот на директори кое нема извршна функција во друштвото и чии овластувања се однесуваат во прв ред, на општото управување и надзор на управувањето со друштвото;
12) акционер - сопственик на една или повеќе акции кој не одговара за обврските на акционерското друштво, а учествува во основниот капитал поделен во акции;
13) друштво – правно лице во кое членовите на органи ги извршуваат со закон и статут дадените функции;
14) оштетно побарување - е писмено барање или тужба, поднесена против осигуреникот поради надомест на штета;
15) штета - финансиски износ кој осигуреникот е обврзан да го плати по судска пресуда или спогодба со претходна согласност наосигурувачот;
16) барање за надомест на штета - е писмено барање или тужба покрената против осигуреник за надомест на штета;
17) сума на осигурување - највисок износ на обврската на осигурувачот за надомест на штета за еден осигурителен случај;
18) агрегатен лимит – претставува горна граница на обврски на осигурувачот за сите осигурени случаи остварени во осигурителниот период;
19) премија - износ кој се плаќа за осигурување врз основа на договорот за осигурување;
20) полиса - документ на договорот за осигурување.
Предмет на осигурување од одговорност на членовите на органите
Член 3
(1) Предметот на осигурување според овие Посебни услови е одговорноста на осигуреникот (менаџер, директор, член на Управен или Надзорен одбор, член на Одбор
на Директори) за штети причинети на Друштвото, кои произлегуваат од прекршување на професионалните обврски и пропусти при вршење на работите во друштвото со должно внимание како уреден и совесен стопанственик во рамките на законското работење во согласност со законската регулатива во Македонија (внатрешна одговорност).
(2) Со дополнителна премија може да се договори осигурување од одговорност на членовите на органите кон било кои други оштетени лица - акционерите и државните институции (надворешна одговорност).
(3) Осигурувањето престанува да важи, по сила на закон со денот на престанокот на работниот однос на менаџерот, директорот, членот на Управен или Надзорен одбор или членот на Одбор на директори или со денот на престанокот на нивната функција, како и во случај на стекнување на услов за пензија во согласност со закон.
Оценка за ризик и склучување на договор
Член 4
(1) Договарачот на осигурувањето должен е да му ги пријави на осигурувачот, при склучувањето на договор, сите околности кои се значајни за оценката на ризикот, а кои му се познати или не можеле да останат непознати.
(2) Договорот за осигурување се склучува врз основа на писмено барање на договарачот на осигурувањето, на формулар на осигурувачот, со приложување на одобрени финансиски извештаи со годишен извештај за работа на друштвото, за последните две години.
(3) Ако договарачот на осигурувањето намерно направи неточна пријава или намерно премолчи некоја околност од таква природа што осигурувачот немало да склучи договор доколку ја знаел вистинската состојба на работите, во тој случај осигурувачот може да побара поништување на договорот.
(4) Правото на осигурувачот да бара поништување на договорот за осигурување престанува ако тој во рок од три месеци, од денот на дознавањето за намерната неточност на пријавата, или за намерното
премолчување не му најави на договарачот на осигурувањето дека има намера да го користи тоа право.
(5) Договорот за осигурување е склучен тогаш кога ќе се потпише полисата за осигурување и плати целата премија на осигурување.
(6) Осигурувањето се склучува колективно за сите членови на органите во друштвото, освен доколку поинаку не е договорено.
Време на важност на осигурувањето и подрачје на примена
Член 5
(1) Со осигурувањето е опфатена одговорноста за штета чиј причинител е работа или пропуст покриен со осигурувањето кој настанал за време на траење на менаџерскиот договор.
(2) Во случај на сомневање, ќе се смета дека осигурениот случај настанал тогаш кога можело да се преземе некое дејствие за да се спречи настанувањето на штетата.
(3) Со осигурувањето се опфатени осигурените случаи настанати на подрачјето на Р.С Македонија, освен ако поинаку не е договорено.
Обем на покритие
Член 6
(1) Со овие Посебни услови за осигурување е покриена одговорноста на членовите на Управниот или Надзорниот одбор и членовите на Одборот на директори, која може да произлезе од повреда на обврските за водење на работата на Друштвото со внимание на уреден и совесен стопанственик во согласност со Законот за трговски друштва и други законски прописи.
Штета
Член 7
(1) Штета е секој износ за која осигуреникот е одговорен во врска со причинетата штета врз основа на барање за надомест, вклучувајќи:
- Износот на штетата
- Трошоци за одбрана
- Спогодба врз основа на претходна писмена согласност на осигурувачот.
(2) Под штета не е вклучено:
- Исплата на парични казни и надоместоци;
- Сите видови бенефиции, вклучително и враќање на пари кои се исплаќале на осигуреникот или на правно лице во кое осигуреникот има интерес, а за кои немаат право.
Исклучување од осигурувањето
Член 8
(1) Осигурувачот не е обврзан да изврши било какво плаќање за штета во врска со кое било барање за надомест на штета поднесено против осигуреникот, доколку:
1) произлезе или може да се припише на стекнување на лична корист или корист или примање награда за која членовите на органите по закон или договор немаат право;
2) произлезе или може да се припише на извршување на кривично дело, нечесно или лажно дело (работа), како и намерна постапка со цел да му се нанесе штета на Друштвото или пак за себе или за друг да се стекне имотна корист. За намерна ќе се смета секоја постапка, односно пропуштање на постапка кога член на органите на Друштвото е свесен дека од тоа може да настане штета, а со неа се согласува;
3) барањето за надомест на штета произлегува од повредата на личните права (неимотна штета);
4) барањето за надомест на штета произлегува или може да се припише на било кој начин, непосредно или посредно, на загадување на животната околина, воени и политички ризици, без оглед дали војната е објавена или не;
5) можат да се припишат на факти или штетни работи кои настанале пред почетокот на важноста на осигурувањето по полиса која го покрива овој вид на одговорност;
6) произлегуваат или можат да се припишат на било која работа или направен пропуст во својство на член на Управен или Надзорниот одбор и член на Одбор на директори, на кое било поврзано Друштво;
7) произлегуват или можат да се припишат, посредно или непосредно на телесна повреда, заболување, болест, смрт или емоционално пореметување на било кое лице или оштетување, уништување или губење на било какви работи, вклучително и губиток на употребливи работи, кражба, проневера и затајување.
8) произлезе или може да се припише на сторен прекршок.
9) Објава или службена достава на неточни или лажирани финансиски податоци, извештаи и документација.
Учество на осигуреникот во штета (франшиза)
Член 9
(1) Осигуреникот во секоја штета учествува со договорениот износ на франшиза.
(2) Осигурувачот е обврзан да го надомести износот на штетата која го надминува износот на франшизата, но не повеќе од договорениот обем на покритие.
Агрегатен лимит
Член 10
(1) Агрегатниот лимит претставува горна граница на обврска на осигурувачот за сите остварени осигурени случаи во текот на една осигурителна година.
(2) Агрегатниот лимит на договорот мора да биде наведен во полисата.
Обврски на осигуреникот
Член 11
(1) Осигуреникот е должен во писмена форма да го извести осигурувачот за било кое барање за надомест на штета поднесено против него од страна на Друштвото, веднаш по сознавање, а најкасно во рок од три дена од кога дознал за тоа.
(2) Ако се извести со пратка преку пошта, тогаш како доказ дека известувањето е предадено ќе се смета датумот на предавање до поштата.
(3) Ако осигуреникот не ја изврши својата обврска во одредено време, должен е да му ја надомести на осигурувачот штетата што тој поради ова би ја претрпел.
(4) Ако во текот на времетраење на периодот на полисата осигуреникот стане свесен за било какви околности за кои разумно може да се очекува дека можат да бидат повод за поднесување барање за надомест на штета против него, должен е за таквите околности во писмена форма да го извести осигурувачот, наведувајќи ги причините за предвидување на таквото барање за надомест на штета со целосни поединости и датуми.
(5) Осигуреникот не е овластен без претходна согласност од осигурувачот да се изјаснува за барањето за надомест на штета, а посебно да го признае во целост или делумно, да се договори за барањето за надомест на штета, ниту пак да изврши исплата, освен ако според фактичката состојба не можел да одбие признавање, спогодба односно исплата, а со тоа да не се направи очигледна неправда. Ако осигуреникот во заблуда сметал дека постои негова одговорност или дека се точно утврдени фактите, тоа нема да го оправда.
(6) Ако осигуреникот се противи на предлогот на осигурувачот барањето за надомест на штета да се реши спогодбено, осигурувачот не е должен да плати повисок надомест, камата и трошоци кои поради тоа настанале.
Трошоци за одбрана
Член 12
(1) Доколку посебно се договори осигурувачот е обврзан да плати разумни трошоци за одбрана на осигуреникот, но не повеќе од 10% од износот на сумата на осигурување.
(2) Трошоците за одбрана од став (1) на овој член се вклучени во износот на осигурувањето.
Ситуација во случај на спор
Член 13
(1) Ако против осигуреникот како член на Управниот или Надзорниот одбор или како член на Одбор на директори на Друштвото, биде поднесена тужба, осигуреникот е должен без одложување да му достави на осигурувачот копија од судската покана, односно тужбата и сите поднесоци за таа парница, како и целата документација во врска со настанот што причинил штета и барањето за надомест на штета и навремено да го известува осигурувачот за текот на спорот и за сите важни факти за исходот на судскиот спор. Осигуреникот е должен лојално да ја води парницата и да се придржува до упатствата на осигурувачот во поглед на водење на спор.
(2) Осигурувачот може да му се придружи на
осигуреникот во парницата, која е покрената против него во својство на вмешувач.
(3) Во случај осигуреникот да не постапи според став (1) од одвој член, осигурувачот, го задржува правото за прекин на договорот со исклучување од правото за надомест на штета.
Застарување на побарување
Член 14
(1) Побарувањата за надомест на штета по склучениот договор за осигурување застаруваат во рок од три години, сметано од денот кога настапил осигурениот случај
Завршни одредби
Член 15
(1) Се што не е регулирано со Општите и Посебните услови за осигурување од одговорност ќе се применуваат одредбите од Законот за облигациони односи и Законот за трговски друштва.
Правна поука
Член 16
Договарачот, осигуреникот или корисникот на осигурувањето, можат да достават жалба во однос на осигурувачот до Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО), како
орган надлежен за супервизија на друштвата заосигурување.
Во случај на спор помеѓу договорувачот на
осигурувањето, односно осигуреникот и осигурувачот, надлежен е стварно надлежниот суд во Скопје.
Odbor na direktori Pretsedatel
M-r Xxxxxx Xxx{ki