Contract
Во овие општи одредби и услови за изнајмување:
а) ЗИМА-ТУРС ДООЕЛ Охрид е сопственик на возилото;
б) Корисник Лице или фирма кое го зело возилото во наем по договор за изнајмување и се обврзало да ги подмири сите трошоци од наемот; и
в) Возач - Лице кое физички управува со возилото и кое е запишано како возач во договорот за изнајмување , сите останати немаат право да управуваат со возилото.
1. Управување со возилото - Возилото може да го возат лица постари од 21 година кои имаат возачка дозвола минимум 2 години кои се наведени како возачи во договорот за изнајмување . Сите останати лица немаат право да управуваат со возилото.
2. Изнајмување на возило - Возилото го превзема корисникот со склучување на договор за изнајмување . Со потписот на договорот потврдува дека се согласува и дека ги прифаќа општите одредби и услови. Со потписот на формуларот за состојба на возилото прифаќа дека го добива возилото во исправна состојба со целосна опрема. Корисникот е должен да го врати возилото во предвидениот рок и на местото од каде што го зел возилото односно на наведеното место во договорот за изнајмување.
3.За користење на дополнителна опрема корисникот е должен да плати екстра трошок од:
- 5 Евра по ден за GPS Уред
-5 Евра по ден за детско седиште
-5 Евра по ден за бебешко седиште
-30 Евра еднократно за зелен картон
4. ОПОМЕНА - Изнајменото возило не смее да се користи/употребува
• За платен превоз на лица и стока;
• Ако лицето кое го склучило договорот дало лажни податоци;
• За било кои натпреварувања,брзинска проба или трки;
• Под влијание на алкохол,средства за смирување,наркотици,средства за спиење и др. лекови.
• Кога возилото не е во возна состојба или е претоварено,прекубројни патници или багаж,измината регистрација или од било која причина кога возилото не е технички исправно.
• Надвор од категоризираните сообраќајници;
• Одредените услови,забрани и препораки кои се однесуваат на употребата на возилото во одредени држави или региони наемникот треба да ги почитува и да ги усогласува со условите пропишани во договорот. ЗИМА-ТУРС одбива одговорност за било каква загуба или оштетување кое настанало со непочитување на на горните забрани;
5. Одговорност на корисникот за штета - Корисникот одговара за целата штета на возилото,делови, додатна опрема која не се признава по условите и одредбите на Каско осигурувањето. Корисникот одговара исто така и за штетата која би настанала на возилото, деловите и додадната опрема од несоодветна употреба како и при неодобрена замена на делови или опрема или при замена на новите делови со стари или со неоригинални делови. Корисникот се обврзува секоја константирана штета надвор од одредените услови да ја плати по добивање на сметката доставена од ЗИМА-ТУРС
6. Барање за депозит
Депозитот на почетокот на изнајмувањето можете да го уплатите на следните начини
- Кредитна картица
- Дебитна картица
- Готовина
При склучување на Договорот Xxxxxxxxxx остава депозит. При враќањето на возилото депозитот се враќа откога од него ќе се одбие сумата за евентуалните штети, евентуалните делови кои недостигаат од возилото или недостиг на гориво во резервоарот.
Плаќање на фактурата - По завршување на договорот за изнајмување се прави сметка и се изработува фактура. Корисникот е должен да ја плати фактурата веднаш.
7. Продолжување на договорот - Кога корисникот сака да го продолжи договор за изнајмување должен е минимум
1 ден порано да ја извести ЗИМА-ТУРС и да добие писмена согласност доколку не го стори тоа ќе се смета дека противправно го присвоил возилото и ЗИМА-ТУРС ќе го пријави во полиција, од каде што ќе бидат превземени соодветни мерки за противправното присвојување, односно кражба на возилото (согласно чл.235 од Кривичен законик на Република Македонија) . Во случај да изнајмувачот го враќа возилото после датумот наведен при склучување на договорот, а во текот на наемот дошло до промена на цените се пресметуваат новите цени од денот кој бил предвиден да се врати возилото освен ако не е поинаку предвидено со договорот.
8. Гориво - Горивото не е вклучено во цената на изнајмувањето, возилото се издава и се враќа со полн резервоар за гориво. Во случај на кусок на гориво, изнајмувачот е должен заедно со вработениот во ЗИМА-ТУРС да го надополни кусокот на гориво во најблиската бензинска станица и ке му биде наплатена казна од 10 евра.
9. Одржување - Изнајмувачот се обврзува дека ќе се грижи за возилото и дека редовно ќе го контролира нивото на масло во моторот, автоматскиот менувач ако истиот постои, водата во ладилникот, акумулаторот како и правилниот притисок во гумите.. Корисникот е должен да ги плати сите оштетувања од недоволното или несовесно одржување на возилото.
10. Дефекти - Поправки или замена на делови може да се врши само во овластени сервиси со претходна согласност од ЗИМА-ТУРС. При враќањето на возилото ако се константира дека било кој дел од возилото, опремата и додатната опрема е изгубен истиот ќе биде наплатен по ценовникот на овластениот сервис.
11. Документи и клуч - Сите возила се опремени со потребните документи а за истите одговара изнајмувачот,во случај на губење на документите или на клучот истите ќе му бидат наплатени на корисникот според цена на вадење на нови или според ценовникот на овластениот сервис.
12. Осигурување на патници - Сите патници се осигурани според важечките тарифи на осигурителната компанија.
13. Осигурување на возилата - Сите возила во сопственост на ЗИМА-ТУРС се осигурани против одговорност од штета од трети лица со одбитна франшиза, осигурителната компанија ја покрива штетата која ја направило возилото до одредениот осигурителен износ кој е одреден со закон на денот на случување на штетата. Изнајмувачот ја покрива штетата до висина на одбитната франшиза, осигурувањето не го покрива долниот дел од возилото и сите делови што се наоѓаат на него: корито за масло, картер, штета на подвозјето, внатрешност на возилото и шофершајбната на возилото доколку е по вина на корисникот, штета на моторот предизвикана од недостаток на масло, ставање на грешно гориво, како и гумите, брисачите, ретровизорите и антената, за сите овие делови штетата ја сноси изнајмувачот.
14. Осигурување од кражба - Сите возила во сопственост на компанијата ЗИМА-ТУРС се осигурани од кражба со одбитна франшиза и во случај на кражба на возилото изнајмувачот учествува во висина на одбитната франшиза.
Корисникот на возилото превзема целосна одговорност за било каква загуба или штета на возилото настаната во случај на немарност на корисникот или во случај да корисникот ги игнорира условите наведени во договорот за наем.
Осигурувањето од кражба не е валидно во следните случаи:
• Возилото е оставено отклучено;
• Возилото е оставено со оставени документи од возилото;
15. Незгоди - За секоја незгода мора да се извести ЗИМА-ТУРС и најблиската полициска станица и да се пополни полицискиот формулар, да се запише регистрацијата на другото возило како и неговата осигурителна компанија. Изнајмувачот се обврзува дека ќе соработува со ЗИМА-ТУРС во истрагата и постапката после настанување на незгодата, доколку не е запазена горенаведената процедура корисникот сам ќе ги сноси трошоците произлезени од незгодата.
16. Важност и промена на наемниот договорт - Договорот за изнајмување стапува во сила со потпишувањето на двете договорни страни, истовремено стапува во сила и потпишаниот формулар за состојба на возилото и неговата опрема .Ниедна одредба или услов од договорот за изнајмување и неговите придружни договори/формулари не може да биде променета без согласност на ЗИМА-ТУРС.
17. Вработените во ЗИМА-ТУРС имаат право во секое време да ги контролираат возилата и ако утврдат дека се прекршени правилата/одредбите од договорот се овластени да извршат одземање на возилото и сметката ќе се направи на денот кога истото е вратено во канцеларијата.
18. Корисникот сам одговара за сообраќајните прекршоци за време на договорот за изнајмување како и за штетата што би настанала за времетраење на истиот а за која осигурителната компанија од било која причина не ја покрива штетата.
19.Доколку возилото се врати во неприфатливо нечиста состојба, има изгореници и сл. што налагаат екстра трошоци за чистење, изанјмувачоте должен да плати 100 Евра дополнителен трошок за чистење.
20. Во случај на спор надлежен е Основниот Суд во Охрид.
КОРИСНИК ЗИМА-ТУРС ДООЕЛ