Contract
Стр. 28 - Бр. 148
10 октомври 2014
Член 8
Овој Договор може да се раскине заради непочиту- вање на одредбите од страна на двете договорни страни.
Овој Договор може да се раскине и по барање на една од договорните страни, но по претходно известување на договорната страна која тоа го бара и тоа најмалку во рок од 30 дена пред раскинувањето на договорот.
Член 9
Во случај на спор двете договорени страни спогод- бено ќе го решаваат, во спротивно надлежен е Основ- ниот суд во Прилеп.
Член 10
Овој Договор е составен од 4 (четири) еднообразни примероци, по два за секоја од договорните страни.
Бр. 03-794/1 Бр. 03-2060/1
29 септември 2014 година 22 септември 2014 година Скопје Скопје
Општина Крушево Општина Прилеп
Градоначалник, Градоначалник,
Xxxxx Xxxxxxxx, с.р. Xxxxxx Xxxxxxxx, с.р.
МИНИСТЕРСТВО ЗА ТРУД И СОЦИЈАЛНА ПОЛИТИКА
4659.
Врз основа на членот 10 од Законот за исплата на платите во Република Македонија („Службен весник на Република Македонија“ бр. 70/94, 62/95, 33/97, 50/01, 26/02, 46/02, 37/05, 121/07, 161/08, 92/09, 97/10,
11/12, 145/12, 170/13 и 139/14), Министерството за труд и социјална политика
О Б Ј А В У В А
1. Стапката на трошоците на живот за месец сеп- тември 2014 година, во однос на месец август 2014 го- дина, изнесува 100.
2. Исплатата на платите за месец септември 2014, во однос на месец август 2014 година, работодавачите од членот 3 став 1 од Законот за исплата на платите во Република Македонија, ја вршат на нивото на правото утврдено за претходниот месец.
Министер,
Xxxx Xxxxxx, с.р.
Издавач: ЈП СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА, ц.о. – Скопје
бул. „Партизански одреди” бр. 29. Поштенски фах 51.
в. д. директор и одговорен уредник – м-р Xxxx Xxxxxxxx телефон: +389-2-55 12 400
телефакс: +389-2-55 12 401
Претплатата за 2014 година изнесува 10.100 денари.
„Службен весник на Република Македонија“ излегува по потреба. Рок за рекламации: 15 дена.
Жиро-сметка: 300000000188798.
Депонент на Комерцијална банка, АД – Скопје. Печат: ГРАФИЧКИ ЦЕНТАР ДООЕЛ, Скопје.