објавени на веб-локацијата: http://www.crm.com.mk.
Д О Г О В О Р
за користење на Интернет дистрибутивен систем
Склучен помеѓу:
ЦЕНТРАЛНИОТ РЕГИСТАР НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА - Скопје, бул. „Xxxxxx Xxxxxxxxxx-Xxxx“ бр.1, со ЕМБС 5549850, застапуван од овластеното лице Xxxxxx Xxxxxxxxx-Xxxxxxxxx, директор (во натамошниот текст: Давател на услуга), од една страна и
_______________________________________________ - ________, Бул./ул. „___________________________“ бр._____, со ЕМБС _________, застапуван од овластеното лице ______________________- директор/управител (во натамошниот текст: Корисник на услуга), од друга страна.
ПРЕДМЕТ НА ДОГОВОРОТ
Член 1
Предмет на овој Договор е користење на производи (збир на податоци) преку Интернет дистрибутивниот систем на Давателот на услугата, достапен 24 часа на ден.
ВРЕМЕТРАЕЊЕ И ЈАЗИК НА ДОГОВОРОТ
Член 2
Договорот се склучува на неопределено време.
Договорот и сите други документи што претставуваат составен дел на Договорот се напишани на македонски јазик.
ВРЕДНОСТ НА ДОГОВОРОТ
Член 3
Интернет дистрибутивниот систем, ќе се користи по припејд принципот, односно Корисникот на услугата однапред на сметката на Давателот на услугата ќе уплати најмалку 5.000,00 (пет илјади) денари од коишто автоматски за секој нарачан производ ќе се одбива надоместок во износ утврден во тарифата на Давателот на услугата.
Во случај на промена на тарифата на Давателот на услугата, ќе се применуваат новите тарифни ставки.
Системот за наплата ќе биде достапен цело време за Корисникот на услугата, а по искористување на однапред уплатениот надоместок, Корисникот на услугата ќе треба да изврши надополнување со нови парични средства, за да продолжи да ги користи услугите наведени во член 6 од овој Договор.
Уплатата може да се изврши на една од сметките на Давателот на услугата
објавени на веб-локацијата: xxxx://xxx.xxx.xxx.xx.
ДОДЕЛУВАЊЕ НА ПРИСТАП
Член 4
Давателот на услугата одбива или одобрува барање за пристап на Корисникот на услугата во улога на контролор. Пристапот се одобрува за постоечки кориснички налог и претходно побаран пристап, согласно со Договорот.
Корисникот на услугата (контролор) ќе може да одобрува и одзема пристап на други корисници по потреба. Корисниците на коишто контролорот ќе им одобри пристап ќе користат од уплатените средства на Корисникот на услугата.
Одобрувањето на пристап Давателот на услугата го врши по потпишувањето на овој Договор од двете договорни страни, по претходна уплата на средства во вредност наведена во член 3 од овој Договор.
ТОЧНОСТ НА ПОДАТОЦИТЕ
Член 5
Податоците внесени во регистрите на Давателот на услугата се со претпоставена точност и вистинитост. За нивната точност и вистинитост одговара подносителот на пријавата за упис во регистрите, односно оној кој ги доставил податоците за упис во регистрите.
ДОСТАПНИ ПРОИЗВОДИ И НАЧИН НА КОРИСТЕЊЕ
Член 6
При нарачка на производ преку дистрибутивниот систем се нудат два типа на документи: преглед на документ и формален документ (електронски дигитално потпишан документ или хартиена форма).
Нарачаните формални документи може да се преземат во рок од 7 дена од нивното генерирање.
Доколку корисникот не го преземе нарачаниот производ во утврдениот рок, по истекот на овој рок, производот не е достапен за крајниот корисник, а доколку корисникот има потреба од производот, процесот на нарачка се започнува од почеток.
Член 7
На Корисникот на услугата преку Интернет дистрибутивниот систем ќе му бидат достапни производи за активните и неактивните субјекти од извршените уписи во регистрите што се водат кај Давателот на услугата, а коишто може да се добијат како посебни производи и тоа:
Тековна состојба за субјектот на упис (валидните податоци за субјектот на упис во моментот на пребарување);
Историјат на субјектот на упис (промените извршени кај субјектот на упис почнувајќи од 01.01.2006 година);
Скенирани документи за субјектот на упис (скенирани записи од актите на субјектот за упис што се регистрирани по 01.01.2006 година, односно кај коишто е извршена промена по 01.01.2006 година);
Банкарски сметки на субјектот на упис;
Xxxxxxx исказ од годишни сметки;
Потврда за стечајна постапка;
Потврда за ликвидациона постапка;
Потврда за регистрирана дејност;
Информација за кривична судска одлука;
Потврда за споредна казна на правно лице – Трајна забрана за вршење на одделна дејност;
Потврда за прекршочна санкција забрана за вршење професија, дејност или должност - (за физичко лице во рамките на правно лице);
Потврда за прекршочна санкција - Забрана на вршење професија, дејност или должност - (за правно лице);
Потврда за прекршочна санкција - Привремена забрана за вршење одделна дејност на правно лице;
Потврда за споредна казна на правно лице - Привремена забрана за вршење на одделна дејност;
Потврда за споредна казна на правно лице - Забрана за учество во постапки за јавен повик, доделување на договори за јавна набавка и договори за јавно - приватно партнерство;
Извештај од Биланс на состојба и биланс на успех - новооснован субјект;
Извештај од Биланс на состојба и биланс на успех - останато;
Извештај од Биланс на состојба и биланс на успех и
Листинг од обработена годишна сметка.
Сите евентуално нови производи што Давателот на услугата во иднина ќе ги нуди, ќе бидат достапни за користење од страна на Корисникот на услугата по нивното објавување на веб-локацијата на Давателот на услугата xxx.xxx.xxx.xx.
Член 8
Корисникот на услугата производите што ќе ги добие преку Интернет дистрибутивниот систем може да ги користи на начин определен со Законот за Централен регистар, односно со друг закон, исклучиво само за свои потреби.
Корисникот на услугата како и другите корисници на коишто им е одобрен пристап немаат право без писмена согласност од Давателот на услугата истите да ги репродуцираат, објавуваат, дистрибуираат, модифицираат, копираат, продаваат, препродаваат и/или злоупотребуваат комерцијално на којбило начин, делумно или целосно, без разлика дали се обработени или необработени.
Во случај на непочитување на одредбите од ставовите 1 и 2 од овој член, Давателот на услугата веднаш по дознавањето ќе го раскине договорот и има право да бара надомест на реална штета.
Член 9
За пребараните производи преку Интернет дистрибутивниот систем, корисникот на услугата во реално време ќе има пристап до листа со детали за пребаруваните производи.
ДОВЕРЛИВОСТ НА ПОДАТОЦИТЕ И ИНФОРМАЦИИТЕ
Член 10
Договорните страни се обврзуваат дека сите производи до коишто имаат пристап при користење на Интернет дистрибутивниот систем, заемно ќе ги штитат како деловна тајна и ќе ги користат исклучиво за свои потреби, а во функција на реализирање на предметот на овој Договор.
Исто така договорните страни се обврзуваат дека ќе се придржуваат кон прописите за безбедност на информации односно за заштита на личните податоци.
Член 11
Корисникот на услугата како обработувач на податоци односно на лични податоци не може да ги пренесе правата и должностите пропишани со овој Договор на друг обработувач на податоци односно лични податоци.
НАЧИН НА ВРШЕЊЕ ПРОВЕРКА
Член 12
Договорните страни се согласни дека Xxxxxxxxx на услугата ќе може во кое било време, најавено или ненајавено (освен во непогода/виша сила), однапред договорено или недоговорено, да изврши проверка на постапувањето на Корисникот на услугата при обработката на податоците односно на личните податоци, со цел да се провери дали се почитуваат постапките и упатствата од овој Договор од страна на Корисникот на услугата, како и дали се применуваат потребните технички и организациски мерки во согласност со прописите за безбедност на информации односно заштита на личните податоци.
За извршената проверка од став 1 на овој член Давателот на услугата подготвува Записник и доколку се утврдени одредени недостатоци, договорните страни се согласни дека Корисникот на услугата ќе ги отстрани во рок и на начин со инструкции и упатства од страна на Давателот на услугата.
ВИША СИЛА
Член 13
Ниту една страна не се смета за одговорна за доцнење или неуспех во извршување на обврските, во случај на причини надвор од нејзина контрола (виша сила).
Под виша сила се подразбира сѐ она што е регулирано со Законот за облигационите односи.
Во случаите кога настапила виша сила договорната страна е должна во рок од 24 часа писмено да ја извести другата договорна страна, со наведување на причините и обезбедување на соодветни докази. По отстранување на вишата сила, договорот може да се реализира само под услов ако договорните страни се спогодат за тоа.
ЛИЦА ЗА КОНТАКТ
Член 14
Лица за контакт од страна на Давателот на услугата се:
за технички прашања: тел. 00 0 000-000, e-mail: xxxx_xx@xxx.xxx.xx;
за прашања поврзани со Регистарот на годишни сметки: Xxxx Xxxxxxxxxx тел.00 0 000-000, e-mail: xxxx.xxxxxxxxxx@xxx.xxx.xx;
за останати прашања поврзани со дистрибутивниот систем: Xxxxxxx Xxxxxxxxxx, Xxxxx Xxxxxxxx Ѓуракоска, Xxxxxxxxxx Xxxxxx Xxxxxxxxxxx и Xxxx Xxxxxxx тел. 00 0 000 000, 078/490-940, e-mail: xxxxxxxxx@xxx.xxx.xx.
Лица за контакт од страна на Корисникот на услугата се:
________________________ тел.____________, e-mail:_________________.
КОРУПЦИСКО ИЛИ ИЗМАМНИЧКО ОДНЕСУВАЊЕ
Член 15
Договорните страни се согласни да ги применат највисоките стандарди за етичко и законито однесување за време на реализација на овој Договор.
ПРИМЕНЛИВ ЗАКОН
Член 16
За сѐ што не е регулирано со овој договор ќе се применуваат одредбите од Законот за облигационите односи и позитивните законски прописи во Република Македонија.
РЕШАВАЊЕ НА СПОРОВИ
Член 17
Сите евентуални спорови и недоразбирања што би произлегле од толкувањето и извршувањето на овој Договор, договорните страни ќе се обидат да ги решаваат во духот на добрите деловни обичаи со меѓусебно договарање.
Член 18
Во случај кога спорот нема да може да се реши спогодбено ќе решава надлежниот суд во Скопје.
ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ
Член 19
Изменување и дополнување на Договорот може да се врши со заедничка согласност на договорните страни преку потпишување на анекс-договор.
Член 20
Овој Договор стапува на сила од денот на потпишувањето од двете договорни страни.
Член 21
Овој Договор е склучен во 4 (четири) еднакви примероци од коишто 2 (два) за Давателот на услугата и 2 (два) за Корисникот на услугата.
Давателот на услугата Корисникот на услугата
Директор, Директор / Управител,
__________________ _____________________
Xxxxxx Xxxxxxxxx-Xxxxxxxxx име и презиме
Стр. 5 од 5