Contract
ДОГОВОРИ ЗА ОСИГУРУВАЊЕ НА ЛИЦА
ОСИГУРУВАЊЕ НА ЖИВОТ
ОСИГУРУВАЊЕ ОД НЕСРЕЌЕН СЛУЧАЈ
ОСИГУРУВАЊЕ ОД ОДГОВОРНОСТ и ОПРЕДЕЛУВАЊЕ НАДОМЕСТ НА МАТЕРИЈАЛНА ШТЕТА
м-р Xxxxxxxx Xxxxxxxxxxx
Судија во Апелационен суд Скопје
Заштита на лугето и имотот од различни опасности кои им се
закануваат е од особена важност за поединецот ,но и за општеството
во целина.
Осигурувањето има своја специфична економија,имајќи ги предвид сложеноста на механизмите кои се применуваат во оваа област
На почетокот целта на осигурувањето беше да се покријат опасностите од
ризикот на членовите на заедницата од чии средства се формирале заеднички фондови за осигурување.
Подоцна осигурувањето се развило и неговата цел е да обезбеди заштита на определен круг на лица кои се изложени на извесни ризици кои
настанале со општествениот развој
Осигурувањето е однос кој настанува врз основа на договор или закон, во кој осигурителот, ја презема обврската дека на осигуреникот, или на третото лице во чија корист се склучува осигурувањето ќе ја надомести штетата ,односно да ја исплати договорената сума на пари ,во случај да настапи предвидениот настан (осигурен настан), под услов осигурениот да му уплатува определен
износ на премија во предвидениот
временски период.
Договорот за осигурување е склучен кога договарачите ќе ја потпишат полисата на осигурување или листата на покритието.
Во полисата мораат да бидат наведени:
договорните страни, осигурениот предмет, односно осигуреното лице, ризикот опфатен со осигурувањето, траењето на осигурувањето и периодот на покритието, сумата на осигурувањето или дека осигурувањето е неограничено; премијата или придонесот, датумот на издавањето на полисата и потписи на договорните страни.
Настанот со оглед на кој се склучува осигурувањето (осигурениот случај), мора да биде иден, неизвестен и
независен од исклучивата волја на договарачот.
Договорот за осигурување е ништовен ако во моментот на неговото склучување веќе настанал осигурениот случај,
или тој бил во настапување или било извесно дека ќе настапи, или ако веќе тогаш престанала можноста тој да настане.
Договорот ќе биде ништовен
ако во моментот на неговото склучување на заинтересирана та страна и
било познато дека веќе настанал
осигурениот случај.
Осигурувањето во основа има три функции:
▶Финансиска
функција -
акумулација на
парични средства
▶Функција на
подобрување на
животните услови(социјална функција)
▶Функција на чување
(заштита) на имотот на осигуреникот
Поделба на осигурувањето според природата на ризикот и начинот:
▶Осигурување лица
▶Осигурување на имоти и
имотни
интереси
ОСИГУРУВАЊЕ НА ЛИЦА
▶Осигурување на живот
▶Осигурување од несреќен случај
▶ Договор
▶ Осигурена сума
▶ Xxxxxx на осигурена сума што осигурувачот е должен да ја исплати кога ќе настане осигурениот случај, се утврдува со полиса според спогодба на договорните страни
ОСИГУРУВАЊЕ НА ЛИЦА
Ризикот опфатен со осигурувањето се остварува врз личноста и не се изразува со материјална корист.
Целта не е надомест на штета
предизвикана со осигурениот случај туку исплата на однапред осигурен износ .
Карактеристики
-осигураната сума е суштествен елемент на договорот и се утврдува и исплатува независно од можниот износ на
штетата.
Дозволена е кумулација- осигуреникот може да ја наплати осигураната сума според секоја
полиса на осигурување.
Осигурената сума е суштествена состојка на договорот за осигурување на лицата и е исклучиво мерило на обемот на обврската на осигурувачот.
Осигураната сума,како горна граница на обврската на осигурување не стои во никаква врска со претрпената штета како мерило на оштетното барање па затоа мора да се определи со договорот.
Осигураната сума се определува во полисата за осигурување.
ОСИГУРУВАЊЕ НА ЖИВОТ
▶ Се склучува врз основа на договор и е доброволно
▶ Полиса
(податоци за лицето
чијшто живот се однесува осигурувањето,рокот од кој зависи настанувањето на правото да се бара
исплата на осигурената сума и условите)
Осигурувачот се обврзува врз основа на исплатените премии да му исплати на осигуреникот определен
износ за случај на :
-смрт и доживување на определено време.
Осигурување на живот може да се однесува на
животот на договарачот на осигурувањето,а и на
животот на трето лице.
Осигурување на живот за случај на смрт
Како доброволно осигурување настанува со склучување на договор за осигурување склучен врз основа на писмена понуда.
Како договорни страни се јавуваат осигурителот и договарачот на осигурување.
Понудата е составен дел на договорот, ги содржи сите
битни елементи на договорот и потребно е да ја потпишат договорните страни.
Кај животното осигурување, до постапка за надомест на
штета пред друштво за осигурување би дошло доколку настане осигурениот случај, односно смрт на осигуреникот.
Последици од неточна пријава
Договорот за осигурување на живот е ништовен ако при негово склучување неточно е пријавена староста на осигуреникот, а неговата вистинска граница ја преминува границата на староста до која осигурувачот според своите услови врши осигурување.
Последици од неплаќање на премијата
Ако договарачот на осигурување на живот не плати некоја премија во рокот на стасаноста,осигурувачот нема право да ја бара по судски пат.
Кога и по добиената опомена договарачот на ја плати стасаната премија осигурувачот може да ја намали осигурената сума.
ИСКЛУЧЕНИ РИЗИЦИ
Со договорот за осигурување за случај на
Осигурениот случај мора да биде иден, неизвесен и независен од исклучивата волја на договарачот
смрт не е опфатен:
-ризикот од самоубиство на осигуреникот,
-ако намерно е
предизвикана смрта на осигуреникот или
- ако осигуреникот намерно го предизвикал несреќниот случај
Договарачот на осигурувањето на живот може во договорот,како и со подоцнежна правна работа ,да го определи лицето на кое ќе му припаднат правата од договорот.
Ако осигурувањето се однесува на живот на некое друго лице, за определувањето на корисникот е потребна и неговата писмена согласност.
Законот за осигурување ги
регулира условите под кои може да се вршат работи на осигурување на живот.
Неживотното осигурување го
вклучува осигурување од несреќен случај и доброволното здравствено осигурувње.
ОСИГУРУВАЊЕ ОД НЕСРЕЌЕН СЛУЧАЈ
Се склучува врз основа на договор и е доброволно.
Осигурувачот се обврзува врз основа на
исплатените премии да му исплати на осигуреникот определен
износ.
Осигурувањето може да биде
индивидуално или колективно и истото овозможува покривање на следните ризици:
▶ Смрт од последици на несреќен случај
▶ Траен инвалидитет од последици на несреќен случај (незгода)
▶ Смрт од болест
▶ Преодна неспособност за работа (дневен надомест) од последици на несреќен случај
▶ Трошоци за лекување од
последици на несреќен случај .
Со договорот за осигурување од несреќен случај,осигурувачот презема обврска да му го исплати осигурениот износ на осигуреникот или на друг корисник,ако во текот на траењето на осигурувањето на предвидениот настан предизвика смрт или инвалидитет на осигуреникот или осигуреното лице,да му исплати трошоци за лекување
Со ова осигурувањето можат да се осигураат работни колективи, односно да се заштитат вработените во текот на целото деноноќие, без разлика дали се наоѓаат на работното место или вон него.
Со полисата за осигурување од незгода се намалуваат финансиските оптоварувања што се последица на несреќните случаи, и тоа без временски и просторни ограничувања
Овој вид на осигурување се склучува на барање на работодавачот со цел да обезбеди целосна финансиска заштита на вработени од евентуален несреќен случај кој може да има последици по нивното здравје и живот.
Кон ова осигурување можат да се
приклучат и лица вон работен однос, по барање и евиденција на работодавачот.
Овој вид на осигурување е решение за грижата и одговорноста за вработените од последици од незгода.
Незгодата освен болка и грижа со себе носи намалени придонеси, дополнителни трошоци, материјални проблеми.
Заради тоа потребно е навреме да се мисли на осигурување за вакви ситуации.
Ова е лично осигурување за работодавачите и вработените на колективна основа.
Во секојдневниот живот луѓето се изложени на ризик од незгода со што
животот и здравјето можат да бидат сериозно загрозени.
Со осигурувањето од последици на несреќен случај - незгода се ублажуваат
лошите последици од несреќните случаи на работното место, но и при останатите активности во текот на целиот ден, во местото на живеење и при патување во странство.
Колективното осигурување од незгода опфаќа:
▶ Траен губиток на општата работна способност на вработениот
▶ Смрт
▶ Направени трошоци за лекување
▶ Трошоци за дневен надомест во случај на преодна работна неспособност
Покрај за колективи, осигурувањето од незгода може да биде наменето и за патници во јавен превоз,
со цел патниците кои се превезуваат да бидат осигурени во случај на незгода за време на превозот вршат осигурување од незгода.
Ова осигурување е можно кај вработени, ученици и студенти, деца од
претшколска возраст, членови на домаќинство, спортисти и слично.
За овој вид осигурување се сочинува договор за осигурување во писмена форма.
Договорувачот е должен да ја плати премијата однапред, ако не е договорено поинаку.
Настанот за кој се склучува осигурувањето мора да биде
иден,неизвесен и независен од исклучителната волја на договарачот.
Според општите услови може да се осигуруваат лица на возраст од 14 до 75 години.
Лицата помлади од 14 и лицата постари од 75 години може да се осигуруваат според посебни или дополнителни услови.
Ако договарачот на осигурувањето,осигуреникот или корисникот предизвикал осигурен случај намерно или со измама, осигурувачот не е обврзан на никакви давања,а спротивната договорна одредба нема правно дејство
ПАТНИЧКО ОСИГУРУВАЊЕ
Патничкото осигурување може да биде склучено за минимум три дена и максимум една година.
Патничкото осигурување може да биде склучено како индивидуално, семејно, студентско,
бизнис или групно патување.
Се добива чувство на сигурност при
патувањето и гаранција за надомест на штета.
Надоместот на штета зависи од изборот на осигурување и покритие.
Во полисата може да е вклучена и франшиза, учество во отштетата.
ПАТНИЧКО ОСИГУРУВАЊЕ
Патничкото осигурување е осигурување на лица за време на патување и
престој во странство кое содржи:
▶ неопходна здравствена помош,
▶
▶
осигурување од незгода,
осигурување на багаж и надомест за изгубени
патни документи.
Може да биде :
▶ индивидуално,
▶ семејно,
▶ групно.
Полисата за патничко
осигурување може да биде:
▶ полиса која покрива едно патување
▶ полиса која покрива повеќе патувања.
Осигурени ризици
▶ Враќање дома на деца
▶ Трошоци за
лекување од болест
▶ Трошоци за лекување од незгода
▶
▶ Продолжување на претстој по
болничко лекување
Кражба, уништување на багаж
до 14 години
▶ Враќање на посмртни останки
▶ Порано враќање поради болест или смрт на
членови на потесното семејство
▶ Задоцнето
пристигнување на багаж
во странство
Општи услови за осигурување на лица од
последици на несреќен случај се составен дел на договорот за осигурување на лица од
последици на несреќен случај што договорувачот на осигурувањето ќе го склучи со друштво за осигурување .
Полисата за осигурување
претставува правен основ да на оштетениот (без разлика дали тоа е осигуреникот или некое лице од потесниот круг на семејтвото на осигуреникот) му се изврши
парично надоместување на материјална штета, поради настанатиот осигурен случај.
Пријава на несреќен случај
Осигуреникот што е
повреден поради несреќен случај е должен :
Според можностите веднаш да се јави на лекар, односно да
повика лекар заради преглед и укажување на потребна помош и веднаш да ги преземе сите
потребни мерки заради лекување како и да се
придржува на лекарски совети и упатства во поглед на начинот на лекувањето.
За несреќниот случај
писмено да го извести осигурувачот кога е тоа можно според неговата здравствена состојба.
Обемот на обврските на осигурувачот
Осигурената сума за во случај на
Кога ќе настане несреќен случај осигурувачот ги
исплатува износите договорени во договорот за
осигурување и тоа:
Осигурената сума за во случај на смрт, ако поради несреќниот случај настапила смрт на осигуреникот
инвалидитет, ако поради несреќниот случај настапил целосен 100% инвалидитет на осигуреникот
Процентот од осигурената сума за во случај на инвалидитет кој одговара на процентот на делумниот инвалидитет(се утврдува според табела)
Дневниот надомест
Надоместот на трошоците за лекување
Исплата на осигурената сума
Осигурувачот му ја
исплатува осигурената сума односно соодветен дел или договорен надомест на осигуреникот, односно на корисникот во рок од 14 дена, откако обврската на
осигурувачот и висината на обврската ќе бидат утврдени.
Ако осигурувачот не ја изврши
исплатата во предвидениот
рок, корисникот има право на затезна камата во висина определена со законски
прописи.
Утврдување на надомест - Трошоците настанати во врска со осигурениот случај
Навремено пријавен во согласност со
Условите, ќе бидат надоместени од страна на осигурувачот до
лимитите наведени во полисата, на осигуреникот односно на лицето што ги
платило, или директно
кон давателот на услугата.
Трошоците
осигурувачот ќе ги надомести врз основа на оригинални фактури за услугите, во денарска
противвредност по средниот курс на валутата на курсната
листа на Народна банка на Република Северна Македонија на денот на исплатата.
Застарување на побарувањата
Побарувањата од договорувачот на осигурувањето односно на трето лице од договорот за осигурување од незгода застаруваат за три години, сметајќи од првиот ден по истекот на календарската година во која настанало побарувањето.
ДОБРОВОЛНО ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ
Премијата зависи од старосната група на која припаѓа осигуреникот
Ова е дополнување на
основната зравствена заштита и важи за приватни болници
Со полисата се договарат сите здравствени услуги кои се опфатени
Ова осигурување е без франшиза-без учество на осигуреникот во трошоците
Доброволно здравствено осигурување
Ова осигурување ги покрива трошоците за здравствени услуги кои не се опфатени со задолжителното здравствено осигурување, повисок стандард на здравствените услуги кои произлегуваат од задолжителното здравствено осигурување, трошоците за
покривање на здравствените
услуги користени во дополнителната дејност, како и за користење на здравствените услуги во здравствени установи надвор од мрежата на јавните здравствени установи
Приватното здравствено осигурување може да се договори само со осигуреници кои имаат статус на осигурени лица во задолжителното здравствено осигурување
Условно здрава личност – лице кое нема поголеми функционални пореметувања на организмот
Осигурување од одговорност
„Одговорност од дејност”
Предмет на осигурување од општа одговорност е законската одговорност на осигуреникот за штета настаната со смрт, повреда на телото или здравјето како и оштетување или уништување на ствари на трето лице.
Осигурувањето се склучува на сума на осигурување која ја
претставува горната граница за надомест на штета по еден
штетен настан.
Со ова осигурување се покрива одговорноста за штета која настанала од работењето и активностите на осигуреникот.
Осигурувањето од одговорност ги опфаќа следните поткласи:
▶ осигурување од одговорност на дејност,
▶
▶
▶ осигурување од одговорност на нотари,
осигурување од одговорност на стечајни управници,
осигурување од одговорност на ревизори,
▶ осигурување од одговорност на ветеринари, ветеринарни клиники,
▶ осигурување од одговорност на згради и земјишта
▶ осигурување од одговорност на лекари и болници.
Осигурување од одговорност
Со ова осигурување се обезбедува заштита во случај на граѓанска парница које е покрената од страна на клиент заради
професионална грешка или матерјална штета која е предизвикана во тек на
извршување на професијата.
Осигурувањето од
професионална одговорност е задолжително за голем број
професии, а тенденцијата е оваа облигација да се прошири на сите регистрирани
професии, како нужен
предуслов за вршење на дејноста.
Висината на покритието може да биде во рамки на законски предвидениот минимум или
повисоко по желба на клиентот.
Осигурување од професионална одговорност е наменето за сите
правни лица што вршат и интелектуални услуги во прометот.
Ова осигурување нуди и правна заштита од неосновани и
претерани побарувања од страна на клиентот.
.
Изборот на сумата на осигурување е многу битен во овој случај, бидејќи истовремено
претставува и износ до кој по претпоставка можат да бидат
барањата за обештетување на третите лица.
Адвокатурата е независна и самостојна
професионална дејност која дава правна помош во остварување и
заштита на Уставот, утврдените права и слободи.
Во оставрувањето на адвокатските дејности при пружање правна помош, адвокатот може да предизвика штета, најчесто на својот клиент, намерно или ненамерно, т.е. пропушта да презема одредени работи.
Кај осигурување од дејност, до
постапка за надомест на
штета би дошло доколку адвокатот ја наруши својата должност.
Како оштетена странка пред друштвото за осигурување се јавува клиентот чии права ги брани и остварува адвокатот.
Полисата за осигурување претставува правен основ да на оштетениот (клиентот), друштвото за осигурување му ја надомести претрпената материјална штета како последица на настанатиот осигурен случај.
Клиентот бара надомест на штета која ја претрпел поради грешката на адвокатот кој го овластил со полномошно да го застапува пред суд и да
поднесува правни лекови во негово име, а адвокатот не изјавил правен лек.
Адвокатот се обратил до друштвото за осигурување со кое имал склучено договор за
осигурување, ја приложил полисата за осигурување,
полномошното со кое клиентот го овластил за негово застапување пред суд и пресудата.
Клиентот пополнува
„изјава” со лични податоци, краток опис на настанот, „пријава за штета” податоци за настанатата штета, причина за штета и околности под кои настанала, износот на штетата (вредноста назначена во тужбата),
Друштвото за
осигурување врз основа на приложените документи составува записник, документ со процена на
штетата каде ја утврдува вредноста на штетата,
изготвува и пресметка на штета, износот на
отштетата која треба да му ја исплатата на оштетениот (клиентот на адвокатот) на име надомест на штета
предизвикана од осигуреното лице (адвокатот)
Друштвото за осигурување доставува писмено известување до оштетениот во кое е наведен износот на оштета која ќе му се
исплати (која му ја предизвикал адвокатот).
Откако оштетениот ќе го потпише писменото известување, што всушност значи дека е согласен на утврдената сума на штета, друштвото за осигурување ќе ја
исплати на неговата трансакциона сметка.
ВИ БЛАГОДАРАМ НА ВНИМАНИЕТО
Повелете со прашања