Contract
Врз основа на Барањето за регистрација на БОС бр. _____________, од _____________ година се склучува:
ДОГОВОР ЗА БАЛАНСНА ОДГОВОРНОСТ
СКЛУЧЕН ПОМЕЃУ
Оператор на Електропреносниот Систем на Република Северна Македонија, Акционерско друштво за пренос на електрична енергија и управување со електроенергетскиот систем, во државна сопственост – СКОПЈЕ, со адреса на ул: Xxxxxx Xxxxx xx.0, 1000 Скопје, со ЕМБС: 5933781 и ЕДБ: 4030004529600, застапувано од ___________________ генерален директор на АД МЕПСО (во понатамошниот текст: АД МЕПСО)
и
_____________________________, со адреса на __________________, со ЕМБС: ___________ и ЕДБ: _____________, застапувано од ______________, како балансно одговорна страна (во понатамошниот текст БОС),
I. ПРЕДМЕТ НА ДОГОВОРОТ
Член 1
Со овој Договор за балансна одговорност (во понатамаошниот текст: Договор) се регулираат меѓусебните права и обврски на АД МЕПСО и БОС во согласност со Правилата за балансирање на ЕЕС и другата позитивна законска регулатива која важи во Република Северна Македонија, а ја регулира материјата поврзана со баласната одговорност.
Со овој Договор особено се регулира:
впишување на БОС во Регистарот на БОС и балансни групи,
доставување на физички распореди,
пресметка на отстапувањето,
права и обврски на БОС и АД МЕПСО,
финансиско порамнување на отстапувањата на БОС,
финансиски гаранции.
Член 2
Дефинициите за одделни изрази, содржани во Законот за енергетика и Правилата за балансирање на ЕЕС, се применуваат и во овој Договор.
II. ПРАВА И ОБВРСКИ НА АД МЕПСО И БОС
Член 3
По потпишување на Договорот, и по доставување на потребните финансиски гаранции до АД МЕПСО, АД МЕПСО ја внесува БОС во Регистарот на БОС и балансни групи. БОС ќе стане активен и ќе може да доставува номинации, доколку е запишан и во Регистарот на учесници на пазарот.
Член 4
БОС е должна да:
преземе балансна одговорност за секој пресметковен интервал за неговата балансна група,
биде во состав на една и само една балансна група,
обезбеди соодветни финансиски гаранции и да ги достави до АД МЕПСО,
доставува физички распореди и тоа: план за трговија (TPS), план за потрошувачка (CPS) и план за производство (PPS) до АД МЕПСО, поединечно за секој член на балансната група,
врши финансиско порамнување на отстапувањата во рамките на балансната група,
ги исполнува обврските што произлегуваат од финансиското порамнување на отстапувањата на балансната група со АД МЕПСО и
доставува податоци и документација на барање на АД МЕПСО врз основа на Правилата за балансирање на ЕЕС.
III. ДОСТАВУВАЊЕ НА ФИЗИЧКИ РАСПОРЕДИ
Член 5
БОС ги доставува до АД МЕПСО физичките распореди за својата балансна група за секој период на порамнување, ден однапред (Д-1) за денот Д согласно Процедурата за изготвување на конечен дневен распоред објавенa на интернет страната на АД МЕПСО.
АД МЕПСО ги проверува физичките распореди согласно преземените меѓународни обврски за доставување на физички распореди во однос на доделените прекугранични преносни капацитети, хармонизираност на сите номинации и нивната избалансираност и ја известува БОС во случај на прифаќање или неприфаќање на распоредите.
XXX е целосно одговорна за сите направени грешки во своите номинации на физички распореди и во случаите кога АД МЕПСО не побарал ревизија на физичките распореди.
Физичките распореди на БОС мора да се во согласност со соодветните билатерални договори.
XXX има право да достави нов физички распоред или да направи корекција на претходно одобрен физички распоред согласно Член 102 и Член 103 од Правилата за балансирање на ЕЕС.
IV. ФИНАНСИСКО ПОРАМНУВАЊЕ НА ОТСТАПУВАЊАТА
Член 6
Пресметката на отстапувањата на БОС се прави во согласност со одредбите од Член 79 до Член 88 од Правилата за балансирање.
Пресметката на отстапувањето се врши на месечно ниво, за секој период на порамнување на отстапувањата ISP (часовно).
Доставените количини на пресметковните податоци се обезбедуваат во целобројни вредности на kWh.
Пресметка на отстапувањата ги содржи вредностите на позитивните или негативните отстапувања на балансната група одделно за секој период на порамнување на отстапувањата.
Член 7
Учесник во финансиското порамнување е БОС
АД МЕПСО ги извршува порамнувањата на финансиските побарувања и обврски на БОС.
Финансиското порамнување на отстапувањата се врши врз основа на пресметки за отстапувањата на БОС и предлог пресметка за трошокот од отстапувањата заради финансиско порамнување доставени од страна на ОПЕЕ до АД МЕПСО во рок од 60 дена по истекот на месецот за кој се врши пресметката согласно член 73 од Правилата за балансирање на ЕЕС.
Одредбите коишто се однесуваат на финансиското порамнување на отстапувањата се применуваат и за конечната пресметка на отстапувањата.
Кога XXX плаќа за отстапувањата во месечниот пресметковен период, АД МЕПСО до БОС испраќа фактура со финансиски надоместок за направените отстапувања, како и пресметката на отстапувањата за нивната балансна група за предметниот месец во рок од 5 (пет) работни дена по добивање на пресметките за отстапувањата на БОС од страна на ОПЕЕ. Датумот на доспевање на фактурата е 8 (осум) работни дена од датумот на издавање на истата.
Кога АД МЕПСО плаќа за отстапувањата во месечниот пресметковен период, АД МЕПСО до БОС испраќа Xxxxxxxx со финансиски надоместок за направените отстапувања, како и пресметката на отстапувањата за нивната балансна група за предметниот месец во рок од 5 (пет) работни дена по добивање на пресметките за отстапувањата на БОС од страна на ОПЕЕ. Врз основа на истиот, XXX изработува и доставува фактура до АД МЕПСО со прилог Извештајот со финансиски надоместок за направените отстапувања и пресметката на отстапувањата за нивната балансна група во оригинал за предметниот месец. Датумот на доспевање на фактурата е 10 (десет) работни дена од датумот на издавање на истата.
Член 8
БОС имаат право на приговор на фактурата во рок од 5 (пет) работни дена по приемот на фактурата доставена од АД МЕПСО.
Во приговорот поднесен од страна на XXX се наведуваат и образложуваат причините поради кои тој се поднесува.
Поднесувањето на приговорот до АД МЕПСО не го одложува плаќањето по издадената фактура.
Ако приговорот од став (1) на овој член е усвоен, АД МЕПСО изготвува нова коригирана фактура и ја доставува до БОС во рок од 3 (три) работни дена од усвојување на приговорот.
Член 9
Ако приговорот од член 8 став (1), не е основан АД МЕПСО во рок од 8 (осум) работни дена од добивање на приговорот го одбива приговорот.
XXX има право да поднесе приговор до РКЕ во рок од 7 (седум) дена по добивање на одлуката од став (1) на овој член.
Поднесувањето на приговорот од став (2) на овој член не го одложува плаќањето по издадената фактура.
Ако РКЕ донесе одлука со која се усвојува приговорот на БОС од став (2) на овој член ги информира АД МЕПСО и ОПЕЕ.
Член 10
АД МЕПСО, до секоја БОС за која што има корекција, испраќа финансиско задолжение или одобрение или Извештај за финансиско задолжение или одобрение и конечната пресметка на отстапувањата за нивната балансна група за предметниот месец согласно член 77 од Правилата за балансирање на ЕЕС.
Финансиското задолжение или одобрение или Извештајот за финансиско задолжение или одобрение од став (1) од овој член се изработува врз основа на Конечната пресметка на отстапувањата која се добива како разлика помеѓу вредностите добиени од првата пресметка на отстапувањата и вредностите добиени со конечната пресметка на отстапувањата.
Член 11
XXX има право на приговор на финансиското задолжение или одобрение согласно Член 10 став (1) и конечната пресметка на отстапувањата во рок од 5 (пет) работни дена по приемот на финансиското задолжение или одобрение.
Постапката за доставување и одлучување по приговорот од Член 8 и Член 9 од овој Договор се применува и по приговорот од став (1) на овој член.
IV. ФИНАНСИСКИ ГАРАНЦИИ
Член 12
Во рок од 7 (седум) работни дена по потпишување на овој Договор, XXX ги поднесува потребните финансиски гаранции до АД МЕПСО.
Член 13
БОС е должен едновремено да обезбеди фиксни и варијабилни финансиски гаранции по барање на АД МЕПСО.
БОС депонира и одржува финансиска гаранција во висина и форма дефинирана од АД МЕПСО како гаранција за исполнување на обврските на БОС кои што произлегуваат од отстапувањата.
Сите обезбедени финансиски гаранции или депонирани средства од страна на БОС кон АД МЕПСО се сопственост на АД МЕПСО и не може да се користат за други цели.
Ако на БОС му престане договорот за балансна одговорност, сите финансиски гаранции му се враќаат, во моментот кога истиот ќе ги подмири сите финансиски обврски кон агентот за порамнување, вклучувајќи ги и финансиските обврски кои произлегуваат од повторното пресметување на порамнувањето на отстапувањата за календарските месеци кога Договорот за балансна одговорност престанува да важи.
Висината на фиксната финансиска гаранција изнесува 1.000.000 денари и може да биде поднесена од страна на БОС во форма на готовински депозит или банкарска гаранција и истата ќе биде со важност од датумот на издавање до 31 март следната година, освен доколку БОС се регистрира како таква во последниот квартал од годината Г, тогаш важноста на финансиската гаранција ќе биде до 31 март во годината Г+2.
За секоја наредна календарска година, во периодот на важење на овој Договор, пред истекот на важноста на тековната фиксна финансиска гаранција, БОС е должна да достави нова фиксна финансиска гаранција за наредната календарска година со важност од датумот на издавање до 31 март следната година.
Член 14
(1) БОС мора да поднесе варијабилна финансиска гаранција по барање на АД МЕПСО.
(2) Варијабилната финансиска гаранција може да биде поднесена во форма на готовински депозит или во форма на банкарска гаранција, и истата ќе биде со важност од датумот на издавање до 31 март следната година, освен доколку БОС се регистрира како таква во последниот квартал од годината Г, тогаш важноста на финансиската гаранција ќе биде до 31 март во годината Г+2.
(3) Пред истекот на важноста на варијабилната финансиска гаранција, дефинирана во став (2) од овој Член, БОС е должен да ја обнови истата по барање на АД МЕПСО, кое е направено врз основа на пресметки опишани во ставовите (5), (6) и (7).
(4) За БОС која прв пат се регистрира, висината на варијабилната финансиска гаранција ќе изнесува 1.500.000 денари.
(5) Ако БОС е регистрирана како таква повеќе од 4 месеци, а помалку од 13 месеци до моментот на обновување на варијабилната финансиска гаранција, висината на варијабилната финансиска гаранција се пресметува како износ којшто е двојно поголем од износот на просечната фактурирана вредност на БОС за отстапувањата направени во претходните месеци од нејзиното регистрирање.
(6) Ако БОС е регистрирана како таква повеќе 13 месеци до моментот на обновување на варијабилната финансиска гаранција, висината на варијабилната финансиска гаранција се пресметува како износ којшто е двојно поголем од износот на просечната фактурирана вредност на БОС за отстапувањата направени во претходните 12 месеци.
(7) Просечната фактурирана вредност на БОС за отстапувањата спомената во став (5) и став (6) од овој член, се пресметува како просечна вредност од износите само од месеците во кои БОС има финансиски обврски кон АД МЕПСО, односно АД МЕПСО му доставува фактура за наплата на отстапувањата.
(8) Ако финансиските гаранции кои се веќе доставени од страна на БОС се пониски од износот на последната издадена фактура за порамнување на отстапувањата, БОС е должен на барање на АД МЕПСО да достави нова или да ја надополни постојната варијабилна финансиска гаранција.
(9) Износот на новата варијабилна финансиска гаранција се пресметува како разлика од износот на фактурата издадена во последниот месец и износот на фиксната финансиска гаранција.
(10) Доколку финансиските гаранции кои се веќе доставени од страна на БОС се повисоки од износот на последната издадена фактура за порамнување на отстапувањата, доставената варијабилна финансиска гаранција не се менува.
(11) БОС е должен да достави нова варијабилна финансиска гаранција во рок од 8 (осум) работни дена од доставеното барање за зголемување на износот на варијабилната банкарска гаранција од страна на АД МЕПСО.
(12) По потпишување на Договорот за балансна одговорност, БОС едновремено ги доставува и фиксната и варијабилната финансиска гаранција.
Член 15
Корисник на банкарската гаранција поднесена од страна на БОС е АД МЕПСО. Банкарската гаранција мора да содржи клаузула "без приговор" или "на прв повик" или зборови со исто значење. Банкарската гаранција мора да содржи безусловно и неотповикливо преземање од страна на банката за да го осигура плаќањето на износот пропишан во банкарската гаранција на корисникот на првото барање. Банкарската гаранција содржи и клаузула според која е можно делумно реализирање на истата.
Пред поднесување на банкарската гаранција, БОС ќе го извести АД МЕПСО за банката и целта на доставување на банкарската гаранција.
АД МЕПСО го задржува правото да прифати или одбие банкарска гаранција од одредена банка. Прифаќањето или одбивањето на банкарска гаранција е дискреционо право на АД МЕПСО.
АД МЕПСО може да ја реализира банкарската гаранција доколку XXX не ги подмири своите обврски во договорениот рок.
Сите трошоци настанати во постапката за издавање и реализација на финансиската гаранција ги сноси БОС.
БОС му доставува на АД МЕПСО нова гаранција најмалку 3 (три) работни дена пред истекот на моментално важечката банкарска гаранција и/или да поднесе готовински депозит наместо банкарска гаранција.
Член 16
Неисполнување на финансиските обврски се смета во следниве случаи или околности:
ако XXX не успее да ги подмири своите финансиски обврски во рокот определен во договорот за балансна одговорност; или
ако БОС не ги достави коригираните финансиски гаранции;
Во случај кога БОС нема да ги подмири своите финансиски обврски од став (1) точка 1) кон АД МЕПСО, АД МЕПСО му доставува писмена опомена, доколку и во рок од 8 (осум) дена од доставувањето на писмената опомена БОС не ја плати доспеаната обврска, АД МЕПСО ќе ги користи доставените финансиски гаранции за подмирување на доспеаните побарувања.
Во случај АД МЕПСО да искористи дел или целиот износ на финансиската гаранција за да ги исполни финансиските обврските на БОС, БОС е обврзан да го надополни банкарскиот депозит или да обезбеди дополнителна финансиска гаранција во висина утврдена од АД МЕПСО, во рок од 8 (осум) работни дена од првиот повик на АД МЕПСО.
Во случај кога БОС нема да ги подмири своите финансиски обврски од став (1) точка 2) кон АД МЕПСО, АД МЕПСО му доставува писмена опомена, и доколку и во рок од 8 (осум) дена од доставувањето на писмената опомена БОС не ја подмири финансиската обврска, АД МЕПСО отпочнува постапка за раскинување на Договорот за балансна одговорност.
БОС му ги надоместува на АД МЕПСО сите трошоци направени од преземените мерки во случај на неисполнување на финансиските обврски.
АД МЕПСО може да контактира со трети лица за соработка во врска со неисполнување на обврските.
V. КЛАУЗУЛА НА ИЗВРШНОСТ
Член 17
Доколку БОС не постапува во согласност со превземените обврски кои се утврдени во член 7, член 8, член 9, член 13, член 14, член 15, член 16 од овој Договор или падне во задоцнување во целосното исполнувањето на обврските наведени во истите АД МЕПСО има право да ја активира извршната клаузула од член 18 на овој Договор.
Член 18
Договорните страни изречно изјавуваат дека се согласни овој Договор да претставува извршна исправа и да биде присилно извршен од страна на АД МЕПСО доколку БОС падне во задоцнување во исполнување на обврските кои се наведени во член 17 од овој Договор.
БОС изречно изјавува дека е согласен АД МЕПСО да поведе постапка за присилно извршување, а по доспевањето на неговото побарување што произлегува од овој Договор, со цел наплата на своето побарување со камата и трошоци и тоа од сите парични средства на сите сметки во деловните банки што се водат на име на БОС, удели во трговски друштва, акции и други хартии од вредност, како и целокупниот движен и недвижен имот на БОС.
Договорните страни изрично се согласни и го овластуваат Нотар ___________________од Скопје да стави потврда на извршност на овој Договор само на писмено барање во форма на еднострана изјава од страна на АД МЕПСО а без согласност на БОС во случај на пристигнато, а ненаплатено побарување или на непочитување на други одредби од овој Договор.
VI. НАЧИН НА ИЗВЕСТУВАЊЕ
Член 19
Договорните страни согласно Правилата за балансирање на ЕЕС се должни меѓусебно да се известуваат за сите промени кои се важни за извршување на овој Договор по пошта и/или преку електронска пошта.
БОС е должна во писмена форма навремено да извести за било какви промени кои би можеле да влијаат на важењето на овој договор. Сите финансиски и други последици кои произлегуваат од неизвестувањето се на товар на БОС.
VII. ДОВЕРЛИВОСТ НА ПОДАТОЦИ
Член 20
Договорните страни сите податоци кои ги разменуваат ќе ги користат исклучиво за извршување на овој Договор со почитување на начелата на доверливост, а согласно Законот за енергетика, Правилата за балансирање на ЕЕС и соодветните Мрежни правила.
VIII. ПРЕСТАНОК НА ДОГОВОРОТ
Член 21
БОС може да биде привремено неактивен согласно Член 60 од Правилата за балансирање на ЕЕС.
Член 22
Во согласност со Член 61 од Правилата за балансирање на ЕЕС, Договорот за балансна одговорност престанува:
1) по истекување, одземање или суспензија на лиценцата,
2) со престанување на Договорот за учество на пазарот на електрична енергија,
3) со раскинување од страна на АД МЕПСО, ако БОС:
- не ги исполнува обврските согласно Договорот за балансна одговорност,
- при регистрацијата за стекнување на статус на БОС користел лажни податоци,
- не склучи Xxxxx на Договорот за балансна одговорност, ако за такво нешто има потреба.
Раскинувањето и престанокот на Договорот се спроведува според одредбите од Член 61 Правилата за балансирање на ЕЕС.
Во случај на престанок на овој Договор, финансиските обврски кои произлегуваат од истиот ќе продолжат да важат и истите треба да се подмират од страна на БОС.
IX. РЕШАВАЊЕ НА СПОРОВИТЕ
Член 23
Споровите во врска со примената на одредбите на овој Договор, договорните страна ќе ги решаваат спогодбено.
Доколку спорот не се разреши спогодбено, незадоволната договорна страна може да поднесе барање за разрешување на спор пред РКЕ согласно Законот за енергетика и Правилникот за начинот, условите и постапката за одлучување по споровите и висината на оправданите надоместоци за трошоците настанати во постапката.
Член 24
Договорната страна која не е задоволна од резултатите на постапката од член 21 од овој Договор, може да поведе постапка пред надлежен суд.
X. ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ
Член 25
Сите евентуални измени и дополнувања на законските и подзаконските прописи со кои се регулира оваа област, ќе се применуваат на одредбите на овој Договор од денот на влегување во сила на истите.
Доколку одредени одредби од овој Договор не се во согласност со одредбите од Законот за енергетика, Мрежните правила, Правила за балансирање на ЕЕС и Правилата за пазар на електрична енергија, само тие одредби од Договорот ќе се сметаат за ништовни и наместо истите ќе се применуваат соодветните одредби од Законот за енергетика, Мрежните правила, Правилата за балансирање на ЕЕС и Правилата за пазар на електрична енергија.
Ништовноста на одредени одредби од Договорот (согласно точка 2 од овој член) нема да значи ништовност на самиот Договор.
Доколку настапат околности од ставот 2 на овој член договорните страни се обврзуваат да склучат анекс на овој договор со кој ќе ги отстранат сите евентуални судири кои би произлегле.
За се она што не е опфатено и регулирано со овој Договор ќе се применуваат соодветните одредби од Законот за енергетика, Мрежните правила и Правилата за балансирање на ЕЕС
Член 26
Овој Договор стапува на сила на денот на неговото обострано потпишување и ќе важи се до неговото раскинување (согласно член 22 од овој Договор).
По исполнување на обврските од член 12 на овој Договор, АД МЕПСО веднаш го внесува БОС во Регистарот на БОС и балансни групи.
Ако БОС не ги исполни обврските од член 12 на овој Договор, Договорот ќе се смета за неважечки.
Член 27
Договорните страни го потпишуваат овој Договор, преку нивните овластени претставници, во 5 (пет) оригинални примерока - по 2 (два) за секоја договорна страна и еден примерок за Нотарот.
ЗА АД МЕПСО Генерален директор
|
|
ЗА БОС
|
|
|
|