Contract
ОПШТИ УСЛОВИ НА ДОГОВОРОТ ЗА ФИНАНСИСКИ ЛИЗИНГ
Овие општи услови заедно со посебните услови се составен дел на Договорот за финансиски лизинг (во понатамошниот текст: Договор) склучен помеѓу Давателот на лизинг и Xxxxxxxxxx на лизинг.
1. ЗНАЧЕЊЕ НА ПОИМИТЕ
Доколку не е поинаку одредено во текстот на посебните, општите услови и другите прилози кои се составен дел на Договорот, поимите употребени во текстот на Договорот го имаат следното значење:
1.1 Финансиски лизинг – лизинг активност регулирана согласно Законот за лизинг.
1.2 Давател на лизинг – Друштво за лизинг СТОПАНСКА ЛИЗИНГ ДООЕЛ Скопје, регистрирано друштво за вршење услуги на финансиски лизинг.
1.3 Корисник на лизинг – физичко или правно лице кое со Давателот на лизинг склучило Договор за финансиски лизинг.
1.4 Гарант-платец – е правно или физичко лице кое солидарно се обврзува спрема Давателот на лизинг дека ќе ги исполни сите обврски на Корисникот на лизинг согласно Договорот.
1.5 Предмет на лизинг – возило, опрема за технолошки или производствен процес, уред, машина и друг подвижен предмет кој може да биде предмет на лизинг.
1.6 Договор за финансиски лизинг - Договор со кој Давателот на лизинг го финансира прибавувањето на предметот на лизинг, поради давање на користење (лизинг) на Корисникот на лизинг, на определен временски период, а Корисникот на лизинг за тоа се обврзува да врши месечни плаќања/рати во полза на Давателот на лизинг на начин и во износ согласно посебните услови на Договорот и амортизациониот план кој е прилог кон Договорот за финансиски лизинг. По истек на времетраењето на Договорот за финансиски лизинг и исплата на последното месечно плаќање/рата односно по исполнување на сите обврски и плаќање на вкупните надоместоци за користење на предметот на лизинг од страна на Корисникот на лизинг во полза на Давателот на лизинг по овој Договор, Давателот на лизинг ќе го пренесе правото на сопственост на предметот на лизинг на Корисникот на лизинг.
1.7 Продавач – физичко или правно лице регистрирано за вршење производство, трговија и/или сервисирање на предметот на лизинг кое го продава или на друг начин го обезбедува предметот на лизинг на давателот на лизинг.
1.8 Производител - е лице кое изготвува готови производи или составни делови за добивање на основни производи или лице кое преку фирмата и својата ознака на производот се претставува
како производител. За производител се смета и увозникот на производот.
1.9 Учество – е паричен износ со кој Корисникот на лизинг учествува при склучување на Договорот за финансиски лизинг, со кој се намалува основицата за пресметаниот надомест за лизинг и не се враќа на Корисникот на лизинг во случај на раскинување на Договорот за финансиски лизинг.
1.10 Месечни плаќања/рати – значи сите месечни плаќања кои Корисникот на лизинг ги плаќа согласно Амортизациониот план. Употребата на поимите месечни плаќања и рати ги вклучува и плаќањето на месечните ануитети, доколку плаќањата на финансискиот лизинг согласно амортизациониот план се договорени во месечни ануитети.
1.11Побарување – значи секое побарување на Давателот на лизинг кое произлегува од Договорот, а кое Xxxxxxxxxx на лизинг е должен да го намири односно да го исполни на начин, во рокови и износи согласно овој Договор, Општите услови, посебните услови и амортизациониот план кој е прилог кон овој Договор. Побарувањата на Давателот на лизинг вклучуваат: побарувања по основ на главен долг (достасан и недостасан), договорна камата, законска казнена камата, договорни казни, парични казни, глоби, адвокатски, нотарски, судски и извршни трошоци и сите други видови на трошоци вклучувајќи ги и трошоци за одржување на предметот на лизинг, побарувања по основ на надомест на штета во врска со предметот на лизинг кои се наведени во текстот на Општите услови на Договорот, премии кои не се надоместени во целост од друштвото за осигурување, побарувања по основ на осигурување на предметот на лизинг кои не се надоместени на Давателот на лизинг, евентуално утврдените разлики помеѓу книговодствената вредност утврдена на денот на раскинување на Договорот и проценетата вредност на предметот на лизинг утврдена од страна на овластен - проценител определен од страна на Давателот на лизинг на денот на раскинување на Договорот, како и сите останати побарувања кои се наведени во одредбите од Општите и Посебните услови од овој Договор.
2. СОПСТВЕНОСТ НА ПРЕДМЕТОТ НА ЛИЗИНГ
2.1 За цело времетраење на Договорот единствен сопственик на предметот на лизинг е Давателот на лизинг, додека Корисникот на лизинг стекнува право на користење на предметот на лизинг со обврска уредно и навремено да ги врши одделните плаќања на начин во рокови и износи согласно Посебните услови и Амортизациониот план кој е прилог кон овој Договор, односно можност за стекнување право на сопственост врз предметот на лизинг, по уредно подмирување на обврските од Договорот.
2.2 За времетраење на Договорот единствен сопственик на предметот на лизинг е Давателот на лизинг, додека пак Xxxxxxxxxx на лизинг е само корисник и непосреден владетел на предметот на лизинг.
2.3 На Корисникот на лизинг, во врска со предметот на лизинг му припаѓаат правата кои произлегуваат од овој Договор и важечките прописи во Република Северна Македонија. Со предавањето на предметот на лизинг од страна на Продавачот директно на Корисникот на лизинг, право на сопственост врз предметот на лизинг стекнува Давателот на лизинг како посреден владетел.
2.4 За времетраење на Договорот, Корисникот на лизинг не смее да го отуѓи или оптовари предметот на лизинг.
2.5 Без претходна писмена согласност од Давателот на лизинг, Корисникот на лизинг не смее да го даде предметот на лизинг во закуп или на користење на трети лица.
2.6 Во случај на прекршување на одредбите од точка 2.4 и точка 2.5 од страна на Корисникот на лизинг, Давателот на лизинг има право еднострано да го раскине Договорот без отказен рок.
2.7 Корисникот на лизинг е должен без одлагање да го извести Давателот на лизинг кога дејствија на трети лица се насочени кон исклучување, намалување или ограничување на правото на сопственост врз предметот на лизинг (пример: одземање, запленување на предметот на лизинг од страна на трети лица). Покрај известувањето, Корисникот на лизинг е овластен и должен на свој трошок да ги превземе сите дејствија и мерки за заштита на правото на сопственост на Давателот на лизинг.
2.8 Корисникот на лизинг е должен на свој трошок да ги превземе сите потребни мерки и работи за да предметот на лизинг не стане припадок на други ствари или нивни составен и неодвоен дел, односно како би го заштитил правото на сопственост на Давателот на лизинг над истото, а во спротивно е должен на Давателот на лизинг да му ја надомести целата штета која ја трпи поради тоа.
2.9 Корисникот на лизинг – правно лице се обврзува во случај на поведување постапка за стечај или ликвидација веднаш, без одлагање да го извести Давателот на лизинг за истото и да го врати предметот на лизинг. Корисникот за лизинг исто така се обврзува да го извести стечајниот, односно ликвидациониот управник за сопственоста на Давателот на лизинг над предметот на лизинг и правото да му биде утврдено излачно право над предметот на лизинг во стечајната постапка со цел истиот да биде издвоен од стечајната маса на Корисникот на лизинг.
2.10 Корисникот на лизинг нема право на задржување (ретенција) над предметот на лизинг, независно од видот и основот на
евентуалното побарување кое би го имал спрема Давателот на лизинг.
2.11 Корисникот на лизинг е обврзан за времетраењето на Договорот да го прикажува предметот на лизинг одвоено од својот имот и да го означува како сопственост на Давателот на лизинг согласно прописите кои во книговодството и даночното право се применуваат за финансиски лизинг.
2.12 По исплата на севкупните парични обврски на Корисникот на лизинг согласно Договорот и Амортизациониот план (трошоци, камати, главен долг), Давателот на лизинг ќе го пренесе на Корисникот на лизинг правото на сопственост врз предметот на лизинг. Трошоците за пренос на правото на сопственост и даночните обврски поврзани со преносот на правото на сопственост во целост ќе ги сноси Корисникот на лизинг.
3. ПРИБАВУВАЊЕ, ПРЕЗЕМАЊЕ НА ПРЕДМЕТОТ НА ЛИЗИНГ
3.1 Корисникот на лизинг потврдува дека сам го избрал Продавачот и предметот на лизинг кај Продавачот, согласно наведените карактеристики (опис) во точка I од посебните услови на Договорот, како и цената, рокот и начинот на испорака на предметот на лизинг и по негово барање Xxxxxxxxx на лизинг склучил договор за купопродажба на предметот на лизинг со Продавачот.
3.2 Давателот на лизинг е ослободен од одговорност кон Корисникот на лизинг за обврските на Продавачот кои произлегуваат од фактурата или од договорот за купопродажба во врска со предметот на лизинг (квалитетот на предметот на лизинг, исправноста на работењето, како и за неговото навремено доставување до Корисникот на лизинг или Xxxxxxxxx на лизинг, замена или поправка на дефект или инсталирање на предметот на лизинг).
3.3 Oбврските на Продавачот кои произлегуваат од фактурата или од договорот за купопродажба во врска со предметот на лизинг, директно се однесуваат на Корисникот на лизинг за кого се обврзувачки.
3.4 Корисникот на лизинг е должен да ги обезбеди сите законски пропишани дозволи, одобренија и лиценци потребни за прибавување и користење на предметот на лизинг.
3.5 Предметот на лизинг ќе биде испорачан на Корисникот на лизинг од страна на Продавачот, за што Корисникот на лизинг, Продавачот и Давателот на лизинг ќе состават и потпишат записник за примопредавање, во кој ќе се евидентираат евентуалните недостатоци на предметот на лизинг.
3.6 Пред преземање на предметот на лизинг, Корисникот на лизинг е должен да ги уплати учеството и трошоците за обработка на Договорот, како и да достави доказ на Давателот на лизинг дека склучил договор / полиса за
осигурување, согласно договорениот обем на осигурување со овие Општи услови.
3.7 Корисникот на лизинг се обврзува на сопствен ризик и трошок, да го преземе предметот на лизинг на договореното место и во договореното време.
3.8 Корисникот на лизинг е должен да провери дали предметот на лизинг кој треба да биде преземен од негова страна ги исполнува договорените услови пред истиот да го прими, односно потпише записникот за примопредавање.
3.9 Корисникот на лизинг е должен веднаш, без одлагање, по писмен пат да го извести Давателот на лизинг доколку Продавачот не го испорачал предметот на лизинг во рамки на договорениот рок на испорака или пак дека предметот на лизинг има материјални недостатоци, односно предметот на лизинг не е согласно договорениот опис (карактеристики) од точка I од посебните услови на Договорот, од кои причини Корисникот на лизинг одбил да го превземе предметот на лизинг.
3.10 Корисникот на лизинг ќе му остави дополнителен примерен рок на Продавачот од
15 дена да го испорача предметот на лизинг согласно договорените карактеристики, односно да го испорача предметот на лизинг без материјални недостатоци.
3.11 Корисникот на лизинг е должен по истек на дополнителниот примерен рок од точка 3.10 писмено да го извести Давателот на лизинг дека Продавачот ниту во дополнителниот рок не испорачал уреден предмет на лизинг.
3.12 Корисникот на лизинг е должен предметот на лизинг да го прегледа на вообичаениот начин и за видливите недостатоци да ги извести Продавачот и Давателот на лизинг без одлагање, инаку го губи правото што му припаѓа по таа основа.
3.13 Корисникот на лизинг и Продавачот/ во моментот на примопредавањето на предметот на лизинг, ќе состават Записник за примопредавање со опис на сите евентуални недостатоци на предметот на лизинг. Пред и после потпишувањето на Записникот за примопредавање исклучена е одговорноста за материјални недостатоци од страна на Давателот на лизинг. Со потпишувањето на Записникот за примопредавање, на Корисникот на лизинг преминуваат сите законски права во однос на материјалните недостатоци на предметот кон производителот или Продавачот на предметот на лизинг. За сите материjални недостатоци на предметот на лизинг одговара единствено Продавачот или Производителот на предметот на лизинг, па согласно ова, сите барања кои се однесуваат на недостатоците на предметот на лизинг, Корисникот на лизинг ќе ги упатува директно кон Продавачот или Производителот.
3.14 Кога по приемот на предметот на лизинг од страна на Корисникот на лизинг ќе се покаже
дека предметот на лизинг има некој недостаток што не можел да се открие со вообичаениот преглед при преземањето на предметот на лизинг (скриен недостаток), Корисникот на лизинг е должен, под закана на губење на правото, за тој недостаток да ги извести Продавачот и Давателот на лизинг без одлагање.
3.15 Корисникот на лизинг е должен писмено да го извести Давателот на лизинг кое законско право ќе го користи спрема Продавачот, во случај на неиспорака, ненавремена испорака, односно испорака со материјални недостатоци и тоа пред користење на предметното право.
3.16 Доколку Корисникот на лизинг го раскине Договорот поради неиспорака на предметот на лизинг, односно поради материјални недостатоци, истиот има право да бара обесштетување исклучиво од Продавачот.
3.17 Доколку Корисникот на лизинг и покрај неиспорака, ненавремена испорака, испорака со материјални недостатоци на предметот на лизинг сепак потпише записник за примопредавање на предметот на лизинг, во таков случај ги губи законските права за приговор и раскинување на овој Договор, согласно Законот за облигационите односи.
3.18 Доколку предметот на лизинг не ги исполнува условите определени во Договорот, Корисникот на лизинг има право да го одбие преземањето на предметот во рок од 30 работни дена, од приемот по кој рок Корисникот на лизинг го губи правото да го одбие преземањето на предметот.
3.19 Давателот на лизинг има право еднострано да го раскине Договорот доколку Xxxxxxxxxx на лизинг неосновано одбива да го преземе предметот на лизинг по уреден повик од страна на Продавачот. Во таков случај, Корисникот на лизинг е должен да му ги надомести на Давателот на лизинг сите трошоци и штети кои ги поднесува поради неисполнување на договорот за купопродажба на предметот на лизинг или неплаќање на фактурата, кои вклучуваат, но не се ограничуваат на побарувања по следните основи: платени аванси, трошоци направени за набавка на предметот на лизинг, евентуална разлика помеѓу платената купопродажна цена и цената постигната со повторна продажба на предметот на лизинг, надомест на штета на Продавачот, трошоци за судски и други постапки.
3.20 Корисникот на лизинг се обврзува на свој ризик и трошок, да го преземе предметот на лизинг на договореното место и во договореното време.
3.21 Во моментот на преземање на предметот на лизинг, врз Корисникот на лизинг преминуваат ризикот за случајно пропаѓање и оштетување на предметот на лизинг.
3.22 Со примопредавањето на предметот на лизинг, врз Корисникот на лизинг преминуваат сите законски права да бара отстранување на материјалните недостатоци на предметот на
лизинг од Производителот на предметот на лизинг, односно од Продавачот, како и ризикот од пропаѓање и оштетување на предметот на лизинг.
3.23 За сите материјални недостатоци на предметот на лизинг одговара исклучиво Продавачот или производителот но не и Давателот на лизинг, па сите барања кои се однесуваат на исправно функционирање на предметот на лизинг се упатуваат директно на Продавачот односно до производителот.
3.24 Предуслов за важност на гаранцијата и рекламацијата на предметот на лизинг е обавувањето на сите сервиси и работи за одржување на предметот на лизинг на начин кој е пропишан во гарантниот лист на Производителот, односно на Продавачот на предметот на лизинг, како и употреба само на допуштен потрошен материјал, заменски/резервни делови и сл.
3.25 Давателот на лизинг не е одговорен за штетите кои настанале поради незаконито користење на предметот на лизинг од страна на Корисникот на лизинг, а кои имаат за последица смрт, телесна повреда, нарушување на здравје, оштетување на имот на трети лица. Доколку Давателот на лизинг поради таквите штети, како сопственик на предметот на лизинг, биде задолжен да исплати оштетно побарување на трети лица или парична казна согласно одлука на надлежен орган, Корисникот на лизинг е должен на Давателот на лизинг во целост да му го надомести така исплатениот износ, зголемен за евентуални трошоци во врска со водење на постапките (адвокатски, трошоци за водење постапки пред надлежни органи), како и евентуална законска казнена камата на исплатениот износ од страна на Давателот на лизинг.
4. УПИС НА ПРЕДМЕТОТ НА ЛИЗИНГ ВО
ПОСЕБНИОТ РЕГИСТАР ВО ЦЕНТРАЛНИОТ РЕГИСТАР
4.1 Барањето за упис, промена и бришење на предметот на лизинг од точка 1 од Посебните услови на Договорот во посебниот регистар во Централниот регистар ќе го поднесува Давателот на лизинг или нотарот кој ќе го заверува, односно солемнизира (потврдува) Договорот.
5. НАДОМЕСТ НА ЛИЗИНГ
5.1 За целото времетраење на Договорот, Корисникот на лизинг се обврзува да му плаќа на Давателот на лизинг месечни плаќања/рати кои се состојат од главен долг и камата за користење на предметот на лизинг согласно Амортизациониот план, кој е составен дел на Договорот.
5.2 Рокот на пристигнување и износот на месечните плаќања/рати е утврден со Амортизациониот план, кој е составен дел на Договорот.
5.3 Месечните плаќања/рати, Корисникот на лизинг ќе ги врши на трансакциската сметка на Давателот на лизинг наведена во посебните услови на Договорот.
5.4 Износите на севкупните трошоци (во понатамошниот текст: СВТ) кои вклучуваат, но не се ограничуваат на: главница, камата, данок на додадена вредност на камата, трошок за обработка, надомест за регистрација на предметот на лизинг во Централниот регистар на Република Северна Македонија се наведени во Амортизациониот план кој е составен дел на овој Договор.
5.5 Трошоци кои не се наведени во СВТ, а кои Корисникот на лизинг е должен да ги намирува, односно ќе биде задолжен да ги намири се: трошоци во врска со спроведување на Договорот (трошоци за регистрација на предметот на лизинг, трошоци за осигурување, трошоци за добивање на дозволи, уверенија, потврди и решенија од надлежни инстутуции/органи, нотарски трошоци, адвокатски трошоци, судски трошоци, извршни трошоци, трошоци за вештак, трошоци за проценител, трошоци согласно тарифа за услуги на деловните банки, трошоци во врска со осигурување на предметот на лизинг), трошоци за одземање на предметот на лизинг директно или преку ангажирање на друго лице) договорна камата, законска казнена камата, фискални давачки, надомест поради предвремена отплата на предметот на лизинг, надомест на штета која не е надоместена од осигурителното друштво и други побарувања по Договорот. Давателот на лизинг има право по слободен избор да одлучи дали било кои од наведените трошоци ќе се пресметаат во месечните плаќања/рати или пак за истите ќе издаде посебна фактура која Давателот на лизинг уредно ќе ја достави до Корисникот на лизинг по електронски пат или по пошта со препорачана пратка.
5.6 Доколку каматната стапка во точка IV од посебните услови на Договорот не е фиксна за целото времетраење на финансискиот лизинг, Давателот на лизинг го задржува правото да врши пресметка, измена на каматни стапки, начин и периоди на пресметка на каматни стапки во рамки на дозволената висина на стапка на договорна камата согласно важечките законски прописи во РСМ, сето претходно на начин предвиден во оваа глава 5 со наслов: “Надомест на лизинг”.
5.7 Пресметката на променливата договорна камата согласно точка 5.6 ќе се врши според оценка на Xxxxxxxxx на лизинг, а имајќи го во предвид следното:
- За финансиски лизинг со плаќања во МКД, како референтна каматна стапка ќе се применува националната референтна каматна стапка што се дефинира како каматна стапка на денарски депозити без валутна клаузула која ја објавува НБРСМ. При пресметката на каматата ќе се земе
во предвид националната референтна каматна стапка на НБРСМ последно објавена на 25-ти Декември а ќе биде важечка основа за пресметка на каматата за следните 6 месеци (01-ви Јануари до 30-ти Јуни), односно последно објавена на 25-ти Јуни а ќе биде важечка основа за пресметка на каматата за следните 6 месеци (01-ви Јули до 31-ви Декември),
- За финансиски лизинг со плаќања во ЕУР, како референтна стапка при пресметка на каматата ќе се земе во предвид стапката на шестомесечниот ЕУРИБОР важечка на 31-ви Декември која ќе биде основа за пресметка во периодот од следните 6 месеци по нејзиното објавување (01-ви Јануари до 30-ти Јуни), односно важечка на 30-ти Xxxx која ќе биде основа за пресметка во следните 6 месеци по нејзиното објавување (01-ви Јули до 31-ви Декември),
- на референтната стапка од алинеите 1 и 2 од овој став, се додава маргина која се пресметува и определува во процентни поени од страна на Давателот на лизинг при склучување на договорот земајќи ги во предвид сите околности релевантни за таквата пресметка.
5.8 За промената на каматната стапка поради промена на националната референтна стапка што ја објавува НБРСМ и шестомесечниот ЕУРИБОР, Корисникот на лизинг ќе се информира самостојно.
5.9 По однос на било која референтна каматна стапка што се користи за пресметка на каматна стапка согласно овој Договор, договорните страни се согласни со следното:
- доколку надлежен орган / администратор / регулаторно тело / трето лице кој/кое ја објавува референтната каматна стапка, објави јавно достапно известување или друг вид на информација дека референтната каматна стапка престанува да важи, или престанува да се формира, или се укинува односно нема повеќе да биде репрезентативна, како и доколку од било кои причини референтната каматна стапка повеќе не може да се користи за пресметка на каматна стапка, договорните страни се согласни Давателот на лизинг да определи друга алтернативна референтна каматна стапка која смета дека е најсоодветна на предвидената во овој Договор, а е применлива на соодветниот финансиски пазар (домашен или меѓународен) во моментот на престанокот на можноста за користење на референтната каматна стапка предвидена во овој Договор;
- како момент на започнување со примена на новата референтна стапка се смета настанувањето на било кој од случаите од алинеја 1 од оваа точка, а договорните страни се согласни известувањето за примена на новата референтна каматна стапка Давателот на лизинг да го објави на својата официјална веб страница или опционо, да го достави до другата
договорна страна преку кое било комуникациско средство со кое се остварува деловната врска.
5.10 Доколку Корисникот на лизинг уплати поголем износ на месечно плаќање/рата, односно уплати износи што не се пристигнати (достасани), потребно е писмено да го извести Давателот на лизинг поголемиот износ на уплата да го евидентира како предвремена отплата на лизингот и соодветно да го намали салдото на лизингот. По евидентирањето на поголемиот износ на уплата во системската евиденција, Давателот на лизинг на Корисникот на лизинг ќе му достави нов Амортизационен план.
5.11 Доколку Корисникот на лизинг не го извести Давателот на лизинг согласно точка 5.10 во таков случај Давателот на лизинг нема обврска да го евидентира поголемиот износ на уплата во системската евиденција како предвремена отплата на лизингот додека не добие известување од Корисникот на лизингот, ниту да пресметува и плаќа на Корисникот на лизинг камата на уплатениот износ на парични средства.
5.12 Доколку, по преземањето на предметот на лизинг од страна на Корисникот на лизинг, дојде до зголемување на даночните обврски, каматните стапки и останатите давачки/трошоци по основ на овој Договор споредено со обврските и трошоците при склучување на овој Договор, во таков случај договорните страни се согласни висината на месечната рата да биде усогласена со настанатите промени. Сите останати околности кои би можеле да влијаат на правата и обврските на договорните страни, а кои не се предизвикани од страна на Давателот на лизинг, се определиви (промена на прописи, мерки на надлежни органи, зголемување на набавната вредност на предметот на лизинг по склучување на Договорот, а пред испорака на предметот на лизинг и др.) и ги зголемуваат обврските на Давателот на лизинг претставуваат основа за соодветно усогласување на месечните плаќања/рати, но максимум за 20 %. При ваквото усогласување не е потребно да се склучи анекс кон Договорот, а Xxxxxxxxx на лизинг писмено ќе го извести Корисникот на лизинг за наведените промени. Доколку наведеното усогласување би довело до зголемување на месечното плаќање/рата за повеќе од 20%, договорните страни на основа на настанатите промени ќе склучат анекс кон Договорот, а доколку нема согласност Договорот може да се раскине еднострано од било која од договорните страни. Во случај на барање за раскинување на Договорот од страна на Xxxxxxxxxx на лизинг по овој основ, Xxxxxxxxxx на лизинг е должен да ги подмири сите доспеани, а неплатени обврски по овој Договор во целост и доброволно да го врати предметот на лизинг на начин предвиден во овој Договор.
5.13 Неможност или ограничена можност за употреба на предметот на лизинг, без оглед на причината,
како и можни приговори од Xxxxxxxxxx на лизинг на пресметката на месечните плаќања/рати и останатите трошоци, не можат да бидат причина за неисполнување на месечните плаќања/рати во роковите на нивното пристигнување.
5.14 На сите пристигнати (достасани), а неплатени обврски по месечните плаќања/рати, сметано од денот на достасувањето па сè до денот на конечна исплата, Давателот на лизинг пресметува и наплатува законска казнена камата во висина на законската казнена камата согласно важечките законски прописи во Република Северна Македонија.
5.15 Висината на законската казнена камата се определува согласно Законот за облигационите односи важечки во Република Северна Македонија.
5.16 Доколку Корисникот на лизинг доцни со плаќањето на било која обврска по основ на Договорот повеќе од 30 дена, Xxxxxxxxx на лизинг ќе започне со процес на опоменување. Опомените ќе се доставуваат по електронски пат или пошта со препорачана пратка до Корисникот на лизинг.
5.17 Давателот на лизинг може еднострано да го раскине овој Договор доколку Xxxxxxxxxx на лизинг доцни со плаќање на двe последователни месечни плаќања/рати утврдени како обврски согласно амортизациониот план кој е прилог кон овој Договор (т.е. не врши плаќање навремено или плаќањата ги врши во нецелосен износ), при што Корисникот на лизинг е должен доброволно да го врати предметот на лизинг на Давателот на лизинг, а во спротивно Давателот на лизинг е овластен да го одземе предметот на лизинг, лично или преку овластено лице од негова страна. Доколку не успее да го одземе владението на горенаведениот начин, Давателот на лизинг има право да пристапи кон присилно одземање на предметот на лизинг преку извршител, а согласно утврдените одредби во посебните услови на Договорот.
5.18 Побарувањата на Давателот на лизинг по основ на овој Договорот, по враќањето на предметот на лизинг кај Давателот на лизинг, ќе бидат утврдени во конечната пресметка изготвена од страна на Давателот на лизинг. Доколку Xxxxxxxxxx на лизинг не ги плати преостанатите побарувања на Давателот на лизинг во рамки на рокот за доброволно плаќање утврден во конечната пресметка, Xxxxxxxxx на лизинг ќе поведе постапка за присилна наплата на своите побарувања по Договорот.
5.19 Корисникот на лизинг има право на предвремена отплата на предметот на лизинг по истек на една година од денот на склучување на Договорот. Во случај да Корисиникот на лизинг го користи правото на предвремена отплата на предметот на лизинг, истиот е должен во целост да и ги исплати севкупните доспеани побарувања на Давателот на лизинг, како и надомест во износ 2% од недоспеаната главница по Договорот,
поради предвремено раскинување на Договорот. Условите на предвремената отплата на предметот на лизинг, како и преостатаните парични побарувања, договорните страни ќе ги уредат писмено со склучување на Спогодба за предвремено раскинување на Договорот.
6. ГАРАНТ - ПЛАТЕЦ
6.1 Секој Гарант-платец му одговара на Давателот на лизинг како главен должник за вкупните обврски по овој Договор по било кој основ и Давателот на лизинг може да бара нивно исполнување било од главниот должник, било од гарантот-платец или од двајцата истовремено.
6.2 Давателот на лизинг може да ги адресира сите важни известувања во врска со овој Договор на Xxxxxxxxxx на лизинг и/или на Гарантот-платец по свој избор. Притоа се смета дека секое известување кое го има примено Корисникот на лизинг или Гарантот-платец има важност и за Гарантот-платец и за Корисникот на лизинг.
6.3 За одговорноста за исполнување на договорените обврски од страна на Гарантот- платец се применуваат одредбите од Законот за облигационите односи на Република Северна Македонија.
7. РЕГИСТРАЦИЈА НА ПРЕДМЕТОТ НА ЛИЗИНГ
– МОТОРНО ВОЗИЛО
7.1 Сите трошоци во врска со технички преглед и регистрација на предметот на лизинг – моторно возило за целото времетраење на договорот ќе ги сноси Корисникот на лизинг.
7.2 Корисникот на лизинг е должен најмалку 8 дена дена пред истекот на рокот на важење на регистрација на предметот на лизинг, да побара од Давателот на лизинг посебно полномошно за технички преглед, регистрација на предмет на лизинг и останати потребни дејствија во врска со истото.
7.3 Давателот на лизинг има право да не го даде полномошното од точка 7.2 доколку Корисникот на лизинг не ги платил доспеаните лизинг месечни плаќања/рати и/или останатите парични обврски согласно Договорот.
7.4 Предметот на лизинг се регистрира на име на Давателот на лизинг како сопственик на предметот на лизинг.
8. ОСИГУРУВАЊЕ НА ПРЕДМЕТОТ НА ЛИЗИНГ
8.1 Кога предмет на финансиски лизинг е моторно возило, за целото времетраење на Договорот, до враќање на владението на предметот на финансиски лизинг, истиот мора да биде осигуран со задолжително осигурување, осигурување од автомобилска одговорност согласно Законот за задолжително осигурување во сообраќајот, како и каско осигурување (со или без франшиза) кое ќе ги покрива ризиците од несреќа и кражба.
8.2 Кога предмет на лизинг е опрема, уред машина и друг подвижен предмет кој не е возило, за
целото времетраење на Договорот, предметот на лизинг мора да биде осигуран од ризик на пожар и удар од гром, експлозија, освен нуклеарна енергија, излевање на вода од водоводна и канализациона инсталација/мрежа, луња, град, удар со сопствено моторно возило и сопствена подвижна работна машина во градежени објекти, паѓање на воздушни летала, манифестација и демонстрација, како и осигурителна заштита од ризикот од нанесување материјална штета при извршување или обид за извршување на провална кражба и разбојништво, како и вандализам во текот на извршување на провалната кражба.
8.3 Правото на избор на осигурителното друштво, со кое ќе склучи договор за осигурување од точка 8.1 и 8.2 е на Корисникот на лизинг. Давателот на лизинг може да препорача осигурително друштво со кое соработува/го застапува и да ги презентира условите за осигурување на предметот на лизинг во истото, но одлуката за избор на друштвото останува на Корисникот на лизинг.
8.4 Корисникот на лизинг е должен да достави до Давателот на лизинг копија од полисата од точка
8.1 и точка 8.2.
8.5 За времетраење на Договорот, осигуреник во договорите за осигурување е Давателот на лизинг, а Корисникот на лизинг е договарач на осигурувањето.
8.6 Осигурителните покритија наведени во точка 8.1 и точка 8.2 се задолжителни за времетраењето на Договорот. Корисникот на лизинг може на свој трошок да го зголеми обемот на осигурување, односно да опфати и други ризици од кои ќе биде осигуран предметот на лизинг.
8.7 Сите премии на осигурување, трошоци и други давачки поврзани со договорите за осигурување од точка 8.1 и точка 8.2 во целост ќе ги сноси Корисникот на лизинг.
8.8 Корисникот на лизинг е должен уредно да ги плаќа премиите за осигурување на предметот на лизинг за целото времетраење на Договорот.
8.9 За времетраење на Договорот, Корисникот на лизинг може да изврши промена на осигурителното друштво.
8.10 Доколку Корисникот на лизинг пропушти да го осигура предметот на лизинг, не ги исполнува своите обврски по договорите за осигурување од точка 8.1 и точка 8.2, Давателот на лизинг е овластен да ги склучи договорите за осигурување од точка 8.1 и точка 8.2 со осигурително друштво по нејзин избор, како и наместо Корисникот на лизинг да ги плати пристигнатите, а неплатени премии за осигурување или да исполни други обврски по договорите за осигурување, при што Корисникот на лизинг ќе биде должен да ги надомести трошоци кои настанале за Давателот на лизинг поради таквото постапување и износот за кој е платена премија од страна на Давателот на
лизинг ќе претставува побарување кое произлегува од овој договор.
8.11 Корисникот на лизинг е должен без одлагање да ги извести Давателот на лизинг и осигурителното друштво за настаната штета.
8.12 По настанување на штетен настан Корисникот на лизинг без одлагање ќе го достави предметот на лизинг во овластен сервис на Производителот, односно Продавачот на предметот на лизинг и ќе ги превземе сите дејства во согласност со условите на осигурителното друштво за постапка за пријава, проценка и исплата на надомест од реализиран настан на осигурен случај.
8.13 Во случај на делумна штета на предметот на лизинг, Давателот на лизинг се обврзува да му овозможи на Корисникот на лизинг користење на добиениот надомест на штета за доведување на предметот на лизинг во поранешна состојба во сервисот на Производителот, односно Продавачот за што ќе даде претходна писмена согласност, освен ако Корисникот на лизинг има доспеани, а неплатени обврски по Договорот. Доколку Корисникот на лизинг има доспеани а неплатени обврски, Давателот на лизинг од добиениот надомест на штета е овластен да го задржи износот на доспеаните, а ненаплатени побарувања од Корисникот на лизинг по основ на овој Договор.
8.14 Во случај на потполно уништување (тотална штета) на предметот на лизинг поради настанување на штетен настан што е осигуран, од исплатениот надомест на штета Давателот на лизинг ќе ги намири: 1) севкупните настанати трошоци по овој Договор, 2) доспеаните, а ненаплатени побарувања на име законска казнена камата и договорна камата по Договорот, 3) доспеаните, а ненаплатени износи на име главен долг по Договорот и 4) севкупните недоспеани побарувања по Договорот (без пресметка на камата). Евентуалниот остаток од износот од исплатата за надомест на штета, Давателот на лизинг ќе го исплати на Корисникот на лизинг. Притоа, Корисникот на лизинг нема право на остатоците од предметот на лизинг (крш), кои се во исклучива сопственост на Давателот на лизинг.
8.15 Корисникот на лизинг е одговорен за надоместување на севкупната штета на Давателот на лизинг која настанала од ризик за кој предметот на лизинг не е осигуран.
8.16 Во случај настанатата штета од било која причина не биде надоместена од страна на осигурително друштво или осигурителното друштво врз основа на условите за осигурување не е должно да исплати осигурување, Корисникот на лизинг се обврзува на Давателот на лизинг да му го исплати вкупниот износ на име надомест на штета и сите дополнителни трошоци, односно на свој трошок да го врати предметот на лизинг во поранешна состојба. Износот на штетата ќе ја процени стручно лице,
кое ќе биде одредено од страна на Давателот на лизинг. Корисникот на лизинг се обврзува проценетиот износ на штетата и сите трошоци за проценка на висината на штетата да ги уплати на сметката на Давателот на лизинг во рок од 8 дена од денот на проценка на истата.
8.17 Во случај на потполно уништување (тотална штета) на предметот на лизинг или губење на владението врз предметот на лизинг поради настанување на штетен настан кој не е осигуран, Корисникот на лизинг должи надомест поради уништување на предметот на лизинг кој е еднаков на збирот од: 1) севкупните настанати трошоци по Договорот, 2) доспеаните, а ненаплатени побарувања на име законска казнена камата и договорна камата по Договорот, 3) доспеаните, а ненаплатени износи на име главен долг месечни плаќања/рати по Договорот и 4) севкупните недоспеани побарувања месечни плаќања/рати по Договорот (без пресметка на камата), кој износ Корисникот на лизинг е должен да го плати најдоцна во рок од 15 дена од денот на конечната пресметка која ќе му биде доставена од страна на Давателот на лизинг.
8.18 Давателот на лизинг е единствено овластен да потпишува спогодба за надомест на штета со осигурителното друштво кое ја издало полисата и дава согласност за исплата на штета. Со потпишувањето на Спогодба за штета или согласност за исплата на штета не значи дека побарувањето на Давателот на лизинг кон Корисникот на лизинг е целосно намирено.
8.19 За времетраење на Договорот, барањата за надомест на штета која произлегува од користењето на предметот на лизинг од трети лица му припаѓаат исклучиво на Давателот на лизинг.
8.20 Евентуалната разлика помеѓу стварно настанатата штета и исплатениот износ од осигурителното друштво, односно досудениот надомест на штета од страна на надлежен суд паѓа на товар на Корисникот на лизинг. Трошоците за судските, извршните и други постапки, зависно од текот и исходот на постапките, паѓаат на товар на Xxxxxxxxxx на лизинг. Во случај да Давателот на лизинг ги плати трошоците, Корисникот на лизинг е должен истите да му ги надомести на Давателот на лизинг.
9. УПОТРЕБА НА ПРЕДМЕТОТ НА ЛИЗИНГ
9.1 Согласно Договорот и овие Општи услови, Давателот на лизинг на Корисникот на лизинг му го пренесува правото на користење на предметот на лизинг во текот на целиот период на времетраењето на Договорот, под услов Корисникот на лизинг да ги исполнува обврските согласно Договорот и важечките прописи на Република Северна Македонија. Корисникот на лизинг предметот на лизинг ќе го користи само во рамките на вообичаената употреба, со
потребното внимание на добар домаќин / стопанственик / стручњак.
9.2 Корисникот на лизинг нема право да го користи предметот на лизинг – возило за такси услуги, услуги за обезбедување, за училишни превозни активности, за трки и/ или посебни интервенции, како и нема право да го користи предметот на лизинг – опрема, машина уред и сл. за потреби надвор од дејноста/намената за која е даден лизингот, без претходна писмена согласност од Давателот на лизинг за таа цел.
9.3 Во тек на времетраењето на овој Договор, Корисникот на лизинг му гарантира на Давателот на лизинг дека ги поседува сите потребни дозволи, одобренија, договори за употреба на предметот на лизинг согласно важечките прописи на Република Северна Македонија.
9.4 Матично место на користење на предметот на лизинг е во рамки на територијата на Република Северна Македонија.
9.5 Кога предмет на лизинг е моторно возило, Корисникот на лизинг може да го користи предметот на лизинг и надвор од територијата на Република Северна Македонија единствено по претходна писмена согласност од Давателот на лизинг и со обезбедување на меѓународна карта за осигурување (зелена карта) за предметот на лизинг. Во случај Корисникот на лизинг да има намера да го користи предметот на лизинг надвор од територијата на Република Северна Македонија, тогаш истиот е должен да го извести Давателот на лизинг за истото и да побара издавање на полномошно. Давателот на лизинг има право да не издаде полномошно во случај Корисникот на лизинг да не приложи меѓународна карта за осигурување (зелена карта) и/ или обврските на Корисникот на лизинг согласно Договорот не се уредно и навремено исполнети.
9.6 Во случај Xxxxxxxxxx на лизинг да сака да направи измени на предметот на лизинг, од било кој вид, во тек на времетраењето на овој Договор, Корисникот на лизинг има обврска да побара претходна писмена согласност од Давателот на лизинг, а Xxxxxxxxx на лизинг има право, во својство на сопственик, да не ги одобри таквите измени. Во случај Xxxxxxxxx на лизинг да ги одобри измените, трошоците за измените на предметот на лизинг се на товар на Корисникот на лизинг.
9.7 Во случај на предвремено раскинување на Договорот и враќање на предметот на лизинг на Давателот на лизинг, Корисникот на лизинг е должен да го врати предметот на лизинг без измените од точка 9.6. Доколку Xxxxxxxxxx на лизинг не гo врати предметот на лизинг во првобитна состојба, согласен е сите измени на предметот на лизинг да преминат во сопственост на Давателот на лизинг.
9.8 Корисникот на лизинг презема обврска да му овозможи на Давателот на лизинг во секое време да ја провери состојбата на предметот на
лизинг, односно да провери дали Корисникот на лизинг ги исполнува обврските од аспект на одржување, употреба, намена, означување и непосегање во интегритетот на предметот на лизинг. Во случај Xxxxxxxxxx на лизинг да не му овозможи проверка на Давателот на лизинг истото ќе се смета за непочитување на Договорот.
9.9 Корисникот на лизинг е должен да го одржува, проверува, тестира, поправа или да обезбеди одржување, проверка, тестирање или поправка на предметот на лизинг, на негов трошок, со почитување на упатството за одржување и користење од страна на Производителот на предметот на лизинг. Сите работи за одржување и поправки на предметот на лизинг ќе се извршуваат единствено во овластени сервиси на Производителот, односно на Продавачот на предметот на лизинг.
9.10 Корисникот на лизинг е одговорен за користење на предметот на лизинг согласно важечките прописи во Република Северна Македонија и документацијата на производителот на предметот на лизинг. Во таа смисла, Xxxxxxxxxx на лизинг е должен да ја намири секоја парична казна, глоба и трошоци поради сторен прекршок изречена од страна на надлежните органи во Република Северна Македонија. Доколку казната биде платена од Давателот на лизинг, истата има право на поврат на платените средства од Корисникот на лизинг.
9.11 Во случај на уништување, оштетување или кражба на предметот на лизинг, Корисникот на лизинг е должен веднаш да го извести Давателот на лизинг.
9.12 Корисникот на лизинг се обврзува дека за цело времетраење на Договорот, во предметот на лизингот ќе се наоѓа потребната задолжителна опрема и составни делови утврдени со важечките законски прописи на Република Северна Македонија, а која мора да биде исправна и атестирана. Во случај заради недостаток или неисправност на опремата/составните делови се изрече казна на Давателот на лизинг или на одговорно лице на Давателот на лизинг, Корисникот на лизинг се обврзува истата да ја надомести во целост.
9.13 Во случај на кражба на предметот на лизинг или негови составни делови или сторување на друг вид на кривично дело поврзано со предметот на лизинг, Корисникот на лизинг се обврзува веднаш и без одлагање да ја пријави кражбата/кривичното дело во надлежна единица на Министерството за внатрешни работи и за тоа да го информира Давателот на лизинг.
9.14 Во случај на точка 9.13, Договорот се смета за раскинат во рок од 60 дена, сметано од денот на пријавата на кражбата во надлежна единица на Министерството за внатрешни работи, освен ако во тој рок предметот на лизинг не биде пронајден и вратен на Давателот на лизинг. Давателот на лизинг има право да го засмета
месечното плаќање/рата за лизинг за користење на предметот на лизинг до последниот ден во календарскиот месец во кој ќе прими потврда од надлежните власти дека предметот на лизинг е украден/сторено е кривично дело во врска со предметот на лизинг.
10. ПРЕСТАНОК НА ДОГОВОРОТ
10.1 Договорот престанува во следните случаи:
- со целосно исполнување на обврските на договорните страни;
- со предвремено еднострано раскинување на договорот од страна на Давателот на лизинг;
- со пропаѓање на предметот на лизинг (тотална штета);
- со смрт на физичко лице, односно престанок на правно лице – Корисник на лизинг, доколку нема правен следбеник кој ги задоволува критериумите да го преземе/продолжи лизингот.
10.2 Во случај на смрт на физичко лице, односно престанок на правно лице – Корисник на лизинг, Давателот на лизинг е овластен да го одземе предметот на лизинг лично или преку овластено лице од негова страна и да поведе постапка за присилна наплата на доспеаните, а ненаплатени побарувања, кои вклучуваат: месечни плаќања/рати, договорна камата, законска казнена камата и трошоци по Договорот.
10.3 Со предвремено еднострано раскинување на договорот од страна на Xxxxxxxxx на лизинг престанува и правниот основ да Корисникот на лизинг го држи во владение предметот на лизинг.
11. РАСКИНУВАЊЕ НА ДОГОВОРОТ
11.1 Давателот на лизинг има право предвремено еднострано да го раскине Договорот и да бара веднаш да биде вратен предметот на лизинг, во било кој од следните случаи:
- Корисникот на лизинг не извршил плаќање на две последователни месечни плаќања/рати (главен долг и камата не ги плаќа навремено или плаќањата ги врши во нецелосен износ);
- Корисникот на лизинг го пренел правото на користење на предметот на лизинг на трето лице без претходна писмена согласност од Давателот на лизинг;
- Корисникот на лизинг не го осигура предметот на лизинг, а бил должен да го стори тоа;
- Давателот на лизинг разумно оцени дека постои опасност предметот на договорот за лизинг, да се изнесе надвор од Република Северна Македонија или постоел обид да се стори тоа;
- доколку Xxxxxxxxx на лизинг утврди дека Корисникот на лизинг несовесно и недомаќински го користи предметот на лизинг;
- Корисникот на лизинг неосновано одбива да го преземе предметот на лизинг;
- Корисникот на лизинг без согласност од Давателот на лизинг ја менува намената и својството на предметот на лизинг;
- Корисникот на лизинг го користи предметот на лизинг спротивно на одредбите од овој Договор;
- доколку Xxxxxxxxxx на лизинг не му овозможи на Давателот на лизинг да ја провери состојбата на предметот на лизинг, согласно договореното во точка 9.8 од овие Општи услови;
- Корисникот на лизинг дал нецелосни и невистинити податоци за своите приходи или имотна состојба (вклучувајќи ги и информациите за гарант-платец) заради добивање на лизинг услугата;
- против Корисникот на лизинг биде поведено извршување од трето лице - доверител заради присилна наплата на побарување, односно биде поднесен предлог за отворање на стечај, ликвидација, постапка за бришење од трговскиот регистар на Корисникот на лизинг- правно лице;
- во случај на кражба / губење на предметот на лизинг, а истиот, во рок од 60 дена сметано од денот на пријавата на кражбата/кривичното дело, не биде пронајден и вратен на Давателот на лизинг;
- Корисникот на лизинг – физичко лице го промени живеалиштето и се исели во странство;
- доколку во правното лице – Корисник на лизинг или гарант-платец дојде до промена во сосптвеничката структура или настанат статусни промени согласно Законот за трговските друштва без претходно известување до Давателот на лизинг и без добиена согласност од Давателот на лизинг;
- доколку за времетраењето на Договорот без согласност од Давателот на лизинг изврши промена на друштвото за осигурување каде се осигурал предметот на лизинг;
- доколку со своите дејствија го загрозува правото на сопственост и владение на Давателот на лизинг над предметот на лизинг;
- ако Xxxxxxxxxx на лизинг на било кој начин ги прекршува односно не ги почитува своите обврски определени со овој Договор;
- причини определени со Законот за облигационите односи и Законот за лизинг и останатите важечки прописи.
11.2 Договорот се смета за раскинат во рок од 5 (пет) дена од денот кога Давателот на лизинг ќе му испрати на Корисникот на лизинг известување во електронска форма на адреса доставена од Корисникот на лизинг или во писмена форма по пошта со препорачана пратка на адресата наведена во преамбулата на Договорот или во последното известување кое Корисникот на лизинг го дал за промена на адреса на живеалиште / престојувалиште / седиште..
11.3 Правото на Корисникот на лизинг да го користи предметот на лизинг престанува со раскинување на Договорот, по што истиот е должен предметот на лизинг да го врати на Давателот на лизинг.
Предметот на лизинг мора да биде вратен во исправна состојба, која ќе одговара на нормалната амортизазација на предметот на лизинг, заедно со целата документација и клучеви.
11.4Во случај на предвремено раскинување на Договорот, Xxxxxxxxx на лизинг ќе ги наплати 1) севкупнo настанати трошоци по основ на Договорот, 2) доспеаните, а ненаплатени побарувања на име законска казнена камата и договорна камата, 3) доспеаните, а ненаплатени побарувања на име главен долг по основ на Договорот, 4) евентуално утврдените разлики помеѓу книговодствената вредност утврдена на денот на раскинување на Договорот и проценетата вредност на предметот на лизинг утврдена од страна на овластен - проценител определен од страна на Давателот на лизинг на денот на раскинување на Договорот и сите останати побарувања на Давателот на лизинг согласно овој Договор на основа на што ќе се состави конечна пресметка.
11.5 За наплата на побарувањата од точка 11.4 Давателот на лизинг има право да поведе постапка за присилна наплата, доколку Xxxxxxxxxx на лизинг истите не ги плати доброволно во рамки на дадениот рок со конечната пресметка.
11.6 Во случај на предвремено раскинување на Договорот, платеното учество не се враќа на Xxxxxxxxxx на лизинг, а не му се враќаат ниту износите на извршени плаќања по било кој основ од страна на Xxxxxxxxxx на лизинг во полза на Давателот на лизинг до денот на раскинување на Договорот. Во таа смисла, извршените месечни плаќања/рати од страна на Корисникот на лизинг ќе се сметаат како надомест за користење на предметот на лизинг.
12. ВРАЌАЊЕ НА ПРЕДМЕТОТ НА ЛИЗИНГ ВО СЛУЧАЈ НА ПРЕДВРЕМЕНО РАСКИНУВАЊЕ НА ДОГОВОРОТ
12.1 Во случај на предвремено раскинување на Договорот, Корисникот на лизинг е должен на свој трошок и ризик да го врати предметот на лизинг на Давателот на лизинг. Местото и времето на враќање на предметот на лизинг ги определува Xxxxxxxxx на лизинг.
12.2 Корисникот на лизинг е должен предметот на лизинг да го врати на Давателот на лизинг во уредна состојба со степен на искористеност што може да се очекува согласно нормална и вообичаена употреба на предметот на лизинг, со комлетна документација. Во спротивно Корисникот на лизинг е должен да ја надомести севкупната штета која ќе биде проценета од страна на проценител настаната со намалување на вредноста на предметот на лизинг. Трошоците за проценка на предметот на лизинг се на товар на Корисникот на лизинг, а ќе бидат
утврдени со конечна пресметка која ќе биде испратена од страна на Давателот на лизинг на Корисникот на лизинг.
12.3 При враќање на предметот на лизинг, договорните страни ќе состават записник за враќањето на предметот на лизинг во кој ќе се утврдат материјалните недостатоци на предметот на лизинг и трошоците за нивно отстранување.
12.4 Доколку Корисникот на лизинг неосновано одбие да го потпише Записникот за враќање на предметот на лизинг, Xxxxxxxxx на лизинг самостојно ќе го потпише записникот и ќе го констатира одбивањето, а предметот на лизинг ќе го одземе од Корисникот на лизинг и тоа директно, преку ангажман на друго лице или по присилен пат согласно важечките прописи во Република Северна Македонија..
12.5 Доколку Корисникот на лизинг не го врати предметот на лизинг на договорениот начин, Давателот на лизинг има право на трошок и ризик на Корисникот на лизинг да организира враќање на предметот на лизинг и издавање нови документи и клучеви. Во таа смисла, Xxxxxxxxx на лизинг има право да пристапи и кон присилно одземање на предметот на лизинг лично или преку овластено лице од негова страна, без претходна најава на Корисникот на лизинг..
12.6 Во случај на одземање на предметот на лизинг, Xxxxxxxxx на лизинг се обврзува на Корисникот на лизинг или на овластеното лице од негова страна да му обезбеди слободен пристап до предметот на лизинг и да не да ја попречува постапката за одземање на предметот на лизинг.
12.7 Непостапувањето согласно точка 12.1 претставува противправно однесување на Корисникот на лизинг, кое повлекува негова кривична одговорност за вршење кривични дела против имотот на Давателот на лизинг.
12.8 Во случај на предвременото раскинување на Договорот, Xxxxxxxxx на лизинг ќе ги пресмета дотогаш извршените месечни плаќања/рати (главен долг и камата) и сите плаќања по други основи, како и доспеаните, а ненаплатени побарувања кои вклучуваат: 1) севкупнo настанати трошоци по основ на Договорот, 2) доспеаните, а ненаплатени побарувања на име законска казнена камата и договорна камата, 3) доспеаните, а ненаплатени побарувања на име главен долг по основ на Договорот, 4) евентуално утврдените разлики помеѓу книговодствената вредност утврдена на денот на раскинување на Договорот и проценетата вредност на предметот на лизинг утврдена од страна на овластен - проценител определен од страна на Давателот на лизинг на денот на раскинување на Договорот и 5) сите останати побарувања (надомест на штета и сл.) на основа на што ќе се состави конечна пресметка.
12.9 Утврдувањето на состојбата/проценката на предметот на лизинг се правно обврзувачки за двете договорни страни, а Корисникот на лизинг е должен на Давателот на лизинг да му ја надомести секоја разлика во вредноста која ќе биде утврдена со проценката од точка 12.8.
12.10 Износот утврден со конечната пресметка Корисникот на лизинг ќе го плати по основ на посебна фактура издадена од Давателот на лизинг во рамки на наведениот рок.
12.11 По истек на рокот за плаќање на фактурата од точка 12.9, доколку истата не биде доброволно платена од страна на Корисникот на лизинг, Давателот на лизинг е овластен да поведе постапка за присилна наплата на своите побарувања.
13. ОБВРСКИ ЗА ИЗВЕСТУВАЊЕ
13.1 Корисникот на лизинг е должен веднаш, а најдоцна во рок од 3 (три) дена по писмен пат да го извести Давателот на лизинг во случај на:
- престанок или промена на работен однос;
- губење, односно престанок на месечни примања кои биле земени во предвид при одобрување на лизинг услугата;
-промена на адреса на живеалиште, престојувалиште за физички лица односно седиште за правни лица;
- промена во сопственичка структура или статусни промени кај Корисник на лизинг – правно лице;
13.2 Корисникот на лизинг правно лице е должен по барање на Давателот на лизинг да ги доставува своите финансиски извешаи и останата документација кој ја доставува до ЦРМ на РСМ.
14. СТЕКНУВАЊЕ НА ПРАВО НА СОПСТВЕНОСТ ВРЗ ПРЕДМЕТОТ НА ЛИЗИНГ
14.1 По истек на времетраењето на Договорот и исплата на последната рата или во случај на предвремено исполнување на обврските од овој Договор од страна на Xxxxxxxxxx на лизинг, Давателот на лизинг ќе го повика Xxxxxxxxxx на лизинг да склучат договор за купопродажба на предметот на лизинг, со кој ќе се пренесе правото на сопственост врз предметот на лизинг на Корисникот на лизинг под услов Xxxxxxxxxx на лизинг претходно уредно да ги намирил своите обрски согласно Договорот.
14.2 Трошоците и даночните обврски за пренос на правото на сопственост над предметот на лизинг паѓаат на товар на Корисникот на лизинг.
15. ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ
15.1 Давателот на лизинг има право да ги отстапи во целост или делумно правата и обврските од Договорот на трети лица.
15.2 Корисникот на лизинг без претходна писмена согласност од Давателот на лизинг не е
овластен да ги отстапи своите права и обврски по Договорот на трети лица.
15.3 Корисникот на лизинг и секој Гарант-платец се согласни Давателот на лизинг да ги обработува нивните лични податоци во онаа мера која е потребна за исполнување на овој Договор, вклучително и да го контактира Корисникот на лизинг/Гаратот-платец заради ажурирање на наплатата на побарувањето од страна на овластено лице од Давателот на лизинг и/или лице овластено од него кое има склучено Договор за соработка со Xxxxxxxxx на лизинг и за коешто овластување Корисникот на лизинг ќе биде однапред информиран. Воедно, со склучување на овој Договор Xxxxxxxxxx на лизинг и секој Гарант-платец даваат согласност за пренос на податоци за целите на отстапување на побарувањата на Давателот на лизинг на трето лице во смисла на точка 15.1.
15.4 Давателот на лизинг гарантира дека обезбедува соодветно ниво на безбедност на личните податоци на Корисникот на лизинг, вклучувајќи заштита од неовластена или незаконска обработка, како и заштита од случајно губење, уништување или оштетување, со примена на соодветни технички и организациски мерки кои ја гарантираат доверливоста на податоците.
15.5 Во случај било која одредба од Договорот да е или стане ништовна, истата ќе се смета за одвоена од другите и нема да има влијание врз полноважноста на другите одредби, се додека главната цел на Договорот може да биде исполнета, а Xxxxxxxxx на лизинг со тоа се согласи.
девизниот курс, промена на валутата на плаќање, условите за рефинансирање, на каматна стапка, не се сметаат за измена и дополнување на Договорот и за таквото усогласување не е потребна согласност на Корисникот на лизинг.
15.11 Овие Општи услови се важечки од 15.11.2022 година па во иднина.
Стопанска Лизинг ДООЕЛ Давател на лизинг
15.6 За сè што не е регулирано со Договорот се
применува Законот за лизинг и Законот за облигационите односи, и останатите важечки прописи во Република Северна Македонија.
15.7 Во случај на евентуален спор околу Договорот, договорните страни ќе вложат напор истиот да
Корисник на лизинг
го решат спогодбено, во спротивно надлежен за
решавање на сите спорови кои ќе произлезат од Договорот е Основниот граѓански суд Скопје.
15.8 Давателот на лизинг има право на измена и дополнување на Општите услови кои ќе му бидат достапни на Корисникот на лизинг. Доколку Xxxxxxxxxx на лизинг во рок од 15 дена од кога Општите услови му станале достапни, за истите не се спротивстави писмено, ќе се смета дека ги прифатил измените и дополнувањата.
15.9 Корисникот на лизинг и секој Гарант - платец со потпишување на Договорот, потврдуваат дека ги прочитале и добиле Општите услови и дека ги прифаќаат сите права и обврски кои што произлегуваат од истите.
15.10 Измените и дополнувањата на Договорот за лизинг, договорните страни ќе ги направат во писмена форма која што е услов за нивната полноважност. Усогласувањето на висината на износот на лизинг рата и другите плаќања кое што произлегува од Договорот и се базира на определиви параметри, поради промени во