ДЕЛ I: ДОГОВОРЕН ОРГАН
ИЗМЕНА НА ЈАВЕН ОГЛАС ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДОГОВОР ЗА ВОСПОСТАВУВАЊЕ НА ЈАВНО ПРИВАТНО ПАРТНЕРСТВО ЗА ФИНАНСИРАЊЕ, ПРОЕКТИРАЊЕ, ИЗГРАДБА, УПРАВУВАЊЕ,
ОДРЖУВАЊЕ И РАЗВИВАЊЕ НА ДИСТРИБУТИВНИОТ СИСТЕМ НА ПРИРОДЕН ГАС ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ЗА ПРВА ФАЗА ОД КОНКУРЕНТНИОТ ДИЈАЛОГ
Број на огласот 01/2020
ДЕЛ I: ДОГОВОРЕН ОРГАН
I.1) Податоци за договорниот орган
I.1.1) Назив на договорен орган: Министерство за економија на Република Северна Македонија |
I.1.2) Адреса на договорниот орган: xx.Xxxxx Xxxxxxx, xx.00 |
Град: Скопје Поштенски код:1000 |
I.1.3) Контакт: Xxxxx Xxxxxxxxxx и Xxxxxx Xxxx Телефон: x000 0 00 00 000; x000 0 00 00 000 |
Е-пошта: xxxxx.xxxxxxxxxx@xxxxxxx.xxx.xx, xxxxxx.xxxx@xxxxxxx.xxx.xx |
I.2) Категорија на договорен орган, негова главна активност или дејност:
Државни органи – Министерство за економија и Министертсво за финансии |
ДЕЛ II: ПРЕДМЕТ НА ДОГОВОРОТ
II.1. Назив на предметот на договорот: Доделување на договор за воспоставување на јавно приватно партнерство за финансирање, проектирање, изградба, управување, одржување и развивање на дистрибутивниот систем на природен гас во Република Северна Македонија II.2. Вид на договорот: Договорот за јавно приватно партнерство ќе се додели со примена на постапка за конкурентен дијалог која што се спроведува во три фази. Овој повик за пријава на учество се однесува на првата фаза од конкурентниот дијалог. Времетраењето на договорот за јавно приватно партнерство изнесува максимум 35 години, од денот на влегување во сила на договорот за јавно приватно партнерство. II.3 Објаснување за оправданоста на доделувањето на договорот и назначување на целите: Главна цел на договорот за воспоставување на јавно приватно партнерство е обезбедување на квалитетни, оптимални услови во работата на јавни установи од аспект на квалитетно загревање на јавните објекти со добивање на топлинска енергија од систем кој користи енергенс кој е поекономичен, еколошки чист и заштедува финансиски средства, односно ги намалува трошоците во однос на постојниот начин на загревање и систем кој е оддржлив на долг рок, како и за ладење, како и обезбедување на евтин енергенс на комерцијалниот сектор за да може да ја зголемат конкурентноста, односно пониски производни цени за производите и услугите кои се нудат на пазарот, како и подигање на нивото на условите за квалитетно одвивање на јавните дејности, подигање на еколошките стандарди, подигање на еколошката свест во Република Северна Македонија, обезбедување на средства за нови инвестиции од заштедата и други, како и намалување на СО2 во атмосферата и поголема заштита на животна средина. |
II.4 Подетален опис на предметот на договорот: Предметот на договорот за воспоставување на јавното приватно партнерство е изградба на нов систем за дистрибуција на природен гас на територијата на Република Северна Македонија и истиот опфаќа: - изградба на дистрибутивна мрежа на природен гас согласно Законот за енергетика и Законот за градење; -инвестирање во приклучоци до крајните потрошувачи (јавни институции, резиденцијални и комерцијални корисници) вклучувајќи ја и опремата за мерење и регулација (МРС); -дистрибуција на природен гас; -одржување и развој на дистрибутивниот систем; и -инвестирање во адаптација/набавка на опрема за производство на топлинска енергија кај постоечките објекти. II.5 Делива набавка: НЕ. II.6 Место/локација на извршување на договорот: Приватниот партнер има обврска во рок од четири години од добивање на секое поединечно одобрение за градење да изгради најмалку 50% во градските општини и најмалку 20% во руралните општини од предвидената примарна дистрибутивна мрежа на природен гас и тоа: Во I фаза (Општини низ кои поминува изграден магистрален гасовод) ⮚ Градски општини Аеродром, Бутел, Гази Баба, Ѓорче Петров, Карпош, Кисела Вода, Центар, Чаир, Градско, Демир Капија, Кавадарци, Крива Паланка, Куманово, Неготино, Прилеп, Свети Николе, Штип, Битола, Гостивар, Тетово, Кратово. ⮚ Рурални општини Сарај, Шуто Оризари, Арачиново, Зелениково, Илинден, Петровец, Сопиште, Студеничани, Чучер Сандево, Боговиње, Брвеница, Врапчиште, Желино, Могила, Новаци, Јагуновце, Теарце, Липково, Старо Нагоричане. - Во II фаза (Општини низ кои е планирана градба на магистрален гасовод во наредни 2 (две) години) ⮚ Градски општини Гевгелија, Богданци, Валандово, Велес, Дојран и Кичево. ⮚ Рурални општини Лозово и Македонски Брод. - Во III фаза (Општини низ кои годината на градба на магистрален гасовод не е дефинирана) ⮚ Градски општини Дебар, Крушево, Охрид, Ресен, Струга, Виница, Делчево, Кочани, Пехчево, Пробиштип, Радовиш и Струмица. ⮚ Рурални општини Xxxxx Xxxxx, Вевчани, Дебарца, Долнени, Кривогаштани, Маврово и Ростуше, Македонски Брод, Пласница, Центар Жупа, Берово, Босилово, Василево, Зрновце, Карбинци, Конче, Македонска Каменица, Ново Село, Ранковце, Росоман, Чашка и Чешиново Облешево. II.7 Времетраење на договорот за користење на концесија: Период во години: максимум 35 години, од денот на влегување во сила на договорот за јавно приватно партнерство |
ДЕЛ III: ПОДНЕСУВАЊЕ НА ПОНУДИ
III. 1. Рок за поднесување на понудата Датум : 10.08.2020 година до 12 часот по локално време |
III.2. Адреса на поднесување на понудата ул. Xxxxx Xxxxxxx бр.15 III.1.2) Адреса на договорниот орган: ул. Xxxxx Xxxxxxx бр.15 |
Град: Скопје Поштенски код: 1000 |
III.3. Xxxxx на кој мора да биде напишана понудата: ☒Македонски ☐Англиски ☐Друг |
ДЕЛ IV: ПОСТАПКА
IV.1) Вид на постапка: Конкурентен дијалог IV.2) Критериум за избор на најповолна понуда: висината на надоместок за приклучок на дистрибутивната мрежа кој ќе го плаќаат крајните корисници (приклучна такса); висина на концесиски надоместок; и времетраење на реализацијата на изградбата на дистрибутивниот систем во Република Северна Македонија. IV.3) Електронска постапка? НЕ IV.4) Електронска аукција: ДА, во последната фаза од постапката преку системот за е-концесии |
ДЕЛ V: ПРАВНИ,ЕКОНОМСКИ,ФИНАНСИСКИ И ТЕХНИЧКИ ИНФОРМАЦИИ
V.1) Гаранции и авансно плаќање V.1.1) Гаранција на понудата: Да, во следните фази од постапката. V.1.2) Гаранција за квалитетно извршување на договорот: Учеството во постапката за доставување на понуди во третата фаза (по извршениот избор на кандидати што ќе учествуваат во конкурентниот дијалог и по доставувањето на тендерската документација за прибирање на понуди), ќе биде условено со давање на банкарски гаранции чиј вид, тип и висина ќе биде утврден во тендерската документација од третата фаза. V.1.3) Авансно плаќање: Не V.1.4) Учество на домашно и странско правно лице во постапката: Да V.1.5) Здружување во група на економски оператори заради заедничко учество во оваа постапка: |
Да V.1.6) Основање и упис во Централен Регистер на Република Северна Македонија на трговско друштво во случај кога економскиот оператор којшто е странско правно лице и/или кога групата на понудувачи се избрани за најповолен понудувач: Да |
ДЕЛ VI: УСЛОВИ ЗА УТВРДУВАЊЕ НА СПОСОБНОСТА НА ПОНУДУВАЧИТЕ
VI.1. Лична состојба Договорниот орган ќе го исклучи од постапката за доделување на договор за воспоставување на јавно приватно партнерство за финансирање, проектирање, изградба, управување, одржување и развивање на дистрибутивниот систем на природен гас во Република Северна Македонија за прва фаза од конкурентниот дијалог секој економски оператор: • на кој во последните 5 години му била изречена правосилна пресуда за учество во злосторничка организација, корупција, измама или перење пари; • кој е во постапка на стечај или во постапка на ликвидација; • кој има неплатени даноци, придонеси и други јавни давачки, освен ако на економскиот оператор му е одобрено одложено плаќање на даноците, придонесите или другите јавни давачки во согласност со посебните прописи и истите редовно ги плаќа; • на кој му е изречена споредна казна забрана за учество во постапки за јавен повик, доделување на договори за јавна набавка и договори за јавно приватно партнерство; • на кој му е изречена споредна казна привремена или трајна забрана за вршење на одделна дејност; • кому му е изречена прекршочна санкција забрана за вршење на професија, дејност или должност, односно привремена забрана за вршење одделна дејност и • кој дава лажни податоци или не ги доставува податоците што ги барал договорниот орган. За докажување на својата лична состојба, економскиот оператор ги доставува следниве документи: • изјава на економскиот оператор дека во последните 5 години не му била изречена правосилна пресуда за учество во злосторничка организација, корупција, измама или перење пари; • потврда дека не е отворена постапка за стечај од надлежен орган; • потврда дека не е отворена постапка за ликвидација од надлежен орган; • потврда за платени даноци, придонеси и други јавни давачки од надлежен орган од земјата каде економскиот оператор е регистриран; • потврда од Регистарот на казни за сторени кривични дела на правните лица дека не му е изречена споредна казна забрана за учество во постапки за јавен повик, доделување на договори за јавна набавка и договори за јавно-приватно партнерство; • потврда од Регистарот на казни за сторени кривични дела на правните лица дека не му е изречена споредна казна привремена или трајна забрана за вршење на одделна дејност; • потврда дека со правосилна пресуда не му е изречена прекршочна санкција забрана за вршење на професија, дејност или должност, односно привремена забрана за вршење одделна дејност |
VI.2. Способност за вршење на професионална дејност За да ја докаже способноста за вршење на професионална дејност, економскиот оператор треба да достави документ дека е регистриран како домашно трговско друштво во Централниот регистар на РСМ, или доказ за упис во соодветниот регистар во земјата каде што е основано доколку економскиот оператор е странско правно лице. |
VI.3. Економска и финансиска состојба | |
Докази за утврдување на способноста: извештај за билансот на состојбата заверен од надлежен орган, односно ревидиран биланс на состојба, или извадоци од извештајот за билансот на состојба во случаи кога објавување на билансот на состојба е пропишано со закон во државата кадешто економскиот оператор е регистриран, за последните три години (2018, 2017 и 2016 година); извод од целокупниот промет на претпријатието (податок од билансот на успех издаден од надлежен орган, односно ревидиран биланс на успех) и онаму кадешто е соодветно, од прометот во областа која се покрива со договорот на предметниот повик и тоа најмногу за последните три финансиски години (2018, 2017 и 2016 година) изјава од финансиска институција или банка со седиште во Република Северна Македонија или од странска банка со најмалку БББ долгорочен кредитен рејтинг според Xxxxx’x Investor Service, Standard and Poors I Fitch Raitings, за последната година, или еквивалентно на тој рејтинг | Минимални услови: минимален вкупен годишен приход од 150.000.000 евра за последните 3 години (2018, 2017, 2016), за секоја година поединечно; Способност да ја затвори целосната финансиска конструкција за реализација на договорот. |
VI.4. Техничка и професионална способност | |
Докази за утврдување на способноста - Листа на работи кои се извршени во последните пет (5) години во урбани средини; - Извадок од листа за бројот на корисници кои што ги опслужува во последните пет (5) години или извештај од регулаторно тело или друга институција во земјата каде што врши дистрибуција на природен гас до минимум 100.000 корисици, со што тој ќе потврди дека опслужува минимум 100.000 корисници во последните пет (5) години; - Извадок од соодветен официјален документ издаден од Регулаторната комисдија за енергетика во државата на понудувачот или друга соодветна институција со кој економскиот оператор ќе ги докаже пренесените количини во последните три (3) години кумулативно; | Минимални услови: - Да има искуство во изградба и оперирање со дистрибутивни системи за природен гас во урбани средини, непрекинато во последните 5 (пет) години сметано од денот на објавување на тендерот. - Системите за дистрибуција на природен гас со кои оперира економскиот оператор треба да имаат најмалку 100.000 корисници. - Да има дистрибуирано најмалку 3 милијарда nm³ природен гас низ системите за дистрибуција на природен гас со кои оперира економскиот оператор во последните три (3) години кумулативно. |
VI.5. Стандарди за управување со животната средина |
Доказ за исполнетост на стандардите за управување со животната средина: − стандард за управување со животната средина засновани на релевантните европски или меѓународни стандарди потврдени од институции за акредитација или оценување на сообразност или од релевантните европски или меѓународни тела акредитирани за сертификација. |
ДЕЛ VII: КРИТЕРИУМИ ЗА ИЗБОР НА НАЈПОВОЛНА ПОНУДА
Критериум за избор на најповолна понуда: висината на надоместок за приклучок на дистрибутивната мрежа кој ќе го плаќаат крајните корисници (приклучна такса); висина на концесиски надоместок; и времетраење на реализацијата на градбата на дистрибутивниот систем во Република Северна Македонија. |
ДЕЛ VIII: АДМИНИСТРАТИВНИ ИНФОРМАЦИИ
VIII.1) Услови за добивање на тендерска документација и дополнителни документи: Подигањето на тендерската документација, е можна по доставено писмено барање од економскиот оператор со доставен доказ за платен неповратен надоместок во износ од 5.000 евра во денарска противвредност, по среден курс на Народната банка на Република Северна Македонија, сметан на денот на подигнувањето на тендерската документација. Уплатата економските оператори треба да ја извршат на следниот начин на сметка на Министерството за економија: -за домашни физички и правни лица − Трезорска сметка: 100000000063095 − Сметка на буџетски корисник: 100011554763128 − Приходна шифра и програма: 724125 32 − Депонент: Народна Банка на Република Северна Македонија − Даночен број:4030000392597 -за странски физички и правни лица- Коресподентна банка: DEUTSCHE BUNDESBANK ZENTRALE, SWIFT BIC: MARK DE FF, Детали за банката: NATIONAL BANK OF THE REPUBLIC OF NORTH MACEDONIA; SWIFT BIC: NBRM MK 2X; Краен корисник IBAN: XX00 0000 0000 0000 000, Ministry of economy Кон барањето задолжително во прилог треба да се достави овластување за лицето кое ја бара тендерската документација со задолжителни контакт податоци, телефон и емаил. Тендерската документација се подига од Министерството за економија на електронски пренослив уред (ЦД). НАПОМЕНА :Право на учество имаат само економските оператори кои подигнале тендерска |
документација од Министерство за економија VIII.2) Услови за доставување на понудите VIII.2.1) Понудите да се достават најдоцна до: 10.08.2020 год., во 12:00 часот по локално време VIII.2.2) Краен рок за поставување прашања: 02.08.2020 год., 12:00 часот по локално време VIII.2.3) Краен рок за одговор на прашања: 04.08.2020 год., 12:00 часот по локално време VIII.3) Период на важност на понудата: / VIII.4) Услови за отворање на понудите:/ VIII.5) Датум на измена на објава: 19.05.2020 год. |
ДЕЛ IX: ЖАЛБЕНА ПОСТАПКА
IX.1) НАДЛЕЖЕН ОРГАН ЗА ОДЛУЧУВАЊЕ ПО ЖАЛБА
IХ.1.1) Име на органот: Државна комисија за жалби по јавни набавки |
IХ.1.2) Адреса на органот: Бул. Илинден бр. 63 А |
Град/општина: Скопје Поштенски код: 1000 |
IX.1.3) Контакт: Xxxxxx Xxxxxxx Телефон: x000 (0) 0 0000 000 x000 (0) 0 0000 000 |
Е-пошта: xxxxx@xx.xxx.xx, xxxxxx.xxxxxxx@xx.xxx.xx Факс: x000 (0)0 0000 000 |
ХI.2) Право на жалба
Секој понудувач кој има правен интерес за добивање на договорот за јавно приватно партнерство за кој претрпел или би можел да претрпи штета од евентуално прекршување на одредбите од Законот за јавните набавки, може да бара правна заштита против одлуките, дејствијата и пропуштањата за преземање дејствија од страна на договорниот орган во постапката за доделување на договорот, во согласност со условите и постапката предвидени со Законот за јавнитете набавки. Правото на жалба се остварува по донесување на одлуката за избор на најповолен понудувач или поништување на постапката.
ДОДАТОК А Останати адреси и контакти
I. Адреса и контакт каде што може да се добијат дополнителни информации :
Назив: Министерство за економија на Република Северна Македонија | ||
Адреса: уx.Xxxxx Xxxxxxx, xx.00 | ||
Место: Скопје | Поштенски код: 1000 | Држава: Република Северна Македонија |
Канцеларија/место за контакт: Лице за контакт: Xxxxx Xxxxxxxxxx, Xxxxxx Xxxx | Телефон: x000 (0)0 0000 000 | |
E-пошта: xxxxx.xxxxxxxxxx@xxxxxxx.xxx.xx, xxxxxx.xxxx@xxxxxxx.xxx.xx | Факс: | |
II. Адреса и контакт каде што се достапни дополнувањата/измените на тендерската документација :
Назив: Министерство за економија на Република Северна Македонија | ||
Адреса: ул. Xxxxx Xxxxxxx, бр.15 | ||
Место: Скопје | Поштенски код: 1000 | Држава: Република Северна Македонија |
Канцеларија/место за контакт: Лице за контакт: Xxxxx Xxxxxxxxxx, Xxxxxx Xxxx | Телефон: x000 (0)0 0000 000; x000 (0)0 00 00 000 | |
E-пошта: xxxxx.xxxxxxxxxx@xxxxxxx.xxx.xx, xxxxxx.xxxx@xxxxxxx.xxx.xx | Факс: | |
III. Адреса и контакт за доставување на понуда:
Назив: Министерство за економија | ||
Адреса: уx.Xxxxx Xxxxxxx, xx.00 | ||
Град: Скопје | Поштенски код: 1000 | Држава: Република Северна Македонија |
Канцеларија/место за контакт: Лице за контакт: | Телефон: x000 (0)0 0000 000; x000 (0)0 00 00 000 | |
E-пошта: xxxxx.xxxxxxxxxx@xxxxxxx.xxx.xx, xxxxxx.xxxx@xxxxxxx.xxx.xx | Факс: | |