Пари кои се наоѓаат во банкомати можат да се осигуруваат од ризикот провална кражба и разбојништво согласно Тарифата на премии IV.
УСЛОВИ ЗА ОСИГУРУВАЊЕ ОД ОПАСНОСТ ОД ПРОВАЛНА КРАЖБА И РАЗБОЈНИШТВО
ПРЕДМЕТ НА ОСИГУРУВАЊЕ
Член 1
(1) Предмет на осигурување од опасностите наведени во членот 2 од овие Услови можат да бидат подвижни ствари, освен:
1) ствари изложени на xxxxx и панаѓури;
2) моторни сувоземни, пловни возила, приколки, самоодни машини и воздушни летала.
Стварите наведени во точка 2 од овој став можат да се осигуруваат само за време додека се складирани како резерви во трговски и царински складишта или додека се наоѓаат на поправка во работилници и слично.
Ако изрично се договори и наведе во полисата, осигурени се и штиците за веслање (сурф), кајаци, кануи, додека се наоѓаат во заклучени простории.
(2) Осигурени се само стварите на осигуреникот и на лицата кои со него живеат во заедничко домаќинство.
1) за населен стан се смета стан во кој осигуреникот има постојано живеалиште, а кој не е повеќе од 60 дена ненаселен без прекин во текот на дванаесет месеци.
Ако посебно се договори и се наведе во полисата, осигурени се и стварите на работниците кои работат во местото на осигурувањето означено во полисата (член 7), како и стварите на трети лица примени за поправка, преработка, продажба, во наем, на чување, во залог на услуга и слично.
(3) Осигурени се оние ствари кои се наведени во полисата. Ако стварите се наведени како збир, тогаш се осигурени, како оние што постоеле во моментот при склучување на договорот, така и оние што дополнително се внесени во тој збир.
Стварите како збир можат да бидат предмет на осигурувањето само ако осигуреникот книговодствената евиденција ја води на начин кој е пропишан со закон.
Кај осигурувањето на пари, хартии од вредност и сл. осигурувачот е во обврска само ако осигуреникот води евиденција на начин пропишан со прописите за банкарско работење.
(4) Предмет на осигурување можат да бидат и пари во банкомати (автомати за подигање на пари), во затворен и на отворен простор.
Под сместување на банкомати во затворен простор се подразбира сместување на истите во простории со поголема фреквенција и постојана опсервација (како на пр.: внатрешност на банка, хотел, аеродромска зграда и сл.).
Под сместување на банкомати на отворен простор се подразбира нивно вградување во надворешен ѕид на деловна или друга зграда, така што само корисната површина на банкоматот е изложена на надворешен ѕид.
Штети од загуба на пари кои ќе ги претрпи осигуреникот, а кои немаат карактер на провална кражба и разбојништво, не се надоместуваат.
ОСИГУРЕНИ ОПАСНОСТИ (РИЗИЦИ)
Член 2
(1) Со осирување по овие Услови се дава осигурителна заштита од ризикот извршување или обид на провална кражба и разбојништво, како и вандализам во текот на извршување на провалната кражба.
(2) Со осигурувањето се покриени штети од однесување, уништување или оштетување на осигурените ствари, како и штети предизвикани со оштетување на градежни делови на простории, инсталации и опрема (оштетување на ѕидови, тавани, врати, стакла, брави итн.), во кои се наоѓаат осигурените ствари при извршување или обид на провална кражба, односно разбојништво
и тоа во висина на трошоците за поправка, но најмногу до 3% од сумата на осигурувањето, односно до 10% кај осигурувањето на “прв ризик”, доколку поинаку не е договорено.
(3) Ако посебно се договори и плати доплатна премија, кај осигурување на музеи и изложби со осигурувањето се покриени и штетите од обична кражба и оштетување од посетителите.
(4) Пари и други средства за плаќање и скапоцености за време на манипулирање со нив на благајни, шалтери и уплатни и продажни места, осигурени се од ризикот разбојништво на “прв ризик” под услов да е склучено осигурување за секое уплатно и исплатно место, односно продажно место посебно.
(5) Со осигурувањето не се покриени штети од провална кражба односно разбојништво кај осигурување на граѓаните:
1) извршени од членовите на семејството кои живеат во заедничко домаќинство на осигуреникот, и
2) извршени со учество на некои од членовите на семејството со кои живеат во заедничко домаќинство на осигуреникот како наговорувач или помагач.
За припадници се сметаат и лицата кои во просториите каде се наоѓале однесените или оштетените ствари живеат, работат или се примени на ноќевање.
(6) Со осигурувањето не се покриени ниту штетите:
1) од измама и преневера;
2) од обична кражба, освен за осигурувањата од став 3 од овој член;
3) поради посредни загуби предизвикани од настанување на осигурениот случај (загуба на заработка, денгуба и слично);
4) од кусокот утврдени со пописот (инвентарисување), па ни тогаш кога кусокот ќе се установи пред инвентарисувањето (во пописот) кој е извршен по осигурениот случај.
ОБЕМ НА ОПАСНОСТ ОД ПРОВАЛНА КРАЖБА
Член 3
(1) Провална кражба во смисла на овие Услови се смета кражба ако нејзиниот извршител:
1) провали во простории, во кои се наоѓаат осигурените ствари (место на осигурувањето) со разбивање или кршење на врати и прозорци или со провалување на тавани, ѕидови и подови;
2) го отвори местото на осигурување со лажен клуч или некое друго средство што не е наменето за редовно отварање, а при тоа да е оставен траг, врз основа на кој, може со сигурност да се утврди провала , во смисла на кривично-правен доказ;
3) провали во заклучено сместувалиште во местото на осигурувањето, во кое се наоѓаат осигурените ствари, ако до сместувалиштето дошол на еден од начините кои по одредбите од овој член се оквалификувани како провална кражба;
4) го отвори местото на осигурувањето или сместувалиштето со вистински клучеви или со нивни дупликати, до колку до клучевите дошол со едно од дејствијата наведени во точката 1, 2, 3 и 5 од овој став или со разбојништво или со превара на малолетен член од домаќинството;
5) влезе во местото на осигурувањето преку отвор кој не е за тоа определен, совладувајќи пречки што оневозможуваат влегување.
Скокање преку отворен прозорец во ниско приземје (до висина од 3,50 м. во долниот раб на прозорецот) не се смета за провална кражба;
(2) Од ризикот провална кражба стварите се осигурени само за време додека се наоѓаат во затворени и заклучени простории, односно во заклучени сместувалишта наведени во полисата. Пари, хартии од вредност, таксени и поштенски марки, штедни книшки, драгоцени камења, благородни метали и предмети од благородни метали, вистински бисери, накит, златни предмети и колекции се осигурени од опасност од провална кражба само ако се наоѓаат во посебно заклучени сместувалишта (железни благајни, панцер благајни, трезор и слично), доколку поинаку не се договори. Надвор од посебното сместувалиште благородните метали и предметите од благородни метали се осигурени само за времетраење на процесот на преработка, обработка и манипулација.
Пари кои се наоѓаат во банкомати можат да се осигуруваат од ризикот провална кражба и разбојништво согласно Тарифата на премии IV.
(3) Стока и други залихи кои се чуваат на отворен простор, како: градежни материјали, железна стока, земјоделски машини, автомобили и други машини и вградени делови во тие машини, автомобили и сл., можат да се осигуруваат доколку посебно се договори под услов просторот да е ограден со добро одржувана ограда во висина од најмалку 2м. и да постои постојан чувар. Попустите за постојан чувар не се применуваат.
Доколку при остварување на осигурен случај се утврди дека не постоел постојан чувар или дека оградата не е добро одржувана, осигурувачот не е во обврска да ја надомести штетата.
ОБЕМ НА ОПАСНОСТ ОД РАЗБОЈНИШТВО
Член 4
(1) Разбојништво во смисла на овие Услови се смета одземање на осигурените ствари со примена на сила (загрозување со опасност по живот и здравјето) против осигуреникот или неговите припадници или застрашување дека непосредно ќе се нападне на животот или телото на овие лица.
(2) Се смета дека постои употреба на сила и тогаш кога се употребени средства за оневозможување на отпор.
ОСИГУРУВАЊЕ НА ПАРИ И ДРУГИ ВРЕДНОСНИЦИ ЗА ВРЕМЕ НА ПРЕНЕСУВАЊЕ ИЛИ ПРЕВОЗ
Член 5
(1) Ако посебно се договори, со осигурувањето се опфатени штети од разбојништво над лице на кое му е доверено пренесувањето или превезувањето на пари, хартии од вредност, вложни книшки, чекови, меници (потврди) за депозит и скапоцености преносител, прекупувач, инкасант, трговски патник и сл. во понатамошниот текст: доставувач).
Со осигурувањето се опфатени до висина на сумата на осигурување за поединечен пренос односно превезување, а најповеќе до 5.000 ЕУР и штетите што ќе настанат за време на пренесувањето односно превезувањето, поради:
1) измама, која е извршена од овие лица во смисла на поимот измама по кривичниот закон;
2) кражба на осигурените вредности на доставувачот додека се наоѓа под непосредна телесна заштита од овластено лице.
(2) Во договорот за осигурување на пари и други вредносници од ставот 1 на овој член, за време на пренесување, односно превезување мора да се означи бројот на доставувачите кои по налог на осигуреникот превезуваат пари и други вредности.
(3) Обврската на осигурувачот за секој одделен случај на пренесување или превезување на пари, односно други вредности од ставот 1 на овој член започнува од моментот кога доставувачот презема пари или други вредности и трае по определен пат според налогот на осигуреникот, се додека парите односно другите вредности не ги предаде на определеното место.
(4) Стварите од ставот 1 на овој член за превоз со моторно возило може да се осигуруваат од опасноста разбојништво, како и од настанување и оштетување, односно уништување во случај на сообраќајна незгода.
За сообраќајна незгода, во смисла на овие Услови, се смета: превртување, судар, удар, лизгање, превртување на моторното возило со кое се врши превоз на вредностите, како и сите други оштетувања предизвикани од ненадејни случаи однадвор под дејство на механичка сила, а независно од волјата на договорувачот на осигурувањето, односно на возачот, како и оштетување предизвикано ненадејно од термичко или хемиско делување однадвор.
(5) Осигурувањето на пренесувањето, односно превезувањето на пари и други вредности се склучува на сума на осигурување однапред договорена и во полисата означена по еден доставувач, а оштетата се исплатува во полн износ, но најповеќе до сумата на осигурувањето (осигурување на “прв ризик”). За еден доставувач ако нема придружник сумата на осигурувањето може да изнесува најмногу 5.000 ЕУР во денарска противвредност. За осигурувањето на сума на осигурување од 5.000 - 15.000 ЕУР во денарска противвредност услов е доставувачот да има придружник или парите да ги пренесува во специјален за тоа предвиден куфер со шифра и синџир, а за осигурување на сума поголема од 15.000 ЕУР во денарска противвредност потребно е доставувачот да има специјален куфер со шифра и синџир и вооружена придужба од најмалку еден вооружен придружник.
Ако при настанување на осигурен случај се утврди дека доставувачот нема придружник или специјален куфер со шифра и синџир, а осигурувањето било склучено на сума на осигурување поголема од 5.000 ЕУР во денарска противвредност, при утврдувањето на висината на надоместокот ќе се земе како осигурувањето да било склучено на сума на осигурување до 5.000 ЕУР во денарска противвредност. Исто така ќе се постапи ако се утврди дека доставуачот немал специјален куфер со шифра и синџир и вооружен придружник, а осигурувањето било склучено на сума на осигурување поголема од 15.000 ЕУР во денарска противвредност.
(6) Исклучително од Условите кои се бараат во претходниот став може, со посебно договарање и доплата на премија, да се заклучи осигурување:
1) за разнесувачи на пошта на сума на осигурување до
15.000 ЕУР., во денарска противвредност;
2) за референтите за продавање на скапоцености (злато и останати благородни метали, предмети изработени од нив, благородни камења, бисери и сл.) до сума на осигурување од 80.000 ЕУР., во денарска противвредност. Референтите по продажба можат да бидат само лица во постојан работен однос со осигуреникот, психички, физички и морално способни за продажба и носење на скапоцености, вооружени со исправно оружје и оспособени за ракување со тоа оружје. Скапоценостите кои се пренесуваат во специјални куфери снабдени со шифра и синџир, осигурени се како додека се пренесуваат и превезуваат со возила на осигуреникот така и преку ноќ, додека се наоѓаат во заштитени сместувалишта (железни благајни, панцер благајни, трезори, вѕидани сефови и сл.) од ризикот провална кражба.
ВРЕДНОСТ НА ОСИГУРЕНИ СТВАРИ
Член 6
Вредност на осигурените ствари е и тоа:
1) за резерви на стоки, материјали и суровини (подвижни ствари) - набавната цена, земајки ја предвид амортизацијата измената на модата и други причини, или пазарната цена ако таа е пониска од набавната;
2) за резерви на готови производи и недовршено производство кај производителот - производната цена,
ако пазарната цена е пониска од производната - пазарната цена;
3) за резерви на земјоделски производи кај производителот - производната цена, а ако пазарната е пониска од производната - пазарната цена;
4) за машини, уреди и инсталации, транспортни средства и средства за врски, инвентар и ствари за домакинство, набавната цена на нови ствари намалена за износот на проценетата амортизација (техничка економска);
5) ако осигурениот инвентар и стварите во домаќинство се потполно уништени или украдени, а осигуреникот неможе да ја докаже нивната вредност во смисла на претходниот став, осигурувачот е обврзан да надомести 50% од набавната вредност на нови ствари;
6) за хартии од вредност, архивска граѓа за музејски предмети и предмети на изложба - вредноста спогодбено утврдена помеѓу осигурувачот и договорувачот на осигурувањето;
7) за ствари од благородни метали, непреработени благородни метали, скапоцени камења и бисерни ѓердани, ретки и скапоцени ствари, уметнички предмети, документи, планови, детски цртежи, модели, колани, макети, ракописи, предметни збирки и деловни книги, вредноста спогодбено се одредува помеѓу осигурувачот и договорувачот на осигурувањето. Ако таа вредност не е спогодбено утврдена, стварите од оваа точка се сметаат за осигурени најповеќе до 50 ЕУР во денарска противвредност од парче, а до 200. ЕУР во денарска противвредност од збирка.
МЕСТО НА ОСИГУРУВАЊЕ
Член 7
(1) Стварите се осигурени од опасност од провална кражба и разбојништво додека се наоѓаат во просториите односно во сместувалиштето означено во полисата (место на осигурувањето).
Ако одделни ствари привремено се оддалечени но најмногу 30 дена за потреба од користење на осигуреникот, осигурувањето важи и на друго место, освен осигурувањето на пари, скапоцености, злато, платина и други благородни метали.
(2) Осигурувањето е во важност и тогаш кога сите осигурени ствари се пренесени од местото означено во полисата на некое друго место во рамките на седиштето на осигуреникот, односно на местото на живеење на територија на Република Македонија. Осигуреникот е должен за преселувањето на осигурените ствари веднаш, а најдоцна во рок од 15 дена, да го извести осигурувачот. После наведениот рок осигурувањето престанува да важи.
УТВРДУВАЊЕ И НАДОМЕСТОК ОД ОСИГУРУВАЊЕТО
Член 8
(1) Висината на надоместокот се утврдува:
1) во случај на однесување или уништување на ствари - според вредноста на осигурените ствари (член 6) во времето на настанување на осигурениот случај, намалена за вредноста на остатоците, просечните манипулативни кусоци и одобрениот растур (кало), кршењето и расипувањето;
2) во случај на оштетување - во висина на трошоците на поправката (материјал и работна рака) во времето на настанување на осигурениот случај, намалена за износот на проценетата амортизација и вредноста на остатоците.
(2) Ако сумата на осигурувањето е помала од вкупната вредност на стварите во време на настанувањето на осигурениот случај (подосигурување), надоместот ќе се плаќа сразмерно помеѓу сумата на осигурување и вредноста на осигурените ствари. Во овој случај се применуваат одредбите за подосигурување
(3) Ако стварите се осигурени на “прв ризик”, надоместокот ќе се плати во висина на настанатата штета, а најмногу до
договорената сума на осигурувањето на “прв ризик”. Во овој случај не се применуваат одредбите за подосигурување.
(4) Во секој штетен настан пресметаниот надомест се намалува за 15% ако поинаку не се договори.
(5) Ако трошоците на поправката на оштетената ствар се поголеми од вредноста на осигурените ствари на денот на настанување на осигурениот случај, ќе се постапи како таа ствар да е уништена и надоместокот ќе се пресмета според ставот 1, точка 1 од овој член.
(6) Ако се пронајдени извршители на провалната кражба односно разбојништво и ако дополнително на несомнен начин биде утврдено дека надоместокот по основ на осигурувањето треба да биде помал од износот на исплатениот надоместок, осигуреникот е должен да го врати веќе исплатениот износ. Ако според утврдената висина на вистинска штета надоместокот по основ на осигурувањето треба да биде поголем од износот на исплатениот надоместок, осигурувачот дополнително ќе му ја исплати на осигуреникот разликата помеѓу исплатениот надоместок и надоместокот кој треба да се плати.
НАДОМЕСТОК НА ТРОШОЦИ
Член 9
(1) Осигурувачот ги надоместува трошоците што ги направил осигуреникот кога настанал осигурениот случај за преземените мерки заради отстранување и намалување на штетата, па и тогаш кога тие мерки не биле успешни.
(2) Надоместокот на трошоците од претходниот став и надоместокот од членот 8 од овие Услови вкупно не можат да ја
надминат сумата на осигурувањето.
Трошоците за отстранување на штетата, направени по налог на осигурувачот, се надоместуваат и тогаш кога заедно со надоместокот ја надминуваат сумата на осигурувањето.
(3) Во случај на подосигурување, трошоците за отстранување и намалување на штетата се надоместуваат во ист размер како и надоместокот од членот 8, став 1 од овие услови, освен во случаите кога трошоците се направени по налог на осигурувачот.
(4) Осигурувачот не е во обврска да ги надомести трошоците направени за отстранување на причината на штетата, како и трошоците за интервенција на организации и на органи чија должност, според карактерот на работењето, е да укажуваат бесплатна помош кога ќе настане осигурен случај.
ПРОНАЈДЕНИ УКРАДЕНИ СТВАРИ
Член 10
(1) Ако осигуреникот на кој и да е начин разбере каде се наоѓаат украдените ствари, должен е да ги преземе сите потребни мерки, особено пеку надлежните органи, да се утврди идентичноста на овие ствари и да му се вратат што побргу. Исто така е должен за своето сознавање, преземените мерки и резултатите од истите, да го извести осигурувачот во најкус рок.
(2) Ако на осигуреникот не му е исплатен надоместокот, а не минал срокот за исплата на надоместокот за пронајдените ствари од членот 26 од Општите услови за осигурување на имоти, осигуреникот е должен да ги прими назад пронајдените ствари.
Ако вратените ствари се оштетени, осигуреникот има право на надоместок според членот 8 од овие Услови.
(3) Ако украдените ствари се пронајдени по исплатата на надоместокот од осигурувањето или по истекот на срокот за исплата, осигуреникот може да ги задржи за себе, но е должен на осигурувачот да му го врати примениот надоместок за неоштетените ствари со одбивање на неопходните трошоци за преземањето, кои не можат да го надминат износот на исплатениот надоместок, а оштетените ствари може да ги задржи по цена спогодбено утврдена со осигурувачот и да му врати соодветен дел од примениот надоместок. Доколку осигуреникот не сака да ги задржи овие ствари, тие преминуваат во сопственост на осигурувачот.
ПРОМЕНА НА СУМА НА ОСИГУРУВАЊЕ ЗА ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА ОСИГУРУВАЊЕТО
Член 11
(1) Осигурувањето е годишно, но, може да се склучи и осигурување со траење помалку од 1 година (краткорочно осигурување) со соодветен процент на премија предвиден во Тарифата на премии IV.
(2) Договорената сума на осигурување е фиксна за целиот период на траење на осигурувањето.
(3) За времетраење на осигурувањето, договорената сума на осигурување може, на барање на договорувачот на осигурувањето, да се зголеми со пресметка на премија по метод про-рата.
ВАЖНОСТ НА ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ОСИГУРУВАЊЕ
Член 12
Доколку не се во спротивност со овие Услови, на осигурувањата склучени според овие Услови ќе се применуваат Општите услови за осигурување на имоти.