„НАТО или Северноатлантската алијанса е политичка и меѓународнa безбедносна организација, создадена со потпишување на Северноатланскиот договор на 4 април 1949 година од страна на 12 држави оснивачи од Европа и Северна Америка .
Предлог-законот за ратификација на Северноатланскиот договор во собраниска процедура
Предлог законот за ратификација на Северноатланскиот договор е во собраниска процедура.
„Се ратификува Северноатланскиот договор, потпишан во Вашингтон на 4 април 1949 година, како што е изменет со Протоколот кон Северноатланскиот договор за пристапување на Грција и Турција, потпишан во Лондон на 17 октомври 1951 година“, стои во договорот кој се однесува на членството на Македонија во НАТО.
„НАТО или Северноатлантската алијанса е политичка и меѓународнa безбедносна организација, создадена со потпишување на Северноатланскиот договор на 4 април 1949 година од страна на 12 држави оснивачи од Европа и Северна Америка .
Северно атланскиот договор содржи 14 одредби, во кои се наведени основните принципи на оваа организација оснивана како органиација за колективна одбрана и замена помош меѓу членките. Колективната одбрана се смета за главен принцип или темел на сојузот. При тоа правото на сомоодбрана се смета за основно право на секоја држава предвидено во член 51 одПовелбата на ООН. Во случај на оружен напад против една од државите членки на НАТО секоја земја членка тоа ќе го смета како акт на агресија над сите држави членки на НАТО и ќе разгледа да се преземат неопходните активности за помош на нападната држава. Важно е да се напомене дека според член 3 од договорот секоја од државите во овој сојуз треба да изгради и да поседува сопствени одбрамбени капацитети за спротивставување на оружените напади како и дека страните ќе ги одржуваат и ќе ги развиваат исто така и колективните капацитети за спротивставување на оружените напади“, се образложува во текстот на Предлог-законот чиј предлагач е Владата.