Друштво за осигурување UNIQA Life а.д. Скопје, ул. Маркс и Енгелс 3, 1000 Скопје, тел. 02 3228 820. факс 02 3215 128, www.uniqa.mk
Посебни услови за колективно осигурување на живот за случај на смрт и доживување со девизна клаузула
Друштво за осигурување UNIQA Life а.д. Скопје, ул. Маркс и Енгелс 3, 1000 Скопје, тел. 00 0000 000. факс 02 3215 128, xxx.xxxxx.xx
Овие услови се донесени на редовна седница на Управен одбор одржана на 23.04.2013 година и со одлука бр.013/13 се применуваат од денот на донесувањето.
Член 1
Општи одредби
(1) Овие посебни услови за случај на смрт и доживување со валутна клаузула (во понатамошниот текст: посебни услови) се составен дел од договорот за колективно осигурување на живот во случај на смрт и доживување со валутна клаузула на работниците на договорувачот, кој договорувачот го склучува со УНИКА Лајф а.д Скопје (во понатамошниот текст Осигурувач).
(2) Лицето кое ќе го склучи договорот за колективно осигурување на живот е договорувач, а лицето во чија корист е договорено осигурувањето е корисник. Лицето од чие доживување или смрт зависи исплатата на договорените суми е осигуреник.
(3) Понудувач е лицето кое склучува договори за колективно осигурување на живот врз основа на овие посебни услови, поднесува пишана понуда на осигурувачот. Осигурувачот може да ја одбие понудата не наведувајќи ги причините за одбивање.
(4) Ако покрај осигурувањето на живот е склучено и дополнително осигурување од последица на несреќен случај, составен дел од договорот се и дополнителни услови за осигурување од последица на несреќен случај покрај осигурување на живот со валутна клаузула и листа на траен инвалидитет или со таблица за одредување на процент на траен инвалидитет како последица на несреќен случај (незгода).
Член 2
Склучување на осигурувањето
(1) Полиса за колективно осигурување на живот со валутна клаузула е документ за склучен договор за осигурување
(2) Договорот за осигурување е склучен кога договорувачот и осигурувачот ќе потпишат полиса за осигурување.
(3) Врз основа на овие посебни услови се осигуруваат сите работници кои се во работен однос на определено и неодредено време кај договорувачот. Сезонските работници и работниците по договор не можат да бидат опфатени со оваа осигурување.
(4) На полисата се запишува почетниот број на осигуреници, а на крајот на секоја осигурителна година, задолжително се изработува конечна пресметка на премијата соодветно на вистинскиот број на работници, ако не е поинаку договорено.
Член 3
Почеток и траење на осигурувањето
(1) Осигурувањето почнува во 0:00 часот оној ден кој во полисата е означен како почеток на осигурувањето и трае до 0:00 часот оној ден кој во полисата е означен како истек на осигурувањето. Ако првата рата од премијата не е уплатена до почетокот на осигурувањето, обврската на осигурувачот почнува во 24:00 часот, тој ден кога е платена првата рата премија во целост.
(2) Како почеток на осигурувањето по правило се зема првиот ден во месецот.
(3) За работниците кои имаат заснован работен однос на определено и неодредено време кај договорувачот по почеток на осигурувањето, осигурувањето почнува во 0:00 часот оној ден кога стапиле во работен однос.
(4) Осигурувањето за секој поединечен осигуреник согласно овие посебни услови престанува:
(а) Кога ќе настапи негова смрт;
(б) Кога ќе заврши осигурителна година во која осигуреникот наполнил 75 години;
(в) Кога осигуреникот ќе стане душевно болен или потполно работонеспособен;
(г) Во 24:00 часот оној ден кога осигуреникот го прекинал работниот однос со договорувачот;
(д) Поради откуп на осигурувањето на живот во 0:00 часот оној ден кога x
исплатена откупната вредност на полисата; и
(ѓ) Кога во полисата е одреден истек на договорот за осигурување.
Член 4
Обврски на осигурувачот
(1) По договорот за колективно осигурување на живот осигурувачот е должен да исплати:
(а) Осигурена сума и припишана добивка по истек на договореното траење за случај на доживување;
(б) За случај на смрт поради болест во првите шест месеци од пристап во оваа осигурување 50% од осигурена сума, а после шест месеци целата осигурена сума;
(в) Целата осигурена сума ако смрт на осигуреникот настапи во тек на првите шест месеци од траењето на осигурувањето како последица на несреќен случај, бременост и породување.
(2) Правото на учество во распределбата на остварената добивка на осигурувачот при осигурување на живот се стекнуваат со истек на рокот од 24 (дваесетичетири) месеци од датумот на почетокот на осигурувањето, под услов премијата да е платена во целост.
(3) По истек на траење на осигурувањето по барање на корисникот ова осигурување може да се пренасочи во рентно осигурување.
Член 5
Исклучувања и ограничувања на обврската на осигурувачот
(1) Осигурувачот не ја исплаќа осигурената сума на корисникот ако смртта на осигуреникот злонамерно ја предизвика самиот корисник - физичко лице, туку на законските наследници на осигуреникот.
(2) Осигурувачот нема да ја исплати на корисникот осигурената сума за случај на самоубиство на осигуреникот во првата година од траење на неговото осигурување, а по тој рок е обврзан да ја исплати осигурената сума.
(3) Осигурувачот не ја исплаќа осигурената сума, туку до тогаш собраната математичка резерва во случаи кога смртта на осигуреникот настанала: (а) поради земјотрес и
(б) поради воени настани
(в) oсигурениот случај настане при учество или тренинг на екстремни спортови (особено авто трки, качување по карпи и планини, одење во пештери, алпинизам, авијација и параглајдерство, падобрански скокови, банџи скокови, веслање на брзи води, ски алпинизам, ски борд, боречки вештини, нуркање), ако дотогаш биле уплатени најмалку три годишни премии, осигурувачот е обврзан на договорувачот да му ја исплати дотогаш насобраната математичка резерва.
(г) oсигурениот случај настане како последица на обид или извршување на абортус без препорака на лекар специалист, ако дотогаш биле уплатени најмалку три годишни премии, осигурувачот е обврзан на договорувачот да му ја исплати дотогаш насобраната математичка резерва.
(д) во понудата за здравствената состојба осигуреникот прикрил одредени податоци или дал неточни податоци а поради кои осигурувачот не би го примил во осигурување, ако дотогаш биле уплатени најмалку три годишни премии, осигурувачот е обврзан на договорувачот да му ја исплати дотогаш насобраната математичка резерва.
Член 6
Договарање на премија и осигурени суми
(1) Износот на осигурените суми и премија во странска конвртибилна валута се утврдува врз основа на податоците во понудата и тарифите за колективно осигурување на живот со девизна клаузула.
(2) Премијата се плаќа однапред во денари во износ и рокови утврдени на полисата по среден курс на нбрм на денот на плаќање на ратата.
(3) Договорувачот е должен да ја плаќа договорената премија уредно и на време за времето додека трае осигурувањето според роковите означени на полисата. За секој ден доцнење од рокот, осигурувачот може да пресмета затезна камата. Ако договорувачот не ја плати должната премија
ни во рок од три месеца од денот на нејзиното доспевање, ќе следи последица спомната во чл.7 На овие посебни услови.
(4) Договорувачот е должен со договорената премија да ги плати и сите придонеси и даноци согласно прописите.
(5) Ако наместо договорувачот премијата ја плаќа друго лице, самото плаќање не создава други права ни должности освен оние кои се предвидени по пат на договор помеѓу осигурувачот и договорувачот.
(6) Во случај на смрт на осигуреникот поединечната премија мора да биде платена за целата осигурителна година во која настапила неговата смрт.
Член 7
Последица поради неплаќање на премијата
(1) Ако износот на премијата не биде платен ни за три последователни месеци, се смета дека договорувачот се откажал од договорот за осигурување. Во тој случај, ако премијата не била платена ни за 36 месеци, осигурувањето престанува да трае, а до тогаш уплатената премија не се враќа.
(2) Ако премијата била платена најмалку за 36 или повеќе месеци, осигурувањето преминува во осигурување со намалена осигурена сума без обврска на договорувачот за понатамошно плаќање согласно со таблицата на намалена осигурена сума без понатамошно плаќање на премијата.
(3) На барање на договорувачот, осигурувачот може да ја исплати откупната вредност на полисата според таблицата на откупни вредности, ако дотогаш е платена премија за најмалку 36 месеци.
(4) Ако договорувачот ја плати преостанатата премија по опомена од страна на осигурувачот, должниот износ на премијата се зголемува со пропишана затезната камата. Вкупниот износ се плаќа по средниот курс на народна банка на рм на денот на плаќање.
(5) Ако осигурителниот настан настанал во рок од 3 месеци за кои не се платени доспеани премии, осигурувачот е обврзан да ја исплати осигурената сума, со тоа што доспеаната премија мора да биде платена. Ако осигурителниот настан настане пред раскин на договорот или намалување на осигурената сума, се смета дека осигурената сума намалена односно дека договорот е раскинат, зависно од тоа дали премиите биле платени за најмалку три години или не.
Член 8
Обнова на договорот за осигурување
(1) Колективното осигурување на живот во случај на смрт и доживување со валутна клаузула кое престанало да важи или преминало во осигурување со намалена осигурена сума без понатамошно плаќање на премијата може да се обнови по писмено барање на договорувачот најдоцна во рок од 12 месеци од истекот на месецот за кој е платена последната премија.
(2) Обврската на осигурувачот по обновеното осигурување почнува во 24:00 часот оној ден кога осигурувачот го прифатил барањето за обнова на осигурување, но под услов да е платена до тој ден цела доспеана премија.
(3) Ако е барањето за обновување поднесено во рок од 6 месеци од престанок на обврската на осигурувачот, осигурувачот е должен да го прифати барањето.
Член 10
Располагање со правата од осигурувањето
(1) Сите права што произлегуваат од договорот за колективно осигурување на живот му припаѓаат на договорувачот се додека не настапи осигурениот случај.
(2) Сите изјави и барања на договорувачот, осигурувачот може да ги прифати под услов да се писмено доставени пред настанување на осигурен случај.
(3) Кога лице одредено за корисник почине пред да настане осигурен случај, осигурената сума не им припаѓа на неговите наследници, туку на нареден корисник, а ако тој не е одреден тогаш на имотот на договорувачот.
Член 11
Пријава на осигурениот случај
(1) Лицата кои имаат право на осигурена сума се должни кога ќе настапи осигурен случај да поднесат писмено барање на адресата до осигурувачот во рок од 14 дена од денот на настанот.
(2) Со барањето се приложуваат документи:
1. Податоци за датумот на раѓање на осигуреникот;
2. Извододматичнатакниганаумрениот,акосеработизасмртнаосигуреникот.
(3) Осигурувачот има право да ги бара и останатите докази кои се потребни за утврдување на право на исплата.
Член 12
Исплата на осигурената сума
(1) Осигурувачот е должен договорената сума да ја исплати согласно со договорот за осигурување во рок од 14 дена, од денот кога е примено барањето за исплата со целата потребна документација.
(2) Ако за утврдување на постоењето на обврска на осигурувачот или нејзиниот износ е потребно одредено време, односно ако не може да се утврди основаност на постоење на обврската на осигурувачот или висината на надоместот, осигурувачот е должен да ја исплати осигурената сума одредена според договорот во рок од 30 дена од кога го примил барањето за исплата или овластеното лице во истиот рок да го извести дека барањето е неосновано.
(3) Осигурувачот е должен без одложување да го исплати неспорниот дел од својата обврска на име аконтација, ако не е во можност да ја утврди вкупната обврска за исплатата во рок утврден во став (1) и (2) на овој Член.
(4) Договорената осигурена сума и остварената добивка се исплаќаат во денари според средниот курс на народна банка на рм на денот на истекот на осигурување, односно во случај на смрт на осигуреникот на денот кога е решена обврска на осигурувачот.
(5) Ако пријавата за случај на смрт не била поднесена во рок во став 1 член 11 од овие посебни услови, висината на вкупниот надомест се пресметува според средниот курс на Народна Банка на РМ на денот кога настанал осигурениот случај.
(6) Кога осигурувачот ќе ја исплати осигурената сума на лицето кое на неа би имало право во случај кога договорувачот не одредил друг корисник, осигурувачот се ослободува од обврската по основ на договорот ако во моментот на исплатата не знаел ниту можел да знае дека корисникот еодреден со тестамент или со некој друг акт кој не му е доставен. Корисникот има право да бара поврат на средствата од лицето кое од осигурувачот ја примило осигурената сума. Истото важи и во случај на промена на корисникот.
(7) Осигурувачот има право на сите доспеани, а ненаплатени рати од премијата, да ги наплати при секоја исплата врз основа на оваа осигурување.
Член 13
Корисник на осигурувањето
(1) Договорувачот може со договорот како и со некои правни работи подоцна, да го одреди лицето по име (корисникот) на кое ќе му припадне право по основ на договорот.
(2) Кога за корисници се одредени законски наследници под тоа се сметаат:
1. Децата и брачниот другар на осигуреникот на еднакви делови, а доколку децата не се живи нивните потомци според правото на преставување;
2. Ако нема деца ниту нивни потомци, брачниот другар на едната половина, а родителите на другата;
3. Ако нема ни брачен другар само родителите;
4. Ако ги нема лицата наведени во претходните точки, другите законски наследници врз основа на судска одлука.
(3) Брачен другар се смета лицето што било во брак со осигуреникот во моментот на настанување на осигурен случај.
(4) Ако корисникот е малолетно лице, осигурената сума ќе се исплати на родителите, односно старателите.
(5) Право на исплата на осигурената сума има само корисникот, независно од тоа како и кога е одреден за корисник.
(6) Во случај на доживување или откуп на осигурувањето, ако не е поинаку договорено, корисникот е договорувач на осигурувањето.
Член 14
Издавање на заменска полиса
(1) Исчезнатата полиса ја заменува осигурувачот кога ¸е му биде доставена правосилна судска пресуда со која исчезнатата изворна полиса се прогласува за неважечка.
(2) Осигурувачот може да одреди исчезнатата полиса до одредена висина на осигурена сума да се замени со дупликат и без судска одлука за амортизација, но под услов договорувачот да поднел писмена изјава за начинот на кој полисата е изгубена.
Член 15
Надоместоци
Договорувачот е должен да плати надомест за сите услуги кои посебно ги бара од осигурувачот во висина која ја одредил осигурувачот.
Член 16
Застарување Побарувањата од договорот за осигурување застаруваат според одредбите на законот.
Член 17
Завршна одредба
За односите помеѓу осигурувачот, осигуреникот, договорувачот, корисникот и другите лица на кои се однесува, а кои не се уредени со овие посебни услови, се применуваат одредбите на законот.
Друштво за животно осигурување UNIQA Лајф а.д. Скопје бул. ВМРО 3, 1000 Скопје
тел. 00 0000 000. факс 02 3215 128