Abstract 9
УНИВЕРЗИТЕТ „XXXX XXXXXX“ - ШТИП ПРАВЕН ФАКУЛТЕТ
МАГИСТЕРСКИ ТРУД
по предметот:
„Договори и права во промет на стоки и услуги“
ТЕМА:
„ФАКТОРИНГ КАКО ТРГОВСКА ДЕЈНОСТ И ДОГОВОРОТ ЗА
ФАКТОРИНГ КАКО ИНСТРУМЕНТ ЗА ФИНАНСИРАЊЕ НА МАКЕДОНСКОТО СТОПАНСТВО“
Ментор: Изработил:
Доц.д-р Xxxxx Xxxxxxxx Xxxxxxxx Xxxxxxxxxxx Број на индекс: 207390
Штип, Мај 2016 година
Комисија за оценка и одбрана:
1. Проф.д-р. Xxxx Xxxxxxxxx, претседател
2. Доц. д-р. Xxxxxxxx Xxxxxx, член
3. Доц. д-р. Xxxxx Xxxxxxxx Xxxxxxxxxx, ментор
Посветено на мојата мајка Xxxxxxx
...со љубов
Содржина
Предмет, цели и методи на истражувањето 12
Методологија на истражување 13
Структура на магистерскиот труд 14
1.Поим и историски развој на факторингот како трговска дејност 16
1.1 Поим и дефиниција на факторинг како трговска дејност 16
1.2. Карактеристики на факторингот 19
1.3. Општи услови за остварување на факторинг зделка 20
1.4. Фази на факторинг зделка според воспоставената деловна практика 23
1.5.Потекло и настанување на факторинг дејноста 25
1.6. Историски развој на факторингот како трговска дејност 27
2.1. Домашен и меѓународен факторинг 29
2.2. Директен и индиректен факторинг 32
2.3. Отворен и затворен факторинг 34
2.4. Факторинг со регрес и факторинг без регрес 35
2.5. Други видови на факторинг 36
2.6. Специфичности на меѓународниот факторинг како трговска дејност 37
3. Меѓународен факторинг како инструмент за финансирање на меѓународното стопанство 38
3.1.Објавен и скриен факторинг 40
3.3. Факторинг со директен увоз и извоз 43
3.5. Посебни аспекти на меѓународниот факторинг 44
3.6. Потреба од меѓународен факторинг како финансиски инструмент 45
3.6.1. Значење и улога на факторингот како инструмент за финансирање на извозот 46
3.7. Придобивки од меѓународен факторинг 50
3.8. Трошоци на меѓународен факторинг 51
3.9. Меѓународен ланец на фактори (Factor Chain International) 51
3.10. Значењето на факторингот во меѓународната трговија 51
4.1. Проблем на финансирање кај малите и средните трговски друштва 52
4.2. Предностите на обратен факторинг за малите и средните трговски друштва 55
2. Правни извори на факторинг како инструмент за финасирање на стопанството 56
2.1.Национални и меѓународни извори на факторинг како инструмент за финансирање на стопанството 57
2.1.1. Национални извори на факторинг 59
2.1.2. Факторинг во компаративно правните системи на европскиот и англосаксонскиот концепт 71
2.1.3.Меѓународни извори на факторинг 74
2.2.1. Зошто е потребно донесување на Закон за факторинг 78
3. Основни обележја на договорот за факторинг и неговите специфики во деловниот промет 80
3.1. Договорот за факторинг како правен инструмент за финансирање на потребите на клиентот 80
3.1.1. Поим и карактеристи на договорот за факторинг 80
3.1.2. Битни елементи и основни правни обележја на договорот за факторинг 81
3.1.3. Споредбено правни аспекти на договорот за факторинг и нему сличните правни институти 85
3.2. Правен однос помеѓу факторинг и форфетинг – сличности и разлики 86
3.3. Фази на реализирање на договорот за факторинг според воспоставената деловна практика 87
3.4. Битни и споредни елементи на договорот за факторинг 89
3.5. Права и обврски на договорните страни кај договорот за факторинг 92
3.6. Финансиски аспекти на факторингот 94
3.7. Ризици поврзани со факторинг како трговска дејност 95
3.8. Правни дилеми поврзани со реализирање на договорот за факторинг низ призмата на практиката 96
4. Споредбено правна анализа на договорот за факторинг и нему сличните правни институти 98
4.1. Факторинг во споредба со други слични инструменти на финансирање 98
4.2. Разлика помеѓу факторингот и краткорочните кредитни линии 100
4.3.Придобивки од користење на факторинг услугите 102
4.4. Стварно правно дејство на факторингот 102
4.5. Оправданост на факторингот како финансиски инструмент 105
4.6. Влијание на факторингот на вредноста на компанијата 107
4.7. Улога и значењето на цесијата кај факторингот како договорен однос 111
ГЛАВА 5 113
5. Предности, слабости и оправданоста на факторингот во домашното и меѓународното финансирање на стопанството 113
5.1. Предности на факторинг 113
5.2. Недостатоци на факторинг 117
5.3. Функции на факторингот 119
5.4. Механизми на факторинг 121
5.4.1. Пример 1: Пример на домашна факторинг трансакција 121
5.4.2. Пример 2: Пример на меѓународна факторинг трансакција 122
ГЛАВА 6 123
6. Економско - финансиски аспекти на факторингот како трговска дејност 123
6.1. Пример пресметки кај факторинг 126
6.2. Примери на финансирање по пат на факторинг 127
6.3. Сметководствено евидентирање на факторинг 130
ГЛАВА 7 134
7. Современи тенденции на факторинг како банкарски инструмент за финансирање на стопанството 134
7.1. Општо за значењето на современите банкарски производи 134
7.2. Факторинг како современ банкарски производ 135
7.3. Новите трендови во банкарското работење 137
7.4. Концептот на факторинг според становиштето на банкарскиот сектор во Република Македонија – практични аспекти и искуства 144
ГЛАВА 8 147
8. Факторинг како инструмент за развој на македонското стопанство 147
8.1. Факторинг - моќен алтернативен извор на обртен капитал за малите и средни трговски друштва 147
8.2. Теориско – методолошки основи за финансирање на малите и средните бизниси
........................................................................................................................................................ 150
8.2.1. Потребата за капитал на секторот на малите и средните трговски друштва
.................................................................................................................................................... 150
8.3. Факторинг како инструмент за финансирање на стопанството 159
8. 4. Придонесот на факторингот кон растот и развојот на македонската економија 162
8.5. Ефектуализацијата на факторинг влијанијата во приватниот сектор во Република Македонија 162
8.5.1. Факторинг – алтернативен модел за финансирање во Македонија 166
8.6. Веројатност за успешна примена и интерес за факторинг во Македонија 167
8.7. Перспективите на факторингот во Република Македонија 169
8.8. Условите за развој на факторинг дејноста во македонското стопанство 170
8.9. Оперативни проблеми кај факторинг дејноста 173
8.10. Посебни заклучоци и согледувања 174
Заклучок 175
ПРИЛОЗИ 179
Прилог 1 – Договор за факторинг 179
Прилог 2 – Договор за факторинг 182
Прилог 3 – Барање за финансирање 186
Прилог 4 – Прашалник за финансиски услуги на факторинг 187
Прилог 5 – Известување за отстапување на побарувања 190
Користена литература 191
References 191
Апстракт
Овој научно, истражувачки труд има за цел да го претстави и објасни факторингот како алтернативен модел на финансирање на стопанството. Овој труд, исто така, се обидува научно да го истражи овој правен институт и да ја истакне неговата економска улога, преку укажување на предностите и недостатоците на овој модел на финансирање, како и да го прикаже неговиот статус во светот и во Македонија. Доброто корпоративно управување и професионален финансиски менаџмент може да придонесат за воспоставување на таква бизнис стратегија (во смисла на: стратегија во однос на потенцијалните ризици, системите за управување со ризиците и мониторинг, инвестициски стратегии, интервенции, итн.) која ќе ја направи компанијата отпорна на неочекувани и непредвидливи промени и тоа, како во нејзината постојна средина, така и на глобалниот пазар и навремено постапување, кое ќе придонесе за побрзо закрепнување од ефектите на кризата и минимизирање на бизнис загубите.
Иницијативата за развој на трговските друштва во Република Македонија го вклучува и подржува развојот на малите и средните компании, како и на поединците и институциите што ги опслужуваат потребите на малите и средните компании и креираат амбиент за развојот на овој сектор. Целта на ова истражување е утврдување на потенцијалот на пазарот за факторинг со цел да се развијат нови финансиски алтернативи за компаниите во Македонија.
Клучни зборови: факторинг, побарувања, ликвидност, солвентност, финансирање.
Abstract
This paper aims to present and explain factoring as an alternative funding model of the economy. This paper also attempts to scientifically explore and emphasize its economic role thorough advantages and disadvantages of such financing model and show it’s state in the world and Macedonia. Good corporate governance and professional financial management can contribute for the establishment of such business strategy (in terms of: strategy in relation to potential risks, the systems for managing risks and monitoring, investment strategies, interventions, etc.) that will make the company resistant to unexpected and unpredictable changes in it’s existing environment and the global marketplace and timely actions that will contribute for faster recovering from the effects of the crisis and to minimize business damages.
The initiative for development of companies in the country includes and supports the development of small and medium-sized enterprises (SMEs) and individuals and institutions that serve the needs of SMEs and create an environment for the development of this sector. The purpose of this research is to estabilish the potential market for factoring, in order to develop new financing alternatives for companies in Macedonia.
Key words: factoring, receivables, liquidity, solvency, financing.
Вовед
Ф
акторинг претставува современ финансиски инструмент со кој се врши откуп на краткорочни побарувања. Откупот на побарувањата се врши пред истек на рокот на достасување/пристигнување на побарувањето, па во земјите со развиена пазарна економија најчесто се користи како облик на забрзана наплата на побарувањата. Во една таква
динамична и технолошки напредна економска средина, начин на кој една компанија може да се стекне со конкурентска предност е преку подобра контрола во областа на финансиите: самофинансирање, финансирање преку фискалниот систем, како и финансирање преку пазарот. Финансирањето преку пазар е уште позначајно во земјите со развиена пазарна економија, бидејќи економскиот напредок и сложените економски односи на кој истиот опстојува, ја наметнуваат потребата од постоење на различни облици на финансирање. Факторингот е еден од ваквите начини на финансирање.
Трговските друштва секојдневно се соочуваат со проблеми поврзани со нивната ликвидност. Дури и кога работат профитабилно, се случува салдото на сметка на нивните побарувања од купувачи, од период во период да расте, додека коефициентот на обрт на побарувањата станува се помал. На подолг период тоа доведува до намалување на работниот капитал на компанијата, што во еден момент може да го доведе во прашање и нејзиниот опстанокот, бидејќи без разлика што компанијата има голем пазар и купувачи за своите производи/услуги, ако истите бавно ги наплатува, со време ќе стане неликвидна и ќе создаде проблем при снабдување со инпути од страна на своите набавувачи, бидејќи нема да биде во можност да ги сервисира своите обврски во договорениот рок. Затоа трговските друштва го користат факторингот, како инструмент за обезбедување на парични средства преку продажба на своите побарувања, тогаш кога не можат да обезбедат парични средства на друг начин или кога вршат продажба на своите производи на кредит, поради што ваквите побарувања стануваат и голем дел од активата на самите друштва.
Позитивните ефекти на факторингот најзначајни се за малите и средните трговски друштва, како и за новонастанати компании, пред сѐ поради неспремноста на банките, на овие компании да им одобрат кредит. Факторингот на многу компании им овозможува конкурентност и опстанок на пазарот. Целта на овој труд е да го прикаже големото значење на факторингот како современ облик на финансирање на трговските друштва, како и на неговите предности и ограничувања.
За да може да се разбере суштината и значењето на факторингот за развој на стопанството во Република Македонија (кој како поим и финасиска дејност е релативно нов и не толку застапен на нашиот финансискиот пазар) потребно е да истиот биде детално разработен од аспект на неговите
предности и поволности кои ги нуди за развој на малите и средните трговски друштва, што е всушност и мотивот за создавање на овој труд.
Целта на ова истражување е утврдување на потенцијалот на пазарот на факторинг со цел да се развијат нови финансиски алтернативи за компаниите во Република Македонија. Истражувањето опфаќа исцрпен преглед и анализа на состојбата во Република Македонија, за да се проценат пречките и да се утврдат можностите за евентуално надминување на тие пречки при формирање на идни факторинг компании. Студијата е направена според зададените и дефинираните проектни задачи. Особено внимание е посветено на законската регулатива во врска со банкарското работење, деловното опкружување и деловната култура, како и побарувачката за факторинг од страна на домашните компании.
Факторингот претставува релативно неистражена област за правото како нормативна појава. Како институт на автономната трговска практиката, факторингот ја креира својата моќ на база на реалните потреби на бизнис секторот. На одреден степен на развој на ова трговска дејност се поставува прашањето за потребата од правно регулирање, односно нормирање на ова економска појава. Иако правото секогаш ја следи економијата, побрзо или побавно, факторингот како деловна активност не е правно нормиран во најголем дел од правните системи, како што е случај со нашето законодавство, но тоа не значи дека не постојат правила кои ја уредуваат оваа проблематика. Оттука и улогата на обичајот, узансите и воспоставената деловна практика како меродавни регулатори на односот помеѓу учесниците во економскиот промет, кои како такви претставуваат и автономни извори на правото во делот на регулирање на факторинг односите.
Во рамките на ова магистерска теза, на систематичен и аналитичен начин, ќе бидат елаборирани правните извори кои го уредуваат факторингот и дилемите кои ваквата дејност ги наметнува од практиката. Низ призма на теоријата, законодавството, обичајот, судската и арбитражна практика ќе биде проучен концептот на факторингот како трговска дејност и договорот за факторинг како негова правна манифестација, кој не ретко создава теоретски и практични дилеми. Преку проучување на домашните прописи, компаративните решенија и меѓународните извори на факторингот ќе се добие една јасна слика за предностите и слабостите на овој институт за договорните страни и економијата воопшто. Се разбира, фокусот на ова истражување ќе биде ставен на правната рамка и автономната трговска практика. Сепак, земајќи ја во предвид природата на факторингот, неминовно се наметнува анализата на одредени прашања поврзани со овој финансиски инструмент.
Овој труд дополнително би требало да укаже и на недостатокот на правна литература во врска со факторингот како и да создаде база за идни истражувања поврзани со договорот за факторинг, со чии резултати ќе допринесе за уште едно мало збогатување на литературата од областа на деловното право и ќе ја докаже својата стручна и научна оправданост.
Бидејќи македонските мали и средни компании имаат потреба од обртен капитал и ликвидност, факторингот би требало да претставува идна финансиска активност што ќе им биде достапна на македонските деловни субјекти. Со помош на правилно пазарно осознавање и едукација, воведувањето на факторингот во Македонија има многу висока веројатност за успех.
Предмет, цели и методи на истражувањето
Во овој научен труд, преку теоретска разработка и објаснување на факторингот како инструмент за финансирање на македонското стопанство, се укажува на улогата и значењето на финансирањето на надворешната трговија на секоја земја, а пред се на Република Македонија како земја во развој. Таму каде што не постои финансиска поддршка на увозот и извозот, нема ни развиена надворешна трговија. Посебен научен придонес овозможува и систематизацијата и компарацијата со останатите современи форми на финансирање на стопанството, кои засега опстојуваат како автономни творби на трговската практика и дејност, со посебен акцент на факторингот како најкорисен финансиски инструмент за развој на малите и на средните компании, кои се најчести облици на стопанско здружување кај земјите во транзиција. Тука се мисли, пред сѐ, како на директните странски инвестиции, така и на некои нови облици на финансирање дополнети со современи инструменти за осигурување на финансирањето. Покрај класичната кредитна поддршка на компаниите, која им ја нудат банките, јакне и улогата на државните институции за поддршка на извозот, како и учество на новите облици на финансирање како што се странските директни инвестиции, меѓукомпаниски позајмици, лизинг, факторинг и форфетинг.
Сепак, значењето на факотрингот како облик на финансирање на компаниите е големо, особено ако се земе предвид дека побарувањата заземаат сè поголемо учество во нивната актива. Во контекст на сите овие укажувања, значајно е да се спомене и дека користа од факторингот е особено важна за оние клиенти чија способност на управувачката структура далеку ги надминува расположливите средства, бидејќи факторинг организациите можат, на таквите клиенти, да им овозможат услови за деловно работење на оптимално ниво. Притоа, битно е да се нагласи и фактот дека факторот кој на клиентот му ги обезбедува потребните ресурси, не бара никаков удел од неговиот имот, па доколку заврши потребата од факторинг услугите на клиентот, тогаш нивниот однос на меѓусебна соработка престанува.
Сепак, од горенаведеното не треба да се изведе погрешен заклучок дека факторингот претставува идеален облик на финансирање на компаниите, бидејќи факторингот има и свои ограничувања. Во врска со ова, недостатоците кај факторингот се согледуваат во тоа што неговите трошоци за администрирање се далеку повисоки отколку кај финансирање по пат на
краткорочни банкарски кредити, што може да биде една од причините за неговата неатрактивност кај деловните субјекти.
Методологија на истражување
Во насока на остварувањето на поставената цел на ова магистерска теза, при анализата, проучувањето и елаборирањето на факторингот како специјализирана трговска дејност и на договорот за факторинг како договор sui generis и нивното значење и улога за развојот на финансискиот пазар, во самото истражување се користени соодветни научноистражувачки методи преку кои се доаѓа до одговор на повеќе актуелни прашања и се постигнува детално објаснување на актуелните проблеми на факторингот.
Во делото се користени следните методи: стандардни статистички методи, компаративен метод на анализа, историскиот метод, социолошкиот метод, догматскиот метод, индуктивниот и дедуктивниот метод, метод – анализа на случај и графички техники (слики, графикони, дијаграми и табели). Доминантниот метод кој е користен при изработка на трудот е компаративниот метод, со оглед да со ваквиот начин на истражување полесно се доаѓа до нови сознанија, особено преку анализа на сличности и разлики во споредбено- правните решенија. Основен статички метод на научно согледување и научна анализа е користен при тестирање на хипотетичките претпоставки, при користење на податоци од постојни студии, како и на сопствените истражувања релевантни за понатамошно заклучување. Од другите статистички методи користени се методи на корелациска анализа, методи на динамичка анализа на временските серии (трендови и индекси) и статистички дескриптивни индикатори и индекси. Методите на статистичка анализа, временските серии и компаративната анализа применети се во деловите од овој труд кои се занимаваат со анализа на финансиските инструменти кои ги нудат земјите за развој на надворешната трговија, развојот на трговската размена и механизми за финансирање на меѓународната трговија во земјите во развој, со особен осврт на Република Македонија.
Со цел за осознавање на настанокот и развојот на факторингот сметано од неговата појава, па се до неговата денешна современа форма, неговите специфични и општи обележја, како и за осознавање на детерминантите што имаат пресудно значење за неговиот развој, е користен историскиот метод.
При анализа на фактите за оправданоста на факторингот како институт, неговите предности и слабости, користен е социолошкиот метод.
При елаборацијата на примената на општото учење на облигациите и договорите на договорот за факторинг, користен е догматскиот метод, додека при анализа на правните прописи и правни извори за регулирање на договорот за факторинг применет е аналитичко - синтетичкиот метод.
Финално сумирањето на резултатите на целокупното истражување и научната анализа се врши со помош на дијалектичкиот метод.
Хипотетска рамка
Во предметниот научен труд содржани се голем број хипотези кои при неговата натамошна разработка ќе бидат научно потврдени и докажани.
Хипотеза 1: Со факторинг се финансираат само краткорочни побарувања и тоа до вредност од 80% од секоја фактура.
Хипотеза 2: Факторингот ги претвора побарувањата од купувачите во веднаш расположливи парични средства.
Хипотеза 3: Република Македонија има потреба од факторингот како средство за обртен капитал за спроведување на нејзините деловни активности, што неспорно го потврдуваат голем број деловни субјекти како директни корисници – клиенти, како и позитивните укажувања на заинтересираност на приватните банки, Народната банка на РМ, Македонската банка за поддршка и развој и Министерството за финансии.
Хипотеза 4: Постои потреба од посебна законска регулација на факторингот, иако делови од законската рамка во Република Македонија го опфаќаат и факторингот, без оглед на тоа што истиот не е дефиниран. Оваа потреба, дополнително ја наметнува потребата од ратификација на UNIDROIT конвенцијата за меѓународен факторинг.
Хипотеза 5: Во Република Македонија постои потреба од поголемо запознавање и едукација поврзана со факторингот.
Хипотеза 6: Постои потреба и поддршка на развојот на активноста и на кредитните политики и постапки за банките што ќе сакаат да ја понудат факторинг услугата.
Хипотеза 7: Финансиската поддршка од страна на државните институции на домашните компании кои се ориентирани кон извозот, влијае на самиот развој на надворешната трговија на земјата, а со тоа и на стопанството воопшто.
Хипотеза 8: Факторингот е причинител за развојот на компаниите и помага во создавање на нови работни места и нови производи.
Хипотеза 9: Примена на факторингот како инструмент за финансирање ќе им помогне на многу македонски компании да конкурираат под подобри услови во светската деловна заедница во глобалното опкружување во развој.
Структура на магистерскиот труд
Во првата глава од овој труд после Воведот, во кој покрај краток опис на самата теза, со мало објаснување на предметот и целта на ова истражување и краток преглед да останатите глави што следат, ќе следи кратка анализа и разработка на факторингот како трговска дејност и неговите функции и видови. Но, пред тоа, стручното излагање во овој труд ќе започне со дефинирање и објаснување на поимот факторинг, неговото основно значење како трговска дејност и инструмент за финансирање на стопанството и
зголемување на капиталот на компаниите без дополнително задолжување. На крајот од оваа глава ќе бидат дефинирани функциите на факторингот како и нивните карактеристики. Во овој дел истражувањето ќе се задржи и на подетално анализирање на најзначајните видови на факторинг, особено на меѓународниот и обратниот факторинг, со објаснување на нивното значење за развојот на малите и средните трговски друштва, како и нивното значење како инструменти за финансирање на извозно ориентираните домашни компании, а со тоа и за развој на надворешната трговија на земјата. Во развојот на светската економија се појавува една нова ера со појавата и ширењето на транснационалните компании. Во меѓународната трговија транснационалните компании воведуваат нови и посложени форми на бизнис. Суштината на овие зделки е да се дојде до нови технологии и знаења, со или без капитални инвестиции, а со цел да се постигнат две главни цели на надворешната трговска политика на секоја земја: 1) зголемување на извозот и конкурентноста преку вклучување на секторот на мали и средни трговски друштва во различни форми на поврзување со транснационалните компании и 2) преструктуирање на домашното производство односно понудата на странските пазари заради остварување на повисоки приходи.
Во втората глава од трудот истражувањето ќе се задржи на подетално анализирање на правните извори на факторингот и препораки за неговиот понатамошен развој.
Во третата глава од трудот ќе се пристапи кон анализа на правната природа на договорот за факторинг, неговите правни обележја, структура и содржина, неговите главни субјекти и односот помеѓу неговите договорни страни – клиентот, факторот и купувачот, како и нивните права и обврски, за на крај да се конципира договорот за факторинг како договор sui generis.
Во четврта глава ќе се пристапи кон поединечна и споредбена анализа за факторингот со другите слични финансиски инструменти, неговите придобивки, ограничувањата што го издвојуваат од другите, како и неговото големо значење за развој на финансискиот пазар. За да во петтата глава бидат објаснети сите негови предности и недостатоци поради кои тој за одредени деловни субјекти е привлечен начин за финансирањето на нивното работење, а за други претставува не толку атрактивен финансиски инструмент, поради кој истите прибегнуваат кон останатите облици на финансирање со сите оние последици од презадолженост.
Во останатите последни глави се дава објаснување на значењето на факторингот како средство за финансирање и развој на стопанството, пред се во Република Македонија, а споредбено со другите земји – членки на ЕУ, како би можело да се подигне нивното на свест за потребата од воведување и афирмирање на овој финансиски инструмент, а пред се потребата од негова правна регулатива во домашното законодавство, со што истиот ќе добие статус на формално и законски уредено правно дело.
Во завршни согледувања од магистерската теза направена е синтеза на заклучоците од поединечните глави. Иако во основа не се издвоени како
посебни заклучоци после секоја глава, тие се содржани низ текстот на тезата и се во функција на заокружување на главната теза на трудот, со јасни препораки во која насока треба да се развива финансирањето на надворешната трговија и финансискиот сектор во Република Македонија.
ГЛАВА 1
1.Поим и историски развој на факторингот како трговска дејност
1.1 Поим и дефиниција на факторинг како трговска дејност
Постојаната потрага по нови форми и нови начини на финансирање, инвестиции, трагање по нови извори за нивна реализација, како и перманентното тежнеење на економските субјекти да се вклучат во најсовремените текови на техничко – технолошкиот развој, резултирале со создавање на нов метод за финансирање на инвестициите, кој во меѓународната бизнис пракса е познат под терминот „factoring“ (факторинг). Самиот поим факторинг етимолошки потекнува од латинскиот збор „facere“ што значи „прави“ или „направено“.1
Факторингот е финансиска трансакција со која се продава побарување (кое една компанија – доверител, го побарува од друга компанија - должник) на трето лице (кое се нарекува фактор) со попуст, во замена за готови пари со кои ќе може да се финансира понатамошното работење на клиентот. Факторинг се разликува од класичниот заем (кредит) на банката по три главни начини. Прво, акцентот се става на вредноста на побарувањата (во суштина финансиски средства), отколку на кредитната способност на компанијата - клиент. Второ, факторинг не е кредит - тоа е купување на побарувања. Конечно, кредит услугата вклучува две договорни страни, додека факторинг засега три учесника во самиот договорен однос.
Трите страни кои се директно вклучени се: клиент, должник и фактор.
Компанијата - клиент ги продава своите фактури, со попуст, во однос на нивната номинална вредност, кога смета дека е подобро да во моментов ги искористи веќе достапните парични средства и на тој начин да го зајакне растот и развојот на својот бизнис, наместо да го чека моментот на наплата од својот должник, што понекогаш може да биде неизвесно. Соодветно на тоа, факторинг се случува кога стапката на приходи од инвестираните средства во производство или купување на стоки, ја надминува цената на откуп на побарувањата. Тоа значи дека цената за користење на факторинг услугата е вклучена во пресметката на трошоците за факторинг услугата при што се побарува вредност на факторинг која ќе овозможи потребниот износ на
1 xxxx://xxx.xxxxxxxxxxxx.xxx/xxxxxx/xxxx-xxxxxxxxx ⦋пристепно на ден 06.01.2016 година⦌
готовина да биде веднаш ставен на располагање на клиентот, во буквална смисла, веднаш исплатен на рака.2
Многу фирми имаат приходи на парични средства кои се различни. Во еден период фирмите можат да работат со релативно висок прилив на парични средства, додека во друг период ваквиот прилив може да биде релативно намален. Затоа, компаниите сметаат дека е неопходно да одржуваат рамнотежа на готови пари на рака и да ги користат методите на финансирање како што е факторинг, што ќе им овозможи да ги покријат своите краткорочни обврски во оние периоди во кои ваквите потреби го надминуваат моменталниот приливи на парични средства.
Факторинг услугата се остварува преку склучување на договор за факторинг согласно кој едно трговско друштво (клиент) е во обврска на факторот (кој е најчесто банка или друга слична финансиска институција специјализирана за вршење на факторинг услуги) да му пренесе (цедира) побарување кое е предмет на самиот договор за факторинг. При тоа, трговското друштво – клиент може да ги пренесе своите тековни побарувања во целина или само во дел, но исто така може да ги пренесе и сите или само дел од своите идни побарувања. Во пракса, факторот најчесто инсистира клиентот со цесија да му ги пренесе сите свои постојни и идни побарувања на подолг временски период, со цел себе си да се заштити од ризик од можноста клиентот да ги задржи за себе сигурните побарувања (кои што се наплатливи), а несигурните и неизвесните да му ги отстапи на факторот. Исто така, во договорот може да се предвиди и можност факторот да не ги прифати оние побарувања од купувачи за кои во текот на преговорите утврди дека се неликвидни и несолвентни. Оваа можност на некој начин ја ограничува слободата на клиентот самостојно да ги одбира своите купувачи и корисници на услугите, но не му го ограничува правото истите сепак да ги избере по својата волја, за кое нешто носи и правна одговорност.3
Како основни извори на правото согласно кое се уредуваат односите кај договорот за факторинг, се применуваат општите услови на работење на самите факторинг организации, трговските обичаи, соодветни правни норми од областа на трговското и облигационото право, како и судската и арбитражната пракса. Затоа на договорите за факторинг се применува UNIDROIT конвенцијата за меѓународен факторинг усвоена во Отава на 28 мај 1988 година4, која воедно претставува и негов меѓународен извор на право.5
2 EU Federation Factoring & Commercial Finance - Factoring, Receivables Finance & ABL, A study of legal Envirouments acrross Europe, 2011, pp.32.
3 Xxxxxxx, J., Poslovne finansije, Ekonomski fakultet Univerziteta u Bihaću, Bihać, 2007., str.260.
4 Целиот текст на Конвенцијата е достапен на: xxxx://xxx.xxxxxxxx.xxx/xxxxxxxxxxx/xxxxxxxxx
⦋пристапено на 17.12.2015 година⦌
5 Xxxxxxxxxx X., Poslovne finansije, Fakultet za menadžment malih i srednjih preduzeća, Beograd, 2011 xxxxxx.
Дефиниција
Според дефиницијата содржана во речникот „Вебстер“ (Xxxxxxx Disctionary)
„фактор“ е агент, кој може да биде банкарска или осигурителна компанија, ангажирани во финансирање на работењето на одредени компании или за финансирање преку откуп на побарувањата.
Во едноставна дефиниција: Факторинг претставува претворање на трговски кредити во готовина.
Xxxxxx X. Xxxxxx (Xxxxxx X. Xxxxxxx) во својата книга „Финансиски менаџмент“, го објаснува факторингот како: „Услуга која вклучува купување на побарувања од страна на финансиска организација, наречена фактор, кои се во сопственост на производители и дистрибутери спрема нивните клиенти
- купувачи, со тоа што факторот исплаќа кредит и врши наплата на побарувањата“.
Според X. А. Авдхани (V.A. Xxxxxxxx): „Факторинг е услуга од финансиска природа која вклучува конверзија на кредитни сметки во пари“.
Според зборовите на Кохок (Xxxxx): „Факторинг во основа значи средство за финансирање, со кое факторот купува книга на долгови на компанијата - клиент, на редовна основа, му исплаќа xxx по основ на отстапените побарувања, а потоа ги собира износите од купувачите на кои компанијата- клиент им ја има продадено и испорачано стоката“.6
Основни поими
Фактор – правно лице кое врши откуп на побарувања;
Клиент – правно лице и продавач кој му ги отстапува своите побарувања на факторот согласно Договорот за факторинг;
Купувач – го означува купувачот на стоката или услуга чии обврски произлегуваат од комерцијалниот однос со комитентот, од кој произлегуваат побарувањата кои се предмет на отстапување со Договорот за факторинг;
Провизија – износ кој го добива факторот за преземање и исплаќање на секое побарување кое го прифаќа преку склучениот договор со клиентот;
Лимит на отстапување – го означува максималниот износ на побарувањата на клиентот спрема одреден купувач, кои тој му ги отстапува на факторот;
Потврдено побарување – побарување за кое факторот го има потврдено отстапувањето, а чие постоење е потврдено и со докази, документи и податоци;
Процент на финансирање – го означува максималниот процент од одредено отстапено побарување, кое како авансна исплата, факторот може да му ја исплати на клиентот;
6 Xxxxxxxx X., The Factoring (in Polish: Faktoring), Difin, Warsaw 2001.
Лимит на финансирање – го означува максималниот износ на сума на авански исплати кои може да му бидат исплатено на клиентот за отстапените побарувања спрема одреден клиент;
Главница на отстапено побарување – го означува износот за исплата наведен на фактурата или друг документ со кој се потврдува побарувањето;
Пресметка – сметка која ја води факторот за клиентот во своите книги, во кои се книжат сите приливи и плаќања, обврски и побарувања во врска со отстапените побарувања;
Осигурана сума – го означува максималниот износ на побарувањата на клиентот спрема одреден купувач за кој факторот, го има превземено ризикот за наплата согласно договорот за факторинг, во случај на неликвидност на купувачот.7
1.2. Карактеристики на факторингот
Основни карактеристики на факторингот се8 :
1. Рокот кај факторинг обично е од 90 до 150 дена. Некои факторинг компании дозволуваат и рок од повеќе и од 150 дена.
2. Факторингот се смета за скап извор на финансирање во однос на другите извори на краткорочни кредити.
3. Факторинг аранжманот е идеално решение за финансирање на нови и новонастанати фирми кои не располагаат со силни финансии. Тоа е затоа што кредитната способност се оценува од аспект на финансиската моќ на купувачот (должникот). Така што овие компании можат да влијаат на финансиската моќ на своите клиенти.
4. Ненаплативи долгови нема да се смета за факторинг.
5. Кредитна способност на клиентот не е задолжителен услов кај факторинг аранжманите. Но, факторинг компаниите обично вршат анализа на кредитниот ризик пред да влезат во факторинг договор.
6. Трошоци на факторинг се: долгот и оперативни трошоци. Трошоците за факторинг варираат зависно од големината на трансакцијата, финансиската моќ на клиентите, итн.. Ваквата варијација се движи во рамка од 1,5% до 3% месечно во зависност од финансиската моќ на купувачот (должникот) на клиентот.
7. За задоцнети плаќања надвор од одобрениот кредитен период, се плаќаат
7 Centralna banka BiH, Bilten, br.4.
Nacrt Zakona o faktoringu, Federacija BiH.
Zakon o faktoringu, ''Narodne novine Republike Hrvatske'' br. 94/14. Zakon o faktoringu, Službeni glasnik Republike Srbije broj 62/13.
8 Xxxxxx X., The Factoring in the commercial practice (in Polish: Faktoring w praktyce handlowej), Dom Organizatora TNOiK, Toruń 1995
пенали од околу 1 - 2% месечно, над вообичаената цена за надомест (варира како 1% за првиот месец и 2%, за секој нареден).9
1.3. Општи услови за остварување на факторинг зделка10
Предмет на факторинг
Предмет на факторинг се постојните и идните побарувања на клиентот врз основа на испорачаните стоки или услуги на купувачите, отстапени на фактор до висина на лимитот на отстапувањето, во период на важење на договорот за факторинг и за кои, клиентот ги има испорачано фактурите до своите купувачи со одложен рок на плаќање.
Факторот може да го одбие преземањето на ваквите побарувања, од следниве причини:
- Оправдано сомнение за постоењето или можност за пренесување на ваквите побарувања;
- Недостатоци кои ја спречуваат, или би можеле да ја спречат или отежнат наплатата;
- Сомневање за неликвидност на купувачите на клиентот;
- Сомнежи во врска со валидноста на дадените гаранции од комитентот.
Неопходно е да се постигне согласност помеѓу клиентот и факторот, да факторот има право, побарувањата кои ги презема од клиентот со договорот за факторинг, му ги отстапи на друго лице како следен фактор (сукцесивен фактор) или во која било друга форма на отстапување на побарувања.
Факторинг зделката, согласно општите услови, се врши на основа на одлука на надлежниот орган на факторот, преку склучување на договор за факторинг. Договорот се смета за склучен кога ќе го потпишат овластените претставници на клиентот и факторот и истиот мора да биде склучен во писмена форма. Со договорот за факторинг, поблиску се уредуваат правата и обврските на клиентот и факторот како договорни страни, а согласно општите услови.
Договорот содржи и временска рамка за негова важност, која стапува на сила оној ден кој ќе биде назначен како ден на склучување на договорот.
Надоместок за отстапените побарувања
На клиентот му припаѓа, за секое отстапено побарување, надоместок еднаков на главнината на отстапеното побарување, намален за износот на трошоците кои ги имал факторот во врска со отстапените побарувања.
9 Bharati V.P.,The Indian Financial System, Xxxxxxx Publication
10 Xxxxxxxxxx X., Poslovne finansije, Fakultet za menadžment malih i srednjih preduzeća, Beograd 2011 xxxxxx.
Авансна исплата
Клиентот може да побара од факторот да му исплати износ еднаков на дел од надоместокот за потврдено побарување спрема одреден купувач во износ од 80% од главнината на побарувањето – процент на финансирање, како авансна исплата до достасување на плаќањето за ваквото потврдено побарување.
Гаранции од клиентот
Клиентот е должен, да за секое отстапено побарување, на факторот му гарантира дека:
- Отстапеното побарување во целост постои, како валидна, безусловна, неспорна и пренослива обврска спрема купувачот во износ и со рок на достасување како што е наведено во фактурата во која се искажано отстапеното побарување:
- Дека купувачот или друго лице нема какви било права во врска со отстапените побарувања во договорот за факторинг;
- Дека сите документи кои се предадени на факторот по основа на потврда за пренос на побарувањата, се автентични и важечки, дека при нивното потпишување, двете страни (клиентот и купувачот) се застапувани од нивните овластени лица, како и да приложените акти се донесени од страна на надлежните органи на клиентот и купувачот;
- Дека отстапените побарувања, согласно договорот за факторинг, нема да ги отстапи или заложи на некој друг, освен на факторот;
- Дека без претходна писмена согласност на факторот, нема да се согласи на промена на главницата, рокот на достасување или друг услов во врска со отстапените побарувања;
- Дека благовремено ќе го известува купувачот за извршеното отстапување на побарувањата по договорот за факторинг, освен во случај на скриен факторинг;
- Дека без посебно барање и без одлагање, ќе го известува факторот за сите околности кои му се познати, а може да бидат значајни за правата на факторот и обврски од договорот за факторинг, а особено за околности од кои може да се заклучи дека може да дојде до појава на неликвидност и презадолжување на купувачот;
- Дека во период на важење на договорот за факторинг, благовремено ќе го известува факторот, со приложување на потребната документација, за сите промени поврзани со односот на клиентот и купувачот (во случај на статусни промени, сопственички и капитални промени, промена на седиште, промена на овластени лица за застапување, промена на назив и сл.);
- Дека против клиентот или купувачот не се води судски или каков било друг спор, како и дека не постојат судски одлуки или одлуки на други органи во земјата и странство по основ на кои би можело да дојде до примена на мерки кои негативно би влијаеле на нивното работење и наплата на отстапените побарувања;
- Дека ги има прибавено сите согласности и одобрувања кои се неопходни за склучување и реализација на зделката од која произлегува побарувањето кое што се отстапува;
- Дека на овластениот претставник на факторот ќе му овозможи преглед на своите деловни книги во врска со деловниот однос помеѓу клиентот и купувачот.
Ризик од наплата
Штета која може да настане поради неможност за наплата на побарувањата отстапени по договорот за факторинг (ризик од наплата) ја сноси клиентот – факторинг со право на регрес. Независно од одредбите на претходниот став, ризикот за наплата на побарувањата ги носи клиентот и е одговорен за настанатата штета, без оглед дали постои негова вина или не, во случај:
- На повреда, неточност или спротивно постапување на клиентот во однос на дадените гаранции;
- Да клиентот и купувачот, пред склучување на договорот за факторинг и/или во време на негова важност, стекнат поединечни или меѓусебни владетелски или други права, така што клиентот и купувачот директно и/или индиректно остваруваат еднострана и/или заедничка владетелска и управувачка контрола, или се така меѓусебно поврзани да ефектите на бизнис зделката на едното лице влијае на работењето на другото;
- Доколку клиентот има заеднички финансиски интерес со купувачот и доколку неможноста за наплата е предизвикана и причинета намерно или со измама, така што не станува збор за неизвесен настан, кој не зависи од волјата на купувачот и клиентот;
- Дека плаќањето по отстапеното побарување не биде извршено поради некакви политички случувања или состојба на војна во земјата на купувачот, неможност за конверзија на валутата на земјата на купувачот во конвертибилна валута или забрана за трансфер, увоз на стоки и услуги, еднострано раскинување на договорот за купопродажба, запленување, оштетување, забрана за располагање или уништување на стоката причинети од страна на државата или нејзините институции, елементарни непогоди, како и поради други некомерцијални ризици.
Услови за користење на факторинг
Врз основа на рамковните услови и модели (кои постојат во развиените земји), факторинг како финансиска услуга ќе се нуди под следниве услови:
- Ќе се откупуваат до 80% побарувања по фактури кои доспеваат во максимален рок од 120 дена од денот на откуп на побарувањата (освен за побарувања од држава каде што овој рок може да биде и подолг);
- Надоместок за услуга до 1% од износот на фактурата:
- Камата од 5% на годишно ниво;
- Надоместок за обработка на фактурата од 20 евра;
- Предност во финансирање на откуп на побарувања имаат договори кај кои предмет на купопродажба е стока од домашно потекло, како и кај откуп на побарувања од страна на државата.
- Лимити – определени со одлука од страна на директорот и со финансискиот потенцијал на друштвото чии што побарувања се откупуваат.
Примена на соодветниот модел на факторинг за конкретен случај, ќе зависи од процената на ризикот на самата трансакција.
Документирачката основа за користење на факторинг услуга ја сочинуваат: Барањето за финансирање, Прашалник за финансиски услуги на факторинг, Известување за отстапување на побарувања (за одредени модели на факторинг), Договор за факторинг и останата неопходна документација со која се врши анализа на ризикот за конкретна факторинг зделка.11
Надоместок за проверка на бонитет
Од клиентот се наплаќа надоместок на име проверка на бонитетот на купувачот, а во врска со отстапените побарувања.
Промена на околности и услови на отстапените побарувања
Во случај да после склучување на Договор за факторинг, дојде до промена на околностите, или ако факторот дознае за околностите кои, доколку му биле познати во време на склучувањето на Договорот за факторинг, би влијаеле на донесувањето на одлуката за негово склучување, факторот може, врз основа на новите информации, податоци и документи кои укажуваат на предметната промена, во секој момент, а врз основа на одлука на својот надлежен орган, да ја намали или зголеми:
- Каматната стапка и начинот на пресметка на каматата;
- Провизијата;
- Паушален надоместок;
- Лимит на отстапување;
- Процент и лимит на финансирање;
- Осигурен износ;
- Да исклучи одреден должник од Договорот за факторинг.
1.4. Фази на факторинг зделка според воспоставената деловна практика
1. Клиентот пристапува до фактор компанијата и поднесува барање за користење на факторинг услуги;
2. Фактор побарува финансиски извештаи од клиентот (биланс на состојба во последните три години );
3. Клиентот пополнува апликација (формулар) за пријавување и ги поднесува финансиски извештаи за последните три години;
11 Види дел Прилози – Прилог 3, 4 и 5
4. Фактор компанијата врши проценка на клиентот, преку спроведување на неговата кредитна процена на квантитативни (ова вклучува и анализа на тековните коефициенти, показателите на профитабилност, итн.) и квалитативни параметри како што се интегритет, справување со ризици и сл. и дури тогаш го одобрува барањето на клиентот;
5. Откако ќе биде одобрено барањето, фактор компанијата го доделува вкупниот лимит на факторинг на клиентот. Клиентот е должен да ја достави книгата на извршени продажби на неговите клиенти на факторот, кој ги проценува купувачите, за потоа да ја одреди границата на санкција според квалитетот на самите купувачи;
6. Во случај на одобрување на барањето на клиентот, од клиентот се бара да ги достави следниве документи:
А. Документи за залог, ако ги има;
Б. Лична гаранција на директори, итн.;
7. Фактор компанијата ги испитува книгите на продажбата на купувачите на клиентот и спроведува длабинска анализа на купувачите. За ова нешто, факторот бара банкарски извештаи, кредитни извештаи од кредитни бироа итн.;
8. Врз основа на проценка на кредитната способност на секој купувач на клиентот, фактор компанијата поставува кредитен лимит за секој купувач;
9. Факторинг компанијата е должна да достави писмо со известување до купувачите на клиентот и од купувачите се бара истиот да го прифатат и да го испратат на фактор компанијата;
10. Се потпишува Договор за факторинг помеѓу клиентот и факторинг компанијата;
11. Клиентот е должен да ги достави оригиналните фактури и доказ за испорака на овие фактури;
12. Фактор друштвото врши отплата однапред (до 80% од вредноста на фактурата);
13. Факторинг компанијата управува со книгата на продажби на клиентот, испраќа потсетници на купувачите на клиентот за датум на пристигнувањето на побарувањата и врши наплата на долгот;
14. Факторинг компанијата користи соодветен софтвер за управување на горенаведените процеси;
15. Факторинг компанијата го плаќа билансот што се должи на клиентот по приемот на уплатата од купувачите.12
12 Bexxxx X., Upravljanje poslovnim marketingom, Tuzla 1995 xxxxxx,str.232.
Слика 1. Шематски приказ на факторинг зделка
Извор: Студија на факторинг во Македонија, 2009 година, стр.47
1.5.Потекло и настанување на факторинг дејноста
Во правната теорија не постои согласност околу потеклото и настанувањето на ова правно дело.
Според едно стојалиште, факторинг дејноста се појавила уште во XVII-тиот век п.н.е. во Вавилон, за време на важењето на познатиот Хамурабиев законик, каде поединечни производители ангажирале агенти да им помогнат во продажба на робата и наплата на купопродажната цена.13
Според друго стојалиште, настанокот на овој договор се поврзува со колонијалните освојувања на прекуморските земји од страна на поедини земји од Европа во XV и XVI век од н.е. кога европските производители и трговци ги користеле услугите на т.н. „фактори“ кои се наоѓале во прекуморските земји, со нивна помош да ја пласираат својата роба и наплатат купопродажната цена, при што факторите го преземале и del credre ризикот за наплата на цената, често давајќи и аванс за испорачаната роба.14
Бидејќи, за ваквите случаи станува збор за посредништво, застапување и комисион, се смета за најприфатливо стојалиште дека ова правно дело настанало на крајот на минатиот век во САД, каде што со царинска тарифа бил забранет и ограничен увозот на текстил и други производи од Европа во САД, што довело до промени во работењето на т.н. „фактори“, така што наместо трговски услуги, истите преминале на дејности на финансирање на
13 Превземено од:xxxx://xxx.xxxxxxxxxxxx.xxx/xxxxxx/xxxx-xxxxxxxxx ⦋Пристапено на ден 06.01.2016 година⦌
14 Xxxxxxx, X., The History of Asset-Based Lending, New York: Commercial Finance Association, 1994.
производството, како дејност со одредени модификација која што останала да постои и денес.
Историски гледано, во меѓународната трговија во период на појава на новите пазари, се појавила и потребата за пласман и наплата на побарувања на пазари во прекуморски земји. Прво, во надворешната трговија помеѓу САД и Англија почнуваат да се користат нови видови техники на тргување. Факторинг дејноста се развила од комисион услугата.15 Ризикот на меѓународната трговија во XIX век бил многу голем, поради кое нешто англиските фабриканти на текстил, кои ги извезувале своите производи на американскиот, за нив се уште непознат пазар, биле принудени да ангажираат агенти кои им вршеле комисиони услуги при продажбата на нивната стока. Американските агенти со текот на времето, почнале да ја проверуваат солвентноста на своите купувачи, како и почнале да извршуваат разни административни работи за своите клиенти. На ваков начин агентите на себе ја презеле целокупната грижа околу стоката и тоа од нејзиното истоварање на некое од пристаништата, па се до наплата на побарувањата. Агентите на ваков начин вршеле и услуги на шпедитирање, складирање, но и водење на деловни книги, издавање на фактури и водење на постапка за присилна наплата на побарувањата.16
Со развојот на трговијата, агентите, на барање на клиентите и нормално, за поголема провизија, прифатиле да им гарантираат на своите клиенти за солвентноста на купувачите, при што уште во момент на испорака на стока клиентите ги одобрувале договорените износи на име аванс, што всушност претставувало и плаќање на продажната цена, со одбивање на износот на име провизија за агентите. Со време, овие услуги се повеќе добивале облик на вршење на услуги за наплата на побарувања, со или без преземање на ризикот за наплата и финансирање на клиентот, со што првобитната форма на комисион услуга, односно договор, прераснува во нова специфична трговска дејност – факторинг.
Паралелно со трансформирање на комисион дејноста во факторинг дејност, се трансформирале и субјектите кои вршеле вакви услуги. Наместо трговски институции, кои се занимавале со комисион и други случајни дејности, факторинг услугите се повеќе ги вршат банките, како носители на промет, од кои некои се специјализирале токму само за вршење на ваква дејност.
Факторингот, иако се појавил во надворешната трговија, својата потполна афирмација ја добил во внатрешната трговија во САД, додека во Европа се појавува нешто подоцна и тоа прво во Германија, а подоцна и во другите развиени земји. Неговиот развоен тренд особено бил забележлив во Шведска и Италија. Во денешно време и земјите во транзиција, со задоволство прибегнуваат кон примена на ваквиот вид на финансирање, што е разбирливо ако се земе предвид практичноста од факторинг финансирањето од една
15 Rovčanin A., Upravljanje finansijama - drugo dopunjeno izdanje, Ekonomski fakultet, Sarajevo 2004.
16 Xxxxx Xxx Xxxx, Xxxx Xxxxxxxxx, Osnove finansijskog menadžmenta – deveto izdanje, Zagreb 2002.
страна и големата потреба од финансиски средства на економските субјекти, особено на малите и средните трговски друштва кои го карактеризираат и стопанството на нашата земја, од друга страна. Значењето на факторингот е големо и тоа не само за земјите во развој и транзиција, туку и во земјите со развиена пазарна економија. Во развиените земји, малите и средните трговски друштва трпат голем притисок во услови на нелојална конкуренција, па за да опстанат на пазарот, тие мора постојано да го унапредуваат своето работење и да нудат кредитни олеснувања и поволни услови на плаќање на своите купувачи, што е особено тешко ако се има предвид малите можности за добивање на класичен кредит од банките за помош на овие трговски друштва.
Во вакви случаи, факторинг услугата има големо значење, бидејќи со него се обезбедуваат финансиски средства за непречено работење без вложување во класични кредит аранжмани.
1.6. Историски развој на факторингот како трговска дејност
Почетоците на факторингот се поврзани со САД и комисиона дејност17. Во тоа време факторот на своите клиенти во Америка им продавал стока увезена од Европа, истовремено давајќи им гаранција на своите комитенти од Европа дека стоката ќе биде наплатена од купувачите. Често стоката била плаќана од страна на факторот пред тоа да го направат самите купувачи. Сега вршителите на оваа дејност (фактори) ги откупуваат побарувања на своите клиенти пред нивното достасување и на тој начин ги финансираат.
Потеклото на факторингот лежи во финансирањето на трговијата, особено на меѓународната трговија. Факторингот како факт во деловниот сектор се појавил во Англија пред 1400 години. Во тоа време се чинело дека истиот бил тесно поврзан со раните зачетоци на трговските банкарски активности. Но, како и сите други финансиски инструменти, и факторингот еволуирал со текот на вековите. Ваквиот развој бил поттикнат и од промените во организацијата на компаниите и развојот на технологијата, особено во воздушниот сообраќај и индиректните комуникациските технологии, почнувајќи прво преку телеграф, потоа преку телефон и компјутери. Целиот овој развој бил пропратен и со модификации на заедничката рамка на законот во Англија и САД.
17 Комисион е во основа услужна дејност, каде што продавачот ја продава стоката на купувачот во свое име и за туѓа сметка, а после продажбата се прави пресметка на продажбата. Данокот го плаќа продавачот, а разликата му ја враќа на дистрибутерот (по одбивање на неговата провизија).
Комисион детално и поимно е дефиниран во глава XXII во член 827 од ЗОО на РМ кој предвидува дека:„(1) Со договорот за комисион се обврзува комисионерот за надомест (провизија) да изврши од свое име и за сметка на комитентот една или повеќе работи што му ги доверува комитентот. (2) Комисионерот има право на надомест и кога овој не е договорен.“ („Службен весник на Република Македонија“ брoj 18/2001 и неговите подоцнежни Измени и дополнувања на законот објавени се во “Службен весник на Република Македонија” брoj 4/2002 година, брoj 5/2003, брoj 84/2008, број 81/2009, број 161/2009 и број 123/2013)
Владите на овие земји, првично се залагаа за олеснување на трговијата финансирана од фактори. Англиското обичајно право првично сметаше дека, ако должникот не е известен за доделувањето на фактурите од продавачот на факторот, ваквата факторинг зделка не е валидна. Подоцна во САД, во текот на 1949 година, поголемиот дел од државните влади го усвоија правилото дека должникот не мора да биде известен за извршеното отстапување, со што беше олеснето и забрзано склучувањето на факторинг аранжманите, од типот на неизвестувачки (необјавен) факторинг.
Првично индустријата го превземала физичкото владение на стоката (индустриско производство), обезбедувајќи аванс на производителот, финансирање на кредити одобрени на купувачот и зајакнување на кредитната сила на купувачот. Во Англија контролата врз трговијата резултирала со донесување на посебен Закон на Парламентот во 1696 година, за да се ублажи монополската моќ на индустријалците. Со развојот на големите фирми, кои изградиле свои продажни сили и дистрибутивни канали, се појавила и потребата за запознавањето со финансиската моќ на самите купувачи, поради што и развојот на факторинг услугите се менува и индустријата станува се повеќе специјализирана.
До XX-иот век, факторингот во САД станал доминантна форма на финансирање на обртни средства за тогаш високо развиената текстилната индустрија. Делумно, поради структурата на банкарскиот систем на САД, огромниот број на мали банки и постепеното ограничување на износот што може да го авансира секоја банка на некоја фирма. Во Канада, ограничувањата на националните банки биле далеку помалку рестриктивни, со што довело до тоа факторингот да не се развие толку широко и толку брзо како во САД. Но, дури и тогаш факторингот останал доминантна форма на финансирање на канадската текстилната индустрија.
И денес, суштината на факторингот уште вклучува финансиска задача за унапредување на средства за развој на малите и брзо растечки компании кои продаваат на поголеми и повеќе кредитоспособни организации. Иако, скоро никогаш не стекнуваат сопственост над продадената стока, факторите нудат различни комбинации на пари и други услуги за поддршка и напредување на нивните фондови.
Факторите често им обезбедуваат, на своите клиенти, четири клучни услуги: информации за кредитната способност на нивните потенцијални купувачи (домашни и меѓународни); одржување на историјата на плаќања на купувачите (т.е. книга на побарувања); секојдневно управување со извештаи за наплата и наплата на побарувањето. Надворешно кредитната функција на факторингот им овозможува на малите фирми стабилно место на пазарот и го изолира нивниот опстанокот од уништувачките последици од стечај или финансиски тешкотии на големите клиенти. Втора клучна услуга е управување со побарувања. Ваквата услуга ја елиминира потребата и трошоците за ангажирање на постојан стручен кадар со кој вообичаено располагаат големите фирми. Веќе во втората половина на XX-иот век, со воведување на
компјутерите се олесни товарот за вршење на сметководствени услуги на факторите, а со тоа и на малите фирми. Со тоа се олесни и добивањето на информации за кредитната способност на должникот. Воведувањето на интернет само дополнително го забрза овој процес, а се намалија и трошоците. Денес кредитните информации за бизнис - субјектите и обезбедувањето на побарувањата, се достапни во секое време и се вклучени на интернет. Интернетот, исто така, им овозможи на факторите и нивните клиенти да контактираат и да соработуваат во реално време. Прием на потпишани документи по пат на телефакс, кои како такви се правно обврзувачки за странките, се елиминира потребата за физичка испорака на „оригиналите“ и непотребното доцнење за претприемачите.
До крајот на минатиот век, основен мотив на јавната политика за факторингот и понатаму останува на ставот дека производот е добро прилагоден на барањата на брзо растечките и иновативни компании, што е од клучно значење за економскиот раст.18
2. Видови на факторинг
Постојат различни видови факторинг кои се делат според различни критериуми.19 Според територијалниот принцип факторингот се дели на домашен и меѓународен, во зависност од тоа дали договорот за факторинг е склучен помеѓу фактор и клиентот во иста земја или не. Кај домашниот факторинг, продавачот и купувачот на стока потекнуваат од иста земја, па прометот на стоки и услуги не се смета како увоз и извоз.
2.1. Домашен и меѓународен факторинг
❖ Домашниот факторинг обично се остварува во неколку чекори и тоа:
Чекор 1: Потенцијалниот купувач испраќа понуда за купопродажба до продавачот;
Чекор 2: Продавачот – клиент поднесува понуда до факторот за купување на побарувања;
Чекор 3: Факторот ја проверува кредитната способност на купувачот;
Чекор 4: Ако факторот е задоволен од добиената информација, ја одобрува трансакцијата;
Чекор 5: Продавачот ја испраќа робата, заедно со оригиналната фактура до купувачот, во која се содржани детални упатства за купувачот за плаќање на истата директно на факторот, на кого му е отстапено правото на наплата на побарувањата;
18 Xxxxxxx Xxxxxx Xxxxxxxx, Project report on factoring, Xxxx Xxxxx College India, 2010 p.6-7
19 Јовановски П., Финансиски менаџмент, Скопје, 2006, стр.7.
Чекор 6: Клиентот исто така испраќа примерок од оригиналната фактура до факторот;
Чекор 7: По добивање на примерокот од фактурата, побарувањата се префрлуваат на факторот во согласност со договорот за факторинг. Во исто време, факторот му испраќа на клиентот износ од 80% од вредноста на фактурата, со што клиентот веднаш добива пристап до овие парични средства. Факторите обично го одобруваат финансирањето по добивање на примерокот од фактурата. Факторот зема провизија на вкупниот износ ( на пример 1- 2% од износот на фактурата).
Чекор 8: На денот на достасување (на пример, по истек на рок од 60 дена), купувачот го плаќа полниот износ на фактурата на факторот. Ако плаќањето доцни, факторот иницира постапка за наплата спрема купувачот.
Чекор 9: Факторот го префрла износот на сметката на клиентот откако ќе ја одбие провизијата, каматите, трошоците и сл.
Извор: Репрезент – Рафајловски консалтинг Јули/Август 2013 година, стр.6
1. Продадени добра или услуги;
2. Понуда за продажба на побарувања;
3. Проверка на бонитетот на должникот;
4. Исплата на аванс (80-90%);
5. Плаќање од должникот на денот на стасаност на побарувањето;
6. Фактури за надомест и преостанат износ (10% - 20%).
❖ Постапката кај меѓународниот факторинг е слична како и кај домашниот со тоа што тука се вклучени четири договорни страни кои дејствуваат на следниот начин:
Чекор 1: Продавачот на робата – извозник ја продава и ја испорачува робата на клиентот – увозник и му ја испраќа фактурата;
Чекор 2: Продавачот ги отстапува побарувањата на домашниот фактор со копија од фактурата и друга пропратна документација која го докажува нивното постоење;
Чекор 3: Домашниот фактор ги предава побарувањата на факторот во странство т.е. во државата на купувачот;
Чекор 4: Факторот во странство го информира клиентот дека побарувањата се пренесени;
Чекор 5: Домашниот фактор покрива барем 80% од вредноста на фактурата, однапред;
Чекор 6: На датумот на достасување, купувачот ја плаќа фактурата на факторот во странство, кој го префрлува овој износ на сметка на домашниот фактор, намален за провизија за услугата;
Чекор 7: Домашниот фактор го добива плаќањето од факторот од странство на датумот на достасување на побарувањата кои што понатаму му го должи на клиентот – продавач, намален за сите трошоци и провизии.
Извор: Репрезент – Рафајловски консалтинг Јули/Август 2013 година, стр.6
1. Извезени добра и услуги;
2. Понуда за продажба на побарувања;
3. Копија од фактура;
4. Проверка на бонитет на должникот;
5. Меѓуфакторски договор (полиса за осигурување);
6. Исплата на аванс (околу 80%);
7. Плаќања од должникот на денот на стасаност на побарувањата;
8. Фактура за надомест и преостанат износ (околу 20%).
Извор: Репрезент – Рафајловски консалтинг Јули/Август 2013 година, стр.7
1. Увезени добра и услуги;
2. Понуда за продажба на побарувања;
3. Копија од фактура;
4. Проверка на бонитет на должникот;
5. Меѓуфакторски договор (полиса за осигурување);
6. Исплата на аванс (околу 80%);
7. Плаќања од должникот на денот на стасаност на побарувањата;
8. Фактура за надомест и преостанат износ (околу 20%).20
2.2. Директен и индиректен факторинг
Според бројот на договорните страните во факторинг односот се разликуваат директен и индиректен факторинг.21 Директен факторинг е оној во кој и клиентот и факторот се во иста земја (т.е. земјата на извозникот - продавач), со учество на само еден фактор, а по пренос на побарувањата се воспоставува директен однос помеѓу факторот и увозникот - должник. За индиректен факторинг карактеристично е тоа дека постојат два фактора - извозен фактор и фактор во земјата на увозникот. Должникот од својот бизнис (увозникот) ја исполни својата обврска за плаќање на факторот во својата земја (увозен фактор), а ваквата уплата увозниот фактор му ја пренесува на фактор во земјата на извозникот - клиентот. Во овој случај, помеѓу извозникот - клиент и факторот во земјата на увозот, не постои никаков договорен однос, а основниот договор за купопродажба е сосема одвоен од договорот за
20 Рафајловска X., Репрезент – Рафајловски консалтинг Јули/Август 2013 година, Скопје
21 Xxxxxxx Xxxxxxxx – Kljenak, Faktoring kao savremeni bankarski proizvod, 2009 Beograd
факторинг. Факторот и увозникот често се дел од меѓународната асоцијација на фактор компании кој е покриен со договор за меѓународен факторинг. Правна природата на односот помеѓу субјектите на индиректниот факторингот е суштински поинаква од другите видови на факторинг односи.
Индиректниот факторинг според принципот на функционирање се поистоветува со меѓународниот факторинг, па во суштина и го објаснува процесот на кој се одвива факторинг односот во меѓународната трговија, за разлика од директниот факторинг кој е карактеристичен за домашните бизнис односи. Меѓутоа, развој на праксата и униформни правила на факторинг, го сведуваат и меѓународниот факторинг на учество само на еден фактор во односот, било да е тој од земјата на продавачот било да е од земјата на купувачот – должник, исто како кај директниот факторинг.
Кога станува збор за директен факторинг, тогаш се подразбира бизнис однос во кој факторинг фирмата ги откупува побарувањата на својот клиент, било да се тие пристигнати или непристигнати. Тоа значи дека станува збор за еден деловен однос каде што предмет е исклучиво само откуп на побарувања. Кај индиректниот факторинг односот на факторот и неговиот клиент се однесува на посредување од страна на факторот. Кај овој вид факторинг, факторот се јавува како финансиер на клиентот, т.е. како посредник при купопродажбата. Индиректниот факторинг, со својот развој довел до тоа факторот да не само ја продава робата, туку и да делува како трговски посредник, односно ги спојува и ги финансира овие зделки. Големо значење се дава и на тесната соработка помеѓу факторот и неговиот клиент. Тоа значи дека сите нарачки кои ќе бидат извршени, а пред нивната испорака, ги одобрува факторот, испитувајќи ја кредитната способност на купувачот, која се спроведува детално и подразбира употреба на сите достапни извори на информации за купувачите.
Факторот за своите клиенти може да извршува и други, главно сервисни услуги и тоа:
- Водење на сметководство;
- Контрола и ревизија на деловните книги и извештаи;
- Информатички услуги;
- Водење на сите видови на производни, продажни и финансиски услуги.
Факторот во постапка за откуп на побарувањата, наплатува и дисконтна факторинг провизија. Цената на ова провизија зависи од видот на зделката, рокот на достасување на побарувањата и процена на висината на ризикот.22
Дисконтната факторинг провизија, се пресметува на два начина:
- Камата плус метод;
- Дисконтен метод.
Примена на методот со кој се пресметува дисконтна факторинг провизија, прикажана е во следниот пример:
22 Xxxxx, X., Xxxxxxxxx, X. Пословне финансије. Београдска пословна школа, Београд, 2008.
⮚ Камата плус метод:
- Износ на фактура 2.000 евра;
- Исплата на готовински дел во висина од 80%;
- Факторинг провизија (дисконт) 3%;
- Каматна стапка 12% годишно;
- Рок на доспевање на побарувањата 45 дена
1. Факторинг провизијата изнесува: 2.000 € x 3%=60 €
2. Однапред испплатен износ: 2.00 € х 80%=1.600 €;
3. Износ на камата на однапред исплатениот износ: 1.600 € х 12% х 45=24 €
4. Вкупни трошоци се: 60+24=84€ (провизија+камата)
5. Вкупни трошоци на факторинг се: 84/2.000=4,2%
⮚ Дисконтен метод:
- Износ на фактура: 2.000 евра;
- Исплата на готовински дел: 80%
- Факторинг провизија (дисконт) е 3% - за првите 30 дена, потоа по 1% за секои 10 дена;
- Рок на доспевање на побарувањата: 45 дена;
- Нема каматна стапка
1. Факторинг провизијата за првите 30 дена изнесува: 2.000€ х 3%=60€
2. Факторинг провизија за наредни 10 дена изнесува: 2.000€ х 1%=20€
3. Факторинг провизија за наредните 5 дена изнесува: 1.000€ х1%=10€
4. Вкупни трошоци изнесуваат: 6+20+10=90€
5. Вкупни трошоци за факторинг изнесуваат: 90/2.000=4,5%
2.3. Отворен и затворен факторинг
Значајна е и поделбата на факторингот на отворен и затворен (скриен), во зависност од тоа дали факторот се појавува спрема должникот како доверител на побарувањата или не. Кај отворениот факторинг, доверителот – клиент му ги пренесува на факторот своите побарувања, а должникот по приемот на известувањето за ваквиот пренос е обврзан да му го исплати на факторот должничкиот износ, а не на продавачот. Во пракса ова се остварува преку издавање на дупликат сметка, со цел факторот да може да ја наплати извозната вредност (цена). Кај овој вид факторинг, факторот е во директен контакт со должникот - увозник кој е запознаен со фактот дека куповната цена му ја плаќа на фактор, а не на продавачот. Кај отворениот факторинг, помеѓу факторот и неговиот клиент се создаваат два можни правни односи. Во првиот случај, факторот во целост ги презема побарувањата и му ја исплаќа на клиентот противвредноста намалена за провизија, без право на регрес. Во вториот случај, клиентот му го пренесува на факторот само правото за наплата на побарувања. Факторот ја врши наплатата во свое име и за
сметка на клиентот со провизија. На овој начин, обично се финансира продажба на стоки на кредит, кој извозникот - клиент му го одобрил купувачот - увозник.
По склучување на договорот, факторот ќе му ја исплати вредноста на побарувањата на клиентот намален за 10% до 25% од вредноста на побарувањата. Ова исплата на клиентот претставува краткорочен кредит и на овој начин веднаш се доаѓа до ресурси на кои инаку ќе мора да чека, за кое нешто факторот наплаќа провизија. Кај отворениот факторинг превладуваат елементи на кредит.
Кај затворениот (скриен) факторинг, купувачот не е запознаен со продажбата на побарувањата, а правната структура ја има следнава конструкција: Прво, стоката која е наменета за извоз, продавачот (клиентот) ја продава на факторот, потоа факторот како прикриен налогодавач истата стока ја препродава, преку извозник, на кредит на странски купувач. Пред странскиот купувач истапува само клиентот, кој не е вистинскиот сопственик на стоката (затоа што веќе ја има продадено стоката на факторот) и истапува во свое име и за сметка на факторот како комисионер на факторот.
Комплексноста на оваа трансакција е во тоа да цената на препродажба биде поголема, бидејќи во неа е вкалкулирана и заработката на факторот, но исто така и краткорочниот кредит одобрен на извозникот. Странскиот купувач не знае за факторот и ја плаќа цената директно на извозникот, кој е de facto комисионер на факторот. На овој начин, извозникот добива готови пари, иако стоката се продава на кредит, а факторот добива провизија, која е поголема од онаа кај отворениот факторинг.
2.4. Факторинг со регрес и факторинг без регрес
Значајни поделба е и она на факторинг со регрес и факторинг без регрес. Факторинг со регрес е зделка во која доверителот одговара не само за постоење на побарувањата, туку и за нивната наплативост, така што во случај факторот да не успее да ги наплати отстапените побарувања, тој има право на регрес спрема клиентот. Секогаш се обезбедува со бланко меница, залог, обврзници акции или друг инструмент за обезбедување. Факторинг без регрес е зделка кај која целиот ризик за наплата на побарувањата го презема факторот, нормално за многу поголема провизија (т.н. del credere провизија)23. Оваа бизнис зделка е многу слична со форфетингот. Единствената разлика е во тоа што кај факторингот се однесува исклучиво само на краткорочни побарувања.
Во суштина, процес на факторинг со регрес или без регрес е ист и се одвива во неколку чекора:
Чекор 1: Клиент го праќа производот со оригиналната фактура на купувачот. Ова фактура вообичаено содржи инструкции за купувачот дека
23 Del credere (на итал. доверба, верување) е клазула во договорните односи која претставува еден вид гаранција за некое трето лицето дека истото ќе ја исполни својата обврска
плаќањето треба да го изврши спрема факторот (со детали за начинот на плаќање). Во исто време, клиентот испраќа копија од оригиналната фактура на факторот.
Чекор 2: Со прием на копија од фактурата од страна на факторот, се смета дека е извршен преносот на побарувања што произлегуваат од истата, во согласност со претходно склучениот договор за факторинг. Во исто време, факторот ја прави достапна кредитната линија (вообичаено таа изнесува до 80% од вредноста на фактурата) согласно која клиентот може веднаш да ги повлече средствата (факторите обично го одобруваат финансирањето во период од еден ден од прием на фактурата од клиентот).
Чекор 3: Купувачот ја плаќа полната цена по фактурата директно на факторот на денот на нејзиното достасување. Во случај на задоцнето плаќање, факторот иницира постапка за присилна наплата на долгот спрема купувачот. Во случај на континуирано неплаќање, обично факторот е тој кој ја иницира правната постапка и одземање на имот во постапка за присилна наплата спрема купувачот. Во случај на факторинг со регрес, факторот има можност да се обрати (регресира) на клиентот за која било сума од неплатените побарувања. Спротивно на тоа, кај факторингот без регрес, факторот ја презема секоја загуба до договорениот датум (во некои случаи ваква загуба може да биде обезбедена со кредитно осигурување кое го зема факторот).
Чекор 4: По извршеното плаќање од страна на купувачот (или во случај на одложено плаќање до договорениот датум) до полниот износ на фактурата, факторот го кредитира балансот (намален за однапред исплатениот износ и надоместокот) на сметка на клиентот. Договорот за факторинг во повеќето случаи се склучува на основа на вкупниот промет на клиентот (не само за индивидуални фактури) и како таков, факторинг процесот е траен и обновлив. Ова важна карактеристика значи дека факторингот вклучува и продажба на сите клиентови книги на факторот.
2.5. Други видови на факторинг
Факторингот исто така се дели и на традиционален облик на факторинг и факторинг на пристигнатост. Во вообичаените форми на факторинг побарувања, клиентот се исплаќа веднаш, така што изостанува кредитната функција од овој однос. Спротивно на тоа, кај факторинг на пристигнатост, побарувањата му се исплаќаат на клиентот по нивното пристигнување за наплата, така што тука е очигледно кредитирањето како функција на факторингот.
Факторинг на пристигнати и факторинг на непристигнати побарувања. Овој вид на факторинг е карактеристичен кај откуп на краткорочни, недоспеани побарувања, што во пракса се однесува и на откуп на веќе доспеани краткорочни побарувања. Факторот ја исплаќа противвредноста на фактурата на клиентот во рок од 3 до 5 дена по достасувањето, со или без право на регрес.
Факторинг со финансирање и факторинг без финансирање. Кај факторингот со финансирање, факторот му исплаќа на клиентот аванс во моментот на пренос на побарувањата, кој може да биде одреден во процент и најчесто се движи од 70 до 90% од вредноста на фактурата со која се отстапуваат побарувањата, а може да биде и во висина на целокупната вредност на побарувањата намален за износ на камата. Авансот содржи пасивна каматна стапка за клиентот која се пресметува на месечно ниво. Факторинг без финансирање не предвидува исплата на аванс во момент на пренос на побарувањата, па факторот му ги исплаќа побарувањата на клиентот:
- По достасување, ако го преземал и ризикот на побарувањата;
- Кога ќе го наплати побарувањето, ако не го преземал ризикот на побарувањата.
Ваков вид на факторинг се склучува со цел за преземање на ризикот за наплата на побарувањата од страна на факторот и водење на книговодството.
Факторингот може да биде целосен факторинг и факторинг од доверба. Целосен факторинг, покрај наплата на долговите вклучува и извршување на услуги кои се во корелација и го следат отстапеното побарување. Факторинг од доверба е таков бизнис каде што клиентот не го известува должникот за постоење на факторинг, додека факторот го задржува правото на регрес од клиентот.
Поделба на факторинг според функција, разликува потполн (прав) факторинг, каде што факторинг друштвото исплатува аванс (80% - 90%), го презема управувањето со побарувањата и одговорноста за наплата на побарувањата од купувачот - должникот т.е. ги презема сите три функции на факторинг (финансирање, управување со побарувањата и del credere ризик (ризик од наплата). Вообичаено се известува купувачот - должникот за преносот на побарувањата од клиентот - продавачот (отстапувачот) на факторинг друштвото. Вториот вид е непотполн (квази) факторинг, каде што факторинг друштвото ги откупува побарувањата од отстапувачот, но презема само две функции: финансирање и управување со побарувањата, без преземање на del credere ризик. Отстапувачот со посебен договор ја презема одговорноста за наплата.
Квази факторинг се јавува во случај, кога фактор не ги врши сите, туку само една или две од неговите основни функции.
2.6. Специфичности на меѓународниот факторинг како трговска дејност
Кај продажба на стоки на странските пазари, се јавуваат голем број на проблеми. Постојат значајни разлики помеѓу земјите во поглед на однесувањето на купувачите, различна на валута за плаќање, различна правна рамка и јазик и информатичката технологија, како и сите видови на ризик кои го следат овој процес. Странските купувачи вообичаено бараат исплата на купената стока да биде на подолг рок. Ова може негативно да влијае на
ликвидноста на продавачот и слично. Сите овие проблеми на соодветен начин ги решава меѓународниот факторинг (наплата на побарувањата да биде во валута на земјата на извозникот, на неговиот јазик, 100% заштита од ненаплатливоста, зајакнување на меѓународната конкурентност, итн.) Тоа е особено важно за малите извозници и за многу други мултинационални корпорации.
Кај меѓународниот факторинг се среќаваат повеќе стратегии на договорот: продавач-клиент, неговиот домашен фактор, купувач во странство (деловен партнер на клиентот) и кореспондирачки фактор во земјата на купувачот. Самата појава на меѓународниот факторинг го зголемува бројот на услугите на факторот: надворешно-трговски, девизни, даночни, царински и други. Оваа карактеристика на факторингот, всушност, ја наметна и потребата за унификација или хармонизација на оваа материја.
3. Меѓународен факторинг како инструмент за финансирање на меѓународното стопанство
Општо земено, факторинг услугите се многу популарни за домашниот бизнис, но тие постепено навлегуваат и во извозниот бизнис. Меѓународниот факторинг ја финансира меѓународната трговија. Како таков, претставува сеопфатен спектар од дејствија на управување со побарувања и нивната брза и ефикасна наплата во странство.
Бидејќи во претходните глави беше дадено објаснување за природата на факторингот и неговите видови, во оваа глава од трудот ќе се разговара за конкретни проблеми кај факторинг трансакциите и ќе бидат презентирани напорите на меѓународната кодификација да се справи со нив, сè со цел да се создаде меѓународна средина погодна за такви трансакции.
Факторингот, како што споменавме и претходно е една од најстарите и најчестите методи на финансирање на побарувањата. За разлика од општите објаснувања кај договорот за факторинг, карактеристично кај договорот за меѓународен факторинг е тоа дека извозникот ја отстапува наплатата од договорот за продажба на финансиската институција, наречена фактор, која ја авансира куповната цена на стоките или услугите, намалена за трошоците за ваквата услуга.
На овој начин увозникот ги насочува своите плаќања (под услови од неговиот договор со извозникот) на факторот. На некој начин, факторинг трансакцијата претставува поделба на трудот помеѓу извозникот и финансиската куќа – факторот. Особено во контекст на меѓународната трговија често е корисно да помеѓу извозникот и увозникот се постави некој кој има искуство во комерцијални трансакции и кој е подобро подготвен да го процени кредитниот ризик и да може да ги наплати побарувањата.
Во меѓународниот факторинг, постојат четири учесници и тоа: извозникот (клиент), увозникот (клиент), фактор на извоз и фактор на увоз. Фактор на извоз дава услуги за потребите на клиентите во земјата, додека фактор на увоз врши
проценка на кредитната способност на купувачот во поглед на макро - состојбата во странската земја и други специфични индустриски фактори. Тој, исто така ја презема наплатата и го следи односот се до негова конечна реализација. Во меѓународниот факторинг, обично факторинг услугите не се вршат од страна на банките, туку сите потребни документации и формалности за потребите на клиентит се вршат од страна на факторот на извоз кој воедно е и овластен дистрибутер.
Слика 2. Техника на меѓународен факторинг
Финансирање на побарувања е постапка со која долговите на компаниите се продаваат на пазарот со цел да се зголеми нивната ликвидност. Механизмот за ваквото работење се базира на системот на долгови.
Практиката на финансирање на побарувања е од фундаментално значење за работењето и опстанокот на капиталистичкиот систем. Во повеќето развиени земји најголемиот дел од корпоративното богатство е заробено во побарувањата. Токму системот на финансирање на побарувања овозможува да овие средства бидат ослободени, без да се чека за долговите да созреат. Ова ја зголемува вкупната ликвидност и им овозможува учество на пазарот за финансирање и на новите трговски друштва.
Ефикасното функционирање на меѓународната трговијата во голема мера се заснова на способноста на договорните страни да ги наплатат своите побарувања. Некои од најчестите методи на финансирање на побарувањата се факторинг, форфетинг, лизинг и хартии од вредност. Во овој дел од трудот ќе се претстави и објасни работата на еден посебен вид на финансирање на побарувањата, а тоа е меѓународен факторинг.
Факторот, кај меѓународниот факторинг не мора да се ограничи само на услуга за наплата на цената од страна на извозникот, но исто така може да обезбеди услуги за управување со кредит. Во согласност со одредбите од договорот за факторинг, факторот може да се справи со внатрешната кредитна контрола и евиденција на продажбата на извозникот.
Овие користи од услугата на факторинг, по договорот, ќе бидат вклучени во трошоците на факторот.
Различните видови на факторинг влијаат на организацијата на договорот и неговите правни последиците, но сите тие имаат иста функција. Изборот на видот е обично е прашање на погодност. Битен елемент е и намерата на страните од договорот, кои можат структурата на договорот да ја уредуват на таков начин што тоа најдобро ќе ги одразува нивните индивидуални потреби. Па, така во меѓународната трговија постојат три главни методи на дејствување на меѓународниот факторинг: отворен и скриен факторинг, систем на два фактора, факторинг со директен увоз и извоз и повратен факторинг.24
3.1.Објавен и скриен факторинг
Во зависност од тоа дали увозникот е известен за постоење на однос помеѓу извозникот и факторот, факторингот може да биде отворен или скриен. Отворен факторинг е аранжман според кој извозникот влегува во факторинг договор со финансиска куќа – фактор, кому му ги пренесува своите побарувања од купопродажба. Тогаш увозникот е известен за ваквиот пренос и знае дека треба да ја изврши исплатата на факторот. Овој финансиски аранжман обично се остварува на нерегресна основа. Тоа значи дека факторот не може да ги побарува доделените средства од извозникот ако увозникот не ја плати купопродажната цена, односно со други зборови, тој го презема кредитниот ризик од трансакцијата. Оние побарувања кои не се одобрени од страна на факторот се доделуваат на регрес основа, па тој може да ги наплати од извозникот во случај на неплаќање од страна на увозникот. Факторинг аранжманите обично се договараат на целиот промет. Овој аранжман предвидува обврска за извозникот да ги понуди сите свои побарувања на факторот кој ја добива провизијата. Скриен факторинг, кој вообичаено се спроведува врз основа на регрес, не го вклучува увозникот. Тука се склучува договор помеѓу фактор и извозникот, така да увозникот останува должен да плати како што е договорено во рамките на договорот за продажба. По приемот на уплатата, извозникот држи средства на посебна сметка во банка како доверител на факторот.25
24 A.N.K. Mizan.,Factoring: a Better Alternative of International Trade Payment methods - ASA University Review, Vol. 5 No. 2, July–December, 2011.
25 Xxxxxxx Xxxxxxxx, An Introduction to International Factoring and Project Finance, Munich Personal RePEc Archive, September 2002, p.15.
Слика 3. Скриен факторинг
3.2. Систем на два фактора
Меѓународна факторинг трансакција вклучува голем број елементи по кои се разликува од домашната факторинг трансакција. Најважните разлики се можеби различни јазици на страните во договорот за продажба и тешкотиите да се процени кредитната способност на странскиот инвеститор. Како одговор на овие размислувања бил развиен системот на два фактора, кој вклучува употреба на два фактори, по еден во секоја земја, кои се занимаваат со извозникот и увозникот, соодветно.
Факторот на извоз добива информации од извозникот за видот на неговиот бизнис и за предложената трансакција го контактира фактор за увоз назначен од страна на увозникот и се согласува со условите на договорот. Увозникот му ги отстапува средствата на факторот на увозот, кој потоа ги пренесува на факторот на извозот, намален за трошоци на неговата услуга. Во системот на два фактора, факторот за увоз и увозникот не стапуваат во директен контакт. Ова од причина што системот главно се базира на три договори, еден помеѓу извозникот и увозникот, по еден помеѓу фактор на извоз и извозникот и еден помеѓу самите фактори. Важно е да се има на ум дека обврските на факторот на увоз во однос на фактор на извоз само вклучуваат одредување на кредитниот рејтинг на увозникот и наплата на побарувањето. Факторот за увоз го презема кредитниот ризик однос на одобрените побарувања и е одговорен за пренос на средствата на фактор на извоз.
Од друга страна, факторот на извозот е одговорен на фактор на увоз за прифаќање на каков било регрес.
Систем на два фактора се базира на постоењето на синџир на други фактори учесници. Овој синџир на соработка е поставен со цел да се олесни соработката помеѓу факторите на увозот и извозот со цел да се развијат заеднички правила и сметководствени постапки.
Како членови во факторинг синџирот учествуваат и повеќето големи трговски народи. Некои од нив го ограничуваат своето членство само на еден фактор по земја (затворен синџир), додека другите се отворени за учество на повеќе фактори во иста земја (Factors Chain International).
Систем на два фактора има повеќе предности. Главните предности на овој систем се однесуваат на ефикасноста и брзината. Фактор на увозот е во подобра ситуација за да ја процени кредитната способност на увозникот и ефективно да комуницира со него. Тој ја знае правната и деловна клима во земјата и е во состојба да преземе брза акција во случај на ненавремено плаќање на обврската. Ова може да помогне за да се избегнат недоразбирањата и евентуалните спорови. Учество на факторот на увоз го намалува притисокот на факторот на извоз и ја поедноставува постапката.
Истите овие елементи го прават овој систем поприфатлив за извозникот кој е поштеден од непријатностите дополнително да се справува со странскиот фактор. Понатаму, постои можност за клиентот да оствари попуст на трошоците ако факторот за увоз врши плаќања по намалена стапка за плаќање во својата земја (ако тие се пониски од оние во земјата на извозникот). Конечно, употребата на овој систем може да помогне во намалувањето на ризикот на плаќањата кај меѓународната трговија преку забрзување на циркулацијата на средствата. Колку е побрз протокот на средства од купувачот на продавачот, толку е помал ризикот од промена на девизниот курс меѓу датумот на испорака и денот на уплатата.
Главниот недостаток на системот на два фактора се високите трошоци за услугата. Зголемување на цената како резултат на ангажирање на два фактора го прави овој аранжман несоодветен за трансакции со ниска вредност, а понекогаш може да дојде и до пролонгирање на преносот на средствата за плаќање и појава на двојни записи. Сепак, употребата на синџири на фактори ги прави трансакциите побрзи преку употреба на клириншкиот систем. Понатаму, електронската форма на пренос на записите може да помогне во ублажување на потребата за водење и чување на ваквата двојна евиденција.26
26 Xxxxxxx Xxxxxxxx, Op.cit., September 2002, p.16.
Слика 4. Систем на два фактора
3.3. Факторинг со директен увоз и извоз
Факторинг со директен увоз подразбира ситуација кога извозникот му ги отстапува своите побарувања на факторот во земја на должникот. Ова е обично случај кога постои значителен обем на извоз во одредена земја. Ова решение е евтин и временски ефикасен метод на наплата на долгови, но притоа не служи на целта заради која се користи факторингот, а тоа е обезбедување на финансии на извозникот.
Фактор на овој начин врши наплата на долгот и не се впушта во утврдување на кредитната способност на увозникот. Авансни плаќања во конкретниот случај не се можни, бидејќи тоа ќе го изложи факторот на висок ризик.
Факторинг со директен извоз пак, од друга страна, функционира како алтернатива на системот на два фактор. Во оваа ситуација, фактор се назначува во земјата на извозникот и тој се занимава со сите аспекти на договорот за факторинг, вклучувајќи го и обезбедувањето на финансиски средства и оцена на финансиската состојба на увозникот. Овој систем, покрај тоа што е финансиски исплатлива алтернатива на финансирање на меѓународната трговија, воедно ја олеснува и комуникацијата помеѓу извозникот и факторот. Сепак, сите предности на системот на два фактора, може тука да бидат наведени како недостатоци. Проблеми во комуникацијата со должникот, кредитни ризици и појава на спорови се најважните проблеми.
Па, така да, колку е поголем ризикот кој е поврзан со овој метод, толку и заштедата на трошоците за овој вид на финансиска услуга станува се повеќе илузорна.27
Слика 5. Директен факторинг
3.4. Повратен факторинг
Повратен факторинг е аранжман кој е најсоодветен за примена на побарувањата на ексклузивните дистрибутери на производи на своите набавувачи. Структурата на договорите е слична на оние што се веќе познати и карактеристични за меѓународниот факторинг, со една материјална разлика. Извозникот склучува договор за факторинг со факторот на извоз кој понатаму се договара со факторот на увоз на вообичаениот начин.
Разликата лежи во самото постоењето на посебен договор за факторинг помеѓу факторот за увоз и дистрибутерот.
3.5. Посебни аспекти на меѓународниот факторинг
Во текот на претходната анализа посебно внимание беше посветено на анализа на конкретните карактеристики на меѓународниот факторинг по кои тој се разликува од сличните домашни трансакции. Разликите во јазикот и проблемите во комуникацијата кои произлегуваат од различните комерцијални традиции се најочигледните недостатоци на меѓународниот факторинг, но всушност ова се најмалите проблеми со кои фактор за извоз може да се соочи.
27 Xxxxxxx Xxxxxxxx, Op.cit., September 2002, p.15.
Големите флуктации на девизниот курс и политичките ризици од земја во земја претставуваат една од највлијателните опасности и проблеми кои најчесто ја отежнуваат и усложнуваат меѓународната трговија.
Финансирањето преку меѓународен факторинг бара многу поголема доза на претпазливост за разлика од домашниот факторинг, бидејќи процената на нормалните комерцијални ризици не може да биде доволна за да се гарантира сигурна профитабилна трансакција.
Сепак, најсериозни компликации се однесуваат на потребата да се создадат валидни одредби на договорот кои ќе бидат во согласност со странските јурисдикции. Основен императив за функционирање на каков било договор за факторинг е да правата vis-à-vis, должникот и третите лица се соодветно признати и заштитени во правната јурисдикција и на двете страни, и на извозникот и на увозникот.
Општо земено, побарувањата се наплаќаат во земјата каде што должникот го води својот бизнис, бидејќи тоа е местото каде што тие реално можат да бидат реализирани. Сепак, ова општо правило може да биде променето со договорните одредби од кои произлегува побарувањето. Најчесто законот на договорот за факторинг, кој ќе биде основа за уредување на одредбите од договорот, го одбираат самите договорни страни.
Но во случај, кога должникот е неспособен за плаќање, судовите може да не го земат предвид изборот на правото со договорот за факторинг и за конкретен спор да одлучат да се применува законот на земјата на должникот. Факторот во вакви услови ќе мора да се справува со различните условите за регистрација и особености на различните правни системи, каде определените услови и одредби од договорот за факторинг кои се валидни во една земја, во друга земја да немаат правна важност.28
3.6. Потреба од меѓународен факторинг како финансиски инструмент
Извозникот има потреба од меѓународни факторинг услуги, за да се ослободи од проблемите при наплата на побарувањата во странската земја и тензиите кои произлегуваат од непознавањето на кредитната способност на купувачот. Покрај тоа, побарувачката за тргување по пат на отворена сметка се прошири на глобално ниво и од самите извозници, исто така, се бара да понудат слични услови на увозниците со цел да останат конкурентни. Тоа ја наметна потреба од постоење на подобри услуги за заштита од кредитен ризик кој произлегува од одложеното плаќање на увозниците или неплаќање воопшто. Меѓународниот факторинг обезбедува проценка на кредитната способност и заштита, финансирање и наплата на побарувањата за сметка на извозниците. Меѓународниот факторинг не бара колатерал или акредитив, како
28 Xxxxxxx V., X. Xxxxxxxxxxx, Međunarodno poslovno pravo, posebni deo ugovori međunarodne trgovine, Banja Luka-Kragujevac, 2010.
што е тоа случај кај другите форми на финансирање на извозот. Акредитивно писмо од банката до странската банка е основа која дозволува плаќање на одреден износ на лице или компанија. Затоа акредитивите, често се користат како средство за плаќање за стоки во надворешната трговија. Факторот за извоз обично плаќа 90% однапред на одобрените фактури и обезбедува 100% заштита од ризик во случај на неплаќање од страна на купувачи, како и во случај на негова несолвентност.29
3.6.1. Значење и улога на факторингот како инструмент за финансирање на извозот
5.6.1.1.Факторингот како современа форма за финансирање на извозот
Факторингот е посебен облик финансиско - комерцијално и пазарно работење, кој на производните компании им овозможува да за кратко време ги деблокираат вложените средства и сопствените кредити, кои понатаму ќе ги инвестираат во своето производство.
Денес разликуваме неколку различни облици на факторинг, кои може да се класифицираат по разни критериуми, но ако тргнеме од општата поделба по територијалност, постои: внатрешен (национален) факторинг и меѓународен (увозен и извозен) факторинг. Во овој дел од трудот, посебно внимание ќе посветиме на меѓународниот (увозен и извозен) факторинг.
Па така, накратко образложено, меѓународен факторинг претставува пренос на побарувања што настануваат од деловни односи од меѓународен карактер. Големо е значењето на овој вид финансирање на надворешно - трговските трансакции и тоа особено за извозно ориентирани производители на различни стоки.
Извозен факторинг се заснова кога извозникот ги продава своите побарувања на специјализиран финансики посредник т.н. фактор, којшто вообичаено е банка (како и кај домашниот факторинг). Факторот, пред да ги откупи побарувањата на извозникот – клиент, ги проверува кредибилитетот и солвентноста на увозникот – купувачот, должникот. По доставување на стоката до местото на испорака во странската земја, извозникот му ја предава на факторот целокупната потребна извозна документација, на основа на која факторот потоа непречено ќе може да го наплати откупеното побарување од купувачот. Меѓународниот факторинг однос се одвива најчесто помеѓу три учесника и тоа: клиент (продавач или извозник), фактор (банка или друга специјализирана финансиска институција) и купувач (увозник). Извозникот (клиент) ја испорачува својата стока на купувачот и своето побарување го отстапува или продава на факторот, кој согласно постигнатиот договор за факторинг, ќе му ја исплати на клиентот намалената цена од фактурираната
29 Xxxxxxx X., The business of Faktoring. Pulished by MC RRAW-Hill Book Company Europe, England,1993.
вредност (најчесто во износ од 80% од износот по фактура). На овој начин, се воспоставува индиректен однос помеѓу факторот и странскиот купувач.
Така, во системот на извозен факторинг се воспоставува директен однос помеѓу производителот – извозник и странскиот купувач преку испорака на стока и индиректен однос по основ на наплата на побарувањето (преку факторот).
Купувачите кои се посредно односно по автоматизам вклучени во системот на факторинг, можат да бидат избирани од страна на клиентот или во договор со факторот, затоа што современите факторинг институции, покрај давање на факторинг услуги, се оспособени и за вршење на низа услуги – од оперативни работи на преземање и наплата на побарувања, до истражување на пазарот и други менаџмент – маркетинг зафати. Овој вид на факторинг е познат и како факторинг со услуга. Поради ваквата своја природа, факторингот како бизнис конструкција е повеќедимензионален, бидејќи во основа спојува повеќе функции:
- Функција на финансирање (кредитна функција);
- Функција на посредничка гаранција (преземање на ризик од несолвентност);
- Функција на давање на услуги (стандардизиран програм и услуги во зависност од желбите на клиентот);
- Продажна функција (за клиентот зделката е практично реализирана и наплатена).
Кога се работи за односот спрема ризикот, извозникот – клиент се ослободува од финансискиот ризик и ризикот за наплата, но и факторот истовремено се заштитува на три начина:
- Преку инсистирање да целокупниот износен бизнис за одреден пазар биде покриен, за да може да се гарантира сигурност на наплатата;
- Со плаќање на намален износ на фактурираната вредност (на пр. 80%)
- Со пресметување на посебен процент на име извршени услуги во зависност од вредноста на отстапените побарувања (2 - 4%).
Меѓутоа, самиот ризик за наплата може да се договори и двострано. Од една страна факторот го презема на себе ризикот за наплата од купувачот, додека од друга страна, факторот ја обезбедува исплатата на побарувањата, но ризикот за наплата останува на клиентот (варијанта која многу ретко се остварува во пракса.)
Заради полесно разбирање на суштината на меѓународниот факторинг, треба да се надминат оние најчести предрасуди и сфаќања кои се поврзуваат со него. Факторингот не е чиста финансиска конструкција, затоа што факторот, преземањето на побарувањата го заснова на сериозно истражување и анализа на бонитетот на купувачите на својот клиент, како и со тоа што го ослободува клиентот од сите комерцијално – административни работи. Факторите се стручни и флексибилни институции,секогаш спремни да прима домашна валута и да извршат конверзија, додека фирмата производител нема време и стручњаци за вакви зделки. Затоа на производителите им се исплатува да ги продадат своите побарувања на факторот за намалена цена, како би можеле
побргу да дојдат до обртни средства и да продолжат со својот бизнис. Што се однесува до соработката помеѓу факторот и клиентот, треба да се истакне дека не станува збор за еднократна и краткорочна соработка, туку обратно, поради силните консалтинг услуги на факторот, нивната соработка добива долгорочен карактер. Влез во факторинг системот на извозниците им ги овозможува следниве предности:
- Отстранување на сите кредитни ризици;
- Позитивно влијае на билансот на извозникот и неговата ликвидност (флексибилно финансирање);
- Намалување на административните трошоци;
- Се намалува загубата по основ на неплатени фактури;
- Обезбедува високо квалитетните контакти на странските пазари;
- Директен пристап до Меѓународната организација на факторинг институциите;
- Секојдневна поддршка од страна на факторот во домен на маркетингот и менаџментот;
- Ја зголемува конкурентната способност на извозникот преку овозможување на поволни услови на плаќање.
Кон крајот на минатиот век и почетокот на XXI – от век, факторингот бележи голем пораст во повеќе од 50 земји во светот. Според податоците на најголемата факторинг компанија Facotring Chain International (FCI) со седиште во Амстердам, Холандија, во 1998 година во светот дејствувале околу 708 факторинг институции, од кои 406 во Европа, со промет од околу 500 милијарди долари, од кои 33 милијарди долари се остварени од меѓународни трансакции. Покрај FCI, како најзначајни факторинг институции се споменуваат и Xxxxxx Overseas, International Factors Group I Lombard Nat Erst Commercial Service.
До денес во САД и Велика Британија, сите големи банки учествуваат во факторинг бизниси и скоро сите фактор институции се ограноци на поедини банки. Од друга страна, факторинг индустријата е доста активна во имплементација на е-бизнисите и современата телекомуникациска технологија. Веќе споменатата FCI, со години наназад користи сопствен систем на електронска размена на податоци – FACT , за меѓусебна комуникација на своите фактори, а исто така има развиено и посебен систем, преку користење на EDIFACT стандарди наречен EDIFACtoring, со цел да обезбеди побрза размена на податоци и комуницирање помеѓу клиентот, банката и купувачот.30
5.6.1.2. Можности за финансирање на извозните трговски друштва
Извозната активност не зависи само од прифатливоста на производот и неговата цена, туку и од расположливите парични средства за негова реализација. Извозниците и увозниците мораат да внимаваат на финансиските услови во кои се врши размената у флуктуацијата на девизниот курс. Големите извозници имаат посебни одделенија кои се задолжени за следење на
30 Xxxxxxx D. Op.cit., England,1993, p.7-17.
промените на финансиските пазари, а кај помалите извозници овие промени ги следат нивните деловни банки. Доколку домашната валута е потценета или девалвирана, тоа може да доведе до поволни и стимулативни цени. Доколку пак домашната валута е ревалоризирана, тогаш се намалува стимулативноста и профитабилноста на извозот.
За поттикнување на извозот се создаваат и функционираат институции кои имаат определена поддршка на извозот и се креираат инструменти и форми за поттикнување на извозот. Инструментите и формите за поттикнување на извозот во основа се креираат во макроекономска и развојна политика на една земја.
Финансирањето на извозот значително се разликува од другите видови на финансирање на работни активности и претставува одлучувачки фактор за реализација на извозот, уредно извршување на сите обврски од извозниот договор, подмирување на обврските кон набавувачите на репроматеријали, вложување во истражувањата за новите пазари и развој на производите согласно барањата на тие пазари.
При донесувањето на одлуките за начинот на финансирање на извозот, потребно е да се анализираат следните елементи на финансирањето:31
Анализа на сопствените можности за финансирање и анализа на тековните понуди за финансирање. Основно е да се одреди намената за финансирањето:
1. Дали се работи за одложено плаќање, можноста за поврат на кредитот и согледување на можните ризици поврзани со реализацијата на извозните активности.
2. Трошоците за финансирање и нивното влијание врз цената на производот. Висината на потребните средства зависи од нивната намена.
3. Временски период на финансирање. Зависно од висината на каматните стапки и реалните процени за потребата од финансирање се одредува и временскиот период на финансирање.
4. Согледување на сите ризици од финансирањето на извозот и реална проценка на трошоците за смалување или елиминирање на ризикот. Колку што е ризикот за финансирање поголем толку се поголеми и каматните стапки. Проценката на ризикот ја врши кредитор кој ги анализира финансиската позиција на клиентот и неговата солвентност.
Изворите на финансирање можат да бидат комерцијални или официјални32. Во комерцијални извори влегуваат банките, форфетинг и факторинг компании. Банките се најчесто класични кредитори. Со одобрувањето на кредити за извоз директно се поттикнува зголемувањето на обемот на производство и извозот на националната економија. Кредитите за извоз се наменети за финансирање на обртни средства за производството наменето за извоз. Одобрувањето на кредитот е врз основа на склучени извозни договори. Банката при одобрување
31 Приручник извори финансирања, xxxx://xxx.xxxxx.xx/xxxxxxxx/XXXXXXXXX_XXXXXX_XXXXXXXXXXXX_XXXXXX.xxx ⦋Пристапено на ден 17.12.2015 година⦌
32 D. Dorović., Izvozna strategija proizvodnog prodavača, Beograd, 2009.
на кредити и давање на гаранции потребно е да ги почитува меѓународните принципи на слободна трговија и конкуренција и правилата на Светската Трговска Организација (СТО).
Финансиската помош од државата за извозните активности може да игра значајна улога во поттикнувањето на извозот.
Финансирањето на надворешната трговија преку факторинг во современи услови претставува еден од најважните фактори за постигнување и подигање на конкурентноста на извозот. Многу земји, благодарејќи на растечката улога на финансирањето, остварија пораст на извозот на своите производи и услуги на странските пазари. Ваквиот тренд ја наметна потребата од постоење на разни форми и извори на финансирање на надворешната трговија, што доведе до постоење на различни нови современи финансиски инструменти меѓу кои како најзначаен е и факторингот. Иако овој финансиски инструмент опстојува и без проблеми функционира на нашиот пазар, до ден денес се уште се немаат појавено вистински и специјализирани факторинг компании (како што е случај со лизинг - компаниите), туку е присутна само понуда на квази – факторинг услуга која ја вршат претежно банките, како носители на платен промет.33
Во секој случај, факторингот како нов финансиски производ во Македонија ќе создаде подинамичен и зголемен финансиски пазар во Македонија, со зголемени шанси за успешно функционирање. Со финансирање преку факторинг, факторите (банките и специјализирани финансиски институции) и корисниците ќе постигнат огромни предности. Предноста за финансискиот пазар се согледува во значителното скратување на роковите за наплата на побарувањата, унапредување на можностите за зголемување на идните вредности на профитот во бизнисите кои ги финансира факторот, што ќе даде значаен резултат за пораст не само на учесниците во факторингот, туку и за пораст на вкупната економија во Македонија.
3.7. Придобивки од меѓународен факторинг
Извозникот вообичаено соработува со само еден фактор, па дури и ако неговиот извоз се шири во различни земји. Преку неговата услуга на факторинг, извозникот добива информации за кредитната способност на купувачот, но исто така и информации и податоци за законски прописи и бизнис практики на овие земји. Со тоа ризик и лошите долгови на извозникот се намалени, така што тој може да го прошири својот бизнис преку искористување на нови пазари.
Увозникот исто така, има придобивки од факторинг услугата, бидејќи врши плаќање на фактурата на факторинг компанија во сопствената земја. Ова е слично како и кога врши плаќање спрема домашните набавувачи. Увозникот
33 Xxxxxx, X. X., Factoring: Modern American Style, Paper presented at the World Bank Conference on the Factoring Industry as a Key Tool for SME Development in EU Accession Countries, 23–24 October, Warsaw, Poland, 2003.
добива дозвола да отвори сметка под условите за кредитирање. Во спротивно, тој ќе мора да отвори акредитив, што ќе ги блокира неговите банкарски лимити.34
3.8. Трошоци на меѓународен факторинг
Кај меѓународниот факторинг, постојат два типа на трошоци: дисконтирани трошоци и трошоци за услуги. Факторот наплатува надоместок (дисконтирани трошоци) за наплата на побарувањата и трошоци на извршени услуги, кои особено вклучуваат 100 процентна заштита од ризик.
Трошоците вообичаено се пресметуваат како процент на рамна основа од бруто вредноста на фактурата.
3.9. Меѓународен ланец на фактори (Factor Chain International)
Meѓународниот синџир на фактори (FCI) е глобална мрежа на водечки факторинг компании, чија заедничка цел е да се олесни меѓународната трговија преку факторинг и финансиски услуги. Преку неа се обезбедува модерен и ефикасен систем на комуникација, кој им овозможува на факторите да ги водат своите бизниси на далеку поефективен начин. Преку ваквата организација на факторите се обезбедува и правна рамка за заштита на извозниците и увозниците и се развиваат стандардни процедури за одржување на универзалноста на факторингот. Преку неа се остварува и светската промоција на меѓународниот факторингот, како еден од најчесто употребуваните методи за финансирање на трговијата. Според податоците на FCI, стапката на раст кај меѓународниот факторинг е поголема од стапката на раст на домашниот факторинг.35
3.10. Значењето на факторингот во меѓународната трговија
Меѓународен факторинг е метод за добивање на финансии и подобрување на ликвидноста на трговските друштва која има голем потенцијал во развојот на меѓународната трговија. Употреба на факторинг за да се обезбедат аванси за продажба на стоки и услуги во меѓународен контекст, е значајно за зголемување на обемот на меѓународната трговија. Она што придонесува факторингот во суштина е воведување на посредници помеѓу купувачот и продавачот каде што комуникацијата меѓу нив може тешко да се воспостави и тоа најчесто поради разликата во јазикот, културата или различни трговски практики. Факторот може да ја олесни трговијата во такви ситуации преку преземање на сложени обврски за наплата на долгот надвор од националните граници. Така, меѓународниот факторинг може да се користи за
34 Bharati. X. Xxxxxx, The Indian Financial System, Xxxxxxx Publication, 2009.
35 xxxxx://xxx.xx/xx/xxxx ⦋Пристапено на ден 17.12.2015 година⦌
ефикасно финансирање и олеснување на меѓународната трговија. И покрај овој факт, сепак, факторингот е се уште во зачеток од неговата примена во индустријата. Причината за ова можеби се базира на проблемите околу воспоставување на зделки кои се остваруваат во повеќе различни јурисдикции. Неизвесноста за наплата на побарувањата во странските држави и недостатокот на јасни правила за да се одреди приоритет на правата на стекнувачот vis-à-vis трети лица е можеби основниот недостаток поради кој се ограничува примената на факторингот во меѓународната трговија. Трудот на UNIDROIT Конвенцијата и усвојувањето на Конвенцијата на ОН ќе помогне да се надминат овие тешкотии и да се создаде атмосфера на сигурна правната рамка каде што оваа пракса треба да се развива. Финансиски побарувања во целина и меѓународниот факторинг имаат особено голем потенцијал за да истите се занемарат како методи за финансирање на прекуграничните трансакции.36
4. Обратен факторинг
4.1. Проблем на финансирање кај малите и средните трговски друштва
Малите и средните трговски друштва се сметаат за мотор за развојот на европската економија. Тие се есенцијален извор на работни места, создаваат претприемачки дух и иновативност во Европската Унија и поради тоа се од круцијално значење за поттикнување на конкуренција и вработувања. Оваа констатација може да се примени не само на европската, туку и на светската економија. Иако во овој дел од трудот ќе бидат истражени позитивните и негативните последици на стопанскиот развој на било која земја која се заснова на малите и средните трговски друштва, сепак останува фактот дека малите и средните трговски друштва се неминовност на денешницата. Во развиените економии, помеѓу останатото, целокупниот синџир на мали и средни трговски друштва се сконцентрирани отколку големите компании, како што е пример со Генерал Мxxxxx, Сони (General Motors, Sony) и сл. кои ги снабдуваат со инпути. Во земјите во развој и земјите кои ја поминале транзицијата, малите и средните трговски друштва превладуваат во стопанскиот развој обично затоа што не постојат доволни потенцијали за оспособување на големите и услужни компании.37
Без оглед на тоа каква и колкава е улогата на малите и средните трговски друштва во развојот на стопанството на некои земји, неспорно е дека најголем број од овие трговски друштва се соочуваат со проблемот на финансирање. Голем број од овие трговски друштва првично се основаат како друштва со ограничена одговорност (ДОО или ДООЕЛ), па финансирањето по пат на емисии од хартии од вредност не им е достапно. Дури и оние кое се
36 Glxxxxxx, Xxxxxxx., An Intro duction to International Factoring & Project Finance - University of Kent, 01 September 2002
37 Петковић, С., Извори финансирања малих и средњих предузећау Републици Српској, 2010.
основани како акционерски друштва, треба да бидат доволно квалитетни да можат да излезат на финансискиот пазар и да можат да го свртат вниманието на инвеститорите кон себе. Од друга страна, доколку малите и средните трговски друштва би се одлучиле за опција за финансирање по пат на кредит – најверојатно нема да можат да добијат доволно средства кои им се потребни за одржување и понатамошен развој на бизнисот, бидејќи немаат доволно имот, приход или добивка кои би им обезбедиле значаен износ на кредит. Кога на сето тоа ќе се додаде уште и ризик на земјата, којшто во земјите во развој е обично висок, а кој значајно влијае на висината на каматната стапка на кредитите, ваквиот начин на финансирање го прави доста скап.38
Причината која создава проблеми во финансирањето на малите и средните трговски друштва, лежи во фактот дека поголемиот број од овие компании своите добра/услуги ги испорачуваат на големите системи, па во поголем број случаи зависат од едно или неколку големи трговски друштва. За да го задржат и тој мал број на купувачи кој го имаат и да би биле што поконкурентни на пазарот, тие настојуваат на своите купувачи да им понудат што подобри кредитни услови, што подразбира рок на достасување на побарувањата од еден до неколку месеци. Не се ретки и случаите каде што големите и моќни купувачи ги условуваат своите мали набавувачи коишто кредитно зависат од нив.
Се што беше претходно наведено, но и многу други фактори (како што е ризикот на земјата, законската рамка за позајмување на средства, развиеност и достапност на информации во рамките на една земја и сл.) влијаат на тоа да малите и средните трговски друштва, кои се носители на стопанството на земјите во развој, но се и значаен фактор за развој на стопанството и на развиените земји, западнат во проблем со финансирање и ликвидност. Кога ќе се најдат во ваква состојба, обично немаат повеќе алтернативи за решавање на овој проблем, па од оние алтернативи кои им се нудат, треба да знаат да ја изберат најповолната.
Меѓутоа, во земјите во развој, примена на директен факторинг може да значи преголем ризик за факторинг компаниите. Во овие земји, факторинг компаниите се среќаваат со проблем на собирање на кредитни информации за купувачите на своите клиенти, посебно ако се работи за мали и средни трговски друштва кои имаат голем број на купувачи. Затоа, како најдобро алтернативно решение од традиционалните извори на финансирање, се наметнува обратен факторинг, кој уште се нарекува и добавувачки факторинг39 што дополнително се потврдува со фактот дека тој не е конкурентен во однос на другите специфични облици на финансирање. За разлика од лизинг кој се користи за финансирање и набавка на основни средства, или форфетинг кој се
38 Vuxxxxx X., Faktoring alat za obezbedjenje likvidnosti, Profit magazin br.12, mart 2009 Види повеќе на:
xxxx://xxx.xxxxxxxxxxxxx.xxx/xxxxxxx/xxxx_00/xxxx_xxxxxxx_xxxxxxxxx_xxxx_xx_xxxxxxxxxxxx_xxxxxxxxx ti.152.html ⦋Пристапено на ден 17.12.2015 година⦌
39 Matić B.M., Obrnuti factoring – novina u domaćem zakonodavstvu, Pravo I privreda 1-3, str.268-285
користи за финансирање на долгорочни побарувања (и обично во специфични бизнис трансакции, како што е на пример градење со клаузула „клуч на рака“) или франшизинг кој се користи за пласирање на производи или продажба на сопствени производи преку други правни лица во строго контролирани услови од страна на давателот на франшизата, факторингот служи за финансирање на краткорочни побарувања.
Обратен факторинг е посебен вид на факторинг кој како договорен однос помеѓу факторот и должникот, произлегува од договорот за продажба на стоки и вршење на услуги во земјата и во странство, врз основа на кој факторот со преземањето на фактурата од должникот, ја презема и неговата обврска за плаќање спрема доверителите, а има и право на наплата од должникот во рок кој е определен со договорот за продажба на стоки и вршење на услуги. Должникот има обврска да обезбеди согласност од доверителот.
Обратен факторинг е вид на факторинг производ кој по своите својства не отстапува значајно од поволностите кои ги добива клиентот по основ на класичен факторинг, со битна разлика што со овој производ се финансира исполнувањето на обврската која клиентот ја има спрема својот добавувач, а не по основ на откуп на неговите побарувања. Основна предност на овој вид на факторинг е тоа што клиентот, има можност да предвреме (без какво било договарање на плаќање со одложен рок) ги исплати своите обврски спрема набавувачот, со што се подобрува и нивниот деловен однос, врз основа на што ќе тој ќе може во иднина да договори значајно поповолни услови за набавка, особено во поглед на цената за стоката и услугата која ја купува од овој добавувач. Значајна предност на обратниот факторинг е тоа што набавувачите на клиентот не мора да бидат бонитетни, туку обврската за навремено намирување на побарувањата се утврдува преку проверка на бонитетот на клиентот и неговата кредитна способност. За разлика од класичниот факторинг, кај обратниот факторинг, клинетот не добива готови пари на располагање од факторот, туку неговите обврски кои што тој ги има спрема своите набавувачи се намируваат директно од страна на факторот, а средствата кои клиентот ги обезбедил за намирување на своите обврски спрема набавувачите, може да ги задржи односно искористи за понатамошен развој на својот бизнис. Реализацијата на обратниот факторинг се одвива така што факторот пресметува есконт, од денот на откупот до денот на достасувањето на фактурата, кој износ клиентот е должен да го плати однапред на сметка на факторот, а потоа тој износ, заедно со одобрениот износ за финансирање, факторот го уплатува на сметката на набавувачот. На овој начин, факторот ја чека конечната уплата од клиентот по основ на исплатената фактура, до денот на достасувањето на самата фактура.40
40 Paxxxxxxx X. B., Paxxxxxxx , B. Ugovori o Iizingu, fransšizingu,faktoringu i forfetingu, Beograd, 1992, стр.45.
4.2. Предностите на обратен факторинг за малите и средните трговски друштва
Со оглед на суштината на факторингот, како специфичен облик на финансирање на трговски друштва, предности за малите и средните компании се повеќе од евидентни. Со продажбата на побарувањата, компаниите доаѓаат до готовина, а во случај на факторинг без регрес, ризикот за наплата на побарувањата се префрла на факторот. На овој начин, компаниите – клиенти на факторингот, можат да одобрат рок за наплата на побарувањата на своите купувачи од, на пример, 90 дена, а да дојдат до готовина истиот ден кога е издадена фактурата или за само неколку дена. Со самото тоа, компаниите – клиенти нема да го доведат во прашање своето работење, дури ни ако зависат од еден голем купувач или од неколку нив, а истовремено ќе биде во можност да на време ги намират своите обврски спрема доверителите.
Обратен факторинг има свои предности и за факторот и за клиентите и за крајните купувачи. Кога се во прашање предностите за факторот, тие пред сѐ, се согледуваат во фактот дека факторот штеди на трошоци при собирање на кредитни информации за купувачите на својот клиент, на кои се однесуваат побарувањата кои се предмет на факторинг. Самиот факт дека факторот ќе одбере една голема, реномирана компанија и ќе го анализира нејзиниот кредитен ризик и ако тој биде на прифатливото ниво - ќе ги пронајде набавувачите на оваа компанија и ќе им понуди откуп на побарувања кои се однесуваат на таа компанија, наместо собирање на кредитни информации и анализирање на кредитен ризик на неколку стотици, па можеби и илјада компании (што е карактеристично кај директниот факторинг, каде факторот му пристапува на клиентот и ги откупува сите негови побарувања кои ги има спрема различни купувачи), зборува самиот за себе. Тука факторот штеди на трошоци за добивање на информации и трошоци за обработка на истите, а што е уште поважно – значајно го намалува кредитниот ризик. Оваа предност на обратниот факторинг за факторинг компаниите посебно доаѓа до израз на пазарот на земјите во развој, каде што тешко се доаѓа до кредитни информации, при што кредитните ризици се доста високи. Покрај тоа, на споменатите пазари на земјите во развој може да се случи малите и средните трговски друштва да испорачаат добра и услуги на некоја квалитетна странска компанија, со чие работење факторот се нема претходно запознаено и сретнато, или едноставно не му е познато дали станува збор за квалитетен купувач, што дополнително го определува факторот да почне да соработува со набавувачите на странската компанија.
Кога се во прашање предностите за малите и средните трговски друштва, тие се повеќекратни, посебно кога е во прашање пазарот на земјите во развој. Прво, на овие пазари, но и на развиените, обично делуваат мали и средни трговски друштва чии добра/услуги се испорачуваат на еден или неколку големи купувачи, така што практично нивното целокупно работење зависи од една или неколку големи компании. За да би ги задржале постојните купувачи и
евентуално да придобијат нови, мора да бидат конкурентни, не само по прашање на квалитетот и цената, туку и по условите за плаќање. Со користење на обратен факторинг, како облик на финансирање на трговски друштва, малите и средните трговски друштва ќе бидат во можност да дојдат до готови пари и непречено да продолжат со своето работење, после секоја голема испорака, а користејќи го притоа кредитниот бонитет на своите купувачи. Тоа значи дека кредитниот бонитет на трговското друштво - клиент не е толку важен, па со самото тоа е важно ни какви се неговите парични текови, стапка на приход и сл. Само за потсетување, за добивање на кредит од комерцијални банки, сите овие, па и многу други информации се потребни, што е мал проблем во однос на фактот дека друштвото можеби нема да ги исполни критериумите на банката за добивање на кредитни средства. Благодарение на обрнатиот факторинг, малите и средните трговски друштва на земјите во развој, можат да сметаат на овој начин на финансирање на краткорочни побарувања, дури и во услови кога земјата во која делуваат не е најповолно тло за развој на директен факторинг (поради недоволно развиена легислатива за ова област, недостапност на информации и сл.)
Со користење на предностите на обратниот факторинг, трговското друштво може, преку високиот кредитен рејтинг на своите купувачи, да изврши продажба на стока со рок на плаќање од 60 - 90 дена, но после неколку дена од нејзиното издавање да добие од 70 - 90% од нејзината фактурна вредност, со што ќе може да изврши набавка на нови инпутни компоненти и да ја произведе следната нарачка, која веќе ќе може да ја испорача уште наредниот месец, пред да, фактички, купувачот ја плати она прва фактура на факторот.
Конечно, обратниот факторинг овозможува и одредени предности за крајните купувачи. Благодарение на кредитниот бонитет кој го имаат, а на кој се заснова обратниот факторинг, тие добиваат добри услови за финансирање од своите набавувачи и редовни испораки, кои можат да се одвиваат во кратки интервали од период на извршување на обврската. На овој начин, крајните купувачи на големите компании, посредно се осигуруваат во смисла дека испораката на инпути ќе им биде редовна, дури и кога се единствени купувачи на своите набавувачи, бидејќи набавувачот има изнајдено начин да го финансира сопственото работење преку „туѓ“ кредитен бонитет.41
ГЛАВА 2
2. Правни извори на факторинг како инструмент за финасирање на стопанството
41 Xxxxxxx, Xxxxx, "The Role of Reverse Factoring in Supplier Financing of Small and Medium Sized Enterprises", The World Bank, Wahington, 2005
2.1.Национални и меѓународни извори на факторинг како инструмент за финансирање на стопанството
Во најголем дел, деловната, законската и банкарската рамка во текот на последните неколку години имаат создадено структура за факторингот. Факторингот е познат во Македонија, но се уште не е целосно имплементиран. Законот за банки во Македонија го овозможува факторингот како вид на банкарска активност, иако факторингот не е правно дефиниран.
Во Македонија постои потреба за факторинг. Економијата има мал, но позитивен пораст во последните неколку години. Ако деликатната политичка ситуација остане стабилна, има надеж и очекувања за континуирана понатамошна експанзија. Некои приватни банки се заинтересирани за имплементирање на факторингот. Неговиот иден развој е подржан и од Народната банка на Република Македонија. Малите и средните трговски друштва имаат потреба од соодветен обртен капитал и ликвидност. Во Македонија, практиката на одобрување на заеми, од историска гледна точка е базирана на недвижен имот, што е вообичаено сценарио во раните фази на стопанствата во развој. Сепак, постојаното потпирање на недвижниот имот создаваат недостаток на ликвидност за малите и средните трговски друштва кои често немаат недвижен имот, кој би го користеле како обезбедување на заемот. Од клучно значење за идниот успех на деловните субјекти во пораст е тие да имаат пристап до финансиски ресурси. Успешното воведување на лизингот овозможи воведување на дополнителни финансиски програми.
Единствен недостаток е постоење на ограничени информациите за кредитната способност на деловните субјекти. Централниот регистар на РМ, како државна агенција, има информации на располагање, но податоците потекнуваат од финансиските извештаи што компаниите ги доставуваат до Управата за јавни приходи. Со оглед на тоа дека компаниите ги подготвуваат овие извештаи за даночни цели, информациите имаат ограничена полезност. Како дополнително отежнување до информираноста произлегува и од фактот што банките не даваат пристап до нивните информации, но имаат обврска да даваат дигитални квартални извештаи за нивното портфолио до Народната банка на Република Македонија. На овој начин, банките се поврзани со системот за проверка на неподмирени заеми што една компанија може да ги има кај сите домашни банки. Дополнително, Македонската банка за поддршка и развој нуди нови кредитно – извозни осигурувања, но покритието е ограничено на мал број земји во светот, што дополнително ја ослабува сигурност за извозно работење кај домашните компании.
Даночните закони, како и останатата постоечка правна регулатива на Република Македонија, не го идентификуваат факторингот на некој одреден начин. Трговијата на стоки и услуги подлежи на оданочување (ДДВ). Побарувањата како такви, не се дефинираат како стоки и како услуги и според претходното не подлежат на ДДВ. Сепак, во пракса не се покажува како така, бидејќи ако компанијата што се занимава со факторинг достави фактура за
провизија за услуга на факторинг (надоместок за администрирање, наплата) тоа може да се смета како услуга, која како таква подлежи на стапка од 18% на ДДВ. Меѓутоа факторингот секогаш се посочува како финансиска, а не како комерцијална услуга. Согласно важечкиот Закон за ДДВ, повеќето банкарски и финансиски услуги се ослободени од данок. Факторингот како финансиска услуга е речиси секогаш ослободена од ДДВ. Но, еден член од Законот за ДДВ сепак предизвикува збунетост во однос на точното определување на применливоста на ДДВ, а факторингот и тоа конкретно член 23 точка 5-д од Законот за данок на додадена вредност – пречистен текст42 определено е дека: (1)„Се ослободуваат од данок на додадена вредност: 5.Прометот на Xxxxxxxxx и финансиски промет и тоа: д) прометот, вклучувајќи го посредувањето во врска со работењето со тековни сметки, депозити, штедни влогови, плаќања, вирмани, меници, чекови, жиро-сметки, кредитни карти, дознаки, со исклучок на наплатата на туѓи побарувања, што укажува на фактот дека наплата на побарувања од трети лица не е ослободена од оданочување.
Па, се додека не биде целосно расчистена ваквата конфузност и недореченост на оваа законска одредба или не се определени посебно даночно ослободување на факторинг услугата, факторингот и понатаму ќе остане да биде засега се уште неатрактивен финансиски производ за стопанството.
Во моментот не постои дефиниција за активностите на факторингот во законите на Република Македонија, а кои го споменуваат факторингот. Компанија што сака да се занимава со факторинг може да биде основана во согласност со Законот за трговски друштва и нема посебни барања или предуслови во однос на висината на капиталот за овој вид на компании. Ваквата компанија единствено треба да биде внимателна во својата работа од перспектива на сметководственото работење и оданочувањето. Така, согласно Законот за трговски друштва43 компаниите имаат обврска да користат контен план, кој е стандардно групирање во согласност со правилникот. Законските финансиски извештаи што се пропишани со законот се состојат од биланс на состојба, биланс на успех, додаток (дополнителен извештај за сите компании) и даночен биланс. Но, ниту еден од законите не го пропишува конкретно сметководствениот третман што би се применувал на факторинг, бидејќи овие трансакции не се распространети во Македонија. Сметководствениот третман што би можел да се применува е оној што вообичаено се применува на пренесувањето на побарувањата (цесија). Сепак и тука постои разлика помеѓу пренесувањето на побарувањата и факторингот, бидејќи договорот за цесија
42 Закон за данок на додадена вредност – пречистен текст („Службен весник на РМ“ број 177 од ден 01.12.2014 година)
43 Закон за трговски друштва (Законот е објавен во „Службен весник на Република Македонија“ број 28 од 30 април 2004 година.
Измени и дополнувања на законот објавени се во „Службен весник на Република Македонија“ број 84/2005, 25/2007, 87/2008, 42/10, 48/10, 24/11, 166/12, 70/13, 119/13 и 120/13.
секогаш се склучува во однос на номиналната вредност на побарувањата (никогаш со дисконт).
2.1.1. Национални извори на факторинг
Факторингот во Република Македонија се споменува во Законот за банките, Законот против перење пари и Законот за девизно работење.
Како вид на комерцијална услуга, факторингот се заснова на договор за факторинг. Договорот за факторинг како посебен договор не е регулиран со Законот за облигациони односи на Република Македонија, ниту со посебен закон како што е тоа случај со договорот за лизинг, осигурување, хипотека, залог и слично.
Отстапувања на побарувања е важно средство за мобилизација на финансиски ресурси во економските зделки. Разликите и недоволната прецизност во правната регулатива не дозволуваат субјектите – продавачите, купувачите и финансиерите во полн обем да ги исползуваат предностите на ваквите операции (зделки).
Во Република Македонија не постои посебен закон за факторинг, но тоа не значи дека нема правна рамка која го регулира факторингот.
Факторингот таксативно се набројува во Законот за банките, Законот против перење пари и Законот за девизно работење. Покрај наведените закони, одредби за регулирање на факторингот, според кои факторингот, односно дејствијата/функции на факторингот може да се извршуваат се: Законот за облигациони односи, Законот за трговски друштва, Законот за кредитни односи со странство, Закон за Народната банка на Република Македонија, Законот за преземање на акционерски друштва и Законот за стечај.
Истовремено, значајни закони за успешно функционирање на факторингот, односно на субјектите кои во иднина би се занимавале со факторинг се:
Законот за извршување и Законот за договорен залог.44
а) Закон за банките
Во Законот за банките45, кој што го регулира основањето, работењето, супервизија и престанок на банките, факторинг се споменува во член 2 точка
21. Имено, законодавецот под финансиска институција подразбира правно лице кое не е банка, но извршува една или повеќе од следниве активности: одобрување на кредити, менувачки работи, издавање на парични/кредитни/дебитни картички, економски финансиски консалтинг, финансиски лизинг, факторинг, работи во врска со хартии од вредност за своја сметка и за сметка на комитентот, чување и управување со хартии од вредност и предмети од благородни метали, работи на осигурување и вршење на услуги на брз трансфер на пари.
44 Студија за факторинг во Македонија, Southeast Europe Enterprise Development, Февруари 2005
45 Законот за банките („Службен весник на Р.Македонија бр.67 од 01.06.2007 година)
Исто така, во член 46 од истиот Закон е наведено дека банка која е основана со капитал од 9.000.000 евра или повеќе, покрај финансиските активности од член 45 и член 46, може да врши и финансиска активност на факторинг за сметка на своите комитенти.
Согласно член 47 од Законот, Поштенската банка исто така може да извршува финансиска активност на факторинг за сметка на комитентите.
Од горенаведените одредби, произлегува дека согласно Законот за банките, банките, вклучувајќи ја и Поштенска банка, може да се бават со факторинг, но за сметка на своите комитенти. Истовремено, законот овозможува и финансиски институции кои не се банки, да вршат активности на факторинг. Законодавецот не ја дефинира дејноста факторинг и, исто така, не дефинира кои активности се сметаат за факторинг.
б) Закон за девизно работење
Законот за девизно работење46 во член 2 став 22 како комерцијални кредити ги подразбира кредитите кои се непосредно поврзани со меѓународниот промет на производи и услуги, при што еден од учесниците е резидент. Како комерцијални кредити се третираат и договорените трговски кредити, како што се одложеното плаќање или авансното плаќање и нивното финансирање од страна на банката. Во комерцијални кредити спаѓаат и работи на откуп на побарувањата како што се факторингот, форфетингот и слично, кога првичната трансакција, заради која побарувањето е настанато има карактеристики на комерцијален кредит.
Овој Закон ги регулира трансакциите и трансферите помеѓу резидентите и нерезидентите и помеѓу резидентите (член 3 и 4).
Кредитините работи помеѓу резидентите и нерезидентите се регулираат во член 20 – член 22 од Законот. Согласно член 20, овластените банки може да склучуваат кредитни работи со нерезиденти во свое име и за своја сметка или во свое име и за туѓа сметка. Резидентите кои не се овластени банки може да склучуваат кредитни работи со нерезиденти во свое име и за своја сметка. Народната банка на РМ го пропишува начинот на евиденција на кредитните трансакции со странство.
Овластените банки можат на резидентите да им одобруваат кредити во девизи. НБРМ ги утврдува условите и начинот под кои резидентите може да склучуваат кредитни работи во девизи и да вршат плаќања врз основа на трансакции од член 21 од овој Закон.
Член 42 од овој Закон го регулира известувањето за кредитните трансакции. За потребите на известувањето, како кредитни работи според овој закон, покрај другите трансакции се сметаат и:
46 Законот е објавен во „Службен весник на Република Македонија“ број 34 од 3 мај 2001 година.
Измени и дополнувања на законот се објавени во „Службен весник на Република Македонија“ број 49/2001, 103/2001, 51/2003, 81/2008 и 24/11.
- Трансакции чуј предмет е купување или продажба, односно вршење на одредени услуги, ако плаќањето за стоката, односно услугите, врз основа на таквите работи не се извршени во рок од 1 година по доставувањето на стоката односно понудата на услугата;
- Трансакции чуј предмет е купување или продажба на стока, односно понуда на одредени услуги, ако плаќањето за стоката односно услугите на таквите работи се изврши во рок подолг од 1 година пред доставувањето на стоката односно услугата;
- Давање и примање на хипотеки или друг вид залог;
- Купување на побарување од правни односи помеѓу резиденти ако купувачот е нерезидент;
- Трансакции помеѓу резиденти и нерезиденти на купување на побарувања од правни односи помеѓу нерезиденти, ако купувачот е резидент.
За потребите на известувањето, НБРМ може и другите работи помеѓу резидентите и нерезидентите, кои според економската намена имаат карактер на кредитна трансакција односно заем, да ги утврди како кредитни трансакции.
Според одредбите од овој закон, законодавецот факторингот го третира како комерцијален кредит поврзан со меѓународниот промет со стоки и услуги, односно како работи на откуп на побарувања.
Законодавецот превидел и контрола, односно известување на НБРМ за кредитните трансакции помеѓу резидентите и нерезидентите.
в) Закон за спречување на перење на пари
Овој закон47 ги регулира мерките и дејствијата за спречување на перењето пари, како и организирањето и контролата за нивна примена.
Според член 2, мерките и дејствијата за откривање и спречување на перењето пари, ги преземаат правни и физички лица кај активностите поврзани со вложувањето, кредитирањето, замената, трансферот и други трансакции со пари, како и кај склучувањето на правни работи со кои се стекнува имот и други форми на располагање со пари или имот кои може да се користат за перење на пари.
Законодавецот во член 3 ги дефинира одделните изрази кои се употребени во овој Закон, при што под финасиска институција подразбира правно лице кое извршува една или повеќе од следните активности во врска со прибирање на депозити, одобрување на кредити, девизно валутни работи, издавање на платежни картички, економски финансиски консалтинг, финансиски лизинг, факторинг, работи во врска со осигурување, работи со хартии од вредност за своја сметка и за сметка на комитентот, чување и управување со хартии од вредност и предмети од благородни метали и други финансиски активности утврдени со закон.
47 Закон за спречување на перење пари и други приноси од казниво дело и финансирање на тероризам објавен во „Службен весник на Р. Македонија“ бр.4/08 од 10.01.2008 год
Според одредбите на овој закон под финансиска институција се подразбира правно лице кое меѓу другото извршува работи на факторинг. Со оглед да предметот на регулирање на овој закон, не може да се очекува во истиот да бидат поместени одредби кои ќе го регулираат факторингот. Но, се забележува невоедначеност, односно мала разлика во дефинирањето на финасиската институција според овој закон и Законот за банки. Меѓутоа и од одредбите на овој закон произлегува дека факторинг како финансиска активност може да ја вршат и финансиски институции.
Овој закон ги одредува мерките и дејствијата за спречување на перењето пари и организација и контрола на нивната примена.
Во согласност со член 2 од Законот, мерките и дејствијата за откривање и спречување на перењето пари ги преземаат правни и физички лица во активности што се поврзани со вложување, кредитирање, замена, трансфер и други парични трансакции, како и склучување правни работи за стекнување имот и фруги форми на располагање со пари или располагање со имот, кои би можеле да се искористат за перење на пари.
Во член 3, законодавецот ги дефинира посебните изрази што се употребени во Законот, како што како финансиска институција се смета правно лице што извршува една или повеќе од следните активности што се однесуваат на собирање депозити, одобрување на кредити, девизно – валутни работи, издавање кредитни картички, економски и финансиски консалтинг, лизинг, факторинг, осигурување.
г) Закон за трговски друштва
Законот за трговски друштва48 ги познава следните видови на трговски друштва:
- Јавно трговско друштво;
- Командитно друштво;
- Друштво со ограничена одговорност; и
- Акционерско друштво.
Во пракса најчесто се присутни, односно најчесто се основаат друштва со ограничена одговорност. Акционерските друштва поретко се основаат (со исклучок на банки и осигурителни друштва, кои задолжително се основаат во форма на акционерско друштво) и се користат само за големи вложувања. Командитните друштва и јавните трговски друштва многу ретко се присутни во јавноста, односно многу ретко се основаат и се основаат по одредени услови и со посебни намени утврдени со закон.
Водење на сметководство, трговски книги и годишни сметки се регулираат со Законот за трговски друштва (член 536-а до 565-а). Согласно одредбите од
48 Законот е објавен во „Службен весник на Република Македонија“ број 28 од 30 април 2004 година.Измени и дополнувања на законот објавени се во „Службен весник на Република Македонија“ број 84/2005, 25/2007, 87/2008, 42/10, 48/10, 24/11, 166/12, 70/13, 119/13 и 120/13.
овој Закон, трговецот е должен да води сметководство, составува и поднесува сметководствени искази во согласност со Законот, општо прифатени сметководствени принципи, сметководствената практика и прифатени сметководствени стандардни, со цел вистинито и чесно да ја прикаже состојбата на средствата, капиталот, обврските и резултатите од работењето.
Секој трговец е должен да води трговски книги по системот на двојно книговодство. Притоа треба да бидат видливи сите преземени трговско - правни работи, состојбата на капиталот, средствата, обврските, приходите и расходите. Трговските книги се водат на македонски јазик, со арапски цифри и се изразуваат во денари. Податоците треба да бидат целосни и ажурирани. Законот го одредува и начинот на вршење на попис, амортизација, ревалоризација, надомест на одделни расходи, трговски книги за подружници, годишни сметки, биланс на состојба и успех, објавување на податоци и слично.
Согласно член 546-а, трговците можат врз основа на договор, вршењето на сметководството да им го доверат на овластени надворешни правни и физички лица.
Според горенаведеното, факторинг институцијата ќе може да води евиденција, односно книги за трето лице.
д) Закон за договорен залог/гаранција
Со Законот за договорен залог49 се уредуваат начинот, условите и постапката за засновање, постоење, реализација и престанување на договорното заложно право врз подвижни ствари, хартии од вредност, побаруваа и други права (рачен залог) и врз недвижности (хипотека). Согласно член 2 од Законот, со залогот се обезбедуваат парични и други вид н побарувања чија вредност е изразлива во пари, што доверителот го има во однос на својот должник од одреден облигационен однос. Рачниот залог може да биде владетелски и навладетелски, додека хипотеката се востановува како невладетелски залог.
Согласно член 13 од Законот, заложен должник може да биде секое физички или правно лице кое има определен паричен долг или долг чија вредност е изразлива во пари во однос на заложниот доверител од дореден облигационен или друг вид на правен однос, како и трето лице кое нема таков долг, а е согласно да одговара за туѓ долг со засновање на залог врз своите предмети. Заложен доверител може да биде секое физичко или правно лице кое има определено парично побарување или побарување чија вредност е изразлива во пари во однос на својот должник, кој е согласен да врз својот
49 Пречистен текст на овој закон е објавен во „Службен весник на Република Македонија“ број 5/2003.
Измени и дополнувања на законот се објавени во „Службен весник на Република Македонија" број 4 од 17 јануари 2005 година, број 87 од 12 јули 2007 година, број 51 од
13.04.2011 година и број 74 од 13.06.2012 година.
Автентично толкување на членот 23 став 3 од овој закон е објавено во „Службен весник на Република Македонија“ број 92 од 23.07.2012 година.
предмет дозволи засновање на залог во полза на доверителот или место него тоа да го стори некое трето лице кое нема таков долг, а е согласен да врз неговиот предмет се заснова право на залог.
Договор за залог се склучува во писмена форма, освен договорот за владетелски залог, кој може да биде склучен во било која форма. Договорот за залог кој што не е склучен во писмена форма не произведува правно дејство.
Во глава 5 од Законот (член 59-82) се содржани одредби со кои се регулира реализацијата на залогот. Ако договорните страни не избрале некој од комерцијалните начини на продажба на залогот, ниту избрале овластен субјект што ќе изврши реализација на залогот, заложниот доверител во таков случај има право сам да го избере овластениот субјект кој ќе ја изврши реализацијата на залогот. Како таков субјект може да се јави судот, нотарот, надлежен извршител во постапка за извршување, агенција за продажба на подвижни предметни и недвижности, берза и други субјекти предвидени со закон.
Врз основа на член 77 од Законот, ако предмет на залог се хартии од вредност, а залогодавачот не го врати долгот по неговото пристигнување, залогопримачот може да бара продажба на хартиите од вредност преку берза, освен за оние чија продажба преку берзата е забранета. Ако предмет на залогот е побарување или друго право, а залогодавачот не ја исполни стасаната обврска, залогопримачот е должен да побара негова наплата. Ако заложното побарување дава право на камата или на некакви други повремени давања, залогопримачот е должен да ги наплати. Кога предмет на заложно побарување се пари, согласно член 79 став 2 од Законот, залогопримачот е должен на барање на залогодавачот да го депонира наплатениот износ кај нотар или суд но ако предмет на неговото побарување се исто така пари, и ако тоа пристигнало за наплата, залогопримачот може да задржи за себе онолку колку што му се должи, а остатокот е должен да му ги предаде на залогодавачот.
Со горенаведениот закон, во регулирањето на заложното право, како врз недвижности, така и врз подвижни ствари и права, се постигнува повисок степен на сигурност на доверителите, посебно на кредиторите и се овозможува, поефективна и поефикасна наплата на побарувањата кои се обезбедени со залог, било врз подвижни предмети и права, било врз недвижности, а од друга страна да им овозможат на заложните должници и натаму да ги задржат во владение заложените предмети (невладетелски залог), со што нивната активност и деловна активност на предметните не биде прекината со заложувањето. На овој начин, на должниците им се овозможува да остваруваат приходи и да ги отплаќаат кредитите, што може да се примени и во случајот на факторинг како ефикасно средство, односно како гаранција дека факторот ќе го наплати своето побарување.
ѓ) Општа рамка на облигационото право
Новото облигационо право на Република Македонија е резултат на промените кои се случуваа во изминатиот период, од осамостојувањето до денес. Со донесувањето на македонскиот Устав во 1991 година, поставени се темелите на новото општествено и економско уредување: политички плурализам, изградба на граѓанско општество, рамноправност на субјектите, пазарни услови на стопанисување, слободна конкуренција и плурализам на сопственичките односи.
Новите системски закони, со кои требаше да се обезбеди правната реформа, согласно Уставниот закон за спроведување на Уставот, мораа да бидат донесени во кратки рокови од една година. Десетина години по донесување на Уставот, може да се каже дека реформите добија правна рамка која може да биде чекор кон хармонизирање на нашето право на регионално и светско ниво со модерните правни системи, како во сегментот на јавното, така и во сегментот на приватното право.
Реформата на целокупното приватно право на Република Македонија беше насочена кон заокружување на приватизацијата, активности за изградба на ново граѓанско право, особено уредување на сопственичките односи, определени стварни права, обезбедување на правата на доверителите (преку залог, фидуцијарна сопственост и слично), промена и дополнување на правната регулатива на облигационите односи, спроведување на денационализацијата во практика, дооформување на трговско законодавство (антимонополско право, право на нелојална конкуренција, потрошувачко право итн.), дооформување на регулативата за заштита на правата на интелектуална сопоственост, како и адекватни измени во граѓанските постапки – парнична, вонпарнична и извршна.
Целокупната реформа на приватното право се отсликуваше и во уредувањето на облигационите односи и создавање на она што го нарекуваме ново облигационо право.
Со облигационото право се уредуваат односите кои настануваат во стоково
– паричниот промет. Тоа се односи кои настануваат во согласност на волјите на договорните странитн. договорни односи – договори, односи што настануваат со причинување на штета и останати облигациони односи кои ја сочинуваат динамиката на граѓанското право. Содржината на облигационите односи ја чинат определени права и обврски за страните на облигационите односи.
Законот за облигациони односи50 на еден сеопфатен начин го третира општото трговско право, како и неговите трговски варијанти (на тој начин се прифаќа единството на граѓанското и трговското договорно право). Опфатени се и посебни одредби за голем број договори (класични и некои стопански),
50 Овој закон е објавен во „Службен весник на Република Македонија“ брoj 18/2001.
Измени и дополнувања на законот објавени се во “Службен весник на Република Македонија” брoj 4 д 25 јануари 2002 година, брoj 5 од 31 јануари 2003 година, брoj 84 од 11
јули 2008 година, број 81 од 30.06.2009 година и број 161 од 30 декември 2009 година.
меѓутоа факторингот како и другите договори на автономната трговска пракса (лизинг, форфетинг, инженеринг итн. не е уреден. Некои други договори во стопанството дефинирани се со посебни закони кои се однесуваат на надворешната трговија, имотот на трговските друштва и друго. Договорните одредби, општи и конкретни, се користат при склучувањето на договорите само ако страните изрично ги навеле во содржината или доколку се подразбира нивната очекувана примена во време на склучување на договорот. Поради тоа што Законот за облигациони односи ги дефинира договорите од стопанството како класични договори, Република Македонија како и другите бивши југословенски републики нема посебен закон кој би ги дефинирал и уредувал само трговските договори.
Иако во целина „новите“ републички Закони за облигациони односи кои ги усвоија бившите југословенски држави внесоа определени измени, всушност се работи за задржување на стариот костур на стариот закон, со одредени модификации и внесување на нови решенија и содржини.
Целта на промените на Законот за облигациони односи најчесто беа: отстранување на рецидивите и анахронизмите кои се остаток од претходниот систем, прилагодување на ЗОО со нови општествено – економски односи, целосно и поконкретно уредување на одделни односи и преземање на одредени одредби од други закони и нивно инкорпорирање во ЗОО, пред се поради нивната природа.
Измените се однесуваат на начелото на монетарниот номинализам и полноважноста на валутните и индексните клаузули и пресметување на каматите.
Во Законот се изоставени посебните одредби за банките и другите финансиски институции, затоа што се оцени дека различниот третман на овие субјекти во овој закон би значел отстапување од устваните начела на за еднаков третман на субјектите во трговското работење и на пазарот.
Договорот за факторинг, во ниту еден дел од нашиот правен систем не се дефинира како посебен вид на трговски договори. Но, во еден дел Законот обезбедува квалитетна правна рамка за пренос на побарувања, насловен како каде се уредуваат односите за „Пренесување на побарувања со договор - цесија“ во членовите 424-433.
Во ЗОО се уредени и посебни случаи за отстапување на побарувања, како отстапување наместо исполнување или заради исполнување и отстапување заради обезбедување на побарување. Исто така, ЗОО ги уредува и институтите на преземање на долг и преземање на исполнување, кои во основа се битни и значајни за уредување на факторингот. Тука свое значајно место има и суброгацијата, продажба со задржување на правото на сопственост, заем, упатување – асигнација, договор за кредит и договор за кредит врз основа на залог од хартии од вредност, кои како институти имаат определена врска или може да се искористат при уредување на договорниот однос – факторинг.
е) Судска заштита и надлежност на судовите во заштита на побарувањата на доверителите
Надлежноста на судовите е уредена со Законот за судовите51. Согласно член 24 од Законот, во единствениот судски систем, судската власт ја вршат: основните, апелационите судови и Врховниот суд на РМ. Веќе не постојат специјализирани судови, како што беше тоа во минатото и тоа е една од причините поради која постапките траат долго време, бидејќи не постои специјализација кај судиите.
Редовната постапка за наплата на долг која произлегува од некој договорен однос, почнува со тужба, која резултира со пресуда со која тужената страна се задолжува да го плати износот што го должи, со законска или договорна камата, судските и адвокатските трошоци. Кога оваа пресуда ќе стане правосилна, а доколку не е доброволно извршена (долгот не е платен доброволно во определениот рок), се поднесува Барање до надлежен извршител за спроведување на постапка за присилна наплата на долгот согласно одредбите од Законот за извршување.
3.1.1.1. Посебни заклучоци и согледувања
Од претходно наведената правна анализа на легислативата на Република Македонија, која се однесува на факторингот се заклучува следното:
• Согласно Законот за банките, банките, вклучително и Поштенската банка, може да се бават со факторинг, но само за сметка на своите комитенти, доколку имаат 9.000.000 евра основачки капитал;
• Законот за банки, овозможува и финансиски институции кои не се банки да се вршат услуги на факторинг, но во самото законодавство не се дефинира што е финансиска институција и кои услови треба да ги исполнуваат за да се основаат. Заради обезбедување на еднакви услови за вршење на дејноста факторинг, потребно е да се изедначат условите за основање на финансиска институција која ќе може да се бави со факторинг со оние за основање на банките (9.000.000 евра основачки капитал). Исто така, и на банките би требало да им се овозможи да вршат услуги на факторинг и за другите клиенти, не само за своите комитенти;
• Законодавецот не ја дефинира дејноста факторинг и не дефинира кои активности се сметаат за факторинг, иако Законот за девизно работење факторингот го третира како комерцијален кредит поврзан со меѓународниот промет на стоки и услуги, односно како работи на откуп на побарувања. Во таа насока, можеби е добро да се размисли да се дефинира дејноста факторинг во
51 Законот е објавен во „Службен весник на Република Македонија“ број 58 од 11.05.2006 година.Исправка на законот е објавена во „Службен весник на Република Македонија број 62 од 19.05.2006 година.
Измени на законот се објавени во „Службен весник на Република Македонија“ број 35/2008 и број 150/10.
постоечката законска регулатива во која се содржани одредби за факторинг (Закон за банки и Закон за девизно работење). Особено ова се однесува на дефинирањето на факторингот во домашниот правен промет;
• Законодавецот изречно не го дефинира договорот за факторинг, меѓутоа тоа не претставува пречка за склучување на вакви договори. Во моментот во нашата држава постои дилема за тоа дали трговските договори треба да бидат регулирани во посебни одредби од Законот за облигациони односи, во посебни закони (како што е случајот со лизинг) или во трговски кодекс;
• Неопходност од привилегиран даночен третман на дејноста факторинг со цел да се поттикнат заинтересираните инвеститори, како и потенцијалните клиенти, да учествуваат на пазарот; и
• Република Македонија да ја потпише и ратификува UNIDROIT Конвенцијата за меѓународен факторинг.
3.1.1.2. Одданочување кај факторинг
Законот за персонален данок на доход, го регулира персоналниот данок и висината на општата стапка во висина од 18%.
Законот за данок на добивка го регулира корпоративното оданочување, согласно кој данок на добивка изнесува 15% од даночната основица. Пресметка на даночната основица не е комплицирана и има многу ослободувања од данок, врз основа на различни причини (странски вложувања, реинвестирање на добивка, котирање на берза итн.). Стапката на данок на добивка од 15% се смета за една од најниските во светот.
Даночните закони не го споменуваат откупот на побарувања на каков било одреден начин. Во моментот има два данока кои можат да влијаат врз развојот на факторингот во Македонија:52
- Данок на додадена вредност ДДВ и
- Данок на добивка.
3.1.1.3. Импликации на ДДВ врз факторинг
Согласно одредбите од Законот за данок на додадена вредност, предмет на данок на додадена вредност е промет на стоки и услуги. Побарувањата не се ниту добра, ниту услуги и со оглед на тоа, факторинг не е предмет на ДДВ.
Сепак ако компанијата – фактор издаде фактура за каква било провизија за факторинг (односно надоместок), тоа ќе се смета за услуга, па самата провизија ќе подлежи на ДДВ од 18%. Секогаш кога ќе се случи оваа, на крајот овој ДДВ ќе претставува неутрална трансакција, бидејќи компанијата – продавач на побарувањето плаќа ДДВ на компанијата – фактор и истовремено го одзема од својата месечна даночна пријава за ДДВ. Компанијата – фактор
понатаму го плаќа данокот на државата. Неутралноста на ДДВ ќе се случи само ако и двете компании во зделката за факторинг се регистрирани даночни обврзници на ДДВ. Ова не е случај со банките, така што ќе се јават извесни проблеми во однос на ДДВ ако компанијата – фактор е банка.
Ако сметаме дека зделката на факторинг е финансиска трансакција (финансиска услуга), тогаш во согласност со Законот за ДДВ повеќето од банкарските и финансиските услуги се ослободени од данок. Еден член од Законот за ДДВ додава конфузија во овој општ заклучок, наведувајќи дека наплатата на побарувањата од трети лица не се ослободува од оданочување (член 23 точка 5-д од Законот). Оваа точка не е така јасна бидејќи повторно се навраќа на основната дилема – дали продажбата на побарувањата може да се смета како производ или услуга, што подлежи на ДДВ.
Ако дисконтот на факторинг го сметаме како камата, каматата не се оданочува, бидејќи каматата не се оданочува по ниеден закон.53
3.1.1.4. Имликации на данокот на добивка врз факторингот
Општо гледано, сите приходи што произлегуваат од факторинг активностите се оданочуваат со данок за добивка, а сите разходи што произлегуваат од факторинг зделките се признаваат како расход во даночниот биланс.
Од гледна точка на факторот (субјект на кого му е пренесено побарувањето), приходите од факторинг активностите, кога се дефинирани како провизија, надоместок, дисконт или камата, подлежат на данок на добивка. Разлика помеѓу трошок на побарување и неговиот наплатен износ се признава како приход на датумот кога се наплатени побарувањата. Овој приход не е ослободен од оданочување.
Повеќето дилеми поврзани со данок на добивка произлегуваат од гледна точка на страната што продава (која го пренесува побарувањето). Таа ќе добие помал износ за своите побарувања отколку што е нивната номинална вредност. Оваа разлика веднаш се признава како загуба. Законот за данок на добивка не ја покрива капиталната загуба од тргувањето со побарувањата. Тој ги покрива само капиталните загуби што произлегуваат од продажбата на хартии од вредност, опрема и недвижности.
Со оглед на тоа, се поставува прашањето, како ќе се третира оваа загуба од страна на даночните тела. Постојат три опции:
- Ако се третираат како отпишување на побарувања тогаш, нема да бидат признаени како расход во даночниот биланс (член 20-а);
- Ако се третираат како камата, тогаш ќе бидат признаени како расход во даночниот биланс (член 17); и
- Ако се третираат како капитална загуба, тогаш најверојатно ќе имаат ист третман како и капиталните загуби од продажба на хартии од вредност, опрема и недвижности, кои се признаваат како расход во даночниот биланс (член 25).
3.1.1.5. Случај – даночни импликации
За да се објаснат даночните импликации врз факторингот, ќе прикажеме анализа на два случаи од даночни аспекти:
Случај 1: Компанија А - продавач (стариот доверител) има побарување од 1 милион денари што ги продава на компанијата Б – фактор (нов доверител) со дисконт од 10%.
Компанијата А, веднаш признава загуба од 100.000 денари, што вообичаено е расход кој се признава согласно Законот за данок на добивка. Во моментот на купувањето, нема никакви даночни импликации за компанијата Б. Кога ќе го наплати побарувањето, тогаш компанијата Б реализира приход од
100.000 денари (разлика) и овој приход се оданочува со данок на добивка. Во овој случај нема импликации врз ДДВ.
Случај 2: Компанија А - продавач (стариот доверител) има побарување од 1 милион денари пто ги продава на компанијата Б – фактор (нов доверител) со дисконт од 10%. Компанијата Б фактурира провизија од 10.000 денари. И двете компании за обврзници по основ на ДДВ.
Компанијата А веднаш признава загуба од 100.000 денари и расход од
10.000 денари. И двата износа се признаваат како расходи согласно Законот за данок на добивка. Во моментот на купувањето, компанијата Б признава приход во износ на фактурираната провизија од 10.000 денари. Приходот во износ од
100.000 денари се реализира по наплата на побарувањето. Овој приход се оданочува со данок на добивка.
Во овој случај, само фактурираната провизија од 10.000 денари подлежи на ДДВ од 18%. Компанијата Б ја фактурира провизијата плус 18% ДДВ и го плаќа данокот. Таа не признава приход за фактурираниот износ на име XXX. Компанијата А ја добива фактурата и го плаќа ДДВ на компанијата Б. Понатаму, во пријавата за ДДВ, таа го одзема износот за ДДВ. Во овој случај, има импликации на ДДВ, но на крајот ДДВ нема ефект за двете страни.
Случај 2-а: Компанијата Б (фактор) не е обврзник за ДДВ – така што не го пресметува ДДВ на фактурираната провизија.
Случај 2-б: Компанија А (стариот доверител) не е обврзник за ДДВ – така што не може да го одземе ДДВ и тоа се смета како расход.
Може да се процени дека факторингот, во рамките на домашното деловно работење, ќе може да се користи од набавувачи на големи, добростоечки компании и малопдоражни синџири. Оваа активност ќе има мал кредитен ризик за банките или за компаниите – факторинг. Може да се претпостави дека програмски базиран факторинг може да се развие помеѓу овие деловни релации.
За другите деловни релации, банките или компаниите – фактори ќе бараат дополнително обезбедување или начин за намалување на кредитниот ризик.
На сличен начин и извозниците, кои имаат воспоставено сигурни купувачи, веројатно ќе го користат извозниот факторинг. Тој може да се развие на програмска основа ако овие извози се континуирани со таквите партнери.54
2.1.2. Факторинг во компаративно правните системи на европскиот и англосаксонскиот концепт
Како нов институт кој настанал во бизнис праксата, факторингот доста долго време не бил правно уреден во споредбеното право. Земјите на common law и римската правна традиција имаат различен пристап во однос на факторингот, што создава одредени тешкотии првенствено кај земјите на civil law (бидејќи факторингот е производ на англосаксонската пракса, тој е прилагоден на англосаксонскиот прагматичен и еластичен правен систем). Земјите на civil law, морале да ги усогласат специфичностите на факторинг зделките со постојните правила на (своето) граѓанско право.
Генерално, најголем проблем на земјите на civil law претставува неможноста за отстапување на идните и вкупните побарувања (глобална цесија); примери од ваков вид има многу. Во Франција, како услов за полноважност на цесијата, се барало не само нотарска нотификација, туку и согласност на должникот, така што наместо институтот цесија, како правен основ за пренос на побарувањата користена е персоналната суброгација (чиј основ е во фактичкото исполнување на обврските). Но, и користењето на персоналната суброгација не ги решило сите проблеми на факторингот, особено не оние во врска со пренос на идни и сите побарувања. Поради тоа во 1981 година усвоен е законот (Loi Daily) кој овозможувал едноставен пренос на идни (професионални) побарувања. Одредбите на овој lex specialis немале некој значаен ефект во пракса. Белгија, за разлика од Франција, во своето национално право има воведено одредени измени како би ја овозможила примената на цесијата. Во италијанската бизнис пракса факторингот успешно е користен и покрај фактот дека ова земја се соочуваше со одредени правни тешкотии во врска со неговото користење; споменатите тешкотии доста успешно се надминувани со судска пракса. Што се однесува до системот за известување на должникот (без кој нема полноважност на пренос на побарувањата) прифатен е системот на нотарска нотификација, но неговата строгост значително е ослабена, па судовите биле присилени да го прифаќаат и „обичното“ писмено известување до должникот.
Проблемот со неможност за отстапување на идни побарувања е разрешен со донесување на специјален закон во 1991 година. Пренесување на идни побарувања со овој Закон е ограничено само на оние побарувања кои настануваат во рок од 24 месеци од склучување на договорот за факторинг.
54 Студија за факторинг во Македонија, Февруари 2005 година
Германската пракса исто така го познавала институтот на факторинг; што се однесува до правната реализација на факторинг зделките, користен е комплициран систем кој се реализирал преку рамковен договор и повеќе договори за пренос на побарувања од доверителот на факторот. Токму благодарејќи на сложената договорна структура, не постоел ни голем интерес за регистрација, согласност на должникот во поглед на ефектот на отстапување спрема трети лица. Во САД факторингот е уреден со UCC дури после долгогодишната негова употреба во пракса и големиот број на судски случаи. Факторингот е конципиран и сфатен како средство за финансирање и обезбедување (наплата). Компанијата продавач, прима од факторот парични средства (финансирање), а како обезбедување за примените средства ги пренесува на факторот своите (сегашни и идни) побарувања; всушност се врши продажба на права (побарувања), но за да ваквата продажба има дејство не само спрема должникот (со оглед да станува збор за продажба на побарувања) туку и спрема сите трети лица, американскиот систем предвидел регистрација на ваквиот пренос. Во Велика Британија за полноважност на договорот за факторинг се барало писмено известување до должникот, иако сите барања, како во некои континентални земји, се помалку го формализираат преносот, па често и самата фактура се смета за валидно известување.55
Покрај, веќе појаснетите примери на уредување на факторингот и тоа по пат на специјални закони (Франција и Италија) или во рамките на постојните трговски и граѓански прописи (САД и Белгија) и некои малобројни земји во транзиција имаат донесено прописи за факторинг (Русија и Молдавија). На меѓународниот план, се до донесувањето на UNIDROIT Конвенцијата, факторингот бил уреден само со правилата на обичајното и автономно трговско право. По спроведувањето на постапката за меѓународна унификација која се одвивала под закрила на UNIDROIT во 1988 година во Отава56 донесена е Конвенцијата за меѓународен факторинг, која стапила на сила во 1995 година. Тргнувајќи од големиот број на постојни модалитети, Конвенцијата го дефинира договорот за факторинг како договор врз основа на кој продавачот се обврзува да на факторот му ги пренесе постојните или идни побарувања од договори за продажба на стока односно вршење на услуги склучени помеѓу него и неговите купувачи односно корисници на услуги (должници). Претпоставка е дека се работи за трајни бизнис односи помеѓу договорните страни. Конвенцијата има предвидено четири основни функции на факторинг (финансирање, водење на книговодство, наплата на побарувањата и заштита од пропуст во плаќањето на должникот).57 Во согласност со одредбите на Конвенцијата, факторот треба врши барем две од четирите наведени функции. Како битен услов за постоење на договор за факторинг, Конвенцијата го
55 Xxxxx X., Тrendovi razvoja faktoring poslova u EU, Naučni skup sa međunarodnim učešćem Sinergija, 2010.
56 UNIDROIT конвенција за меѓународен факторинг, донесена во Рим на 28 Мај 1988 година
57 Xxxxxx I., Značaj ugovora o cesiju kod ugovora o faktoringu, Strani pravni život 3/2009, Institut za uporedno pravo, Beograd, 2009.
истакнува известувањето до должникот за пренос на побарувањата, што значи дека тука значајно е дека продавачот е должен да го извести должникот за преносот на побарувањата, а вакво известување може да достави и факторот по овластување од продавачот. Најзначајните одредбите од Конвенцијата се однесуваат на правата и обврските на договорните страни. Во согласност со одредбите од Конвенцијата можен е пренос на постојните и идни побарувања, а можно е и договарање на глобална цесија. Конвенцијата значи, го прифаќа концептот на цесија како начин на пренос на побарувањата.58
Во европските земји, факторинг организациите имаат опција да го финансираат како домашниот бизнис, така и извоз. Тешки услови на водење бизнис и продолжувањето на рецесијата во Европа, имаа големо влијание на доцниот развој на факторинг бизнисите. Исто така, некои факторинг организации мора да ги да извршуваат својот бизнис во Велика Британија, како и во САД; па ваквата потреба доведе до спојување на факторинг компаниите. Денес, постојат повеќе од 700 факторинг компании кои работат во повеќе од четириесет земји. Девет од десетте од најмоќни светски банки сега имаат своја база во факторинг индустрија.
Во САД, Xxxx Xxxxxxx во Чикаго која го има основано Хелер финансии, го презема CTI Group факторинг, со што стана најголемиот американски фактор. Слично на тоа и BNY Financial ги основа БТ фактори во 1990 година. Во глобала, постојат 17 големи фактори и вкупниот приход од факторинг бизнисот во САД изнесува повеќе од 51 милијарди долари и тоа само во 1991 година. Во САД факторинг организациите се специјализираат за финансирањето на текстилната индустрија што опфаќа речиси 75% од вкупниот обем на факторинг бизнис во земјата.59
Италија го зазема првото место во однос на приходите од факторинг бизнисите; по што следат САД и Велика Британија. Во Јапонија, првата специјализирана факторинг компанијата беше основана во 1972 година, кога (Sanwa) Санва банката го основа Sanwa Business Credit Co. чија основан карактеристика беше во тоа што ја пласирање меницата за разлика од готовина, како средство за финансирање на побарувања. Факторингот исто така станува популарен и во Северна Америка, Азија, Сингапур, Малезија и Јужна Кореја. Се проценува дека факторингот во Сингапур и Малезија расте со забрзана стапка од 40% годишно.60
Сепак, извозниот факторинг е многу популарна во земјите како што се Германија, Белгија и Холандија, каде што постои развиен извоз од голем обем. Последната земја која се залага за воведување на факторинг бизнисот е Кина, која особено значење му дава на извозниот факторинг.
58 Xxxxxx Xxxxxx.,Značaj cesije kod ugovora o faktoringu, Novi Sad, 2009
59 Xxx A. N., XxxXxxxxx X. X. Internacional Factoring. Published by Euromoney, Ltd, London, 1981.
60 Xxxxx X., Xxxxxx X. X. Finance. Prentice Hall Inernacional, New Yersey, 2000.
2.1.3.Меѓународни извори на факторинг
Меѓународни извори за уредување на факторинг се:
- Конвенција за меѓународен факторинг од Отава од 1988 година (UNIDROIT);
- Правилата на меѓународната асоцијација за факторинг;
- Правила на синџирот за меѓународен факторинг;
- Подготвителен документ за Конвецијата на ООН за отстапување на обврските на должниците изготвена од Комисијата на ООН за меѓународна трговија и од Европската банка за реконструкција и развој од Декември 2001 година во Њујорк.
Република Македонија ја нема ратификувано ниту потпишано Конвенцијата за меѓународен факторинг од Отава.
Останатите извори на меѓународното, деловно право претставуваат автономна трговска пракса, и како такви, не подлежат на ратификација, туку се обврзувачки единствено за субјектите кои се членови на горенаведените асоцијации.
3.1.2.1.UNIDROIT Конвенција за меѓународен факторинг
За потребите на меѓународниот факторинг и за целите на меѓународната трговија, Институтот за унифицирање на меѓународното приватно право (UNIDROIT) во Мај 1988 година, ја донесе Конвенцијата за меѓународен факторинг во Отава, Канада. Конвенцијата има за цел да помогне да се надминат тешкотиите со кои се соочува меѓународниот факторинг и да го афирмира ваквиот начин на отстапување на побарувања како подостапна форма на финансирање.61 Па, така само до 02.07.2001 година, повеќе од 14 држави, вклучувајќи ги повеќето големи индустриски сили како Велика Британија, САД, Германија, Италија и Франција, ја го потпишаа оваа Конвенција. Досега е ратификувана од 4 држави62, а уште 2 други пристапија кон Конвенцијата.63
Конвенцијата се применува на меѓународни факторинг трансакции. Согласно конвенцијата, трансакцијата е меѓународна кога местото на бизнис на странките е во различни држави. Договор за факторинг пак, е оној договор кој вклучува доделување на побарувања кои произлегуваат од комерцијални трансакции (со исклучок на трансакции со крајните потрошувачи) од продажба на стоки и согласно кој факторот обезбедува финансии, врши наплата на побарувањата и обезбедува заштита од неисполнување на обврските од
61 види UNIDROIT конвенција за меѓународен факторинг, 28 Мај 1988 година, Рим Целиот текст може да го погледнете на линк: xxxx://xxx.xxxxxxxx.xxx/xxxxxxxxxxx/xxxxxxxxx⦋пристапено на ден 17.12.2015 година⦌ 62 Франција, Германија, Италија и Нигерија
63 Унгарија и Латвиа
должникот. Конвенцијата може да биде во целост прифатена или одбиена од страна на странките.
Што се однесува до материјалните одредби, Конвенцијата пропишува дека должникот има обврска да му ги плати на факторот утврдените побарувања кои произлегуваат од договорите за продажба склучен пред или за време на писмено известување на за отстапување до должникот. Прашање на контроверзност во англискиот закон, е прашање на тоа дали должникот може да му се надоместат износите платени на фактор ако договорот помеѓу продавачот и должникот (купувачот) не се исполни. Решение за ваков случај, кое е усвоено во согласност со Конвенцијата е дека нема никаква одговорност за факторот во случај да не бидат исполнети условите од основните договори помеѓу продавачот и купувачот, освен ако, факторот не му ги има веќе одобрено средствата на продавачот, или го направил тоа и покрај сознанието дека набавувачот не ги исполнил своите обврски.
Конвенцијата се карактеризира како чекор во вистинската насока во афирмирањето на меѓународниот факторинг, како средство за добивање на финансиски средства за меѓународната трговија. Со самиот факт што повеќето земји ја имаат усвоено Конвенцијата значи дека барем некои држави го препознаваат неговиот потенцијал.
Сепак, опсегот на UNIDROIT Конвенцијата е ограничен и некои од најважните проблеми во врска со меѓународен факторинг не се разрешени.
Прашањето за проблемите во врска со наплата на побарувањата од страна на фактор во случај на инсолвентност на должникот, проблемот со судир на законите и постоење на правило кое ќе може да послужи како водич во справувањето со ваквите проблеми, се уште не се утврдени. Покрај тоа, Конвенцијата е ограничен во својата примена и не ги покрива случаите на домашен факторинг и односите помеѓу факторите и нивните клиенти, што претставува главен недостаток на правната регулатива кај меѓународните трговски односи.
3.1.2.2. Конвенцијата на Обединетите нации за доделување на побарувања во меѓународната трговија
Едно од најважните последни случувања во напорите за унификација на правната регулатива во врска со финансирањето на побарувањата е донесувањето на UNCITRAL Конвенцијата за доделување на побарувања во меѓународната трговија која беше усвоена од страна на Генералното собрание на ОН на 12 декември 2001 година, која е отворена за потпишување од страна на националните влади.64
64 Целиот текст на Конвенцијата е достапен на: xxxx://xxx.xxxxxxxx.xxx/xxx/xxxxxxx/xxxxx/xxxxxxxx/xxxxxxxxxxx/xxx-xxxxxxxxxx-xxxxxxxxxx-x.xxx
⦋пристапено на 17.12.2015 година⦌
Конвенцијата има за цел да ја промовира и поттикне праксата на меѓународно финансирани побарувања, како метод за олеснување на меѓународната трговија. Нејзината главната цел е да се намалат трошоците кај трансакциите, како што се меѓународниот факторинг, финансирање на проекти и хартии од вредност, преку употреба на единствени правила. Дивергенцијата на националните закони и мноштвото контрадикторни критериуми за доделување на побарувањата, се основниот проблем со кој се соочуваат учесниците во меѓународната трговија. Од овие причини Конвенцијата главно се посветува на прашањата во врска со валидноста на зделките извршени во странски јурисдикции и виталното прашање во случај на инсолвентност на должникот.
Конвенцијата ја надвладува UNIDROIT Конвенцијата за меѓународен факторинг, освен во случаи кога тоа не се однесува на правата и обврските на должникот, како што е тоа случај со Конвенцијата од Отава. Сепак, Конвенцијата е усвоена неодамна но истата се уште не е стапила на сила, додека на Конвенцијата од Отава во моментов е во функција. Сепак, донесувањето на Конвенцијата е голем настан за практиката на меѓународниот факторинг. Во наредниот дел ќе биде направен краток преглед на одредбите од Конвенцијата и ќе ги споредиме со одредбите на Конвенцијата од Отава.
Конвенцијата опфаќа широк број на трансакции, како што се факторинг, форфетинг, хартии од вредност, приходи од финансирање на проекти и рефинансирање на трансакции, вклучувајќи трансферот и на деликатни побарувања, полиси за осигурување и депозит. Конвенцијата се однесува на зделки со меѓународен елемент, кој може да се однесуваат на самата зделка или на побарувањето. Токму во ова точка Конвенцијата се разликува од Конвенцијата од Отава каде што интернационалноста се однесува само на побарувањата. Така што, сите зделки, без разлика дали се домашни или меѓународни, меѓународни побарувања и меѓународните мисии на домашни побарувања се вклучени во рамките на опсегот на Конвенцијата.
Друга разлика помеѓу двете конвенции е дека на UNCITRAL Конвенцијата може да се менува спогодбено со договор помеѓу двете страни, а како што видовме погоре на UNIDROIT Конвенција може да биде или прифатена или одбиена како целина, без резерва за можни варијации. Еден од основните принципи на Конвенцијата е принципот на автономија на странките. Ваквата фундаментална карактеристика на договорното право се протега низ сите конвенции за меѓународна трговија. Можноста за отстапување од членовите на Конвенцијата, која е пошироко изразена во UNICITRAL Конвенцијата, сугерира на подлабока посветеност на овaa идеја.
Конвенцијата не предвидува строга форма на договорот, во смисла да истиот мора да биде во писмена форма. Тоа е оставено да се регулира со националните закони на странките. Конвенцијата признава важност и на т.н. bulk зделки (кои не се поединечно идентификувани) и идни побарувања. Ова е важно кај зделките на факторинг и хартии од вредност, како и зделки со големи вложувања и ниска вредност на побарувањата. Понатаму, според
Конвенцијата, правото на обезбедување на побарувањето автоматски се префрла на отстапувачот.
Конвенцијата се занимава и со правата и обврските на страните во некои детали. Односот помеѓу цедентот и цесионерот е регулиран со членовите 11- 14, додека сo членовите 15-21 се регулира заштитата на должникот. Поради ограничениот предмет на истражување во овој труд, не е можно да се разгледаат овие одредби во детали. Доволно е да се направи една општата оцена дека изготвувачите на Конвенцијата се обиделе да постигне рамнотежа помеѓу олеснување на финансирањето на побарувања и заштита на должникот.
Иако зделката не создава договорни односи помеѓу факторот и должникот, тоа може да влијае на правата и обврски кои произлегуваат од основниот договор. Со цел да го заштити од штетни промени поради неговиот статус, Конвенцијата пропишува општ принцип дека со зделката не може да се променат правата и обврските на должникот, доколку тоа не е предвидено во самата Конвенција.
2.2. Препораки
Недостиг од јасна дефиниција за факторинг во македонските прописи, наметнува потреба за Министерството за финансии и НБРМ да подготват јасна дефиниција за факторингот. Веројатно ќе има потреба од поддршка на развојот на начелата и постапките за надзорните тела.
Покрај тоа, ќе има потреба и од поддршка на развојот на активноста и на кредитните политики и постапки за банките што ќе сакаат да ја понудат оваа активност.
Македонската сметководствена и даночна практика, не го регулираат посебно факторингот, бидејќи таквите трансакции не е распространети во Македонија. Сепак, нема пречки во сметководствените и даночните закони во однос на воспоставувањето на факторингот во Македонија.
Што се однесува на сметководствениот третман, се препорачува да се искористат Меѓународните сметководствени стандарди, со пропишување на сметководствениот третман - главно ММС 39. Бидејќи познавањето на локалните сметководители на ММС се уште е доста сиромашно, потребна е интензивна обука, за да се добијат сметководители што ќе бидат способни да подготвуваат финансиски извештаи во согласност со ММС, што е од суштинско значење.
Се препорачува член 23 точка 5-д од Законот за ДДВ, според кој наплата на побарувања од трети лица не е исклучена од даночна обврска, да се избрише од законот, бидејќи не е јасно на кој вид трансакции се однесува, или да се промени при што изречно ќе се наведе дека прометот со побарувања не е предмет на ДДВ. Исто така, овој член е спротивен на општото правило на Законот за ДДВ, кое гласи дека предмет на ДДВ се само добрата и услугите.
Исто така, важно е да се разјасни каков третман ќе имаат дисконтите во тргувањето со побарувањата. Дали тие ќе се сметаат за дисконти, камати, надоместоци, отпишувања или капитална добивка/загуба? Штом ќе се дефинира, ќе се решат и даночните прашања. Затоа ќе треба да се дополни Законот за данок на добивка во членот кој ги регулира капиталните загуби, при што капиталните загуби од продажба на побарувања да добијат ист третман како капиталните загуби од продажба на хартии од вредност.
За имплементирање на овие предлози, Министерството за финансии треба да подготви локален пропис што ќе ги регулира сите сметководствени и даночни прашања кои се однесуваат на факгторингот, од гледна точка и на двете страни, како што тоа беше направено за третманот на лизингот. Во овој случај, ќе треба јасно да се наведе, кои се даночните импликации, за да нема погрешно толкување од страна на факторот, купувачот, продавачот, а ни од даночните органи.
2.2.1. Зошто е потребно донесување на Закон за факторинг
Со донесувањето на Законот за факторинг во Република Македонија, делумно ќе се олесни примената на факторинг за бизнис субјектите, ќе се уреди и договорот за факторинг, како и ќе се воспостави и ќе започне да работи регистарот на факторинг.
Договорите се факторинг, до донесувањето на ваков закон, ќе станат формални и правно регулирани договори и нема веќе да се сметаат за т.н.
„неименувани договори“. Договорот за факторинг е основа за регулирање на наплатата на побарувањата и врз основа на истиот се врши трансфер на постојните или идни барања, се утврдуваат правата и обврските на договорните страни, како и понатамошен трансфер сите права и обврски на основниот договор за факторинг.
Со цел да се зголеми правната сигурност на учесниците во оваа правна работа, се наметнува и потребата за регистрација на договорот за факторинг, односно воспоставување на единствена евиденција на склучените договори за факторинг. Без ваква, јавно достапна евиденција, постои можност за злоупотреба на правата, така што во интерес е како на двете страни, така и на трети страни, да бидат информирани за нивните права и обврски според договорот за факторинг.
Ваквата одговорноста за водење на регистар – евиденција треба да биде отстапена во надлежност на Централниот регистар на РМ, која располага со технички и човечки потенцијал за спроведување на ваков регистар. Со наметнување на обврска за регистрација на договорите за факторинг, ќе се зголеми транспарентноста на трансакциите кај пренос на побарувањата и дека со донесувањето на ваков закон се очекуваат и многу други позитивни ефекти постоење на евиденција на склучените договори за факторинг; зголемување на правната сигурност; намалување на нетранспарентни трансакции кај преносот
на побарувањата; намалување на ризикот при склучувањето на договорот со кој се пренесува правото на побарувањето).
Сепак, споредено со веќе востановената законска регулатива на факторингот, во соседните земји, тамошните закони главно пропишуваат обврска само за воспоставување на Евиденција на одобрувања за проведување на факторинг бизниси, но не и обврска за воспоставување на Регистар на договори за факторинг, кои ги водат Агенциите за регистри (кои функционираат со исти надлежности како и нашиот ЦР на РМ). Причината за тоа зошто овие држави се определија за ваквата опција, се оправдува со фактот дека обврската за регистрација на договорите за факторинг, ќе ја забави оваа активност, која е по својата природа многу динамична.
Дополнително што со донесување на Законот за факторинг, ќе се воведе и лиценцирање за овластените факторинг компании, кои ќе се занимаваат со факторинг активност, што дополнително ќе ја зголеми правната сигурност, додека пак преземањето на праксата од соседните законодавства за невоспоставување на Регистар за факторинг договори, и натаму ќе остане дискутабилно прашање кое иднината ќе го наметне како потреба.
Праксата на исклучително брзата регистрација на договорите за финансиски лизинг во Регистарот на финансиски лизинг, овозможена со соодветни софтверски решенија и добрата соработка помеѓу давателите на услуги на финансиски лизинг, дополнително го демантираат ваквиот став.
Праксата ќе покаже дали донесувањето на Закон за факторинг, ќе им обезбеди на учесниците во ова правно дело и доверителите на отстапените побарувања, доволен степен на правна сигурност во врска со наплатата на нивните побарувања, додека пак на надлежните државните органи, кои ќе вршат контрола над извршувањето на овие зделки, ќе им обезбеди доволно податоци за спроведување на ваквата контрола.
ГЛАВА 3
3. Основни обележја на договорот за факторинг и неговите специфики во деловниот промет
3.1. Договорот за факторинг како правен инструмент за финансирање на потребите на клиентот
Познато е дека економскиот развој на едно општество е незапирлив и континуиран процес, а таквиот развој, правото и правната наука мора постојано да го следат. Факт е дека законодавецот може да ги регулира оние односи кои се типични и познати до донесувањето на самиот закон на кој тие се однесуваат. На ваков начин пристапи и нашиот законодавец при донесувањето на Законот за облигациони односи, каде во посебен дел ги има нормирано одреден број на договори. Нормирани договори уште се нарекуваат и именувани договори, а договори кои не се посебно нормирани со некој закон се нарекуваат неименувани договори, но ако се направи споредба помеѓу овие два вида договори, ќе се забележи дека бројот на именувани договори е релативно мал. Тоа е разбирливо ако се знае дека содржината на договорите често се менува и дополнува со нови елементи кои законодавецот не може да ги прати. Неименуваните договори се продукт на новото време и затоа истите се уште немаат најдено своја законска регулатива. Со оглед да ваквите договори се појавија во новото време тие уште се викаат и „модерни договори“. Најпознат меѓу нив е факторингот.
Етимолошко значење на зборот „факторинг“ потекнува од латинскиот збор facere што значи – води, управува, односно од англискиот збор factor што во своето оригинално значење значи агент, комисионер или посредник. Но, по самиот назив на овој вид договор може да се забележи дека истиот доаѓа од англо – американската економска и правна сфера.
Факторинг е договор на новото време, но поедини особини на овој договор се наоѓаат и во најстарите пишани правни извори. Факторингот не е регулиран со националните прописи на земјите од европското континентално правно подрачје. Своето значење овој договор го наоѓа во општите услови на работење на факторинг компаниите, како и во општите норми на договорното право.
3.1.1. Поим и карактеристи на договорот за факторинг
Со договор за факторинг едната договорна страна (клиент) се обврзува на другата договорна страна (фактор) да и пренесе еден дел или сите свои побарувања кои ги има спрема трети лица, додека втората договорна страна се обврзува ваквите побарувања, заедно со провизија и трошоци на самата постапка, да ги наплати. Во правната теорија не постои единствена дефиниција на договорот за факторинг.
Според едни, со договор за факторинг клиентот се обврзува да му ги понуди на факторот на продажба сите свои краткорочни побарувања според договор за испорака на стока или вршење на услуги, пред нивното достасување, а факторот се обврзува ваквата понуда да ја прифати, вообичаено со преземање и на ризикот за наплата од должниците на клиентот. Според други, факторингот се дефинира како правна работа со која отстапувачот на побарувањето се обврзува да на факторот му ги пренесе своите побарувања по основ на договор за продажба на стока односно за вршење на услуги, склучени со купувачи, а факторот се обврзува да со провизија и наплата на трошоците, ги наплати ваквите побарувања и да
изврши други факторинг услуги согласно договорот.
И во споредбеното право тешко е да се најде точна дефиниција за факторингот. Со факторинг, едната страна (фактор) прибавува побарувања од другата страна (клиент) и за тие побарувања плаќа одредена сума. Правни институти кои се составен дел на сите облици на факторинг односите се: цесијата или отстапување на побарување, преддоговор со кој странките се обврзуваат да склучат конечен договор и главен (конечен) договор.
Во правните науки е застапен единствен став дека договорот за факторинг секогаш во својот составен дел ја содржи цесијата. Правниот основ на цесијата кај договорот за факторинг е договорот. За факторинг работењето се врзува поимот глобална цесија. Предмет кај договорот за факторинг се идни побарувања и тоа оние кои се одредени или барем одредливи. Ова е спротивно на начелото на добрите деловни обичаи. Бидејќи побарувањата се определени и бидејќи клиентот добива полна противвредност за отстапените побарувања, цесија на идните побарувања не е спротивна на добрите деловни обичаи, ниту е противзаконска.
Со цел да се надмине забраната за цесирање, факторите се повикуваат на тоа дека истата е спротивна на добрите деловни обичаи и истите настапуваат како комисионери на своите клиенти или клиентите истапуваат како комисионери на факторот.
3.1.2. Битни елементи и основни правни обележја на договорот за факторинг
Согласно својата правна природа, факторингот претставува сложена конфигурација или мозаик од различни елементи во кој централна улога ја има договорот за факторинг како инструмент за реализација на клучните цели на овој финансиски инструмент. Бидејќи не постои законска дефиниција за договорот за факторинг, туку само правни дефиниции кои ја објаснуваат неговата содржина и основни карактеристики, овој договор спаѓа во групата на модерни договори на деловното право и промет кој произлегол од lex
mercatoriа.65 Кај договорот за факторинг се среќаваат елементи на бројни и хетерогени договори и правни институти кои укажуваат на фактот дека негова конкретна правна определба во домашното законодавство не постои, иако во праксата ваков договор постои и се применува без никаков проблем, па според своите карактеристики на договорот за факторинг се применуваат правните правила што го уредуваат договорот за цесија, комисион, емство (гаранција), застапување, договор за дело, цесија и преддоговор врз основа на кој се склучуваат главните договори или рамковен договор врз основа на кој се склучуваат идни поединечни договори за пренос на краткорочни нестасани парични побарувања.
Најчесто се става во категорија на т.н. неименувани договори на автономното трговско право, па во поглед на неговата форма која како таква ќе ја оправда неговата валидност, не постојат посебни правни правила, но вообичаено се склучува во писмена форма, што воедно е и доказ за постигнатата согласност на договорните страни односно т.н. ad probationem форма.66
Затоа соодветно би било да правната природа и суштината на договорот за факторинг биде анализирана преку толкување на општите одредби на Законот за облигациони односи67 каде се содржани и основните начела (принципи) за уредување на облигационите односи (слобода на уредување на облигационите односи, рамноправност на учесниците, начело на совесност и чесност, забрана за злоупотреба на право, забрана за искористување на монополска положба, начело на еднаквост на заемните давања, забрана за предизвикување на штета, должност за исполнување на обврските, начело на справедливост и др.) и правните последици од повреда на овие начела. Согласно одредбите од член 130 од Законот за облигациони односи утврдено е дека:„(1)Општите услови на договорот се договорни одредби составени од поголем број договори кои едната договорна страна (составувач), пред или во моментот на склучување на договорот и ги предлага на другата, било да се содржани во
65 Lex mercatoria - усна, вообичаена трговска пракса (закон) кој се развил во средновековна Европа и бил спроведен рамномерно низ Европа од страна на трговски судии, преку процесирање на споровите помеѓу трговците. Во современиот свет, некои научници веруваат дека постои модерна верзија на lex mercatoria, кој најчесто се применува во транснационалната трговија и содржи комерцијални обичаи меѓународно признати од страна на трговска заедница.
Покрај тоа, lex mercatoria исто така се однесува и на одредени меѓународни конвенции, па дури и национални закони кои се однесуваат на меѓународните економски односи. Меѓународна трговска арбитража често се наведува како поле во кое модерниот lex mercatoria е оперативен.
Генерално, во lex mercatoria се смета за дел од обичајното право, освен ако тоа не се измени или не биде регулирано од страна на парламентот или општинските судови.
66 ad probationem – доказна форма на договорите, најчесто кај неформалните договори, чие постоење се докажува со писмена исправа за постигната волја помеѓу договорните страни и нејзината содржина.
67 Општите услови на договорите се содржани во глава VIII во член 130 од Законот за облигациони односи („Службен весник на Република Македонија“ брoj 18/2001 и неговите подоцнежни Измени и дополнувања на законот)
формуларен (типски) договор, било договорот на нив да се повикува. (2)Општите услови ги дополнуваат посебните спогодби меѓу договарачите и, по правило, обврзуваат како и овие. (3)Во случај на несогласување меѓу општите услови и посебните спогодби, обврзуваат последниве. (4)Општите услови на договорот мораат да бидат објавени на вообичаениот начин. (5)Општите услови ја обврзуваат договорната страна ако и биле познати или морале да и бидат познати во моментот на склучувањето на договорот.“
Согласно генералната дефиниција содржана во овој Закон, „Договор претставува согласност на волји со која настануваат, се менуваат и престануваат граѓанско – правните односи“, додека самиот поим договор подразбира: правен факт (согласност на волји), правен однос (збир од права и обврски) и правен документ (форма (писмена) на договорот). Законот за облигациони односи засега е единствена основа за уредување на односите (правата и обврските) кои произлегуваат од договорот за факторинг и утврдување на неговата правна природа. Како што беше споменато и претходно, договорот за факторинг е мешовит договор бидејќи во себе содржи елементи од повеќе договори, тој е двостран договор, бидејќи предвидува учество на два субјекта (договорни страни) при неговото склучување (клиент и фактор), иако учеството на трето лице – купувач (должник на клиентот) од кој се врши наплата на пренесеното побарување согласно договорот, создава претстава за тристрано поврзување на овие субјекти за постигнување на една иста цел, па честопати факторингот се дефинира и како тростран договор. Но, од формален аспект, што купувачот само се споменува во врска со двете договорни страни клиентот и факторот, купувачот не може да се смета за трета договорна страна од овој однос и истиот не може да се јави како потписник на овој Договор.68
Договорот за факторинг е товарен договор, бидејќи предвидува права, но и обврски за двете договорни страни, па оваа карактеристика заедно со претходно споменатата карактеристика – двостраност, го дефинираат договорот за факторинг како двострано обврзувачки договор. Тој може да биде формален договор, потврда за постигнатата согласност на волји на договорните страни, но генерално се смета за неформален договор, бидејќи не постои законски пропишана обврска за негово склучување во писмена форма.
Со оглед дека е потребна согласност на двете договорни страни, спаѓа во групата на консензуални договори, додека според целта заради која се склучува, а која е однапред позната и прифатлива за двете страни – пренесување на краткорочни побарувања од клиентот на факторот заради добивање на парични средства, тој е каузален договор. Договорот за
68 види посебен додаток: Прилог 1 - Договор за факторинг
факторинг се смета за неименуван договор, бидејќи неговите основни одредби не се уредени со овој Закон, ниту се законски регулирани и стандардизирани со некој друг посебен закон.
Договорот за факторинг, според своите обележја претставува комутативен договор, бидејќи во моментот на неговото склучување, дејствијата се квалитативно и квантитативно определени или определиви и претставува наплатен (онерозен) договор бидејќи кај него, предметот на договарање – отстапување на побарувањата бара своја противчинидба (обврска за друга страна).
Но, посебна карактеристика која го издвојува договорот за факторинг како sui generis творба од мноштвото други договори е неговата атхезиона природа. За него е карактеристично тоа што тој не настанува преку класична понуда и акцепт, на кои секогаш им претходни преговарање, туку со едноставно потпишување на однапред припремен примерок од другата страна. Ваквиот шаблонски договор важи за сите лица кои во иднина ќе склучат договор со изготвувачот, во овој случај тоа е факторот, кој најчесто не го дефинира договорот за секој свој клиент индивидуално туку креира документ кој ќе важи за секој случај. Преговори нема, бидејќи другата страна (која пристапува кон ваквиот договор) треба само да се изјасни афирмативно (дека го прифаќа) или негативно (дека не го прифаќа) ваквиот Договор.
Исто така, според својата природа овој договор спаѓа во групата на акцесорни договори, бидејќи неговото склучување зависи од претходно постоење на некој друг главен договор, како што е договорот за купопродажба помеѓу клиентот и неговите купувачи, договор за вршење на услуги, за испорачување на стоки и слично.
Генерално се смета за банкарска зделка, бидејќи првично е дефиниран согласно одредбите од Законот за банки и претставува финансиски инструмент кој го применуваат банките во своето работење, но со оглед да најчесто се користи за потребите на работењето на трговските друштва, тој се смета за трговска дејност.
За Договорот за факторинг карактеристично е тоа што тој спаѓа во групата на договори кои во својата содржина се повикуваат на Општи услови кои се однапред определени од едната договорна страна (факторот), било тие да се содржани во формален (типски) договор, било договорот да се повикува на нив. Овие општи услови ги дополнуваат посебните спогодби (за видот на факторингот, цената и начинот на плаќање на надоместокот, времетраење на договорот и сл.) утврдени помеѓу договарачите во истиот договор и по правило обврзуваат како и овие. Во случај на несогласување на општите услови и посебните спогодби, важат овие последните.
Законот за облигациони односи на Република Македонија, предвидува ништовност на одделни одредби од Општите услови на договорот кои се спротивни на начелото на совесност и чесност, кои создаваат очигледен несразмер во заемните давања на страните и како такви создаваат можност од настанување на штета на содоговарачот, на создавачот или го загрозуваат
постигнувањето на целите заради кои е склучен договорот. Со цел да се обезбеди заштита на оштетената страна кај овие договори во член 131 в.в. со член 130 од Законот за облигациони односи, предвидена е можност судот да ја одбие примената на одделни одредби на Општите услови кои: ја лишуваат другата страна од правото да стави приговори, или оние врз основа на кои таа ги губи правата од договорот, или ги губи правата во однос на роковите, или инаку се несправедливи или претерано строги спрема оваа страна.
Законот за облигациони односи содржи и одредби за раскинување на договорите и последиците од ваквото постапување (на пример: надомест на штета за предвремено или еднострано раскинување) и одредби за нивното толкување, кои целосно може да се применат и на Договорот за факторинг.
3.1.3. Споредбено правни аспекти на договорот за факторинг и нему сличните правни институти
Со оглед на многубројните појавни облици на договорот за факторинг и многубројните институти на именувани договорни творби од кои тој потекнува или на кои се заснова, кратко ќе ги изложиме само клучните разлики во однос на сродните правни дела.
Факторинг и договор за комисион: Факторот не е директен учесник во основниот договорен однос како што е комисионерот.69
Факторинг и договор за застапување: Факторот не го застапува клиентот и не делува во негово име и за негова сметка, туку во свое име и за своја сметка.70
Факторинг и договор за банкарски кредит: Банката не презема никаква одговорност за наплата на побарувањата од должникот, додека кај факторингот тоа е можно. Исто така, клиентот нема обврска да му го врати на факторот овој износот, кој му го има исплатено.71
69 Договор за комисион е регулиран во член 827 од ЗОО на РМ согласно кој е предвидено дека:„(1) Договорот за комисион се обврзува комисионерот за надомест (провизија) да изврши од свое име и за сметка на комитентот една или повеќе работи што му ги доверува комитентот. (2) Комисионерот има право на надомест и кога овој не е договорен.“
70 Договор за трговско застапување е регулиран во член 846 од ЗОО на РМ кој предвидува дека:„(1) Со договорот за трговско застапување застапникот се обврзува дека за време на траењето на договорот ќе преговара со трети лица за склучување договори во име и за сметка на налогодавачот и, ако е така договорено, ќе склучува договори со трети лица во име и за сметка на надлогодавачот, а налогодавачот се обврзува да му плати на застапникот, за секој договор кој го склучил или е склучен со неговото дејствување, одреден надоместок (провизија). (2) Како застапник нема да се сметаат лицата кои според овој или друг закон се овластени да застапуваат други лица. (3) Налогодавачот може да има, на иста територија за ист вид на работи, повеќе застапници.“
71 Договор за банкарски заем (кредит) е регулиран во член 1104 од ЗОО на РМ кој предвидува дека:„(1) Со договорот за кредит банката се обврзува на корсникот на кредитот да му стави на располагање определен износ на парични средства, на определено или неопределено време, за некоја намена или без утврдена намена, а корисникот се обврзува на банката да и ја плаќа договорената камата и добиениот износ пари да го врати во времето и на начинот како што е утврдено со договорот. (2) На договорот за кредит во кој паричната обврска е во домашна валута е изразена во странска валута или е определена во
Факторинг и договор за заем: Клиентот не му предава на факторот одреден износ на парично средства како кај заемот, туку му ги отстапува своите побарувања.72
Факторинг и договор за купопродажба: Кај купопродажбата, ризикот за наплата е секогаш на купувачот, додека кај факторингот, ако факторот не го преземе ризикот за наплата, клиентот му гарантира на факторот за наплатливост на отстапеното побарување.73
Факторинг и договор за отстапување на побарувања (цесија): Клиентот не му одговара на факторот секогаш и за наплатилвоста (бонитетот) на побарувањата.74
3.2. Правен однос помеѓу факторинг и форфетинг – сличности и разлики
Покрај факторинг, постои уште еден многу сличен вид на финансирање на бизнисот, а тоа е форфетинг. Форфетингот е толку сличен на факторинг, може да се каже дека, освен по една главна разлика, двата вида се речиси идентични.
Форфетинг значи нова форма - модел на финансирање или купување на долгорочни побарувања кои достасуваат во наредниот период, а потекнува од испорака на стоки и услуги, главно преку извоз, при што купувачот на побарувањата го носи ризикот во врска со наплатата од третото лице, од страна на банка или други специјализирани организации што се занимаваат со форфетирање, без право на регрес од извозникот или продавачот на стока. Затоа, форфетингот се однесува на купување на долгорочни и недостасани побарувања, каде што купувачот го носи ризикот од наплата на истите од третото лице. Значи главната разлика е во тоа дали се работи за краткорочни
таква валута во однос на каматната стапка, сообразно се применуваат одредбите од договорот за заем.“
72 Договор за заем е уреден со одредбите од член 545 од ЗОО на РМ согласно кој:„(1) Со договорот за заем се обврзува заемодавецот да му предаде на заемо- примачот определен износ пари или определено количество други заменливи предмети, а заемопримачот се обврзува да му го врати по извесно време истиот износ пари, односно истото количество предмети од ист вид и квалитет.(2) Врз примените предмети заемопримачот стекнува право на сопственост.“
73 Договорот за купопродажба детално уреден во член 442 од ЗОО согласно кое е утврдено дека:„(1) Со договорот за продажба продавачот се обврзува предметот што го продава да му го предаде на купувачот така што купувачот да стекне право на сопственост , а купувачот се обврзува да му ја плати на продавачот цената. (2) Продавачот на некое право се обврзува на купувачот да му го прибави продаденото право, а кога вршењето на тоа право бара држење на предметот и да му го предаде предметот.
74 Цесија или отстапување на побарувања како договорен однос е уреден со член 424 од ЗОО согласно кој е предвидено дека:„(1) Доверителот може со договор склучен со трет да го пренесе врз него своето побарување, освен она чие пренесување е забрането со закон или кое е врзано за личноста на доверителот, или кое според својата природа му се спротивставува на пренесувањето врз друг. (2) Договорот за отстапување нема дејство спрема должникот, ако тој и доверителот договориле дека овој не ќе може да го пренесе побарувањето врз друг или дека не ќе може да го пренесе без должниковата согласност.
(факторинг) или долгорочни (форфетирање) финансирања на продажбата. Техниката е иста. Оваа форма на финансирање се користи кај поголеми поединечни трансакции за испорака на опрема, изградба на објекти по систем
„клуч на рака“, или кај инвестициони вложувања со одложени рокови на плаќање од една до неколку години.
Како основен заклучок од горенаведеното може да се изнесе дека основна сличност помеѓу овие два вида на правни дела е во тоа што имаат иста цел, а тоа е пренос (цесија) на побарувања заради добивање на финансиски средства за кредитирање на извозот.
Помеѓу двата вида договори разлика е во тоа што со договорот за форфетинг се пренесуваат долгорочни побарувања, додека кај факторинг станува збор за краткорочни побарувања, кои достасуваат во краток рок. Со договорот за факторинг се пренесуваат повеќе или сите побарувања на клиентот спрема трети лица на факторот, во вида на т.н. глобална цесија, додека со договорот за форфетинг се пренесува само едно побарување на форфетерот. Кај договорот за факторинг, факторот има право да побарува регресни обврски спрема претходниот имател на побарувањата, додека вакво право форфетерот нема.
Изнесената проблематика покажува дека една економско – правна појава тешко може да го опфати стихиското делување на праксата кај форфетинг и факторинг бизнисите, доколку не постои соодветна правна структура и свест на стопанските субјекти за нивното значење како инструменти погодни за проширување на улогата на кредитирање и на оние случаи во кои може симултано да се делува во однос на класичните методи (кредит) на активирање на имот на малите и средните трговски друштва во домашниот и меѓународен правен промет.
3.3. Фази на реализирање на договорот за факторинг според воспоставената деловна практика
Пред да се склучи договорот за факторинг, постојат неколку дејствија кои му претходат на самото склучување. На факторот му требаат околу две недели да ги испита договорените парични побарувања што треба да ги преземе, односно купи. Овој период се смета за оптимален за да се испита бонитетот и финансиската способност на клиентот. Но, факторот покрај бонитетот на клиентот, го испитува и бонитетот на должниците на клиентот и нивната финансиска способност за благовремено исполнување на договорните обврски за плаќање. Затоа, секогаш треба да се знае дека главниот извор на средства за плаќање на факторот кон клиентот е должникот на клиентот и неговата способност за плаќање, а не самиот клиент.75
75 Xxxxxxx, X.; Poslovne finansije, Ekonomski fakultet Univerziteta u Bihaću, Bihać, 2007, str.260
Некои фактори имаат утврдено минимум износ на парични побарувања кои клиентот треба да ги има кон трети лица за да се склучи договорот за факторинг.
Други факторинг компании, пак, утврдуваат максимум износи со кои може да се врши факторинг со едно лице во одреден временски интервал. Оттука, должникот, односно должниците на клиентот се во главниот фокус на факторот. За возврат, факторот, најчесто, ќе бара да му се заложат сите побарувања на клиентот (независно од кои договори), како гаранција за обврската за клиентот кон него. Не случајно и факторингот се смета за многу добро средство за алтернативно финансирање на млади бизниси кои се толку нови што се уште немаат изградено бонитет за својата финансиска состојба. Дури по овие претходни дејствија следи одлуката на факторот да склучи договор за факторинг, односно да ја прифати понудата на клиентот.76
Чекор 1. Клиентот врши испорака на својата стока или услуга и оригиналната фактура ја праќа на деловниот партнер (должник по основната правна работа). Во оригиналната фактура ќе биде содржан налог износот назначен во фактурата кој треба да се плати на факторот. Значи, на должникот уште веднаш му се открива постоењето на факторот, без оглед дали се работи за договор за факторинг со или без регрес. Копија од оригиналната фактура, клиентот му ја праќа на факторот.
Чекор 2. По приемот на фактурата и други шпедитерски документи, побарувањето се презема од страна на факторот, согласно договорот за факторинг. Факторот ја обработува фактурата, обично во рок од 24-48 часа. Факторот веднаш обезбедува кредитна линија за својот клиент, вообичаено во висина од 70 - 90% од фактурираната вредност, од која линија клиентот може веднаш да повлече одреден износ. Овој процент од фактурата е познат како авансна исплата и го претставува првиот дел од исплатата што ја врши факторот од вкупно две исплати. Остатокот од 10 - 30% се става на посебна резервна сметка, со која клиентот не може да располага, туку му служи на факторот како покритие за наплата доколку се појави одговорност на клиентот во врска со постоењето (веритетот) на цедираното парично побарување.
Чекор 3. Деловниот партнер - должникот на клиентот го плаќа фактурираниот износ на факторот на денот на стасаноста на побарувањето. Во случај на доцнење со исплатата, факторот покренува соодветна судска постапка за наплата на долгот и должен е да ја води постапката до крај. Доколку се работи за факторинг со регрес, факторот има право на регрес од клиентот за секое побарување што не успеал да го наплати, додека кај факторингот без регрес, факторот го презема ризикот од ненаплатување на побарувањето кое го обезбедил.
76 Коевски Г., Водич за алтернативните извори на финансирање, Скопје, 2007.
Чекор 4. На денот на целосната исплата на побарувањето, факторот ја кредитира разликата (намалена за претходната исплата и неговиот надоместок) на сметката на клиентот.77
3.4. Битни и споредни елементи на договорот за факторинг
Секој договор за факторинг мора да содржи општи и посебни елементи. Во согласност со одредбите од Законот за облигационите односи за основните елементи на договорите, факторинг договорите треба да го содржат следново:
1. Страни на договорот (име, адреса, седиште, претставници ...);
2. Предмет на договорот (целта на договорот);
3. Постапка (апликација, износи и валута, времето и местото на плаќање);
4. Камата;
5. Административни трошоци;
6. Останати трошоци;
7. Д6ноци;
8. Информации за купувачот;
9. Известување за побарувања (признание за побарувањата извозникот од страна на факторот);
10. Отстапување на побарувања (пренесување на факторот);
11. Гаранција (банкарски гаранции и други);
12. Начин на наплата на побарувањето од страна на факторот;
13. Овластување за банката за плаќање на факторот;
14. Валута;
15. Месечни извештаи (од извозникот и факторот);
16. Ограничувања за извозниците за располагање со пари и стоки;
17. Надлежност во случај на спор (судска надлежност или арбитража);
18. Контрола на работењето на извозникот;
19. Следење на купувачите;
20. Имплементација на законски и други норми;
21. Известување;
22. Раскинување на договорот;
23. Завршни одредби;
24. Прилози на договорот (примери на известувања, нотификации ...);
25. Толкување на поими;
26. Датум и место на договорот;
27. Потпис на договорните страни.
Како што споменавме и претходно, не постои кодифицирана правна рамка / код за регулирање на факторинг услугите во Македонија. Факторинг договор, како и секој друг купопродажен договор главно се уредува со одредбите на
77 Centralna banka Bosne i Hercegovine, Види повеќе на следниот линк: xxx.xxxx.xx
⦋пристапено на ден 15.12.2015 година]
Законот за облигациони односи. Правниот однос помеѓу фактор и клиентот е во голема мера определен со условите на договорот за факторинг склучени пред процесот на факторинг да започне.
За полесно формулирање на правната природа на договорот за факторинг и обврските кои може да ги определат договорните страни, ќе дадеме подетална анализа на неговата содржина:
1) Клиентот презема обврска да ги продаде и факторот се согласува да ги купи побарувањата кои се предмет на договор, под услови и рокови кои што се наведени во него.
2) Клиентот дава гаранција дека побарувањата се важечки, неприкосновени и повратни. Тој, исто така, се обврзува да ги реши сите спорови, побарувања за штети и одбивања кои се однесуваат на сметките доделени на факторот.
3) Клиентот се согласува дека сметките купени од страна на фактор на нерегресна основа потекнуваат само од трансакции кои конкретно се одобрени од страна на фактор или оние што спаѓаат во рамките на кредитни лимити овластени од страна на факторот.
4) Клиентот се согласува да достави известувања за отстапување на побарувањата, на пропишан образец, до сите оние купувачи чии побарувања се факторирани.
5) Клиентот се согласува да обезбеди копии на сите фактури, кредитни белешки, итн., кои се однесуваат на факторските сметки до факторот, а факторот за возврат ќе го врати добиениот износ од факторираните фактури до клиентот.
6) Временската рамка за договорот и начинот на извршување се наведени во договорот.
7) Правната положба на факторот е иста како на цесионерот. Купувачот ги има истите механизми на одбрана против фактор како што ги има и спрема клиентот.
8) Купувачот чија сметка е факторирана и е известен за отстапувањето е под законска обврска да го префрли износот по фактурите директно на факторот, во спротивно нема да биде ослободен од својата обврска
9) Пред факторирање на побарувањата, факторот ќе бара писмо на одрекување од банката која ја финансира книгата на долгови преку банкарски заеми, за тоа дека од денот на писмото банката нема да се врши наплата од побарувањата.
10) Приоритет пред другите баратели по книгата на долгови: Тоа ќе биде од исклучително значење за факторот да биде сигурен дека долговите се ослободени од какви било оптоварувања кои би му давале право на некој друг да го наплати паричниот износ. Формата ќе мора да гарантира дека побарувањата се ослободени од какви било права на трета лица кои како такви се предмет на договорот за факторинг.
11) Други овластувања: Факторот понекогаш ќе треба да дејствува брзо за да ги поврати парите што се должат по фактурата. Купувачот може да дојде во ризик да доцни со исполнувањето на својата обврска за плаќање или долгот може да остане не наплатен воопшто, па во самиот договор мора да биде предвидено
дека факторот треба да дејствува брзо во свое име, секогаш кое ќе биде потребно.
12) Договорот за факторинг содржи и детали за тоа како фирмата - купувач треба да го изврши плаќањето.
13) Одобрени и неодобрени долгови: Интересот за факторинг за многу компании произлегува од тоа што кај нерегресниот факторинг се дава одреден степен на осигурување во случај купувачот да не ја плати фактурата. Ова ќе зависи од тоа дали долгот е одобрен или не, што мора да се утврди уште пред процесот на факторинг да започне.
14) Кога фактор може да бараат враќање на парите кои се претходно авансирани: факторинг спогодбата предвидува обврска за плаќање на долгот од страна на купувачот директно на факторот. Ако кој било од купувачите, по грешка, му плати директно на клиентот, договорот предвидува дека фирмата - клиент мора да ги задржи парите за сметка на факторот. Ако тој не го стори тоа, ова е ефективно прекршување на довербата и фирмата - клиент може да биде одговорна за какви било загуби предизвикани на факторот.
15) Гаранции: Некои гаранции кои ќе треба да се применат се:
(а) Фирмата треба да ги открие сите материјални факти за кои знае дека може да влијаат врз одлуката на факторот за да го одобри долгот.
(б) Фирмата ќе мора да гарантира дека фактурите поврзани со факторингот претставуваат вистински долг за набавените стоки.
16) Спорни побарувања: Факторот може да побара од корисникот да го извести веднаш во случај на постоење на спорни долгови. Може да се очекува од фирмата да врати дел од авансираниот износ во врска со спорниот долг.
17) Факторот ја има моќта да врши инспекција на трговските книги и сметки на фирмата – клиент за период наведен во договорот за факторинг.
18) Клиентот се обврзува:
(а) фактор да му служи како единствен фактор;
(б) да обезбеди задоволителна задача заедно со реалните фактури и докази врз основа на испорака;
в) да ги достави сите продажби на факторот пред да бидат доставени за кредитно одобрување;
(г) да гарантира дека секој клиент ја има добиено својата стока и ќе ја прифати истата без никакви противења и спорови, а доколку ги има, тие ќе биде одговорност на клиентот.
(д) му дава право на фактор да ги задржи сите износи што стојат како кредит, како гаранција за евентуални долгови, без оглед од што произлегуваат.
19) Факторот, пак од друга страна се обврзува:
(а) да ги купи веродостојните побарувања кои претходно ги одобрил;
(б) да одбие авансно, спротивно на набавната цена, по сопствена процена, процент од неа и да обезбеди просечно месечно
достасување на доделените побарувања, плус 5 до 10 дена за собирање;
(в) да наплаќа камата на авансните износи, во висина на конкретно дефинирана каматна стапка;
(г) да поднесува извештаи за сметката на месечна основа.
3.5. Права и обврски на договорните страни кај договорот за факторинг
Главни субјекти кои учествуваат и ги вршат факторинг услугите по правило се: клиент, купувач и фактор. Клиент е субјект кој произведува стока (или врши услуги), најчесто тоа се трајни добра78, со кој факторот склучува посебен договор – Договор за факторинг. Купувач претставува субјект кој ја купува стоката од производителот односно давателот на услугата (клиентот), кој сега станува должник на факторот и презема обврска за враќање на кредитот во врска со продажбата на одредени производи или давање на одредени услуги од страна на клиентот. Фактор е таква финансиска институција која ги откупува фактурираните, а непристигнати побарувања од своите клиенти. Основна активност на факторот се состои во тоа да ги наплатува пренесените (цедирани) побарувања од страна на клиентот.
Клиент
Клиент е лицето, најчесто регистрирано правно лице кое работи на профитна основа, кое со попуст ги пренесува на факторот своите нестасани договорни краткорочни парични побарувања.
Неговите обврски во факторинг односот се состојат во следново:
- Ги прима налозите за купување на роба на кредит од купувачите;
- Потпишува договор за купопродажба со купувачите, под одредени услови;
- Ја продава робата на купувачот на кредит, обезбедува копија од фактурата со стоката со детални упатства за извршување на плаќањето на факторот на денот на нејзиното достасување;
- Ги продава побарувањата на факторот и добива 80% од нивната вредност или повеќе во вид на авансно плаќање;
- Добива остаток од плаќањата од факторот, намалено за провизијата за услугата.
78 Добро во економска смисла, се дефинира како производ или услуга кој директно или индиректно ги задоволува човечките потреби.
Трајно добро е таков вид на стока која може подолго да се користи пред да се намали нејзината економска вредност (во одредени случаи се мисли на долгогодишно користење), како на пример: мебел, автомобили, апарати, машини и слично.
(извор: xxxx://xxx.xxxxxxxxxxxx.xxx/xxxxxx/xxxx-xxxxxxxxx) ⦋Пристапено на ден 15.12.2015 година⦌
Фактор
Фактор е лице кое со попуст купува долг (парично побарување) кој се должи на друг, со цел да заработи преку наплатата на тој долг. Како фактор најчесто се јавуваат банки или специјализирани факторинг куќи. Факторот е договорната страна која ја врши карактеристичната чинидба кај овој договор, па според тоа во случај на спор кај меѓународен факторинг, меродавно би било правото на земјата на факторот или доколку договорните страни не договориле друго меродавно материјално право. Факторот се обврзува на клиентот да изврши најмалку две од наведените функции:
- Да обезбеди финансиски средства за клиентот по пат на авансни уплати;
- Да води евиденција (книги) за побарувањата;
- Да изврши наплата на побарувањата;
- Да преземе соодветни мерки при доцнење со уплатите од должниците на клиентот.
По правило, факторот нема право на регрес од клиентот во поглед на ненаплатливоста на побарувањата.
Неговите обврски главно се состојат од следново:
- Потпишува договор со клиентот (продавачот) заради обезбедување на наплата на побарувањата и други услуги од факторинг;
- Обично исплаќа 80% или повеќе од износот на фактурата, однапред на клиентот (продавач);
- Обезбедува услуги на факторинг за клиентот (продавач);
- Ги прима плаќањата од купувачот на денот на нивното достасување и извршува плаќање на остатокот на клиентот откако ќе ја одбие провизијата за своите услуги.
Должник на клиентот
Тоа е лицето - купувач кое треба да ја изврши исплатата на паричните побарувања согласно основната правна работа т.е. договорите за продажбата на стоки и услуги со клиентот. За купувачот битно е постоењето на кредитен однос, без оглед на тоа кој го обезбедува кредитот, продавачот или факторот.
Во факторинг односно истиот има обврска да:
- Преговара за условите за купопродажба на стока на кредит со продавачот;
- Да ја прими робата, фактурата и деталните упатства од продавачот за исплата на долгот на факторот на денот на достасувањето;
- Врши навремена исплата на факторот или може да бара пролонгирање на рокот.
Кога продавачот и купувачот на стоката не потекнуваат од иста земја, тогаш станува збор за меѓународен факторинг. Во вакви случаи постојат четири вклучени актери во факторинг односот:
- Купувачот на стоката;
- Продавачот на стоката;
- Извозен фактор (домашен фактор);
- Увозен фактор (фактор во странство).
Улогата на продавачот и купувачот се исти како и кај домашниот факторинг, додека извозниот или домашен фактор ги има следниве обврски:
- Потпишува договор со клиентот (продавач) заради обезбедување на наплата на побарувањата и други факторинг услуги;
- Ги предава побарувањата на факторот во странство т.е. во земјата на купувачот;
- Обично исплаќа 80% или поголем износ од фактурата, однапред на клиентот (продавач);
- Обезбедува услуги на факторинг за клиентот (продавач);
- Прима плаќања од факторот во странство на денот на достасувањето и го исплаќа остатокот на клиентот, по одбивање на сите провизии за услугите. Увозниот фактор или странскиот фактор ги има следниве обврски:
- Го известува купувачот (увозник) за пренесување на побарувањата;
- Ги прима плаќањата од купувачот на стоката на денот на достасувањето и ги префрла парите на сметка на домашниот (извозен) фактор (по одбивање на провизијата за услугата).79
3.6. Финансиски аспекти на факторингот80
Факторинг вклучува два типа на трошоци:
(а) Факторинг провизија;
(б) Камата на авансно исплатени средства.
Факторинг провизијата ја претставува надоместок за факторот за извршените административни услуги и за евентуалниот кредитен ризик. Провизијата обично изнесува 2-4% од номиналната вредност на фактурираните побарувања и стапката зависи од различните форми на услуги што ги врши факторот, без оглед дали станува збор за факторинг со или без регрес.
Фактор, исто така наплаќа камата на аванси подигнати од страна на фирмата-клиент од ненаплатени и недостасани побарувања. Авансната исплата главно се движи во висина од 80% од вредноста на побарувањата, на кој износ се наплаќа и камата која се движи од 2-4% од основицата.
Трошоците за факторинг обично варираат од 15,2-16,20% ((Xxxxx,0988), 15,6-16,0% (SBI Monthly Review, 1989) и маргините во кои фактори ќе мора да работат, ќе бидат исклучително тесни. Стратегијата на факторите, според тоа, мора да биде да го определат својот сегментот на услуги и тоа во управување со побарувања и генерирање на приходи по пат на провизија, отколку да се концентрираат на кредитирање и финансирање на активности, каде што маржите се многу ниски.
Доколку пак се направи детална анализа на трошоците поврзани со факторинг услугата, цената на факторинг се состои од три основни компоненти:
79 Mirović D., Bankarsko pravo, Fakultet poslovne ekonomije, Bijeljina, 2005.
80 Xxxxxx X. Xorporate Financial Management. Financial Times Prefessional Limited, London, 1998.
• Административен надомест;
• Факторинг надомест; и
• Факторинг камата.
Административен надомест се пресметува за проверка на документацијата (нарачки, договори, фактури, испратници и друго). Овој надомест најчесто се договара по утврдена цена (на пример: 1.000 денари за проверка на договор, 400 денари за проверка на фактури и други документи).
Факторинг надомест е договорена провизија на факторинг друштвото за вршење на факторинг и провизија за управување со побарувањата која зависи од преземениот ризик. Ако станува збор за потполн (прав) факторинг, се пресметува во процент од номиналната вредност на побарувањата.
Факторинг камата е договорена каматна стапка, која факторинг друштвото ја наплатува од клиентот на износот на исплатениот аванс врз основа на договорот за факторинг (на пример: 80%) од денот на исплата до денот на стасаност на откупеното побарување (на пример: за 90 дена)
Пред пресметка на цената значајно е да се одреди факторинг лимит за одделни купувачи за да се направи реална калкулација на цената за факторинг.81
Пример: Друштвото А, годишно реализира продажба од купувачот Б во износ од 1.000.000 денари. Договорените и фактичките денови на наплата се 90 дена.82
Пресметка на факторинг лимит:
360/90 = 4 - коефициент на обрт
1.000.000 : 4 = 250.000 - факторинг лимит
3.7. Ризици поврзани со факторинг како трговска дејност
Најзначајните ризици од еден фактор се:
- Кредитен ризик поврзан со клиенти и ризик за покривање на должниците. Ризик спрема должниците можат да се реосигура, со што се ограничуваат ризиците на еден фактор. Побарувањата од купувачи се средства со прилично низок степен на ризик поради нивниот краток рок на достасување.
- Надворешни измама од страна на клиенти: лажни фактури, ненасочени плаќања; пред-фактурирање, непотпишани кредитни белешки итн. Политика на осигурување од финансиски измами и подложување на клиентот да ревизија, може да ги ограничат ваквите ризици.
81 Xxxxxxxxxx, P.,Faktoring i forfeting, Centar za međunarodno sodelovanje in razvoj – CMSR, Ljubljana, 1988., str. 8
82 Рxxxxxxxxxx X., Репрезент – Рафајловски консалтинг Јули/Август 2013 година, стр.8
- Правни усогласувања и даночни ризици: голем број на важечки закони и прописи во различни земји;
- Оперативните ризици, како што се договорни спорови.
- Единствен комерцијален код (Uniform Commercial Code - UCC-1) обезбедување право над имотот и средствата.
- IRS хипотеки поврзани со даноците на платите итн.
- ICT ризици: комплициран, интегриран систем за факторинг, обемна размена на податоци со клиентот.
3.8. Правни дилеми поврзани со реализирање на договорот за факторинг низ призмата на практиката
Како може да се пренесат побарувањата?
Преку граѓанско - правна цесија; Преку документарен акредитив83, доколку таков начин е предвиден во финансиската клаузула во договорот за купопродажба; Преку правилата за индосирање на меницата.
Кои договорни побарувања можат да се цедираат?
Иако може да се цедираат паричните побарувања по кој било договор, најчесто во практиката се среќаваат побарувања од договори за продажба на стока или вршење на услуги. Обратно поставено, факторингот како алтернативен извор на финансирање најретко се јавува во областа на градежништвото и медицинската опрема. Вообичаено, договорот за факторинг
83 Правната рамка на акредитивот е уредена во Глава XLI во член 1111 од Законот за облигациони односи на РМ каде е предвидено дека:„(1) Со прифаќањето на барањето на налогодавецот за отворање на акредитиви, акредитивната банка се обврзува дека на корисникот на акредитивот ќе му ја исплати определената парична сума ако до определеното време бидат исполнети условите наведени во налогот за отворање на акредитив. (2) Акредитивот мора да биде составен во писмена форма.“
Документарниот акредитив претставува обврска на акредитивната банка во писмена форма, превземена по налог на клиент – налогодавач кон трета страна - корисник, да изврши плаќање на износот (вредноста) на документите презентирани за наплата, под услов документите да се во согласност со одредбите и условите дефинирани во текстот на акредитивот. Банката ги извршува операциите од доменот на работењето со документарни акредитиви во согласност со Општите услови, релевантната домашна законска и потзаконска регулатива (Закон за девизно работење, Упатство за начинот на вршење на платниот промет со странство и други), актите на деловната политика на банката како и важечките меѓународно општо прифатени и обврзувачки правила и пракса донесени и публикувани од страна на Меѓународната трговска комора од Париз (UCP for D/C, ISBP, URR, ISP и други).
Во акредитивното работење, банката постапува исклучиво по писмен налог кој содржи комплетни, јасни и прецизни инструкции кои се во согласност со важечката домашна и меѓународна регулатива и актите на деловната политика на банката. По својата природа, акредитивот е засебна, независна трансакција, правно одделена од купопродажниот (или друг) договор кој може да претставува основа за акредитивот. Банката не е обврзана со одредбите на таквиот основен договор, дури и во случај кога истиот е наведен во текстот на акредитивот.
Во операциите со акредитив, сите инволвирани страни работат со документи, а не со стоки, услуги и (или) извршување на други работи на кои истите документи би можеле да се однесуваат.
повеќе се однесува на сите вкупни договорни парични побарувања кои ги има клиентот, отколку поединечни побарувања. Се вели дека клиентот ја продава целата своја „главна трговска книга со договорни нестасани парични побарувања“ или „глобална цесија“. Поради тоа факторингот се смета за перпетуален договорен однос, бидејќи во себе содржи побарувања со различен рок на стасаност и кон различни должници по основ на основната правна работа - продажба на стока или вршење на услуга.
Какви треба да бидат побарувањата?
Отстапените побарувања, по правило, треба да бидат краткорочни (во траење од 30-120 дена) и првенствено, но не и исклучиво, во внатрешниот промет. Значи, секогаш треба да постои одредена временска дистанца помеѓу испораката на стоката или вршењето на услугата и чинот на плаќање.
Дали факторинг е соодветно алтернативно решение на банкарскиот кредит?
Факторингот е често пати многу добра алтернатива на банкарското кредитирање. Факторот посебно се интересира за финансиската состојба на вашите купувачи, не за вашето претпријатие. Врз основа на целосна слика за вашето работење односно бонитетот на вашите купувачи имате многу повеќе можности за добивање на свежи средства.
За колку време се исплаќа фактурираниот износ сметано од потпишувањето на договорот за факторинг?
По потпишувањето на договорот за факторинг и кога ќе биде определено кои побарувања ќе бидат предмет на предвремено финансирање, може врз основа на посредувана сметка и потпишани отстапни изјави да се исплатат пари на пари на сметка на клиентот веќе следниот ден по целосно извршеното отстапување на побарувањето.
Како факторот ја врши наплата?
Наплатата се врши во согласност со упатството на отстапувачот на побарувањето. Притоа се внимава тоа да не влијае негативно на неговите деловни односи. Ако договор со купувачот – должник (на клиентот) не биде реализиран, факторот ги презема сите потребни активности во врска со исплатата.
Како ќе реагираат купувачите на отстапувањето?
Односите на клиентот со неговите купувачи остануваат непроменети; клиентот се ослободува од водење на постапки за опомени и административното следење на достасаноста на побарувањето, па истиот ќе може да се концентрира на основната дејност на своето работење (придобивање нови странки, подобрување на понудите, намалување на трошоците) .
Дали и новоформираните компании, кои штотуку започнуваат со работењето, може да користат факторинг услуга?
Факторингот е идеално решение исто така и за нови и брзо растечки трговски друштва, бидејќи факторот при одлучување за откуп на побарување го
има во предвид бонитетот на купувачот, а не кредитната способност на продавачот – отстапувач на побарувањето.
Какви побарувања се примерни за отстапување на факторот?
За отстапување се примерни побарувања до домашни или странски купувачи, на кои платежната способност не им е премногу загрозена, а освен тоа мора да бидат исполнети и следниве услови: побарувањата не смеат се уште да бидат достасани, услугата мора да биде правилно извршена односно стоката набавена, купувачот мора да го потврди постоењето на побарување, рокот на достасаноста на побарувањето не смее да биде подолг од 120 дена.84
ГЛАВА 4
4. Споредбено правна анализа на договорот за факторинг и нему сличните правни институти
4.1. Факторинг во споредба со други слични инструменти на финансирање
Банките вообичаено одобруваат краткорочни кредити на основа на способноста на компаниите истите благовремено да ги исплаќаат.85 Компаниите мора да ги задоволат генералните критериуми на банките за одобрување на кредит или други видови на финансиски инструменти:
- Стабилно и силно трговско друштво (мин.3-5 години);
- Позитивен проток на готовина (мин.2-3 години);
- Добри финансиски резултати во минатото;
- Колатерал приближно еднаков на износот на заемот (обично тоа е фиксна актива на која нема други права на задржување, итн. лична актива);86
84 xxxx://xxx.xxxxxxxxxx.xx/xx/xxx/ ⦋Пристапено на ден 15.12.2015 година⦌
85 Xx Xxxxxxx X.,op.cit.str.17
86 Финансиски колатерал се пари или финансиски инструменти за обезбедување на долг кои заемодавачот ги нуди на давателот на заем или кредит, кој колатерал заемодавачот може да го искористи за да ги надомести загубите доколку заемопримачот престане да ја исполнува својата обврска за враќање на заемот. Најчесто кредити обезбедени со колатерал се одобруваат со пониска каматна стапка за разлика од необзбедените кредити. Побарувањето на давателот на колатерал на должникот се нарекува залог. (извор: Investopedia xxxx://xxx.xxxxxxxxxxxx.xxx/xxxxx/x/xxxxxxxxxx.xxx#xxxx0x0Xx0xxX) ⦋пристепано на ден 13.01.2016 година⦌
Аранжман за финансиски колатерал е аранжман според кој давателот на колатералот презема обврска да воспостави право на обезбедување врз финансиски инструменти или готовина или да ги пренесе неговите права врз финансиските инструменти или готовина како колатерал на име на примателот на колатералот;
Услови за активирање (спроведување) на аранжманот за финансиски колатерал се случуваат кога има однапред определен или сличен настан како оној кој бил договорен меѓу страните или дефиниран со закон кој, откако ќе се случи, примателот на колатералот го има правото да го реализира финансискиот колатерал или влегува во сила одредбата за close-out netting.(види подетално во Закон за стечај објавен во „Службен весник на РМ“ бр.34/26)