Врз основа на член 77 од Законот за јавни набавки (Сл. Весник на РСМ. 24/2019) како и согласно Годишниот план за јавни набавки за 2019 година, Oдговорното лице на договорниот орган на ден _________ година, ја донесе следната:
Врз основа на член 77 од Законот за јавни набавки (Сл. Весник на РСМ. 24/2019) како и согласно Годишниот план за јавни набавки за 2019 година, Oдговорното лице на договорниот орган на ден _________ година, ја донесе следната:
О Д Л У К А
за јавна набавка
чл.1
За потребите на ЈП Стрежево од Битола, да се изврши доделување на договор за јавна набавка на стока – Храна за калифорниска пастрмка, по приложена спецификација која е составен дел на оваа одлука.
чл.2
За целосна реализација на потребната набавка, да се обезбедат средства во вкупен износ од 10.000.000,00 денари без пресметан ДДВ.
чл.3
Набавката ќе се изврши од средства од финансиски план на договорниот орган за 2019 година.
чл.4
Договорот за јавна набавка да се додели со спроведување на отворена постапка, согласно со член 50 од Законот за јавни набавки.
чл.5
Набавката не е делива на делови од прични што најважни се суровините кои се користат во нејзиното производство за да се дојди до саканиот квалитет и бараните параметри и карактеристики. Секој производител користи сопствена рецептура со свои суровини а во тој процес се добива еднакво квалитетен производ - храна. Но секоја промена на храна од различни производители во биолошкиот процес на растење (рибниот подмладок се набавува со просечна тежина од 5 грама) на рибите а подоцна во вториот процес на растење и товење односно оформување на квалитетно месо, боја, облик, сјај и други видливи карактеристики на рибата која треба да ја достигни конзумно-продажната тежина од околу 250 грама, доведува до метаболички шок кај рибите заради прилагодување на нивниот метаболизам на новата врста на храна. Тоа значи дека следува период од најмалце еден месец на прилагодување на новата храна во смисла на намалена исхрана со зголемена потрошувачка на храна и можни други нус појави со што рибите не само што стагнираат во развојот туку и назадуваат во тежина и квалитет а тоа би се одразило негативно на нашето планирано производство и го пролонгира-продолжува времето на добивање конзумна риба и бараниот квалитет на истата, ги зголемува трошоците за производство и ја зголемува потрошувачката на храна заради лоша конверзија на истата.
Постапката да се спроведува со користење на електронски средства преку Електронскиот систем за јавни набавки. Постапката ќе заврши со користење на електронска аукција.
чл.7
Постапката да заврши со склучување на договор за јавна набавка.
чл.8
За спроведување на јавната набавка се формира Комисијата за јавни набавки при договорниот орган во состав:
Xxxxx Xxxxxxxxxxx - претседател
Xxxxx Xxxxxxxxx - член
Xxxxxx Xxxxxxxxxxx - член
и нивните заменици:
Xxxx Xxxxxxxxxxx - заменик претседател
Xxxx Xxxxxxxxxxxxx - заменик член
чл.9
За спроведување на оваа постапка за доделување на договор за јавна набавка нема да се ангажираат надворешни стручни лица.
чл.10
Се задолжува Комисијата за јавни набавки од точка 8 на оваа одлука да ја спроведе истата, согласно со одредбите од чл.79 од Законот за јавните набавки.
чл.11
Договорниот орган, ЈП “Стрежево“ - Битола по завршување на постапката ќе склучи Договор за јавна набавка со најповолниот понудувач.
чл.12
Одлуката влегува во сила со денот на донесувањето.
Согласно чл.75 од Законот за Јавни набавки, Управниот одбор на претпријатието на седница одржана на ден 29.01.2019 година го донесе планот за јавни набавки за тековната 2019 година. Со истиот се утврдени вкупните потреби за набавки во тековната година во претпријатието.
За оваа набавка од страна на Надзорниот одбор на ЈП Стрежево - Битола добиено е Oдобрение за донесување на Одлука за јавна набавка на Храна за калифорниска пастрмка, бр.02-625/2 од 31.07.2019 година.
Управниот одбор, согласно горенаведеното Одобрение донесе Одлука бр. 02-626/2 од 31.07.2019 година за спроведување на јавна набавка на Храна за калифорниска пастрмка.
Согласно чл.77 од Законот за Јавни набавки, а по претходно Барање со број 05-633/1 од 01.08.2019 година поднесено од Сектор - Комерција, за потребите на ЈП “Стрежево“ - Битола, одлучува договорниот орган со донесување на Одлука за предметната набавка.
Образложение за потребата од набавката
Оваа набавка се спроведува секоја година тековно заради производство на калифорниска пастрмка во ЈП“Стрежево“-Битола.
Подготвил: Xxxx Xxxxxxxxxxxxx
Одобрил: Xxxxxxxxx Xxxxxxxxx
ЈП “Стрежево”