Contract
ОПШТИ ПРАВИЛА ЗА РАБОТЕЊЕ НА ЧУВАРОТ НА ХАРТИИ ОД ВРЕДНОСТ НА ШПАРКАСЕ БАНКА МАКЕДОНИЈА АД СКОПЈЕ
1. ОПШТИ ОДРЕДБИ Член 1
Општите правила за извршување на дејноста чувар на хартии од вредност (во понатамошен текст: “старателски услуги”) во Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје (во понатамошен текст: “Општите правила”) ги регулираат правата и обврските помеѓу Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје (во понатамошен текст: “Банката”) и клиентите, каде Банката ќе превзема обврски за сметка на клиентите, под услови наведени во овие Општи правила за извршување на старателски услуги.
Банката ќе извршува старателски услуги преку својот посебен организационен дел – Одделение за работа со хартии од вредност, користејќи и други свои системи и ресурси, доколку е потребно за одредена услуга да се реализира.
Дефиниции Член 2
Клиент: Корисник на старателски услуги, физичко, правно, домашно или странско лице, кој има склучено договор со Банката.
Налог: Инструкција за купување или продавање на хартии од вредност или други финансиски инструменти дадена на Банката.
Порамнување: Реализација на трансакции со завршен пренос на хартии од вредност или други финасиските инструменти и парични средства помеѓу купувачот и продавачот.
Кредитна институција: Банка која извршува работење во согласност со одредбите од Законот за банки.
Финасиски инструмент: Преносливи хартии од вредност, инструменти на пазарот на пари, и други изведени финансиски инструменти дефинирани со Законските акти, а кои Банката ги чува за клиентите на нивните сметки.
Чување на хартии од вредност: Услуга која вклучува отворање и водење на сметки на хартии од вредност за клиенти во депозитар и други услуги со хартии од вредност по налог на клиентот.
Валута на трансакцијата: Датум на порамнување на трансакцијата или датум на корпоративниот настан.
Клиенти на Банката Член 3
Клиенти на Банката можат да бидат домашни и странски правни или физички лица.
2. ВИДОВИ НА РАБОТА КОИ ГИ ИЗВРШУВА БАНКАТА ЧУВАР НА ХАРТИИ ОД ВРЕДНОСТ, УСЛОВИТЕ И НАЧИНОТ НА НИВНО ИЗВРШУВАЊЕ
Видови старателски услуги Член 4
Под старателски услуги спаѓаат:
• Отвoрање и водење на сметки за хартии од вредност во свое име, а за сметка на клиентите;
• Отвoрање и водење на сметки на хартии од вредност за своите клиенти кои не се сопственици на тие хартии од вредност, а за сметка на нивните клиенти;
• Исплата на достасани побарувања од издавачите врз основа на достасани хартии од вредност, камати и дивиденди за сметка на сопствениците на тие хартии од вредност;
• Известување за собранија на акционерите и застапување на тие собранија по налог на клиентот;
• Плаќање на даночни обврски на клиентот врз основа на хартии од вредност кои се во негова сопственост а по налог на клиентот;
• Останати услуги во договор со клиентите.
Отворање и водење на старателска сметка за харти од вредност Член 5
Xxxxxxx отвора и администрира старателска сметка за хартии од вредност во име на Банката, а за сметка законскиот носител - клиентот.
Клиентот е должен да има обезбедено на сметката доволно хартии од вредност на денот на порамнување. Доколку клиентот не обезбеди доволна количина на хартии од вредност на својата сметка, а истите се потребни налогот или трансакцијата да се изврши, Банката нема да го изврши налогот, односно нема да ја верификува трансакцијата, ниту пак ќе биде одговорна за настанатата штета предизвикана од оваа постапка спрема клиентот.
Банката е должна да води посебна евиденција за хартиите од вредност и субјектите во чие име ги извршува активностите и податоците од тие евиденции да ги чува како службена тајна и да ги заштити од неовластено користење, измена или губење.
Хартиите од вредност кои се водат на старателската сметка не се во сопственост на Банката и истите не влегуваат во нејзиниот имот, не можат да се вклучат во ликвидационата или стечајна маса, ниту можат да се користат за измирување на обврски на Банката спрема трети лица.
Банката е должна на барање на клиентот, веднаш да издаде известување за состојба на хартиите од вредност на неговата старателска сметка, а најдоцна до 3 (три) дена од доставеното барање.
Отвoрање и водење на старателска парична сметка Член 6
Xxxxxxx отвoра и администрира старателска парична сметка за клиентите поради извршување на трансакциите со хартии од вредност.
Средствата од старателсаката парична сметка на клиентот, Банката може да ги користи единствено за исплата на обврски во врска со инвестициските услуги и активности, како и додатни услуги кои се извршуваат за клиентот и не можат да се користат за исплата на обврски на друг клиент.
Средствата на старателсаката парична сметка на клиентот, вклучувајки ги и средствата кои се во постапка на пренос, не се во сопственост и не влегуваат во имотот на Банката, не можат да се користат за исплата на обврски на Банката спрема трети лица, ниту пак можат да бидат предмет на принудна наплата и не можат да се вклучат во ликвидациона или стечајна маса на Банката.
Банката е должна да ја контролира старателсаката парична сметка на клиентот и да го известува клиентот со цел обезбедување на доволно средства на денот на порамнување. Клиентот е одговорен за покритие на своите налози за тргување.
Доколку клиентот не обезбеди доволна количина на средства на својата старателсаката парична сметка, а истите средства се потребни налогот или трансакцијата да се изврши, Xxxxxxx нема да го изврши налогот, односно нема да ја верификува трансакцијата, ниту пак ќе биде одговорна за настанатата штета предизвикана од оваа постапка спрема клиентот.
Банката е должна на барање на клиентот, веднаш да издаде известување за состојба на средствата на неговата старателска парична сметка, а најдоцна до 3 (три) дена од доставеното барање.
Известувања за корпоративни активности Член 7
Под корпоративни активности кои Банката ги извршува за клиентите се подразбираат:
• Известување за одржување на собрание на акционери, во случај кога клиентот е сопственик на хартии од вредност од тоа акционерско друштво;
• Известување за покана за давање на застапничка изјава;
• Известување за исплата на дивиденда;
• Застапување на собранието на акционери.
Известувањето за одржување на собрание на акционери на акционеското душтво со информација за дневниот ред, Банката на клиентот му го доставува по пат на електронска порака, веднаш по добиената информација.
Известувањето за покана за давање на застапничка изјава, се доставува на клиентот на кој таа изјава се однесува, исто така по пат на електронска порака, веднаш по добиената информација. Xxxxxxx издава полномошно за застапување на собрание на акционери на основ на налог добиен од страна на клиентот чии акции се наоѓаат на старателската сметка. Потпишаното полномошно, Xxxxxxx го спроведува до лицето кое ја испратило поканата за давање на застапничка изјава 3 (три) дена пред одржување на собранието на акционери.
Банката го известува клиентот за исплата на дивиденда веднаш по применото известување од емитентот.
Налогот за корпоративните активности, даден од страна на клиентот, служи за давање на прецизни инструкции за постапување на Банката, а во врска со правата од хартиите од
вредност кои тој ги поседува на старателска сметката. Кога налогот за корпоративни активности се однесува на застапување на собрание на акционери, мора да ги содржи инструкциите за постапување на полномошникот при застапување на собранието на акционери и начинот на оставарување на право на глас.
Клиентот кој има издадено налог за корпоративни активности на Банката може истиот да го повлече во било кое време пред гласањето на собранието на акционери, преку достава на налог за повлекување во писмена форма.
Клиентот кој има издадено налог за извршување на корпоративни активности на Банката може истиот да го измени доставувајќи изменет налог до Банката во писмена форма.
Банката е должна по извршената реализација на налогот за корпоративни активности, да го извести клиентот за гласањето на собранието, да обезбеди и достави до клиентот релевантни информации и податоци кои биле побарани со налогот за корпоративни активности, доклку извршител е Банката.
На клиентите на кои им доставува потврда за прием, односно извршување на налог по SWIFT, Банката ќе ги доставува овие податоци и потврди со содржина која мора да биде во согласност со меѓународните SWIFT стандарди.
Наплата на приходи кои произлегуваат од финасиските инструменти Член 8
Банката е овластена врз основа на склучениот договор со клиентот и без посебен налог од клиентот, да извршува наплата на сите приходи (дивиденди, камати, купони, главници и др.) кои произлегуваат од финасиските инструменти и да ги евидентира на сметка на клиентот на кој му припаѓаат.
Услови и начин на извршување на функцијата чувар на хартии од вредност Член 9
Банката е должна со клиентот да склучи писмен договор, со кој ќе се регулираат меѓусебните права и обврски при извршувањето на функцијата чувар на хартии од вредност во согласност со законските и подзаконските акти.
Составен дел на Договорот за чување на хартии од вредност помеѓу клиентот и Банката е и Тарифникот за услуги на чување на хартии од вредност на Банката, како и Изјавата на клиентот во која е наведено следното:
• Клиентот е запознаен со содржината на овие Општи правила пред склучување на Договорот и
• Клиентот е запознаен со Тарифникот за услуги на чување на хартии од вредност.
Со Договорот за извршување на старателски услуги, Xxxxxxx се обврзува дека ќе се извршуваат поединечните активности согласно Член 5 од овие Општи правила за сметка на клиентот, а на основа на налог од клиентот, а клиентот се обврзува дека за таа услуга ќе плати провизија.
Банката може да прима и извршува налози од клиентот само во согласност со законските и подзаконските акти, правила на ЦДХВ и Комисијата за хартии од вредност (во понатамошен текст: “КХВ”), општите акти на Банката и Договорот за чување на хартии од вредност.
Вреднување на портфолио Член 10
Известувања за вредноста на портфолиото се врши за клиентите кај кои оваа услуга е
утврдена во Договорот за чување на хартии од вредност.
Вредноста на средствата кои се наоѓаат на сметките на клиентите се утврдува/ажурира преку пазарните цени на финансиските инструменти кои ги поседуваат клиентите, а во согласност со “Упатството за вреднување на финансиски инструменти”.
3. ВИДОВИ НАЛОЗИ ОД КЛИЕНТИ, НАЧИН И РЕДОСЛЕД НА НИВНО ИЗВРШУВАЊЕ Видови на налози
Член 11
Банката може да располага со хартиите од вредност на клиентот само врз основ на издаден налог од негова страна.
Клиентот е одговорен за точноста и потполноста на податоците во налозите, како и за сите последици кои можат да произлезат во случај на давање на неточни или непотполни податоци.
Клиентот, налозите ќе ги издава на стандардизиран образец од Банката преку пошта, факс, е-маил или SWIFT и тоа од неговите регистрирани податоци, во спротивно Банката може да ја испита веродостојноста на налогот, пред негово извршување. Налозите доставени преку SWIFT, мора да во согласност со меѓународните SWIFT стандарди.
Член 12
Основни типови на налози за пренос на права за хартии од вредност кои ги прима Банката се:
• Налог за порамнување на куповна трансакција (RVP – Receive Versus Payment);
• Налог за порамнување на продажна трансакција (DVP – Deliver Versus Payment);
• Налог за прием на хартии од вредност без плаќање (RF – Receive Free);
• Налог за достава на хартии од вредност без плаќање (DF – Deliver Free);
• Налог за пренос на харти од вредност на заложна сметка;
• Налог за наплата на побарувања од издавачот на хартии од вредност по основ на сопственост над хартии од вредност;
• Налог за позајмување/давање во наем на хартии од вредност;
• Налог за корпоративни активности и
• Налог за депонирање.
Член 13
Покрај стандардните типови на налози Банката може да прими и други типови на налози ако содржината на тие налози е утврдена со важечката регулатива и интерните акти на Банката.
Член 14
Банката нема да постапи по налогот доставен од клиентот кој е непотполн, нејасен, погрешен или е доставен надвор од предвидениот рок. Во ваков случај, Xxxxxxx ќе го опомене клиентот за неисправност на налогот и ќе побара доставување на нов, исправен налог.
Полномошно Член 15
Клиентот може да издаде налог лично или преку полномошник.
Во случај кога налогот го издаве полномошник во име и за сметка на клиентот, должен е да се идентификува на соодветен начин (преку документ за лична идентификација) и да го докаже своето овластување со полномошно во писмен облик потпишано од клиентот и заверено кај Нотар.
Прием на налог Член 16
Банката ќе го прими налогот, преку организацискиот дел Одделение за работа со хартии од вредност.
Контакт адреса на Одделение за работа со хартии од вредност:
Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје, Ул „Македониај„ бр. 9-11,
1000 Скопје, Македонија
Телефон x000 0 0000-000 / 586
Факс +389 2 3200- 591
еmail: xxxxxxx@xxxxxxxxx.xx SWIFT INSBMK 22
Работни денови: Пон-Пет (освен празници) Работно време: 08:00-16:00
Член 17
Примените налози од клиентите се евидентираат во Книгата на налози на Банката.
Книгата на налози е во електронски облик и во истата налозите се внесуваат согласно времето на прием на налозите, начинот и нивната содржина.
Потврда за прием на налог
Член 18
Xxxxxxx е должна најдоцна следниот работен ден од денот на приемот на налогот, на начин утврден во Договорот, односно на начин на кој е тој налог издаден, на клиентот да му достави потврда за прием на налогот, односно потврда за прием на измена или повлекување на налогот.
Потврдата за прием на налогот ги содржи сите елементи од соодветната форма на налог, освен потписот на клиентот.
Одбивање на налог Член 19
Xxxxxxx ќе го одбие приемот односно извршувањето на налогот кога:
• Ќе утврди дека на сметката на клиентот нема доволно средства за подмирување на неговите обврски кои ќе произлезат по основ на извршување на налогот за купување;
• Ќе утврди дека клиентот на сметката за хартии од вредност нема доволно хартии од вредност кои се потребни да се изврши налогот.
Исто така Xxxxxxx ќе одбие извршување на налогот доколку има причина за основано сомнение дека со извршувањето на тој налог:
• Ќе се прекршат законските одредби или законот за спречување на перење на пари и финасисирање на тероризам;
• Ќе се случи казниво дело како што е кривично дело, стопански престап или прекршок.
Во случаите од став 2 од овој Член, Банката без одлагање ја известува КХВ.
Утврдувајки ги околностите од став 2 од овој Член, Xxxxxxx има право да се потпре на сопствените информации, како и на информациите кои ги добива од своите клиенти или потенцијални клиенти.
Во случаите кога Xxxxxxx ќе одбие прием на налог од клиент, должна е за донесената одлука веднаш да го извести клиентот и да ја наведе причината за одбивање на налогот.
Промена и повлекување на налогот Член 20
Клентот може со посебен налог да изврши измена или повлекување на доставениот налог. Секоја измена или повлекување на налогот која клиентот ќе ја изврши ќе се смета како нов налог и претходниот нема да има правна важност.
Член 21
Потврда за прием на измена и/или повлекување на налог се доставува до клиентот веднаш по применото известување, а најдоцна следниот работен дена на ист начин на кој се испраќа и потврдата за прием на налог.
Извршување на налог Член 22
Банката е должна најдоцна наредниот работен ден од денот на извршување на налогот на клиентот да му достави известување за извршување на истиот.
4. ИЗВЕСТУВАЊЕ НА КЛИЕНТИТЕ Член 23
Банката ги известува клиентите за нивните реализирани трансакции со хартии од вредност и парични средства поврзани со хартиите од вредност, обезбедувајки изводи за состојбите на сметките и промените кои се извршени на сметките на клиентот.
За редовни известувања се сметаат:
• Извод од старателската сметка на хартии од вредност;
• Извод од старателската сметка на парични средства;
• Известување за извршување на налог;
• Пресметка на вредноста на хартиите од вредност;
• Детали на трансакциите за плаќање (DvP/RvP);
• Фактури.
При вршење на трансакции со хартии од вредност, Банката за клиентот обезбедува основни податоци кои се однесуваат на извршувањето на трансакциите, и тоа:
• Податоци за налогот;
• Податоци за клиентот;
• Датали за извршување на трансакцијата;
• Наплатени провизии.
За трансакции кои ги извршуваат трети лица или суб-депозитарот, Банката задолжително доставува конфирмација до клиентот, најдоцна првиот работен ден од извршувањето на трансакцијата, односно откако конфирмацијата за извршување на трансакцијата од страна на третото лице или суб-депозитарот ќе биде доставена до Банката.
Банката е обврзана да обезбеди дополнителни информации за трансакциите или статусот на портфолиото на клиентот, по добивање на барање во писмена форма од клиентот. Во ситуациите каде податоците за клиентот се обезбедуваат од трето лице или суб- депозитарот, Банката се грижи третото лице или суб-депозитарот да се придржуваат до правилата за известување.
Известувањата до клиентите се доставуваат на еден од следните начини:
• Лично на рака;
• Електронска пошта (е-маил);
• Пошта;
• SWIFT;
Известувањето доставено на еден од погоре наведените начини се смета за уредно доставено известување.
Доколку клиентот ги промени податоците за контакт (е-маил или поштенска адреса), а за ваквата промена благовремено не ја извести Банката, како ден на достава се смета денот кога Xxxxxxx за прв пат се обидела да го достави писменото известување до клиентот по основ на последните официјални податоци кои клиентот ги доставил во Банката.
5. ПРАВА И ОБВРСКИ НА БАНКАТА И КЛИЕНТИТЕ Права и обврски на Банката
Член 24
Во своето работење со клиентите Банката е должна:
• Да ги почитува одредбите од законите, подзаконските акти, правилата на КХВ, ЦДХВ, НБРМ и останати регулатори по потреба;
• Да го почитува правилото на рамноправност на клиентите;
• Да се раководи исклучиво од интересите на клиентите, особено водејќи внимание на вршењето на налозите на клиентите. Xxxxxxx не смее своите интереси да ги става пред интересите на клиентите и должна е да работи чесно, правично и професионално во согласност со Етичкиот кодекс;
• Да доставува единствено вистинити и јасни информации до клиентите или потенцијалните клиенти, кои не доведуваат до заблуда;
• Да го извести клиентот за можните конфликти на интереси помеѓу Xxxxxxx и клиентот, како и конфликтот на интереси помеѓу клиентите меѓусебно, известувајќи го и за изворите на тие конфликти на интереси, како и за превземените дејствија како овие конфликти би се ограничиле во најмала можна мерка;
• Да ги чува податоците за состојбите и промените на сметките за хартии од вредност на клиентите, како и други податоци кои ги има добиено при извршување на функцијата на чувар на хартии од вредност за клиентите и не смее да ги соопштува на трети лица, ниту да да им овозможи на трети лица да ги користат тие податоци.
Член 25
Банката е должна пред склучување на Договорот за извршување на услуги на чување на хартии од вредност да го запознае клиентот со:
• Видовите услуги кои Банката ги извршува;
• Општите правила и тарифникот на Банката;
• Околностите кои се од значење за реализација на налозите од клиентите;
• Околностите кои се од значење при вршење на другите услуги во рамки на функцијата чувар на хартии од вредност како и ризиците кои се поврзани со тие услуги.
Член 26
Xxxxxxx е одговорна за уредно и навремено извршување на налозите од клиентите во согласност со правилата на ЦДХВ, Договорот за чување на хартии од вредност, Овие општи правила и интерните акти на Банката.
Провизија за извршување на старателски услуги на Банката, како и други надоместоци
Член 27
По основ на извршени услуги на чувар на хартии од вредност за сметка на клиентот, клиентот е должен на Банката да и плати провизија или друг надоместок утврден помеѓу клиентот и Банката.
Провизијата или другите надоместоци Банката ги утврдува со Тарифата на Банката или преку посебно договорени услови со клиентот.
Банката е должна во своите простории да го истакне Тарифникот на Банката.
Извршување на услуга чување на хартии од вредност на странски пазари
Член 28
Банката за клиентите извршува услуга чување на хартии од вредност како на домашниот така и на странските пазари на капитал, во согласност со својата политика, правна регулатива и работни активности на странскиот пазар. Банката овие активности ги извршува преку суб-депозитар.
При изборот на суб-депозитар, Банката води сметка за законските обврски, стручноста и пазарната репутација на суб-депозитарот земајќи ги во предвид и сите регулаторни барања кои можат негативно да се одразат на правата на клиентите.
Банката кај суб-депозитарот ќе ги чува странските хартии од вредност во име на Банката, а за сметка на своите клиенти, на одвоена или збирна сметка, под услови одредени од суб- депозитарот, како и правилата и праксата кои важат и се применуваат на конкретниот пазар на капитал.
Банката ќе сноси одговорност во случај на несоодветно и непрофесионално постапување при изборот на суб-депозитар, но нема да сноси одговорност за прекршување на законските одговорности на суб-депозитарот, или пак во случај на негов банкрот.
Член 29
Клиентот е запознаен и согласен со фактот дека при извршување на старателски услуги на странските пазари на капитал врз инвестициските инструменти ќе се применува соодветно странско право и обичаи на тргување. Поради тоа, правата на клиентот врз инвестициските инструменти може да се разликуваат. Одредени депозитари на хартии од вредност или
субдепозитарни банки може да имаат заложно право врз инвестициските инструменти кои ги чуваат за да ги обезбедат своите побарувања кон клиентите.
Странските закони вообичаено ги штитат инвеститорите во случај на стечај на депозитарот на хартии од вредност/субдепозитарната банка на начин што, нивните инвестициски инструменти кои се чуваат нема да бидат дел од стечајната маса. Меѓутоа, доколку странското право не ги штити во доволна мера инвеститорите, или ако депозитарот за хартии од вредност/субдепозитарната банка не ги извршува своите обврски правилно, или пак доколку од било која причина инвестициските инструменти на одреден инвеститор не можат да се идентификуваат или да се разграничат од имотот на депозитарот за хартии од вредност/субдепозитарната банка, кој е во стечај, постои ризик дека овие инвестициски инструменти ќе станат дел од стечајната маса и клиентот ќе мора своите побарувања да ги остварува во стечајната постапка.
Обврски на клиентот Член 30
Клиентите се должни при извршување на работењето со Xxxxxxx да постапуваат по одредбите од законите, подзаконските акти, правилата на КХВ, ЦДХВ, НБРМ и останати регулатори по потреба, како и овие Општи правила и Договорот за чување на хартии од вредност.
Клиентите на Xxxxxxx се должни свесно и во согласност со добрите работни обичаи и работен морал, да ги извршуваат превземените обврски по основ на работи кои за нивна сметка ги склучува Банката.
Член 31
Правното лице, клиент на Банката, е должно во писмена форма, веднаш по настанатата промена да ја извести Банката за:
• Измените, односно дополнувањата на актите за основање и статутот;
• Промени на раководството и други лица овластени за работење со Банката;
• Зголемување, односно намалување на основниот капитал;
• Статусните промени;
• Инсолвентност;
• Отпочната постапка за принудна наплата, стечај или ликвидација;
• Други податоци важни за работењето на клиентот.
Физичкото лице, клиент на Банката, е должно во писмена форма, веднаш по настанатата промена, да ја извести Банката за:
• Промена на личните податоци, адреса на живеење и други информациии кои можат да влијаат на извршување на обврските на Банката спрема клиентот.
Член 32
Клиентот се обврзува навремено да ја плаќа провизијата и другите надоместоци кои се во согласност со тарифите за чувар на хартии од вредност на Банката, а се однесуваат на услуги кои се предмет на овие Општи правила и Договорот за чување на хартии од вредност.
6. ДРУГИ ПРАШАЊА ПОВРЗАНИ СО РАБОТЕЊЕТО НА БАНКАТА ПРИ ИЗВРШУВАЊЕНА СТАРАТЕЛСКИ УСЛУГИ
Ризици поврзани со вложување во финансиски инструменти Член 33
Трансакциите со инвестициски инструменти се поврзани со ризици, кои што може да влијаат на профитабилноста и/или непрофитабилноста на инвестициските инструменти.
Најчести ризици поврзани со вложување во инвестициски инструменти се:
• кредитен ризик;
• ликвидносен ризик;
• пазарен ризик (каматен ризик, валутен ризик, ризик на капитал);
• оперативен ризик;
• правен ризик;
• останати ризици (терминолошки ризик, глобален ризик, политички ризик, инфлациски ризик, репутациски ризик, дериватен ризик).
Со доставување на налогот клиентот потврдува дека на начин разбирлив за него, е запознаен со сите ризици на вложување во финансиски инструменти на кои се однесува налогот.
Евиденција и доверливост на податоците Член 34
Банката е должна да води посебна евидеција на паричните средства, финансиските инструменти и лицата во чие име ги извршува работите, односно податоците кои ги чува во таа евиденција да ги чува како службена тајна и да ги заштити од неовластено користење, измена или губење.
Вработените во Банката се должни да ги заштитат од неовластен пристап податоците за состојбата и прометот на сметките на клиентите како и други податоци со кои ќе дојдадат во контакт во текот на обезбедувањето на услуги на чување на хартии од вредност. Истите податоци не смеат да ги соопштуваат на трети лица, ниту да ги користат или дозволат трети лица да ги користат истите.
Со исклучок, податоците од претходниот став, можат да се соопштуваат и доставуват на увид на трети лица врз основ на:
• ако странката дала писмена согласност за нивно откривање;
• на писмено барање или налог на надлежен суд;
• на барање на Комисијата за хартии од вредност за вршење на контрола врз работењето на Банката;
• на писмено барање на Народната банка за потребите на супервизијата;
• на Управата за спречување на перење пари и финансирање на тероризам;
• на писмено барање на друг орган овластен со закон.
Со потпишувањето на Договорот, клиентот се согласува и и дозволува на Xxxxxxx да ги проследи неговите лични податоци до ЦДХВ или суб-депозитарот, ако тоа е неопходно и доколку тоа го бара законската регулатива на тој пазар на капитал.
Одворност за штета Член 35
Банката е одговорна за штета која може да настане при вршење на услуги на чување на хартии од вредност за клиентот, а особено за штетата која предизвикува:
• Повреда на доверливоста на податоците за клиентите;
• Неизвршување, однсоно неправилно или неблаговремено извршување на налозите на клиентите;
• Неправилен внес на налозите на клиентите;
Банката нема да сноси одговорност за настанатата штета во следните случаи:
• Виша сила;
• Дејствија на трети лица кои влијаат на извршување на налозите (Влада, НБРМ, Комисија за хартии од вреднсот, ЦДХВ, Берза, суб-депозитар, Берзански посредници, Друштва за управување со инвестициски или пензиски фондови, телекомуникациски дрштва и др.);
• Неликвидност и несолвентност на клиентот;
• Пад на информацискиот систем кој се користи при комуникација со ЦДХВ во процесот на тргување и порамнување, грешки и губење на податоци при постапка на евидентирање на обврзници, акции, записи во МИПС како и нестручно работење, злоупотреба и неовластено доставување на информации за сметките во МИПС;
• Неисправен налог за порамнување доставен од страна на клиентот;
• Доставување на налог и инструкции за порамнување, односно документација со неточни податоци доставени и потврдени од страна на клиентот;
• Грешни податоци за цените и прометот на хартии од вредност, добиени од официјалните извори за податоци (Bloomberg, Reuters, MSE и др.);
• Настани и околности врз кои Банката не може да влијае, а кои се однесуваат на општите ризици при инвестирање или поседување на имот во одредена земја, вклучувајќи, а не и ограничувајки се на губитоците кои произлегуваат од политичкиот ризик, законодавните норми кои ги регулираат активностите по основ на банкарско работење, промена на правилата на пазарот на капитал, девалвација, флуктуација, пазарни услови кои влијаат на стандарните извршувања на трансакции во врска со хартиите од вредност, ограничувањата за рамена на валути итн.;
• Пропусти на клиентот за исполнување на своите обврски кои произлегуваат од законите и од Договорот за чување на хартии од вредност.
Член 36
Клиентите се одговорни за штетата која ќе ја предизвикаат врз Xxxxxxx со доставување на неточни податоци и документација, неизвршување на обврските на денот на порамнување по основ на склучени трансакции и други случаи предвидени со закон.
Клиентите на Xxxxxxx се одговорни за своите превземени обврски и за штетата која е извршена на Банката во следните случаи:
• Непочитувајки ги законските и подзаконските акти;
• Непочитувајки ги актите и правилата на Банката;
• Ја злоупотребат Xxxxxxx за да ги постигнат целите кои за нив се забранети и/или да ги оштетат своите доверители;
• Превземат недозволени активности и ја оштетат Xxxxxxx без разлика дали во своја корист или корист на друго лице.
7. ПРЕОДНИ И ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ
Член 37
Банката има право едностарано да ги измени/дополни Општите правила но исто така должна е да им овозможи на своите клиенти увид во измените на Општите правила за работење во рок од 7 (седум дена) пред почетокот на примената на тие измени.
Изменетите Правила ќе бидат достапни во во службените простории каде се извршува услугата чувар на хартии од вредност со клиентите.
За сите прашања кои не се опфатени и регулирани со овие Општи правила, се применуваат релевантните законски решенија, подзаконските акти и правила на КХВ, НБРМ, Владата и други регулатори по потреба.
Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје Клиент