Contract
УПАТСТВА ЗА ПОНУДУВАЧИТЕ
Услуги што треба да се обезбедат
Услугите што ги бара Договорниот орган се опишани во Описот на барањето.
Содржина на тендерите
Понудите, целата кореспонденција и документите поврзани со тендерот кои ги разменуваат понудувачот и Договорниот орган мора да бидат напишани на локалниот јазик.
Понудата мора да се состои од техничка понуда и финансиска понуда.
2.1 Портофлио на комапнијата (доколку понудувачот е правно лице), Работна биографија на преведувачот (доколку понудувачот е физичко лице)
Овие документи понудувачот ги поднесува во слободен формат
2.2 Финансиска понуда
Финансиската понуда мора да биде презентирана во МКД, без ДДВ
Понудите мора да се поднесат електронски до 16 часот по локално време, најдоцна до 19.02.2018 год. на следната адреса: xxxxxx@xxxxxxxx.xxx.xx, xxxxxxx@xxxxxxxx.xxx.xx , по пошта или лично на рака на адреса: ул. Востаничка бр. 2/7 Скопје.
Понудите мора да ги содржат сите потребни документи, наведени погоре, во точка 2.1 и 2.2.
5. Евалуација
Квалитетот на секоја техничка понуда поднесена во дадениот рок ќе се оценува во согласност со следните административни и технички барања:
Постоење на портофлио/работна биографија, документ кој треба задоволително да кореспондира со услугите што ги бара Договорниот орган,
Предложената цена е во рамките на буџетот што е на располагање.
Договорот ќе се додели на понудата која има најниска цена (во рамките на буџетот на располагање)
Потпишување на договорот
Успешниот понудувач писмено ќе биде информиран за прифаќањето на неговиот тендер најдоцна 7 (седум) работни денови по извршената евалуација на сите понуди. Известувањето може да биде доставено по пошта, електронски или лично на рака. По доставеното известување, успешниот понудувач е должен во рок од 5 (работни) дена да достави ДРД образец (образец за регистрирана дејност – не постара од 6 (шест) месеци и тековна состојба не постара од 6 месеци.
Откако ќе се документираат и проверат овие документи, понудувачот ќе биде поканет да го потпише договорот, не подоцна од 2 дена по прием на документите.
На сите други понудувачи ќе им биде доставено известување за резултатите од евалуацијата на тендерите, по пошта, електронски или лично на рака најдоцна (7) седум дена по извршената евалуација на понудите.
ЦЕЛ, НАМЕНА И ОЧЕКУВАНИ РЕЗУЛТАТИ
Целта на работната задача е:
Обезбедување на преведувачки услуги – стручен (писмен) превод
Намена:
Барањето е наменето за потребите на проектот „ Граѓаните активен партнер во реформите на политиките за вода “ (договор број IPA/TAIB12-7457/1)
ДОМЕН НА БАРАЊЕТО
-
Превод
Xxxxx
Xxxxxxx (пишан) превод
Xx Xxxxxxxxxx на Албански јазик 100 страници*
Од Македонски на Англиски јазик 100 страници*
* Страница е страница превод од 1800 јазични знаци со празни простори.
ЛОГИСТИКА И ВРЕМЕНСКА РАМКА
Територија на РМ
ПОСТАПКА ЗА АПЛИЦИРАЊЕ
Крајниот рок за доставување на понуди е 19.02.2018 год. до 16:00 часот. Понудите треба да се испратат до ЦЕД ФЛОРОЗОН, по електронски пат на следните e – mail адреси: xxxxxx@xxxxxxxx.xxx.xx и xxxxxxx@xxxxxxxx.xxx.xx , или да се достават лично во канцеларијата на проектот на адресата: ул. Востаничка бр.2/7, 1000 Скопје.
5. КРИТЕРИУМ ЗА ИЗБОР
Изборот на најповолен понудувач ќе се направи според следниот критериум
Искуство 40 поени
Цена 60 поени