Contract
Врз основа на член 22 став 1 и став 13 од Закон за вработените во јавниот сектор („Службен весник на Република Македонија“ бр. 27/14, 199/14, 27/16, 35/18 и 198/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 143/19 и 14/20) и член 22,23,24,25,26,27 и 46 од Законот за работни односи („Службен весник на Република Македонија“ бр. 62/05, 106/08, 161/08, 114/09, 130/09, 50/10, 52/10, 124/10, 47/11, 11/12, 39/12, 13/13, 25/13, 170/13, 187/13, 113/14, 20/15,
33/15, 72/15, 129/15, 27/16, 120/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 110/19, 267/20, 151/21, 288/21 и 111/23), Директорите на ЈЗУ Универзитетска клиника за кардиологија Скопје објавуваат:
ЈАВЕН ОГЛАС БРОЈ 4/2023
за пополнување на работно место на определено време на административни службеници
1. ЗДР0102Г01002 Самостоен референт за контрола на евиденција на набавки, дистрибуција и складирање на материјал, ниво Г4, Сектор за финансиско работење и сметководство, Одделение за сметководство - 1 (еден) извршител.
Посебни услови:
- ниво на стручни квалификации V А или ниво на квалификации IV според Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 180 или 240 кредити според ЕЦВЕТ или МКСОО или најмалку вишо или средно образование (гимназиско образование, градежен техничар за ниско-градба),
- работно искуство: најмалку три години работно искуство во струката Посебни работни компетенции
- активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење,
- познавање на еден од трите најчесто користени јазци на Европската унија (Англиски, Француски, Германски)
Распоред на работно време
- Работни денови понеделник-петок
- работно време од сменска работа (прва, втора, трета смена и дежурство)
- Работни часови неделно 40
- Работно време од 07:00 до 15:00
- Нето месечно плата: 22.241,00 денари
НАПОМЕНА: Предвидени вработувања согласно годишниот план на институцијата за 2023 година се : Албанец(ка) 1.
2. ЗДР0102Г04002 Помлад референт – администратор за амбулантско лекување, ниво Г1, Сектор за финансиско работење и сметководство, Одделение за сметководство - 1 (еден) извршител.
Посебни услови:
- ниво на стручни квалификации V А или ниво на квалификации IV според Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 180 или 240 кредити според ЕЦВЕТ или МКСОО или најмалку вишо или средно образование - Средно стручно училиште (правна или економска насока) и гимназија/вишо,
- работно искуство: со или без работно искуство во струката
Посебни работни компетенции
- активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење,
- познавање на еден од трите најчесто користени јазци на Европската унија (Англиски, Француски, Германски)
Распоред на работно време
- Работни денови понеделник-петок
- Работни часови неделно 40
- Работно време од 07:00 до 15:00
- Нето месечно плата: 22.241,00 денари
НАПОМЕНА: Предвидени вработувања согласно годишниот план на институцијата за 2023 година се : Албанец(ка) 1.
3. ЗДР0102Г04006 Помлад референт – фактурист, ниво Г1, Сектор за финансиско работење и сметководство, Одделение за сметководство - 1 (еден) извршител.
Посебни услови:
- ниво на стручни квалификации V А или ниво на квалификации IV според Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 180 или 240 кредити според ЕЦВЕТ или МКСОО или најмалку вишо или средно образование - Средно стручно училиште (правна или економска насока) и гимназија/вишо,
- работно искуство: со или без работно искуство во струката Посебни работни компетенции
- активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење,
- познавање на еден од трите најчесто користени јазци на Европската унија (Англиски, Француск, Германски)
Распоред на работно време
- Работни денови понеделник-петок
- Работни часови неделно 40
- Работно време од 07:00 до 15:00
- Нето месечно плата: 22.241,00 денари
НАПОМЕНА: Предвидени вработувања согласно годишниот план на институцијата за 2023 година се : Македонец(ка) 1.
Заинтересираните кандидати кои аплицираат на јавниот оглас за вработување на определено време, треба да достават пријава со прилог потребни документи за исполнување на условите во оригинална форма или копија заверена на нотар:
- пријава со податоци за контакт,
- кратка биографија (CV),
- уверение за државјанство на РСМ, оригинал или фотокопија заверена на нотар,
- лекарско уверение, не постаро од 6 месеци, оригинал или фотокопија заверена на нотар ,
- диплома или уверение со просечен успех, оригинал или фотокопија заверена на нотар,
- уверение дека не му е изречена со правосилна одлука забрана на вршење професија, дејност или должност, не постаро од 6 месеци (оригинал или фотокопија заверена на нотар),
- свидетелстава од четирите години ССС, оригинал или фотокопија заверена на нотар
- доказ за активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски и германски),
- доказ за активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење,
- за работно место под точка 1, доказ за работно искуство.
Рокот за доставување на пријавата со потребните документи изнесува 7 (седум) дена, сметано од денот на објавување на огласот.
Ненавремена, нецелосна и неуредно пополнета пријава, нема да биде предмет на рагледување. Пријавата со целокупната потребна документација и телефон за контакт, да се достават до ЈЗУ Универзитетска клиника за кардиологија - Скопје ул. Водњанска бр. 17 Скопје, по пошта или во архивата на Универзитетската клиника со назнака за Јавен оглас за вработување.
Со избраните кандидати ќе се склучи договор за вработување на определено време до 31.12.2023 година.