Contract
ЦентралнакооперативнабанкаАД Скопје
Број
ДОГОВОР
за користење на системот за електронско банкарство за правни лица
Денес, , во град , помеѓу:
Доверливо
1. Централна кооперативна банка АД Скопје, со седиште во град Скопје, xxxxx 0000 xxxx 0, со матичен број 4640063, застапувана од Претседателот на Управниот Одбор, Xxxxxxx Xxxxxx, и членот на Управниот одбор , преку полномошникот
овластен од УО на Банката, во понатамошниот текст наречена - „БАНКА”, од една страна, и
2. со седиште во на ул. со ЕДБ со ЕМБС претставуван од со ЕМБГ (во понатамошниот текст наречен - Корисник), од друга страна, се склучи следниот договор:
Предмет на договорот Член 1
Со овој Договор се регулираат правата и обврските помеѓу Банката и Корисникот во врска со користењето на системот за Електронско Банкарство на Централна кооперативна банка АД Скопје (во натамошниот текст: ЕБ).
Сите одредби од Договорот за отворање и водење на трансакциска сметка и Договорот за отворање и водење на девизна сметка, за вршење на работите на платниот промет, склучени помеѓу Xxxxxxx и Учесникот во платниот промет кој е Xxxxxxxx во овој Договор, остануваат во важност и по потпишувањето на овој Договор.
Член 2
Банката врз основа на Општите услови за користење на системот за ЕБ и условите од овој Договор, врши првична регистрација на Корисникот на ЕБ, односно дефинирање на корисничко име (user name) и лозинка со администраторски привилегии, преку коe Корисникот ќе пристапува на денарските, девизните и депозитните сметки отворени во Банката. Администраторот на системот за ЕБ кај Корисникот, кој што Xxxxxxxxxx е должен да го наведе во Барањето за користење на системот за ЕБ, ги определува корисничките имиња и им доделува привилегии на останатите лица кај Корисникот кои ќе имаат пристап до системот за ЕБ.
Со системот за Електронско банкарство, Банката на Корисникот му овозможува пристап само до информативниот дел на системот или до информативниот дел и делот за плаќање, односно извршување на трансакции или праќање на електронски пораки, во зависност од поднесеното Барање и добиените полномошна од други правни и физички лица, иматели на трансакциски сметки во Банката.
За најава на системот за ЕБ, извршување на трансакциите преку системот за ЕБ како и прием и праќање на електронски пораки во комуникацијата со Банката преку системот за ЕБ, Корисникот е согласен во негово име и за негови потреби Банката да генерира дигитален сертификат, истиот да го постави на издвоен медиум УСБ-токен, и со документ за примопредавање да му го предаде на Корисникот.
Корисникот може на свој трошок да набави важечки дигитален сертификат издаден од друг овластен издавач на сертификати и истиот да го користи со системот за ЕБ.
Добивање на право на користење Член 3
За користењето на системот за ЕБ, Корисникот е должен претходно да има отворено денарска сметка (сметки) во Банката и да има обезбеден пристап кон интернет.
Член 4
За да му овозможи користење на системот за ЕБ, Корисникот е должен на Банката да и достави пополнето Барање за користење на системот за електронско банкарство (прилог) потпишано од лицето овластено за застапување на Корисникот, кое е составен дел на овој Договор.
Сите елементи во барањето треба да бидат пополнети читливо, на македонски јазик и со кирилско писмо.
Овластување за користење Член 5
Во поднесеното Барање, Корисникот овластува лице, кое за потребите на овој Договор е наречено Администратор на системот за ЕБ, а кое ќе врши администрирање на системот за ЕБ за потребите на корисникот, и ќе го превземе дигиталниот сертификат од Банката.
Администраторот на системот за ЕБ кај Корисникот, ги дефинира корисничките имиња и нивните привилегии на лицата кај Корисникот кои ќе го користат системот за ЕБ на Банката, и тоа за користење
на информативниот дел, на делот за плаќања како и на делот за прием и праќање на електронски пораки во комуникацијата со Банката.
Овластени лица за плаќања преку системот за ЕБ може да бидат лица независно дали истите се претходно евидентирани како овластени потписници на Пријавата за располагање со средства на сметката на Корисникот, претходно отворена во Банката.
Потпишувањето на трансакциите внесени преку системот за ЕБ е поединечно, освен доколку администраторот кај Корисникот не дефинирал поинакви привилегии, односно овластувања.
За трансакциите извршени преку системот за ЕБ од овластените лица дефинирани од страна на администраторот гарантира самиот Xxxxxxxx.
Член 6
За точноста и вистинитоста на податоците наведени во Барањето за користење на системот на ЕБ поднесено од Корисникот, гарантира самиот Корисник, ги прифаќа Општите услови за користење на системот на ЕБ, гарантира за правилно користење на уредот за верификација (потпишување) на трансакциите и електронските пораки (дигитален сертификат) и целосно ја превзема одговорноста во случај на губење, оштета или злоупотреба на истиот.
Начинот на потпишување на трансакциите внесени преку системот за ЕБ е поединечно, независно од начинот на потпишување на лицата овластени за располагање со средствата на сметката на Корисникот, претходно евидентирани на Пријавата за овластени потписници.
Член 7
Корисникот преку администраторот на системот за ЕБ може сам да го отповика или промени овластувањето за поедини овластени лица дадено за плаќања преку системот за ЕБ.
Налозите кои се примени пред извршеното отповикување или промена на поедини овластени лица, Xxxxxxx ги третира како исправни и истите ќе бидат реализирани.
Користење на системот за ЕБ Член 8
Користењето на системот за Електронско банкарство, Банката на Корисникот му го овозможува преку најава на интернет адресата xxx.xxxxxx.xx, преку линкот ccb online.
Со најавата на наведената интернет адреса Корисникот е должен да ги почитува Упатствата на Банката за користење на системот за ЕБ наведени во делот за Електронско банкарство.
Член 9
За најава на системот за ЕБ и верификација (потпишување) на трансакциите и електронските пораки внесени преку системот за ЕБ се користи дигитален сертификат. Како и своерачниот потпис тој е единствен за Корисникот, односно овластеното лице и истиот има еднаква важност на сила и доказ.
Член 10
Секој дигитален сертификат има единствен идентификационен број, назив на издавачот, назив на носителот, податоци за проверка на електронскиот потпис, евентуални ограничувања како и почеток и крај на важност на истиот. Сертификатот единствено му станува познат на серверот (компјутерот) во Банката во криптирана форма, со што е обезбедена тајност на податоците од сертификатот и од вработените во Банката.
Корисникот е должен, дигиталниот сертификат генериран од Банката , да го експортира и чува на посебен издвоен медиум (УСБ-токен), при што ќе определи и посебна лозинка како дополнителна заштита од негова можна злоупотреба. Во спротивно, Xxxxxxx не превзема никаква одоворност за евентуална штета настаната како последица од губење на дигиталниот сертификат или доколку истиот на било кој начин дојде кај неовластено лице за користење на системот за ЕБ, а така направените трансакции Банката ќе ги третира како исправни и истите нема да ги сторнира
Дигиталниот сертификат генериран преку интернет страната на Банката, може да се користи исклучиво за комуникација помеѓу Корисникот и Банката.
Член 11
Врз основа на извршената регистрација на Корисникот и поднесеното Барање за користење на системот за ЕБ, Банката го известува Корисникот на телефонот наведен во Барањето, дека му е одобрено користење на системот за ЕБ и истовремено ќе го повика во местото каде што го поднел Xxxxxxxx, пред овластен работник на Банката, да го потпише овој Договор.
Член 12
Системот за ЕБ нуди можност за промена на лозинката на Корисникот, односно на лицата определени од страна на Корисникот, во секое време и во неограничен број на промени. Корисникот е должен да користи лозинка во која се препорачува да бидат содржани најмалку 8 измешани букви, бројки и знаци.
Член 13
За да се најави на системот за ЕБ, да изврши платна трансакција или да потпише електронска порака, Корисникот едновремено користи три лични идентификатори:
1. Корисничко име;
2. Тајна лозинка; и
3. Дигитален сертификат,- уред за потпишување.
Според наведеното, не е можно трето лице да се најави, да изврши трансакција или да потпише електронска порака преку системот за ЕБ освен доколку Xxxxxxxxxx самиот ја нарушил тајноста на лозинката и го дал својот сертификат на неовластени лица.
За секоја злоупотреба на лозинката и сертификатот, одговорноста ја сноси самиот Xxxxxxxx, а така доставената електронска порака или направена трансакција Банката ќе ги третира како валидни.
Член 14
Доколку Xxxxxxxxxx се сомнева дека тајноста на неговата лозинка, односно дека истата е нарушена, лозинката може во било кое време самиот да ја промени.
Член 15
Xxxxxxx потврдува дека лозинката не е евидентирана во нејзината документација и дека дигиталниот сертификат е експортиран единствено на УСБ токен, кој му е предаден на Корисникот.
Член 16
Корисникот ја сноси сета одговорност за податоците внесени во електронските налози за плаќање.
Член 17
Во случај на губење или одземање на сертификатот, Корисникот е должен за тоа веднаш да ја извести Xxxxxxx, а Xxxxxxx користењето на тој сертификат ќе го оневозможи.
Банката не одговара за штета настаната доколку Xxxxxxxxxx изгубениот или одземениот сертификат не го пријави веднаш кај одговорниот работник на Xxxxxxx.
За продолжување со работа на ЕБ, Xxxxxxxxxx е должен да набави или да достави барање за генерирање на нов сертификат и за истото да ја извести Банката.
Права и обврски на корисникот Член 18
За непречено и правилно користење на системот на ЕБ Корисникот се обврзува дека:
- со општите услови и со упатствата на Банката за користење на системот за ЕБ ќе ги запознае овластените лица за користење на системот за ЕБ;
- ќе ги почитува упатствата на Банката за користење на системот за ЕБ и добиените полномошна од други правни и физички лица, иматели на трансакциски сметки во Банката;
- веднаш и писмено ќе ја извести Xxxxxxx за сите неправилности воочени при користење на системот за ЕБ;
- администраторот на Корисникот навремено ќе врши отповикување или промена на овластувањето за поедини овластени лица; и
- редовно ќе ги измирува сите обврски кон Банката.
Корисникот е согласен надоместоците за услугите за користење на системот за ЕБ, Банката да ги наплатува автоматски од неговите сметки согласно важечката тарифа на Банката.
За наплата на предвидените надоместоци, Корисникот е должен да обезбеди доволно средства (покритие) на сметките, а во спротивно внесените трансакции Банката нема да ги изврши.
Со потпишување на овој Договор, Xxxxxxxxxx ги прифаќа сите дополнителни измени во правилата на работењето на Xxxxxxx, Одлуките за тарифите и другите акти на Банката.
Корисникот може да побара информација, или да достави барање за рекламација за трансакциите извршени од неговата сметка преку системот за ЕБ, доколку се сомнева во валидноста на истите.
Права и обврски на Банката Член 19
Банката на Xxxxxxxxxx му овозможува пристап до сите негови сметки определени во барањето (денарски, девизни и депозитни) за кои во секое време ќе може да добие информација за промените и состојбите по истите.
Банката може, согласно одредбите на овој Договор, на Корисникот да му овозможи само информативен сервис или информативен и финансиски сервис за други сметки отворени во Банката, доколку имателот на другата сметка достави писмено полномошно до Банката во кое ќе биде наведено називот на имателот на сметката, бројот на сметката, лицето (правно или физичко) кое може да ги користи информациите за промените и состојбата на сметката како и користење на финансискиот сервис односно ќе врши плаќања и ќе праќа електронски пораки преку системот за ЕБ, за период, односно времетраење на овластувањето.
Член 20
Банката на Корисникот му гарантира извршување на сите правилно внесени налози во системот за ЕБ согласно позитивните законски прописи, Упатствата на Банката и во рокови предвидени со Терминскиот план на Банката.
При извршувањето на налозите доставени преку системот за ЕБ, Xxxxxxx ќе ги почитува сите прописи кои го регулираат извршувањето на платниот промет.
Банката нема да ги реализира налозите внесени преку системот за ЕБ доколку на сметките на Корисникот или на сметките за кои Корисникот има добиени полномошна има достасани а неподмирени обврски кон Банката, налози кои се во спротивност со законската регулатива, актите на Банката и други прописи кои го регулираат вршењето на платниот промет, доколку нема доволно средства (покритие на сметката), или доколку достави писмено барање за повлекување на налог пред негова конечна реализација, а вака внесените налози Xxxxxxx ќе ги поништи.
Член 21
Сите податоци, дејствија и околности, за кои Банката има сознанија при извршувањето на трансакциите преку системот за ЕБ од страна на Xxxxxxxxxx како и при соработка со Корисникот се сметаат за доверливи и се деловна тајна. Банката, наведените податоци, дејствија и околности ќе ги открие само во случај и на начин како што тоа е регулирано со закон или интерните акти на Банката.
Член 22
Xxxxxxx се обврзува, дека ќе ги чува сите податоци за лицата наведени во Барањето и ќе ги користи исклучиво за службени потреби.
Член 23
Xxxxxxx го задржува правото сите измени кои ќе настанат во врска со системот за ЕБ да ги направи без претходно да го извести Корисникот.
Член 24
Банката не одговара за штета, настаната поради дејствија и настани кои се надвор од нејзиното работење односно надлежност (виша сила, штрајк, одлуки и дејствија на надлежните органи, пречки во телекомуникацискиот промет и прометот наменет за сметачки врски и сл.)
Се исклучува секаква одговорност за оштета или друга одговорност на Банката, поради штета направена на Корисникот или трети лица од неработење на системот за ЕБ односно на платниот систем предизвикано од неовластени зафати на Корисникот.
Завршни одредби Член 25
Овој договор се склучува на неопределено време. Истиот може да престане со важност со писмено известување до другата договорна страна, со отказен рок од 30 дена.
Член 26
Банката може да го откаже користењето на ЕБ еднострано и без отказен рок да го раскине Договорот и да го исклучи Корисникот од системот за ЕБ, во случај ако Корисникот:
- не ги исполнува своите обврски кон Банката;
- неоправдано посегнува во системот за ЕБ или во платниот систем како целина;
- намерно или поради немарност предизвика неправилно работење на системот;
- не се придржува на Општите услови, Упатството за користење на системот за ЕБ, одредбите од овој Договор или позитивните законски прописи; и
- ја затвори сметката во платниот промет на негово барање, по сила на закон или по одлука на надлежен орган.
Член 27
Од денот на престанување со важност или раскинување на Договорот, Xxxxxxx го блокира/ исклучува користењето на ЕБ, ги пресметува и наплатува сите неподмирени обврски на Корисникот кон Банката. Истовремено, престануваат со важност и добиените полномошна за користење само на информативниот сервис или на информативниот и финансиски сервис за други сметки отворени во Банката.
Налозите обработени преку системот за ЕБ пред Банката да го исклучи Корисникот од системот, истите Банката ќе ги изврши доколку ги исполнуваат предвидените услови за вршење на платен промет.
Член 28
За се што со овој Договор не е предвидено важат одредбите од законските прописи и актите за деловната политика на Xxxxxxx.
Член 29
Договорните страни се согласни евентуалните спорови да ги решат спогодбено, а во случај на неуспех, надлежен е Основен суд Скопје II Скопје.
Член 30
Овој договор е составен во 2 (два) идентични примероци, од кои еден за Корисникот и еден за Банката.
Член 31
Договорот е склучен и стапува на сила со денот на потпишувањето од двете договорни страни.
КОРИСНИК, ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА АД СКОПЈЕ