Contract
ДОГОВОР ЗА ОБЕЗБЕДУВАЊЕ ВЕБ-ХОСТИНГ/ВЕБ-ПОСТАВУВАЊЕ
Склучен на ден . .20 год. во . Договор бр.
Договорни страни:
1. XXXX XXXXX, во понатамошниот текст како Оператор x
2. Претплатникот со ЕМБГ/даночен број и лична карта со бр./жиро-сметка , со седиште на адреса во градот , во понатамошниот текст како Корисник.
Предмет:
Обезбедување на ВЕБ-ХОСТИНГ – пакет:
Пакет | 1 | 2 | 3 | 4 | 5 |
Веб-протстор (МБ) | 300 | 500 | 700 | 1000 | 1500 |
Сообраќај (МБ) | 10 000 | 20 000 | 30 000 | 50 000 | ∞ |
Маил профили | 5 | 15 | 30 | 50 | 100 |
Месечна цена со ДДВ | 75 ден. | 125 ден. | 210 ден. | 330 ден. | 500 ден. |
Пакет број .
Домен на хостинг-пакетот: .
1. Права и обврски на корисникот
Корисникот има право да ги користи хостинг-услугите за целото времетраење на овој Договор според избраниот хостинг-пакет и одговара за целата содржина поставена на хостинг-услугата. Техничките карактеристики на пакетот се дадени во прилог.
Корисникот има обврска услугата предвидена со овој договор да ја плати во рок од 3 дена по примањето на фактурата.
Цената на месечниот пакет за хостирање изнесува денари (во цената е пресметан ДДВ).
2. Обврски и права на операторот
Операторот на услугата се обврзува:
• Технички да ја нагоди веб-страницата. Сите потребни технички услови за функционалност на веб- страницата ќе бидат реализирани во рок 24 часа од потпишување на овој Договор.
• Да гарантира максимална достапност на сајтот од 99%, а сите евентуални прекини да ги отстрани во најкус можен временски рок.
• Навремено да го извести Корисникот за сите промени од технички карактер кои можат да предизвикаат прекин во услугите, а доколку станува збор за однапред планирани активности, известувањето да биде најмалку 24 часа пред тоа.
3. Операторот на улугата има право:
• Времено да го забрани пристапот до веб-страницата ако во рок од 10 дена не се платат навремено обврските кон Операторот.
• Времено да го забрани пристапот доколку Xxxxxxxxxx ги наруши условите за користење на услугата дадени во прилог. Доколку станува збор за сериозно нарушување на условите, Операторот го задржува правото да го раскине овој Договор без каква било финансиска одговорност кон Корисникот.
4. Времетраење на договорот
Овој Договор се склучува на неопределено време.
5. Раскинување на договорот
Корисникот може да го раскине Договорот, со претходно писмено известување на Операторот, кое се доставува најмалку 30 дена пред датумот на раскинувањето на Договорот, при што е должен да ги подмири сите долгови кон операторот.
Операторот може да го раскине Договорот:
• Ако настапило неисполнување на договорените обврски.
• Доколку операторот не е во состојба да ги обезбеди договорените услуги поради дејство на „виша сила“, подолго од шест месеци.
6. Надлежен суд
Во случај на спор ќе решава надлежниот суд во Штип.
7. Стапување на сила на договорот
Договорот стапува на сила на денот на неговото потпишување од двете страни.
Овој Договор е склучен на 3 (три) примерока, од кои еден е за корисникот и еден за операторот.
Корисник, Оператор,