Contract
МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА
Склучен во Битола, на ден . .2017 година, помеѓу:
1. Технички факултет Битола, ул. Македонска Фаланга бр.33, застапуван од деканот проф. д-р Xxxxxxxx Xxxxx од една страна и
2. ,
застапуван од раководителот од друга страна.
Член 1
Предмет на овој Меморандум за соработка е долгорочна научна, техничка, образовна и апликативна соработка помеѓу договорните страни.
Член 2
Двете договорни страни се спогодија дека постои взаемен интерес за остварување на долгорочна научна, техничка, образовна и апликативна соработка.
Формата на долгорочната научна, техничка, образовна и апликативна соработка ќе се остварува на еден од следните начини:
• Заеднички проекти од истражувачки, развоен и научен карактер
• Соработка во едукативни процеси преку ангажирање на стручњаци од практиката за реализација на клиничка (стручно-практична) настава
• Организирање и реализација на практична настава за студентите од Техничкиот факултет во Битола во зависност од расположивите можности
• Стипендирање на студенти од прв и втор циклус на студии чие поле на интерес е во делокругот на работа на вториот потписник
• Соработка при дефинирање на теми за дипломски, магистерски и докторски трудови во рамките на образовниот процес на Техничкиот факултет, а кои се во интерес на потписниците.
• Различни облици на научна, истражувачка и техничка помош
• Консултации и експертизи
• Воспоставување на контакти и презентација на договорените страни пред домашни и странски субјекти
• Организирање на тркалезни маси и размена на искуства
• Организирање на курсеви и обуки од страна на Техничкиот факултет и издавање на соодветни сертификати.
Член 3
Формата, начинот, условите, времетраењето, финансирањето и обемот на научната, техничката и апликативната соработка ќе бидат регулирани со посебни договори склучени согласно позитивните законски прописи.
Член 4
Овој Меморандум за соработка е составен во 4 еднакви примероци, од кои по 2 за секоја договорна страна.
Член 5
Овој меморандум е валиден се до раскинувањето на една од договорените страни.
1. Технички факултет Битола 2.
Проф. д-р Xxxxxxxx Xxxxx Xxxxx
Раководител