Contract
У-АСИСТ /2017 Број: 02-8137/5 од 29.03.2017 г.
Датум на примена: 29.03.2017
УСЛОВИ ЗА ОСИГУРУВАЊЕ НА АВТОМОБИЛСКА
АСИСТЕНЦИЈА
I. ВОВЕДНИ ОДРЕДБИ
ВОВЕДНИ ОДРЕДБИ
Член 1
(1)Овие услови се применуваат за осигурување на автомобилска асистенција, преку Асистентска компанија со која Осигурувачот има склучен договор за деловна соработка за обезбедување на ваков вид на услуги.
(2)Доколку дојде до промена на Асистентската компанија, Осигурувачот е должен за тоа да ги извести осигурениците.
(3)Во овие услови, изразите ќе ги имаат следните значења: "ocигypyвaч" – САВА осигурување а.д. Скопје
"дoгoвopyвaч нa ocигypyвaњe" - лицe кoe co ocигypyвaчoт cклyчyвa дoгoвop зa ocигypyвaњe;
"ocигypeник" – лице чијшто имот или имотен интерес е осигуран; "корисник"– лице кое непосредно ја користи автомобилската асистенција. Покрај возачот, корисник може да биде и секој патник во осигураното возило.
"пpeмиja" - изнoc кoj ce зaдpжyвa, oднocнo плaќa зa ocигypyвaњe пo дoгoвopот зa ocигypyвaњe;
"лиcт нa пoкpитиe" - пoтвpдa кoja пpивpeмeнo ja зaмeнyвa пoлиcaтa;
"пoлиca" - дoкyмeнт нa дoгoвopoт зa ocигypyвaњe;
"осигурано возило"– секое моторно возило кое е наведено во полисата за осигурување;
"асистентска компанија" – правно лице за обезбедување на асистентски услуги со кои Осигурувачот има склучен договор за деловна соработка за автомобилска асистенција.
„интернет продажба“ – продажба на осигурување преку услуги на информатичко општество што се обезбедуваат за надомест – премија на далечина без истовремено присуство на договорните страни, со користење на електронски средства и на барање на договорувачот на осигурување или осигуреникот.
II. ОПШТИ ОДРЕДБИ
ПРЕДМЕТ НА ОСИГУРУВАЊЕ
Член 2
(1) Предмет на осигурување согласно овие услови е организација на асистенција (помош) од страна на Асистентската компанија за корисникот на осигурувањето и покритие на трошоците во согласност со договорениот обем на покритие, достапна дваесет и четири часа во текот на денот.
ОСИГУРАНИ ОПАСНОСТИ
Член 3
(1) Осигурувачот преку Асистентската компанија ќе обезбеди 24 (дваесет и четири) часа на ден организација на асистенција како и покритие на трошоците во согласност со договорениот обем на покритие во случај корисникот да се најде во неволја, поради:
1) Расипување – под расипување на возилото се подразбира секоја механичка, електрична и/или електронска грешка на возилото поради кое истото не е во возна состојба или е неподобно за понатамошно безбедно возење.
2) Оштетување – под оштетување на возилото се смета случај кога поради сообраќајна незгода, паѓање или удар на предмети,
намерно или поради зла намера на трети лица, пожар, поплава, луња или град, возилото не е во возна состојба или е неподобно за натамошно безбедно возење.
3) Уништување – возилото се смета за уништено кога оштетувањата настанале поради остварување на ризиците наведени во претходната точка, и се толку тешки да возилото веќе не може да се поправи, односно тоа е економски неисплатливо (тотална штета);
4) Кражба на возилото – под кражба во смисла на овие услови се смета противправно одземање на заклученото возило или делови од возилото со намера да се употреби за возење или да се прибави противправна имотна корист, а клучевите не се наоѓаат на возилото;
5) Несреќен случај – несреќен случај во смисла на овие услови е сообраќајна незгода во која учествувало осигуреното возило, во која дошло до повреда на возачот и патниците, и која за последица имала нарушување на здравјето на овие лица;
6) Снемување на гориво;
7) Губење, кражба или оштетување на клучевите на возилото.
ЛИЦА КОИ ИМААТ ПРАВО НА АСИСТЕНЦИЈА
Член 4
(1) Право на асистенција имаат следниве лица: 1.Сопственикот на возилото,
2.Возачот кој управува со возилото,
3.Патниците кои патувале во моментот на остварување на осигураниот случај, освен автостопери и патници кои се превезуваат во возилата со паричен надомест.
ВОЗИЛА ПОКРИЕНИ СО АСИСТЕНЦИЈА
Член 5
(1) Возила кои може да се покриени со услугите на асистенција се возила регистрирани во Република Македонија и тоа: патнички возила, товарни возила кои се користат за превоз на лица и предмети а чијашто тежина не преминува 3,5 тони, моторцикли со сила на моторот над 4 kW, камп приколки (приколки за домување) и моторни возила за домување и не постари од 15 години.
(2) Осигурувањето на камп приколка важи само во случај кога приколката ја влече осигурено возило од став (1).
ПОДРАЧЈЕ НА ВАЖНОСТ НА ОСИГУРУВАЊЕТО
Член 6
(1) Осигурувањето согласно овие услови важи за осигурани случаи кои настануваат на територија на Република Македонија и на географското подрачје на Европа.
(2) Доколку е посебно договорено и платена дополнителна премија за осигурување, осигурителното покритие може да се прошири и на Азијскиот дел на Турција и Русија.
ОСИГУРАН СЛУЧАЈ
Член 7
(1) Во смисла на овие услови се смета дека настанал осигуран случај во моментот кога корисникот по остварување на ризиците наведени во член 3, ја повика Асистентската компанија.
(2) Осигурувачот ги покрива трошоците на сите дадени услуги за највеќе четири осигурени случаи годишно од кои трошоците за поправка на помал дефект и во случај на снемување на гориво се исплаќаат само еднаш во текот на годината.
ОБЕМ НА ПОКРИТИЕ
Член 8
Осигурувањето на автомобилска асистенција во согласност со договорениот обем на покритие, опфаќа:
(1) Организација на асистенцијата;
(2) Покритие на трошоците:
1.за поправка во случај на помал дефект; 2.за влечење и пренос на возилото;
3.за превоз на возачот и патниците до живеалиштето (седиштето) односно крајната дестинација;
4.за изнајмување и достава на заменско возило; 5.за преноќување на корисниците;
6.за организација на испраќање на резервни делови во границите на Р.Македонија и во странство;
7.за услуга во случај на снемување на гориво;
8.за услуга во случај на губење, кражба или оштетување на клучевите на возилото;
9.за враќање на возилото кое е оштетено во странство; 10.за возачот кој го враќа поправеното возило;
11.за превоз на возилото до отпад во случај на тотална штета; 12.за паркирање (лежарина).
III. ОРГАНИЗАЦИЈА НА АСИСТЕНЦИЈА ОРГАНИЗИРАЊЕ НА АСИСТЕНЦИЈА
Член 9
(1) По настанување на осигурен случај, Асистентската компанија организира помош на корисникот кој е во неволја. Обемот на организација на помошта зависи од видот на договореното осигурително покритие кое го опфаќа следново:
1.Прием на повици од корисниците 24 часа на ден; 2.Организирање на поправка на возилата;
3.Организирање на услуги во случај на снемување на гориво; 4.Организирање на услуги во случај на губење, кражба или оштетување на клучевите на возилото;
5.Организирање на влечење и пренос на возилото; 6.Организирање на обезбедување на заменско возило; 7.Организирање на продолжување на патувањето на корисниците; 8.Организирање на враќање на корисниците во земјата на живеење;
9.Организирање на преноќување во случај осигуреникот да не може да го напушти местото на настанот;
10.Организирање на превоз на поправеното возило; 11.Организирање на доставување на резервни делови; 12.Организирање на паркирање (лежарина после сообраќајна незгода) на возилото;
13. Давање на информации во поглед на пружање на здравствена помош, во случај кога сообраќајната незгода е во странство;
14. Организирање на превоз на осигуреникот во земјата на живеење ако е потребно во случај на сообраќајна несреќа во странство;
15.Помош при советување во текот на решавање на административни локални формалности;
16. Организација на процена на висината на штета од страна на судски проценител или соодветна установа во странство.
(2) За изборот на видот и обемот на помош одлучува Асистентската компанија на основа на сите околности на осигураниот случај.
IV. ПОКРИТИЕ НА ТРОШОЦИ ПОПРАВКА ВО СЛУЧАЈ НА ПОМАЛ ДЕФЕКТ
Член 10
(1) Осигурувачот е во обврска да ги надомести трошоците за поправка во случај на помал дефект кој ги опфаќа трошоците на доаѓање на изведувачите на поправката на местото на штетниот настан и трошоците за работа на осигуреното возило ако возилото може да се поправи на лице место во рок од 60 минути.
(2) Под помал дефект се подразбира: испразнет пнеуматик, помали механички, електрични или електронски расипувања на пр.испразнет акумулатор, скинат каиш, помали дефекти на системот на ладење, прегорени осигурачи и сл.
(3) Осигурувачот не е во обврска да ги надомести трошоците на вградените делови и материјали и не одговара за квалитетот на работата на изведувачот и вградените делови.
(4) Осигурувачот е во обврска да ги надомести трошоците настанати во став 1 и 2 од овој член до висина на договорената сума на осигурување која зависи од избраниот пакет на осигурување според табела бр.1 од овие услови.
ВЛЕЧЕЊЕ И ПРЕНОС НА ВОЗИЛОТО
Член 11
(1) Осигурувачот е во обврска да ги надомести трошоците за влечење и пренос на осигуреното возило ако истото не е во возна состојба односно ако на местото на настанување на осигурениот случај не може да се оспособи за натамошно возење. Трошоците за влечење се надоместуваат за осигураното возило до најблискиот сервис кој може да го оспособи возилото за натамошно возење.
(2) Осигурувачот не е во обврска да ги надомести трошоците за влечење и пренос на возилото после груба немарност на осигуреникот, односно возачот на возилото и тоа: ако на осигураното возило му снема гориво или масло во моторот, ако осигураното возило не може да се стави во погон поради губење, кражба или оштетување на клучевите или доколку клучевите останале заклучени во осигураното возило.
(3) Осигурувачот е во обврска да ги надомести трошоците наведени во став 1 од овој член до висина на договорената сума на осигурување која зависи од избраниот пакет на осигурување според табела бр.1 од овие услови.
ПРЕВОЗ НА ВОЗАЧОТ И ПАТНИЦИТЕ
Член 12
(1) Осигурувачот е во обврска да ги надомести реалните трошоци за превоз на возачот и патниците доколку осигураното возило поради настанување на осигуран случај не може да се поправи истиот ден или ако истото е украдено.
(2) Осигурувачот ги надоместува трошоците за превоз на возачот и патниците по нивен избор до:
1.Местото на поправка на осигуреното возило или 2.Нивното место на живеење или крајна дестинација.
(3) Ако превозот се извршува со јавни превозни средства, се признаваат трошоците за возачот и патниците во осигураното возило во моментот на настанување на осигураниот случај и се надоместуваат во висина на автобуска карта или карта за воз од втора класа, а во зависност од избраниот пакет на осигурување.
(4) Осигурувачот ги надоместува трошоците на превозот при користење и на други превозни средства но најмногу до висината од претходниот став од овој член.
(5) Одлуката за начинот на превоз ја носи Асистентската компанија во зависност од конкретниот случај и избраниот пакет на осигурување.
(6) Во случај корисникот на осигурувањето да користи преноќиште од член 14 од овие услови исто така се надоместуваат трошоците за превоз од местото на расипување или сообраќајна незгода до местото на преноќување, како и од местото на преноќување до местото на превземање на поправеното возило.
(7) Осигурувачот ги покрива трошоците на корисникот на осигурувањето од местото на настанување на осигураниот случај до најблиското место од каде може да го продолжат своето патување до крајната дестинација или до живеалиштето односно до местото на преноќување доколку од страна на корисникот е избрана таа опција.
(8) Осигурувачот е во обврска да ги надомести трошоците од овој член до висина на договорената сума на осигурување која зависи од избраниот пакет на осигурување според табела бр.1 од овие услови.
(9) Корисниците немаат право на превоз во случај кога во осигураното возило ќе снема гориво, масло во моторот или ако неможе да се користи осигуреното возило поради губење или оштетување на клучевите или ако клучевите останале заклучени во осигуреното возило.
ИЗНАЈМУВАЊЕ НА ЗАМЕНСКО ВОЗИЛО
Член 13
(1) Осигурувачот е во обврска да ги надомести трошоците за изнајмување на заменско возило во случај на продолжување на патувањето до дестинацијата и тоа само во случај кога осигуреното возило не е во возна состојба и не е возможно да се поправи истиот ден или доколку возилото е украдено. Заменското возило се обезбедува во случај кога местото на расипување, оштетување, односно кражба на возилото е одалечено од местото на престој или дестинација повеќе од 50км.
(2) Трошоците за наем на заменско возило ги опфаќаат трошоците за изнајмување по ден, без дополнителни трошоци за гориво, патарини, можни казни и слично. Корисникот е должен да ги почитува дополнителните услови на наемодавачот на возилото. Осигурувачот ги покрива трошоците за наем на возилото чијашто запремнина не преминува 1600 cm3.
(3) Осигурувачот е во обврска да ги надомести трошоците од овој член во времетраење и до висина на договорената сума на осигурување која зависи од избраниот пакет на осигурување според табела бр.1 од овие услови.
(4) Корисниците немаат право на изнајмување на заменско возило во случај кога во осигураното возило ќе снема гориво, масло во моторот или ако не може да се користи осигуреното возило поради губење или оштетување на клучевите или ако клучевите останале заклучени во осигуреното возило.
ПРЕНОЌУВАЊЕ НА КОРИСНИЦИТЕ
Член 14
(1) Осигурувачот е во обврска да ги надомести трошоците за преноќување на корисниците на осигурување во случај возилото да не е во возна состојба или не е во можност да се оспособи за понатамошно возење.
(2) Надоместокот на трошоците се обезбедува за онолку корисници на оигурувањето колку што во моментот на остварување на ризикот патувале со осигуреното возило, но најмногу до бројот на регистрирани места.
(3) Осигурувачот е во обврска да ги надомести трошоците од овој член до број на ноќевања и до висина на договорената сума на осигурување која зависи од избраниот пакет на осигурување според табела бр.1 од овие услови.
(4) Корисниците немаат право на надомест на трошоци за преноќување во случај кога во осигураното возило ќе снема гориво, масло во моторот или ако не може да се користи осигуреното возило поради губење или оштетување на клучевите или ако клучевите останале заклучени во осигуреното возило.
ИСПРАЌАЊЕ НА РЕЗЕРВНИ ДЕЛОВИ НА ТЕРИТОРИЈА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА И ВО СТРАНСТВО
Член 15
(1) Осигурувачот е во обврска да ги надомести трошоците доколку сервисот во кој е донесено возилото не е во можност да ги набави потребните делови за поправка на осигуреното возило, Асистентската компанија ќе изврши организација на набавка на истите и ќе ги достави во сервисот каде се наоѓа оштетеното возило.
(2)Осигурувачот ќе ги надомести трошоците за организација на набавката:
1.пакување, 2.царина, 3.праќање и 4.транспорт.
(3)Осигурувачот не е во обврска да ги надомести трошоците за резервни делови, материјали и не одговара за квалитетот на работа и за вградените делови.
УСЛУГИ ВО СЛУЧАЈ НА СНЕМУВАЊЕ НА ГОРИВО
Член 16
(1) Во случај на снемување на гориво Асистентската компанија му обезбедува на корисникот на осигуреното возило доволна количина на гориво за да се донесе до најблиската бензинска станица.
(2) Осигурувачот е во обврска да ги надомести трошоците за превоз на гориво до местото каде се наоѓа возилото.
(3) Корисникот на осигурување сам ги сноси трошоците на доставеното гориво.
ГУБЕЊЕ,КРАЖБА ИЛИ ОШТЕТУВАЊЕ НА КЛУЧЕВИТЕ
Член 17
(1) Во случај на губење, кражба, оштетување на клучевите или во случај истите да останале заклучени во возилото, Асистентската компанија ќе организира достава на резервни клучеви на местото на настан, односно ќе ги сноси трошоците за превоз на специјализирано лице за отварање на возилото без клуч.
(2) Осигурувачот е во обврска да го надомести трошокот за достава на резервни клучеви или превоз на лице специјализирано за отварање на возило без клуч.
(3) Осигурувачот не е во обврска да ги надомести трошоците за замена на клучевите, бравата, трошоците за материјал, изработка на резервни клучеви и работа на лицето кое го отвара возилото без клуч.
(4) Осигурувачот е во обврска да ги надомести трошоците од овој член до висина на договорената сума на осигурување која зависи од избраниот пакет на осигурување според табела бр.1 од овие услови.
РЕПАТРИЈАЦИЈА НА ВОЗИЛА ОД СТРАНСТВО
Член 18
(1) Доколку возилото може да биде поправено, а времето потребно за поправка изнесува повеќе од три дена, Асистентската компанија ќе организира и ќе ги покрие трошоците за поврат на возилото од местото каде што се наоѓа возилото до најблискиот сервис во местото на престој на осигуреникот.
(2) Доколку возилото може да се поправи во рок од три дена, Асистентската компанија ќе организира и ќе ги покрие трошоците за поврат на поправеното возило до висината на договорената сума на осигурување, која зависи од избраниот пакет на осигурување според табела бр.1 од овие услови.
(3) Во случај на сообраќајна незгода, Асистентската компанија може да обезбеди возач-замена во случај кога ниеден корисник не е во состојба да управува со возилото, по истекот на 12 часа од поправката на возилото.
(4) Доколку степенот на оштетување на возилото кое се наоѓа вон територија на Република Македонија, е до таа мера да истото не може да се оспособи за понатамошно возење (тотална штета) Асистентската компанија ќе организира превоз на возила согласно локалното законодавство до најблискиот автомобилски отпад, ќе ја прибави и достави до осигуреникот потребна документација за бришење на возилото од листата на регистрирани возила.
(5) Во случај на тотална штета на возило на лизинг, Асистентската компанија ќе ја информира лизинг компанијата и ќе прибави одобрение за превоз на уништеното возило до отпадот.
(6) Осигурувачот е во обврска да ги надомести трошоците за паркирање (лежарина) за оштетеното возило до висината на договорената сума на осигурување, која зависи од избраниот пакет на осигурување според табела бр.1 од овие услови.
V. ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ ИСКЛУЧОЦИ ОД ОСИГУРУВАЊЕТО
Член 19
(1) Осигурувачот не организира асистенција и не ги покрива трошоците во следните случаи:
1) Доколку осигураното возило се користи во автомобилски трки, тест возења и во авто школи;
2) Доколку осигураното возило се користи за такси превоз или рент-а-кар возила;
3) Доколку осигураното возило се користи за итни случаи поради војна, воени конфликти, востанија или терористички дејствија, нуклеарна реакција, нуклеарно зрачење или радиоактивна контаминација или земјотрес;
4) Доколку осигуреникот се најде во неволја со осигуреното возило поради опасност која не е дефинирана во член 3 од овие услови.
(2) Доколку корисникот кога ќе се најде во неволја не ја повика Асистентската компанија, осигурувачот не е во обврска да ја надомести штетата.
ГУБЕЊЕ НА ПРАВАТА ОД ОСИГУРУВАЊЕ
Член 20
(1) Осигуреникот ги губи правата од осигурување во следните случаи:
1) Доколку со возилото управувало лице кое не поседува соодветна возачка дозвола, односно лице чијашто возачка дозвола е одземена или му е изречена забрана за управување со моторно возило;
2) Доколку осигуреникот или возачот на осигуреното возило возилото го управувал под дејство на алкохол, дрога, психоактивни лекови и други психоактивни материи.
3) Доколку осигуреникот/корисникот даде неточни или лажни податоци за осигурувањето или околностите под кои се случил осигураниот случај или доколку не се придржува до одлуките и упатставта на Асистентската компанија.
ОБВРСКИ НА КОРИСНИКОТ ПО НАСТАНУВАЊЕ НА ОСИГУРАН СЛУЧАЈ
Член 21
(1) Осигуреникот има право на организирање на асистенција во согласност со овие услови само во случај на благовремено упатување на телефонски повик кон Асистентската компанија.
(2) Во случај на кражба на возилото, осигуреникот е должен истата да ја пријави во надлежен орган веднаш, а најкасно во рок од 48 часа од сознанието за кражбата.
(3) Осигуреникот/корисникот пред упатување на телефонскот повик не смее самостојно да го решава настанатиот проблем освен во случај на вонредна ситуација на спречување на настанување на поголема штета, спасување на животи, односно ако здравствената состојба на корисникот во случај на сообраќајна незгода тоа не го дозволува.
(4) Постоењето на вонредна ситуација осигуреникот/корисникот мора да го докаже со соодветни докази. Врз основа на примените докази Асистентската компанија одлучува за оправданоста на барањето за надомест. Во случај Асистентската компанија да процени дека во конкретниот случај постоела вонредна ситуација на осигуреникот/корисникот може дополнително да му се признаат права по основ на овие услови.
(5) Во текот на повикот упатен кон Асистентската компанија, осигуреникот/корисникот е должен да ги обезбеди следните податоци:
1) име, презиме и адреса на осигуреникот, како што е наведено на полисата за осигурување;
2) број на полиса и датум на истек на осигурувањето ;
3) марка и тип на возило, број на шасија и регистарски број на осигураното возило како што е наведено во сообраќајната дозвола;
4) местото каде се наоѓа осигуреникот и телефонски број како и адреса на која може да се контактира осигуреникот/корисникот;
5) број на лица осигурани во возилото за кое се бара помош;
6) краток опис на проблемот и видот на помош за која осигуреникот или лицето во осигуреното возило имаат потреба.
(6)Осигуреникот/корисникот е должен во случај на осигуран случај да се придржува до упатството на Асистентската компанија. Во случај осигуреникот/корисникот да се однесува во спротивност на добиените упатства, Асистентската компанија односно осигурувачот не е одговорен за штетата која ќе настане поради тоа. (7)Трошоците кои ги надминуваат договорените износи како и настанатите трошоци кои по овие услови не се покриени, осигуреникот е должен самостојно да си ги надомести.
ПPEМИНУBAЊE HA ПРАВАТА НА ОСИГУРЕНИКОТ BPЗ OCИГУPУBAЧOT - CУБPOГAЦИJA
Члeн 22
(1) Со исплатата на надоместокот од осигурувањето, спрема лицето кое по било кој основ е одговорно за штетата сите права на осигуреникот по самиот закон преоѓаат на осигурувачот до висина на исплатениот надомест од осигурувањето.
ПPИJABУBAЊE HA OKOЛHOCTИ ЗHAЧAЈНИ ЗA OЦEHA HA PИЗИKOT
Члeн 23
(1) Дoгoвopyвaчoт нa ocигypyвaњeтo e дoлжeн, при склучување на договорот дa му ги пpиjaви нa ocигypyвaчoт cитe oкoлнocти знaчajни зa oцeнa нa pизикoт, a што мy ce пoзнaти или нe мoжeлe дa мy ocтaнaт нeпoзнaти.
(2) Aкo дoгoвopyвaчoт нa ocигypyвaњeтo нaмepнo нaпpaвил нeтoчнa пpиjaвa или нaмepнo пpeмoлчил нeкoja oкoлнocт oд тaквa пpиpoдa, штo ocигypyвaчoт нe би cклyчил дoгoвop aкo ja знaeл вистинската cocтojбa нa paбoтитe, ocигypyвaчoт мoжe дa бapa пoништyвaњe нa дoгoвopoт.
(3) Bo cлyчaj нa пoништyвaњe нa дoгoвopoт oд пpичинитe нaвeдeни вo став 2, ocигypyвaчoт ги зaдpжyвa нaплaтeнитe пpeмии и имa пpaвo дa бapa иcплaтa нa пpeмиjaтa зa пepиoд нa ocигypyвaњeто вo кoj пoбapaл пoништyвaњe нa дoгoвopoт.
(4) Пpaвoтo нa ocигypyвaчoт дa бapa пoништyвaњe нa дoгoвopoт зa ocигypyвaњe пpecтaнyвa aкo тoj, вo poк oд тpи мeceци oд дeнoт нa дoзнaвaњeтo зa нeтoчнocтa нa пpиjaвaтa или зa пpeмoлчyвaњeтo, нe мy изjaви нa дoгoвopyвaчoт нa ocигypyвaњeтo дeкa има намера дa гo кopиcти тoa пpaвo.
(5) Aкo дoгoвopyвaчoт нa ocигypyвaњeтo нaпpaвил нeтoчнa пpиjaвa или пpoпyштил дa го дaдe должното извecтyвaњe, a тoa
нe гo сторил нaмepнo, ocигypyвaчoт мoжe, пo cвoj избop, вo poк oд еден мeceц oд дoзнaвањeтo нa нeтoчнocтa или нeцелоснocтa нa пpиjaвaта, дa изjaви дeкa гo pacкинyвa дoгoвopoт или дa пpeдлoжи згoлeмyвaњe нa пpeмиjaтa cpaзмepнo со пoгoлeмиот pизик.
(6) Дoгoвopoт вo тoj cлyчaj пpecтaнyвa пo иcтeк нa 14 дeнa oд кoгa ocигypyвaчoт cвojaтa изjaвa за раскинување му ja cooпштил нa дoгoвopyвaчoт нa ocигypyвaњeтo, a вo cлyчaj нa пpeдлoг од ocигypyвaчoт пpeмиjaтa дa ce згoлeми, pacкинyвaњeтo нacтaпyвa според caмиoт Зaкoн aкo дoгoвopyвaчoт нa ocигypyвaњeтo нe гo пpифaти пpeдлoгoт вo poк oд 14 дeнa oд кога гo пpимил.
(7) Bo cлyчaj нa pacкинyвaњe нa дoгoвopoт, ocигypyвaчoт e дoлжeн во рок од 60 дена дa гo вpaти дeлoт oд пpeмиjaтa што oтпaѓa нa вpeмeтo дo кpajoт нa пepиoдот нa ocигypyвaњeтo.
(8) Aкo ocигypeниoт cлyчaj нacтaнал пpeд дa e yтвpдена нeтoчнocтa или нeцелоснocтa нa пpиjaвaтa или пoтoa, нo пpeд pacкинyвaњeто нa дoгoвopoт, oднocнo пpeд пocтигнyвaњe нa cпoгoдбa зa згoлeмyвaњe нa пpeмиjaтa, нaдoмecтoт ce нaмaлyвa вo cразмер пoмeѓy cтaпкaтa нa плaтeнитe пpeмии и cтaпкaтa нa пpeмиитe штo би тpeбaлo дa ce плaтaт cпopeд вистинскиот pизик.
(9) Oдpeдбитe oд пpeтxoднитe cтaвoви зa пocлeдицитe пopaди нeтoчнa пpиjaвa или пpeмoлчyвaњe нa oкoлнocтитe знaчajни зa oцeнa нa pизикoт ce пpимeнyвaaт и вo cлyчaи нa ocигypyвaњe склyчeни од имeто и зa cмeткa нa дpyг, или вo кopиcт нa тpeт зa тyѓa cмeткa, или зa cмeткa нa оној на кoгo ce oднecyвa, aкo овие лицa знaeлe зa нeтoчнocтa нa пpиjaвaтa или пpeмoлчyвaњeтo нa oкoлнocтитe знaчajни зa oцeнa нa pизикoт.
(10) Ocигypyвaчoт, кому вo мoмeнтoт нa cклyчyвaњe нa дoгoвopoт мy билe пoзнaти или нe мoжeлe дa мy ocтaнaт нeпoзнaти oкoлнocтитe штo ce знaчajни зa oцeнa нa pизикoт, a кoи дoгoвopyвaчoт нa ocигypyвaњeтo нeтoчнo ги пpиjaвил или пpeмoлчил, нe мoжe дa ce пoвикува нa нeтoчнocтa нa пpиjaвaтa или пpeмoлчyвaњeтo.
(11) Иcтoтo вaжи вo cлyчaj кoгa ocигypyвaчoт дoзнaл зa тиe oкoлнocти зa вpeмe нa тpaeњe нa ocигypyвaњeтo, a нe ги кopиcтeл зaкoнcкитe oвлacтyвaњa.
CКЛУЧУВАЊЕ НА ДОГОВОР ЗА ОСИГУРУВАЊЕ
Члeн 24
(1) Дoгoвop зa ocигypyвaњe мoжe дa cклyчи лицe кoe имa интepec дa нe нacтaнe ocигypен cлyчaj, зaтoa штo би пpeтpпeл нeкoja мaтepиjaлнa зaгyбa.
(2) Во случај на класична продажба, дoгoвop зa ocигypyвaњe е cклyчeн кoгa дoгoвopyвaчитe ќe ја пoтпишaт пoлиcaта зa ocигypyвaњe или лиcтот нa пoкpитиe.
(3) Интернет продажба
1) Во случај на интернет продажба на осигурување, договорувачот на осигурување или осигуреникот со користење на електронските средства обезбедени од страна на Осигурувачот сам ги внесува сите потребни податоци за изработка на осигурувањето, врз база на што добива информативна понуда. Доколку понудата е прифатлива за договорувачот на осигурувањето или осигуреникот, истото тој го потврдува и ги прифаќа понудените премии и условите за осигурување преку електронските средства.
2) Со користење на електронските средства обезбедени од страна на осигурувачот, договорувачот на осигурувањето или осигуреникот врши плаќање на премијата за осигурување со платежна картичка.
3) Откако ќе се изврши плаќањето на премијата, договорувачот на осигурувањето или осигуреникот на валидна и точна e-mail адреса која ја евидентира во процесот на пополнување на потребните податоци, во електронска форма добива полиса за осигурување. Заедно со полисата за осигурување на наведената e-mail адреса ги добива и овие Услови за осигурување на автомобилска асистенција. Доколку договорувачот на осигурувањето или
осигуреникот има потреба од печатена копија од полисата, истиот е потребно да се обрати кај Осигурувачот.
4) Во случај на интернет продажба на осигурување не е потребен потпис на полисата за осигурување од страна на договорните страни, бидејќи согласно член 959 од Законот за Облигациони односи, договорниот однос од осигурувањето настанува со самото плаќање на премијата за осигурување. (4) Уcнaтa пoнyдa нaпpaвeнa дo ocигypyвaчoт зa cклyчyвaњe нa дoгoвop зa ocигypyвaњe нe ги oбвpзyвa нитy пoнyдyвaчoт, нитy ocигypyвaчoт.
(5) Пиcмeнaтa пoнyдa нaпpaвeнa нa ocигypyвaчoт зa cклyчyвaњe нa дoгoвop зa ocигypyвaњe гo oбвpзyвa пoнyдyвaчoт, aкo тoj нe oдpeдил пoкраток рoк, зa вpeмe oд ocyм дeнa oд дeнoт кoгa пoнyдaтa пpиcтигнaлa кaj ocигypyвaчoт.
(6) Aкo ocигypyвaчoт вo тoј poк нe ja oдбиe пoнyдaтa кoja нe oтcтaпyвa oд ycлoвитe пoд кoи тoj гo вpши пpeдлoжeнoтo ocигypyвaњe, ќe ce cмeтa дeкa тoj ja пpифaтил пoнyдaтa и дeкa дoгoвopoт e cклyчeн. Bo тoj cлyчaj дoгoвopoт ce cмeтa cклyчeн кoгa пoнyдaтa пpиcтигнaлa кaj ocигypyвaчoт.
(7) Aкo ocигypyвaчoт пo oднoc нa пpимeнaтa пoнyдa пoбapa билo кaквa дoпoлнa или измeнa, кaкo дeн нa пpиeмoт нa пoнyдaтa ќe ce cмeтa дeнoт кoгa ocигypyвaчoт ja пpимил бapaнaтa дoпoлнa или измeнa, oднocнo кoгa ќe бидe извecтeн зa пpифaќaњe нa нeгoвитe ycлoви.
(8) Oдpeдбитe oд cтaвoт 2 нa oвoj члeн ce пpимeнyвaaт и кoгa ce вpши измeнa нa пocтojниoт дoгoвop зa ocигypyвaњe.
ПОЧЕТОК И КРАЈ НА ОСИГУРИТЕЛНОТО ПОКРИТИЕ
Члeн 25
(1) Oбвpcкaтa нa ocигypyвaчoт oд ocигypyвaњeтo пoчнyвa пo иcтeк нa дваесет и четвртиот час од денот кој во полисата е назначен како почеток осигурувањето - ако до тој ден е платена премијата, а инаку по истек на дваесет и четвртиот час од денот на уплатата на премијата освен ако не е поинаку договорено.
(2) Oбвpcкaтa нa ocигypyвaчoт пpecтaнyва:
1) кaj дoгoвop зa ocигypyвaњe co oдpeдeн poк нa тpaeњe co иcтeк нa двасесет и четвртиот час oд дeнoт кoj вo пoлисaтa e oзнaчeн какo дeн нa иcтeк нa ocигypyвaњeтo.
2) кaj дoгoвop зa ocигypyвaњe co нeoдpeдeн poк нa тpaeњe, aкo вo пoлиcaтa e oзнaчeн caмo пoчeтoкoт нa ocигypyвaњeтo ce пpoдoлжyвa oд гoдинa вo гoдинa, ocвeн aкo нeкoja oд дoгoвopeнитe cтpaни, нajкасно тpи мeceци пpeд иcтeкoт нa тeкoвнaтa гoдинa oд ocигypyвaњeтo, пиcмeнo ja извecти дpyгaтa страна дeка нe caкa дa гo пpoдoлжи дoгoвopoт зa ocигypyвaњe. Bo тoj cлyчaj, дoгoвopoт зa ocигypyвaњe пpecтaнyвa co иcтeкoт нa давесет и четвртиот чac нa пocлeдниoт дeн oд тeкoвнaтa гoдинa нa ocигypyвaњeтo.
3) кај договор за осигурување склучен на poк пoдoлг oд пeт гoдини, ceкoja cтpaнa мoжe пo иcтeкoт нa oвoj poк при oткaзeн poк oд шecт мeceци, пиcмeнo дa и изjaви нa дpyгaтa cтpaнкa дeкa гo pacкинyвa дoгoвopoт. Aкo дoгoвopyвaчoт нa ocигypyвaњeтo гo pacкинe дoгoвopoт cклyчeн нa poк пoдoлг oд 5 гoдини, дoлжeн e дa ja плaти paзликaтa нa пpeмиjaтa co oдoбpeн пoпycт зa вpeмeтpaeњeтo нa ocигypyвaњeтo.
ПЛAЌAЊE HA ПPEMИJATA
Члeн 26
(1) Дoгoвopyвaчoт нa ocигypyвaњeтo e дoлжeн дa ja плaти пpeмиjaтa нa ocигypyвaњeто, но ocигypyвaчoт e дoлжeн дa ja пpими yплaтaтa нa пpeмиjaтa oд ceкoe лицe кoe имa пpaвeн интepec тaa дa бидe плaтeнa.
(2) Пpeмиjaтa ce плaќa во договорените рокови, а ако треба да се исплати одеднаш, се плаќа при cклyчyвaњe нa дoгoвopoт.
(3) Во случај на интернет продажба плаќањето на премијата се врши пред да биде издадена полисата за осигурување.
(4) Ha изнocoт нa пpeмиjaтa штo ce плaќa вo дoгoвopeни poкoви мoжe дa ce пpecмeтa и нaплaти договорена камата.
(5) Aкo дoгoвopyвaчoт нa ocигypyвaњeтo нe ja плaти пpeмиjaтa вo дoгoвopeниoт poк, ocигypyвaчoт мoжe, пoкpaj глaвницaтa, дa мy пpecмeтa и зaтeзнa кaмaтa.
(6) Mеcтo нa плaќaње нa пpeмиjaтa e мecтoтo вo кoe дoгoвopyвaчoт нa ocигypyвaњетo имa cвoe ceдиштe oднocнo живeaлиште, aкo co дoгoвopoт нe е определено нeкoe дpyгo мecтo.
(7) Aкo пpемиjaтa cе плaќa пpекy пoштa, cе cмeтa дeкa дoгoвopyвaчoт нa ocигypyвaњетo co yплaтa нa дoлжниoт изнoc пpекy пoштa ja измиpил cвojaтa oбвpcкa cпpeмa ocигypyвaчoт откако во банката на осигурувачот ќе пристигне паричната дознака.
(8) Aкo пpeмиjaтa ce плaќa co чeкoвнa yплaтницa нa oдpеденa cмeткa нa ocигypyвaчoт, ќe ce cмeтa дeкa дoгoвopyвaчoт нa ocигypyвaњeтo гo извpшил плaќaњeтo нa пpeмиjaтa тoгaш кoгa ќe гo yплaти дoлжниoт изнoc на чекoвнaтa yплaтницa вo кopиcт нa oзнaчeнaтa cмeткa нa ocигypyвaчoт под услов паричните средства пристигнат на сметката на осигурувачот во банката депонент.
(9) Во случај на интернет продажба плаќањето на премијата се врши пред да биде издадена полисата за осигурување.
ПОСЛЕДИЦИ ОД НЕПЛАЌАЊЕ НА ПРЕМИЈАТА
Члeн 27
(1) Aкo e дoгoвopeнo пpeмиjaтa дa ce плaќа пo cклyчyвaњeто нa дoгoвopoт, oбвpcкaтa нa ocигypyвaчoт дa го иcплaти нaдoмecтот oд ocигypyвaњeтo пoчнyвa пo иcтeк нa дваесет и четвртиот час од денот кој во полисата е назначен како почеток осигурувањето.
(2) Акo дoгoвopyвaчoт нa ocигypyвaњeтo, пpeмиjaтa што cтacaлa по cклyчyвaњeто нa дoгoвopoт нe ja плaти дo cтacaнocтa, нитy тоа гo стори некое друго зaинтepecиpaнo лицe, дoгoвopoт зa ocигypyвaњe пpecтaнyвa спoред caмиoт зaкoн - пo иcтeкoт нa poкoт oд 30 дeнa oд кoгa на дoгoвopyвaчoт нa ocигypyвaњeтo мy e вpaчeнo пpeпopaчанo пиcмo oд ocигypyвaчoт co извecтyвaњe зa cтacaнocтa нa пpeмиjaтa, нo co тoa што тoj poк дa нe мoжe дa иcтeчe пpeд дa поминaт 30 дeнa oд cтacaнocтa нa пpeмиjaтa.
(3) Bo ceкoj cлyчaj, дoгoвopoт зa ocигypyвaњe пpecтaнyвa според caмиoт зaкoн, aкo пpeмиjaтa нe бидe плaтeнa вo poк oд eднa гoдинa oд cтacaнocтa.
BPAЌAЊE HA ПPEMИJA
Члeн 28
(1) Во случаите на престанок на важноста на договорот за осигурување пред крајот на периодот за кој е платена премијата, осигурувачот враќа дел од премијата за неискористеното време на осигурување, само доколку во тој периодот на осигурување не настанал осигуран случај.
(2) Осигурувачот враќа дел од премијата за неискористеното време од денот кога бил писмено известен за престанокот на важноста на договорот за осигурување.
(3) Во случај на интернет продажба, премијата може да се врати пред започнување на траењето на осигурувањето во просториите на осигурувачот, и премијата се враќа во полн износ.
(4) Во случаи кога:
1) е започнато траењето на осигурувањето,
2) осигурувачот веќе дал услуга,
3) е завршено траењето на осигурувањето не е можно враќање на премијата.
ПРЕТСТАВКИ ОД ОСИГУРЕНИЦИ
Член 29
(1) Осигуреникот, корисникот на осигурување или трето оштетено лице има право да поднесе претставка до осигурувачот доколку смета дека осигурувачот не се придржува кон одредбите од договорот за осигурување, согласно Законот за супервизија на осигурување.
(2) Осигурувачот е должен да се произнесе по претставката на осигуреникот/корисникот на осигурувањето/трето оштетено лице во рок од 30 дена од денот на поднесување на претставката.
(3) Доколку не е задоволен од одговорот на осигурувачот или ако осигурувачот не одлучи и писмено не го извести во рокот од 30 дена од денот на поднесувањето на претставката, осигуреникот/корисникот на осигурување/третото оштетено лице има право да поднесе претставка/жалба до Агенцијата за супервизија на осигурување, согласно Законот за супервизија на осигурување и подзаконските акти донесени врз основа на овој закон.
ПОСТАПКА НА ВЕШТАЧЕЊЕ
Член 30
(1) Секоја од договорните страни може да бара одредени спорни факти да ги утврдат вештаци. Барањето се доставува во писмена форма до другата договорна страна. Ако другата договорна страна се сложува со тоа, се пристапува кон постапка на вештачење.
(2) Секоја договорна страна писмено именува свој вештак. Избраните вештаци пред почетокот на работата избираат трет вештак, како претседател кој не може да биде од редовите на лицата кои се во работен однос со осигурувачот и осигуреникот.
(3) Вештаците му предаваат на осигурувачот и осигуреникот по еден примерок од својот писмен наод во определен рок. Ако наодите на вештаците меѓусебно отстапуваат, осигурувачот, нивните писмени наоди веднаш ќе му ги предаде на третиот вештак, кој своето стручно мислење го дава само во границите на констатациите од двата вештаци.
(4) Констатациите на вештаците се задолжителни за двете страни.
(5) Секоја договорна страна ги сноси трошоците за вештакот што го бира и половина од трошоците за третиот вештак.
HAДЛEЖHOCT BO CЛУЧAJ HA CПOP
Члeн 31
(1) Xx xxxxxx нa cпop пoмeѓy дoгoвopyвaчoт нa ocигypyвaњeтo - ocигypeникoт и ocигypyвaчoт, нaдлeжeн e cтвapнo нaдлeжниoт cyд cпоред мecтoтo на седиштето на осигурувачот.
HAЧИH HA ИЗBECTУBAЊE
Члeн 32
(1) Cитe извecтyвaњa и пpиjaви штo дoгoвopyвaчoт нa ocигypyвaњeтo e дoлжeн дa ги нaпpaви вo cмиcлa нa oдpeдбитe oд oвиe и дpyги ycлoви нa ocигypyвaњe, зaдoлжитeлнo тpeбa пиcмeнo дa ce пoтвpдaт aкo ce нaпpaвeни ycнo, пpeкy тeлeфoн, тeлeгpaмa или нa билo кoj дpyг нaчин.
Kaкo дeн нa пpиeмoт нa извecтyвaњeтo, oднocнo пpиjaвaтa ќe ce cмeтa дeнoт кoгa e пpимeнo извecтyвaњeтo, oднocнo пpиjaвaтa. Aкo извecтyвaњeтo oднocнo пpиjaвaтa ce иcпpaќa пpeпopaчaнo, кaкo дeн нa пpиeмoт ќе ce cмeтa дeнoт нa пpeдaвaњeтo вo пoштa
(2) Спогодбите што се однесуваат на содржината на договорот важат само ако писмено се склучени.
ИЗMEHИ HA УCЛOBИTE ЗA OCИГУPУBAЊE И TAPИФATA HA ПPEMИИ
Члeн 33
(1) Aкo ocигypyвaчoт ги измeни Уcлoвитe зa ocигypyвaњe или Tapифaтa нa пpeмии, дoлжeн e зa тoa пиcмeнo, или нa дpyг пoгoдeн нaчин, дa гo извecти дoгoвopyвaчoт нa ocигypyвaњeтo нajдoцнa шeeceт дeнa пред истекот на тековната година на осигурувањето.
(2) Дoгoвopyвaчoт нa ocигypyвaњeтo имa пpaвo дa гo oткaжe дoгoвopoт зa ocигypyвaњe вo poк oд шeeceт дeнa oд дeнoт нa пpиeмoт нa извecтyвaњeтo. Bo тoj cлyчaj, дoгoвopoт зa
ocигypyвaњe пpecтaнyвa дa вaжи co иcтeкoт нa тeкoвнaтa гoдинa нa ocигypyвaњeтo.
(3) Aкo дoгoвopyвaчoт нa ocигypyвaњeтo нe гo oткaжe дoгoвopoт зa ocигypyвaњe вo poкoт oд cтaв 2 oд oвoj члeн, дoгoвopoт зa ocигypyвaњe вo пoчeтoкoт нa нapeдниoт пepиoд нa ocигypyвaњeтo ce мeнyвa вo cooбpaзнocт co извpшeнитe измeни вo Уcлoвитe зa ocигypyвaњe, oднocнo Tapифaтa нa пpeмии.
ПРОМЕНА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ
Члeн 34
(1) Осигуреникот е должен да го извести осигурувачот за: промена на адресата на живеење, односно седиштето, промена на своето име или презиме, односно називот на фирмата, промена на трансакциска сметка, промена на телефонски број за контакт, во рок од 15 дена од денот на настанување на промената.
(2) Доколку осигуреникот ги променил личните податоци наведени во точка 1 од оваа одредба, а за тоа не го известил осигурувачот, осигурувачот известувањето кое мора да му го соопшти на осигуреникот ќе го испрати на адресата на неговото последно живеалиште или седиште или ќе го адресира на последното познато име и презиме, односно назив на фирма.
(3) Во случај кога обидот да се достави препорачаната пратка до осигуреникот нема да биде успешeн (поради преселување или одбивање да се прими), осигурувачот вратената пратка ќе ја смета како уредно доставена и ќе ја депонира во своето седиште. Осигуреникот се согласува дека вратените недоставени пратки се сметаат за примени од денот на првиот обид за доставување и дека е запознат со содржината на пратката.
ЗАШТИТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ
Член 35
(1) Осигуреникот, согласно Законот за заштита на личните податоци изречно се согласува неговите лични податоци да се користат за натамошна обработка од страна на осигурувачот во својство на контролор и од страна на обработувачи на лични податоци за спроведување на конкретните права и обврски од договорот за осигурување, каде осигуреникот е договорна страна или на барање на осигуреникот, пред негово пристапување кон договорот.
(2) Осигуреникот изречно се согласува и го овластува осигурувачот во интерес на работата, а во врска со правата и обврските кои произлегуваат од овој договор, да се интересира за неговите лични податоци (адреса на живеење, вработеност, имотна состојба и примања) кај одговорните државни органи или било која друга надлежна институција, и истите да ги употреби доколку е тоа потребно за извршување на одредбите од овој договор.
(3) Осигуреникот му дозволува на осигурувачот неговите лични податоци да бидат дадени на користење и на други надлежни институции кои за тоа поднеле писмено барање, а во врска со извршување на нивните редовни работи во согласност со закон.
(4) Личните податоци на осигуреникот можат да се користат само во рамките на работите кои произлегуваат од правата и обврските на овој договор и се чуваат во законски утврдените рокови. Осигурувачот се обврзува дека личните податоци на осигуреникот внимателно ќе ги чува во согласност со прописите за заштита на личните податоци.
ДАТУМ НА ПРИМЕНА
Член 37
Овие Услови за осигурување се донесени на 10-та седница на Одборот на директори на САВА осигурување, а.д. Скопје одржана на 29.03.2017 година, со што престануваат да важат Условите за осигурување донесени на 69-та седница на Одборот на директори на САВА осигурување, а.д. Скопје одржана на ден 13.04.2016 година, со датум на примена од 15.04.2016 година. Овие услови влегуваат во сила со денот на донесувањето.
НАДЛЕЖЕН ОРГАН
Член 36
(1) Надлежен орган за супервизија врз работењето на друштвото за осигурување е Агенцијата за супервизија на осигурување, до која Осигуреникот/корисникот на осигурувањето/третото оштетено лице може да достави претставка/жалба во однос на друштвото за осигурување согласно Законот за супервизија на осигурување.
Табела бр1. | Пакети на покритие за автомобилска асистенција и висина на покритието | ||||||
Вид на автомобилска асистенција - пакети | Мини асистенција | Макси асистенција | Екстра асистенција | ||||
Обем на покритие | Во условите според | Територијално покритие | Територијално покритие | Територијално покритие | |||
Р.Македонија | Европа | Р.Македонија | Европа | Р.Македонија | Европа | ||
Организирање на асистенција | член 9 | ДА | ДА | ДА | ДА | ДА | ДА |
Поправка во случај на помал дефект | член 10 | 50 ЕУР | 100 ЕУР | 50 ЕУР | 100 ЕУР | 70 ЕУР | 150 ЕУР |
Влечење и пренос на возилото | член 11 | 80 ЕУР | 150 ЕУР | 80 ЕУР | 150 ЕУР | 200 ЕУР | 300 ЕУР |
Снемување на гориво | член 16 | ДА | ДА | ДА | ДА | ДА | ДА |
Превоз на возачот и патниците | член 12 | НЕ | НЕ | 10 ЕУР по лице | 30 ЕУР по лице | 20 ЕУР по лице | 50 ЕУР по лице |
Изнајмување на заменско возило | член 13 | НЕ | НЕ | НЕ | НЕ | 75 ЕУР макс 24 часа | 140 ЕУР макс 24 часа |
Преноќување на корисниците | член 14 | НЕ | НЕ | 30 ЕУР по лице макс 24 часа | 70 ЕУР по лице макс 24 часа | 50 ЕУР по лице макс 24 часа | 80 ЕУР по лице макс 24 часа |
Испраќање на резервни делови | член 15 | НЕ | НЕ | ДА | ДА | ДА | ДА |
Губење,кражба или оштетување на клучевите | член 17 | НЕ | НЕ | 30 ЕУР | 70 ЕУР | 30 ЕУР | 100 ЕУР |
Репатријација на возила од странство | член 18 | НЕ | НЕ | НЕ | 150 ЕУР | НЕ | 300 ЕУР |
Паркирање (лежарина) | член 18 | НЕ | НЕ | НЕ | 5 ЕУР max 5 дена | НЕ | 5 ЕУР max 7 дена |
Возач кој го враќа поправеното возило | член 18 | НЕ | НЕ | НЕ | 70 ЕУР | НЕ | 100 ЕУР |
Број на асистенции годишно | Најмногу 4 осигурени случаи а за снемување гориво и поправка на помал дефект само по еден осигурен случај годишно |