Contract
Број:
Дата:
ДО
Предмет: Дополнување на тендерската документација по отворена постапка
05/2009
Почитувани,
Согласно Законот за јавни набавки („Сл.Весник на РМ“ број 136/2007, 130/2008), Државниот завод за ревизија ја дополнува/изменува/појаснува Тендерската документација на објавениот оглас за доделување на договор за јавна набавка на телекомуникациски услуги – услуги за мобилна телефонија и интернет на терен за потребите на Државниот завод за ревизија број 05/2009 (Сл.Весник на РМ бр.136/2009 и ВЕБ страната на Бирото за јавни набавки), во следново:
1. Во делот на задолжителни барања за II.1 „Телекомуникациски услуги – мобилна телефонија“ во редот 11 (страница 15 и 16) „Износ на субвенции за набавка на нови мобилни апарати по претплатничка линија“ по реченицата „Минимум 2000 денари за една претплатничка линија за една година“ се дополнува со
„Субвенциите за нови мобилни апарати да не бидат поголеми од цените на телефонските апарати кои економскиот оператор ги има јавно објавено на неговата веб страница или ги има во неговиот официјален ценовник“.
2. На страница 17 и страница 22 ставката 3. „Цена за минута разговор во рамките на мрежата на сопствениот мобилен оператор“ се брише.
3. На страница 17 и страница 22 ставката 2 „Цена за минута разговор кон сите национални дестинации (кон други мобилни и сите фиксни мрежи)“ се менува и гласи
„Цена за минута разговор кон сите национални дестинации (кон сите мобилни и фиксни мрежи)“.
4. Во делот на задолжителни барања за II.2 „Телекомуникациски услуги – услуги за интернет на терен“ во редот 6 (страница 19) „Износ на субвенции за набавка на УСБ модеми по претплатничка линија“ реченицата „Максимум 500 денари за една претплатничка линија“ се заменува и гласи:
„Минимум 500 денари за една претплатничка линија“. По оваа реченица се додава и
„Субвенциите за УСБ модеми да не бидат поголеми од цените на УСБ модемите кои економскиот оператор ги има јавно објавено на неговата веб страница или ги има во неговиот официјален ценовник“.
5. Делот III.3 „Детален приказ на финансиската понуда“ на страница 23 за редовите
1.6 „Цената за минута разговор во роаминг без префикс“ и 1.7 „Цената за минута разговор во роаминг со префикс“ се појаснува со следново:
„Ако во една интернационална зона има присуство на повеќе различни цени во самата зона, тогаш за цена на минута разговор треба да биде земeна средната цена во самата зона“.
Со почит,
Државен завод за ревизија Комисија за јавни набавки
Државен завод за ревизија