Contract
РАМКОВЕН ДОГОВОР ЗА ПЛАТЕЖНИ УСЛУГИ ЗА ФИЗИЧКИ ЛИЦА
Склучен на ден: година помеѓу:
1. СТОПАНСКА БАНКА а.д. БИТОЛА застапувана од д-р Xxxxxxxx Xxxxxxxxx –Претседател и член на Управниот одбор (во понатамошниот текст: Давател на платежни услуги ) од една страна и
2. со ЕМБГ од
, со адреса на живеење на xx.
(во понатамошниот текст- корисник на платежни услуги) од друга страна.
I ОПШТИ ДОГОВОРНИ ОДРЕДБИ
Член 1
Со овој рамковен договор за платежни услуги се уредуваат правата и обврските надавателот на платежни услуги и на корисникот на платежни услуги во однос на:
▪ условите за отворање, водење и затворање на платежни сметки (редовна и сметка со основни функции, сметка со основни функции за посебни категории на клиенти);
▪ внесување и повлекување на готовина на и од платежните сметки;
▪ издавање платни инструменти и/или прифаќање платежни трансакции;
▪ извршување на платежни трансакции (пренос на парични средства на платежна сметка кај давателот на платежни услуги на корисникот на платежни услуги или кајдруг давател на платежни услуги);
▪ извршувањето на поединечни и/или последователни платежни трансакции;
▪ извршување на кредитни трансфери, вклучувајќи трајни налози за потрошувачи и правни лица;
▪ извршување на платежни трансакции кај кои што паричните средства се обезбедени со кредитна линија за корисникот на платежни услуги;
▪ парични дознаки;
▪ издавањето на дебитна платежна картичка поврзана со платежна сметка и извршување на платежни трансакции со истата;
▪ условите за користење на електронско и мобилно банкарство и извршувањето наплатежни трансакции преку овие канали;
▪ извршување на директни задолжувања, вклучувајќи еднократни директни задолжувања.
Член 2
Со склучување на рамковниот договор, давателот на платежни услуги може да му отвори една или повеќе платежни сметки на корисникот на платежни услуги и во различни валути, без разлика на нивните карактеристики или намена како и да му ги овозможи сите останати платежни услуги цитирани во член 1 согласно поднесеното барање за платежни услуги до давателот на платежни услуги од страна на корисникот на платежни услуги.
Давателот на платежни услуги се обврзува на имателот на сметка да му отвори девизна и денарска платежна сметка врз основа на доставена уредна документација презентирана во оригинал или во фотокопија заверена на нотар со превод на македонски јазик на оригиналната документација, заверени од овластен преведувач. Давателот на платежни услуги задржува фотокопија од истата во согласност со законската регулатива и интерните акти.
Член 3
Давателот на платежни услуги и корисникот на платежни услуги го склучуваат овој рамковен договор по поднесено барање за платежни услуги од страна на корисникот на платежни услуги. Корисникот на платежни услуги со потпишувањето на овој рамковен договор потврдува дека пред потпишувањето на Договорот на јасен и недвосмислен начин бил запознаен со содржината на Рамковниот договор преку доставување на примерок од истиот т.н. Предлог Xxxxxxxx Договор и
воедно е запознат и согласен со условите и одредбите од Претходните информации кои се јавно достапни до корисниците .
Член 4
Составен дел на содржината на овој рамковен договор се:
▪ Претходните информации за платежни услуги кои давателот на платежни услуги ги има јавно објавено на својата веб страна и воедно се достапни во електронска и хартиена форма за корисникот на платежни услуги. Корисникот на платежни услуги е запознаен со Претходните информации за платежни услуги доволоно време пред склучување на овој рамковен договор и со потпишувањето на договорот го потврдува истото;
▪ Важечката Тарифа на надоместоците на услугите што ги врши Стопанска Банка а.д. Битола и важечката Одлука за политиката на каматните стапки на Стопанска Банка а.д. Битола објавени на веб страната на давателот на платежни услуги:
-xxxxx://xxx.xxxxx.xx/xxxxxxxx_xxxxxxxx_x_xxxxxxx_xxxxxx.xxxx
-xxxxx://xxx.xxxxx.xx/xxxxxxxxxxx-xx-xxxxxxx-xxxxxxx-x-xxxxxx-xx-xxxxxxxx-x-xxxxxxxx-xxxxxxx-xxxx.xxxx
-xxxxx://xxx.xxxxx.xx/xxxxxx-x-xxxxxxxxxxx-xx-xxxxxxx-xxxx.xxxx;
▪ Важечкиот термински план на Стопанска Банка а.д. Битола за прием и реализација на платни налози во денарскиот платен промет објавен на веб страната на давателот на платежни услуги xxxxx://xxxxx.xx/xxxxxx-xxxxxx-xx-xxxxxxx-xxxxxx-xxxx.xxxx;
▪ Важечкиот термински план на Стопанска Банка а.д. Битола за прием и реализација на платни налози во платниот промет со странство објавен на веб страната на давателот на платежни услуги xxxxx://xxx.xxxxx.xx/xxxxxxxxx_xxxx.xxxx;
▪ Поимникот за платежни услуги и платни системи на Стопанска Банка а.д. Битола;
▪ Известување за заштита на приватноста на клиентите на Стопанска Банка а.д. Битола.
Член 5
Давателот на платежни услуги се обврзува:
▪ Да ги извршува платните налози доставени до страна на Корисникот согласно со важечките прописи;
▪ Да врши други платежни услуги согласно Барањето на клиентот и важечките прописи;
▪ Да го информира Корисникот за промените на платежната сметка.
Давателот на платежни услуги го задржува правото да го одбие извршувањето на платежна трансакција на Корисникот согласно законските прописи.
Член 6
Корисникот на платежни услуги се обврзува:
▪ Да располага со средствата на платежната сметкa согласно законските прописи, овој договор и претходните информации;
▪ Да доставува исправни платни налзои во согласност и на начин утврден со важечкитезаконски прописи;
▪ Писмено да ја извести Банката за сите настанати статусни промени на негова страна (документи за лична идентификација, промена на адреса, промена на податоци за контакт), промена на овластени лица за располагање со средства од неговата платежна сметка, приговори, жалби и други промени кои се важни и влијаат врз деловниот однос со Давателот на платежни услуги.
Член 7
За платежните услуги кои ги користи корисникот на платежни услуги има обврска да плаќа надоместоци кон давателот на платежни услуги, односно давателот на платежни услуги има право да ја задолжува сметката на корисникот на платежни услуги за надомест за платежна услуга согласно Тарифата на надоместоците и услугите кои ги врши Стопанска Банка а.д. Битола.
Видот и износот на сите надоместоци, вкупно и по поединечни ставки, кои се или би биле на товар на корисникот на платежни услуги, вклучително и надоместоците поврзани со начинот и фрекфенцијата за давање или ставање на располагање на информациите од страна на давателот на платежните услуги, како и информациите за надоместоците за платежните трансакции на кои подлежи
корисникот на платежни услуги од Стопанска Банка а.д. Битола, се детално и по ставки наведени во Тарифата на надоместоците на услугите што ги врши Стопанска Банка а.д. Битола и се достапни во секој момент на корисникот на платежни услуги во електронска и хартиена форма и јавно објавени на веб страната xxxxx://xxx.xxxxx.xx/xxxxxxxx_xxxxxxxx_x_xxxxxxx_xxxxxx.xxxx и во работните простории на давателот на платежни услуги.
Давателот на платежни услуги е должен најмалку еднаш годишно на корисникот на платежни услуги да му даде извештај за сите наплатени надоместоци за услугите поврзани со платежната сметка и доколку е применливо, информациите за висината на каматните стапки и применетиот девизен курс. Стопанскa Банка а.д Битола применува референтна каматна стапка и/или рефрентен девизен курс. Jавно достапниот извор од каде што може да се провери индексот или основата за определување на висината и движењето на користената референтна каматна стапка и/или рефрентниот девизен курс е следната: xxxxx://xxx.xxxx.xx/xx-xxxxxxxxxxx- odluka-za-referentna- kamatna-stapka-za-presmetuvane-na-stapkata-na-kaznena-kamata.nspx .
Давателот на платежни услуги е должен да го достави извештајот за надоместоците до корисникот на платежни услуги најдоцна до крајот на месец јануари од тековната календарска година за наплатените надоместоци во претходната календарска година.
Начинот на давање на извештајот за надоместоците е во електронска форма доколкукорисникот на платежни услуги е воедно и корисник на онлајн услуги поврзани со платежна сметка или во хартиена форма по пошта на адресата која ја пријавил кај давателот на платежни услуги.
Давателот на платежни услуги е должен на барање на корисникот на платежни услуги да му го даде извештајот за надоместоци и на хартија, независно од договорениот начин на давање на извештајот.
II ПОСЕБНИ ДОГОВОРНИ ОДРЕДБИ
1. ПЛАТЕЖНА СМЕТКА СО ОСНОВНИ ФУНКЦИИ
Давателот на платежни услуги отвора сметка со основни функции на барање на Корисникот на платежни услуги доколку истиот ги исполнува пропишаните законски услови за отворање на овој тип на платежна сметка.
Давателот на платежни услуги е должен врз основа на барање на корисникот на платежни услуги да му отвори платежна сметка со основни функции во рок од десет работни дена од приемот на барањето или во истиот рок да го одбие барањето на корисникот на платежни услуги и за причините за истото писмено да го извести корисникот на платежни услуги.
Давателот на платежни услуги не смее да отвори платежна сметка во денари доколку корисникот на платежни услуги има отворено платежна сметка со основни фукнции кај истиот или друг давател на платежни услуги.
Oтворањето и користењето на платежната сметка со основни функции не е условено со користење на дополнителна услуга или производ од даветлот на платежни услуги кој ја отвора и одржува сметката со основни функции, ниту со купување на акции или други хартии од вредност издадени од давателот на платежните услуги или лица со кои давателот има блиски врски.
Платежните сметки со основни функции се исклучиво во валута денари.
Преку платежната сметка со основни функции може да се извршуваат сите платежни услуги наведени во Член 1 од овој договор, со исклучок на парични дознаки во странска валута.
За сметката со основни функци корисникот на платежни услуги плаќа надоместок согласно Тарифата на Банката на износ од максимум 0,1% од подвижниот просек на просечната месечна исплатена нето плата во земјата за претходните 12 месеци, согласно со објавите од страна на Државниот завод за статистика. Во рамките на овој надоместок е вклучено извршување на минимум пет интерни платежни трансакции на месечно ниво, доколку се иницирани кон платежна сметка на примач во рамките на истиот давател на платежни услуги. Во пет интерни платежни трансакции вклучени се следните типови на платежни трансакции: директно задолжување, кредитни трансфери, вклучувајќи и трајни налози, направени преку шалтерите во работните простории на давателот на платежни услуги или преку онлајн користење на услуги поврзани со платежна сметка.
Давателот на платежни услуги не пресметува и не наплатува надоместок за платежна сметка со основни функции доколку корисникот на платежни услуги припаѓа на групата на корисници на следните законски права:
▪ законска издршка, надоместок на штета настаната поради нарушување на здравјето или намалување, односно губење на работната способност и надоместок на штета зазагубена издршка поради смрт на давачот на издршката;
▪ надоместок поради телесно оштетување според прописите за инвалидското осигурување;
▪ парична помош од социјална заштита;
▪ привремена невработеност;
▪ додаток на деца и
▪ стипендија, кредит и помош на ученици и студенти.
Давателот на платежни услуги може да пресметува и наплатува надоместок за платежните трансакции согласно важечката тарифа што се применува за соодветните услуги што се наплатуваат од корисниците на платежни услуги што не користат платежна сметка со основни функции за:
▪ платежните трансакции кои надминуваат пет платежни трансакции во рамките на истиот давател на платежни услуги;
▪ платежните трансакции што се иницирани од платежна сметка со основна функција кај еден давател на платежни услуги кон платежна сметка кај друг давател на платежни услуги;
▪ платежните услуги кои се иницирани преку давател на платежни услуги кај кој не е отворена сметката;
▪ платежните услуги за извршување на платежни трансакции со кредитна картичка. Корисникот на платежни услуги може да бара трансформирање на платежна сметка во платежна сметка со основни фукнции или на платежната сметка со основни функции во платежна сметка кај истиот давател на платежни услуги.
При трансформирањето давателот на платежни услуги ги спроведува неопходните промени во договорниот однос, при што ја задржува постоечката единствена идентификациска ознака на платежната сметка.
За трансформирање на платежната сметка не се наплатува надоместок и давателот на платежни услуги одлучува за трансаформацијата во рок од десет дена.
2. ПЛАТЕЖНИ КАРТИЧКИ
Издавање на дебитни платежни картички
Давателот на платежни услуги му издава дебитна платежна картичка поврзана со платежната сметка на Корисникот соглaсно доставено барање од страна на Корисникот за истото. Дебитна платежна картичка може да се поврзи и со плaтежна сметка со основни функции доколку за тоа има барање од страна на Корисникот на платежна сметка со основни функции.
Корисникот се обврзува да ја користи платежната картичка соглaсно условите наведени во посебниот Договор за дебитна платежна картичка (Visa / Mastercard).
Издавање на кредитни платежни картички
Давателот на платежни услуги му издава кредитна платежна картичка поврзана со платежната сметка на Корисникот соглaсно доставено барање од страна на Корисникот за истото и по одобрување од кредитен одбор.
Корисникот се обврзува да ја користи платежната картичка согласно условитенаведени во посебниот Договор за дебитна кредитна картичка ( Visa / Mastercard ).
3. ДОЗВОЛЕНО ПРЕЧЕКОРУВАЊЕ НА ПЛАТЕЖНА СМЕТКА
Платежната сметка во денари на Корисникот на платежни услуги– резидент, освен платежната сметка со основни функции, може да премине во долговно салдо до износ утврден со Договорот за одобрување на дозволено пречекорување на платежна сметка кој Давателот на платежни услуги го склучува со Корисникот- резидент.
4. ОНЛАЈН КОРИСТЕЊЕ УСЛУГИ ПОВРЗАНИ СО ПЛАТЕЖНА СМЕТКА
Давателот на платежни услуги им овозможува на корисниците на платежни услуги онлајн користење на услугите поврзани со платежна сметка преку интернет (онлајн) или мобилна апликација.
Корисниците онлајн може да имаат увид во нивните платежни сметки и платежните сметки за кои имаат овластување за увид, како и можност за вршење на платежни трансакции преку интернет (онлајн) или преку мобилната апликација на Давателот на платежни услуги .
Онлајн пристапот до платежните сметки преку интернет или мобилната апликација се доделува од страна на Давателот на платежни услуги, согласно достaвено барање од страна на Корисникот на платежни услуги.
III ОСТАНАТИ ОДРЕДБИ
Член 8
Давателот на платежните услуги му ги дава или става на располагање информациите за извршените поединечни платежни трансакции на примачот, периодично, најмалку еднаш месечно, на договорениот начин со корисникот на платежни услуги што ќе овозможи чување и репродуцирање на овие информации во неизменета форма.
Информациите за извршените платежни трансакции корисникот на платежни услуги може да ги добие:
- Во хартиена форма на шалтерите на давателот на платежни услуги;
- Во електронска форма, односно во виртуелно сандаче во електронското банкарство.
Член 9
Корисникот на платежни услуги се обврзува да ги користи платежни услуги на начин предвиден со Законот за платежни услуги и платни системи, соглaсно доставените претходни информации кои се составен дел на овој рамковен договор, како и согласно условите и насоките предвидени во поединечните договори за платежните услуги: платежни картички, електронско и мобилно банкарство.
Член 10
Овој договор се склучува на неопределено време и стапува на сила веднаш по потпишувањето од двете страни.
Секоја измена во рамковниот договор, вклучително и измена на информациите за користење на платежните услуги, давателот на платежни услуги е должен да ја предложи на корисникот на платежни услуги во јасна и сеопфатна форма на хартија или друг траен медиум најдоцна два месеци пред датумот на примена на измената.
Корисникот на платежните услуги ги прифаќа или не ги прифаќа предложените измени од пред датумот на примена на измените и за прифаќањето или неприфаќањето го известува давателот на платежни услуги.
Ќе се смета дека корисникот на платежни услуги ги прифатил предложените измениво условите на рамковниот договор доколку пред датумот на примена на измените не го извести давателот на платежни услуги дека ги одбива истите.
Во случај корисникот на платежни услуги да не ги прифати предложените измени, корисникот има право да го раскине рамковниот договор, на било кој датум пред датумот на примена на измените без да плати трошок или надоместок за раскинувањето на рамковниот договор, при што рамковниот договор престанува да важи со датумот на раскинување на договорот од страна на корисникот на платежни услуги.
Раскинувањето на рамковниот договор и затворањето на платежната сметка е без надоместок за корисникот на платежни услуги, освен ако рамковниот договор е на сила во период пократок од шест месеци. Доколку договорот е на сила во период пократок од шест месеци, надоместоците за раскинување на рамковниот договор и затворањето на платежната сметка се во висина на вистински направените трошоци на давателот на платежни услуги.
Давателот на платежни услуги може да го раскине рамковниот договор склучен на неопределено време со известување најмалку два месеци пред денот на раскинување на рамковниот договор. Известувањето за раскинување се доставува до корисникот на платежни услуги во хартиена форма или на траен медиум во едноставна и сеопфатна форма.
Погоренаведените одредби за раскинување на рамковен договор не важат во случај на неактивните платежни сметки и блокираните платежни сметки.
Во случај на раскинување на рамковниот договор и затворање на платежната сметка, согласно кој надоместоците за платежните услуги од корисникот на платежни услуги се пресметуваат или наплатуваат на редовна основа, давателот на платежни услуги ги наплатува надоместоците во висина која е сразмерна на периодот до раскинување на договорот.
Доколку корисникот на платежни услуги надоместоците за платежните услуги ги платил однапред, давателот на платежни услуги е должен на корисникот на платежни услуги да му врати дел од износот на платените надоместоци кој е сразмерен на периодот од денот на раскинување на договорот до последниот ден на периодот за кој надоместокот е платен.
Давателот на платежните услуги е должен веднаш по истекот на рокот од два месеци од кога е доставено известувањето за раскинување на рамковниот договор, да го раскине договорот и да ја затвори платежната сметка, а доколку на платежната сметка има позитивно салдо да ги пренесе паричните средства на евиденциска сметка со посебна намена и не смее да пресметува и наплатува било какви надоместоци за одржување на евиденциската сметка.
Со преносот на паричните сметка со посебна намена не престанува правото на сопственост над паричните средства на корисникот на платежни услуги, вклучувајќи ги и подоблиците на правото на сопственост и другите права што произлегуваат од сопственоста.
Давателот на платежните услуги може да го раскине рамковниот договор на корисникот на платежните услуги кој е потрошувач, доколку состојбата на паричните средства на платежната сметка изнесува нула во непрекинат период од 24 месеци.
Давателот на платежните услуги еднострано го раскинува рамковниот договор за платежната сметка со основни функции доколку :
▪ постои сомневање дека потрошувачот со намера ја користел платежната сметка со основни функции за незаконски цели;
▪ со платежната сметка со основни функции не е извршена платежна трансакција во непрекинат период од 24 месеци;
▪ потрошувачот доставил неточни информации заради отворање на платежна сметка со основни функции, а врз основа на точните информации би немал право да отвори и користи платежна сметка со основни функции;
▪ потрошувачот повеќе нема законско престојувалиште или го загубил основот за законско престојувалиште, според кој го имал правото на отворање и користење платежна сметка со основни функции;
▪ се утврди дека потрошувачот по отворањето на платежната сметка со основни функции отворил кај друг давател на платежни услуги сметка во денари којаму дозволува да ги врши платежните услуги за основна сметка предвидени со закон.
Едностраното раскинување на рамковниот договор за платежната сметка со основни функции во случаевите од став 1 и 3 погоре стапува во сила веднаш.
Доколку давателот на платежните услуги го раскине рамковниот договор за платежната сметка со основни функции, соглaсно случаевите од став 2, 4 и 5 погоре, долженe за едностраното раскинување да го извести потрошувачот, без надоместок, писмено или по електронски пат, најмалку два месеци пред раскинувањето на рамковниот договор да стапи во сила.
Корисникот на платежни услуги може да го раскине рамковниот договор и да ја затвори платежната сметка во секое време или со отказен рок кој го има договорено со давателот на платежни услуги, но кој не може да биде подолг од 30 дена.
Член 11
Документите, податоците и информациите стекнати при вршењето на платежните услуги поврзани со платежните сметки или трансакции, претставуваат банкарска тајна односно деловна тајна и Давателот на платежни услуги е должен да ги чува во тајност и со нив да постапува согласно законските одредби. Давателот на платежни услуги може да ги открие податоците, информациите и документите на трети лица само во случаевите предвидени и дозволени со закон.
Заради заштита на сопствените интереси од друга страна, Корисникот на платежни услуги е должен да ги чува сите податоци поврзани со неговата платежна сметка и платежни услуги кои ги користи како строго доверливи.
Давателот на платежни услуги не одговара за било каква штета која може да настане за Корисникот како резултат на непочитувањето на обврските од негова страна.
Член 12
Корисникот на платежни услуги се обврзува да врши редовно ажурирање на документацијата за идентификација со која се идентификувал кај Давателот на платежни услуги веднаш по истекување на рокот на важност на истата. Корисникот се обврзува за сите промени поврзани со неговите податоци доставени иницијално кај Давателот на платежни услуги, како адресните и другите податоци за контакт, податоците за законски застапник или овластено лице и слично, писмено во рок од 3 работни дена од денот на настанувањето на измените да го извести Давателот на платежни услуги.
Корисникот на платежни услуги има обврска да изврши ажурирање на податоците и доколку истото биде побарано од Давателот на платежни услуги пред истекот на рокот на важноста на документот за идентификација, односно доставената документација кај Давателот на платежни услуги во согласност со важечките законски прописи.
Член 13
Корисникот на платежни услуги со потпишувањето на овој договор потврдува дека го има примено Известувањето за заштита на приватноста на клиентите на Стопанска банка а.д. Битола.
Давателот на платежни услуги ќе врши обработка на личните податоци, вклучувајќи го и ЕМБГ и ќе ги користи личните податоци на Корисникот за потребите на работењето на начин предвиден и во согласност со Законот за платежни услуги и платни системи, какои за промоција на своите производи и услуги, по претходно добиена писмена согласност од корисникот на платежни услуги.
Давателот на платежни услуги ќе превземе соодветни заштитни мерки за да ги заштити личните податоци на Корисникот на платежни услуги. Личните податоци ќе се обработуваат исклучиво за целите заради кои се неопходни и само кога Давателот на платежни услуги за тоа има соодветна законска основа.
Давателот на платежни услуги ќе го информира Корисникот на платежни услуги за сите аспекти на обработка на неговите лични податоци, а особено на неговите права како субјект на лични податоци.
Член 14
За сé што не е предвидено со овој Договор, ќе се применуваат одредбите од Законот за платежни услуги и платни системи. Во случај на спор помеѓу двете договорни страни во врска со платежните услуги и рамковниот договор ќе се применува Законот за платежни услуги и платни системи, а надлежен суд е стварно и месно надлежниот суд.
Можностите кои што му се на располагање на Корисникот на платежните услуги во насока на заштита на неговите права се:
▪ правото на поднесување приговор до давателот на платежни услуги;
▪ правото на поднесувањето поплака до надлежниот орган за надзор на Давателот наплатежни услуги, односно Народната Банка на Република Северна Македонија;
▪ вонсудската постапка за решавање на спорот;
▪ судска постапка за решавање на спорот.
Член 15
Договорот влегува во сила по негово потпишување од овластени претставници на договорните страни.
Член 16
Овој Договор е составен во два еднообразни примероци, од кои по еден за секоја договорна страна.
Корисник на платежни услуги Давател на платежни услуги
Потпис Потпис – согласно овластување од УО
Информативен документ за надоместоците
Назив на давателот на платежната сметка: Стопанска Банка а.д. Xxxxxx Xxxxx на платежната сметка: Платежна сметка за физички лица Датум: 1.1.2023
Овој документ содржи информации за надоместоците за користење на главните услуги поврзани со платежната сметка. Ќе ви овозможи споредба на тие трошоци со трошоците на другите сметки.
Надоместоци може да се наплатуваат и за користење услуги коишто не се наведени во овој документ. Целосните информации се достапни на следната локација на веб страната на Стопанска Банка а.д.
Битола
xxxxx://xxx.xxxxx.xx/xxxxxxxx-xx-xxxxxxxxxxx-xx-xxxxxxxx-xxxx-xx-xxxxx-xxxxxxxxx-xxxxx-x-x-xxxxxx.xxxx како и во Тарифата на надоместоците и услугите што ги врши Стопанска Банка а.д. Битола.
Поимникот кој содржи термини кои се употребени во овој документ е достапен без надомест.
Услуга | Xxxxxxxxxx |
Општи услуги поврзани со сметка | Надоместок |
Водење на платежна сметка | |
Со промет | 40 ден. месечно |
Платежни сметки кои во текот на месецот имале само промет по основ на камата и/или провизии или по основ на реорочување | Без надомест |
Со основни функции | 0,1% од подвижниот просек на просечната месечна исплатена нето плата во земјата за претходните 12 месеци, согласно со објавите од страна на Државниот завод за статистика |
Со основни функции - посебни категории | Без надомест |
Онлајн користење на услуги поврзани со платежна сметка | Надоместок |
Користење на интернет апликација (е-банкинг) со можност за следење и /или плаќање | Без надомест |
Користење на мобилна апликација (bank2GO) | |
Без можност за плаќање - Basic | Без надомест |
Со можност за плаќање | |
Silver | 40 ден. месечно |
Gold со вклучено СМС известување за одливни трансфери | 70 ден. месечно |
Плаќање (освен со картички) | Xxxxxxxxxx |
Кредитен трансфер во денари во земјата | |
Плаќање во корист на сметка кај истиот давател на платежни услуги | |
Хартиен платен налог | 35 ден. |
Електронски платен налог | 10 ден. |
Плаќање во корист на сметка кај друг давател на платежни услуги | |
Хартиен платен налог преку КИБС | 50 ден. |
Хартиен платен налог преку МИПС | 250 ден. | |
Електронски платен налог | 15 ден. | |
Електронски платен налог преку МИПС | 100 ден. | |
Кредитен трансфер во валута во странство | Надоместок | |
Извршување кредитни трансфери во странство доколку се одбиваат трошоци од дознаката (SHA) | Денарска противвредност | 0,30% минимум 600 ден. |
Извршување кредитни трансфери во странство странските трошоци се плаќаат веднаш (ОUR): | За ЕУР, УСД, и КАД | Дознаки во останати валути |
до 1.000 ЕУР | 22 ЕУР | 30 ЕУР |
од 1.001 до 2.500 ЕУР | 25 ЕУР | 35 ЕУР |
од 2.501 до 5.000 ЕУР | 30 ЕУР | 35 ЕУР |
од 5.001 до 10.000 ЕУР | 0,60% минимум 40 ЕУР | 0,60% минимум 50 ЕУР |
од 10.001 ЕУР до 100.000 ЕУР | 0,40% минимум 60 ЕУР | 0,40% минимум 60 ЕУР |
над 100.001 ЕУР | 0,30% минимум 300 ЕУР | 0,30% минимум 300 ЕУР |
Прилив од странство по исклучок на прилив по основ пензии | до ЕУР 30 | 50 ден. |
од ЕУР 31 - ЕУР 500 | 150 ден. | |
од ЕУР 501 - ЕУР 1.000 | 200 ден. | |
од ЕУР 1.001 - ЕУР 5.000 | 300 ден. | |
од ЕУР 5.001 - ЕУР 10.000 | 500 ден. | |
од ЕУР 10.001 - ЕУР 20.000 | 1.200 ден. | |
од ЕУР 20.001 - ЕУР 50.000 | 4.000 ден. | |
од ЕУР 50.001 - ЕУР 100.000 | 6.000 ден. | |
над ЕУР 100.001 | 9.000 ден. | |
Готовина | Надоместок | |
Уплата во готово на платежна сметка | Без надомест | |
Исплата во готово од платежна сметка | 0.15 % минимум 50 ден. | |
Дозволено пречекорување | Годишна каматна стапка 12.75% променлива (референтна каматна стапка за пресметување на казнена камата + 8 п.п) | |
Останати услуги | ||
Траен налог кон сметка кај истиот давател на платежни услуги | 0.02% мин. 20 ден. | |
Издавање на квалификувани дигитални сертификати | Надоместок | |
КИБС Сертификат на нов ПКИ токен | ||
Verba Sign PKI Token на 1 година | 2.800 ден. | |
Verba Sign PKI Token на 2 години | 3.937 ден. | |
Verba Sign PKI Token на 3 години | 4.869 ден. | |
КИБС Сертификат на постоечки ПКИ токен | ||
Verba Sign PKI Token на 1 година | 1.330 ден. | |
Verba Sign PKI Token на 2 години | 2.320 ден. | |
Verba Sign PKI Token на 3 години | 3.320 ден. |