Овој договор за регрантирање е склучен како дел од регионалниот проект „Нашите медиуми“ (број на договорот: EXTERNAL ACTIONS OF THE EUROPEAN UNION IPA/2022/440-875), финансиран од Европската комисија. Проектот се спроведува преку партнерство на...
Договор за регрантирање во рамките на проектот „НАШИТЕ МЕДИУМИ“
Договор бр.:
склучен помеѓу
Давател на потгрант/ Договорен орган:
Адреса:
Овластено лице:
Телефон:
xxxxx:
и
Корисник на потгрант:
Адреса:
Матичен број на организацијата:
Овластено лице:
Телефон:
xxxxx:
Лице за контакт:
Телефон:
xxxxx:
Банкарски податоци:
Носител на банкарската сметка:
Број на трансакциска сметка:
Име на банката:
Адреса на банката:
Овој договор за регрантирање е склучен како дел од регионалниот проект „Нашите медиуми“ (број на договорот: EXTERNAL ACTIONS OF THE EUROPEAN UNION IPA/2022/440-875), финансиран од Европската комисија. Проектот се спроведува преку партнерство на Фондацијата за развој на медиуми и граѓанско општество „Медиацентар“, Босна и Херцеговина (координатор, корисник) и нејзините партнери (ко-корисници) Мрежата за професионализација на медиумите во Југоисточна Европа, Албанскиот Институт за медиуми, Албанија; Советот за печат на Косово; Македонскиот институт за медиуми, РС Македонија; Црногорскиот институт за медиуми, Црна Гора; Новосадската школа за новинарство, Нови Сад, Србија; Мировниот институт, Словенија; и Бианет, Турција, кои имаат дадено заедничко овластување за целите на потпишување на договорот на координаторот, кој колективно е наречен корисник (ци), каде што одредбата се применува без да се прави разлика помеѓу координаторот и ко-корисниците.
Страните на овој договор за регрантирање се согласија на следново:
Член 1 - Цел
Предмет на овој договор за регрантирање е доделување грант од страна на Фондацијата за медиуми и граѓанско општество Македонски институт за медиуми на име на организацијата-добитник на грант, за имплементација на проектот: „назив на проектот“. Проектот беше избран од страна на Управниот одбор на регионалниот проект врз основа на повикот за доставување предлог-проекти „ Поддршка на граѓанските организации за медиумска и информациска писменост и медиумски активизам “, во Северна Македонија.
На Корисникот име на организацијата-добитник на грант му се доделува грант под одредбите и условите наведени во овој Договор и приложените анекси, за кои Корисникот потврдува дека е запознаен со нив и истите ги прифаќа
[Корисникот на потгрантот ќе го имплементира проектот во соработка со следниов партнер/ партнери:
Партнер:
Адреса:
Матичен број на организацијата:
Овластено лице:
Телефон:
xxxxx:
Контакт лице за овој проект:
Телефон:
Корисникот го прифаќа грантот и се обврзува да сноси одговорност за имплементација на проектот со должно внимание, ефикасност, транспарентност и во согласност со принципот на добро финансиско управување.
Член 2 – Период на имплементација
2.1 Овој договор ќе стапи на сила на ден_______________.
2.2 Имплементацијата на проектот ќе започне на ___________ и ќе заврши на __________________.
Член 3 – Финансирање на проектот
3.1 Вкупните прифатливи трошоци се проценуваат во износ на ___________ евра.
3.2 Давателот на потгрантот се согласува да исплати максимален износ од _____________ евра.
3.3 Корисникот на грант е одговорен за сите обврски поврзани со исплата на плати и придонеси, како и правни и даночни обврски поврзани со имплементацијата на проектот и трошењето на грантот.
3.4 Корисникот на грант е целосно одговорен за сите износи примени на основа на овој грант. Оваа одредба не треба да се толкува на начин кој ја ограничува одговорноста на евентуалната матична или поврзана организација.
3.5 Корисникот на грант презема целосна одговорност за исплата на даноци и други давачки од сумата на грантот согласно националната правна регулатива.
3.6 Корисникот на потгрантот е информиран дека трошокот за ДДВ не е прифатлив трошок во овој проект. ДДВ е прифатлив трошок само ако не може да се оствари поврат на ДДВ на било кој начин.
Член 4 – Начини на известување и исплата на средствата
4.1 Давателот на грант ќе ја следи имплементацијата на проектот и за таа цел активно ќе комуницира со Примателот на грант во текот на целиот период на имплементација на проектот.
4.2 Корисникот на потгрантот се согласува навремено да го информира давателот на потгрантот за сите евентуални промени кои би ги засегале било која од одредбите во овој договор, како и за сите евентуални ситуации кои би значеле ризик за успешната и навремена реализација на проектот.
4.3 Првата авансна исплата во износ од ________евра, што претставува ____ % од вкупниот износ на грантот, ќе биде реализирано во рок од 20 дена по потпишувањето на договорот од двете страни, под услов овие финансиски средства да му се веќе на располагање на давателот на потгрантот.
4.4 Останатите плаќања ќе се реализираат во рок од 15 дена по одобрувањето на периодичниот извештај и под услов овие финансиски средства да му се веќе на располагање на давателот на потгрантот. Периодични исплати се следниве:
_________ евра, што претставува ___ % од вкупниот износ на грантот
4.5 Последната исплата ќе биде реализирана во рок од 15 дена по одобрувањето на финалниот извештај од страна на давателот на потгрантот.
4.6 Корисникот на потгрантот ќе му ги достави на давателот на потгрантот сите потребни информации за имплементацијата на проектот и ќе достави ____ периодичен/и извештај/и како и финален извештај по завршувањето на проектот. Формуларите кои ќе се користат за ваквото известување се дадени во анексите на овој договор а во прилог се и придружните документи кои ќе бидат побарани. Конечниот извештај ќе биде доставен заедно со барање за исплата на преостанатиот (краен) износ.
Краен рок/ рокови за доставување на периодичниот извештај/и: _____
Кран рок за доставување на финалниот извештај: _______
4.7 За целите на известувањето кон Давателот на грант сите трошоци настанати во локална валута треба да се пресметаат во евра користејќи го курсот по кој давателот на грант ги евидентира средствата во својата сметководствена евиденција.
4.8 Ако финалниот извештај не биде доставен во предвидениот рок, давателот на потгрантот има целосно дискреционото право да побара од корисникот на потгрантот да му ги врати (на давателот на потгрантот) оние износи од вкупниот грант за кои не доставил извештај.
4.9 Примателот на грант ќе изврши поврат на вкупната сума непотрошени средства од грантот на банкарската сметка на двателот на грант во рок од (30) дена сметано од датумот на завршување на проектот наведен погоре во овој договор.
Член 5 – Авторски права и промоција на проектот
5.1 Според членот 7 – Сопственост/користење на резултати и средства – од Анексот II од Општите услови на договорот за грант во рамките на регионалниот проект „Нашите медиуми“, правата од интелектуална и индустриска сопственост врз резултатите од проектот, извештаите и другите документи кои се однесуваат на него се пренесуваат кај корисникот/корисниците.
5.2 Исто така, корисникот на потгрантот ѝ дава право на Европската комисија слободно и за свои потреби да ги користи документите кои произлегуваат од овој проект, во било каква форма, под услов тоа да не претставува кршење на важечките права од индустриска и интелектуална сопственост.
5.3 Со цел да се постигне поголема видливост на производите и резултатите кои биле остварени, партнерите во регионалниот проект „Нашите медиуми“ го задржуваат правото да ги објават, делумно или во целост, или како референца, крајните производи од овој потгрант на нивната интернет страница или во нивните публикации.
5.4 Во таа смисла, согласно овој договор, корисникот на потгрантот се согласува крајните производи да бидат објавени во изворен јазик и на англиски јазик на интернет страницата на проектот: xxx.xxxxxx.xxx согласно следниве Creative Commons правила за лиценцирање:
– треба да се наведе авторството на содржината на начин одреден од страна на авторот или сопственикот на лиценцата;
– содржината не смее да се користи за комерцијални цели;
– содржината не смее да се менува, дополнува.
5.5 Корисникот на потгрантот ќе се погрижи во сите материјали кои тој ги изготвува во врска со проектот да ѝ даде должно признание на Европската унија за поддршката на проектот. Корисникот на потгрантот ќе ги следи насоките содржани во Правилата за видливост изготвени во рамките на проектот „Нашите медиуми“. Корисникот на потгрантот може да го користи името и логото на Европската унија само во директна врска со овој проект. Секое брендирање на материјали наменети за дисеминација мора претходно да биде одобрено од давателот на потгрантот.
Член 6 – Други посебни услови
6.1 Давателот на потгрантот ќе назначи ментор кој ќе му дава поддршка на корисникот на потгрантот во имплементацијата на проектот.
6.2 Корисникот на потгрантот ќе присуствува на обуките организирани од давателот на потгрантот.
6.3 Корисникот на потгрантот ќе назначи лице кое ќе учествува на регионалниот настан за градење на капацитетите кој се организира од проектот „Нашите медиуми“.
6.4 Најмалку еднаш за време на периодот на имплементација на проектот ќе се направи мониторинг на проектот кај корисникот на потгрантот. Давателот на потгрантот исто така може да прави и своја ревизија во периодот на реализација на грантот.
6.5 Ако давателот на потгрантот утврди дека корисникот на потгрантот прекршува некоја од одредбите од овој договор, има самостојно право да го раскине овој договор и да добие назад дел или сите финансиски средства кои му биле исплатени на корисникот на потгрантот согласно овој договор.
6.6 Корисникот на потгрантот и евентуалните партнери се обврзуваат да ги чуваат сите оригинални документи поврзани со овој грант, за целите на инспекција или ревизија од страна на Европската унија или субјект кој таа ќе го назначи, во период од пет години сметано од датумот на завршување на грантот.
6.7. Корисникот на потгрантот нема овластување да делува како застапник на давателот на потгрантот. Тој не смее да склучува договори во име на давателот на потгрантот ниту ќе го обврзува давателот на потгрантот на било каков начин без претходно писмено овластување од давателот на потгрантот. Корисникот на потгрантот го ослободува давателот на потгрантот од било какви штети или повреди од било каков вид кои се резултат од, или причинети од, било кое дејствие, или пропуст на корисникот на потгрантот.
Член 7 – Одговорност
7.1 Давателот на потгрантот/Договорниот орган не може, под ниту еден услов ниту од било која причина, да биде одговорен за штети или повреди кои ги претрпеле вработени или имот на корисникот на потгрантот/корисникот во текот на проектот или како последица на проектот. Во таа смисла, давателот на потгрантот/договорниот орган не може да прифати никакви барања за надомест на штета или зголемување на исплатата во врска со таква штета или повреда.
7.2 Корисникот/корисниците на потгрантот ќе преземат целосна одговорност кон трети лица, вклучувајќи тука и одговорност за штети или повреди од било каков вид кои тие трети страни ги претрпеле за време на реализацијата на проектот или како последица на проектот. Корисникот/корисниците на потгрантот ќе го ослободат давателот на потгрантот/Договорниот орган од каква било одговорност која произлегува од евентуално барање или постапка кои се резултат на прекршување на правилата или регулативите од страна на корисникот/корисниците на потгрантот или нивни вработени или лица за кои тие вработени се одговорни, или како резултат на прекршување на права на трети страни. За целите на овој член 7.2, вработените на корисникот/ корисниците на потгрантот ќе се сметаат за засегнати трети страни.
8 – Завршни одредби
8.1 Сите измени на овој договор, вклучително и на неговите анекси, ќе се прават во пишана форма. Овој договор може да се менува само во периодот на неговата важност.
8.2 Страните се согласуваат дека меѓусебно ќе се консултираат во случај на било каков спор во врска со толкувањето или примената на одредбите на овој договор, со цел постигнување взаемно прифатливо решение што е можно поскоро. Во случај да не успеат во тоа, споровите ќе се решаваат со правни средства.
8.3 Овој договор за регрантирање ќе се толкува согласно законите на Северна Македонија и евентуалните правни постапки кои би произлегле од овој договор ќе се спроведуваат преку судовите на Северна Македонија.
8.4. Овој договор за регрантирање претставува конечен и целосен договор меѓу потписниците во врска со проектот, и сите други претходни договори или соработки кои не се во согласност со одредбите од овој договор се сметаат за ништовни и неважечки.
8.5 Потписниците на овој договор правно се обврзуваат и се согласуваат со сите одредби наведени во овој договор.
8.6 Овој договор е изработен на македонски јазик во два оригинални примероци, по еден за секоја од договорните страни.
Корисник на потгрантот: Давател на потгрантот:
Име: Име:
Функција: Функција:
Потпис: Потпис:
Датум: Датум:
Анекси на овој договор за регрантирање:
Анекс 1: Опис на проектот
Анекс 2: Буџет на проектот
Анекс 3: Формулари за известување (word, excel)
Анекс 4: Барање за исплата (види следната страница)
Анекс 5: Насоки за видливост
Анекс 4:
БАРАЊЕ ЗА АВАНСНО/ ФИНАЛНО ПЛАЌАЊЕ
Број на договор:
Име на проектот:
Име и адреса на корисникот на потгрантот:
Почитуван/а,
Со ова бараме исплата на аванс/периодична/финална исплата согласно горенаведениот договор.
Бараната сума изнесува _________ евра.
Плаќањето да се реализира на следнава трансакциска сметка:
Носител на банкарската сметка: <пополни>
Број на трансакциска сметка: <пополни>
Име на банката: <пополни>
Адреса на банката: <пополни>
Изјава
Со ова потврдуваме дека сите информации содржани во ова барање за плаќање се целосни, веродостојни и вистините, и дека се поткрепени со соодветна придружна документација која може да се провери.
Со ова потврдуваме дека наведените трошоци се случиле во согласност со овој договор и дека истите можат да се сметаат за прифатливи трошоци согласно договорот. (за финалната исплата).
Со почит,
< потпис >