Contract
АКЦИОНЕРСКО ДРУШТВО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ ВИНЕР - ВИЕНА ИНШУРЕНС ГРУП СКОПЈЕ
УСЛОВИ
ЗА ОСИГУРУВАЊЕ ОД ОДГОВОРНОСТ НА ИЗВРШИТЕЛИ
(пречистен текст)
Усвоени и донесени со одлука на Управниот одбор на ВИНЕР Виена Иншуренс Груп АД Скопје
број 5276/0202/1/19 од 15.04.2019 год
I. ВОВЕДНИ ОДРЕДБИ
ОСИГУРУВАЧ - Акционерското Друштво за осигурување ВИНЕР – Виена Иншуренс Груп ДОГОВОРУВАЧ НА ОСИГУРУВАЊЕ - е правно или физичко лице кое со осигурувачот склучува
договор за осигурување.
ОСИГУРЕНИК - е Извршителот кој врши извршителски работи и чија одговорност е покриена со осигурувањето.
ТРЕТО ЛИЦЕ - е корисник на осигурувањето кое ќе претрпи штети од вршење на извршителските работи.
ПОЛИСА - е исправа за склученото осигурување.
ПРЕМИЈА ЗА ОСИГУРУВАЊЕ - е износ што договорувачот на осигурувањето односно осигуреникот го плаќа согласно договорот за осигурување.
ИЗВРШИТЕЛСКИ ИСПРАВИ- се исправи за правни работи и исправи кои ги составуваат извршителите (извршителски акти) и потврди и факти кои ќе ги посведочи извршителот .
За подзаконски акти се сметаат:
1.Правилник за определување на бројот на извршителите за подрачјето на основниот суд и утврдување на китериумите за бројот и распоредот на службените седишта на изврршителите на подрачјето на Република Македонија.
2.Правилник за формата , содржината и употребата на налогот за извршување. 3.Правилник за начинот на водењето на евиденција за примените барања за извршување. 4.Правилник за начинот на водење на евиденција на извршителите.
II. ОСНОВНИ ОДРЕДБИ ПРЕДМЕТ НА ОСИГУРУВАЊЕ
Член 1
Предмет на осигурување согласно на овие Услови е законската одговорност на Извршителите за причинети штети кои ќе ги предизвикаат на трети лица при спроведување на правосилно извршување на судска одлука, одлука донесена во управна постапка, за времетраење на осигурувањето, а согласно на Законот за извршување.
Предмет на осигурување е и законската одговорност на заменикот на извршителот за причинетите штети кои ќе ги предизвика при обавување на извршителските работи, во време кога со договор или одобрение го заменува одсутниот извршител.
Со ова осигурување , законската одговорност на извршителот и заменик извршителот е покриена за штети кои ќе настанат и кои ќе ги пријават за време траење на осигурувањето, а кои се настанати како последица од непредвидлив, неочекуван и непознат штетен настан во вид на пропуст или грешка од небрижност, а при спроведување на извршувањето.
Со надомест на штета се опфаќаат сите оштетени трети лица во време на трење на осигурувањето.
Со осигурување не се опфаќа одговорност за штети , кои се преземени со намера , измама и грубо невнимание од страна на овластените извршител и заменикот на извршител.
СУМА НА ОСИГУРУВАЊЕ
Член 2
Сумата на осигурување по склучен договор за ревизија, преставува горна граница за обврските на осигурувачот по еден осигурен случај.
Минимална сума на осигурување под која не може да се склучи договор за осигурување изнесува 100.000 Евра во денарска противвредност според средниот курс на Народна банка на Република Македонија на денот на осигурувањето.
Тел.x000 (00) 00 00 000 Факс.x000 (00) 00 00 000 е-пошта: xxxxxx@xxxxxx.xx | 1 |
Осигуреникот може да договори и повисока сума на осигурување од минималната, согласно Xxxxxxxx на осигурувачот.
ИЗВОР НА ОПАСНОСТ
Член 3
Извор на опасност се законските должности од кои можат да настанат пропусти и грешки при совесно и чесно обавување на дејноста на овластените извршители согласно на Законот за извршување а тие се:
1.Извршителите постапуваат заради присилно извршување на судска одлука која гласи на исполнување на обврска, како и одлука донесена во управна постапка која гласи на исполнување на парична обврска;
2.Во овој делокруг на работата на извршителите се нагласени во член 40 од Законот за извршители:
(1) Извршителот ги презема следниве дејствија:
-Прима писмени и усмени барања за извршување;
-врши достава на судски писмена;
-врши достава на налози, записници, заклучоции други документи кои произлегуваат од вршење на неговата работа:
-врши легитимирање на странките и учесниците во извршувањето;
-прибира податоци за имотната состојба на должникот во функција на извршувањето;
-донесува налози и заклучоци, составува записници, барања и службени белешки,согласно со одредбите на овој закон;
-врши попис, процена, пленидбаи продажба на подвижни предмети,
права и недвижности,прима средства од дожникот, предава во владение и распределува
средства;
-врши иселување и другу извршни дејствија потребни за спроведување на извршувањето
определени со закон и опзаконски акти;
-врши објавување во средствата за јавно информирање и
-врши и други дејствија предвидени со законот.
(2)Запродажба на подвижни работи, извршителот може на своја сметка да ополномошти комисионер.
3.Превземаат на чување исправи и пари заради наплата на присилно извршување и наплата на побарување.
4.Не законско спроведување на извршните дејства и неисполнување на должностите што ги има како извршител според овој закон кон трети лица кои се сметаат сите лица на кои им е причинета штета , освен лицата од членот 42 од законот.
-Извршување на поединечни дејства што ги предизвикале лицата од членот 42 на законот.
-Незаконско спроведување или неисполнувањето на должностите определени со овој закон се утврдуваат со одлука на председателот на судот донесена согласно со одребите на членот 77 од законот.
ОСИГУРЕН СЛУЧАЈ
Член 4
За осигуран случај според овие Услови се смета законската одговорност на извршителот и заменик извршителот за пропусти или грешки направени при спроведување на постапката за извршување, со што ќе предизвика штета на трети лица за период на осигурителното покритие.
Се смета дека осигурениот случај настанал оној момент кога се остварил штетен настанврз оаснова на кој би можело да се истакне оштетно барање од трето лице за чисто имотна и материјална штета.
Не се смета за осигурен случај, пропуст или грешка во вршење на извршителската работа, кои биле познати или морале да бидат познати при вршење на истата.
Тел.x000 (00) 00 00 000 Факс.x000 (00) 00 00 000 е-пошта: xxxxxx@xxxxxx.xx | 2 |
Осигурениот случај треба да биде иден, неизвесен и независен од исклучива воља на осигуреникот.Се смета дека осигурениот случај настанал тогаш кога е сторено дејствие, односно настанало пропуштање при обавување на дејност означена во полисата , со кое е предизвикана чиста имотна штета на трето лице.
ШТЕТИ ИСКЛУЧЕНИ ОД ОСИГУРУВАЊЕ
Член 5
Од осигурување се исклучени сите штети кои се настанати ;
1. Поради намера, измама и превара од страна на субјектот на извршувањето;
2. Поради Xxxxxx, измама и грубо невнимание од овластениот извршител и заменикот извршител;
3. Преземени обврски вон доменот на постапката за извршување;
4. Незапазување на договорените рокови;
5. При вршење на извршување без дозвола за работа поради неисполнети законски услови;
6. При вршење на постапката за извршување спротивно на Законот за извшување;
7. При вршење на извршителска работа спротивно на чл.13 и 27 од Законот за извршување;
8. При неспроведено извршување;
9. Со губење на документација , извештај, стручно мислење, информации и други документи и сознанија за субјектот на постапката на извршување;
10. Во сите случаи кога не може да се утврди одговорност на осигуреникот согласно на Уставот и Законот за извршување;
11.Други ризици кои не се предмет на осигурување.
12.Во случај на застапување на странки спротивно на одредбите од Законот за извршување;
13.За смрт или телесна повреда на лица и за оштетување и исчезнување на ствари, вклучувајќи и кражба на ствари на трети лица;
14.За штети настанати од сите други ризици кои не се опфатени со овие услови;
15.Кога со одлука на суд е утврдено дека не постоеле услови за извршување и покрај тоа што извршителот постапил на извршна исправа.
16.Чисто финансиска штета - штета која се состои непосредно во пари, а не е во никаква врска со штета на предмети, ниту со штета на лица, освен ако поинаку не е договорено и тоа е назначено во полисата.
III. ОПШТИ ОДРЕДБИ СКЛУЧУВАЊЕ НА ДОГОВОР ЗА ОСИГУРУВАЊЕ
Член 6
Договор за осигурување се склучува врз основа на писмена понуда поднесена од Извршителот, а склучен е кога договорните страни ќе ја потпишат полисата за осигурување.
Ако осигуреникот во врска со примената писмена понуда побара било какво дополнување или измена, како ден на прием на понудата ќе се смета денот кога осигурувачот го примил бараното дополнување или измена.
ПОЧЕТОК И ПРЕСТАНОК НА ОСИГУРУВАЊЕТО
Член 7
Обврската на осигурувачот започнува по истек на 24-от час од денот кој во договорот за осигурување е означен како почеток на осигурување.
Обврската на осигурувачот престанува со истек на 24-от час од денот кој во договорот е означен како ден на истек на осигурувањето.
Осигурувањето може да престане и поради престанок на вршење на фунцијата, одземена дозвола за работа на извршителот, неисполнување на договорните обврски и во други случаи кога постојат законски пречки.
ПЛАЌАЊЕ НА ПРЕМИЈА
Член 8
Договорувач на осигурувањето,премијата за осигурување ја плаќа веднаш, при склучување на договорот за осигурување, ако поинаку не е договорено.
Ако е договорено премија да се плаќа во рати, осигурувачот може да засмета законска камата, во случај кога премијата не е платена до денот на доспеаност на договорената рата.
ПРОМЕНА НА УСЛОВИТЕ И ТАРИФАТА
Член 9
При промена на Условите и Xxxxxxxx, осигурувачот е должен да го извести договорувачот на осигурувањето писмено.
Тел.x000 (00) 00 00 000 Факс.x000 (00) 00 00 000 е-пошта: xxxxxx@xxxxxx.xx | 3 |
Извршените промени стапуваат на сила за наредниот период од осигурувањето.
ПРОМЕНА НА АДРЕСА И ИМЕ НА ФИРМА
Член 10
Договорувачот на осигурување е должен за секоја промена на адреса и седиштето, да го извести осигурувачот во рок од 15 дена од денот на извршената промена.
Ако договорувачот на осигурувањето не постапи според предходниот став, за важност односно валидност на известието упатено од страна на осигурувачот, доволно е осигурувачот да постапил според податоците со кои располагал во времето на известување.
ОБВРСКА НА ОСИГУРЕНИКОТ КОГА ЌЕ НАСТАНЕ ОСИГУРЕНИОТ СЛУЧАЈ
Член 11
Осигуреникот е должен да го извести осигурувачот најдоцна во рок од 3 дена од денот на пријавувањето на оштетното побарување од оштетениот.
Осигуреникот е должен на осигурувачот да му овозможи увид во целокупната документација со уредна сметководствена евиденција и аргументирани факти кои се потребни за утврдување на причината и висината на штетата.
Осигуреникот е должен да го извести осигурувачот и да достави наод од надлежен орган, кога барањето за надомест на штета против него е истакнато преку суд.
Осигуреникот не е овластен без претходна согласност од осигурувачот да се изјаснува по барањето, а особено да го признае потполно или делумно, да се спогодува или да изврши исплата.
Ако оштетениот поднесе тужба за надомест на штета против осигуреникот, тој е должен да го извести осигурувачот писмено во врска со штетниот настан, како и да се договорат околу водењето на спорот.
Во случај кога оштетениот со барањето за надомест на штета непосредно ќе му се обрати на осигурувачот, осигуреникот е должен да даде писмена изјава за причината за настанување на штета и е должен да ги презентира сите документи од уредно водената евиденција и битните факти со кои
располага, а кои се неопходни за утврдување на одговорноста за причинетата штета и оцена на основаноста на барањето, обемот и висината на штетата.
До колку осигуреникот не се придржува кон обврските од овој член самиот ќе ги сноси штетните
последици кои ќе настанат поради тоа, освен ако тие би настанале и да се придржувал кон обврските.
ОБВРСКИ НА ОСИГУРУВАЧОТ ПО ПОДНЕСЕНО БАРАЊЕ ОД ОШТЕТЕНИОТ
Член12
Во врска со поднесеното барање за надомест на штета од страна на оштетениот субјект, осигурувачот има обврска:
- заедно со осигуреникот да преземе одбрана од неосновани и претерани барања за надомест на штета (правна заштита);
- да ја надомести настанатата штета ( надомест на штета);
- да ги надомести трошоците по судска постапка (надомест на судските трошоци).
ПРАВНА ЗАШТИТА
Член13
Осигурувачот во согласност со овие услови за осигурување му обезбедува на осигуреникот правна заштита и тоа во поглед на:
- испитување и утврдување на одговорноста за штетен настан;
- изнесува советодавни-консултативни ставови и насоки за постапување;
Доколку оштетниот води спор директно со осигуреникот, осигурувачот се обврзува дека за потребите на истиот може да се вклучи како замешувач, да дава изјави кои што смета дека ќе бидат од корист за задоволување или за одбрана од неосновано или претерано барање за надомест на штета, како и во насока на утврдување на постоење на осигуран случај и процена на висината на истата.
Како би добил правна заштита благовремено, осигуреникот е должен веднаш да го извести и запознае осигурувачот за сите предјавени или најавени оштетни побарувања упатени директно кон него или за секој поведен судски спор поврзан со предметно осигурување и е должен да се придржува строго до
упатствата и насоките добиени од осигурувачот, во спротивно секое поинакво негово дејствување, со исклучок на правосилно утврдена правна работа нема да биде основ за обештетување.
Во случај осигурувачот на име надомест на штета да ја исплатил сумата на осигурување пред покренување на спорот, престанува и неговата обврска на правна заштита.
Осигурувачот може да даде согласност водењето на спорот да му се довери на осигуреникот кој е должен да се придржува на упатствата кога се работи за неосновани барања.
Осигурувачот може да одбие да води постапка за надомест на штета во име на осигуреникот, ако оцени дека нема место за давање правна заштита, односно доколку оцени дека штетниот настан не е осигуран случај.
НАДОМЕСТ НА ШТЕТА
Член 14
Осигурувачот го исплатува надоместот на штета во рок од 14 дена сметано од денот кога е утврдена обврска и висината на таа обрска.
До колку при разгледување на барањето се утврди дека осигуреникот не ги доставил сите докази и факти битни за утрдување на основот и висината на штетата, осигурувачот нема да изврши исплата на штета се додека не се достави потребната документација.
НАДОМЕСТ НА ТРОШОЦИТЕ ПО ПОСТАПКАТА
Член 15
Ако спорот е воден со знаење и согласност на осигурувачот со осигурувањето се покриени и трошоците на спорот, доколку со главниот долг на име надомест на штета не ја надминува сумата на осигурување.
Трошоци за кривична постапка, како и трошоци за застапување на осигуреникот, осигурувачот не е во обврска да ги надомести.
Кога ќе ја изврши својата обврска со исплата на сумата на осигурување, осигурувачот се ослободува од сите понатамошни давачки во име на надомест на штета и трошоци.
НЕПОСРЕДНО БАРАЊЕ ОД ОШТЕТЕНИОТ СУБЈЕКТ
Член 16
Ако оштетениот субјект, своето барање и тужба за надомест на штета ги упати само спрема осигурувачот, осигурувачот е должен да го извести осигуреникот и да го повика да ги презентира сите потребни докази, а осигуреникот е должен да преземе мерки заради заштита на своите интереси.
До колку во случајот од претходниот став осигурувачот одлучи да исплати надомест на оштетениот во потполност или делумно, должен е за тоа да го извести осигуреникот.
УТВРДУВАЊЕ И ПРОЦЕНА НА ШТЕТА
Член 17
Штетата ја утврдуваат и проценуваат заедно осигуреникот и осигурувачот со оштетениот субјект, односно нивни овластени преставници.
Штетата се утврдува и проценува врз основа на уредно водена целокупна документација за спроведување на постапка за извршување, која се доставува на увид на овластениот преставник на осигурувачот, а согласно на Законот за облигационите односи и Законот за извршување.
ВЕШТАЧЕЊЕ НА ШТЕТА
Член 18
До колку при утврдување и проценување на штетата не се согласат договорените страни и оштетениот, може да побараат штетата да се утврди и процени по пат на вештачење.
Секоја од договорените страни и оштетениот писмено го именува својот вештак. За вештаци може да се именуваат лица кои се во работен однос кај нив,а кои не учествувале во претходната извршна постапка. Пред почетокот на вештачењето, именуваните вештаци бираат вештак за претседател, а кој
е со високо образование и не е во работен однос кај некоја од договорните страни. Претседателот дава стручно мислење по спорните прашања на вештаците.
Предмет на вештачење можат да бидат само спорни факти. Кои спорни факти ќе бидат предмет на вештачењето, како и постапката за вештачење, конкретно ги определуваат договерените страни со писмен договор за вештачење .
Секоја договорена страна и оштетениот ги сноси трошоците за својот вештак, а за претседателот ги сносат сите страни рамномерно.
ВИСИНА НА НАДОМЕСТ НА ШТЕТА
Член 19
Висината на надоместот на штета не може да биде поголема од штетата што оштетениот ја претрпел со настанување на осигурениот случај.
Надоместот на штета и судските трошоци се исплатуваат најмногу до договорената сума на осигурувањето, со што престанува и обврската на осигурувачот.
ФРАНШИЗА
Член 20
Осигуреникот може да договори со осигурувачот сам да учествува во секоја штета со одреден износ од утврдената висина за надомест на штета.
Ако е договорено да осигуреникот учествува во секој штетен настан, во случај на настанување на осигуран случај, осигурувачот има обврска да исплати оној дел од штетата која го поминува износот на договорената франшиза.
ПРАВО НА РЕГРЕС
Член 21
Осигурувачот задржува право на регрес од осигуреникот, односно право на повраќај на штета од оштетениот, во случај кога дополнително ќе се утврди дека штетата е предизвикана со намера, измама или грубо невнимание, а за која, на осигурувачот од страна на осигуреникот, односно оштетениот не му се презентирани точни и вистински податоци, односно докази за надомест на штета и во други случаеви утврдени со Закон.
ЗАСТАРУВАЊЕ НА ПОБАРУВАЊЕТО
Член 22
Барањето за надомест на штета причинета со повреда на должноста на Извршителот, а поднесено од страна на оштетениот субјект, застарува согласно на одредбите од Законот за облигациони односи.
ТЕРИТОРИЈАЛНО ВАЖЕЊЕ НА ОСИГУРУВАЊЕТО
Член 23
Со осигурувањето се опфатени само осигурени случаи што ќе настанат на територијата на Република Македонија.
ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ
Член 24 Постапка по приговори
Во случај осигурувачот и осигуреникот да не се согласат по однос на обемот и висината на штетата осигуреникот има право на приговор во рок од 8 дена од приемот на писменото известување од осигурувачот, до Второстепената комисија за решавање на штети по приговор.
Постапка по жалба
Договорувачот, односно осигуреникот во однос на работењето на Друштвото има право на жалба до Агенцијата за супервизија на осигурување како орган надлежен орган за супервизија на друштвата за осигуруавње.
Решавање на спорови
Тел.x000 (00) 00 00 000 Факс.x000 (00) 00 00 000 е-пошта: xxxxxx@xxxxxx.xx | 6 |
Евентуалните спорови кои би произлегле од договорот за осигурување, договорните страни ќе ги решаваат спогодбено, а доколку до спогодба не дојде надлежен е Основен суд Скопје 2 Скопје.