A - Кон барањето за вработување кај двајца или повеќе работодавачи (член 19 став 4 од Законот за вработување, самовработување и работа на странци) треба да се приложи:
A - Кон барањето за вработување кај двајца или повеќе работодавачи (член 19 став 4 од Законот за вработување, самовработување и работа на странци) треба да се приложи:
- договор за вработување потпишан од работодавачот;
− доказ за завршено соодветно високошколско образование на странецот односно за исполнување на другите услови што ги бара работодавачот (член 12 ставов 7, 8 и 9 од Законот за вработување, самовработување и работа на странци);
− договор склучен помеѓу новиот работодавач, странецот и работодавачот кај кого што странецот веќе е вработен;
− изјава потпишана од работодавачот дали тој обезбедува или не обезбедува сместување за странецот.
Во случај ако работодавачот е регистриран помалку од шест месеци, тогаш кон барањето мора да се поднесе и изјава на работодавачот како и доказ дека тој пред да го поднесе барањето за издавање на единечната дозвола заради вработување на странец, инвестирал најмалку 50.000 евра во дејноста во рамките на којашто странецот ќе ја врши работата (член 27 став 3 од Законот за вработување, самовработување и работа на странци).
Во постапката за издавање на согласност кон писменото одобрување за
вработување кај двајца или повеќе работодавачи, Заводот за вработување на Република Словенија по службена должност ќе ги добие следниве податоците:
− дека од денот на вклучувањето во социјалните осигурувања врз основа на прво вработување, изминал најмалку еден месец;
− дека во евиденцијата на невработените лица нема соодветен невработен кандидат;
− дека работодавачот е соодветно регистриран или запишан во регистарот на земјоделски стопанства односно во деловниот регистар за вршење на дејноста во рамките на којашто странецот ќе ја врши работата;
− дека против работодавачот не се води ликвидациска или стечајна постапка;
− дека работодавачот активно работи;
− дека работодавачот поднесувал даночни пресметки за одбитоците од доходите од работниот однос, за последните шест месеци пред да го поднесе барањето или за периодот кога работел, ако тој период изнесува помалку од шест месеци, доколку вработувал работници и дека нема ненамирени, втасани даночни обврски;
А1 Странец што ќе се вработи во претпријатие запишано во регистарот на претпријатија со висока додадена вредност или во регистарот на иновативни старт-ап претпријатија (член 16 став 2 од Законот за
вработување, самовработување и работа на странци):
− договор за вработување потпишан од страна на работодавачот со кој на странецот му се обезбедува плата најмалку во висина на просечната месечна бруто плата во Република Словенија според последната објава во Службениот весник на Република Словенија;
− доказ за завршено соодветно образование или професионална квалификација на странецот односно за исполнување на останатите услови што ги бара работодавачот;
− изјава потпишана од работодавачот дали тој обезбедува или не обезбедува сместување за странецот.
Во постапката за издавање на согласност кон писменото одобрување за
вработување кај двајца или повеќе работодавачи, Заводот за вработување на Република Словенија по службена должност ќе ги добие следниве податоците:
− дека во евиденцијата на невработените лица нема соодветен невработен кандидат;
− дека работодавачот е запишан во регистарот на претпријатија со високо додадена вредност или во регистарот на иновативни старт-уп претпријатија;
− дека не е исполнета квотата со која се ограничува бројот на странци на пазарот на трудот.
Информации во врска со заштита на личните податоци:
− личните податоци од образецот се наменети исклучиво за издавање на дозволата за престој и истите се обработуваат во согласност со член 93 од Законот за странци;
− органот има право да побара и други податоци ако тоа е во ваш интерес и ако со тоа се согласувате или ако тоа го допушта законот, а согласноста што сте му ја дале на органот може да ја отповикате кога било;
− ако се исполнети пропишаните услови, вие имате право да се запознаете со сопствените лични податоци, право да побарате ограничување на обработката и право на приговор
против обработката;
− имате право да проверите дали вашите лични податоци што се внесени во дозволата за
престој се точни и право да барате нивна измена или нивно бришење доколку се исполнети пропишаните услови за тоа;
− управувачот ги чува вашите податоци во согласност со член 115 од Законот за странци;
− контакт на овластеното лице - официр за заштита на личните податоци во Министерстворо за внатрешни работи: електронска адреса: xxx.xxx@xxx.xx;
− ако мислите дека вашите податоци се обработуваат незаконски имате право да поднесете жалба до Информацискиот повереник.