WLR5-1/2023)
Услови за групно осигурување со еднократно плаќање на премија
(WLR5-1/2023)
Секција 1
I.Што е Договорот за групно осигурување и од што се состои
1. Договорот за групно осигурување и е писмен договор кој ги уредува меѓусебните односи на договорните страни. Покрај овие Услови, составен дел на Договорот за осигурување е групната полиса и писмената понуда за осигурување.
2. Секој корисник на кредит кој е осигурен според условите на Договорот за групно осигурување во однос на секој негов кредит поседува понуда за осигурување прифатена од осигурителот. Сите понуди за осигурување одобрени од Осигурителот за секој осигуреник поодделно за секој негов кредит се составен дел од Договорот за групно осигурување.
3. Со Договорот за групно осигурување на живот, кој е склучен помеѓу договорувачот на осигурувањето, осигурителот и осигуреникот, осигурителот се обврзува со настанување на осигурен случај да му ја исплати осигурената сума на договорувачот на осигурувањето, а осигуреникот согласно условите за групно осигурување е обврзан да ја плаќа премијата за осигурување на начинот и условите пропишани во Договорот. Договорувачот на осигурувањето е овластен да ги наплати сите премии за осигурување од сите осигуреници и наплатените премии да ги пренесе до осигурителот на начинот, рокот и условите регулирани во Договорот за групно осигурување и овие услови.
II.Значење на поимите кои се користат во Условите
Осигурител: Акционерско друштво за осигурување XXXXX XXXX – Виена Иншуренс Груп Скопје (во понатамошниот текст: „осигурителот “). Страната од Договорот за осигурување која има обврска да го реализира договорот за животно осигурување во однос на осигурените ризици.
Договорувач на осигурување: Шпаркасе Банка АД Скопје со седиште на ул. Xxxxx Xxxxxx бр. 14, 1000 Скопје, Република Северна Македонија, регистрирано во Македонија под ЕМБС 4558669.
Осигуреник е физичко лице кое е корисник на кредит на договорувачот на осигурувањето и лице кое е должно да ја плаќа осигурителната премија од осигурувањето, согласно Договорот за групно осигурување и овие услови.
Посредник во осигурување е физичко или правно лице кое има лиценца за посредување во осигурувањето од Агенцијата за супервизија на осигурување. Посредникот во осигурување е овластен од страна на осигурителот во негово име да склучува договори за животно осигурување со осигуреникот.
Понуда: Официјален документ потпишан од страна на осигуреникот и посредникот во осигурување кој ги содржи сите валидни параметри кои ќе бидат составен дел од Договорот за групно осигурување/полиса. Дата на понудата е денот на нејзиното потпишување.
Полиса е договор за групно осигурување склучен помеѓу осигурителот и договорувачот на осигурувањето со кој се регулираат начинот и условите на осигурување на секој индивидуален осигуреник.
Осигурена сума е износот кој е основа за утврдување и/или ограничување на надоместот што го исплаќа осигурителот согласно условите од Договорот како и основа за пресметување на премијата за осигурување што ја должи осигуреникот.
Осигурителниот надомест е износот кој осигурителот го исплаќа на корисникот на осигурување во случај да настапи осигурен случај согласно покриениот ризик за време на траењето на индивидуалното осигурително покритие на осигуреникот во врска со кредитот.
Осигурителна премија: Премија за осигурување во понатамошниот текст: „премија“ е износот кој се плаќа на осигурителот реципрочно на неговите обврски согласно Договорот.
Прашалник: Составен дел на понудата за животно осигурување, кој може да биде позитивен или негативен во зависност од дадените одговори од
осигуреникот.
Корисници на кредит се физички лица кои добиваат кредит или пристапуваат кон долг за кредит исплатен од договорувачот на осигурувањето, како и кокорисниците, дефинирани како осигуреници во член 2 од овие Услови.
Индивидуално осигурително покритие е осигурување на поединечен корисник на кредит, склучено помеѓу осигурителот и договорувачот на осигурувањето врз основа на Договорот за групно осигурување на живот на корисници на кредит. Ако корисникот на кредит на договорачот на осигурувањето како осигуреник пристапи кон Договорот за групно осигурување на живот на корисници на кредит, под условите утврдени со истиот договор, ќе ги има правата и обврските на осигуреник наведени подолу.
Траење на индивидуалното осигурително покритие е период во кој доколку кај одреден Осигуреник настапи осигурен случај, осигурителот во согласност со одредбите на договорот се обврзува на корисникот на осигурување да му исплати осигурителен надомест. Датумот на стапување во сила на индивидуалното осигурително покритие и неговиот крај се специфицирани во понудата за животно осигурување.
Траење на договорот за осигурување е периодот од кога Договорот стапува во сила до датумот кога престанува да важи.
Смрт поради несреќен случај во смисла на овие услови, се смета секој настан што е неизвесен и не зависи од волјата на осигуреникот и што, делувајќи главно однадвор и нагло врз телото на осигуреникот, резултира со смрт на осигуреникот.
Смрт од болест на осигуреникот е секоја патолошка состојба или состојба на абнормална функција на телесните органи и која со официјален медицински документ е дијагностицирана од страна на регистрирана медицинска установа и која резултира со смрт на осигуреникот.
Официјално регистрирано занимање Под официјално регистрирано занимање се подразбира стапување во работен однос врз основа на договор за работа или слободно занимање регистрирано согласно позитивните законски прописи за кое осигуреникот примал редовен приход во текот на последните три месеци пред почетокот на неговото индивидуално осигурително покритие, а пред датумот на настапување на осигурениот ризик.
III.Понуда
Член 1
1. Понудата е пишан документ издаден од страна на осигурителот, а ја пополнува и потпишува осигуреникот и посредникот во осигурување. Понудата е составен дел од договорот за групно осигурување/полиса.
2. Понудата за животно осигурување мора да ги содржи сите важни елементи кои се потребни за прифаќање во договорот за групно осигурување/полиса. Број на понуда, податоци за осигурител, податоци за договорувач, податоци за осигуреник, почеток и истек на осигурувањето, осигурена сума, вид кредит, премиска стапка, процедура за прифаќање во осигурување, изјава за здравствена состојба и здрвствен прашалник.
3. Сите податоци што се наведени во понудата мора да бидат точни и вистинити, а посебно внимание треба да се обрне на одговорите на здравствените прашања наведени во неа.
4. Здравствен прашалник изјавата се составен дел од понудата за животно осигурување, кое се состои од прашања кои се однесуваат на здравствената состојба на осигуреникот. Согласно одговорите од здравствениот прашалник осигуреникот може да се прими во осигурување под нормални услови или под посебни услови, односно со плаќање на зголемена премија.
5. Според податоците кои се наоѓаат во писмената понуда на животното осигурување, осигурителот го задржува правото да бара дополнителни податоци (на пример, лекарски преглед и ризична професија) за цели на склучување на полисата.
6. Осигурителот е обврзан во рок од 8 дена по приемот на писмената понуда во оригинал, или најдоцна во рок од 30 дена доколку е потребен лекарски преглед, да го извести договорувачот/осигуреникот дали ќе ја прифати или одбие доставената понуда. Доколку oсигурителот не ја одбие понудата во тој рок, доколку истата не отстапува од неговите услови за предлог-осигурувањето, ќе се смета дека ја прифатил понудата и дека Договорот е склучен. Во тој случај ќе се смета дека Договорот е склучен кога oсигурителот ќе ја добие понудата.
7. Осигуреникот или договорувачот по добивање на полисата за животно осигурување и условите кои важат за неа, може во рок од 30 дена да поднесе барање за поништување на полисата со конкретно образложение, по што осигурителот ќе изврши поврат на средствата на клиентот кои ги уплатил за активирање на истата.
8. Осигурителот има право да ја одбие понудата за осигурување, доколку е доставена врз основа на негативен прашалник, односно доколку осигуреникот не е здрав. Осигурителот во овој случај го известува договорувачот на осигурувањето за неприфаќањето.
9. За потенцијалниот осигуреник за кој договорувачот добил негативно известување по електронски пат од осигурителот издадената понуда ќе се смета за неважечка.
IV.Осигуреник
Член 2
1. Според овие Услови може да се осигураат физички лица корисници на кредиткои ги исполнуваат следните услови:
• се на минимална возраст од 18 години на почеток на осигурување;
• максималната возраст на осигуреникот при прием во осигурување е од 65-тата годишна возраст на осигуреникот, а максимална возраст при истек на осигурувањето е до 70-тата годишна возраст на осигуреникот ;
• потпишале понуда за осигурување давајќи ја својата согласност да бидат осигурени;
• се прифатени во осигурување од страна на осигурителот.
2. Ако еден корисник на кредит има повеќе од 1 кредит тогаш тоа лице може да биде осигуреник за секој кредит, доколку ги исполнува горенаведените услови од точка 1 од овој член.
V.Прифаќање во осигурување
Член 3
1. Секој корисник на кредит може да биде прифатен во осигурување ако тој:
• до осигурителот поднесе понуда за осигурување за членство во Договорот за групно осигурување на живот на корисници на кредитпритоа давајќи ја својата согласност да биде осигурен согласно одредбите од Договорот и овие Услови;
• ги исполнува условите за прифаќање во осигурување на осигурителот што се однесуваат на корисниците на кредит за одреден кредит;
• доставил потребни формулари и потребна медицинска документација;
• со одлука на осигурителот корисникот на кредит е прифатен во осигурување по нормални услови за осигурување или корисникот на кредит е прифатен во осигрување под специјални услови за осигурување.
2. Понудата за осигурување мора да се поднесе во исто време со барањето за кредит. Согласноста на корисникот на кредит кој треба да се осигура мора да биде назначена и потпишана на понудата. За постојните кредити понудата може да се поднесе во било кое време во текот на периодот на отплата на ратите за кредитот.
3. Предуслови за прифаќање во осигурувањето под условите за осигурување на осигурителот што се однесуваат на корисниците на кредит за одреден вид на кредит се следните:
• Клиентот (корисникот на кредит ги исполнува условите за старосна граница согласно Член 2 од овие Услови;
• Осигурително покритие:
o Клиентот на изјавата за здравствена состојба одговорил дека во моментот на склучување на договорот е потполно здрав (вкупен агрегатен износ до
25.000 ЕУР збир од новоодобрениот износ на креди плус сите недоспеани главници од други осигурени кредити на клиентот);
o Клиентот на здравствениот прашалник одговорил дека во моментот на склучување на договорот е потполно здрав (вкупен агрегатен износ од 25.001 до
40.000 ЕУР збир од новоодобрениот износ на креди плус сите недоспеани главници од други осигурени кредити на клиентот);
o Клиентот поднел медицинска документација согласно листата во понудата кои се применуваат за корисниците на кредит на конкретниот вид на кредит. Потребната медицинска документација зависи од вкупниот агрегатен износ (збир од новоодобрениот износ на кредитот плус сите недоспеани главници од други осигурени кредити од клиентот) за истиот корисник на кредит, кој е осигурен кај осигурителот на денот на приемот на понудата за осигурување на новиот кредит (вкупен агрегатен износ од 40.001 до 100.000 ЕУР).
4. Доколку горе наведениот вкупен агрегатен износ на кредитот го надмине максималниот износ од 100.001 ЕУР за сите видови на кредит,, тогаш осигурителот ќе спроведе индивидуално прифаќање во осигурување и за овие клиенти по барање на реосигурителот може да има корекција на премиската стапка, која би била различна од стандардната премиска стапка на продуктот. Индивидуалните услови за прием во осигурување се применливи за корисниците на кредит на Договарачот на осигурувањето:
• чиј вкупен износ е над границите кои се пропишани во посебните секции, кои се применливи за корисниците на конкретниот вид на кредит над 100.001 ЕУР;
• чија старост е над старосната граница дефинирана во член 2;
5. Согласно точка 4 од овој член осигурителот може:
• да побара дополнителни докази, испитувања и тестови, а доколку овие се од медицинска природа, резултатите мора да му бидат испратени во запечатено плико на медицинскиот советник на осигурителот;
• да ја зголеми премијата или да го ограничи или одбие осигурителното покритие. Во овој случај ограничувањата мора да бидат направени во писмена форма и да бидат прифатени од страна на осигуреникот во писмена форма.
6. Осигурителот има право да побара дополнителни информации и медицинска документација доколку корисникот на кредит ги означил соодветните полиња за дополнителни информации за неговото здравје во рамките на Изјавата или во Прашалникот од понудата за осигурување.
7. Договорувачот на осигурувањето е одговорен за прифаќање во осигурување на новите осигуреници согласно Договорот притоа почитувајќи ги сите важечки инструкции и правила за прифаќање (агрегатен износ, старосна граница, итн.):
• Корисникот на кредит се прифаќа во осигурување, доколку не ја надминува старосната граница наведена во член 2 од овие Услови;
• Корисникот на кредит се прифаќа во осигурување, доколку вкупниот агрегатен износ на кредитот не го надминува масималниот износ од 40.000 ЕУР и нема наведено дека боледува од некоја болест на Изјавата и Прашалникот од понудата.
8. Согласно горниот став договорувачот на осигурувањето е овластен, во име и за сметка на осигурителот да ги потпишува понудите за осигурување, пополнети од корисниците на кредит во случај на автоматски и непосреден прием како и во случај да не е вклучена медицинска проценка на ризикот.
9. Одлуката на осигурителот за прифаќање на корисници на кредит може да биде една од следните:
• корисникот на кредит се прифаќа во осигурување во согласност со осигурителното покритие применливо за осигурените корисници на кредит за одреден вид на кредит.
• корисникот на кредит се одбива да се прифати во осигурување;
• корисникот на кредит се прифаќа во осигурување под посебни услови (дополнителна премија, исклучоци и сл.) под условите за осигурителното покритие применливо за осигурените корисници на кредит за одреден вид на кредит;
• Осигурителот има потреба од дополнителни информации за здравствената состојба, медицински испитувања и тестови.
10. Осигурителот се обврзува да ја соопшти неговата одлука во рок од осум (8) работни дена по приемот на понудата за осигурување, или најдоцна во рок од 30 дена доколку е потребен лекарски преглед, да го извести по маил договорувачот/осигуреникот дали ќе ја прифати или одбие доставената понуда.
11. Доколку корисникот на кредит има одговорено дека боледува од некоја болест наведена во Изјавата и Прашалникот во понудата треба да достави медицинска документација за проценка на ризикот. Медицинската докуметацијата треба да биде доставена во рок од 2 дена по приемот на е-маил порака на осигурителот за проценка. Сите оригинални документи што се однесуваат на медицинска проценка на ризикот мора да бидат доставени до осигурителот во рок од 10 дена од приемот на одлуката на осигурителот. Договорувачот на осигурувањето не е овластен да архивира каква било оригинална медицинска документација.
12.Договорувачот на осигурувањето мора да имплементира внатрешна листа на лиценцирани застапници во осигурување кои ќе ги потпишуваат понудите за осигурување во име на осигурителот. Листата мора редовно да се ажурира.
VI.Времетраење на индивидуално осигурително покритие
Член 4
1. Почетокот и истекувањето на осигурувањето е наведен во амротизационен план на осигурениот кредит кој што му е даден на осигуреникот заедно со понудата.
2. Времетраењето на индивидуалното осигурително покритие на било кој осигуреник за секој негов нов кредит започнува на денот на и исплата на кредитот на кој се однесува осигурувањето, а под услов осигуреникот да е претходно прифатен во осигурувањето и да извршил еднократна уплата на премија. За постоечки односно исплатени кредити времетраењето на индивидуалното осигурително покритие на било кој осигуреник започнува на денот кога клиентот извршил еднократна уплата на премија а под услов осигуреникот да е претходно прифатен во осигурување. Времетраењето на индивидуалното осигурително покритие на било кој осигуреник за секој негов кредит престанува да важи на датумот на отплата на кредитот.
3. Ако според одлуката на осигурителот, корисникот на кредит се прифаќа во осигурувањето само под посебни услови, тогаш индивидуалното осигурително покритие започнува на денот на писменото прифаќање на посебните услови од страна на корисникот доколку ова прифаќање се случи во рок од 60 дена по одобрувањето на кредитот и соодветна уплата на премија.
4. Индивидуалното осигурително покритие на секој осигуреник во однос на било кој негов кредит ќе биде предвремено раскинато во еден од следниве случаи:
• на денот кога осигурителот ќе ја исплати осигурената сума во однос на кредитот во случај на настапување на осигурен ризик;
• на денот кога осигурителот ќе прими известување од осигуреникот за одбивање да биде осигурен;
• на денот на целосно отплаќање на кредитот;
• на денот на предвремено раскинување на договорот за кредит по било кој основ;
• на денот на кој осигуреникот ја достигнува старосната граница согласно со членот 2 доколку не е поинаку договорено.
VII.Привремена осигурителна заштита
Член 5
1. Осигуреникот има привремена осигурителна заштита доколку ги задоволува старосните ограничувања наведени во член 2 во периодот од денот на исплата на кредитот до денот кога осигурителот ќе ја прими премијата од страна на договорувачот за соодветниот кредит.
2. Привремената осигурителна заштита изнесува 100 % од износот на кредитот.
3. Привремената осигурителна заштита се исплаќа на корисникот на осигурувањето во случај на смрт на осигуреникот поради несреќен случај, а договорувачот на осигурувањето е обврзан наплатената премија за осигурување од осигуреникот да му ја префрли на осигурителот на начин како што е утврдено во овој Договор.
4. Привремената осигурителна заштита важи само доколку осигуреникот во периодот на поднесување на понудата бил целосно способен за работа, не бил на лекување или под лекарски надзор, не боледувал од некоја болест, што би спречило прием во осигурување и доколку обврската на осигурителот не е исклучена или ограничена поради членот 11 од овие Услови.
5. Времетраењето на привременото осигурително покритие во случај на смрт поради несреќен случај за секој осигуреник во однос на секој негов кредит започнува на денот на исплата на кредитот и завршува на следниве датуми:
• на датумот кога осигурителот ќе ја прими премијата за осигурување од страна на договорувачот;
• на датумот на одлучување на осигурителот за прифаќање на осигуреникот во осигурување за покритие применливо за кредитот и доколку уплатената премија за осигурувањето е префрлена од страна на договорувачот на осигурувањето до осигурителот;
• на датумот на писмено прифаќање на посебните услови од страна на осигуреникот (во случај ако одлуката на осигурителот за прифаќање на осигуреникот во стандардното осигурително покритие е под посебни услови) доколку ова прифаќање се случи во рок од 60 дена по исплата на кредитот;
• на датумот кога Осигурителот ќе прими известување од осигуреникот дека одбива да биде осигурен;
• на датумот на раскинување на договорот за кредит со Осигуреникот (вклучувајќи и предвремено раскинување на договорот за кредит);
• на датумот на раскинување на Договорот за групно осигурување;
• на датумот, кога истекуваат 60 дена од датумот на исплата на кредитот.
VIII.Како се определува и како се плаќа премијата од осигурувањето
Член 6
1. Премиите за осигурувањето се утврдени согласно тарифите и условите на осигурителот.
2. Премијата се плаќаеднокртано на датумот на исплата на кредитот.
3. Ќе се смета дека премијата е платена кога осигурителот ќе ја прими уплатата од договорувачот на осигурувањето.
4. Еднократната премија за осигурување е наведена во понудата и му е дадена на осигуреникот.
5. Согласно важечкото македонско законодавство осигуреникот нема обврска за плаќање на било какви надоместоци и/или даноци во однос на договорот за осигурување. Сите нови даноци и надоместоци, кои ќе бидат додадени на осигурителната премија, ќе бидат наплатени од осигуреникот.
6. За осигурување на лица кои не се целосно здрави, осигурителот може да процени врз основа на сопствените акти дека треба да примени зголемување на премијата од осигурувањето поради зголемените ризици, и да ги извести договорувачот на осигурувањето и потенцијалниот осигуреник за настанатата промена на премијата.
7. Осигурителот може да овозможи осигурително покритие, акопремијата за осигурување е платена на датумот на доспевање дефинирана во овие Услови и Договорот. Во случај на пропуштање на уплата на премија индивидуалното покритие се раскинува.
8. Премијата од осигурувањето може да биде договорена во денари или во евра во зависнот од кредитот кој го избрал осигуреникот.
9. Доколку премијата е договорена во евра истата се плаќа во денари по продажен курс на НБРСМ на денот на плаќањето.
IX.Осигурена сума
Член 7
1. Осигурена сума е износот кој осигурителот треба да му го исплати на корисникот во случај да настапи осигурен случај кај осигуреникот, согласно покриениот ризик за времетраење на индивидуалното осигурително покритие. Осигурената сума е опаѓачка и го следи остатокот од амортизациониот план од кредитот.
2. Осигурената сума е променлива сума за времетраењето на неговото индивидуално покритие и е еднакова на преостанат недоспеан износ на главницата на датумот на настапување на осигурен случај.
3. Износот на сите осигурителни плаќања од страна на осигурителот за времетраењето на индивидуалното осигурително покритие за поединечно осигурен Осигуреник во однос на поединечниот кредит не може да ја надмине осигурената сума.
4. Осигурената сума може да биде договорена во денари или во евра во зависнот од кредитот кој го избрал осигуреникот.
5. Доколку осигурената сума е договорена во евра истата се исплаќа во денари по продажен курс на НБРСМ на денот на пресметката за плаќање.
X.Обврски на осигуреникот на осигурувањето
Член 8
1. Кога се потпишува понудата, осигуреникот има обврска да го информира осигурителот за сите околности кои се важни за оцената на ризикот, а кои му се познати или пак морал да биде свесен за нив.
2. Во случај осигуреникот на осигурувањето намерно да извести за неточни податоци или намерно да премолчи некоја околност од таква природа што осигурителот не би го прифатил во осигурување доколку знаел за реалната состојба на работите, осигурителот може да бара поништување на индивидуалното осигурително покритие.
3. Во случај на поништување на индивидуалното осигурително покритие од причини наведени во став (2) на овој член, осигурителот има право да ги задржи наплатените премии.
4. Осигурителот го губи правото да бара поништување на индивидуалното осигурително покритие во рок од 3 (три) месеци од денот откако ќе дознае за намерната неточност на пријавата или за премолчувањето, доколку не му изјави на договорувачот на осигурувањето дека има намера да го користи тоа право.
5. Доколку настане осигурен случај како последица на некоја околност или ризик за кој осигуреникот на осигурувањето не го информирал осигурителот при прием во осигурување, иако знаел за реалната состојба, осигурителот нема обврска да ја исплати осигурената сума.
6. Во сите случаи на давање лажни податоци или прикривање факти, кои погоре не се наведени ќе бидат применети членовите од Законот за облигационите односи и друга важечка законска и подзаконска регулатива.
XI.Обврски на осигурителот кон корисникот на осигурувањето
Член 9
1. Во зависнот од тоа дали осигуреникот се наоѓа во добра здравстена состојба, осигурителот нуди осигурително покритие за следниве ризици кои би настанале кај осигуреникот за времетраење на неговото индивидуално осигурително покритие во однос на конкретниот кредит:
• За целосно покритие
- Смрт како последица на болест;
- Смрт како последица на несреќен случај;
2. Осигурителот не е одговорен за осигурителните ризици кои не настанале за време на индивидуалното осигурително покритие.
3. За времетраењето на привременото покритие на секој осигуреник, осигурителот не е одговорен за следните ризици: смрт како последица на болест.
4. Осигурителот е должен да ја исплати осигурената сума на корисникот на осигурувањето, доколку премијата за осигурување е платена согласно овој Договор и доколку клиентот ги исполнува условите за прием во осигурување согласно овој Договор.
XII.Корисник на осигурување
Член 10
1. Доколку настапи осигурен случај во текот на траење на индивидуалното осигурително покритие, сите доспеани осигурителни надоместоци наведени во Договорот за осигурување ќе му бидат исплатени на договорувачот на осигурувањето од страна на осигурителот како исклучив и неотповиклив корисник на осигурувањето. Осигуреникот за време траење на договрот нема право да го промени корисникот на осигурувањето.
XIII.Случаи кога одговорноста на осигурителот е исклучена или ограничена
Член 11
1. Доколку осигуреникот изврши самоубиство во првата година од важноста на осигурувањето, осигурителот не е обврзан да ја исплати осигурената сума на корисникот на осигурувањето.
2. Во случај осигуреникот да изврши самоубиство во втората или третата година од важноста на осигурувањето, , осигурителот ќе му ја исплати на
корисникот дотогаш собраната математичка резерва. По истекот на рокот од три години од почетокот на осигурувањето, осигурителот е обврзан да ја исплати осигурената сума.
3. Осигурителот не е обврзан да му ја исплати на корисникот осигурената сума туку собраната математичка резерва, доколку смртта на осигуреникот настапила:
• како последица на граѓанска војна, немири, востанија, насилства, воени операции или настани слични на војна, револуции, побуни, штрајк, киднапирање или тероризам;
• поради детонации на експлозивни средства, мини, торпеда, бомби или пиротехнички средства во рамки на околностите од првите две точки од овој став;
• доброволното или недоброволното изложување на нуклеарна енергија како резултат на експлозија, радиоактивно зрачење или било кои други последици за време на војна или воени дејствија или во мир;
• при обид на осигуреникот или извршување на казнено дело, како и при бегство по таквата активност;
• поради земјотрес;
• поради поплави;
• како директна или индиректна последица од атомска катастрофа;
• како директна последица од епидемија или пандемија, утврдена од страна на соодветни државни тела;
• какво било психијатриско, душевно или нервно нарушување;
• заболувања и нивните директни или индиректни резултати, кои датираат пред почетокот на осигурителното покритие и кои не биле пријавени на Осигурителот (влијанијата и последиците од заболувањата кои се пријавени се покриени, освен ако за нивното исклучување Осигурителот го известил Осигуреникот или ако истото е прикажано во формуларот односно апликацијата за прифаќање во осигурување на осигуреникот (важечка и како сертификат);
• хронични заболувања и нивно повторување, дури и ако се во фаза на поминување (освен ако не е поинаку договорено со осигурителот);
• осигуреникот одбил да го примени медицинскиот совет и одбил да биде предмет на препишани третмани од лекар;
• возење без возачка дозвола;
• самоповредување;
• состојба на синдром на стекнат намален имунитет (СИДА) или која било болест поврзана со СИДА или ХИВ-вирусот освен како последица на медицинска грешка или професионална дејност;
• воздушни летови на осигуреникот во какво било летало освен за комерцијални летови кој овозможува летови по редовна линија на летање во рамките на јавен сервис за превоз на патници преку востановена рута, или кога тој се транспортира како пациент или повреден, или како послуга или персонал или при транспорт со летало за брза помош или спасување, или хеликоптер;
• хроничен алкохолизам или зависност од наркотици, опијати или стимулирачки дроги, освен ако истите не се препишани од лиценциран доктор, или прекумерна употреба на алкохол (без ограничување секое надминување над максималните граници за возачи пропишани со релевантните регулативи ќе се смета за прекумерна употреба на алкохол) или консумирањето на дроги;
• учество во спортски активности кој вклучува трки со возила на моторен погон, мотор (вклучувајќи и рели), коњски трки, бокс и сите боречки спортови, нуркање, параглајдерство, истражување на пештери, боб санкање, скокање со скии, качување по карпи, алпинизам, падобранство, слободни скокови, летање змејови, летање со ултра лесни летала или банџи скокање;
• напад или обид за напад или некој друг незаконски акт или учеството во нелегална активност или тешко кривично дело;
• пластична операција, освен операција како последица на болест или несреќен случај покриени со ова осигурување.
4. Товарот за докажување на исклучувањето паѓа на осигурителот.
XIV.Исплата на надомест за осигурување во случај на смрт
Член 12
1. Во случај на смрт на осигуреникот, кој според одредбите од овој договор е покриен од страна на осигурителот, осигурителот осигурената сума засметана како преостанат недоспеан износ на главницата на кредитот на денот на смртта ја исплаќа на корисникот на осигурувањето.
2. Во секој случај, независно од денот на смртта, надоместот не може да биде повисок од преостанатиот недоспеан износ на главницата на кредитот, како што е наведено во амортизциониот план на денот на смртта.
XV.Пријава во случај на смрт на осигуреникот
Член 13
1. Лицата кои имаат право на осигурена сума имаат обврска, кога ќе настапи осигурениот случај, да му поднесат на осигурителот писмена пријава на образец на осигурителот.
2. Заедно со пријавата од претходниот став, во случај на смрт на осигуреникот се поднесуваат и следните документи:
• Оригинал или копија од понудата за животно осигурување прифатена од осигурителот;
• Извод од матична книга на умрени;
• Копија од потврда за смрт (посмртница);
• Лекарска потврда од лекарот кој последен го лекувал починатиот или, доколку немало лекување, потврда од друг лекар или службена потврда;
• Оригинал или копија верна на оригиналот од здравствена легитимација и здравствен картон на осигуреникот;
• Во случај на смрт поради несреќен случај, доказ дека смртта настанала како последица на несреќен случај;
• Полициски записник доколку смртта настапила како последица на сообраќајна несреќа.
3. Осигурителот го задржува правото да бара и друга дополнителна документација потребна за утврдување на правата за исплата и висината на исплатата.
4. Трошоците кои настануваат врз основа на овие одредби ги поднесува подносителот на пријавата.
5. Осигурителот е овластен и има право од осигуреникот, законските наследници, здравствената установа или кое било друго правно или физичко лице да бара дополнителни објаснувања и докази, како и да презема, на сопствен трошок, дејствија во поглед на лекарски преглед на осигуреникот од страна на своите лекари или лекарски комисии, заради утврдување на важните околности за пријавениот несреќен случај.
6. Датумот на поднесување на барањето за надомест е датумот на кој осигурителот ги добил сите потребни документи за утврдување на правата за исплата.
XVI.Исплата на осигурена сума
Член 14
1. Осигурителот во рок од 14 дена од приемот на потребната документација мора да донесе една од следните одлуки:
• Да го прифати барањето за надомест и да ја исплати осигурената сума согласно договорот за групно осигурување или да го извести договорувачот за одбивање со образложение каде што ќе се објасни одлуката за одбивање.
2. Меѓутоа, ако за утврдување на постоење на осигурителна обврска или на нејзиниот износ е потребно значително време овој рок почнува да тече од денот кога е утврдено постоењето на неговата обврска и нејзиниот износ, односно од денот кога кај осигурителот пристигнал последниот доказен документ.
XVII.Експертски преглед и истрага
Член 15
Преглед
1. Секој доктор, кој е овластен од осигурителот мора да има пристап до осигуреникот кој страда од инвалидност и тоа во сите работни денови до 20.00 часот на лице место на третманот или во неговиот дом за да може да ја провери сериозноста на неговата здравствена состојба, а во спротивно може да се одбие осигурителното покритие.
Медицинска арбитража
2. Доколку постојат разлики во мислењата на осигурителот и осигуреникот (или на неговите роднини во случај на смрт) тогаш ќе се применат пријателски или правни средства за да се назначи медицински експерт со овластување да арбитрира меѓу различните мислења. Трошоците и надоместоците за едниот медицински експерт се на товар на осигурителот, а за вторниот медицински експерт трошоците се на товар на осигуреникот (или на неговите роднини во случај на смрт). Трошоците за третиот експерт ќе се поделат подеднакво помеѓу осигурителот и осигуреникот (или на неговите роднини во случај на смрт).
3. Сите одлуки на осигурителот кои се засноваат на заклучоците на назначениот доктор ќе му се соопштат на осигуреникот по пат на препорачано писмо и го обврзуваат осигуреникот, освен ако тој во рок од два месеци по соопштување на истите не ги оспори по пат на приложување на детално медицинско уверение. Сите овие приговори мора да бидат доставени на осигурителот со препорачано писмо.
XVIII.Откуп
Член 16
1. Ниту договорувачот на осигурувањето ниту осигуреникот немаат право на откуп на овој договор.
XIX.Промена на адреса на живеење
Член 17
1. Договорувачот на осигурувањето мора да го информира осигурителот во писмена форма ако ја промени својата адреса.
2. Осигуреникот мора да ги информира осигурителот и договорувачот на осигурувањето во писмена форма ако ја промени својата адреса во рок од три дена од денот на промената. Ако осигуреникот се исели од Р. С. Македонија, тој мора да ги информира осигурителот и договорувачот на осигурувањето за негова адреса за коресподенција во Р. С. Македонија.
3. Сите известувања што мора да бидат пратени до осигуреникот ќе бидат испратени на адресата на осигуреникот, која му е последно позната на договорувачот и осигурителот и истите ќе се сметаат за успешно доставени на првиот обид дури и доколку осигуреникот ја променил адресата, а не известил или одбива да ги прими од било која причина.
4. Сите соопштенија и известувања до осигурителот мора да се испраќаат до неговото седиште.
5. Ако осигурителот го промени своето седиште, тогаш осигуреникот ќе биде информиран за ова преку објава во печатот.
6. Датумот на известувањето е датумот на прием на известувањето. Овој услов не важи во случаите во кои осигуреникот не ги информирал осигурителот и договорувачот на осигурување во писмена форма за промената на неговата адреса. Во овие случаи датумот на испраќање на известувањето на адреса на осигуреникот, која му била последна позната на договорувачот и осигурителот ќе се смета за датум на известување.
XX.Застарување
Член 18
1. Побарувањата од Договорот за осигурување на живот застаруваат во согласност со одредбите од Законот за облигационите односи.
XXI.Решавање спорови
Член 19
1. Страните се согласни дека сите спорови кои ќе произлезат од овој Договор ќе се решаваат најпрво спогодбено и вонсудски кај осигурителот.
2. Страните се согласни дека за сите спорни прашања, жалби или недоразбирања што ќе произлезат од Договорот, веднаш ќе ја известуваат другата страна.
3. Известувањето од ставот 2 од овој член страните ќе го достават во писмена форма. Во тоа известување со сигурност треба да биде јасна неговата содржина, потписот на подносителот и времето кога било пратено.
4. Во врска со приговорите, барањата и сите други спорни прашања, ќе одлучува второстепена комисија на осигурителот која се состои од најмалку два члена, од кои еден е дипломиран правник.
5. Одговорот од второстепената комисија ѝ се доставува на спротивната страна во писмена форма, без никакви одложувања, најдоцна во рок од 30 дена од прием на приговорот.
6. Во случај кога договорувачот, осигуреникот, односно корисникот на осигурувањето смета дека осигурителот не се придржува кон одредбите од Договорот за осигурување, може да достави претставка со цел решавање на настанатиот спор до Агенцијата за супевизија на осигурување.
7. Во случај на судски спор, надлежен суд е судот во Скопје.
XXII.Обработка на лични податоци
Член 20
1. Заради усогласување на сопственото работење со позитивните прописи, како и заради остварување на правата и обврските кои произлегуваат од договорите за осигурување, Осигурителот е должен да обработува лични податоци. Обработката на лични податоци од страна на Осигурителот се извршува согласно начелата за обработка на лични податоци предвидени во позитивните прописи, со примена на соодветни мерки за безбедност на обработката на податоците.
2. На официјалната интернет страница на Осигурителот, во делот на интернет страницата кој се однесува на лични податоци, сите заинтересирани страни можат да ги пронајдат следните информации кои се однесуваат на обработката на лични податоци од страна на Осигурителот: (1) идентитет и контакт информации, (2) контакт информации за офицерот за заштита на лични податоци, (3) целите на обработката и правниот основ за обработката на личните податоци, (4) легитимните интереси за обработка на лични податоци, (5) корисниците и категориите на корисници на лични податоци, (6) пренос на лични податоци во трета земја или меѓународна организација, (7) временскиот период за кој се чуваат личните податоци, и (8) правата на субјектите на личните податоци.
XXIII.Просторно важење на осигурувањето
Член 21
1. Покритието важи насекаде во светот.
XXIV.Завршни одредби
Член 22
1. Во врска со односите помеѓу осигурителот, осигуреникот, договорувачот на осигурувањето, корисникот и другите лица на кои се однесува Договорот, а кои не се опфатени со овие Услови, ќе се применуваат одредбите од Законот за облигационите односи.
2. За односите меѓу страните од овој Договор за осигурување се применува правото на Р.Северна Македонија.
3. Осигурителот нема да изврши исплата на осигурана сума, било каков вид на побарување, или било каков вид на надомест, поврзани со договор за осигурување склучен според овие Услови за осигурување (или било кои други дополнителни услови за осигурување кои што се поврзани со овие Услови за осигурување), доколку исплатата на осигураната сума, плаќањето на побарувањето или плаќањето надоместот го изложи Осигурителот на било какви рестриктивни мерки определени со позитивни прописи на Организацијата на Обединетите Нации (ООН), Соединетите Американски Држави (САД), Обединетото Кралство (ОК), Европската Унија (ЕУ) и Република Северна Македонија (РСМ).
Член 23
1. Овие услови влегуваат во сила од моментот на нивното усвојување.
Секција 2
Посебни услови релевантни за осигурените корисници на кредит
Член 1
Дефиниции
Осигурените корисници на кредит на одобрениот кредит од Шпаркасе Банка се оние корисници на кредит кои ги исполнуваат условите од член 2 Секција 1 да станат осигуреници со покритие за живот по понуда предложена од Договарачот на осигурувањето.
Член 2
Посебни лекарски услови за прифаќање на осигурување релевантни за корисниците на кредит
Посебните лекарски услови за прифаќање во осигурување зависат од вкупниот (агрегатен) износ. Во моментот на аплицирање за осигурување вкупниот износ мора да го содржи предложениот износ т.е. почетниот износ на кредитот плус преостанатиот недоспеан износ по основ на други кредити осигурени за истиот корисник на кредит
ФОРМАЛНОСТИ ЗА ПРИФАЌАЊЕ | |
Вкупен износ | |
До 25.000 ЕУР | Изјава за здравствена состојба |
Од 25.001 до 40.000 ЕУР | Медицински прашалник |
Од 40.001 до 100.000 ЕУР | Медицински прашалник и лекарски преглед |
Над 100.001 ЕУР | Медицински прашалник и индивидуално прифаќање |
Лекарски преглед:
1. Општ лекарски преглед: Анамнестички податоци (работна анамнеза, главни тешкотии, сегашна болест, фамилијарна анамнеза, лична анамнеза, социјалноепидемиолошки податоци), Статус по системи и антропометрија (телесна маса, телесна височина и БМИ), Испитување на функцијата на видот, Аудиометрија, Спирометрија.
2. Кардиолошки преглед: ЕКГ (12 одводи), Ехо на срце.
3. Интернистички преглед: Ехо на внатрешни органи.
4. Лабораториско испитување: Диференцијална крвна слика, Седиментација на еритроцити, Гликемија, Триглицериди, Холестерол, Уреа, Креатинин, Билирубин, Мокрачна киселина, AST, ALT, GGT, Преглед на урина (хемиски и седимент)
5. РТГ на бели дробови (по индикација на лекар)
6. Невропсихијатриски преглед (психолошко тестирање)
7. Гинеколошки преглед (ЕХО, колпоскопија по индикација)
8. ЕХО на гради
9. Завршно мислење со пополнување
Трошоците за лекарскиот преглед, анализата на урината ќе бидат на трошок на осигуреникот.
Член 3
Стандардната стапка применлива на преостанатиот недоспеан износ на кредитот е дадена во табелата подолу. Во неа не се вклучени други можни дополнителни премии
Вид на производ | Еднократна тарифа Корисник на кредит |
Одобрени кредити од Шпаркасе Банка | 3% |
Член 4
Релевантно покритие на ризик
Во согласност со условите на овој Договор Осигурителот ги покрива следните ризици:
• Смрт на осигуреникот како резултат на болест која настанала во индивидуалното времетраење на осигурителното покритие на осигуреникот;
• Смрт на Осигуреникот како резултат на несреќен случај која настанала во индивидуалното времетраење на осигурителното покритие на осигуреникот;