Општите услови за користење на системот за електронско банкарство ги уредуваат основните и општите правила според кои клиентите кои имаат отворено сметки во Централна кооперативна банка АД Скопје можат да ги користат услугите на електронско банкарство...
ЦентралнакооперативнабанкаАДСкопје
ОПШТИ УСЛОВИ
за користење на системот за електронско банкарство на Централна кооперативна банка АД Скопје
Општите услови за користење на системот за електронско банкарство ги уредуваат основните и општите правила според кои клиентите кои имаат отворено сметки во Централна кооперативна банка АД Скопје можат да ги користат услугите на електронско банкарство – ccb online.
1. Поими
Одделни поими употребени во Општите услови, Договорот за користење на системот за електронско банкарство и останатите документи со кои се регулира работењето преку електронско банкарство, го имаат следното значење:
-Банка - Централна кооперативна банка АД Скопје;
-Општи услови - Општи услови на Централна кооперативна банка АД Скопје за користење на услугите на електронско банкарство;
-Услуги на електронско банкарство - Пристап на услугите на Банката надвор од нејзините простории, користејќи информатичка технологија, телекомуникации и посебни сигурносни механизми, во криптирана форма, што опфаќаат:
□ - користење само на информативен сервис;
□ - користење на информативен и финансиски сервис;
□ - користење на сервис за прием и праќање на електронски пораки;
-Корисник – на системот за електронско банкарство е правно или физичко лице со кое Банката има склучено Договор за отворање и водење на сметка за вршење на работите на платниот промет а на кое му се овозможува користење на системот за електронско банкарство;
-Договор – за користење на системот за електронско банкарство е Договор склучен помеѓу Xxxxxxx и Корисникот со кој се регулираат меѓусебните права, обврски и одговорности кои произлегуваат од користењето на системот за електронско банкарство (прилог);
-Сметка – е сметка која Корисникот ја има отворено во Банката, од која може (но не мора) да се извршуваат плаќања преку системот за електронско банкарство и која се задолжува за трошоците и надоместоците по основ на користење на услугите на електронско банкарство (доколку не е поинаку договорено);
-Овластено лице за користење на услугите на електронско банкарство – Физичкото лице (сопственик или ополномоштеник) или физичко лице определено како овластен корисник од администраторот кај правното лице (лицето определено за администрирање со системот за електронско банкарство кај правното лице);
-Администратор – на системот за електронско банкарство кај правното лице е лицето определено за администрирање со системот за електронско банкарство кај правното лице а кое може да доделува и одзема привилегии, креира кориснички имиња и сл.;
-Електронски потпис – низа на податоци во електронски облик кои се содржани или логично поврзани со други податоци во електронски облик, преку кои се утврдува автентичност на податоците и идентитетот на потписникот;
-Потписник на електронска порака е овластеното лице од страна на Xxxxxxxxxx (администраторот) кој во негово име и за негова сметка ги поптишува електронските пораки;
-Дигитален сертификат – е потврда во електронски облик со која се потврдува врската помеѓу податоците за проверка на електронскиот потпис од одредено лице, носителот на сертификатот и идентитетот на тоа лице;
-Важечки дигитален сертификат – е дигитален сертификат издаден од Банката или друг овластен издавач на сертификати, прифатен од Банката, на кој не му е истечен рокот на важност и кој не е формално отповикан во системот на Банката;
-Медиум за чување на дигитален сертификат – е сигурносен уред на кој се чува дигиталниот сертификат со кој се врши проверка на идентитетот, шифрирање на податоците и дигиталното потпишување на електронските пораки и трансакции;
-Корисничко име – Комбинација од знаци определени од страна на Корисникот (администраторот), која го идентификува на единствен начин во рамките на системот за електронско банкарство;
-Лозинка – е тајна комбинација од знаци креирани од овластеното лице кај Корисникот а која служи за потврдување на неговиот идентитет. Овластеното лице е должно да креира лозинка од поголем број знаци и да врши повремена промена на тајната лозинка;
-Електронска порака – низа на податоци кои се пратени или примени по електронски пат вклучувајќи и електронско разменување на податоци и електронска пошта;
-Електронски налог за плаќање – е налог кој овластеното лице го креира преку системот за електронско банкарство (ccb online) и го проследува до Банката во облик на електронска порака и која согласно неговата содржина, правилата на Банката и важечката регулатива се проследува за извршување;
-Термински план на Банката – се временските термини во кои се реализираат налозите за плаќање за тековниот датум преку системите на МИПС, КИБС и во рамките на интерниот клиринг на Банката;
2. Примена на Општите услови
Овие општи услови се применуваат во односите помеѓу Банката и Корисникот засновани со потпишување на Договор за користење на системот за електронско банкарство и останатата документација.
-Услови за користење на услугите – за користење на услугите на системот за електронско банкарство, Корисникот треба да има отворено сметка во Банката. Банката го одобрува користењето на електронско банкарство врз основа на следното:
-Барање за користење на системот за електронско банкарство (прилог);
-Договор за користење на системот за електронско банкарство (прилог);
Врз основа на доставеното барање, Корисникот се определува за користење само на информативниот дел на системот за електронско банкарство или на информативно-финансискиот дел на системот, односно и на делот за плаќања.
Пред да го достави пополнетото барање за користење на електронско банкарство до банката, Корисникот сам се најавува на интернет страната на Банката xxx.xxxxxx.xx и врши првична регистрација согласно Упатството за користење на системот за електронско банкарство достапно на интернет адресата на Банката во делот за ccb online.
Со првичната регистрација, Корисикот сам го определува корисничкото име и лозинка и генерира дигитален сертификат со администраторски привилегии.
Банката може да го одбие барањето за користење на системот за електронско банкарство без да ги наведе причините за својата одлука за одбивање.
Овластените лица кои ќе го користат системот за електронско банкарство мора да имаат важечки дигитален сертификат.
Банката овозможува генерирање на дигитални сертификати на овластените лица кај Корисникот кои не поседуваат дигитален сертификат издаден од овластен издавач на сертификати.
Корисникот може на свој трошок, а Xxxxxxx прифаќа, да обезбеди дигитален сертификат издаден од овластен издавач на дигитални сертификати во РМ.
Банката препорачува дигиталниот сертификат генериран преку интернет страната на Банката или дигиталниот сертификат издаден од овластен издавач, Корисникот да го чува на издвоен медиум (USB-токен), заради подобра заштита на Корисникот од можна злоупотреба на системот за електронско банкарство.
Корисникот е должен на свој трошок да обезбеди персонален компјутер со оперативен систем MS Windows и со Internet Explorer кој содржи (има инсталиран) capicom пакет на Microsoft, (xxxx://xxx.xxxxxxxxx.xxx/xxxxxxxxx/xxxxxxx.xxxx?XxxxxxXXx000XX00X-X000-000X-XXX0- FF88EA5896F6&displaylang=en) ,
а доколку како web browser се користи Mozilla Firefox инсталирање на дополнителни пакети не е потребно, како и да обезбеди интернет пристап.
-Користење на услугите -
Банката во својот систем за Електронско банкарство нуди определен опсег на услуги кои корисникот ги прифаќа со потпишувањето на Договорот, и тоа:
Информативен сервис кој овозможува:
• информација за приливите и одливите преку сметките во текот на денот;
• изводи на денарските, девизните и депозитните сметки за изминати денови;
• прием и праќање на електронски пораки (доставување на барања, известувања и сл);
Финансиски сервис кој овозможува:
• безготовински трансакции со ПП30 и ПП50;
Услугите на електронско банкарство на Корисникот ќе му бидат достапни 24 часа дневно, седум дена во неделата, освен во случај на прекин на системот за редовно одржување или негова надградба.
Налозите доставени преку системот за Електронско банкарство Xxxxxxx ќе ги извршува согласно прописите со кои се регулира платниот промет и според Терминскиот план за учесниците во платниот промет во земјата, објавен од Банката.
Банката може на Корисникот да му овозможи само информативен или информативен и финансиски сервис за други сметки отворени во Банката, доколку имателот на другата сметка достави писмено полномошно (прилог) до Банката во кое ќе биде наведено називот на имателот на сметката, бројот на сметката, лицето (правно или физичко) кое може да ги користи информациите за промените и состојбата на сметката како и користење на финансискиот сервис, односно ќе врши плаќања и ќе праќа електронски пораки преку системот за ЕБ, за период, односно времетраење на овластувањето.
3. Издавање и користење на дигитални сертификати
За сигурна размена на податоци помеѓу Банката и Корисникот се користат важечки дигитални сертификати.
-Дигитални сертификати издадени од Банката
Банката, преку својата интернет страна во делот за регистрација на Корисникот овозможува генерирање на дигитални сертификати.
Генерирањето на дигиталните сертификати го врши лично Корисникот односно лицето овластено за користење на електронското банкарство.
Дигиталните сертификати генерирани од страна на Корисникот може да се користат за информативниот дел на системот, за информативно-финансискиот дел односно делот за плаќања како и за праќање и прием на електронски пораки во комуникација со Банката како што се барања, известувања, овластувања и слично.
Дигиталните сертификати генерирани преку интернет страната на Банката може да се користат исклучиво за меѓусебната комуникација помеѓу Банката и Корисникот (како сопственик или ополномоштеник).
-Дигитални сертификати издадени од друг овластен издавач на сертификати
Банката може да прифати и сертификати издадени од други домашни овластени издавачи на квалификувани дигитални сертификати.
Корисникот на системот за електронско банкарство кој ќе користи сертификат издаден од друг овластен издавач, должен е истиот да го пријави во Банката.
-Користење и чување на дигиталните сертификати
Дигиталниот сертификат е во лична сопственост на овластеното лице на Корисникот. Истиот може да се користи за сите услуги од електронско банкарството кои се овозможени од Банката.
Ограничувањето или одземањето на овластувањата за користење на електронско банкарството од страна на Корисникот го врши администраторот на Корисникот. Според тоа, секое оштетување, губење, неовлстено користење или уништување на сертификатот од страна на овластеното лице е во надлежност на Корисникот односно неговиот администратор.
Важноста на сертификатот е содржана во истиот. При изминување на рокот на важноста на сертификатот, Корисникот може да набави нов (од овластен издавач) или да генерира нов преку интернет страната на Банката во делот за регистрација, на ист начин и постапка како и при првото издавање на сертификатот. При промена на сертификатот во случај кога истиот е со поминат рок на важење, носителот на сертификатот до Банката доставува барање (прилог) за промена на сертификатот.
Банката препорачува дигиталните сертификати да се чуваат и употребуваат само на медиум од кој не можат да бидат копирани. Чување (backup) на дигиталниот сертификат може да се врши со негов експорт на издвоен медиум (CD или USB), но не и за негова употреба.
Користење (употреба) на дигиталниот сертификат од издвоен медиум може да се врши доколку истиот е експортиран на USB-токен кој содржи соодветен софтвер и чија намена е исклучиво за комуникација (и потпишување на трансакции) помеѓу Банката и Корисникот.
Банката не превзема одговорност во случај на губење на дигиталниот сертификат или доколку истиот на било кој начин дојде кај неовластено лице за користење на системот за електронско банкарство.
4. Несовесно однесување и злоупотреба
За содржината, правата и обврските кои произлегуваат од Општите услови, Договорот и сите останати документи кои го регулираат работењето со електронското банкарство, Корисникот е должен да ги информира сите овластени лица кои имаат пристап до системот за електронско банкарство.
Доколку овластеното лице за користење на електронско банкарство дознае или се посомнева дека неговата лозинка му е позната на неовластено лице или пак може да биде злоупотребена на било кој начин, должно е веднаш да ја смени лозинката согласно постапката опишана во Упатството за користење на електронско банкарство објавено од Банката на својата интернет страна. При промена на лозинката во случај кога истата е заменета заради нарушена тајност, овластеното лице за користење на ЕБ доставува барање до Банката за промена на лозинката (прилог).
Носителот на сертификатот е должен податоците и средствата за електронско потпишување да ги чува како добар домаќин и да ги употребува согласно закон. Во случај на губење или кражба на медиумот на кој се чува сертификатот, овластеното лице е должно веднаш и без одлагање писмено да ја извести Банката.
Банката не превзема никаква одоворност за евентуална штета настаната како последица од злоупотреба на лозинката и сертификатот, губење или кражба на медиумот на кој се чува дигиталниот сертификат, а така направените трансакции Банката ќе ги третира како исправни и истите нема да ги сторнира.
5. Наплата на надомест за користење на услугите
Корисникот е согласен, за користење на услугите на системот за електронско банкарство, Банката да пресметува и наплатува надомест согласно Одлуката за тарифата на надоместоци за услугите што ги врши Банката.
6. Измени и дополнувања
Банката го задржува правото да врши промени на содржината и обемот на услугите за електронско банкарство, општите услови, терминскиот план за прием на налози во платниот промет, корисничките упатства, одлуката за тарифата на надоместоци за услугите што ги врши Банката како и другите акти од деловната политика на Банката и други документи кои го регулираат работењето со системот за електронско банкарство.
За сите промени во врска со системот за електронско банкарство, банката го известува Корисникот со објавување на информација на web страната на Централна кооперативна банка АД Скопје xxx.xxxxxx.xx.
Со овозможување на 24 часовен пристап до интернет страната и до услугите на електронско банкарство од страна на Банката, Корисникот се смета за уредно и навремено известен за сите промени како на неговите сметки така и за промените во работењето на Банката.
Доколку Xxxxxxxxxx не се согласува со одредени промени во работењето со електронско банкарство, може да испрати писмен приговор до Банката или да поднесе барање за раскинување на Договорот во рок од 15 дена од денот на објавувањето на информацијата. Во спротивно се смета дека е согласен со објавените промени и истите во потполност ги прифаќа.
Скопје, Декември 2012 година