Contract
Врз основа на член 19, став 1, алинеја 8 од Законот за енергетика („Службен весник на РМ“ бр. 63/2006, 36/2007 и 106/2008), Регулаторната комисија за енергетика на Република Македонија на седницата одржана на 26.10. 2009 година, донесе
ОДЛУКА
ЗА ИЗДАВАЊЕ НА ЛИЦЕНЦА
ЗА ВРШЕЊЕ НА ЕНЕРГЕТСКА ДЕЈНОСТ ТРАНЗИТ НА ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА
1. На Друштвото за трговија со електрична енергија, ЕЗПАДА ДООЕЛ Скопје, му сe издава лиценца за вршење на енергетската дејност транзит на електрична енергија.
2. Правата и обврските на носителот на лиценцата во вршењето на енергетската дејност транзит на електрична енергија се утврдени во Прилог 1, „Лиценца за вршење на енергетска дејност транзит на електрична енергија“, кој што е составен дел на оваа одлука.
3. Оваа одлука влегува во сила со денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија“
ПРЕТСЕДАТЕЛ
Бр. 02-2383/1 Xxxxxxx Xxxxxx
26.10. 2009 година Скопје
Прилог 1
ЛИЦЕНЦА
ЗА ВРШЕЊЕ НА ЕНЕРГЕТСКА ДЕЈНОСТ ТРAНЗИТ НА ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА
1. Име и седиштето на носителот на лиценцата
Друштвото за трговија со електрична енергија, ЕЗПАДА ДООЕЛ Скопје
Бул. Xxxxxx Xxxxxxxxxx Питу бр. 22-8, Општина Аеродром Скопје, Република Македонија
2. Енергетската дејност за која се издава лиценцата
Транзит на електрична енергија
3. Датум на издавање на лиценцата:
26.10.2009 година
4. Период на важење на лиценцата:
10 години
5. Датум до кога важи лиценцата:
26.10.2019 година
6. Евидентен број на издадената лиценца:
ЕЕ- 43.09.1/09
7. Број на деловниот субјект – 6261329
8. Единствен даночен број – 4030007646187
9. Вид и обем на енергетската дејност
Со оваа лиценца се определуваат условите за вршење на енергетската дејност транзит на електрична енергија преку преносниот систем на Република Македонија.
Транзит на електрична енергија, во смисла на оваа лиценца, се смета пренесување на електрична енергија преку преносниот систем на Република Македонија во рамките на деклариран преносен капацитет на преносниот систем поврзан со соседните држави, од кои се превзема / испорачува електрична енергија, за да се реализира одредена трансакција за која се обврзал носителот на лиценцата да ја превземе / испорача на лица надвор од земјата.
10. Опис на условите и начинот на вршење на дејноста:
Енергетската дејност транзит на електрична енергија, носителот на лиценцата ќе ја врши преку склучување на соодветни договори со преносниот систем оператор за закуп на прекугранични преносни капацитети од декларираните капацитети на интерконекциските електрични граници на преносниот систем за електрична енергија на Република Македонија, за пренесување на електричната енергија која се обврзал да ја превземе /
испорача на лица надвор од земјата, согласно мрежните правила за пренос на електрична енергија и пазарните правила за електрична енергија.
11. Подрачје на кое ќе се врши дејноста
Енергетската дејност транзит на електрична енергија, носителот на лиценцата ќе ја врши низ територијата на Република Македонија.
12. Општи обврски за носителот на лиценцата
Носителот на лиценцата е должен да:
- обезбеди доволен преносен капацитет согласност со пазарните правила, мрежните правила за пренос, за количините на електрична енергија и/или моќност кои се обвр- зал да ги транзитира преку преносниот систем на земјата;
- работи во согласност со мрежните правила за пренос на електрична енергија и пазарните правила.
- обезбеди исполнување на условите за квалитет на електрична енергија која што ја транзитира, согласно со пропишаните норми за квалитет и склучените договори;
- ги исполни барањата за финансиски гаранции утврдени од страна на операторот на пазарот на електрична енергија согласно пазарните правила за електрична енергија.
- достави во определен рок до Регулаторната комисија за енергетика, по нејзино барање, информации и извештаи за трансакциите и деловните активности во врска со транзитот на електрична енергија низ територијата на Република Македонија;
- работи во согласност со законите, другите прописи и општи акти на Република Македонија, а особено оние кои се однесуваат на вршење на дејноста транзит на електрична енергија, заштита на конкуренцијата, заштита на потрошувачите, заштита на животната средина, животот и здравјето на луѓето и заштита при работа;
- работи во согласност со правилниците и другите прописи кои ги пропишува или одобрува Регулаторната комисија за енергетика во согласност со закон, а особено Правилникот за условите, начинот и постапката за издавање, менување и одземање нa лиценци за вршење на енергетски дејности.
13. Обврска за одвоена сметководствена евиденција
Носителот на лиценцата е должен :
- во своите интерни пресметки да води одвоена евиденција за секоја од енергетските дејности за кои што поседува лиценца;
- во согласност со сметководствените стандарди со кои се уредува сметководственото работење на претпријатието: да изготвува финансиски извештаи кои ќе обезбедат информации за средствата, обврските, капиталот, приходите и расходите со резултатите од работењето, како и паричните текови на претпријатието, како и
- да обезбедува консолидирани финансиски извештаи.
14. Обврска за доставување на Годишен извештај за финансиското и деловното работење
Носителот на лиценцата е должен до Регулаторната комисија за енергетика најдоцна до
10 март во тековната година да доставува Годишен извештај за работењето во претходната година (извештајна година), кој особено треба да содржи податоци за количините и субјектите од кои е набавена и количините и субјектите на кои е продадена електричната енергија, како и податоци за обезбедениот преносен и дистрибутивен капацитет и регулирани услуги, во текот на извештајната година, за секој месец поодделно.
15. Обврска за доставување на други извештаи, информации и податоци во врска со вршењето на дејноста до Регулаторната комисија за енергетика
Носителот на лиценцата е должен до Регулаторната комисија за енергетика да доставува:
- информации за транзитираните набавените и испорачаните количини на електрична енергија според купопродажните договори, согласно Табела 1 која е составен дел на оваа лиценца.
- известувања за сите околности, настани и промени кои што имаат или би можеле да имаат влијание врз вршењето на дејноста.
- други податоци во врска со вршењето на дејноста.
16. Обврска за овозможување на пристап до објектите и непосреден увид во документацијата
Носителот на лиценцата е должен по барање на Регулаторната комисија за енергетика да овозможи непосреден увид во целокупната документација која што се однесува на вршењето на енергетската дејност за која што е издадена лиценцата, во согласност со Правилникот за условите, начинот и постапката за издавање, менување и одземање нa лиценци за вршење на енергетски дејности.
17. Изменување и дополнување на лиценцата
Изменувањето и дополнувањето на оваа лиценца ќе се врши исклучиво во согласност со одредбите од Правилникот за условите, начинот и постапката за издавање, менување, продолжување и одземање нa лиценци за вршење на енергетски дејности.
18. Мерки во случај на неисполнување на обврските на носителот на лиценцата
Доколку носителот на лиценцата не ги исполнува обврските содржани во оваа лиценца, Регулаторната комисија за енергетика ќе преземе мерки согласно Правилникот за услови- те, начинот, постапката за издавање, менување, продолжување и одземање нa лиценци за вршење на енергетски дејности.
ПРИЛОГ - ТАБЕЛА 1
ИЗВЕШТАЈ ЗА ТРАНЗИТИРАНИ КОЛИЧИНИ НА ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА
Транзитирани количини во текот на месецот во 200 .. | Транзитирани количини во текот на година 20.... | ||||||
Договор за | Xxxxxxxxx | Xxxxxxxxx | Реализирана | Договор за | Xxxxxxxxx | Xxxxxxxxx | Реализирана |
транзит со | интерконект | интерконект | количина на | транзит со | интерконект | интерконект | количина на |
операторот | ивна врска | ивна врска | транзитирана | операторот | ивна врска | ивна врска | транзитирана |
(бр. и датум) | на влез во РМ | на излез од РМ | електрична енергија (kWh) | (бр. и датум) | на влез во РМ | на излез од РМ | електрична енергија (kWh) |