REPUBLIKA MAKEDONIJA
REPUBLIKA MAKEDONIJA
UNIVERZITET „ SV. KIRIL I METODIJ“ VO SKOPJE
ПОСТАПКА СО БАРАЊЕ ЗА ПРИБИРАЊЕ НА ПОНУДИ
6/2013
ЗА НАБАВКА НА ПОДЛОГИ НА ДИПЛОМИ СО ПЕЧАТЕЊЕ
Скопје, февруари 2013
Инструкции за понудувачите
1. Договорен орган
Договорен орган е Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, со адреса на бул. Xxxx Xxxxxx бр.9, 1000 Скопје, телефон за контакт 02 3293 293, електронска адреса xxxx@xxxx.xxx.xx , контакт лице Xxxx Xxxxxxxxxx со електронска адреса xxxxxxxxxxx@xxxx.xxx.xx .
2. Предмет на договорот за јавна набавка
2.1. Предмет на договорот за јавна набавка е стока – подлоги на дипломи со печатење.
Детален опис на предметот на договорот е даден во техничките спецификации во прилог на оваа тендерска документација.
2.2. Предметот на договорот е неделив. Економскиот оператор во својата понуда треба да ги вклучи сите составни делови. Во спротивно понудата ќе се смета за неприфатлива
3. Начин на испорака
Носителот на набавката е должен предметот на договорот да го испорача на следниов начин :
- Во просториите на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје –
Ректорат, xxx. Xxxx Xxxxxx, бр.9, 1000 Скопје.
4. Разлики во цена (корекција на цени)
Не се предвидува корекција на цените, односно цените искажани во понудата на најповолниот понудувач ќе бидат фиксни за целото времетраење на договорот за јавна набавка.
5. Рок на испорака
Носителот на набавката е должен да го испорачува предметот на договорот во рок од 1 (една) година од денот на склучување на договорот за јавна набавка, преку сукцесивни испораки во рок од 5(пет) дена од доставено барање од договорниот орган.
6. Начин на плаќање
Начин на плаќање: по доставена фактура во рок од 30 дена.
Начинот на плаќање е задолжителен. Секоја понуда која содржи начин на плаќање поинаков од оној утврден во оваа точка ќе се смета за неприфатлива и како таква ќе биде одбиена од страна на комисијата за јавни набавки.
Авансно плаќање: не е дозволено.
7. Критериуми за утврдување на способност на понудувачите
За да учествуваат во постапката за доделување на договор, понудувачите мора да ги исполнуваат следниве критериуми за утврдување на нивната способност:
7.1. Лична состојба
- во последните 5 години, на понудувачот да не му била изречена правосилна пресуда за учество во злосторничка организација, корупција, измама или перење пари;
- на понудувачот да не му е изречена споредна казна забрана за учество во постапки за јавен повик, доделување на договори за јавна набавка и договори за јавно приватно партнерство;
- на понудувачот да не му е изречена споредна казна привремена или трајна забрана за вршење на одделна дејност;
- понудувачот да не е во постапка за стечај или во постапка за ликвидација;
- понудувачот да нема неплатени даноци, придонеси или други јавни давачки;
- на понудувачот да не му е изречена прекршочна санкција - забрана за вршење на професија, дејност или должност, односно привремена забрана за вршење одделна дејност, и
- понудувачот е должен да дава точни податоци и да ги доставува податоците што ги бара договорниот орган.
7.2. Способност за вршење на професионална дејност
Понудувачот треба да е регистриран како физичко или правно лице за вршење на дејноста поврзана со предметот на договорот за јавна набавка или да припаѓа на соодветно професионално здружение согласно со прописите на земјата каде што е регистриран.
7.3. Економска и финансиска состојба
Критериуми за утврдување на економската и финансиската состојба на понудувачот се:
- позитивен финансиски резултат за 2011 година
7.4. Техничка или професионална способност
Критериуми за утврдување на техничката или професионалната способност на понудувачот се:
• да е технички опремен за вршење на предметот на набавката;
7.7 Во случај на група економски оператори, сите членови на групата поединечно ја докажуваат својата лична состојба и способноста за вршење професионална дејност.
8. Начин на докажување на способноста на понудувачот
Понудувачот го потврдува исполнувањето на критериумите за утврдување на личната состојба со изјава која ја доставува во прилог на својата понуда. Исполнетоста на останатите критериуми за утврдување на способност, понудувачот ја докажува со доставување на потребната документација утврдена во овој дел од тендерската документација:
8.1. За докажување на личната состојба:
- изјава на понудувачот дека во последните 5 години не му била изречена правосилна пресуда за учество во злосторничка организација, корупција, измама или перење пари;
- потврда дека не е отворена постапка за стечај од надлежен орган;
- потврда дека не е отворена постапка за ликвидација од надлежен орган;
- потврда за платени даноци, придонеси и други јавни давачки од надлежен орган од земјата каде економскиот оператор е регистриран
- потврда од Регистарот на казни за сторени кривични дела на правните лица дека не му е изречена споредна казна забрана за учество во постапки за јавен повик, доделување на договори за јавна набавка и договори за јавно-приватно партнерство;
- потврда од Регистарот на казни за сторени кривични дела на правните лица дека не му е изречена споредна казна привремена или трајна забрана за вршење на одделна дејност и
- потврда дека со правосилна пресуда не му е изречена прекршочна санкција - забрана за вршење на професија, дејност или должност, односно привремена забрана за вршење одделна дејност.
Документите од точка 8.1 не смеат да бидат постари од 6 месеци, а се доставуваат во оригинал или копија заверена од понудувачот на барање на комисијата. Ако договорниот орган се сомнева во документите за утврдување на личната состојба на понудувачот, тој го задржува правото да побара информации директно од надлежните органи кои ги издале документите за утврдување на личната состојба.
Согласно со член 102, став 4 од Законот за јавните набавки, понудувачот не треба со својата понуда да ги достави горенаведените документи предвидени со законот како доказ за личната состојба. Наместо тоа, понудувачот поднесува изјава дека ги исполнува предвидените критериуми за утврдување на личната состојба, која е дадена во прилог на оваа тендерска документација. Комисијата ќе побара само од понудувачот чија понуда ја утврдила за најповолна да ги достави потребните документи за утврдување на неговата лична состојба.
Комисијата ќе прифати документи за утврдување на личната состојба кои се издадени и по денот на јавното отворање на понудите, но не подоцна до денот на донесувањето на одлуката за избор на најповолна понуда.
8.2. За докажување на способноста за вршење на професионална дејност
За докажување на способноста за вршење на професионалната дејност, понудувачот треба да достави со својата понуда документ за регистрирана дејност како доказ дека е регистриран како физичко или правно лице за вршење на дејноста поврзана со предметот на договорот за јавна набавка или доказ дека припаѓа на соодветно професионално здружение согласно со прописите на земјата каде што е регистриран.
8.3. За докажување на економската и финансиската состојба:
- Извештај за билансот на состојба и податоци од билансот на успех за последните три години (2009, 2010 и 2011) заверени од надлежен орган, односно ревидиран биланс на состојба и податоци од билансот на успех, или извадоци од извештајот за билансот на состојба и податоци од билансот на успех во случаи кога објавувањето на билансите на состојба и успех е пропишано со закон во земјата каде што економскиот оператор е регистриран;
8.4. За докажување на техничката или професионалната способност:
• преглед со краток опис на техничката опременост и оспособеност на понудувачот.
9. Изготвување и поднесување на понудите
9.1. Начин на изготвување на понудата
Понудата се изготвува во согласност со условите предвидени во тендерската документација, со користење на обрасците дадени во прилог. Понудувачот подготвува еден оригинален примерок со ознака „оригинал. Понудата се пишува со неизбришливо мастило и ја потпишува овластено лице од страна на понудувачот. Сите страници на понудата, освен за неизменетата печатена литература, ги парафира лицето кое ја потпишува понудата. Секое пишување меѓу редовите, бришење или пишување врз претходен текст важи само доколку е парафирано од лицето кое ја потпишува понудата. Доколку понудувачот има намера дел од договорот за јавна набавка да го отстапи на еден или повеќе подизведувачи, во понудата мора да наведе податоци за делот од договорот кој има намера да го отстапи на подизведувачи, како и податоци за сите предложени подизведувачи (фирма, седиште, единствен даночен број и слично). Понудувачот е одговорен пред договорниот орган за извршување на договорот за јавна набавка, без оглед на бројот на подизведувачите.
9.2. Изјава за сериозност на понудата
Во прилог на понудата, понудувачот доставува и потпишана изјава за сериозност на понудата, при што треба да го користи образецот на изјава даден во прилог на тендерската документација. Доколку дојде до прекршување на дадената изјава за сериозност на понудата, истото ќе резултира со издавање негативна референца против таквиот понудувач на начин и согласно условите утврдени во Законот за јавните набавки. Изјавата ја потпишува лицето што ја потпишува и понудата. Доколку лицето што ја потпишува изјавата се разликува од лицето што ја потпишува понудата, во прилог се доставува и овластување за потпишување на изјавата.
9.3. Елементи на понудата
Понудата треба да е составена од следниве елементи и според следниов редослед:
- Образец на понуда (Прилог 1),
- Изјава со која понудувачот потврдува дека ги исполнува критериумите за утврдување на личната состојба (Прилог 2),
- Изјава за сериозност на понудата (Прилог 3),
- Документ за регистрирана дејност,
- Документ од точка 8.3 (биланс на состојба и биланс на успех за последните три години);
- Документи од точка 8.4 за докажување на техничката и професионалната способност.
9.4. Јазик на понудата
Понудата, како и целата кореспонденција и документи поврзани со понудата кои се разменуваат со понудувачот, се пишуваат на македонски јазик со користење на неговото кирилско писмо. Придружните документи и печатената литература кои се дел од понудата може да бидат на друг јазик, под услов да се придружени со точен превод на македонски јазик.
9.5. Период на важност на понудата
Периодот на важност на понудата ќе изнесува 60 дена од денот на јавното отворање за чие времетраење понудата во сите нејзини елементи е обврзувачка за понудувачот. Понудите кои содржат покус период на важност од тој утврден во оваа точка од тендерската документација ќе бидат отфрлени како неприфатливи.
9.6. Затворање на понудата
Понудувачот го приложува оригиналниот примерок во затворен внатрешен плик кој го содржи називот на понудувачот со целосна и точна адреса.
Внатрешниот плик се приложува во затворен надворешен плик кој:
- е адресиран со точна адреса на договорниот орган,
- го содржи бројот на огласот,
- во горниот лев агол стои ознака „Не отварај“, да не се отвора пред времето и датумот за отворањето на понудите.
Доколку двата плика не се затворени и обележани како што се бара, договорниот орган не презема одговорност за затурање или предвремено отворање на понудата. Понудите кои се отворени предвремено поради не придржување кон условите за затворање и обележување на истите ќе се отфрлат како неуредни.
9.7. Принцип на една понуда
Едно право или физичко лице може да поднесе само една понуда, без оглед дали ја доставува поединечно или како член на група на понудувачи. Во спротивно сите понуди во кои се јавува тоа правно или физичко лице се отфрлаат.
10. Краен рок и место за поднесување на понудите
10.1. Краен рок за поднесување на понудите е 15.02.2013 година во 10:00 часот.
10.2. Понудите се поднесуваат на следнава адреса : Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, бул. Xxxx Xxxxxx, бр.9, 1000 Скопје.
11. Јавно отворање и евалуација на понудите
11.1. Јавното отворање на понудите ќе се изврши на датумот и во часот утврдени како краен рок за поднесување на понудите на следнава локација Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, бул. Xxxx Xxxxxx, бр.9, 1000 Скопје.
11.2. Понудувачот може да има свој овластен претставник на јавното отворање на понудите, при што овластениот претставник треба на Комисијата да и предаде писмено овластување од понудувачот.
11.3. Комисијата за јавни набавки ќе пристапи кон отворање на понудите доколку е пристигната и само една понуда. Во таков случај нема да се спроведе електронска аукција. Условот за спроведување на електронска аукција е во постапката да се пристигнати најмалку две прифатливи понуди.
12. Критериум за доделување на договорот
12.1 Критериум за доделување на договорот за јавна набавка е најниска цена. За носител на набавката ќе биде избран оној економски оператор кој ќе понуди најниска цена во текот на електронската аукција, а чија понуда претходно е оценета како прифатлива. Во постапка која завршува со спроведување на електронска аукција не се врши бодување на понудите, туку само рангирање на понудувачите според висината на понудените цени.
12.2 Евалуацијата на понудите ќе се врши согласно со Методологијата за изразување на критериумите за доделување на договорот за јавна набавка во бодови („Службен весник на Република Македонија“ бр. 41/08).
13. Посебни начини за доделување на договорот за јавна набавка
13.1. Договорот за јавна набавка ќе се додели со примена на постапка со барање за прибирање на понуди со објавување на оглас, која ќе заврши со електронска аукција како последна фаза во постапката.
13.2. Оваа постапка нема да се спроведува со користење на електронски средства преку Електронскиот систем за јавни набавки (ЕСЈН), освен во делот на електронската аукција која задолжително се спроведува преку ЕСЈН (xxxxx://xxx.x-xxxxxxx.xxx.xx).
13.3. Подетални информации за користењето на електронски средства: За да можете да учествувате на електронската аукција, потребно е да се регистрирате во ЕСЈН. Економскиот оператор се регистрира во ЕСЈН со пополнување на регистрациска форма која е составен дел од ЕСЈН1 , по што ЕСЈН автоматски ги обработува податоците од регистрациската форма, генерира шифра и истата ја доставува на регистрираната електронска пошта на економскиот оператор. Секое лице кое се регистрира како корисник на ЕСЈН, при пополнување на веб образецот за регистрација се запознава и дава согласност дека ќе ги почитува правилата и условите за користење на ЕСЈН. Повеќе информации за начинот на регистрација и користење на системот ќе најдете во Прирачникот за користење на ЕСЈН наменет за економски оператори, кој можете да го преземете од почетната страна на ЕСЈН во делот „Економски оператори”.
13.4. Подетални информации за електронската аукција: Договорниот орган ќе користи електронска аукција како последна фаза во постапката со барање за прибирање на понуди. Предмет на електронската аукција е вкупната цена вклучувајќи ги сите трошоци и попусти и увозни царини, без ДДВ. Почетна цена на електронската аукција е најниската цена, од прифатливите понуди поднесени во првичната фаза од постапката.
Поканите за учество на аукцијата ќе се достават во електронска форма преку ЕСЈН по целосната евалуација на првичните понуди, до сите економски оператори кои доставиле прифатливи понуди во првата фаза од постапката и кои се регистрирани во ЕСЈН.
1 Линк „Регистрирај се“ во делот „Економски оператори“ на почетната страна на ЕСЈН
Поканата за учество на аукцијата ќе биде електронски испратена на адресата за е-пошта на лицето за контакт наведено во Образецот за понуда кое претходно е регистрирано во ЕСЈН.
Во поканата за учество на аукцијата ќе бидат содржани следниве податоци: почетната цена на аукцијата, односно најниската цена од првично поднесените понуди; датумот и часот на започнување и завршување на аукцијата; интервалот во кој ќе се спроведува негативното наддавање (минимална и максимална разлика во понудени цени).
14. Доделување на договорот за јавна набавка
14.1. Договорниот орган, по спроведената електронска аукција како последна фаза во постапката за барање за прибирање на понуди, договорот му го доделува на економскиот оператор чија понуда има најниска цена.
14.2 Доколку две или повеќе понуди имаат иста цена, за најповолен понудувач ќе биде избран оној кој прв ја поднел понудата.
14.3 Доколку никој не поднесе нова цена во текот на електронската аукција, а притоа две или повеќе понуди имаат идентична цена, за најповолна ќе биде избрана понудата која прва пристигнала во архивата на договорниот орган.
14.4 Во случај да е поднесена само една прифатлива понуда во првата фаза од постапката, односно да не се исполнети условите за одржување на електронската аукција, договорниот орган може да му го додели договорот за јавна набавка на единствениот економски оператор кој поднел прифатлива понуда или да ја поништи постапката доколку се поднесени цени понераеални од реалните на пазарот.
14.5 Во случај во текот на аукцијата да нема негативно наддавање, договорниот орган може да му го додели договорот за јавна набавка на економскиот оператор чија првична прифатлива понуда има најниска цена.
14.6 По завршувањето на електронската аукција и изборот на најповолен понудувач, доколку предметот на набавката или поединечниот дел се состои од повеќе ставки, цената на секоја од поединечните ставки ќе се пресметува со соодветно намалување кое ќе биде еднакво на процентот на намалување на цената на првичната понуда на избраниот најповолен понудувач (пред електронската аукција) и цената на последната понуда (по завршувањето на аукцијата).
15. Известување за доделување на договорот за јавна набавка
15.1 По завршувањето на електронската аукција на јавниот дел од ЕСЈН автоматски се објавува и до сите учесници на аукцијата автоматски се испраќа известување за економскиот оператор кој што поднел најповолна понуда во текот на негативното наддавање. Известувањето е од информативен карактер и не предизвикува правни последици. Исходот од електронската аукција е основ за донесување на одлука за избор на најповолна понуда.
15.2 Избраниот најповолен економски оператор ќе биде известен во писмена форма дека неговата понуда е прифатена, најдоцна во рок од 3 дена од донесувањето на одлуката за избор на најповолна понуда. Во исто време, и сите други економски оператори ќе бидат известени за резултатите од тендерот, одлуката кој е најповолен економски оператор како и за причините за неизбор на нивната понуда. Економските оператори што учествувале во постапката имаат право на увид во извештајот од спроведената постапка.
16. Правна заштита
Секој понудувач кој има правен интерес за добивање на договорот за јавна набавка и кој претрпел или би можел да претрпи штета од евентуално прекршување на одредбите од овој закон, може да бара правна заштита против одлуките, дејствијата и пропуштањата за преземање дејствија од страна на договорниот орган во постапката за доделување на договор за јавна набавка, во согласност со условите и постапката предвидени со Законот за јавните набавки. Правото на жалба во постапка која завршува со електронска аукција се остварува по донесување на одлуката за избор на најповолен понудувач или поништување на постапката.
17. Завршување на постапката за доделување на договор за јавна набавка
17.1 Постапката за доделување на договор за јавна набавка завршува на денот на конечноста на одлуката за избор или за поништување на постапката.
Технички спецификации
1. подлога на диплома со печатење формат: Б/3 (350x500mm) хартија: 300 гр. Кунздрук – мат печат: 4/0
Грбот на Р.М. / сув – жиг, лого на УКИМ количина: до 5000
2. подлога на диплома со печатење формат: А/3 (420x297 мм)
хартија: 150-160 гр/м2 – Картон бездрвен печат: 4/0
Заштита: единствен воден жиг / лого на УКИМ
Две УВ бои (жолта и плава без избелувач / флуоресцентни влакна)
Грбот на Р.М. / сув – жиг ( во блиндрук техника) количина: до 5000
3. печатење на подлога на сертификат формат: А/4 (210x297мм)
хартија: 300 гр. Кунздрук – мат печат: 4/0
тираж: до 200
*** Количините се максимални и договорниот орган нема обврска да ги исполни до крај.
***Содржината и формата на дипломите е пропишана со „Правилникот за содржината и формата на дипломата, упатство за подготовка на додаток на дипломата и на другите јавни исправи“ ( Сл. Весник на РМ бр.84/2009).
Прилог:
Подлога за диплома Б/3 Подлога за диплома А/3
Прилог 1 – Образец на понуда
[меморандум на понудувачот]
Врз основа на огласот број 6/2013 објавен од страна на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, за доделување на договор за јавна набавка на стоки - подлоги на дипломи со печатење со спроведување на постапка со барање за прибирање на понуди, со електронска аукција преку Електронскиот систем за јавни набавки (xxxxx://xxx.x-xxxxxxx.xxx.xx), и на тендерската документација, ја поднесуваме следнава:
П О Н У Д А
Дел I – Информации за понудувачот
I.1. Име на понудувачот:
I.2. Контакт информации
− Адреса:
− Телефон:
− Факс:
− Е-пошта:
− Лице за контакт:
I.3. Овластено лице:
I.4. Даночен број:
I.5. Матичен број:
Дел II – Техничка понуда
II.1.Согласни сме да ги понудиме следниве стоки:
.
II.2. Ги прифаќаме начинот и рокот на испорака утврдени во тендерската документација.
Дел III – Финансиска понуда
III.1. Вкупната цена на нашата понуда, вклучувајќи ги сите трошоци и попусти, без ДДВ, кој е искажан посебно, изнесува:
[со бројки] ( )[со букви] денари. Вкупниот износ на ДДВ изнесува .
III. 2. Детален приказ на вкупната цена на нашата понуда е даден во следнава листа на цени:
Листа на цени
1 | 2 | 3 | 4 | 6 | 7 | |
Назив | Единица мерка | Количина | Единечна цена без ДДВ | Вкупна цена без ДДВ (3*4) | ДДВ | |
Позиција 1 | парче | 5000 | ||||
Позиција 2 | парче | 5000 | ||||
Позиција 3 | парче | 200 | ||||
Вкупна цена на листата без ДДВ со бројки: | ||||||
Со зборови: |
III.3. Нашата понуда ваши за периодот утврден во тендерската документација. Се согласуваме со начинот на плаќање утврден во тендерската документација.
III. 4. Со поднесување на оваа понуда, во целост ги прифаќаме условите предвидени во тендерската документација.
Место и датум | Одговорно лице (потпис и печат) |
Прилог 2 – Изјава со која понудувачот потврдува дека ги исполнува критериумите за утврдување на личната состојба
И З Ј А В А
Под целосна материјална и кривична одговорност изјавувам дека понудувачот
[се наведува назив на понудувачот] во целост ги исполнува критериумите за утврдување на личната состојба на понудувачите утврдени во законот и во тендерската документација по огласот за доделување на договор за јавна набавка на стоки - подлоги на дипломи со печатење, објавен од страна на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје – Ректорат, со барање за прибирање на понуди и дека понудувачот ги има на располагање сите документи утврдени во тендерската документација за докажување на исполнувањето на овие критериуми, кои ќе му бидат доставени на договорниот орган доколку нашата понуда биде избрана за најповолна.
Место и датум | Овластено лице (потпис и печат) |
Прилог 3 – Изјава за сериозност на понудата
И З Ј А В А
Јас, долупотпишаниот [име x
презиме], врз основа на член 47 став 1 од Законот за јавните набавки, а во својство на овластено лице на понудувачот
, изјавувам дека во целост ја гарантирам содржината на понудата и дека понудата е xxxxxxx и правно обврзувачка за нас во сите нејзини делови до истекот на периодот на нејзината важност.
Исто така, изјавувам дека сум целосно свесен за последиците од прекршување на оваа изјава во случаите од член 47 став 6 од Законот за јавните набавки, што ќе доведе до издавање негативна референца од страна на договорниот орган против понудувачот во чие име и за чија сметка сум овластен да ја дадам оваа изјава.
Место и датум | Овластено лице (потпис и печат) |