Contract
Д О Г О В О Р
за користење на услугите на Сервисот за електронско и мобилно банкарство на Стопанска банка а.д. Битола
Склучен на ден помеѓу:
1.Стопанска банка а.д. Битола, ул. Xxxxxxxxx Xxxxxxxxxxxx бр. 21, со ЕМБС 5026377 (во натамошниот текст: Xxxxxxx) претставувана од претседателот на Управниот одбор д-р Xxxxxxxx Xxxxxxxxx како давател на услугите
2.
ул.
бр. со
ЕМБГ/ЕДБ (во натамошниот текст: имател ) претставувано од
, како корисник на услугите
Општи одредби Член 1
Со овој договор се регулираат меѓусебните права, обврски и одговорности за користење на услугите за електронско банкарство на Стопанска банка а.д. Битола со кој се овозможува електронски пренос на податоци помеѓу договорните страни. Општите услови за користење на услугите на Сервисот за електронско банкарство се составен дел на овој Договор.
Член 2
Со користење на сервисот за електронско банкарство на Корисникот му се овозможуваат следните услуги во согласност со законските прописи кои го регулираат платниот систем на Република Македонија:
o увид во состојбата, промените и изводот на сметките на корисник
o увид во состојба на кредитни картички
o увид во состојба на кредитна партија (кредит)
o увид во состојба на депозит
o пренос на средства од денарска трансакциска сметка на Клиентот кон други сметки во платниот промет во земјата
o достава на изводи во виртулено сандаче во електронското банкарство за правни лица
o достава на месечен извод за кредитни картички
o достава на различни известувања, документи, информации во виртуелно сандаче на клиетот на барање на клиент или по иницијатива на банкатаанката
o промена на лимити кај трансакциски сметки
o промена на лимити за картички (само за физички лица)
Со користење на сервисот за мобилно банкарство на Корисникот му се овозможуваат следните услуги во согласност со законските прописи кои го регулираат платниот систем на Република Македонија:
o увид во состојбата, промените на сметките на корисник
o увид во состојба на кредитни картички
o увид во состојба на кредитна партија (кредит)
o увид во состојба на депозит
пренос на средства од денарска трансакциска сметка на Клиентот кон други сметки во платниот промет во земјата
Член 3
Договорот се склучува врз база на претходно доставената Пријава за користење на усслугите на Сервисот за електронско банкарство формулирана од Банката, Договорот за отворање на трансакциска сметка на резидент/нерезиденти и членовите 3,4 и 12 од Законот за податоци во електронски облик и електронски потпис (Сл. Весник на РМ бр. 34/01,6/02, 98/08).
Член 4
На Корисникот му овозможува во стандардизирана структура на податоци да врши интеграција на податоци со сопствена апликација.
Права и обврски на Банката
Член 5
Банката се обврзува на Корисникот да му достави кориснички пакет со Прирачник за користење и инсталациона процедура која Корисникот сам ќе ја имплементира.
Член 6
Банката обезбедува стабилно функционирање на сервисот за електронско банкарство и безбедна комуникација само под услов Корисникот да го користи програмот согласно овој Договор и прирачникот за користење на електронското банкарство кое е составен дел на овој Договор.
Член 7
Банката се обврзува да:
- стави на располагање прирачник за користење на електронско банкарство
- обезбеди навремено извршување на сите правилно пополнети налози за плаќање доставени во рамките на предвидените рокови прикажани во Терминскиот план.
- пораката во електронски облик и електронски потпишана да ја проследи до адресата на лицето за кое е наменета, по претходно извршената проверка на авторизиран пристап.
- обезбеди тајност на податоците од работењето на трансакциската сметка во Банката
- обезбеди сигурност од неовластени упади во базата на податоци во
Банката
- ги испитува сите несогласувања или оспорувања врз основа на
поднесени електронски налози на кои ќе укаже Xxxxxxxxxx и да обезбеди релевантни информации и во зависност од нив да изврши потребни усогласувања и корекции.
Член 8
Банката ќе врши пресметка на трошоците настанати со користење на услугите за електронско банкарство во согласност со важечката Тарифа за наплата на услугите на Стопанска банка а.д. Битола.
Член 9
Банката се исклучува од секаква одговорност доколку Корисникот претрпи штета како последица на дејства и активности што не се во доменот на надлежности на Банката (виша сила, законски прописи, пречки во телекомуникационите врски и друго).
Права и обврски на Корисникот
Член 10
Корисникот за користењето на услугите по овој договор, се обврзува да достави до Банката Пријава за користење на услугите електронско банкарство на Стопанска банка а.д. Битола, која претставува составен дел на овој Договор.
Член 11
Корисникот се обврзува да обезбеди техничка опрема со комуникација, во согласност со конфигурацијата на техничката опрема на клиентот како и самиот пристап до интернет, кој претставува составен дел на овој Договор.
Член 12
Корисникот се обврзува да постапува во согласност со приложеното упатство и да обезбеди грижливо чување и заштита од неовластен пристап до податоците кои се составен дел на инсталираното програмско решение за работа со сервисот за електронско банкарство, во спротивно Банката нема да одговара за штетата и последиците кои би можеле да бидат предизвикани од тоа.
Член 13
Корисникот ја овластува Xxxxxxx да ја реализира пораката потпишана со електронски потпис.
Член 14
Корисникот се обврзува дека електронските налози и електронскиот потпис ги прифаќа како полноважни, неотповикливи и изедначени по важност и сила на доказ како своерачно потпишаните хартиени налози.
Член 15
Законскиот застапник на правното лице може да овласти професионално вработени во фирмата или надворешно лице кое со договор извршува сметководствени услуги за фирмата, да извршуваат дејствија, поточно да ги користат сите услуги за правното лице во денарскиот платен промет кај Банката.
Корисникот физичко лице може да даде овластување на друго физичко лице за да располага со неговата сметка на образец пропишан и издаден од Банката.
Овластувањата ќе се третираат на идентичен начин како и писмените овластувања кои корисникот ги депонирал во Банката.
Член 16
Корисникот може само писмено да го отповика или промени овластувањето за поедини овластени лица.
Банката веднаш по приемот на известувањето го менува или одзема овластувањето за користење на пријавата овластено лице.
Налозите кои се во постапка, припремени или потпишани од овластеното лице пред укинување на овластувањето, Банката ќе ги третира како исправни.
Член 17
Корисникот ја овластува Банката, трошоците за извршените услуги по овој договор да ги наплати од неговата сметка. Наплатата на трошоците за правните лица ќе се врши на крајот на календарскиот месец, додека пак наплатата на трошоците за физичките лица ќе се врши со секоја извршена трансакција.
Член 18
Корисникот е должен писмено да ја извести банката во случај на:
o поништување на овластувањата за користење на електронско банкарство
o губење на дигиталниот сертификат
o сознание дека некој неовластено поседува информации за дигиталниот сертификат, корисничкото име и/или лозинката на Корисникот
Доколку известувањето е направено по телефонски пат, потребно е истото да се потврди по писмен пат најдоцна до следниот работен ден.
Член 19
Корисникот има право на приговор во врска со работењето со сервисот за електронско банкарство. Приговорот треба да се достави во писмена форма за утврдени неправилности во работењето преку електронското банкарство во најкраток можен рок, а најдоцна во рок од 3 (три) дена по приемот на Извештај за промет и состојба на трансакциската сметка.
Член 20
Договорните страни се согласни дека Xxxxxxx може привремено да го блокира, да го исклучи, да го прекине користењето на електронското банкарство во платниот промет, или да го поништи сертификатот на корисникот во случај кога:
Xxxxxxxxxx ќе пријави дека го изгубил сертификатот или во случај истиот да е украден,
Xxxxxxxxxx ќе ја овласти Xxxxxxx да го прекине пристапот на одредени лица на кои тој им го укинал правото да ракуваат со дигиталниот сертификат,
доколку на било кој начин Xxxxxxx се посомнева дека трето лице неовластено располага со тајни информации во врска со дигиталниот сертификат,
Корисникот не се придржува кон одредбите на: овој Договор, Прирачникот за користење на сервисот за електронско банкарство, Договорот за отварање и водење на трансакциска сметка на резидент, за физички лица и Договорот за отворање на трансакциска сметка, за правни лица склучен помеѓу Банката и Корисникот и Законот за Платниот Промет.
во случај на поднесување на рекламација од страна на корисникот, при што Xxxxxxx врши анализи и проверки за извршените плаќања преку електронските сервиси на платниот промет.
во сите останати случаи каде постои сомневање за неовластен пристап во сигурносниот пакет на Корисникот односно на елементите на заштита на Банката
Извршувањето на блокада на сертификатот може привремено или трајно да го оневозможи понатамошно користењето на дигиталниот сертификат. Банката задржува дискреционо право да му овозможи на Корисникот повторно користење на електронско банкарство во платниот промет, со тоа што може да одлучи да му издаде нов сигурносен пакет, односно нов дигитален сертификат или корисничко име. Трошоците за издавање на нов дигитален сертификат ги сноси Корисникот.
Член 21
Важноста на договорот е 12 месеци сметано од денот на потпишувањето.
Во случај Xxxxxxxxxx да не достави писмено барање за раскинување на договорот најмалку 15 дена пред истекот на рокот на важност на договорот, истиот автоматски се продолжува на следниот период од 12 месеци.
Член 22
Корисникот врз основа на писмено барање доставено до Банката може еднострано да го раскине овој договор во секое време, доколку истото го најави пред 15 дена, со претходно измирени обврски кон Банката.
Член 23
Банката може еднострано и без отказен рок да го раскине договорот и да го исклучи Корисникот од сервисот за електронско банкарство доколку намерно или поради грубо невнимание предизвика неправилно работење на сервисот за електронско банкарство
и платниот систем како целина, како и поради неисполнување на обврските кои произлегуваат од овој договор. Член 24
Во случај на раскинување на договорот на било која од договорните страни, доставените платни налози потпишани со електронски потпис, со идна дата на извршување ќе се сметаат за неважечки.
Член 25
Со раскинување на овој договор престанува да важи користењето на услугите за сервисот за електронско банкарство на Стопанска банка а.д. Битола.
Член 26
Xxxxxxx ќе обезбеди заштита на личните податоци за Корисникот на сметката и овластените лица согласно законската регулатива. Личните податоци ќе се користат само за потребите на работењето со сметката, врз основа на согласност на субјектите и во случај и на начин предвиден со закон или друг пропис
Член 27
За се што не е предвидено со овој Договор важат одредбите од Законот за платен промет , Законот за облигациони односи, подзаконските акти и актите на Банката во кои е регулирана оваа област. Во случај на спор, договорните страни ќе се обидат истиот да го решaт спогодбено. Во спротивно надлежен е Основниот суд во Битола.
Член 28
Овој договор е изготвен во два еднообразни примероци, од кои по еден примерок за секоја договорна страна.
За Корисникот Стопанска банка а.д. Битола
Сигурносни препораки за корисниците на Ebank сервисот на Стопанска Банка а.д Битола
Стопанска банка а.д. Битола препорачува на своите корисници да ги применува следниве сигурносни мерки при користење на Ebank сервисот на банката :
Изберете сложена лозинка
Сложена лозинка се состои од најмалку осум знаци и содржи големи букви, мали букви, броеви и специјални знаци (!@#$). Изберете слoжена лoзинкауа за влез во Ebank системот. Што посложена лозинка толку потешко е да се погоди истата. Менувајте ги лозинките повремено. Не ја делете или кажувајте Вашата лозинка никому.
Инсталирајте сигурносен софтвер
Постојат злонамерни софтвери кои вршат снимање на податоците кои што ги внесувате преку вашата тастатура и периодично ги пракаат податоците до надгледувачот. За да се намили ризикот од крадење на Вашите податоци инсталирајте софтвер за интернет заштита кој обезбедува комплетна заштита од вируси и крадење на податоци.
Не отворајте линкови испратени на Вашата маил адреса
Xxxxxxx или нејзините вработени никогаш нема да ве прашуваат за Вашата лозинка или да Ви испратат маил во кој што ќе се бара внесување на Вашето корисничко име лозинка како и податоци за Вашата картичка. Банката за идентификација може да го побара само Вашето корисничко име но никогаш нема да ја побара Вашата лозинка.
При користење на Ebank сервисoт Стппанска банка а.д. Битола никoгаш нема да Ви побара да внесете Број на платежна картичка, ПИН или други лични податоци затоа што:
Користењето на сервисот не е поврзан со бројот на картичката или со Вашиот ПИН код.
Користењето на сервиост е воспоставен со Вас во сигурно контролирана постапка во која што Вие сте лично идентификувани каде што Вие се здобивате со кориснично име и лоизнка за првична најава од страна на банката.
Користење на безжичен интернет пристап, јавни компјутери
Избегнувајте користење на Ebank сервисот преку слободен безжичен интернет пристап каков што може да се сретне на аеродромите, шопинг центрите или рестораните. Користете безбеден интернет пристап што е обезбеден со Wi-Fi Protected Access (WPA) или WPA2.
Не пристапувајте до Ebank сервисот преку јавен компјутер. Доколку користите компјутер кој што се користи и од други лица секогаш одјавувајте се од Ebank системот
Пратете ги Вашите сметки и историјата на трансакциите
o Внимавајте на вашите сметки и историјата на трансакциите при користење на Ebank сервисот.
Користете го сервисот за СМС известување на Стопанска Банка а.д. Битола со што мометално ќе добивате смс известување за секоја направена трансакција од Вашата сметка.
Стопанска Банка ад Битола
Техничка поддршка : 02/3087-293; 02/3087-294; е-пошта: xxxxx@xxxxx.xx