ЗА ПОСЕТУВАЊЕ ТРЕНИНЗИ ПО AERIAL STRETCHING
ДОГОВОР
ЗА ПОСЕТУВАЊЕ ТРЕНИНЗИ ПО AERIAL STRETCHING
Склучен на ден година., помеѓу
1. БУЛЛФРОГС ПРОДУЦТИОН ДООЕЛ – СКОПЈЕ, со седиште на ул. Миле Поп Јорданов бр.68 кула 12, 1000 Скопје, Р.Македонија, со ЕДБ 4058009500688 и ЕМБС 6462979 т.с. 380177075607144 Прокредит Банка, застапувано од управителот Xxxxxxxxxx Xxxxxxxxxxxx, (во понатамошниот текст како Училиштето),
2. , (име и презиме на родителот) со ЕМБГ (на родителот) и со адресана
живеење родител/старател на
во понатамошниот текст: Родител)
Член 1
Предмет на договорот
Предмет на овој договор е давање услуга на тренинзи по Aerial stretching, како
и развој на личноста на децата и младите преку однапред изготвени едногодишни програми и планови кои се детално опишани во програмата на Буллфрогс Продуцтион.
Училиштето се обврзува дека, професионално, совесно, одговорно, во согласност со работните планови на училиштето, ќе го образува ученикот во областа, балетско образование и уметност.
Родителот ја прифаќа образовната програма на училиштето, односно работните задачи, а истите се достапни на веб станата xxx.xxxxxxxx.xx.
Овој договор, се потпишува при запишувањето на ученикот и трае се додека не се изврши отпишување на истиот, по претходно барање на родителот или законскиот старател. Согласно дека, училиштето не работи во период од 16.06. до 31.08. секоја година, овој договор продолжува да важи и во следната сезона. Доколку, во периодот наведен погоре или периодот кога не се одржува настава, родителот или законскиот старател донесе одлука за отпишување на ученикот, истиот треба да го извести училиштето најдоцна еден месец пред почетокот на следната сезона или до 01.08 секоја тековна година.
Член 2
Период на настава
Со потпишувањето на договорот и пополнување на онлајн формуларот за регистрација, родителот го запишува детето во програмата предвидена за него во соодветното ниво кое го одредило училиштето по посета на демо часот или во ниво
(пополнува Училиштето).
Спроведувањето на програмата ќе се изведува во два семестри. Првиот семестар започнува од 01 септември до 31 јануари секоја тековна година. Вториот семестар започнува од 01 февруари и трае до 15 јуни секоја тековна година. Xxxxxxxxx Xxxxxxxxxx во месец мај ги обработува часовите од втората половина на месец јуни, како би можел вториот семестар да се затвори на 15 јуни. Овие часови се обработуваат
со цел целосно да биде реализирана програмата во времетраење од 10 месеци. Во правилникот кој го добивате во прилог на овој договор, се наведени точните датуми за обработување на наставата. Агендата за точното време на обработка на часовите во месец мај, родителот ја добива по електронски пат, најдоцна до 01.04 во тековната година. Доколку, родителот не го извести училиштето, дека ученикот нема да ги посетува часовите во месец мај (за месец јуни) пред почетокот на тековниот месец, училиштето ќе смета дека ученикот ќе биде присутен и истото ќе го наплати по редовната цена за месечниот надомест.
Буллфрогс Продуцтион нема да работи на националните празници, согласно со законските прописи во РМ. Активностите ќе се одржуваат во текот на работната недела, согласно со терминот кој е впишан во апликацијата.
Xxxxxxxxx Xxxxxxxxxx нема да работи од 31.12. до 07.01. секоја тековна година.
Член 3
Организација на возрасните групи
Наставната програма и план за тековната година ќе се спроведува на неколку нивоа и групи поделени според критериумот на балетско искуство и возраст на децата. Во зависност од понатамошниот напредокот на детето не се зема во предвид возраста, туку талентот.
Член 4
Права и обврски на корисникот на услугите
За времетраење на овој договор договорените страни се согласни дека ученикот има право на отсуство од закажаниот час во случај на здравствен проблем или било која друга причина, која родителот ќе ја оправда писмено или исклучиво по електронски пат.
Според договорот ученикот има право на користење на салата за балет, гардеробата во училиштето за балет, како и на реквизитите во неа. Со овој договор ученикот има право да учествува во дел од организираните настапи, претстави во организација на училиштето со претходен договор со родителот, каде училиштето ќе одлучи за негово учество.
Ученикот е должен да користи соодветна опрема за балет предвидена од училиштето, која ќе ја добие од Xxxxxxxxx Продуцтион и нема истата да ја користи во надворешни услови (под ова се подразбира дека во салата за балет се влегува исклучиво со чисти балетски патики, балетско трико, xxxxxxxxx во соодветна боја предвидена според групата и балетски уредно собрана коса), со што се обврзува да ја задржи хигиената во балетското училиште. Балетската опрема е задолжителна која треба да се набави во училиштето (за нови ученици). Секој ученик е обврзан да има соодветна балетска опрема.
Родителот, односно законскиот старател на ученикот, е должен да го донесе ученикот
15 минути пред почетокот на часот. Родителот, односно законскиот старател на ученикот, е должен доколку ученикот направи некоја материјална штета, истиот да се договори со училиштето за финансиско надоместување на истата.
Родителот, односно законскиот старател на ученикот, се обврзува дека за времетраење на овој договор ќе се придржува на правилата на работа во балетската екипа, плановите
и термините на часови, утврдени со планот и програмата на часовите и дека во се ќе постапува според одлуките и упатствата кои родителот, односно законскиот старател на ученикот, ги добива при уписот во училиштето.
Родителот, односно законскиот старател на ученикот, се обврзува дека за времетраење на овој договор ќе ја почитува забраната од страна на училиштето за фотографирање и видео снимање на тековните часови и истите да ги објавува на било какви социјални мрежи, особено на останатите ученици, без претходна дозвола од училиштето и законските старатели на останатите ученици.
Член 5
Права и обврски на давателот на услугите
Училиштето се обврзува професионално, совесно и одговорно во согласност со плановите на балетското училиште, да го пренесува знаењето на ученикот, максимално толерантно, без навреди, без физичко насилство и да одржува редовна настава.
Училиштето се обврзува, во случај педагогот да отсуствува од час и да не може да одржи настава поради здравствен проблем или било каков друг проблем, дека ќе обезбеди соодветен кадар кој ќе го замени педагогот кој отсуствува, а воедно се обврзува доколку часот се откаже истиот да биде надополнет во термин кој ќе биде дополнително закажан.
Училиштето се обврзува да одржува беспрекорна хигиена во просториите каде се одржуваат часовите за балет, како и навремено да го известува родителот за било какви настанати промени во тековната наставна програма.
Училиштето има право да користи фотографии, видео записи и останат рекламен материјал со ликот на ученикот, но при тоа секој рекламен материјал ќе биде заштитен со логото на училиштето и ќе се користи исклучиво за неговите потреби.
За време на часовите доколку ученикот се пожали на било каков здравствен проблем, училиштето е должно веднаш да го извести родителот.
Училиштето се обврзува дека нема да користи алкохол, дрога и други наркотични средства за време на работа, ниту пак да доаѓа на работа под дејство на истите.
Во случај на потреба од асистенти во работата, училиштето се обврзува да најде соодветен кадар за тоа, кој ќе ги има истите обврски како балетскиот педагог.
Училиштето се обврзува да во сопствените организирани настапи и претстави да обезбеди соодветен костим за ученикот, за кој треба парично да надомести родителот, односно законскиот старател на ученикот, а по претставата или настапот родителот има право да го задржи.
Училиштето се обврзува да го почитува времетраењето на часот и да ги почитува правата и обврските на ученикот.
Член 6
Паричен надомест
За часовите по балетска уметност, родителот, односно законскиот старател на ученикот со кој е склучен овој договор е должен за цело времетраење на договорот да исплаќа месечен паричен надомест на училиштето, во бруто износ од денари со пресметано ДДВ од 18%.
Доколку родителот, односно законскиот старател на ученикот го извести овластеното лице на училиштето дека ученикот би отсуствувал од сите закажани редовни часови во тековниот месец, но исклучиво пред почеток на тековниот месец, истиот е должен да уплати половина од определениот месечен надомест во став 1 на овој член, односно бруто износ од денари со пресметано ДДВ од 18% на истиот.
Во секој друг случај и со присуство на само дел од редовните часови во тековниот месец родителот, односно законскиот старател на детето е должен да го уплати целиот износ определен во став 1 на овој член.
Паричниот надомест родителот, односно законскиот старател на ученикот е должен да го уплати најдоцна до 10-тиот ден во тековниот месец, по издадена фактура од страна на училиштето. Горенаведениот износ се однесува за месечната работа на училиштето.
Во случај на задоцнето плаќање на износот определен во став 1 и став 2 на овој член, Буллфрогс Продуцтион има право да пресмета и наплати законска казнена камата во висина на Референтната стапка на НБРМ што важела за секое полугодие на последниот ден од полугодието што му претходело на тековното полугодие зголемена за осум процентни поени сметана од истекот на рокот за уплата утврден во член 6 став 4 од овој договор до конечната исплата.
Доколку родителот, односно законскиот старател на ученикот го извести овластеното лице на училиштето дека сака да го раскине овој договор со училиштето, истото може да го направи по електронски пат во период од 1 септември до 30 април во текот на годината. Од причина што, училиштето не е можност да запишува нови ученици во месец мај и јуни во тековната година, истото и не извршува отпишување, но не се исклучува можноста за најава на отсуство од наставата во тековниот месец. Според наведеното, доколку родителот го извести училиштето за отсуство, училиштето изготвува фактура кон родителот со 50% од месечниот надомест, според навремената информација примена преку електронски пат пред почетокот на тековниот месец. Во спротивно родителот има обврска да ја исплати фактурата во полн износ. За наставата за месец јуни или обработувањето на наставата во месец мај, родителот, односно законскиот старател на ученикот е должен да го извести училиштето најдоцна до 30 април во тековната година доколку ученикот отсуствува од наставата цел тековен месец, во спротивно училиштето изготвува фактура во полн износ наведена во овој договор.
Во случај на неисполнување на обврската на родителот, односно на законскиот старател на ученикот, во смисла на месечна уплата на надоместокот утврден во член 6 став 1 и 2 на овој договор, училиштето има право да го раскине договорот и исплатата на истите да ја побарува по судски пат пред надлежен нотар и надлежен суд.
Член 7
Останати и завршни одредби
Овој договор стапува на сила со денот на негово потпишување од страна на двете договорни страни. Сите евентуални измени или дополнувања на договорот ќе бидат дефинирани меѓу договорните страни со анекс на договорот во писмена форма.
Сите евентуално настанати спорови од овој договор странките ќе ги решаваат спогодбено, во спротивно надлежен ќе биде Основен суд Скопје 2 Скопје. Договорот е составен во два еднакви примероци од кои по еден примерок за секоја договорна страна.
БУЛЛФРОГС ПРОДУЦТИОН ДООЕЛ СКОПЈЕ
Родител
6