Contract
Наш број: Скопје, година
РАМКОВЕН ДОГОВОР
ЗА ОТВОРАЊЕ И ВОДЕЊЕ ПЛАТЕЖНА СМЕТКА СО ОСНОВНИ ФУНКЦИИ И ДАВАЊЕ ПЛАТЕЖНИ УСЛУГИ
I. СТРАНИ НА ДОГОВОРОТ
1. УНИВЕРЗАЛНА ИНВЕСТИЦИОНА БАНКА АД Скопје, со седиште на ул. „Xxxxxx Xxxxx“ xx.0, Xxxxxx, со ЕМБС: 4646088 и ЕДБ: 403099322736, број на сметка: 240000000000126, свифт адреса: UIBMMK22, веб-страница: xxx.xxxxxxx.xx, е-пошта: xxxxxxx@xxxxxxx.xxx.xx, телефон за контакт: 02 3 111-111.
Надлежен орган за надзор на Банката е Народната Банка на Република Северна Македонија. (во понатамошниот текст: Xxxxxxx) x
2. Име и презиме:
, адреса на живеење:
, ЕМБГ:
----, контакт е-маил: ---------------------------------, контакт телефон: --------------------------------- (во понатамошниот текст: Потрошувач).
II. ПРЕДМЕТ НА ДОГОВОРОТ
1. Банката и Потрошувачот кој има законско престојувалиште во Република Северна Македонија и Потрошувач на кој му е одбиено барање за престој и чие напуштање на РСМ не е можно поради поради правни или други практични причини, а нема отворено платежна сметка во Банката или во друга банка врз основа на негово барање му овозможува отворање и користење на платежна сметка со основни функции во денари согласно законските прописи во РСМ.
2. Банката е должна врз основа на барање на Потрошувачот да му отвори платежна сметка со основни функции веднаш, не подоцна од 10 (десет) работни дена од приемот на барањето со склучување на рамковен договор. Кон барањето Потрошувачот потпишува изјава под полна морална и материјална одговорност дека нема отворено платежна сметка во денари во Банката или кај друг даватаел на платежни услуги во РСМ. Xxxxxxx ја отвора сметката со број и управува со истата од името и за сметка на Потрошувачот по подолу наведените услови.
3. За малолетни лица и лица со одземена/без деловна способност, платежна сметка со основни функции може да отвори законски старател, односно старател определен од надлежен орган/суд.
4. Врз основа на доставено барање, Општите услови за користење на платежни услуги и овој договор, Банката на Потрошувачот му отвора платежна сметка со основни функции. Платежната сметка со основни функции се користи за извршување на платежни трансакции, се отвора и гласи во денари и истата не може да се користи во пакет со други услуги.
III. УСЛОВИ НА СМЕТКАТА
5. Банката има обврска да организира водење на сметката и да обезбеди платежни услуги согласно позитивните законски прописи. Платежната сметка со основни функции на Потрошувачот му овозможува иницирање и извршување на платежни трансакции во работните простории на Банката и/или онлајн доколку е предмет на понуда од страна на Банката. Платежната сметка со основни функции на Потрошувачот му овозможува извршување на неограничен број на операции.
6. Банката не смее да договори дозволено пречекорување на сметката за платежни услуги со основни функции.
7. Xxxxxxx не пресметува и не наплатува надоместок доколку Потрошувачот и припаѓа на групата на корисници на следниве законски права:
• законска издршка, надоместок на штета настаната поради нарушување на здравјето или намалување, односно губење на работната способност и надоместок на штета за загубена издршка поради смрт на давачот на издршката;
• надоместок поради телесно оштетување според прописите за инвалидското осигурување;
• парична помош од социјална заштита;
• привремена невработеност;
• додаток на деца и
• стипендија, кредит и помош на ученици и студенти.
8. Банката на Потрошувачот потписник на овој договор и на Потрошувачите од член 7 на овој Договор им дозволува извршување на минимум 5 (пет) бесплатни интерни кредитни трансфери и платни налози, доколку се иницирани кон платежна сметка на примач во Банката извршени на шалтерите во работните простории или преку е-банкарство, а другите надоместоци врз основа на прифатената Тарифа на надоместоци и провизии на Банката.
9. Потрошувачот има обврска да ги почитува Општите услови за користење на платежни услуги, овој договор и позитивните законски прописи. Потрошувачот изјавува дека со потпишување на овој Договор ги примил и се
согласни со Општите услови за користење на платежни услуги, важечката Тарифа на надоместоците и провизии на Банката и Поимникот кои се составен дел на овој Договор.
10. Потрошувачот има обврска ја извести Банката, во писмена форма, за настанатите статусни и други промени (промена на податоците и рок на важност во документ за идентификација), како и измени на лицата кои се овластени да располагаат со сметката, во законски предвидените рокови, а најмалку веднаш после истекот на рокот на важноста на документот за идентификација.
11. Потрошувачот од точка 7 на овој договор се обврзува редовно да ја известува Банката за својот статус, а во случај на губење на истиот должни се веднаш писмено да ја извести Банката.
12. Потрошувачот може да бара трансформирање на платежна сметка во платежна сметка со основни фукнции или на платежната сметка со основни функции во платежна сметка во Банката. При трансформирањето Банката ги спроведува неопходните промени во договорниот однос, пришто ја задржува постоечката единствена идентификациска ознака на платежната сметка. За трансформирање на платежната сметка Xxxxxxx не наплатува надоместок.
13. По ваквото доставено барање Банката одлучува во рок од 10 (десет) работни дена.
IV. ЗАТВОРАЊЕ НА СМЕТКАТА
14. Сметката се затвара:
• по барање на имателот на сметката;
• врз основа на судско решение;
• по налог на надлежен орган;
• согласно законска регулатива и
• по проценка на Банката.
При затворање на сметката по барање на Корисникот, затворањето се врши со посебно писмено барање доставено во Банката.
V. ПЛАТНИ НАЛОЗИ
15. Потрошувачот доставува налози во Банката исклучиво по пропишана содржина и форма согласно регулативата која се применува за денарските плаќања. Банката ги извршува платните налози под услови предвидени во Општите услови за користење на платежни услуги и ЗПУПС и применливите подзаконски акти вклучително и прописите од областа на девизното работење.
16. Банката може да прифаќа налози од Корисникот по електронски пат, преку платен инструмент или преку други средства за далечинска комуникација само доколку тоа е изрично договорено помеѓу Банката и Корисникот во посебен договор.
V. ВАЖЕЊЕ, ИЗМЕНА И РАСКИНУВАЊЕ НА ДОГОВОРОТ
17. Потрошувачот може да го раскине овој договор и да ја затвори платежната сметка во секое време.
18. Банката може еднострано да го раскине договорот доколку постои сомневање за намерата на отворање на сметката, Корисникот доставил неточни информации, отворил сметка кај друг давател на платежни услуги и слично, а врз основа на законските прописи. Ваквото едностраното раскинување од страна на Банката стапува на сила веднаш.
19. Банката може еднострано да го раскине договорот во случај кога постои сомневање дека потрошувачот со намера ја користел платежната сметка со основни функции за незаконски цели и доколку потрошувачот доставил неточни информации заради отворање на платежната сметка со основни функции и раскинувањето на договорот стапува на сила веднаш.
20. Во случај кога раскинувањето на договорот настапува поради други причини наведени во ЗПУПС, Xxxxxxx е должна да го извести Потрошувачот без надомест, писмено или по електронски пат најмалку 2 (два) месеци пред раскинувањето да стапи во сила.При ваквото раскинување на договорот Банката може да договори со Потрошувачот, статусот на постоечката платежна сметка со основни функции да премине во платежна сметка, без истата да се затвори. Банката позитивното салдо на парични средства ги пренесува на евиденциска сметка со посебна намена.
21. Банката има право да ја задолжи сметката на Потрошувачот согласно законските прописи и договорни овластувања дадени од страна на Потрошувачот. Банката, согласно законските прописи, ќе спроведува Решенија за присилна наплата на товар на сметката на Потрошувачот.
22. Со потпишување на овој договор Потрошувачот се согласува доколку отвори платежна сметка со основни функции во друга банка, Банката да може сметката од овој договор да ја трансформира во платежна сметка.
V. ВОДЕЊЕ НА КОРЕСПОДЕНЦИЈА МЕЃУ БАНКАТА И ПОТРОШУВАЧОТ
23. Изводите од сметката и другите документи поврзани со истата се даваат исклучиво на Потрошувачот или на ополомоштеното лице. Банката е должна на барање на Потрошувачот изводот да му го достави на хартија или на друг траен медиум најмалку еднаш месечно без надоместок.
24. За сѐ што не е предвидено со овој Договор, ќе се применуваат законските прописи и актите на Xxxxxxx.
25. Во случај на спор по овој договор, надлежен ќе биде судот во Скопје.
26. Овој договор, се склучува на неодредено време. Договорот за потрошувачите од точка 7 се склучува на определен временски период, односно сѐ до моментот на губење на статусот определен во Законот за платежни услуги и платни системи.
27. Договорот се составува во 2 (два) примероци, по 1 (еден) примерок за двете страни потписнички на истиот.
Прилог кон овој договор се: -Општите услови за користење на платежни услуги, -Важечката Тарифа на надоместоците и провизиите на Банката -Листа на најрепрезентативни услуги* -Поимник. Банка | Потрошувач |
УНИВЕРЗАЛНА ИНВЕСТИЦИОНА БАНКА АД Скопје |
*Согласно член 223 став 3 од ЗПУПС се применува од 20.07.2023 година.
ЗП 7.5.1 ПСОФ-03/2023