ОТВОРЕНА ПОСТАПКА БРOJ 11/2017
ЦАРИНСКА УПРАВА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
ОТВОРЕНА ПОСТАПКА БРOJ 11/2017
ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДОГОВОР ЗА ЈАВНА НАБАВКА НА ЛЕТНА И ДЕЛОВИ ОД ЗИМСКА СЛУЖБЕНА ОБЛЕКА ЗА ЦАРИНСКИТЕ СЛУЖБЕНИЦИ
РАСПОРЕДЕНИ НА РАБОТНИ ЗАДАЧИ ВО ЦАРИНАРНИЦИТЕ И ОДДЕЛЕНИЕТО ЗА ИСТРАГИ
ТЕНДЕРСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА
ЗА ОТВОРЕНА ПОСТАПКА КОЈА СЕ СПРОВЕДУВА ПРЕКУ ЕСЈН И ЗАВРШУВА СО Е- АУКЦИЈА
Скопје, Јули 2017 годинa
ПОКАНА ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ ПОНУДА
Почитувани,
Договорниот орган Царинска управа на Република Македонија, со адреса на ул.,,Лазар Личеноски’’ бр.13, 1000 Скопје, телефон за контакт 3 116 188 и 3 171 779 електронска пошта: xxxxx.xxxxxxx@xxxxxxx.xxx.xx и xxxxxxx.xxxxxxxxx@xxxxxxx.xxx.xx, има потреба од јавна набавка на летна и делови од зимска службена облека за царинските службеници распоредени на работни задачи во царинарниците и одделението за истраги, согласно спецификацијата во прилог на тендерската документација.
За таа цел, договорниот орган спроведува отворена постапка за доде-лување на договор за јавна набавка на стоки, во согласност со член 21 од Законот за јавните набавки („Службен весник на Република Македонија“ бр. 27/15, 78/15, 192/15, 27/16 и 120/16„)за што објави оглас број 11/2017.
Ве молиме да ни ја доставите Xxxxxx понуда за горенаведениот пред-мет на договор за јавна набавка најдоцна до 26.09.2017 година, во 11:00 часот (по локално време) исклучиво преку ЕСЈН, притоа следејќи ги упатствата дадени во “Прирачник за користење на ЕСЈН“ објавен на истата веб адреса во делот "Економски оператори".
Со оваа покана Ви доставуваме тендерска документација која ги содржи сите информации кои ќе Ви помогнат за изработка на понудата. Тендерската документација се состои од следните делови: инструкции за економските оператори, техничка спецификација, задолжителни одредби што ќе ги содржи договорот за јавна набавка, образец на понудата, изјава за сериозност на понудата, изјава за независна понуда, образец на листа на доверливи информации, образец на општи информации и модел на договор.
Понудата испратена преку ЕСЈН треба да биде електронски потпиша-на од страна на економскиот оператор со користење на дигитален серти-фикат1. Во хартиена форма може да се поднесе исклучиво документација во нестандарден формат и големина пред крајниот рок за поднесување на пон-удите, доколку истите се преобемни за скенирање и прикачување на ЕСЈН.
Oтворањето на понудите се врши електронски преку ЕСЈН и истото ќе биде јавно и ќе се одржи на 26.09.2017 година, во 11:00 часот.
Однапред Ви благодариме на соработката.
Во Скопје 21.07.2017 година | Царинска управа на Република Македонија |
1 Електронско средство во кое се јавува електронскиот потпис и кое го заменува своерачниот потпис.
I. ИНСТРУКЦИИ ЗА ЕКОНОМСКИТЕ ОПЕРАТОРИ
1. ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ
1.1 Дефиниции
1.1.1 Одредени поими употребени во оваа тендерска документација го имаат следново значење:
- „Договор за јавнa набавкa“ е договор од финансиски интерес склучен во писмена форма меѓу договорниот орган од една страна и носителот на набавката од друга страна, а чиј предмет е изведу-вање на работи , испорака на стоките или обезбедување на стоки кои претставуваат предмет на договорот;
- „Постапка за доделување на договор за јавна набавка“ е постапка што ја спроведува договорниот орган, чија цел или дејство е купување или стекнување на стоки, стоки или работи;
- „Отворена постапка“ е постапка во која секој економски оператор има право да поднесе понуда;
- „Електронска аукција“ е повторлив процес на негативно наддава-ње кој се реализира по првична целосна евалуација на понудите, во кој понудувачите имаат можност, исклучиво со користење на електронски средства, да ги ревидираат дадените цени или да подобрат одредени елементи од понудата, така што рангирањето се врши автоматски со помош на електронски средства;
- „Тендерска документација“ е збир на документи, информации и услови кои претставуваат основа за изготвување, доставување и оценување на пријавата за учество, односно понудата;
- „Техничка спецификација“ е збир на технички услови, прописи, препораки и стандарди со кои детално се дефинираат минимал-ните барања од технички аспект кои стоките, стоките или рабо-тите предмет на договорот за јавна набавка треба да ги задоволат;
- „Економски оператор“ е секое физичко или правно лице или група на такви лица кои на пазарот нуди стоки, стоки или работи;
- „Поврзан економски оператор“ е економски оператор:
▪ врз кој економскиот оператор со кој е поврзан има доминантно влијание,
▪ кој има доминантно влијание врз економскиот оператор со кој е поврзан или
▪ кој заедно со економскиот оператор со кој е поврзан е предмет на доминантно влијание од страна на трет суб-јект;
- „Доминантно влијание“ е кога:
▪ едниот економски оператор директно или индиректно е сопственик на повеќе од половина од капиталот во дру-гиот економски оператор и на тој начин го контролира мнозинството гласови врз основа на акциите или уде-лите издадени од страна на другиот економски оператор и може да назначи повеќе од половина членови во орга-ните на управување или во надзорниот одбор на другиот економски оператор или
▪ постои роднинска поврзаност помеѓу основачите на два-та економски оператори до втор степен;
- „Понудувач“ е секој економски оператор кој поднел понуда;
- „Понуда“ е предлог од понудувачот изготвен врз основа на тендер-ската документација и претставува основа за доделување на дого-ворот за јавна набавка;
- „Техничка понуда“ е дел од понудата со која се докажува исполну-вањето на поставените технички барања и услови од тендерската документација;
- „Финансиска понуда“ е дел од понудата во кој се содржани пону-дените цени согласно со условите од тендерската документација;
- „Алтернативна понуда“ е понуда со која се нудат поинакви карак-теристики на предметот на договорот за јавна набавка од оние утврдени во тендерската документација;
- „Носител на набавката“ е понудувач или група на понудувачи кои склучиле договор за јавна набавка;
- „Евалуација на понуда“ е оцена на поднесена понуда во постапката за доделување на договор за јавна набавка;
- „Прифатлива понуда“ е понуда која е поднесена во утврдениот рок и за која е утврдено дека во потполност ги исполнува сите барања од тендерската документација и техничките спецификации и одговара на сите критериуми, условите и евентуалните барања за способноста на понудувачите;
- ,,Соодветна понуда“ е прифатлива понуда која е во рамки на из-носот што го утврдил договорниот орган со одлуката за јавна на-бавка или што може да го дообезбеди согласно со член 28 став (4) од Законот за јавните набавки;
- „Одговорно лице“ е функционер кој раководи со државен орган, градоначалник на единицата на локалната самоуправа или ди-ректор на правно лице, односно лице овластено од него;
- „Електронски средства“ е користење на електронска опрема за обработка и чување на податоци (вклучувајќи и дигитална ком-пресија), кои се пренесени, испорачани и примени преку кабелски, радио или оптички средства или преку други електромагнетни средства;
- „Електронски систем за јавни набавки - ЕСЈН“ е единствен ком-пјутеризиран систем достапен на интернет, кој се користи со цел да се овозможи поголема ефикасност и економичност во областа на јавните набавки;
- „Писмено или во писмена форма“ e секој израз кој се состои од зборови или бројки кои можат да се прочитаат, умножат и допол-нително да се соопштат, како и информации кои се пренесуваат и чуваат со помош на електронски
средства под услов сигурноста на содржината да е обезбедена и потписот да може да се идентифи-кува;
- „Профил на економски оператор“ е функционалност на Електрон-скиот систем за јавни набавки со која се олеснува докажувањето на исполнетоста на одредени критериуми за утврдување способност од страна на регистрираните економски оператори.
1.2 Договорен орган
1.2.1 Договорен орган е Царинска управа на Република Македонија, со седиште на адреса: xx. ,,Лазар Личеноски” бр.13, 1000 Скопје, телефон: 0 000 000 и 0 000 000, електронска пошта: xxxxx.xxxxxxx@xxxxxxx.xxx.xx и xxxxxxx.xxxxxxxxx@ xxxxxxx.xxx.xx, електронска адреса:xxxx@xxxxxxx.xxx.xx.
1.2.2 Лица за контакт кај договорниот орган се Весна Змајшек и Xxxxxxx Xxxxxxxxx, телефон:0 000 000, електронска пошта:vesna.zmajsek@customs. xxx.xx и xxxxxxx.xxxxxxxxx@xxxxxxx.xxx.xx .
1.3 Предмет на договорот за јавна набавка
1.3.1 Предмет на договорот за јавна набавка е набавка на летна и делови од зимска службена облека за царинските службеници распоредени на работни задачи во царинарниците и одделението за истраги. Детален опис на предметот на договорот е даден во техничката спецификација во прилог на оваа тендерската документација и истата е составен дел на тендерската документација.
1.3.2 Предметот на договорот е делив на делови и тоа: ДЕЛ 1 – Летна службена облека
ДЕЛ 2 – Амблем, ознака на чинови и навлака идентификациона картичка
ДЕЛ 3 – Зимски и летни обувки, ремен и тактички ремен
ДЕЛ4 – Маици со долги и кратки ракави и поло-маици
ДЕЛ 5 - Џемпери, плетени ракавици, плетен шал и плетена капа
Понудувачот може да даде понуда за еден, повеќе или за сите делови од предметот на договорот за јавна набавка. Понудувачот не може да ги дели составните елементи на поединечниот дел. За секој поединечен дел од предметот на договорот ќе се спроведе посебна електронска аукција преку електронскиот систем за јавни набавки (xxxxx://xxx.x-xxxxxxx.xxx.xx). Пред-мет на секоја аукција ќе биде вкупната цена вклучувајќи ги сите трошоци и попусти и увозни царини, без ДДВ за секој дел од предметот на договорот за јавна набавка.
1.4 Вид на постапка за доделување на договор за јавна набавка
1.4.1 Договорот за јавна набавка ќе се додели со примена на отворена постапка, која ќе заврши со електронска аукција како последна фаза во постапката.
1.4.2 Оваа постапка ќе се спроведува со користење на електронски средства преку Електронскиот систем за јавни набавки (ESJN) (xxxxx://xxx.x-xxxxxxx.xxx.xx).
1.4.3 Подетални информации за користењето на електронски сред-ства: За да можете да учествувате во постапката, потребно е да се регистри-рате во ЕСЈН и да поседувате дигитален сертификат. Економскиот оператор се регистрира во ЕСЈН со пополнување на регистрациска форма која е соста-вен дел од ЕСЈН2, по што ЕСЈН автоматски ги обработува податоците од реги-страциската форма, генерира шифра и истата ја доставува на регистри-раната електронска пошта на економскиот оператор. Повеќе информации за начинот на регистрација и користење на системот ќе најдете во Прирач-никот за користење на ЕСЈН наменет за економски оператори, кој можете да го преземете од почетната страна на ЕСЈН во делот „Економски оператори“.
1.4.4 Подетални информации за електронската аукција: Договорниот орган ќе користи електронска аукција како последна фаза во отворената постапка. Предмет на електронската аукција е вкупната цена вклучувајќи ги сите трошоци и попусти и увозни царини, без ДДВ. Почетна цена на елек-тронската аукција е најниската цена од прифатливите понуди поднесени во првичната фаза од постапката. Поканите за учество на аукцијата ќе се достават во електронска форма преку ЕСЈН по целосната евалуација на пр-вичните понуди, до сите економски оператори кои доставиле прифатливи понуди во првата фаза од постапката и кои се регистрирани во ЕСЈН.
Поканата за учество на аукцијата ќе биде електронски испратена во поштенското сандаче на корисничкиот профил на ЕСЈН, на лицето кое ќе поднесе понуда за соодветната постапка по електронски пат.
Во поканата за учество на аукцијата ќе бидат содржани следниве податоци: почетната цена на аукцијата, односно најниската цена од првично
поднесените понуди, датумот и часот на започнување и завршување на аук-цијата, интервалот во кој ќе се спроведува негативното наддавање (минимал-на и максимална разлика во понудени цени).
Доколку е поднесена само една понуда или само една прифатлива по-нуда, договорниот орган ќе го покани единствениот понудувач да поднесе конечна цена преку ЕСЈН. Во поканата за поднесување конечна цена се содр-жани следниве податоци: идентификување на делот на понудата кој ќе биде предмет на поднесување конечна цена, информации кои ќе му бидат дос-тапни пред поднесувањето на конечната цена и временскиот период за под-несување конечна цена. Единствениот понудувач ја поднесува конечната це-на во утврденото време само еднаш, а доколку не поднесе конечна цена, пр-вично понудената цена ќе се смета за конечна.
1.5 Посебни начини за доделување на договорот за јавна набавка
1.5.1 Оваа постапка ќе заврши со доделување на договор за јавна набавка, односно нема да се користи посебниот начин за доделување на договорот со рамковна спогодба.
1.5.2 Oваа постапка ќе заврши со спроведување на електронска аукција.
1.6 Применливи прописи
1.6.1 Оваа постапка се спроведува согласно со Законот за јавните на-бавки („Службен весник на Република Македонија“ број 27/2015, 78/2015 , 192/15, 27/16 и 120/16 ) и донесените подзаконски акти.
1.6.2 При подготовка на својата понуда, понудувачот треба да ги има предвид важечките прописи од областа на даноците и другите јавни давач-ки, работните односи,
2 Линк „Регистрирај се“ во делот „Економски оператори“ на почетната страна на ЕСЈН
работните услови и заштитата при работа и прописите кои ја регулираат материјата која е предмет на набавка.Сите прописи може да се најдат во соодветните изданија на Службен весник на Република Ма-кедонија. Дополнителни податоци во однос на важечките прописи од горе-наведените области, понудувачот може да добие од Управата за јавни при-ходи, Царинската управа и Министерството за финансии (за даноците и дру-гите јавни давачки), Министерството за труд и социјална политика (за ра- ботните односи, работните услови и заштитата при работа).
1.7 Извор на средства
1.7.1 Средствата за реализација на договорот за јавна набавка кој е предмет на оваа постапка ќе се обезбедат од Буџетот на Република Македо-нија/ Царинска управа на Р.Македонија.
1.8 Право на учество
1.8.1 Економскиот оператор кој има една или повеќе негативни рефе-ренци, групата економски оператори во која членува економски оператор кој има негативна референца, како и економскиот оператор кој претставува поврзано друштво со економскиот оператор кој има негативна референца, нема право на учество.
1.8.2 Право да достави понуда има секое заинтересирано домашно и странско правно и физичко лице - понудувач, кое е регистрирано за вршење на дејноста поврзана со предметот на договорот за јавна набавка и кое прев-зело тендерска документација објавена од договорниот орган.
1.8.3 Право да достави понуда има и група на понудувачи без обврска за здружување во соодветна правна форма. Договорниот орган нема да бара од групата на понудувачи да се здружи во посебна правна форма доколку истата биде избрана за носител на набавката.
1.8.4 Составен дел од групната понуда е договор за поднесување груп-на понуда со кој членовите во групата економски оператори меѓусебно и кон договорниот орган се обврзуваат за извршување на договорот за јавна на-бавка. Овој договор потребно е да ги содржи следниве податоци: членот на групата кој ќе биде носител на групата, односно кој ќе ја поднесе понудата и ќе ја застапува групата, членот на групата кој во име на групата економски оператори ќе го потпише договорот за јавна набавка, членот на групата кој ќе ја издаде фактурата и сметка на која ќе се вршат плаќањата, краток опис на обврските на секој од членовите на групата економски оператори за извршу-вање на договорот.
1.8.5 Сите членови на групата на понудувачи се поединечно и соли-дарно одговорни пред договорниот орган за извршување на своите обврски. Договорниот орган ќе комуницира со претставникот на групата на понуду-вачи.
Напомена: Во моментот на поднесување на групна понуда, носителот на групата треба да биде регистриран на Електронскиот систем за јавни набавки. Во случај некој од членовите на групата да не е регистриран на ЕСЈН, понудата не треба да се отфрли како неприфатлива. Доколку е потребно да се издаде негативна референца на групата понудувачи а некој од членовите на групата не е регистриран на ЕСЈН, договорниот орган ќе ја објави негативната референца за сите членови на групата, при што нерегистрираните претходно ќе ги регистрира на ЕСЈН врз основа на доставените податоци од понудата.
1.8.6 Член во групата економски опеартори не може да се повлече од групата економски оператори до склучување на договорот за јавна набавка доколку:
− е носител на групата еконономски оператори,
− ја обезбедува гаранцијата на понудата во форма на банкарска гаранција или депонирани средства,
− групата на економски оператори не може да го докаже исполнувањето на критериумите за утврдување на способност што се барале во постапката без тој член или
− другите членови од групата солидарно не ги превземаат обврските на членот од групата кој сака да се повлече од групата економски оператори.
Повлекувањето на член од групата економски опрератори спротивно на наведеното од претходниот став се смета за повлекување на групната понуда.
1.8.7 Економскиот оператор во рамките на иста постапка за доделува-ње на договор за јавна набавка може да учествува само во една понуда. Сите понуди ќе бидат отфрлени ако економскиот оператор:
- учествува во повеќе од една самостојна и/или како член во групна понуда или
- учествува како подизведувач во друга самостојна и/или како член во групна понуда.
1.8.8 Економскиот оператор може да учествува како подизведувач во повеќе од една понуда.
1.8.9 Понудувачот може да ангажира подизведувачи. Доколку економ-ската и финансиската состојба, како и техничката или професионалната способност на понудувачот не е поддржана од други субјекти во вид на под-изведувачи, тој нема обврска да доставува документација за утврдување на способност од подизведувачите. Во спротивно, ќе се постапи согласно со чле-новите 151 и 154 од Законот за јавните набавки, без оглед на тоа дали другите субјекти се јавуваат како подизведувачи или не.
1.8.10 Доколку понудувачот има намера дел од договорот за јавна на-бавка да го отстапи на еден или повеќе подизведувачи, во понудата мора да наведе податоци за делот од договорот кој има намера да го отстапи на под-изведувачи, како и податоци за сите предложени подизведувачи (фирма, седиште, единствен даночен број и слично). Понудувачот е одговорен пред договорниот орган за извршување на договорот за јавна набавка, без оглед на бројот на подизведувачите.
1.8.11 Лицата кои учествувале во изработка на тендерската докумен-тација не смеат да бидат понудувачи или членови во група на понудувачи во постапката за доделување на договорот.
1.9 Трошоци за поднесување на понуда
1.9.1 Економскиот оператор ги сноси сите трошоци поврзани со подго- товката и со доставувањето на понудата, а договорниот орган не е одговорен
за тие трошоци без оглед на водењето и на исходот од постапката за доделу-вање на договор за јавна набавка.
1.10 Критериум за доделување на договорот за јавна набавка
1.10.1 Критериум за доделување на договорот за јавна набавка е нај-ниска цена. За носител на набавката ќе биде избран оној економски опера-тор кој ќе понуди најниска цена во текот на електронската аукција, а чија понуда претходно е оценета како прифатлива. Во постапка која завршува со спроведување на електронска аукција не се врши бодување на понудите, ту-ку само рангирање на понудувачите според висината на понудените цени.
1.10.2 Евалуацијата на понудите ќе се врши согласно со Методологијата за
изразување на критериумите за доделување на договорот за јавна набавка во бодови („Службен весник на Република Македонија“ број 41/08).
1.11 Спречување на судир на интереси
1.11.1 За спречување на судир на интересите во постапките за доделу-вање на договори за јавни набавки соодветно се применуваат одредбите од Законот за спречување судир на интереси.
1.11.2 Носителот на набавката не смее, при извршување на договорот за јавна набавка, да ангажира лица кои биле вклучени во евалуација на понудите поднесени во постапка за доделување на договор за јавна набавка, во времетраење на договорот. Во тој случај договорот се смета за ништовен.
1.11.3 Во постапката за доделување договор за јавна набавка, претсе-дателот, заменикот на претседателот, членовите и замениците на членовите на комисијата за јавна набавка, како и одговорното лице потпишуваат изјава за непостоење судир на интереси која претставува дел од досието од спрове-дена постапка.
1.11.4 Во случај на судир на интереси кај претседателот, неговиот за-меник, членовите и нивните заменици во комисијата за јавна набавка, исти-те се повлекуваат од работа на комисијата и се заменуваат со други лица.
1.11.5 Во случај на судир на интереси кај одговорното лице, истото со посебно решение овластува друго лице од редот на функционерите или вра-ботените кај договорниот орган да ги донесе соодветните одлуки и да го пот-пише договорот.
1.12 Начин на комуникација
1.12.1 Секое барање, информација, известување и други документи во постапката се испраќаат во електронска форма преку ЕСЈН (xxxxx://xxx.x- xxxxxxx.xxx.xx). Секој документ се евидентира во моментот на испраќање, односно во моментот на примање.
1.12.2 Понудата и придружната документација се испраќаат во елек-тронска форма преку ЕСЈН, освен во случаите од точка 2.1.2.
1.12.3 Начинот на поднесување на понудата е утврден во Инструкци-ите за понудувачите.
1.13 Информации од доверлив карактер
1.13.1 Договорниот орган ќе ги заштити информациите кои економ-скиот оператор ги има означено како доверливи, особено кога станува збор за деловна тајна или права од интелектуална сопственост, освен во случаите каде по сила на закон договорнот орган е должен да ги достави овие инфор-мации до надлежните органи (во случај на жалбена постапка, поведување на управен спор и слично). За таа цел, економскиот оператор треба да направи листа на доверливи информации со користење на Образецот на листа на доверливи информации во прилог на оваа тендерска документација и иста-та да ја достави заедно со својата понуда.
1.13.2 Доколку економскиот оператор не ја достави листата на довер-ливи информации заедно со својата понуда, договорниот орган ќе смета дека предметната понуда не содржи информации од доверлив карактер.
1.13.3 Цената на понудата не се смета за доверлива информација во ниту еден
случај.
2. СПОСОБНОСТ НА ЕКОНОМСКИТЕ ОПЕРАТОРИ
2.1 Начин на докажување на способноста
2.1.1 Со понудата економскиот оператор задолжително треба да до-стави придружна документација со која ќе ги докаже :
- личната состојба
- способноста за вршење професионална дејност
2.1.2 Економскиот оператор придружната документација ја доставува во скенирана електронска форма. Економскиот оператор може да го користи профилот на економски оператор на ЕСЈН за докажување на одредени кри-териуми за утврдување способност што ги овозможува ЕСЈН. Економските оператори можат во хартиена форма да ја поднесат документација во не-стандарден формат и големина пред крајниот рок за поднесување на пону-дите, доколку истите се преобемни за скенирање и прикачување на ЕСЈН. Бараната-придружната документација која не е достапна во електронска форма, се доставува во хартија во запечатен внатрешен плик на кој се наведува полниот назив и адреса на економскиот оператор, најдоцна до крајниот рок на отварање на понудите. Така запечатениот внатрешен плик се затвора во надворешен плик кој:
- e адресиран со точна адреса на договорниот орган;
- содржи информација за бројот на огласот за доделување на договор за јавна набавка и датумот на кој е објавен;
- во горниот лев агол стои предупредување „Не отвoрај“, за да не се отвора пред времето и датумот за отворање на понудата.
2.1.3 При проверката на комплетноста и валидноста на документа-цијата за утврдување на способноста на економскиот оператор и при евалу-ација на понудата, комисијата преку ЕСЈН задолжително бара од понуду-вачите да ги појаснат или дополнат документите за утврдување способност во рок од пет работни дена од крајниот рок за поднесување на понудите.
2.1.4 Бараното објаснување економскиот оператор го доставува во електронска форма преку ЕСЈН, со прикачување на документот со појасну-вањето или дополнувањето во делот "Појаснување/Дополнување на подне-сени понуди", во рокот кој го определил договорниот орган, а кој не смее да е покус од пет работни дена, од денот на приемот на барањето од страна на понудувачот.
2.1.5 Никакви промени во понудата, освен исправката на аритметички грешки, не смеат да се бараат, нудат или да се допуштат од страна на коми-сијата или од економскиот оператор.
2.1.6 Секое појаснување или дополнување доставено од страна на економскиот оператор во поглед на неговата понуда што не е дадено како одговор на барање од договорниот орган, нема да се разгледува.
2.1.7 Во случај на група економски оператори, сите членови на групата поединечно ја докажуваат својата лична состојба и способноста за вршење професионална дејност.
2.2 Лична состојба
2.2.1 Договорниот орган ќе го исклучи од постапката за доделување на договор за јавна набавка секој економски оператор:
- на кој во последните 5 години му била изречена правосилна пре-суда за учество во злосторничка организација, корупција, измама или перење пари;
- на кој му е изречена споредна казна забрана за учество во постап-ки за јавен повик, доделување на договори за јавна набавка и дого-вори за јавно приватно партнерство;
- на кој му е изречена споредна казна привремена или трајна заб-рана за вршење на одделна дејност;
- кој е во постапка на стечај или во постапка на ликвидација;
- кој има неплатени даноци, придонеси и други јавни давачки, освен ако на економскиот оператор му е одобрено одложено плаќање на даноците, придонесите или другите јавни давачки во согласност со посебните прописи и истите редовно ги плаќа;
- кому му е изречена прекршочна санкција - забрана за вршење на професија, дејност или должност, односно привремена забрана за вршење одделна дејност и
- кој дава лажни податоци или не ги доставува податоците што ги барал договорниот орган.
2.2.2 За докажување на својата лична состојба, економскиот оператор ги доставува следниве документи:
- изјава на економскиот оператор дека во последните 5 години не му била изречена правосилна пресуда за учество во злосторничка организација, корупција, измама или перење пари;
- потврда дека не е отворена постапка за стечај од надлежен орган;
- потврда дека не е отворена постапка за ликвидација од надлежен орган;
- потврда за платени даноци, придонеси и други јавни давачки од надлежен орган од земјата каде економскиот оператор е регистри-ран;
- потврда од Регистарот на казни за сторени кривични дела на правните лица дека не му е изречена споредна казна забрана за учество во постапки за јавен повик, доделување на договори за јавна набавка и договори за јавно- приватно партнерство,
- потврда од Регистарот на казни за сторени кривични дела на правните лица дека не му е изречена споредна казна привремена или трајна забрана за вршење на одделна дејност и
- потврда дека со правосилна пресуда не му е изречена прекршочна санкција - забрана за вршење на професија, дејност или должност, односно привремена забрана за вршење одделна дејност.
2.2.3 Изјавата од алинеја 1 од потточка 2.2.2 ја изготвува во електрон-ска форма и со електронски потпис ја потпишува самиот економски опера-тор и истата не треба да биде заверена од надлежен орган.
2.2.4 Потврдите дека не е отворена постапка за стечај и постапка за ликвидација, како и потврдите од регистарот на казни за сторени кривични дела од xxxxxxx 5 и 6 од
потточка 2.2.2, ги издаваат надлежни органи во земјата каде е регистриран економскиот оператор. Во Република Македо-нија надлежен орган за издавање на овие потврди е Централниот регистар на Република Македонија.
2.2.5 Потврдата за платени даноци, придонеси и други давачки ја издава надлежен орган од земјата каде е регистриран економскиот опера-тор. Во Република Македонија надлежен орган за издавање на оваа потврда е Управата за јавни приходи.
2.2.6 Потврдата од алинеја 7 од потточка 2.2.2 ја издава надлежниот орган во државата каде е регистриран економскиот оператор. Во Република Македонија надлежен орган за издавање на оваа потврда е Централниот регистар на Република Македонија.
2.2.7 Документите од потточка 2.2.2 не смеат да бидат постари од 6 (шест) месеци сметано од крајниот рок за доставување на понудите наназад.
2.2.8 Ако земјата во која е регистриран економскиот оператор не ги издава документите наведени во потточка 2.2.2 или ако тие не ги опфаќаат сите погоренаведени случаи, економскиот оператор може да достави изјава заверена кај надлежен орган.
2.3 Способност за вршење на професионална дејност
2.3.1 За да ја докаже способноста за вршење на професионална деј-ност, економскиот оператор треба да достави документ за регистрирана дејност како доказ дека е регистриран како физичко или правно лице за вршење на дејноста поврзана со предметот на договорот за јавна набавка или доказ дека припаѓа на соодветно професионално здружение согласно со прописите на земјата каде што е регистриран.
3. ПОЈАСНУВАЊЕ, ИЗМЕНА И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ТЕНДЕРСКАТА ДОКУМЕНТАЦИЈА
3.1 Појаснување на тендерската документација
3.1.1 Економскиот оператор може да побара појаснување на тендер-ската документација од договорниот орган, исклучиво во електронска фор-ма, преку ЕСЈН, со користење на модулот "Прашања и одговори", најдоцна 6 (шест) дена пред крајниот рок за поднесување на понудите.
3.1.2 Појаснувањето договорниот орган ќе го достави преку ЕСЈН, во модулот
„Прашања и одговори“, по што сите економски оператори што пре-зеле тендерска документација ќе добијат автоматско електронско извес-тување дека е даден одговор на поставеното прашање и ќе бидат во можност да го прочитаат појаснувањето, без при тоа да се идентификува економски-от оператор што побарал појаснување.
3.2 Измена и дополнување на тендерската документација
3.2.1 Договорниот орган го задржува правото најдоцна 6 (шест) дена пред истекот на крајниот рок за поднесување на понудите, по свое наоѓање или врз основа на поднесените прашања за објаснување поднесени од страна на понудувачите, да ја измени или да ја дополни тендерската документација, за што веднаш ќе ги извести сите економски оператори што ја подигнале.
3.2.2 Во случај на измена на тендерската документација, договорниот орган ќе го продолжи крајниот рок за доставување на понудата за најмалку 6 (шест) дена.
3.2.3 Во случај на измена и дополнување на тендерската документа-ција објавена на ЕСЈН како и продолжување на крајниот рок, договорниот орган е должен да ја објави направената измена преку ЕСЈН, по што сите економски оператори што презеле тендерска документација до моментот на измената ќе добијат автоматско електронско известување дека е објавена измена за конкретниот оглас.
4. ПОДГОТОВКА И ПОДНЕСУВАЊЕ НА ПОНУДИТЕ
4.1 Содржина на понудата
4.1.1 Понудата треба да биде подготвена врз основа на оригиналната тендерска документација во електронска форма и се состои од следниве еле-менти:
- пополнет образец на понуда составен од IV.1 ОПШТ ДЕЛ и IV.2 ТЕХ-НИЧКА И ФИНАНСИСКА ПОНУДА ,
- документи за утврдување на личната состојба наведени во точка 2.2. од тендерската документација;
- документи за утврдување на способноста за вршење на професио- нална дејност наведени во точка 2.3 од тендерската документаци-ја;
- мостри од материјалите кои ќе се користат за изработка на предметот за јавна набавка со квалитативни карактеристики согласно барањата во техничката спецификација и точка 4.1.4. ;
- сертификат (доказ) за квалитет од извршено лабораториско испитување со кој се утврдува квалитетот на материјалот за кој се доставува мостра и според кој ќе се утврдува сообразноста на понудените со бараните квалитативни карактеристики на преметот на набавка ;
- известување за елементите на договорот кој економскиот оператор има намера да ги отстапи на подизведувач (за делот за кој се поднесува понуда) ;
- изјава за сериозност на понудата;
- изјава за независна понуда;
- пополнет образец за општи информации (ако нема групна понуда, образецот не мора да се доставува);
- пополнет образец на листа на доверливи информации (ако нема доверливи информации, образецот не мора да се доставува);
- писмено овластување за претставникот на групата економски опе-ратори (само за група на економски оператори);
- договор за групна понуда (само за група на економски оператори).
4.1.2 Економскиот оператор понудата ја изготвува и доставува врз ос-нова на електронските обрасци на понуда дадени во оваа тендерска доку-ментација. Доколку на дадениот образец на понуда во оваа тендерска доку-ментација економскиот оператор не може целосно и сеопфатно да ја изрази својата понуда, може да користи друг образец на која ќе ја достави својата понуда под услов таквиот образец да ги содржи сите елементи од образецот на понуда даден во оваа тендерска документација.Понудата поднесена на образец на понуда кој не ги содржи сите елементи согласно тендерската документација може да биде отфрлена како неприфатлива.
(Ако тендерската документација врз основа на која се изготвува, доставува и оценува понудата, освен на мекедонски се подготви и на англиски јазик, во случај на несовпаѓање на податоците во истите за валидна ќе се смета македонската верзија.)
4.1.3 Доколку понудувачот има намера дел од договорот за јавна на-бавка да го отстапи на еден или повеќе подизведувачи, во понудата мора да наведе податоци за делот од договорот кој има намера да го отстапи на подизведувачи, како и податоци за сите предложени подизведувачи (фирма, седиште, единствен даночен број и слично). Понудувачот е одговорен пред договорниот орган за извршување на договорот за јавна набавка, без оглед на бројот на подизведувачите.
4.1.4 Понудувачот треба да достави мостри од материјалите кои ќе се користат за изработка на предметот за јавна набавка со квалитативни карактеристики согласно барањата во техничката спецификација и сертификат (доказ) за квалитет од извршено лабораториско испитување со кој се утврдува квалитетот на материјалот за кој се доставува мострата и според кој ќе се утврдува сообразноста на понудените со бараните квалитативни карактеристики на преметот на набавка и тоа:
- 3 (три) идентични парчиња со димензии мин. 50цм х 50цм од секоја мостра од материјалите кои ќе се користат при изработка на службената облека како –ДЕЛ 1 -Летна службена облека ;
- 2 (две) идентични парчиња од секоја ознака на чин, 2 идентични парчиња од амблемот на Царинска управа и 2 идентични парчиња од навлака за идентификациона картичка –ДЕЛ 2 - Амблем ознака на чинови и навлака за идентификациона картичка ;
- 2 (две) мостри од летните обувки, 2 (две) мостри од зимските обувки,2 (две) мостри од ремен и 2(две) мостри од тактичкиот ремен, - ДЕЛ 3 – Зимски и летни обувки, ремен и тактички ремен;
- 3 (три) идентични парчиња со димензии мин.50цм х 50цм од секоја мостра од материјалите кои ќе се користат при изработка на маиците со долги и кратки ракави и поло маиците - ДЕЛ 4-Маици со долги и кратки ракави и поло-маици;
- 3 (три) идентични парчиња со димензии мин.50цм х 50цм од секоја мостра од материјалите кои ќе се користат при изработка на џемпер, плетени ракавици, плетен шал и плетена капа - ДЕЛ 5. Џемпери, плетени ракавици, плетен шал и плетена капа;
Начинот на доставување на мострите и доказите поврзани со нив е дефи-ниран во точка
4.9.
4.2 Јазик на понудата
4.2.1 Понудата, како и целата кореспонденција и документи поврзани со понудата се доставува на македонски јазик.
4.2.2 При изразување на цената со букви, странскиот економски опе-ратор во делот на понудата може да се послужи со англиски јазик.
4.2.3 Печатената литература може да биде и на друг јазик. Договорниот
орган го задржува правото во фазата на евалуација на понудите да побара од понудувачот да изврши превод на печатената литература која е поднесена на друг јазик.
4.3 Цена на понудата
4.3.1 Економскиот оператор во листата на цени ја внесува цената за се-кој дел поединечно.
4.3.2 Понудената цена треба да ги вклучува сите трошоци и попусти на економскиот оператор, да биде искажана без данок на додадена вредност кој се искажува посебно. Понудената цена треба да ги вклучува и увозните царини доколку ги има. Оттука, предмет на евалуација ќе биде вкупната по-нудена цена со вклучени увозни царини без ДДВ.
4.3.3 Економскиот оператор понудената цена задолжително ја внесува и во ЕСЈН преку веб образецот „Поднеси понуда/пријава за учество“, панел „Податоци од понудата“, во полето за внесување на цената. Цената на пону-дата се пишува со бројки и букви. (Доколку понудата е поднесена од странски економски оператор, цената на понудата покрај со бројки, се пишува и со бук-ви на англиски јазик.)
4.3.4 Доколку одделна понуда содржи невообичаено ниска цена која е значително пониска од реалната пазарна цена што предизвикува сомнеж дека договорот ќе биде извршен, договорниот орган од понудувачот бара во писмена форма и пред одбивање на понудата, детали околу понудата за кои смета дека се важни и ги проверува доказите што биле доставени за оправдување на цената на понудата. Ако економскиот оператор не успее да објасни во електронска форма преку ЕСЈН преку модулот
„Појаснување/ дополнување на поднесени документи“, кои се причините за таквата цена во рок од 5 (пет) работни дена од датумот на поднесување на барањето, или пак ако Комисијата не ги прифати неговите причини, понудата ќе биде отфрлена.
4.4 Валута на понудата
4.4.1. Цената на понудата се изразува во денари.
4.5 Период на важност на понудата
4.5.1 Понудите треба да важат најмалку 365 дена од денот на јавното отворање за чие времетраење понудата во сите нејзини елементи е обврзу-вачка за понудувачот. Доколку денот на отворањето на понудата е неработен, периодот на важноста на понудата се смета од наредниот работен ден. Пону-дите кои содржат покус период на важност од оној утврден во оваа точка од тендерската документација ќе бидат отфрлени како неприфатливи.
4.5.2 Доколку договорниот орган процени за потребно може да побара од понудувачот продолжување на периодот на важност на понудата.
4.6 Изјава за сериозност на понудата
4.6.1 Во прилог на понудата, понудувачот доставува и електронски потпишана изјава за сериозност на понудата, при што треба да го користи образецот на изјава даден во прилог на тендерската документација. Доколку дојде до прекршување на дадената изјава за сериозност на понудата, истото ќе резултира со исклучување од натамошната постапка и издавање нега-тивна референца против таквиот понудувач на начин и согласно условите утврдени во Законот за јавните набавки.
4.6.2 За објавувањето на негативната референца договорниот орган ќе одлучи со одлуката за избор или за поништување на постапката, а истата ќе биде објавена во рок од 3 (три) работни дена од денот на конечноста на одлу-ката за избор или за поништување на постапката.
4.6.3 Изјавата за сериозност на понудата не може дополнително да се достави по истекот на рокот за поднесување на понудите.
4.7. Изјава за независнa понуда
4.7.1 Во прилог на понудата, покрај изјавата за сериозност на понудата, понудувачот доставува и потпишана изјава за независна понуда, при што треба да го користи образецот на изјава даден во прилог на тендерската документација, каде е подетално објаснето нејзиното значење како и кои дејствија ќе се преземат доколку договорниот орган добие сознанија дека да-дените наводи се невистинити.
4.7.2 Изјавата за независна понуда ја потпишува исклучиво одговорното лице, се доставува заедно со понудата и не може дополнително да се достави по истекот на рокот за поднесување на понудите.
4.7.3 Изјавата за независна понуда не може да гласи на ниту едно друго лице освен на одговорното лице.
4.7.4 Изјавата се потпишува електронски со прикачување на валиден дигитален сертификат чиј носител е одговорното лице. Доколку изјавата за независна понуда е потпишана од лице овластено за дигитално потпишување, тогаш истата задолжително треба да е своерачно потпишана од одговорното лице, скенирана и на таков формат да биде аплициран дигитален потпис.
4.8 Форма и потпишување на понудата
4.8.1 Понудата се поднесува во електронска форма преку ЕСЈН и иста-та треба да биде електронски потпишана со користење на дигитален серти-фикат од одговорното лице на економскиот оператор или лице овластено од него. Доколку понудата ја потпишува лице овластено од одговорното лице, во прилог се доставува и овластување за потпишување на понудата потпишано од одговорното лице. Подетални информации за начинот на дигитално пот-пишување се содржани во Прилог 2 од “Прирачник за користење на ЕСЈН“ објавен на почетната страна на ЕСЈН во делот "Економски оператори".
4.8.2 Дополнителни информации за користењето на дигитални серти-фикати:
Понуда се потпишува електронски со употреба на дигитален серти-фикат, кој е издаден од регистриран издавач на сертификати во Министер-ството за финансии на Република Македонија.
Странски економски оператор може електронски да ја потпише понудата со употреба на квалификуван дигитален сертификат, кој е издаден од регистриран издавач на сертификати со седиште во Европска унија.
Во случај на употреба на квалификуван сертификат издаден од издавач со седиште во трета земја, сертификатот може да се смета за вали-ден доколку е исполнет еден од следните 3 услова:
- Издавачот ги исполнува условите за квалификуван сертификат пропишани со Законот за податоци во електронски облик и електронски потпис („Службен весник на Република Македонија“ број 34/01, 6/02 и 98/08) и е доброволно акредитиран во Европската унија или
- Регистриран домашен издавач гарантира за странскиот сертифи-кат како да го издал самиот или
- Така да е договорено со билатерален или мултилатерален меѓуна-роден договор склучен помеѓу Република Македонија и друга земја или меѓународна организација.
Комисијата го задржува правото доколку во текот на евалуацијата се посомнева во валидноста на употребениот сертификат или издавачот на сертификати да побара дополнителни информации или документи со кои ќе се докаже валидноста на сертификатот.
Носител на дигиталниот сертификат со кој се потпишуваат докумен-тите кои се составен дел на понуда (финансиска и техничка понуда, изјави), задолжително треба да биде овластениот потписник на економскиот опе-ратор или лице ополномоштено од овластениот потписник.
Полномошното ќе се смета за валидно доколку е приложено во:
а) електронска форма потпишано со дигитален сертификат на упра-вителот; б) во скенирана форма, со печат и своерачен потпис на управителот; или
в) во хартиена форма, со печат и своерачен потпис на управителот.
Понуди потпишани со дигитален сертификат чиј носител е лице кое нема никакво овластување за потпишување на понуда, ќе бидат отфрлени како понуди со формални недостатоци.
4.9 Начин на доставување на понудата и придружната документација
4.9.1 Договорниот орган може да прифати и понуда од економски опе-ратор кој не ја презел тендерската документација преку ЕСЈН, но не е обвр-зан евентуално направените измени и дополнувања на тендерската доку-ментација да ги доставува и до тие економски оператори.
4.9.2 Економскиот оператор придружната документација ја доставува во скенирана електронска форма. Економските оператори можат во харти-ена форма да ја поднесат документација во нестандарден формат и големи-на пред крајниот рок за поднесување на понудите, доколку истите се пре-обемни за скенирање и прикачување на ЕСЈН.
4.9.3 Економскиот оператор понудените мостри и доказите од извршени лабораториски испитувања на доставените мостри од кои ќе се изработува предметот на јавна набавка ги доставува во затворен внатрешен коверт/ пакет кој го содржи името и адресата на понудувачот. Внатрешниот коверт/пакет се става во затворен надворешен коверт/пакет кој:
- е адресиран на точната адреса на договорниот орган ,
- содржи назнака : Отворена постапка број 11/2017,
- во горниот лев агол стои ознака ,, Не отворај “, да не се отвора пред времето и датумот на отворањето на понудите .
4.10 Краен рок и место за поднесување на понудите
4.10.1 Краен рок за доставување на понудите е 26.09.2017 година, до 11:00 часот.
4.10.2 Понудите се поднесуваат преку ЕСЈН достапен преку следнава веб адреса: xxxxx://xxx.x-xxxxxxx.xxx.xx, додека документите наведени во 4.1.4 се поднесуваат во архивата на Царинска управа на Р.Македонија на следнава : ул. ,, Лазар Личеноски “ број 13, 1000 Скопје или лично од овластен претставник на економскиот оператор на самото јавно отворање .
4.10.3 Понудата која е поднесена по истекот на крајниот рок за подне-сување на понудите нема да биде примена во ЕСЈН, односно ќе биде автомат-ски отфрлена за што и договорниот орган и економскиот оператор ќе бидат известени и истата нема да се прикаже при јавното отворање на понудите.
4.11 Алтернативни понуди
4.11.1 Во оваа постапка за доделување на договор за јавна набавка не се дозволени алтернативни понуди.
4.12 Измена, замена и повлекување на понудата
4.12.1 Понудувачите можат да ги изменат, заменат или повлечат сво-ите понуди по поднесување на понудата, под услов измените, замените или повлекувањата да се добиени од договорниот орган пред крајниот рок за поднесување на понудите наведен во точка 4.10.
4.12.2 Измените, замените и повлекувањата на понудите се спроведу-ваат преку ЕСЈН во модулот „Поднеси понуда“, со додавање на нови доку-менти, бришење на веќе поднесени документи или целосно повлекување на понудата.
4.12.3 Понудата не може да биде изменета, заменета или повлечена по крајниот рок за поднесување на понудите предвиден во точка 4.10.
4.12.4 Повлекувањето на понудата во периодот помеѓу крајниот рок за
поднесување на понудите и истекувањето на периодот на важност на пону-дата ќе резултира со издавање на негативна референца согласно точка 4.6.1 .
5. ОТВОРАЊЕ И ЕВАЛУАЦИЈА НА ПОНУДИТЕ
5.1 Oтворање на понудите
5.1.1 На јавното отворање на понудите може да присуствува секое за- интересирано лице.
5.1.2 Само овластените претставници на понудувачите можат да учес-твуваат во постапката на јавно отворање на понудите со давање на свои за-белешки во записникот од отворањето на понудите.
5.1.3 Овластените претставници на економските оператори на јавното отворање мораат да носат овластување потпишано од одговорното лице на економскиот оператор. Сите овластени претставници на економските опе-ратори, присутни на јавното отворање, треба да потпишат евидентен лист.
5.1.4 Јавното отворање ќе се одржи на 26.09.2017 година, во 11:00 часот, во Царинска управа на Република Македонија, ул. „Лазар Личеноски“ бр 13., 1000 Скопје.
5.1.5 Доставените понуди се отвораат согласно Законот за јавните на-бавки и тоа: една по една, со читање на името на економскиот оператор, при што се констатира дали понудите се доставени според точка 4.8 од тендер-ската документација и дали се електронски потпишани, а потоа се приста-пува кон читање на понудите по истиот
редослед по кој тие се отворени, освен понудите, кои согласно Законот за јавните набавки, се исклучуваат од натамошната постапка. После тоа се пристапува кон читање на цените на понудата, вклучувајќи какви било попусти и постоењето на гаранција на понудата. Само попустите кои се прочитани на јавното отворање на пону-дата ќе се разгледуваат при евалуацијата на понудите. Ниту една понуда нема да биде отфрлена на отворањето на понудите.
5.1.6 Комисијата за јавни набавки ќе пристапи кон јавно отворање на понудите доколку е пристигната и само една понуда.
5.1.7 Во текот на отворањето на понудите се води записник според Правилникот за постапката на отворањето на понудите и Образецот за воде-ње на записник за отворањето на понудите („Службен весник на Република Македонија“ бр. 154/07).
5.2 Доверливост на процесот на евалуација на понудите
5.2.1 Ниту една информација во врска со разгледувањето, оценката и споредбата на понудите во процесот на евалуација нема да им се откријат на економските оператори или на кои било други лица што не се службено вклу-чени во тој процес.
5.3 Појаснување на понудите
5.3.1 Во периодот на разгледување и оценување на понудите, договор-ниот орган може, да побара од кој било економски оператор појаснување на неговата понуда. Барањето од договорниот орган за појаснување и одговорот се во електронска форма преку ЕСЈН – модул „Појаснување/ дополнување на поднесени документи“. Никаква промена на цените или на содржината на понудата нема да се бара, нуди или да се дозволува, освен за потврдување на коригирањето на аритметички грешки што ги открил договорниот орган при проценката на понудите.
5.3.2 Секое појаснување доставено од страна на економскиот оператор во поглед на неговата понуда што не е дадено како одговор на барање од договорниот орган, нема да се разгледува.
5.4 Исправка на аритметички грешки
5.4.1 Ако понудата е прифатлива и е составена и доставена во соглас-ност со тендерската документација, договорниот орган ги коригира арит- метичките грешки на следниот начин:
- ако постои несовпаѓање меѓу зборовите и бројките, преовладува износот што е напишан со зборови,
- ако постои разлика помеѓу единечната цена и вкупната цена, то-гаш преовладува единечната цена.
5.4.2 Комисијата за јавни набавки ќе ги корегира грешките во пону-дата според опишаната постапка и таа ќе се смета обврзувачка за него.
5.4.3 Ако економскиот оператор не ја прифати корекцијата на аритме-тичките грешки, понудата ќе биде отфрлена и ќе биде издадена негативна референца од страна на договорниот орган заради прекршување на изјавата за сериозност на понудата.
6. ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДОГОВОРОТ ЗА ЈАВНА НАБАВКА
6.1 Доделување на договорот за јавна набавка
6.1.1 Договорниот орган, по спроведената електронска аукција како последна фаза во отворената постапка, договорот му го доделува на економ-
скиот оператор чија понуда има најниска цена.
6.1.2 Доколку две или повеќе понуди имаат иста цена, за најповолен понудувач ќе биде избран оној кој прв ја поднел понудата.
6.1.3 Доколку никој не поднесе нова цена во текот на електронската аукција, а притоа две или повеќе понуди имаат идентична цена, за најповол-
на ќе биде избрана понудата која е порано поднесена.
6.1.4 Во случај да е поднесена само една прифатлива понуда во првата фаза од постапката, односно да не се исполнети условите за одржување на електронската аукција, договорниот орган задолжително го поканува единствениот понудувач да поднесе конечна цена во ЕСЈН после што може да му го додели договорот за јавна набавка на единствениот економски оператор кој поднел прифатлива понуда или да ја поништи постапката доколку се поднесени цени понераеални од реалните на пазарот.
6.1.5 Доколку во текот на постапката за доделување договор за јавна набавка, најповолната прифатлива понуда согласно условите на постапката е со цена повисока од износот на средства утврден во одлуката за јавна на-бавка, договорниот орган може да ја измени одлуката и да дообезбеди средства потребни за реализација на договорот, под услов понудената цена
да не е понеповолна од реалните цени на пазарот и да не го надминува вред-носниот праг пропишан за видот на постапката согласно со Законот за јав-ните набавки.
6.1.6 По завршувањето на електронската аукција и изборот на најпо-волен понудувач, доколку предметот на набавката или поединечниот дел се состои од повеќе ставки, цената на секоја од поединечните ставки ќе се пресметува со соодветно намалување кое ќе биде еднакво на процентот на намалување на цената на првичната понуда на избраниот најповолен пону-дувач (пред електронската аукција) и цената на последната понуда (по завр-шувањето на аукцијата/ конечно поднесената цена).
6.2 Известување за доделување на договорот за јавна набавка
6.2.1 По завршувањето на електронската аукција на јавниот дел од ЕСЈН автоматски се објавува и до сите учесници на аукцијата автоматски се испраќа известување за економскиот оператор кој поднел најниска цена во текот на негативното наддавање. Известувањето е од информативен карак-тер и не предизвиква правни последици. Исходот од електронската аукција е основ за донесување на одлука за избор на најповолна понуда.
6.2.2 Избраниот најповолен економски оператор ќе биде известен во електронска форма преку ЕСЈН дека неговата понуда е прифатена, најдоцна во рок од 3 дена од донесувањето на одлуката за избор на најповолна понуда. Во исто време, и сите други економски оператори ќе бидат известени за резултатите од спроведената постапка, одлуката кој е најповолен економски оператор како и за причините за неизбор на нивната понуда. Економските оператори што учествувале во постапката имаат право на увид во извеш-тајот од спроведената постапка.
6.3 Правна заштита
6.3.1 Секој понудувач кој има правен интерес за добивање на договорот за јавна набавка и кој претрпел или би можел да претрпи штета од евен-туално прекршување на одредбите од овој закон, може да бара правна заш-тита против одлуките, дејствијата и пропуштањата за преземање дејствија од страна на договорниот орган во постапката за доделување на договор за јавна набавка, во согласност со условите и постапката предвидени со Законот за јавните набавки. Правото на жалба во постапка која завршува со елек-тронска аукција во однос на утврдување на способноста на понудувачите и целосната евалуација на првичните понуди се остварува по донесување на одлуката за избор на најповолен понудувач или поништување на постапка-та.
6.3.2 Жалбата треба да ги содржи следниве елементи:
- податоци за подносителот на жалбата (име презиме, назив на економскиот оператор, адреса на престојувалиште и седиште),
- податоци за застапникот или полномошникот,
- назив и седиште на договорниот орган,
- број и датум на постапката за доделување на договор за јавна набавка и податоци за огласот за доделување на договор за јавна-та набавка,
- број и датум на одлуката за избор на најповолна понуда, поништување на постапката или други одлуки на договорниот орган,
- податоци за дејствијата или пропуштањата за преземање на деј-ствија од страна на договорниот орган,
- опис на фактичката состојба,
- опис на неправилностите и образложение по истите,
- предлог на докази,
- жалбено барање и/или барање за надомест за трошоците на по-стапката и
- потпис на овластено лице.
6.3.3 Подносителот на жалбата е должен да приложи и доказ за упла-та на надомест за водење на постапката.
6.3.4 Подносителот на жалбата кој нема седиште на територијата на
Република Македонија е должен да определи полномошник за прием на пи-смена.
6.3.5 Жалбата се изјавува до Државната комисија. Жалбата се подне-сува лично или по препорачана пошта истовремено до договорниот орган и до Државната комисија. Денот на поднесување на жалбата по препорачана пошта се смета за ден на поднесување. Во случај на лично поднесување на жалбата договорниот орган е должен да му издаде на подносителот потврда за времето на приемот.
6.3.6 Во постапката пред Државната комисија подносителот на жалбата, покрај административната такса, плаќа и надоместок за водење на постапката во зависност од висината на понудата, и тоа:
- до 20.000 евра во денарска противвредност, надоместок од 100 евра во денарска противвредност,
- од 20.000 до 100.000 евра во денарска противвредност, надоместок од 200 евра во денарска противвредност,
- од 100.000 до 200.000 евра во денарска противвредност, надомес-ток од 300 евра во денарска противвредност или
- над 200.000 евра во денарска противвредност, надоместок од 400 евра во денарска противвредност.
6.3.7 Во случај на непостоење на понуда, висината на надоместокот за водење на постапката се пресметува врз основа на проценетата вредност на договорот за јавна набавка, при што Државната комисија го известува подносителот на жалбата за висината на надоместокот и рокот во кој треба да достави доказ за негова уплата.
6.3.8 Надоместокот за водење на постапката е приход на Буџетот на Република Македонија.
6.3.9 Договорниот орган не смее да го потпише договорот за јавна на-бавка и да пристапи кон негово извршување во рок од 12 дена, сметајќи од денот на приемот на одлуката со која се одлучува за поединечно право во постапката за доделување на договорот за јавна набавка, освен:
- во случаите од членовите 99 и 198 од овој закон,
- во случај кога во постапката учествувал само еден понудувач чија понуда е избрана за најповолна или
- во случај на поединечни договори за јавни набавки врз основа на рамковна спогодба.
6.4 Склучување на договорот за јавна набавка
6.4.1 Договорниот орган ќе го достави договорот за јавна набавка до избраниот најповолен понудувач во 6 (шест) примероци на потпишување.
6.4.2 Избраниот најповолен понудувач има обврска да го потпише договорот за јавна набавка во рок од 5 (пет) дена од денот на добивање на договорот и истиот да му го врати на договорниот орган. Договорниот орган презема обврска на избраниот најповолен понудувач да му го испрати по-требниот број на примероци од договорот откако истиот ќе го потпише ов-ластеното лице на договорниот орган.
6.4.3 Доколку избраниот најповолен понудувач не го потпише догово-рот во рокот утврден во точка 6.4.2 од тендерската документација, договор-ниот орган го задржува правото да смета дека избраниот најповолен понуду-вач се откажал од склучување на договорот и да ја објави негативната рефе-ренца.
7. ЗАДОЛЖИТЕЛНИ ЕЛЕМЕНТИ ОД ДОГОВОРОТ ЗА ЈАВНА НАБАВКА
7.1 Начин на плаќање
7.1.1 Се предвидува следниов начин на плаќање: вирмански во рок од 60 (шеесет) дена од првиот нареден ден од денот на прием на фактурата во архивата на Царинска управа на Р.Македонија, со прилог испратница потпи-шана од назначените одговорните лица на двете договорни страни. Начинот на плаќање е задолжителен. Секоја понуда која содржи начин на плаќање поинаков од оној утврден во оваа точка ќе се смета за неприфатлива и како таква ќе биде одбиена од страна на комисијата за јавни набавки.
7.2 Начин, рок и место на испорака
7.2.1 Носителот на набавката во рок од 10 (десет) дена од денот на склучување на договорот до договорниот орган треба да достави по еден конфекциски број од секој поединечен дел од облеката, како и по еден пар од летните и зимските обувки од сите броеви заради дефинирање на конечниот број на конфекциски броеви на деловите од униформата и броевите (големините) на обувките.
Носителот на набавката е должен да го испорача предметот на договор во рок од 2 (два) месеци од денот на прием на писмената нарачка од страна на назначеното овластено лице од страна на Царинска управа, освен за ДЕЛ 2 кој рок е 1 (еден месец) од денот на писмената нарачка од страна на назначеното овластено лице од страна на Царинска управа, ф-ко централен магацин на Царинска управа, ул. ,,Лазар Личеноски” бр.13, Скопје
При испорака на деловите на униформата на секој нејзин составен дел треба да биде сошиен чинот и амблемот на Царинска управа (согласно техничката спецификација) како и декларација за одржување на истата.
Царинската управа при доставување на нарачката за ДЕЛ 1, ДЕЛ 4 и ДЕЛ 5 на избраниот најповолен понудувач ќе му ги достави изработените амблеми и чинови за да истите бидат сошиени на сите делови од униформата.
Рокот и местото на испорака се задолжителни.
Секоја понуда која содржи рок и место на испорака поинакови од тие утврдени во оваа точка ќе се смета за неприфатлива и како таква ќе биде одбиена од страна на комисијата за јавни набавки.
7.3 Разлики во цена (корекција на цени)
7.3.1 Не се предвидува корекција на цените, односно цените искажани во понудата на најповолниот понудувач ќе бидат фиксни за целото времетраење на договорот за јавна набавка.
7.4 Авансно плаќање
7.4.1 За извршување на договорот за јавна набавка не е дозволено авансно плаќање.
7.5 Гаранција за квалитетно извршување на договорот
7.5.1 Услов за потпишување на договорот со избраниот најповолен по-нудувач е обезбедување гаранција од страна на избраниот најповолен по-нудувач за квалитетно извршување на договорот во висина од 10 % од вкуп-ната вредноста на договорот со вклучен ДДВ.
7.5.2 Гаранцијата од точка 7.3.1 се доставува во вид на банкарска гаран-ција во писмена форма. Гаранцијата треба да биде поднесена во оригинална форма. Копии не се прифаќаат.
7.5.3 Гаранцијата за квалитетно извршување на договорот ќе биде со важност најмалку 1 (еден) месец по истекот на рокот за целосно реализирање на договорот. Договорниот орган по извршениот избор на најповолен пону-дувач дополнително го утврдува крајниот датум на важност на гаранцијата.
7.5.4 Банкарската гаранција за квалитетно извршување на договорот ќе биде во валутата на која гласи договорот.
7.5.5 Гаранцијата за квалитетно извршување на договорот треба да биде издадена од банка.
7.5.6 Гаранцијата за квалитетно извршување на договорот избраниот најповолен понудувач ја доставува во рок од 20 дена од добиеното известу-вање за извршениот избор, а пред склучување на договорот.
7.5.7 Гаранцијата за квалитетно извршување на договорот се доставува во определениот рок, и тоа: по пошта на адреса на Царинска управа на Р.Македонија , xx.,,Лазар Личеноски‘‘ број 13, Скопје или лично во Царинската управа, Одделение за јавни набавки, ,, Колекторска “ бб, Скопје.
7.5.8. Гаранцијата за квалитетно извршување на договорот ќе биде наплатена доколку носителот на набавката не исполни некоја од обврските од договорот за јавна набавка во рокот на стасаноста, за што писмено ќе го извести носителот на набавката. Доколку дојде до наплата на гаранцијата за квалитетно извршување на договорот, договорниот орган ќе објави до ЕСЈН негативна референца.
7.5.9 За наплатата на банкарската гаранција за квалитетно извршува-ње на договорот и за објавувањето на негативна референца на ЕСЈН, носите-лот на набавката може да покрене спор пред надлежниот суд.
7.5.10 Доколку договорот за јавна набавка е целосно реализиран сог-ласно договореното, банкарската гаранција за квалитетно извршување на договорот договорниот орган му ја враќа на носителот на набавката во рок од 14 дена од целосното реализирање на договорот. Гаранцијата за квалитетно извршување на договорот, договорниот орган му ја враќа на носителот на на-бавката по пошта, лично во седиштето на економскиот оператор или лично во седиштето на договорниот орган.
7.6 Елементи во договорот кои произлегуваат од спроведената аукција
7.6.1 По завршувањето на електронската аукција/поднесена конечна цена и изборот на најповолен понудувач, доколку предметот на набавката или поединечниот дел се состои од повеќе ставки цената на секоја од поеди-нечните ставки ќе се пресметува со соодветно намалување кое ќе биде ед-накво на процентот на намалување на цената на првичната понуда на из-браниот најповолен понудувач (пред електронската аукција/конечна цена) и цената на последната понуда (по завршувањето на аукцијата/ поднесена конечна цена).
8. ПОНИШТУВАЊЕ НА ПОСТАПКАТА
8.1. Договорниот орган може да ја поништи постапката за доделување на договор за јавна набавка ако:
- бројот на кандидати е понизок од минималниот број предвиден за постапките за доделување на договор за јавна набавка согласно со овој закон,
- не е поднесена ниту една понуда или ниту една прифатлива пону-да,
- не е поднесена ниту една соодветна понуда во постапка каде што предметот на договорот е оформен во еден единствен дел, како и во постапките каде што предметот на договор е оформен во пове-ќе делови и каде што може да се утврди соодветноста на понуди-те,
- се поднесени прифатливи понуди кои не можат да се споредат поради различниот пристап во техничките или финансиските понуди,
- настанале непредвидени промени во буџетот на договорниот орган,
- понудувачите понудиле цени и услови за извршување на договорот за јавна набавка кои се понеповолни од реалните на пазарот,
- оцени дека тендерската документација содржи битни пропусти или недостатоци, до моментот на отворање на понудите,
- поради непредвидени и објективни околности се промениле потребите на договорниот орган или
- договорниот орган не може да изврши избор на најповолна понуда поради битни повреди на законот согласно со членот 210 од овој закон или
- избраниот понудувач се откаже од склучување на договорот.
9. ЗАВРШУВАЊЕ НА ПОСТАПКАТА ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДОГОВОР ЗА ЈАВНА НАБАВКА
9.1 Постапката за доделување на договор за јавна набавка завршува на денот на конечноста на одлуката за избор или за поништување на постап-ката.
9.2 По завршување на постапката, договорниот орган не ги враќа доставените мострите т.е тие остануваат во сопственост на договорниот орган.
I. ТЕХНИЧКА СПЕЦИФИКАЦИЈА
Царинска управа има потреба од набавка на летна и делови од зимска службена облека за царинските службеници распоредени на работни задачи во царинарниците и одделението за истраги:
ДЕЛ 1 – Летна службена облека
ДЕЛ2– Амблем, ознака на чинови и навлака за индентификациона картичка
ДЕЛ 3 – Зимски и летни обувки, ремен и тактички ремен
ДЕЛ4 – Маици со долги и кратки ракави и поло-маици
ДЕЛ 5 - Џемпери, плетени ракавици, плетен шал и плетена капа
ДЕЛ 1 – Летна службена облека
Ред.број | назив | Единечна мерка | количина |
1 | Јакна | парче | 1332 |
2 | Панталони | парче | 1998 |
3 | Поло капа | парче | 1332 |
4 | Тактичка јакна | парче | 34 |
ДЕЛ 2–Амблем, ознака на чинови и навлака за индентификациона картичка
Ред.број | назив | Единечна мерка | количина |
1 | Амблем | парче | 14035 |
2 | Ознака на чинови | парче | 671 |
3 | Навлака за идентификациона картичка | парче | 1150 |
ДЕЛ 3 – Зимски и летни обувки, ремен и тактички ремен
Ред.број | назив | Единечна мерка | количина |
1 | Ремен | парче | 666 |
2 | Тактички ремен | парче | 34 |
3 | Обувки (зимски) | пар | 1332 |
4 | Обувки (летни) | пар | 1332 |
ДЕЛ4 – Маици со долги и кратки ракави и поло-маици
Ред.број | назив | Единечна мерка | количина |
1 | Маица со краток ракав | парче | 1998 |
2 | Поло маица | парче | 1998 |
3 | Маица со долг ракав | парче | 3330 |
ДЕЛ 5 - Џемпери, плетени ракавици, плетен шал и плетена капа
Ред.број | назив | Единечна мерка | количина |
1 | Џемпер | парче | 1332 |
2 | Плетени ракавици | пар | 666 |
3 | Шал плетен | парче | 666 |
4 | Капа плетена | парче | 1332 |
1. БОЈА НА СЛУЖБЕНАТА ОБЛЕКА:
1.1. Основна боја на службената облека е темно сива пантоне 19-3906-TPX (или еквивалент).
1.2. Основна боја на маиците е светла сива пантоне 17-1501-TPX (или еквивалент).
1.3. Основна боја на џемперите, обувките, ремените, ракавиците, шалот и капата плетени е црна пантоне 19-0303 ТР (или еквивалент).
1.4. Основна боја на службената облека за царинските службеници во одделението за истраги е црна пантоне 19-0303 ТР (или еквивалент).
2. СОСТАВНИ ДЕЛОВИ НА СЛУЖБЕНАТА ОБЛЕКА:
2.1. Делови од зимската службена облека за царинските службеници распоредени на работни задачи во Царинарниците се: маица со долги ракави, џемпер, обувки, капа плетена, шал плетен, ракавици плетени и ремен.
2.2. Летната службена облека за царинските службеници распоредени на работни задачи во Царинарниците се: јакна, панталони, поло маица со кратки ракави, маица со кратки ракави, обувки, поло капа и ремен.
2.3. Делови од зимската службена облека за царинските службеници распоредени на работни задачи во одделението за истраги се: маица со долги ракави, џемпер, обувки, плетена капа, плетен шал, плетени ракавици и тактички ремен.
2.4. Летната службена облека за царинските службеници распоредени на работни задачи во одделението за истраги се: тактичка јакна, панталони, поло маица со кратки ракави, маица со кратки ракави, обувки, поло капа и ремен.
3. СОСТАВ НА ТКАЕНИНА НА СЛУЖБЕНАТА ОБЛЕКА:
3.1. Летната тактичка јакна е со состав: 100% полиамид, водоотпорен, 65-85 г/м2, со постава од плетенина трикотажна 100% полиестер, 120 -150 г/м2 со скриена капа на јаката, собирање после перење на 60oC max 3 %, постојаност на бојата на светлина е min 5, на перење на 60oC min 4/4/4, на пот min 4/4, на триење суво min 4/4 мокро min 3.
3.2. Летните јакна и панталони се со состав: 65% памук (± 5%) и 35 полиестер (± 5%), површинска маса е 200-250 g/m2, преплетката е Рипстоп, бојата е сива, дозволено отстапување од DEmax=2, собирање после перење на 60oC max 3 %, отпорност на дејство на вода МКС ЕН ИСО 4920:2013 (или еквивалент) е на почеток min 4(90) и после 3 хемиски чистења min 3 (80), маслоодбојност МКС ЕН ИСО 14419:2011 (или еквивалент) е на почеток min 4(90), постојаност на бојата на светлина е min 5, на перење на 60oC min 4/4/4, на пот min 4/4, на триење суво min 4/4 мокро min 3.
3.3. Маицата со кратки и долги ракави е со состав: 100 % памук, површинска маса е 180- 200 g/m2, преплетката е интерлок, бојата е сива, дозволено отстапување е DEmax=2, собирање после 5 перења на 60oC е max 5 %, постојаност на бојата е на светлина min 5, на перење на 60oC min 4/4/4, на пот min 4/4, на триење суво min 4/4 мокро min 3.
3.4. Поло маицата е со состав: 65% памук (±5%) и 35% полиестер (± 5%) ,површинската маса е 180-200 g/m2, преплетка е пике бојата е сива, дозволено отстапување е DEmax=2, собирање после 5 перења на 60oC е max 5 %, постојаност на бојата е на светлина min 5, на перење на 60oC min 4/4/4, на пот min 4/4, на триење суво min 4/4, мокро min 3, постојаност на пилинг МКС ЕН ИСО 12945-2:2010 (или еквивалент) е min 5 на 2000 вртежи и min 4-5 на 7000 вртежи.
3.5. Џемперот е со состав: 50 % волна (± 5%) и 50% акрил (± 5%) ,површинска маса 550- 650 g/m2, преплетката e полу милано риб; бојата е црна, собирање после перење на 30oC е max 2 %, постојаност на бојата е на перење min 4/4/4, постојаност на пилинг МКС ЕН ИСО 12945-2:2010 (или еквивалент) е min 5 на 2000 вртежи и min 4-5 на 7000 вртежи. Ткаенината што се вметнува (нашиено) кај рамениците и ракавите е ткаенина црна во состав: 65 % полиестер (± 5%) и 35% памук (± 5%) површинската маса е 170 – 195 гр/м2.
1.1. Зимските обувки да се изработени по МКС EN ISO 20347:2012 и МКС EN ISO 20344:2012 (или еквивалент). Истите со висина над глужд и се изработени од хидрофобирана говедска кожа со дебелина од 1,4 до 1.6 мм обложена со постава која е дишлива и отпорна на абразија. Дебелината на ѓон на петен дел е од 2,00 до 3,5 см а во предниот дел е од 1,00 до 1,5 см. Xxxxx да биде двојно бризган поиуретан, отпорен на масла и мазива, антистатик и изолација на студ. Се врзува со хидрофобирани врвки кои се провлекуваат во долниот дел на сара низ 8 метални алки и 6 метални канџи.
1.1. Летните обувки да се изработени по МКС EN ISO 20347:2012 и МКС EN ISO 20344:2012 (или еквивалент). Истите се со висина под глужд и се изработени: од текстил и хидрофобирана говедска кожа со дебелина од 1,4 до 1.6 мм. обложена со постава која е дишлива и отпорна на абразија Ѓонот да биде двојно бризган поиуретан, отпорен на масла и мазива, антистатик и изолација на студ. Дебелинта на ѓон на петниот дел е од 2,00 до 2,5 см а во предениот дел од 1,00 до 1,5 см. Се врзува со хидрофобирани врвки кои се провлекуваат во долниот дел на сара низ 10 метални окца.
1.2. Поло капата е со состав: 47%-67% памук и 33%-53% полиестер, 180-210 г/м2;
1.3.Плетените капа, ракавици и шал се со состав: 100% акрил, со тежина од 70 до 120 г/м2. Ракавиците се полнетни со 100% полиестер со тежина од 50 до 70 г/м2, ширина на шалот е од 20 до 30 см, а должина 150 до 160 см.
1.4.Ременот е со состав: 100 % полиестер со метална тока, со ширина од 3,5 до 4,5 см, и должина од 110 до 135 см.
1.5.Тактичкиот ремен за одделението за истраги е со состав: 100% полиамид, со ширина од 5,0 до 5,5 см и должина од 110- до 135 см.
1.6.Навлака за идентификациона картичка - изработена од Поливинилхлорид (ПВЦ) , со дебелина од 0,15 до 0, 25 микрони, опшиена со текстил со состав 100% полиестер. Задниот дел од навлаката е изработен од текстил со состав 100% полиестер.
1. КРОЈОТ НА СЛУЖБЕНАТА ОБЛЕКА Е СЛЕДНИОВ:
1.1.Летната тактичка јакна одделението за истраги е со должина под појас и се закопчува со патент под кој е лајсна. Во предниот дел на градите од двете страни нашиени се дупли џебови со патенти и патни со чичак трака, а под десниот џеб се наоѓа скриена лајсна за натпис ЦАРИНА. На десниот џеб е нашиена чичак трака на која се закачува ознаката за чинот. На боковите има дупли паспус џебови со дрикери, бочниот шаф е со патенти и отвори за оружје а во внатрешноста на џебот се наоѓа отвор за скриено оружје кој се затвара со патенти. Крајот на ракавите завршува со чичак трака. На грбот има сокриен џеб за натпис ЦАРИНА. Тактичката летна јакна од внатре е нашиена од трикотажна плетенина, а на јаката има скриена капа.
1.2.Летната јакна е со должина под појас и се закопчува со патент под кој е лајсна. Во предниот дел на градите од двете страни се нашиени џебови кои се со патни капачиња со чичак трака, над кои се наоѓа шаф со штеп од кои на левиот џеб зашиена е пластифицирана навлака предвидена за носење на магнетна идентификациона картичка, а на десниот џеб е нашиена чичак трака на која се закачува ознаката за чинот. Во долниот преден дел во пределот на колковите се нашиени закосено по должина џебови со широк единечен паспул, кој се затвора со патент. Крагната е со класичен крој, а во задниот дел под крагната се наоѓа скриена капа. На крајот на ракавите има чичак трака. (Слика 1).
Слика 1
2.3. Летните панталони имаат предни коси џебови, задни засечени џебови, со капак кои се закопчуваат со дрикери, бочни џебови со капак, кои се закопчуваат со копчиња, патенти и дрикери, засилени на задниот седечки дел и на колената и дупли гајки за ремен; (Слика 2).
30/62
Слика 2
2.4. Џемперот е со долги ракави, со висока рол-крагна и се затвора со патент во предниот дел, од кој од двете страни има доработка на преплетај на делови. Крагната, долниот дел на ракавите и долниот дел на џемперот се доработени со елатстичен рендер преплетај. Во делот на рамениците во предниот и задниот дел на џемперот, како и во делот на лактот на ракавите вметнато (нашиено) е парче од заштитна ткаенина, штепувано со украсни штепови во форма на ромбови. На левата страна од предниот дел на џемперот во платката од ткаенина е вметнато украсно капаче, изработено од ткаенина, кое се закопчува со копче и е предвидено за носење на магнетната идентификациона картичка. На десната страна е нашиена чичак трака на која се закачува ознаката за чинот. Во долните предни делови на џемперот вертикално се поставени џебови кои се затвораат со патент и од двете страни е порабен со преплетај на делови; (Слика 3).
Сли ка 3
2.5. Маицата со долги и кратки ракави (женски и машки) е со класичен крој и вратниот отвор е изработен со рендер. Од левата страна во делот на градите нашиена е гајка која се закопчува со копче и е предвидена за носење на магнетната идентификациона картичка, а на десната страна е нашиена чичак трака на која се закачува ознаката за чинот (Слика 4).
Слик
а 4
2.6. Машката и женската поло маица со кратки ракави се со преплетка пике и трикотажна плетена јака и на средината се закопчува со три копчиња. Од левата
страна во делот на градите нашиена е гајка која се закопчува со копче и е предвидена за носење на магнетната идентификациона картичка, а на десната страна е нашиена чичак трака на која се закачува ознаката за чинот; (Слика 5).
Слика 5
2.7. Зимски обувки се спортски со висина над глужд и се врзуваат со врвки. Намената на обувките е за носење при секојдневното извршување на работните задачи.
2.8. Летни обувки се спортски со висина под глужд и се врзуваат со врвки. Намената на обувките е за носење при секојдневното извршување на работните задачи.
2.9. Поло капата е во спортски стил и е составена од шест парчиња кои се раштепани со штепови од 6 мм. Предното парче е со ушиток и на средината е нашиен амблемот на Царинската управа, а сонцобранот е појачан со пластика и е проштепуван со шест штепа. Капата внатре е обложена со постава во иста боја а на предната внатрешна страна е појачана, околу обемот на капата има ивица од основната ткаенина пополнета со фателин, а на задниот дел од капата има пластичен регулатор.
2.10. Плетената капа е во спортски стил, споена со еден шаф во задниот дел. На предната страна во средина е нашиен амблемот на Царинската управа.
2.11. Плетените ракавици се раздвоени прсти, поставени со материјал за затоплување.
2.12. Тактичкиот ремен за одделението за истраги е со следниве додатоци: 1 додаток за футрола за резервна рамка за куршуми, 1 додаток за лисици, 1 додаток за батерија, 1 додаток за ноже-клешти и 1 додаток за голема батерија -пластична алка.
2.13. На секој горен дел од облеката на десната страна нашиена е чичак трака на која се закачува ознаката на чинот.
2.14. Амблемот на Царинската управа се нашива на левиот ракав на сите делови од облеката освен за одделението за истраги, и тоа на растојание од 12 см од горниот раб на ракавот, како и на средина на предниот дел на капите.
2. ОЗНАКИТЕ НА ЧИНОТ И АМБЛЕМОТ НА ЦАРИНСКАТА УПРАВА :
2.1. На службената облека се ставаат ознаките на чинот и амблемот на Царинската управа.
2.2. Амблемот се изработуваат во техника со ткаење со следниве квалитативни карактеристики: суровински состав: 100% полиестер. Амблемот на Царинската управа е во класична форма на штит, со заоблено дно. Тој е со димензии 8 см х 10 см. Се ткае на црна основа со златен конец. Во него е вметнат и содржан симболот на Царинската управа и дел од знамето на Република Македонија. Во горниот дел е исткаено РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА со фонд на букви Helvetica Neue и големина на букви од12,6 (bold) и ЦАРИНСКА УПРАВА со фонт на букви Helvetica Neue и големина на букви од 19 (bold). Во долниот дел на амблемот е истакено ЦАРИНА. CUSTOMS со фонт на букви Helvetica Neue и големина од12,6 (bold). Рабовите на амблемот и натписот треба да бидат обработени на начин со цел да не се пара ткаенината.
2.3. Ознаката за чинот на службената облека е со изглед на правоаголно поле, изработено на црна чоја. На двете пократки страни од правоаголното поле се вметнати (навезени) црвени ленти од 0,5 см. Во полето, вертикално и/или хоризонтално се извезени златни ленти со кои се означува категоријата на работните места.
2.4. Ознаката на чиновите по работни места е:
− за царинските службеници од ниво Г, ниво В 4 (освен виш цариник) и ниво Б4 водачот на смена - во долниот дел од полето се наоѓа една златно жолто извезена лента хоризонтално поставена со димензии од 4 см Х 0,4 см;
− за царинските службеници од ниво В1, ниво В2 и ниво В3 и виш цариник од ниво В4 - на долниот дел од полето се наоѓаат две златно жолто извезени ленти, хоризонтално поставени, на меѓусебно растојание од 0,7 см , секоја со димензија од 4 см Х 0,4 см;
− за царинските службеници од ниво Б4 (освен водач на смена) и Б3 - на долниот дел од полето се наоѓаат две златно жолто извезени ленти, хоризонтално поставени на меѓусебно растојание од 0,5 см во полето, горната лента со димензии од 4 см Х 0,4 см, а долната лента со димензии од 4 см х 0,8 см;
− за царинските службеници од ниво Б2 - во долниот дел од полето се наоѓаат две златно жолто извезени ленти, хоризонтално поставени на меѓусебно растојание од 0,5 см во полето и секоја со димензии од 4 см. х 0,8 см и
− за царинските службеници од Б-1 - во долниот дел од полето се наоѓа две златно жолто извезени ленти, хоризонтално поставени на меѓусебно растојание од 0,5 см во полето и секоја со димензии од 4 см х 0,8 см. На 0,1 см внатрешно на два раба на полето е извезена една златно жолта лента со ширина од 0,1 см.
Боите на амблемот и чиновите се согласно боите пантоне (или еквивалент). (прикажано на шемата за црната, златната и црвената боја)
3.5. Навлака за идентификациона картичка е со такви димензии за да може да се вметне идентификационата картица која е со изглед на поле со димензии 8,57 см x 5,40 см. Истата овозможува да се гледа целиот текст на индетификационата картица. Навлаката е опшиена со текстил кој е широк максимално до 1 см од сите страни на навлаката.
III. МОДЕЛ НА ДОГОВОР ЗА НАБАВКА НА ЛЕТНА И ДЕЛОВИ ОД ЗИМСКА СЛУЖБЕНА ОБЛЕКА ЗА ЦАРИНСКИТЕ СЛУЖБЕНИЦИ РАСПОРЕДЕНИ НА РАБОТНИ ЗАДАЧИ ВО ЦАРИНАРНИЦИТЕ И ОДДЕЛЕНИЕТО ЗА ИСТРАГИ
ДОГОВОРНИ СТРАНИ
1. Царинска управа на Република Македонија со седиште на ул. „Xxxxx Xxxxxxxxx” бр.
13, 1000Скопје, ЕМБС 4641655, ЕДБ 4030992228017, застапувано од
(во понатамошниот текст Договорен орган) од една страна и
2. , со седиште на ул.
бр. , , ЕМБС , ЕДБ
, застапувано од
понатамошниот текст Носител на набавката) од друга страна.
(во
Член 1
Со овој Договор се уредуваат меѓусебните права и обврски на договорните страни за набавка на на летна и делови од зимска службена облека за царинските службеници распоредени на работни задачи во царинарниците и одделението за истраги, согласно Одлуката за јавна набавка број 05- /17-00 од .2017 година, по спроведена отворена постапка со објавување на оглас број 11/2017, со користење на електронски средства преку ЕСЈН со примена на електронска аукција/ поднесување на конечна цена и донесена Одлуката за избор на најповолна понуда број 05- / 17- 00 од .2017 година.
ПРЕДМЕТ НА ДОГОВОРОТ
Член 2
Предмет на овој Договор е набавка на Летна службена облека - ДЕЛ 1 / Амблем, ознака на чинови и навлака за индентификациона картичка – ДЕЛ 2 / Зимски и летни обувки, ремен и тактички ремен - ДЕЛ 3 / Маици со долги и кратки ракави и поло-маици- ДЕЛ 4/ Џемпери, плетени ракавици, плетен шал и плетена капа – ДЕЛ 5 според спецификацијата од тендерската документација и прифатената понуда на понудувачот број 05- / 16-00 од .2016 година.
ВРЕДНОСТ НА ДОГОВОРОТ
Член 3
Договорните страни се согласни дека вкупната вредност на овој Договор ќе се утврди врз основа на реално испорачаните количини на предметот на договорот, при што Договорниот орган може да нарача, а Носителот на набавка може да изврши испорака најмногу до износ од денари без вклучен ДДВ, односно денари со ДДВ.
Извршената испорака над вкупната вредност на договорот наведена во овој Член ќе биде на товар на Носителот на набавката.
Единечните цени на предметот на набавка, искажани во приложената спецификација на цени, се утврдени согласно поднесената понуда на Носителот на набавка со број 05-
/17-
од .2017 година и спроведената електронска аукија
/поднесената конечна цена преку ЕСЈН.
Единечните цени се цени со вклучени трошоци за испорака, други зависни трошоци и јавни давачки и истите се фиксни и непроменливи за целокупно- то времетраење на договорот.
НАЧИН, МЕСТО И РОК НА ИСПОРАКА
Член 4
Носителот на набавката во рок од 10 (десет) дена од денот на склучување на договорот до договорниот орган треба да достави по еден конфекциски број од секој поединечен дел од облеката, како и по еден пар од летните и зимските обувки од сите броеви заради дефинирање на конечниот број на конфекциски броеви на деловите од униформата и броевите (големините) на обувките.
Носителот на набавката е должен да го испорача предметот на договор во рок од 2 (два) месеци од денот на прием на писмената нарачка од страна на назначеното овластено лице од страна на Царинска управа, освен за ДЕЛ 2 кој рок е 1 (еден месец) од денот на писмената нарачка од страна на назначеното овластено лице од страна на Царинска управа, ф-ко централен магацин на Царинска управа, ул. ,,Лазар Личеноски” бр.13, Скопје
Носителот на набавката е должен да ги испорача стоките - предмет на овој Договор според описот наведен во техничката спецификација од тендер- ската документација и доставените мостри на материјали и сертификати за квалитет со кој се утврдува квалитетот на материјалот и се потврдува сообразноста на понудените со бараните квалитативни карактеристики на предметот на набавка.
При испорака на деловите на униформата на секој нејзин составен дел треба да биде сошиен чинот и амблемот на Царинска управа (согласно техничката спецификација) како и декларација за одржување на истата.
Царинската управа при доставување на нарачката за ДЕЛ 1, ДЕЛ 4 и ДЕЛ 5 на избраниот најповолен понудувач ќе му ги достави изработените амблеми и чинови за да истите бидат сошиени на сите делови од униформата.
За сите евентуални неправилности кои би се појавиле при извршувањето на обврските, Носителот на набавката е должен истите да ги корегира на своја сметка без Договорниот орган да сноси трошоци за истото.
КВАНТИТАТИВЕН И КВАЛИТАТИВЕН ПРИЕМ
Член 5
Квалитативен и квантитативен прием на стоките - предмет на Договорот врши овластеното лице со документ – испратница.
Во текот на примопредавањето на стоките се утврдува квантитетот и квалитетот на испорачаната службена облека .
Во случај кога при прием ќе се утврди дека стоките имаат недостатоци, исти-те ги евидентира овластеното лице, а Носителот на набавка се обврзува во рок од 1 (еден) месец да ги замени неквалитетните стоки со нови квалитетни стоки, кои се во согласност со наведеното во техничката спецификација од тендерската документација, доставените мостри на материјали.
Испораката на стоките се смета за извршена по потпишувањето и заверува-њето на испратницата од страна на овластени лица на двете договорни страни.
Член 6
Доколку некои недостатоци бидат откриени откако стоката е примена од овластеното лице или доколку овие недостатоци не можеле да бидат откриени со вообичаен преглед при прием (скриени недостатоци), овластеното лице има обврска да го информира Носителот на набавката за откриените недостатоци.
Во известувањето за недостатокот овластеното лице има обврска детално да го опише недостатокот и да го повика Носителот на набавка да ја прегледа стоката во рок од 3 (три) дена.
Носителот на набавка се обврзува во рок од 1 (еден) месец да ги замени неквалитетните стоки со нови квалитетни стоки кои се во согласност со бара-њата наведени во техничката спецификација од тендерската документација и доставените мостри на материјали.
НАДОМЕСТ НА ШТЕТА И ДОГОВОРНА КАЗНА ЗА ЗАДОЦНУВАЊЕ ИЛИ НЕИСПОЛНУВАЊЕ НА ДОГОВОРОТ
Член 7
Договорните страни се согласни дека доколку Xxxxxxxxx на набавката не ги исполни обврските по овој Договор во рокот утврден во член 4, Договорниот орган има право да бара од Носителот на набавката да му исплати надомест на штета и договорна казна во висина од 0,5% на вкупната вредност на набавката за секој нареден ден задоцнување, но не повеќе од 5% од вкупната вредност на Договорот.
Утврдениот износ на договорна казна поради задоцнување, Договорниот орган ќе го засмета и одбие при исплатата на износот од фактурата на Носителот на набавката доставена за исплата.
НАЧИН, УСЛОВИ И РОКОВИ НА ПЛАЌАЊЕ
Член 8
Договорниот орган се обврзува плаќањето на Носителот на набавката да го изврши во рок од 60 (шеесет) дена од првиот нареден ден од денот на прием на фактурата во архивата на Царинска управа на Република Македонија, адреса: Царинска управа на Република Македонија, ул.,,Лазар Личеноски” бр.13, 1000 Скопје.
Прилог кон фактурата е уредно заверена испратница, потпишана од страна на овластени лица на двете договорни страни.
Доколку Договорниот орган не ја плати паричната обврска по фактурата во рокот од став 1 на овој Член, Носителот на набавката има право на пресметка и наплата на казнена камата за задоцнето плаќање, како и право на надо-месток за доцнење, согласно позитивните законски прописи.
ГАРАНЦИЈА ЗА КВАЛИТЕТНО ИЗВРШУВАЊЕ НА ДОГОВОРОТ
Член 9
Квалитетното, односно целосно, совесно и навремено извршување на обвр-ските по овој Договор, Носителот на набавката го гарантира со банкарска гаранција за квалитетно извршување на договорот во висина од 10% од вкуп-ната вредност на овој договор (со вклучен ДДВ).
Договорниот орган има право да ја активира и наплати банкарската гаран-ција од став 1 на овој Член при појавување на доцнење и/или грешки за кои Носителот на набавката е директно одговорен и тоа:
- Кога Носителот на набавката не ги испорачува стоките по овој Договор навремено и кога доцнењето е подолго од 10 дена од крајниот рок на испорака предвиден со член 4 од Договорот,
- Кога Носителот на набавка не ги заменува неквалитните стоки по овој Договор со нови квалитетни стоки во рокот предвиден со член 5 и член 6 од Договорот,
- Во случај кога Xxxxxxxxx на набавката сноси одговорност за неквалитетно извршени обврски по овој Договор кои не се во согласност со барањата наведени во техничката спецификација од тендерската документација и неговата понуда.
- Во случај кога Договорот е раскинат и престанал да важи по вина на Носителот на набавката .
Доколку Договорот се спроведе навреме и квалитетно во согласност со одредбите на овој Договор, гаранцијата за квалитетно извршување на Договорот му се враќа на Носителот на набавката во рок од 14 дена по целосното извршување на обврските по Договорот.
ВИША СИЛА
Член 10
Ниту една од договорните страни нема да биде одговорна за неиспол-нување на обврските по овој Договор до кое би дошло заради Виша сила. Ако една од договорните страни е спречена заради Виша сила должна е во рок од 24 часа писмено да ја извести другата страна, со наведување на причините за Вишата сила и по можност обезбедување на соодветен доказ.
По отстранување на Вишата сила Договорот може да се реализира по потреба со заеднички прифатено дополнување или да се раскине договорно.
ПРИМЕНЛИВ ЗАКОН
Член 11
Врз сите евентуални спорови кои би произлегле од овој Договор ќе се применуваат важечките прописи на Република Македонија.
РЕШАВАЊЕ НА СПОРОВИ
Член 12
Сите евентуални спорови и недоразбирања кои би произлегле од овој Договор, договорните страни ќе ги решаваат во духот на добрите деловни обичаи со меѓусебно договарање.
Доколку тоа не даде резултат во рок од 10 (десет) дена, спорот ќе се решава пред надлежниот суд во Скопје.
РАСКИНУВАЊЕ НА ДОГОВОРОТ
Член 13
Кога една од договорните страни нема да ја исполни својата обврска, другата договорна страна има право да го раскине овој Договор со доставу-вање на писмено известување во рок од 7 (седум) дена пред раскинувањето на договорот.
КОРУПЦИСКО ИЛИ ИЗМАМНИЧКО ОДНЕСУВАЊЕ
Член 14
Договорните страни се согласни да ги применат највисоките стандарди за етичко и законито однесување за време на реализација на овој Договор.
ЈАЗИК НА ДОГОВОРОТ
Член 15
Јазик на Договорот и на другите документи кои претставуваат составен дел на Договорот е македонскиот јазик.
Јазик на целата комуникација во писмена форма помеѓу договорните страни е македонскиот јазик.
ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА ДОГОВОРОТ
Член 16
Договорот се склучува за временски период до реализација на обврските по истиот, но не подолго од 12 (дванесет месеци) месеци од денот на потпишувањето на Договорот од двете договорни страни.
ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ
Член 17
Договорот стапува на сила со денот на потпишување на истиот од двете договорни страни.
Член 18
Изменување и дополнување на овој Договор може да се врши со заедничка согласност на договорните страни доставена по писмен пат.
Одредбите од овој Договор можат да се изменат и/или дополнат со склучување на Договорот за изменување и дополнување на основниот Договор само во согласност со одредбите на Законот за јавни набавки и тендерската документација.
Член 19
Овој договор е склучен во 6 (шест) истоветни примероци од кои по 4 (четири) примероци за Договорниот орган и 2 (два) примероци за Носителот на набавката.
ДОГОВОРЕН ОРГАН Царинска управа на РМ | НОСИТЕЛ НА НАБАВКАТА
|
Директор | |
Составни делови на овој Договор се:
а) Спецификација на цени
б) Техничка спецификација од тендерската документација
в) Понудата на Носителот на набавка и доставени мостри
IV. ОБРАЗЕЦ НА ПОНУДА
Врз основа на огласот број 11/2017 објавен од страна на Царинска управа на Република Македонија, за доделување на договор за јавна набавка на летна и делови од зимска службена облека за царинските службеници распоредени на работни задачи во царинарниците и одделението за истраги со спроведување на отворена постапка, со електронска аукција преку Елек-тронскиот систем за јавни набавки (ЕСЈН), и на тендерската документација која ја презедовме преку ЕСЈН (xxxxx://x-xxxxxxx. xxx.xx), ја поднесуваме следнава:
П О Н У Д А
IV.1. ОПШТ ДЕЛ
IV.1.1. Име на понудувачот:
IV.1.2. Контакт информации
- Адреса:
- Телефон:
- Факс:
- Е-пошта:
- Лице за контакт:
IV.1.3. Одговорно лице:
IV.1.4. Лице овластено од одговорното лице:
(се пополнува само доколку понудата ја потпишува лице овластено од одговорното лице, со приложено овластување)
IV.1.5. Даночен број:
IV.1.6. Матичен број:
IV.1.6. Согласни сме да ја дадеме оваа понуда за предметот на договорот за јавна набавка согласно со цените дефинирани во Листата на цени .
IV.1.7. Нашата понудата е составена од следниве делови:
- Пополнет образец на Понуда составена од IV.1 ОПШТ ДЕЛ и IV.2 ТЕХНИЧКА И ФИНАНСИСКА ПОНУДА ;
- Документи за докажување на личната состојба наведени во точка 2.2. од тендерската документација;
- Документи за докажување на способноста за вршење на професи-онална дејност наведени во точка 2.3 од тендерската документаци-ја;
- Mостри од материјалите кои ќе се користат за изработка на предметот за јавна набавка со квалитативни карактеристики согласно барањата во техничката спецификација и точка 4.1.4. ;
- Сертификат (доказ) за квалитет од извршено лабораториско испитување со кој се утврдува квалитетот на материјалот за кој се доставува мостра и според кој ќе се утврдува сообразноста на понудените со бараните квалитативни карактеристики на преметот на набавка ;
- Известување за елементите на договорот кој економскиот оператор има намера да ги отстапи на подизведувач;
- Изјава за сериозност на понудата;
- Изјава за независна понуда;
- Пополнет образец за општи информации (ако нема групна понуда, образецот не мора да се доставува);
- Пополнет образец на листа на доверливи информации (ако нема доверливи информации, образецот не мора да се доставува);
- Овластување за претставникот на група на економски оператори, (доколку станува збор за индивидуален понудувач, оваа алинеја да се пречкрта);
- Договор за групна понуда (само за група на економски оператори)
IV.1.8. Со поднесување на оваа понуда, во целост ги прифаќаме условите предвидени во огласот и тендерската документација и не го оспоруваме Вашето право да ја поништите постапката за доделување на договор за јавна набавка, согласно со член 169 од Законот за јавните набавки.
IV.1.9. Нашата понуда важи за периодот утврден во тендерската докумен-тација. Се согласуваме со начинот на плаќање утврден во тендерската доку-ментација.
IV.1.10. Со поднесување на оваа понуда, во целост ги прифаќаме условите предвидени во тендерската документација. Согласни сме да ги понудиме стоките наведени во листата на цени .
IV.2 ТЕХНИЧКА И ФИНАНСИСКА ПОНУДА
IV.2.1 Согласни сме да ги понудиме подолунаведените стоки, согласно наведеното во техничката спецификација. Детален приказ на нашата понуда е даден во подолу наведените листи на цени.
ДЕЛ 1 – ЛЕТНА СЛУЖБЕНА ОБЛЕКА
Ред. број | Опис | Единица мерка | Количина | Единечна цена без ДДВ со вклучени трошоци и попусти | ДДВ | Вкупна цена (количина*ед. цена без ДДВ) |
1 | Јакна | парче | 1332 | |||
2 | Панталони | парче | 1998 | |||
3 | Поло капа | парче | 1332 | |||
4 | Тактичка јакна | парче | 34 | |||
Вкупна цена на Листа 1 без ДДВ (со бројки): | ||||||
Вкупна цена на Листа 1 без ДДВ (со букви): |
Вкупнo ДДВ за Листа 1 (со бројки): |
Вкупнo ДДВ за Листа 1 (со букви): |
ДЕЛ 2 – АМБЛЕМ, ОЗНАКА НА ЧИНОВИ И НАВЛАКА ЗА ИДЕНТИФИКАЦИОНА КАРТИЧКА
Ред. број | Опис | Единица мерка | Количина | Единечна цена без ДДВ со вклучени трошоци и попусти | ДДВ | Вкупна цена (количина*ед. цена без ДДВ) |
1 | Амблем | парче | 14035 | |||
2 | Ознака на чинови | парче | 671 | |||
3 | Навлака за идентификациона картичка | парче | 1150 | |||
Вкупна цена на Листа 2 без ДДВ (со бројки): | ||||||
Вкупна цена на Листа 2 без ДДВ (со букви): | ||||||
Вкупнo ДДВ за Листа 2 (со бројки): | ||||||
Вкупнo ДДВ за Листа 2 (со букви): |
ДЕЛ 3 – ЗИМСКИ И ЛЕТНИ ОБУВКИ, РЕМЕН И ТАКТИЧКИ РЕМЕН
Ред. број | Опис | Единица мерка | Количина | Единечна цена без ДДВ со вклучени трошоци и попусти | ДДВ | Вкупна цена (количина*ед. цена без ДДВ) |
1 | Ремен | парче | 666 | |||
2 | Тактички ремен | парче | 34 | |||
3 | Обувки (зимски) пар | пар | 1332 | |||
4 | Обувки (летни) пар | пар | 1332 | |||
Вкупна цена на Листа 3 без ДДВ (со бројки): | ||||||
Вкупна цена на Листа 3 без ДДВ (со букви): | ||||||
Вкупнo ДДВ за Листа 3 (со бројки): | ||||||
Вкупнo ДДВ за Листа 3 (со букви): |
ДЕЛ 4 – МАИЦА СО ДОЛГИ И КРАТКИ РАКАВИ И ПОЛО МАИЦИ
Ред. | Опис | Единица мерка | Количина | Единечна | ДДВ | Вкупна цена |
број | цена без ДДВ | (количина*ед. | ||||
со вклучени | цена без ДДВ) | |||||
трошоци и | ||||||
попусти | ||||||
1 | Маица со краток ракав | парче | 1998 | |||
2 | Поло маица | парче | 1998 | |||
3 | Маица со долг ракав | парче | 3330 | |||
Вкупна цена на Листа 4 без ДДВ (со бројки): |
Вкупна цена на Листа 4 без ДДВ (со букви): |
Вкупнo ДДВ за Листа 4 (со бројки): |
Вкупнo ДДВ за Листа 4 (со букви): |
ДЕЛ 5 - ЏЕМПЕРИ,ПЛЕТЕНИ РАКАВИЦИ, ПЛЕТЕН ШАЛ И ПЛЕТЕНА КАПА
Ред. број | Опис | Единица мерка | Количина | Единечна цена без ДДВ со вклучени трошоци и попусти | ДДВ | Вкупна цена (количина*ед. цена без ДДВ) |
1 | Џемпер | парче | 1332 | |||
2 | Плетени ракавици | парче | 666 | |||
3 | Шал плетен | парче | 666 | |||
4 | Капа плетена | парче | 1332 | |||
Вкупна цена на Листа 5 без ДДВ (со бројки): | ||||||
Вкупна цена на Листа 5 без ДДВ (со букви): | ||||||
Вкупнo ДДВ за Листа 5 (со бројки): | ||||||
Вкупнo ДДВ за Листа 5 (со букви): |
IV.2.2 Вкупната цена на нашата понуда, вклучувајќи ги сите трошоци и попусти, без ДДВ изнесува:
Дел | Вкупна цена без ДДВ |
1 | |
2 | |
3 | |
4 | |
5 |
IV.2.3. Изјавуваме дека имаме намера дел од договорот да го отстапиме на подизведувач/и, и тоа:*
- следниот дел од договорот:
- на следниот/те подизведувач/и (фирма, седиште, единствен даночен број и слично):
* (Податоците мора да бидат наведени само доколку понудувачот има намера дел од договорот за јавна набавка да го отстапи на еден или повеќе подизведувачи)
Место и датум | Одговорно лице (потпис)* |
*Овој образец не се потпишува своерачно, туку исклучиво електронски со прикачување на валиден дигитален сертификат чиј носител е одговорното лице или лице овластено од него.
V. ИЗЈАВА ЗА СЕРИОЗНОСТ НА ПОНУДАТА
И З Ј А В А
Јас, долупотпишаниот [име и презиме] врз основа на член 47 став 1 од Законот за јавните набавки, а во својство на одговорно лице на понудувачот
изјавувам дека во целост ја гарантирам содржината на понудата и дека понудата е xxxxxxx и правно обврзувачка за нас во сите нејзини делови до истекот на периодот на нејзината важност.
Исто така, изјавувам дека сум целосно свесен со последиците од прекршу-вање на оваа изјава во случаите од член 47 став 6 од Законот за јавните набавки, што ќе доведе до издавање на негативна референца од страна на договорниот орган против понудувачот во чие име и за чија сметка сум овластен да ја дадам оваа изјава.
Место и датум Одговорно лице
(потпис)*
*Овој образец не се потпишува своерачно, туку исклучиво електронски со прикачување на валиден дигитален сертификат чиј носител е одговорното лице или лице овластено од него.
VI. ИЗЈАВА ЗА НЕЗАВИСНА ПОНУДА
И З Ј А В А
Јас, долупотпишаниот* [име и презиме], врз основа на член 129 став 2 од Законот за јавните набавки, а во својство на одговорно лице на понудувачот
, под целосна материјална и кривична одговорност изјавувам дека понудата во постапка за доделување на договор за јавна набавка – летна и делови од зимска службена облека за царински службеници распоредени на работни задачи во царинарниците и одделението за истраги со спроведување на отворена постапка по оглас бр.11/2017 за дел
од постапката бр. 11/2017 ја поднесувам независно, без договор со други економски оператори на начин кој не е спротивен на прописите за заштита на конкуренцијата.
Истовремено, под целосна материјална и кривична одговорност изјавувам дека при доставувањето на понудата за постапката по оглас бр. 11/2017 за дел од постапката бр. 11/2017 не учествувам со други економски оператори со кои сум капитално, сопственички или роднински поврзан.
Исто така, изјавувам дека сум целосно свесен за последиците од давање на невистинити наводи во изјавата, што ќе доведе до поведување на соодветна постапка против понудувачот во чие име и за чија сметка сум овластен да ја дадам оваа изјава.
Место и датум | Одговорно лице (потпис)* * |
*Изјавата за независна понуда не може да гласи на ниту едно друго лице освен на одговорното лице.
**Овој образец се потпишува електронски со прикачување на валиден дигитален сертификат чиј носител е одговорното лице. Доколку образецот е потпишан од лице овластено за дигитално потпишување, тогаш истиот задолжително треба да е своерачно потпишан од одговорното лице, скениран и на таков формат да биде аплициран дигитален потпис.
Напомена: Изјавата се доставува одделно за секоја постапка /секој дел од постапка
VII. ОБРАЗЕЦ ЗА ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ (се пополнува за секој член на групата на економски оператори, само во случај на групна понуда)
1. Назив на член на група економски оператори:
2. Адреса на седиштето: | |
3. Телефон: | 4. Контакт: |
5. Факс: | 6. e-mail: |
7. Место на основањето/регистрацијата: | 8. Година на основањето/регистрацијата: |
9. Основни дејности на економскиот оператор: |
Место и датум | Одговорно лице (потпис) * |
*Овој образец не се потпишува своерачно, туку исклучиво електронски со прикачување на валиден дигитален сертификат чиј носител е одговорното лице или лице овластено од него.
VIII. ОБРАЗЕЦ НА ЛИСТА НА ДОВЕРЛИВИ ИНФОРМАЦИИ
Информации кои се доверливи | Бројот на страниците со тие информации, | Причини за доверливост на тие информации | Временски период во кој тие информации ќе бидат доверливи |
Место и датум | Одговорно лице (потпис)* |
*Овој образец не се потпишува своерачно, туку исклучиво електронски со прикачување на валиден дигитален сертификат чиј носител е одговорното лице или лице овластено од него.