Contract
ДОГОВОР
МЕЃУ СОЦИЈАЛИСТИЧКА ФЕДЕРАТИВНА РЕПУБЛИКА ЈУГОСЛАВИЈА И РЕПУБЛИКА КИПАР ЗА ВЗАЕМНА ПРАВНА ПОМОШ ВО ГРАЃАНСКАТА И КРИВИЧНАТА
МАТЕРИЈА ОД 19 СЕПТЕМВРИ 1984 ГОДИНА
Прв дел ОПШТИ ОДРЕДБИ
Член 1
(1) Државјаните на една договорна страна уживаат на територијата на другата договорна страна иста правна заштита на личноста и имотот како државјаните на таа договорна страна.
(2) Државјаните на една договорна страна може да пристапат пред судовите на договорна страна под истите услови како државјаните на таа договорна страна.
(3) Одредбите од ставот 1 и 2 на овој член се применуваат и на правните лица.
Член 2
(1) Судовите на договорните страни при барање и укажување на правна помош комуницираат, ако поинаку не е определено, преку своите надлежни органи и тоа:
(а) за Социјалистичка Федеративна Република Југославија преку административниот орган одговорен за работите од судството на социјалистичките републики на Босна и Херцеговина, Црна Гора, Хрватска, Македонија, Словенија и Србија и социјалистичките автономни покранини Војводина и Косово;
(б) за Република Кипар преку Министерството за правда на Република Кипар.
Член 3
Барање за правна помош (во натамошниот текст: замолница) и сите акти поднесени од судовите и надлежните органи наведени во член 2 се изготвуваат на еден од јазиците на страната молител проследени со превод на еден од јазиците на замолената договорна страна.
Член 4
(1) Адресата го содржи следното:
(а) името на органот на страната молител;
(б) името на замолениот орган, доколку е познато; (в) опис на предметот за кој се бара правна помош;
(г) името и презимето на странките, обвинетите или осудените лица, нивното живеалиште или престојувалиште, државјанство и занимање, во кривични предмети, и доколку е можно, место и датум на нивното раѓање и име и презиме на родителите, а за правни лица – назив и седиште;
(д) име и презиме на нивните законски застапници, доколку ги има;
(ѓ) природата на барањето, наведувајќи ги сите потребни податоци за извршување на барањето; (е) во кривични предмети - опис и вид на кривично дело.
(2) Замолницата, како и актите приложени кон барањето, мора да бидат потпишани од надлежен орган и мора да бидат снабдени со службен печат. Не е потребна нивна заверка.
Член 5
(1) Замолениот орган, при укажување на правна помош, ги применува законите на својата земја.
(2) Замолениот орган може да постапи на начин утврден во замолницата, доколку таквата постапка не е во спротивност со законот на таа земја.
Член 6
(1) Доколку замолениот орган не е надлежен за постапување по замолницата, ја упатува замолницата до надлежниот орган.
(2) Замолениот орган, на барање, навремено и директно го известува органот на страната молител за времето и местото на извршување на барањето.
(3) Ако лицето назначено во замолницата не може да се пронајде на дадената адреса, замолениот орган е должен да ги преземе сите потребни мерки за да ја утврди точната адреса.
Член 7
Ако замолениот орган не може да постапи по замолницата, веднаш ќе го извести органот на страната молител и ќе ги врати актите наведувајќи ги причините за непостапувањето.
Член 8
(1) Договорните страни имаат право на своите државјани кои се на територијата другата договорна страни да им достават судски акти преку своите дипломатски или конзуларни претставништва.
(2) При доставувањето не смее да се употребуваат принудни мерки.
Член 9
Укажување на правна помош може да се одбие доколку замолената страна смета дека извршувањето на замолницата е во спротивност со основните принципи на нејзиното законодавство или на друг начин може да му наштети или да го загрози нејзиниот суверенитет или безбедност.
Член 10
Сојузен орган надлежен за правосудни работи на Социјалистичка Федеративна Република Југославија и Министерството за правда на Република Кипар, на барање, меѓусебно ќе доставуваат известувања што важат или биле важечки во нивната земја, a доколку е потребно, доставуваат текстови на таквите закони односно прописи.
Втор Дел
ПРАВНА ПОМОШ ВО ГРАЃАНСКАТА МАТЕРИЈА
Глава I
Ослободување од плаќање на трошоците за судска постапка
Член 11
Државјани на една од договорните страни ќе бидат ослободени, кога истапуваат пред судовите на другата договорна страна, од плаќање на трошоците, под истите услови и во ист обем како и државјаните на другата договорна страна.
Член 12
(1) Одлуката за ослободување од плаќање на трошоците во согласност со член 11 од овој договор се носи врз основа на уверение за финансиската состојба на засегнатото лице, издадено од страна на надлежен орган на договорната страна на чија територија лицето има живеалиште.
(2) Доколку засегнатото лице е жител на територијата на трета земја, уверението може да го издаде дипломатското или конзуларно претставништво во третата држава на договорната страна во која лицето е државјанин.
(3) Органот што ја носи одлуката за барање за ослободување може да побара дополнителни податоци.
Член 13
Кога засегнатото лице има живеалиште на територијата на договорната страна во која тоа е државјанин, барањето за ослободување од плаќање на трошоците може да се поднесе до судот на таа договорна страна. Барањето се поднесува до надлежниот орган на другата договорна страна во согласност со одредбата од член 2 од овој договор.
Глава II
Правна помош и доставување на акти
Член 14
(1) Договорните страни ќе укажуваат взаемна правна помош во граѓанската материја, под условите предвидени во овој договор. За целите на овој договор, поимот "граѓанска материја" ги вклучува и економските и семејните прашања.
(2) Правна помош укажуваат судовите и другите органи на договорните страни кои, според прописите на нивната земја, се надлежни да одлучуваат за предметните прашања.
Член 15
Правна помош, во согласност со член 14 од овој договор опфаќа доставување на документи и други акти во согласност со законот на замолената страна, вклучувајќи и изведување на докази.
Член 16
(1) Во случај на замолница за доставување на документи, замолницата треба да содржи, покрај елементите од став 1 на член 4, име на документот и адреса на лицето на кое се доставува.
(2) Во случај на замолница за изведување на доказ, замолницата содржи детали за предметот за кој се бараат докази, како и прашањата кои треба да му се постават на лицето чие сослушување е побарано.
Член 17
(1) Замолениот орган ќе ги достави документите во согласност со прописите на својата држава, ако тие се на јазикот на замолената договорна страна или се проследени со превод на тој јазик, во спротивно замолениот орган ќе ги достави документите на примателот само ако тој доброволно се согласи да ги прими.
(2) Замолениот орган може, на изрично барање, при достава на документите да ги примени прописите на договорната страна молител, ако тоа не е во спротивност со прописите на замолената договорна страна.
(3) Доставувањето на документите се докажува во согласност со прописите за достава што се на сила на територијата на замолената договорна страна. Надлежниот орган во потврдата го наведува времето и местото на доставата, како и лицето на кое му е доставен документот.
(4) Потврдата за доставата ќе биде испратена без одлагање на договорната страна молител. Доколку доставувањето не може да се изврши, замолената договорна страна веднаш ќе ја извести страната молител за причините.
Член 18
(1) Договорните страни нема да бараат надоместок на трошоците на нејзината територија за укажување на правна помош, во согласност со овој договор, освен трошоците за вештачење и други трошоци кои произлегуваат од вештачење.
(2) Замолениот орган може да побара депозит за трошоци за трошоците од ставот 1 на овој член.
Глава III Признавање на исправите
Член 19
(1) Исправите издадени или заверени од страна на суд или друг надлежен орган на една договорна страна во предвидената форма, ако се снабдени со потпис и печат на надлежниот државен орган, не се заверуваат на територијата на другата договорна страна.
(2) Одредбата од ставот 1 на овој член се однесува и на копии на преписи заверени од страна на, како што е наведено погоре, судот или друг надлежен орган.
Член 20
Официјалните документи издадени и важечки на територијата на една договорна страна исто така важат и на територијата на другата договорна страна.
Член 21
(1) Договорните страни меѓусебно ќе доставуваат извадоци од матичните книги на родени, венчани и умрени како и судски одлуки за развод или поништување на брак и други одлуки за личната состојба во врска со државјаните на другата договорна страна.
(2) Изводите и одлуките од ставот 1 на овој член се доставуваат бесплатно, по дипломатски пат, на секои шест месеци.
Глава IV
Признавање и извршување на судски одлуки
Член 22
Договорните страни ќе признаат и извршуваат на нивната територија судски одлуки во граѓански предмети, како и порамнувања за такви предмети склучени пред судот на другата договорна страна.
Член 23
(1) Одлуките од член 22 на овој договор се признаваат и извршуваат под следните услови:
(а) ако одлуката е правосилна и извршна според законот на договорната страна на чија територија е донесена;
(б) ако предметот за кој била донесена одлука не спаѓа во исклучива надлежност на судот на договорната страна на чија територија се бара признавање или извршувањето на одлуката;
(в) кога одлука е донесена во отсуство на страната, која не се појавила и не била вклучена во постапката, а против која е донесена одлуката иако била уредно и навремено известена за постапката, во согласност со законот на договорната страна на чија територија била донесена одлуката а во случај на нејзина процесна неспособност била правилно застапувана;
(г) не е донесена правосилна одлука помеѓу истите страни во истиот предмет истиот случај пред судот на таа договорна страна на чија територија се бара признавање или извршување на одлуката; (д) не е отворена постапка помеѓу исти странки по ист предмет пред судот на договорната страна на чија територија се бара признавање или извршување на одлуката пред постапката во која била усвоена одлуката;
(ѓ) доколку признавањето или извршувањето на одлуката не е во спротивност со основните принципи на законодавството на договорната страна, на чија територија се бара признавање и извршување на одлуката;
(е) Ако договорната страна на чија територија се бара признавање и извршување на решението смета дека не се нанесува штета на нејзиниот суверенитет или безбедноста со признавање или извршување на одлуката.
(2) Одлука за признавање или извршување на одлуката донесува надлежниот суд на договорната страна на чија територија се бара признавање или извршување.
Член 24
(1) Судските одлуките на една договорна страна во врска со личната состојба на државјанин на другата договорна страна се признаваат на територијата на другата договорна страна, во согласност со условите утврдени во член 23 од овој договор, ако тие не се во спротивност со законот кој би го примениле судовите на договорната страна на чија територија се бара признавање на одлуката.
(2) Судските одлуките на една договорна страна во врска со личната состојба на државјанин на трета држава, се признаваат на територијата на другата договорна страна, само ако таа ги исполнува условите за признавање во третата држава.
Член 25
(1) Барателот на извршувањето може да поднесе барање за признавање или извршување на одлуката директно до судот на договорната страна на чија територија се бара признавањето или извршувањето или до судот на договорната страна кој одлучил во прв степен, а судот ќе го проследи барањето на начин предвиден во член 2 на овој договор.
(2) Кон барањето за признавање или извршување се приложува:
(а) одлука или заверена копија на одлуката, со потврда за правосилност и извршност, ако тоа не произлегува од самата одлука;
(б) доказ дека странката која не учествувала во постапката и против која одлуката е донесена била уредно и навремено повикана да учествува во постапката, во согласност со законот на договорната страна на чија територија била донесена одлука, а ако страната била процесно неспособна дека била соодветно застапена.
(в) заверен превод на барањето и документи од точка (а) и (б), на еден од јазиците на договорната страна на чија територија се бара признавање или извршување на одлуката.
Член 26
(1) Постапката за признавање или извршување на одлуката се води согласно законот на договорната страна на чија територија се бара признавање или извршување на одлуката.
(2) Судот кој одлучува по барањето за признавање или извршувањето на одлуката се ограничува само на утврдување на постоење на условите предвидени во член 22 до 25 од овој договор.
(3) Секој кој има правен интерес во таквото признавање или извршување може да поднесе барање за признавање или извршување.
Трет дел
ПРАВНА ПОМОШ ВО КРИВИЧНАТА МАТЕРИЈА
Општи одредби
Член 27
(1) Договорните страни, согласно одредбите наведени подолу и во најголем можен степен ќе укажуваат взаемна правна помош во постапките во однос на кривични дела за кои, во моментот на барањето за правна помош биле надлежни судовите на страната молител.
(2) Овој договор не се применува на:
(а) извршување на кривична одлука и
(б) дела поврзани со прекршување на воените обврски.
Член 28
Правната помош може да се одбие:
(а) ако пријавата се однесува на дело кое не е казниво според законот на замолената договорна страна;
(б) доколку замолената договорна страна смета дека извршувањето на барањето може да им наштети на нејзиниот суверенитет, безбедноста, јавниот ред или други основни интереси;
(в) доколку барањето во врска со кривичното дело кое замолената договорна страна го смета за политичко кривично дело или дело поврзано со политичко кривично дело. За политичко кривично дело или дело поврзано со политичко кривично дело нема да се смета:
(i) кривично дело против животот извршено со умисла, вклучително со обид и соучество, освен ако делото е сторено во отворена борба која согласно меѓународното право се смета за вооружен конфликт меѓу државите;
(ii) кривични дела за кои обврската за гонење е определена врз основа на меѓународни договори.
Член 29
(1) Доставувањето се докажува со потврда за прием, на која стои датум и потпис на примателот или со изјава на надлежниот орган на замолената страна во која се потврдува како и кога е извршено доставувањето. Таквиот документ веднаш ќе биде предаден на страната молител. На барање на страната молител, замолената договорна страна ќе наведе дали доставувањето е извршено во согласност со нејзиниот закон.
(2) Доколку доставата не можела да се изврши, замолената договорна страна, без одлагање, ќе ја извести страната молител за причините.
(3) Замолницата за доставување на повик на лице обвинето на територијата на замолената договорна страна ќе биде доставена до замолената договорна страна, со цел доставата до обвинетото лице да се изврши најдоцна во рок од дваесет дена пред датумот утврден за доаѓање на тоа лице на територијата на страната молител.
(4) Повикот не треба да содржи закана со принудни мерки во случај сведокот или вештакот да не се одзве на повикот. Ако сведокот или вештакот не се одзве на таквиот повик, не може заради тоа да биде казнет или подложен на принудни мерки.
(5) Доколку страната молител смета дека е неопходно сведокот или вештакот лично да истапи пред судот ќе го наведе тоа во замолницата за доставување на повик за сведокот или вештакот да пристапи. Замолената договорна страна ќе ја извести страната молител за одговорот што го дал сведокот или вештакот.
Член 30
(1) Сведокот или вештакот кој ќе се одзве на повикот доставен врз основа на членот 29 од овој договор има право на надоместок, патни трошоци и трошоци за сместување. Надоместоците и трошоците ги сноси страната молител во износи кои одговараат на оние предвидени со важечките тарифи и одредбите на страната молител, а се пресметуваат од местото на живеење на сведокот или вештакот.
(2) Во замолницата за доставување на повик или во самиот повик треба да се наведе приближниот износ на надоместокот, патните трошоци и трошоците за престој.
Член 31
(1) Ако страната молител побара лицето лишено од слобода да се појави лично како сведок или заради соочување, тоа ќе биде привремено предадено на територијата каде што треба да се одржи сослушувањето, под услов да биде вратено во рокот определен од замолената страна.
(2) Предавањето може да се одбие:
(а) ако лицето лишено од слобода не се согласува со тоа;
(б) ако предавањето може да резултира со продолжување на неговото лишување од слобода, или (в) ако постојат други важни причини против неговото спроведување на територијата на страната молител.
(3) Предавањето може да се одложи ако присуство на лицето лишено од слобода е неопходно во кривичната постапка на територијата на замолената страна.
(4) Ако трета држава треба да го предаде лицето лишено од слобода на една договорна страна преку територијата на една од договорните страни, таа договорна страна во согласност со одредбите од член 28 од овој договор, ќе одобри транзит на лицето лишено од слобода ако тоа не е државјанин на таа договорна страна.
(5) Предаденото лице мора, во случајот од став 1 на овој член, да биде во притвор на територијата на страната молител, а кога лице лишено од слобода се предава во согласност со став 4 на овој член, тоа ќе остане во притвор на територијата на договорната страна што е замолена за транзит, доколку државата од која се бара предавањето не бара да лицето да биде пуштено на слобода.
Член 32
(1) Сведокот или вештакот, без разлика на неговото државјанство, кој по повикот истапил пред судот на страната молител не може кривично да се гони, притворува или да биде подложен на други ограничувања на слободата на нејзината територија за сторени дела или пресуди изречени пред да ја напушти територијата на замолената договорна страна.
(2) Секое лице, без разлика на неговото државјанство, повикано да истапи пред судот на страната молител за да одговара за делото за кое се товари, не може кривично да се гони, притворува или да биде подложено на други ограничувања на слободата за дела и пресуди кои не се наведени во повикот а потекнуваат од времето пред да ја напушти територијата на замолената договорна страна.
(3) Имунитетот предвиден во овој член престанува ако сведокот, вештакот или обвинетото лице за период од дваесет дена по ред, откако престанала потребата за неговото присуство пред судот, имајќи можност да ја напушти територијата на страната молител останало таму или ако по напуштање на територијата се вратило.
Член 33
По замолницата за претрес или плендиба на ствари се постапува:
(а) доколку се однесува на кривично дело казниво според законодавството на страната молител и замолената договорна страна;
(б) доколку не е во спротивност со законот на замолената договорна страна.
Член 34
(1) Предметите, исправите или актите можат да бидат запленети и предадени на другата договорна страна, во согласност со законот на замолената договорна страна, ако постои одлука на надлежниот орган на страната молител.
(2) Правата на замолената договорна страна или на било кое лице во однос на предметите, исправите или актите остануваат непроменети.
(3) Замолената договорна страна може да го одложи предавањето на предметите, исправите или актите ако истите се потребни во кривична постапка која е во тек.
(4) Замолената договорна страна, по барање, доставува заверени преписи или копии од бараните акти или исправи.
(5) Страната молител ги враќа предметите, исправите или актите на замолената договорна страна по завршување на постапката за која се побарани, доколку таа не се откажала од нив.
Член 35
(1) Замолницата за правна помош ја потпишува надлежен судија или службено лице и на неа става службен печат.
(2) Во замолницата за доставување на акти, се наведува адресата на примателот и описот на актот што треба да се поднесе.
(3) Кон замолницата за претрес или плендиба и предавање на предметите, исправите или актите се приложува одлука или заверена копија од одлуката за претрес или пленидба.
(4) Замолената договорна страна може да побара дополнителни известувања потребни за донесување одлуки според овој договор или за извршување на замолницата.
Член 36
Во итни случаи, надлежниот орган на страната молител може да ја упати замолницата до надлежниот орган на замолената договорна страна директно или преку Меѓународната полициска организација (ИНТЕРПОЛ).
Член 37
(1) По барање на страната молител, замолената договорна страна ќе ја извести за времето и местото на извршување на замолницата.
(2) Службени лица и заинтересирани лица може да присуствуваат на дејството на преземање на правна помош, доколку со тоа се согласи замолената договорна страна.
Член 38
Замолената договорна страна ќе го образложи секое целосно или делумно одбивање на правна помош.
Дел четврти
ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ
Член 39
Овој договор е предмет на ратификација. Инструментите за ратификација ќе бидат разменети во Белград.
Член 40
(1) Овој договор влегува во сила по истекот на триесет дена од денот на размена на инструментите за ратификација.
(2) Овој договор е склучен на неопределено време. Секоја договорна страна може да го откаже во писмена форма по дипломатски пат. Откажувањето станува правосилно за шест месеци од приемот.
Полномошниците на двете договорни страни го потврдуваат овој договор преку својот потпис и печат.
Изготвено во Никозија, на 19 септември 1984 година, во два оригинални примерока на англиски јазик.