Contract
Врз основа на член 20-г од Закон за вработените во јавен сектор („Службен весник на Република Македонија“ бр. 27/14, 199/14, 27/16, 35/18 и 198/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 143/19 и 14/20), член 22 од Законот за работни односи („Службен весник на Република Македонија“ бр. 62/05, 106/08, 161/08, 114/09, 130/09, 50/10, 52/10, 124/10, 47/11, 11/12, 39/12, 13/13, 25/13, 170/13, 187/13, 113/14, 20/15, 33/15, 72/15, 129/15, 27/16, 120/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 110/19, 267/20, 151/21 и 288/21), член 2 од Правилникот за задолжителните елементи на јавниот оглас за пополнување на работно место во јавниот сектор преку вработување и пријавата за вработување, како и формата, содржината и начинот на водење на регистарот на лица кои дале лажни податоци при вработување во јавен сектор („Службен весник на Република Македонија” бр. 34/15), Фондот за здравствено осигурување на Република Северна Македонија, распишува:
Ј А В Е Н О Г Л А С бр. 06/2022
за вработување на помошно-техничко лице на неопределено време
Фондот за здравствено осигурување на Република Северна Македонија објавува јавен оглас за вработување на помошно-техничко лице на неопределено време, за 1 (еден) извршител, за следното работно место:
Реден број и шифра на работното место: УПР 04 05 А03 001
Назив на работното место: Xxxxx, Помошно технички лица во Одделение за остварување на придонес, во ПС СКОПЈЕ
Звање на работното место: Xxxxx во подрачна служба
Број на извршители: 1 (еден) извршител
Национална припадност: Ром/ка
Општи услови согласно законот.
Б) Посебни услови кои треба да ги исполнува кандидатот – ниво А03:
Вид на образование:
Нижа стручна спрема.
- Работно искуство: со или без работно искуство.
Распоред на работното време:
- Работни денови: од понеделник до петок;
- Работни часови: 40 часа неделно;
- Работно време со почеток во периодот од 7:30 / 8:30 часот и крај на работното време во периодот до 15:30 / 16:30 часот.
Паричен износ на нето плата: 18.022,00 денари.
Општите услови согласно законот (во врска со точка А)) што треба да ги исполнува кандидатот:
Да е државјанин на Република Северна Македонија;
Активно да го користи македонскиот јазик;
Да е полнолетен;
Да има општа здравствена способност за работното место;
Со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.
Кандидатите за сите работни позиции, потребно е да ги достават следните документи:
Доказ за државјанство (не постар од шест месеци);
Доказ за општа здравствена способност за работното место (не постар од една година);
Доказ дека не им е изречена мерка забрана за вршење професија, дејност или должност (не постар од шест месеци);
Уверение/Диплома за завршен степен на образование;
Пријава;
CV - кратка биографија;
Доказ за работно искуство.
Пријавата, кандидатот може да ја презема во електронска форма од веб страната на Фонд за здравствено осигурување на Република Северна Македонија (xxxx://xxx.xxx.xxx.xx)
Доказите за исполнување на условите треба да бидат во оригинална форма или копија заверени на нотар.
Поради итноста на постапката, потребната документација за огласот треба да се достави во архивата на Фондот за здравствено осигурување на Република Северна Македонија - Централа (Ул. Македонија бр. 5, 1000 Скопје) или препорачано по пошта во затворен коверт на следнава адреса:
Фонд за здравствено осигурување на Република Северна Македонија, со седиште Ул. Македонија бр. 5, 1000 Скопје (со назнака „за јавен оглас бр. 06/2022 за вработување на помошно-техничко лице на неопределено време.”).
Во пријавата задолжително да се наведе работното место за кое аплицира кандидатот.
Пријавите доставени по електронска пошта, ненавремените пријави, и некомплетните пријави нема да се прифаќаат и да се разгледуваат.
Xxxxx
за пријавување на кандидатите за јавниот
оглас е 5
дена,
од
денот на неговото објавување
во дневните весници, не сметајќи го
денот на објавувањето во дневен весник.
Постапката за селекција ќе биде спроведена во следните фази: административна селекција (проверка на комплетност на пријавата и доказите) и интервју.
Доколку на јавниот оглас од ставот (1) на овој член се пријавиле до 200 кандидати за едно работно место изборот се врши во рок од 45 дена, од 201 до 500 кандидати за едно работно место изборот се врши во рок од 90 дена и над 500 кандидати за едно работно место изборот се врши во рок од 120 дена, по истекот на рокот на пријавувањето.
Административната селекција и интервјуто на пријавените кандидати ќе ги спроведе надлежна Комисија формирана за спроведување на постапката за вработување од страна на Фонд за здравствено осигурување на Република Северна Македонија.
Пријавените кандидати ќе бидат навремено известени за времето и местото на одржување на интервјуто.
Со избраниот кандидат ќе се склучи договор за вработување на неопределено работно време.