Contract
ОПШТИ УСЛОВИ ЗА МИКРОПЛАЌАЊЕ НА Т-МОБИЛЕ МАКЕДОНИЈА АД СКОПЈЕ
(во натамошниот текст: Општи услови за микроплаќање)
1. ЗНАЧЕЊЕ НА ИЗРАЗИТЕ СОДРЖАНИ ВО ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА МИКРОПЛАЌАЊЕ
Секој од подолу наведените изрази го има следното значење во смисла на овие Општи услови за микроплаќање:
⮚ Услуга на микроплаќање - се смета услуга за вршење на трансакции за плаќање не поголеми од 1.000 денари (со зборови: илјада денари), каде согласноста на Корисникот за вршење на трансакцијата за плаќање се дава со некој телекомуникациски, дигитален или информатичко-технолошки уред, а плаќањето се врши кон Т-Мобиле МК како телекомуникациски оператор кој делува исклучиво како посредник помеѓу Корисникот на услугите за плаќање и добавувачот на стоки и услуги;
⮚ Посредник при микроплаќање - телекомуникациски или мрежен оператор или оператор на информациско технолошки системи преку кој се вршат микро плаќањата и кој ги исполнува условите пропишани со Законот за платниот промет (Сл. Весник на РМ бр. 113/2007, 22/2008, 159/2008, 133/2009, 145/2010, 35/2011, 11 /2012 и 166/2012);
⮚ Т-Мобиле Македонија АД Скопје (во натамошниот текст: Т-Мобиле МК) - оператор на јавна комуникациска мрежа и давател на јавна комуникациска услуга и посредник на микроплаќање согласно Законот за платниот промет;
⮚ Претплатник - физичко или правно лице кое за користење на јавни комуникациски услуги склучува договор со Т- Мобиле МК, како оператор на јавна комуникациска мрежа и давател на јавна комуникациска услуга, за користење на услугите од пост-пејд или при-пејд системот;
⮚ Корисник на микроплаќање - физичко или правно лице, Претплатник на Т-Мобиле МК, кое има склучено Договор за микроплаќање со Т-Мобиле МК, како посредник на микроплаќање. Физичко лице – Xxxxxxxx на микроплаќање може да овласти други физички лица да ја користат услугата на микроплаќање согласно условите утврдени во Договорот за микроплаќање и овие Општи услови за микроплаќање. Во секој случај, физичкото лице – Xxxxxxxx на микроплаќање е директно и непосредно одговорно за извршување на обврските од Договорот за микроплаќање за физичките лица кои ги овластил да ја користат услугата на микроплаќање, кои настапуваат во свое име, а за сметка на физичкото лице – Корисник на микроплаќање кое го склучил Договорот за микроплаќање. Корисник на микроплаќање се и физичките лица за кои правното лице – Xxxxxxxx на микроплаќање го склучил Договорот за микроплаќање во нивно име, а за своја сметка. Во секој случај, правното лице – Xxxxxxxx на микроплаќање е директно и непосредно одговорно за извршување на обврските од Договорот за микроплаќање за физичките лица кои ги овластил да ја користат услугата на микроплаќање;
⮚ Договор за микроплаќање – договор склучен помеѓу Корисникот на микроплаќање и Т- Мобиле МК во кој се уредени начинот и условите под кои се користи услугата на микроплаќање;
⮚ MSISDN – број издаден од Т-Мобиле МК, кој е поврзан со СИМ картичката и преку кој Т- Мобиле МК го евидентира Корисникот на микроплаќање при користењето на услугата на микроплаќање;
⮚ СИМ картичка – е специјален тип на електронска картичка која на Корисникот на микроплаќање му е издадена од Т-Мобиле МК со која Корисникот на микроплаќање се
најавува на телекомуникациска мрежа со цел остварување на телекомуникациски сообраќај;
⮚ Циклус на пресмeтка - е период во кој Т-Мобиле МК врши пресметка на трансакциите направени од страна на Корисникот за микроплаќања кој не може да биде пократок од 28 (дваесет и осум) дена и подолг од 31 (триесет и еден) ден;
⮚ Инструмент за микроплаќање - СИМ картичка, мобилен телефон, односно било кој друг телекомуникациски, дигитален или информатичко-технолошки уред, со кој се дава согласност за извршување на трансакцијата за микроплаќање.
⮚ Законски лимит по Корисник на микроплаќање – лимит од 6.000 денари (со зборови: шест илјади денари) дефиниран во Законот за платен промет кој на ниво на физичко лице се определува по ЕМБГ на Корисникот на микроплаќање, а на ниво на правно лице се определува по поединечна претплатничка линија.
2. ПРЕДМЕТ НА ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА МИКРОПЛАЌАЊЕ
Предмет на овие Општи услови за микроплаќање е дефинирање на правата и обврските на, Т- Мобиле Македонија АД Скопје, ул. Кеј 13 Ноември бр. 6, 1000 Скопје, како посредник при микроплаќање утврден со упис во регистарот на посредници при микроплаќање на Народна Банка на Република Македонија со Решение бр. 6569 од 07.03.2014 година согласно Законот за платниот промет (Службен весник на РМ бр. 113/2007, 22/2008, 159/2008, 133/2009, 145/2010, 35/2011, 11
/2012 и 166/2012), од една страна и Корисникот на микроплаќање, од друга страна.
За користење на услугата за вршење на плаќања исклучиво под 300 денари (со зборови: тристотини денари), Претплатниците на Т-Мобиле МК не склучуваат посебен писмен договор со Т- Мобиле МК. Активацијата на оваа услуга Претплатниците ќе ја вршат и преку електронски канали согласно Упатство за активација кое на Претплатникот му е достапно на официјалната веб страна на Т-Мобиле МК (xxx.x-xxxxxx.xx). Од моментот на активација, овие Општи услови за микроплаќање ги обврзуваат и таквите Претплатници и тоа во оној обем кој е применлив за таквата услуга. Т-Мобиле МК го задржува правото да го одбие барањето за активација на овој тип услуга.
3. ЦЕНА НА УСЛУГИТЕ НА МИКРОПЛАЌАЊЕ
За користењето на услугите на микроплаќање, Корисникот на микроплаќање има обврска на Т- Мобиле МК да му плаќа надоместок утврден во Ценовникот за трошоците и услугите при вршењето на микроплаќањето на Т-Мобиле МК, кој на Корисникот на микроплаќање му е достапен на официјалната веб страна на Т-Мобиле МК или во било кој продажен салон на Т-Мобиле МК.
4. СКЛУЧУВАЊЕ НА ДОГОВОР ЗА МИКРОПЛАЌАЊЕ
Основ за користење на услугата за микроплаќање, е Претплатниците да склучат Договор за микроплаќање во писмена форма, со исклучок на точка 2 став 2 од овие Општи услови за микроплаќање.
За склучување на Договор за микроплаќање, Претплатникот поднесува Барање до Т-Мобиле МК. Барањето за користење на услугата микроплаќање се поднесува со пополнување на претходно изготвен образец (формулар) за таа намена. Барањето може да се поднесе непосредно во продажните салони на Т-Мобиле МК.
5. УСЛОВИ ЗА СКЛУЧУВАЊЕ НА ДОГОВОР ЗА МИКРОПЛАЌАЊЕ НА ПРЕТПЛАТНИЦИ ВО ПОСТ- ПЕЈД И ПРИПЕЈД СИСТЕМОТ
5.1. Претплатници во пост-пејд системот (физички лица) потребно е најмалку да ги исполнуваат следните услови за да склучат Договор за микроплаќање:
⮚ да имаат склучено претплатнички Договор за користење на услуги на јавна мобилна комуникациска мрежа на Т-Мобиле МК и да се активни корисници на пост-пејд услугите на Т-Мобиле МК
⮚ редовно да ги подмируваат сметките за мобилни комуникациски услуги
⮚ да поседуваат валиден документ за лична идентификација,
⮚ на барање на Т-Мобиле МК да депонираат износ од 6.000 денари (или со зборови: шест илјади денари) како гаранција за извршување на обврските од Договорот за микроплаќање. Корисникот на микроплаќање го овластува Т-Мобиле МК да го активира дадениот депозит во случај на неможност за наплата на неговите обврски кон Т-Мобиле МК по Договорот за микроплаќање.
5.2. Претплатници во пост-пејд системот (правни лица) потребно е најмалку да ги исполнуваат следните услови за да склучат Договор за микроплаќање:
⮚ да имаат склучено Договор за користење на услуги од мобилна телефонија и да се активни корисници на постпејд услугите на Т-Мобиле МК
⮚ редовно да ги подмирувале сметките за мобилни комуникациски услуги
⮚ на барање на Т-Мобиле МК да депонираат износ од 6.000 денари (или со зборови: шест илјади денари) по претплатничка линија како гаранција за извршување на обврските од Договорот за микроплаќање. Корисникот на микроплаќање го овластува Т-Мобиле МК да го активира дадениот депозит во случај на неможност за наплата на неговите обврски кон Т- Мобиле МК по Договорот за микроплаќање.
⮚ да потпишат Xxxxxx за краен сопственик согласно Законот за спречување на перење на пари и други приноси од казниво дело и финансирање на тероризам
5.3. Претплатници во при-пејд системот потребно е најмалку да ги исполнуваат следните услови за да склучат Договор за микроплаќање:
⮚ да се активни корисници на пре-пејд услуги
⮚ да поседуваат валиден документ за лична идентификација
Плаќањето на депозитот дефиниран во точка 5.1 и точка 5.2 се врши во продавниците на Т- Мобиле МК. При депонирањето на депозитот, на Корисникот на микроплаќање ќе му биде издадена потврда. На положениот депозит Т-Мобиле МК не му исплаќа камата на Корисникот на микроплаќање. Т-Мобиле МК ќе го употреби депозитот само во случај Корисникот на микроплаќање да не ги плаќа навремено неговите обврски кон Т-Мобиле МК по Договорот за микроплаќање. Во таков случај, по исцрпување на депозитот, доколку Корисникот на микроплаќање не положи нов депозит, Т-Мобиле МК има право да ја исклучи услугата за микроплаќање. Во случај на раскинување на Договорот за микроплаќање склучен со положување на депозит, Т-Мобиле МК ќе изврши враќање на неискористениот дел од депозитот, доколку сите доспеани сметки се платени.
6. ПРАВА И ОБВРСКИ НА Т-МОБИЛЕ МК И КОРИСНИКОТ НА МИКРОПЛАЌАЊЕ
6.1 Корисникот на микроплаќање ги има следните права:
⮚ да ја користи услугата на микроплаќање согласно условите утврдени во овие Општи услови за микроплаќање и Договорот за микроплаќање и Упатство за користење на услугата микроплаќање кое на Корисниците на микроплаќање им е достапно на веб страната на Т- Мобиле МК и во продажните салони Т-Мобиле МК
⮚ да добива непречено, ефикасно и редовно користење на услугата на микроплаќање, во согласност со условите утврдени во овие Општи услови за микроплаќање и Договорот за микроплаќање.
⮚ на бесплатни месечни извештаи во електронска форма за извршените микро плаќања.
⮚ на негово барање, во салоните на Т-Мобиле МК да добие бесплатни месечни извештаи во писмена форма за извршените микроплаќања
⮚ на достапност до Службата за грижа на корисници за каков било проблем што се донесува на користење на услугата на микроплаќање со повикување на тел. број 122 на Контакт центарот на Т-Мобиле МК.
⮚ на негово барање, да добие информација во врска со податоците кои за него ги обработува Т-Мобиле МК
⮚ да бара и да добие информации во врска со услугата на микроплаќање
⮚ да поднесе Приговор согласно точка 8 од овие Општи услови за микроплаќање
⮚ да бара промена на условите под кои првично му е одобрена услугата на микроплаќање.
6.2. Корисникот на микроплаќање ги има следните обврски:
⮚ да не ја користи услугата на микроплаќање спротивно на Општите услови за микроплаќање, Договорот за микроплаќање, Упатството за користење на услугата микроплаќање и законските прописи од областа на платниот промет
⮚ да не ја злоупотребува услугата микроплаќање за вршење на дејствија кои не се во согласност со законските прописи
⮚ да ја користи услугата за сопствени потреби и да не дозволи неовластено користење на услугата на микроплаќање од трети лица
⮚ да не ги открива неговите кодирани податоци за идентификација на трети лица (PIN броеви и други идентификациони броеви кои му се доделени за користење на услугата микроплаќање) и да ги сноси сите трошоци поврзани со неовластеното откривање на неговите кодирани податоци
⮚ да го извести Т-Мобиле МК за секоја промена на документите за лична идентификација, веднаш а најдоцна во рок од 8 (осум) дена од извршената промена
⮚ Корисникот на микроплаќање се согласува Т-Мобиле МК да ги соопштува податоците за поединечните трансакции со инструментот за микроплаќање на полицијата и останати државни органи на Република Македонија на барање засновано на закон, согласно потребата, во случај на постоење на основано сомнение за злоупотребата на инструментот за микроплаќање
⮚ навремено да ги плаќа фактурираните износи за користење на услугата микроплаќање
⮚ да ги почитува секое упатство и соопштение на Т-Мобиле МК во поглед на користењето на услугата на микроплаќање и инструментот за микроплаќање кој го овозможува истото
6.3. Т-Мобиле МК ги има следните права:
⮚ од Корисниците на микроплаќање да ги побара личните податоци утврдени со закон и да задржи копија од истите;
⮚ да ги користи личните податоци на Корисниците на микроплаќање за директен маркетинг на производи/услуги на Т-Мобиле МК единствено со нивна претходна изречна согласност, со обврска да им овозможи во секое време бесплатно и со користење на едноставни средства да ја повлечат или ограничат согласноста за обработка на лични податоци;
⮚ да одбие барање за склучување на Договор за микроплаќање;
⮚ да ја определи висината на лимитите согласно законските лимити и интерните правила на Т-Мобиле МК;
⮚ да ја зголемува или намалува висината на лимитите согласно законските лимити и интерните правила на Т-Мобиле МК;
⮚ да одбие трансакција доколку износот на трансакцијата го надминува дозволениот лимит по поединечна трансакција на Корисникот на микроплаќање;
⮚ да одбие трансакција доколку со трансакцијата се надминува вкупно дозволениот лимит на месечно ниво на Корисникот на микроплаќање;
⮚ да одбие трансакција доколку со трансакцијата се надминува законски дозволениот лимит на месечно ниво на ниво на Т-Мобиле како посредник за микроплаќање;
⮚ да му ја ограничи на Корисникот на микроплаќање користењето на услугата на микроплаќање во случаите наведени во овие Општи услови за микроплаќање или во Општите Услови за пристап и користење на јавните комуникациски услуги на Т-Мобиле МК;
⮚ да пристапи кон привремено или конечно прекинување на услугата микроплаќање во случај на злоупотреба или постојано одлагање на плаќањето;
6.4. Т-Мобиле МК ги има следните обврски:
⮚ да овозможи активирање и пристап на услугата на микроплаќање во рок не подолг од 7 (седум) дена од денот на склучување на Договорот за микроплаќање;
⮚ да им обезбеди на Корисниците на микроплаќање пристап до Контакт центар на бројот 122 на Т-Мобиле МК за добивање на информации во врска со начинот на користење на услугата микроплаќање;
⮚ на барање на Корисникот на микроплаќање да му одговори за причината за одбиената трансакција за услугата на микроплаќање;
⮚ да му овозможи на Корисникот на микроплаќање 24-часовна техничка поддршка за овозможување на блокада на инструментот за микроплаќање на бројот122;
⮚ да изврши сторнирање на повеќекратно наплатениот износ во случај на повеќекратна наплата на иста трансакција;
⮚ да одговори на Корисникот на микроплаќање во случај на поднесен Приговор согласно точка 8 од овие Општи услови;
⮚ да му достави на Корисникот на микроплаќање, бесплатни месечни извештаи за извршените микро плаќања по електронски пат;
⮚ да ги обработува и чува личните податоци на Корисниците на микроплаќање и податоците за нивните трансакции, заради исполнување на целите на Договорот за микроплаќање во согласност со Законот за платен промет и прописите за заштита на лични податоци;
⮚ да ги преземе сите потребни технички и организациони мерки за заштита на тајноста на пораките или другите форми на вршење на услугата/трансакциите, како и да гарантира сигурност, тајност и неповредливост на личните податоци на Корисниците на микроплаќање и заштита од повреда на личниот интегритет, што произлегува од регистрирањето информации за Корисниците на микроплаќање, согласно прописите за заштита на лични податоци освен во случаи предвидени со Закон;
⮚ на барање на Xxxxxxxxxx на микроплаќање да даде информација во врска со податоците кои за него ги обработува и чува согласно прописите за заштита на лични податоци;
⮚ во случај на повреда на одредбите на Договорот за микроплаќање да го извести Корисникот на микроплаќање и да му определи разумен рок за исполнување на обврските предвидени со Договорот;
⮚ да го извести Корисникот на микроплаќање за сите евентуални измени на услугата на микроплаќање (во поглед на начинот на фактурирање/наплата и други услови на работење итн). Измените на услугата на микроплаќање ќе бидат јавно објавени на веб страната на Т- Мобиле МК и достапни во секое продажно место на Т-Мобиле МК;
⮚ да го извести Xxxxxxxxxx на микроплаќање за промените во месечните лимити по пат на
SMS;
⮚ да ги чува податоците за извршените микроплаќања, како и прегледите и деталните исписи од извршени трансакции во период од 10 (десет) години од извршување на трансакциите;
⮚ преку SMS порака да го извести Корисникот на микроплаќање за привремено или конечно ограничувањето на услугата микроплаќање поради неплаќање.
7. ГУБЕЊЕ, КРАЖБА, ОДЗЕМАЊЕ И ДРУГИ ВИДОВИ НА ЗЛОУПОТРЕБА НА ИНСТРУМЕНТОТ ЗА ПЛАЌАЊЕ И НЕГОВИТЕ ИДЕНТИФИКАЦИОНИ ОЗНАКИ
7.1 Корисникот на микроплаќање е должен да води должна грижа за инструментот за микроплаќање со кој се дава согласност за извршување на трансакцијата за микроплаќање,
за цели на заштита од злоупотреба и/или неовластено користење од страна на трети лица. Корисникот на микроплаќање е должен да го чува во строга тајност и со должно внимание, особено од неовластен пристап од трети страни, својот инструмент за микроплаќање, PUK / PIN кодовите и сите други идентификациски ознаки од договорниот однос со Т-Мобиле МК (на пример: ознака на Корисникот на микроплаќање, лозинки, итн.).
7.2 Во случај на губење, кражба или одземање на инструментот за микроплаќање, како и во случај на сомневања за можна злоупотреба и/или неовластено користење на идентификациските ознаки на неговиот инструмент за микроплаќање, или сознанија за извршувањето на неовластени трансакции, Корисникот на микроплаќање е должен истото веднаш да пријави и да побара блокирање на услугата на микроплаќање, со упатување на повик на 122, задолжително наведувајќи податоци за идентификација на инструментот за микроплаќање (МSSISDN и сл.) и други информации коишто се потребни за да се утврди автентичноста на пријавата. Корисникот на микроплаќање е должен пријавата направена со упатување на повик, да ја потврди во писмена форма во рок од 2 (два) работни дена од денот на повикот на e-mail адресата: xxxxxxx@x-xxxxxx.xx, или во било кое од официјалните продажни места на Т-Мобиле МК со назнака – Служба за приговори. Корисникот на микроплаќање е лично одговорен за сите трансакции направени пред направената пријава и барањето за блокирање на услугата на микроплаќање до Т-Мобиле МК. Т-Мобиле МК нема да му одговара на Корисникот на микроплаќање или на било која трета страна за било каква штета којашто може да настане поради лажна пријава за губење, кражба или одземање на инструментот за микроплаќање, односно лажна пријава за злоупотреба и/или неовластено користење на идентификациските ознаки на неговиот инструмент за микроплаќање, или лажна пријава за вршење на неовластени трансакции. По добивањето на пријавата за губење, кражба или одземање на инструментот на микроплаќање, односно пријавата за можна злоупотреба и/или неовластено користење на идентификациските ознаки на неговиот инструмент за микроплаќање или за извршување на неовластени трансакции, Т-МОБИЛЕ МК ќе го блокира инструментот за микроплаќање и ќе го оневозможи негово понатамошно користење. Воедно, Т-Мобиле МК, доколку самиот се посомнева дека постои злоупотреба во користењето на услугата на микроплаќање, односно дека се вршат неовластени трансакции, привремено ќе го блокира извршувањето на услугата на микроплаќање и за тоа ќе го извести Корисникот на микроплаќање.
8. ПРИГОВОРИ
Корисникот на микроплаќање може да поднесе приговор до Т-Мобиле МК доколку ја оспорува извршената трансакција преку услугата на микроплаќање. Рокот за поднесување на Приговор е 15 (петнаесет) дена од денот на достава на месечниот извештај за извршените микро плаќања (точка 6.4. став 7). Приговорот доставен по истекот на овие рокови се смета за неблаговремен, и се смета дека Xxxxxxxxxx на микроплаќање ги признал задолжените обврски.
Оспорувањето на висината на извршените трансакции не го одложува нивното подмирување.
Една трансакција извршена со услугата на микроплаќање може да биде оспорена само еднаш.
Приговорите се поднесуваат до Службата за Приговори на Т-Мобиле МК со адреса на ул.”Кеј 13-ти Ноември”бр.6, Скопје, на e-mail адресата: xxxxxxx@x-xxxxxx.xx, со повикување на тел. број 122 на Контакт Центарот на Т-Мобиле МК, или во било кое од официјалните продажни места на Т- Мобиле МК.
При поднесувањето на приговор, Xxxxxxxxxx на микроплаќање треба да ги наведе следниве задолжителни податоци:
- МСИСДН
- Единствен идентификационен број на трансакцијата
- Назив на трговецот
- Објаснување
Корисникот на микроплаќање може но не мора да ги наведе и следните податоци:
- Датум на трансакција
- Износ на трансакција
- Број на терминален уред
На барање на Т-Мобиле МК Корисникот на микроплаќање е должен да достави дополнителна документација во врска со поднесениот приговор.
9. ОГРАНИЧУВАЊЕ И ПРЕКИН НА УСЛУГАТА НА МИКРОПЛАЌАЊЕ
а) доколку Корисникот на микроплаќање не ја плати сметката за користење на услугите во рокот за плаќање определен во сметката, до целосно плаќање на истата;
б) доколку Корисникот на микроплаќање ја користи услугата на микроплаќање за давање на услуги на други корисници со одреден надомест;
в) доколку утврди дека Корисникот на микроплаќање на незаконски начин се стекнал со можноста за користење на услугата на микроплаќање;
г) доколку тоа е потребно заради реконструкција, модернизација, одржување или во случај на технички пречки или недостатоци на системот за микроплаќање на Т-Мобиле МК, до завршување на работите или отстранување на пречките;
д) ако се утврдат технички пречки или недостатоци на инструментот за микроплаќање, до отстранување на овие пречки, односно недостатоци;
ѓ) ако на барање на Т-Мобиле МК, Корисникот на микроплаќање не дозволи преглед на исправноста на инструментот за микроплаќање, до извршување на прегледот;
е) доколку услугата на микроплаќање се користи или е наменета да се користи за цел спротивна на Законот за платниот промет, прописите донесени врз основа на него или друг закон или пропис, констатирана од страна на надлежен орган;
ж) доколку услугата на микроплаќање се користи или е наменета да се користи за цел спротивна на условите од Договорот за микроплаќање;
з) ако се посомнева дека постои злоупотреба во користењето на услугата на микроплаќање, односно дека се вршат неовластени трансакции или се врши неовластено користење на инструментот за микроплаќање;
ѕ) во случај на ограничување или прекин на услугите од мобилна телефонија на Корисникот на микроплаќање од страна на Т-МОБИЛЕ МК
и) во случај на истек на рокот на важност на документот за лична идентификација, се до достава на важечки документ за лична идентификација
9.2 Т-МОБИЛЕ МК со СМС порака, по електронски пат, писмено или преку медиумите во случаите на привремено ограничување или прекин на пристапот кон комуникациските услуги утврдени во точка 9.1 алинеи г) и д) кои траат подолго од 30 минути ги известува Корисниците на микроплаќање најмалку 48 часа пред планираното ограничување или прекин на пристапот, како и не подолго од 48 часа по прекинот кај ограничувањата или прекините предизвикани од технички пречки или недостатоци на системот за микроплаќање.
10. РАСКИНУВАЊЕ НА ДОГОВОР ЗА МИКРОПЛАЌАЊЕ
10.1 Раскинување на Договор за микроплаќање по барање на Корисникот на микроплаќање
10.2 Раскинување на Договорот за микроплаќање од други причини
Т-Мобиле МК може да го раскине Договорот за микроплаќање поради следните причини:
⮚ Доколку Корисникот на микроплаќање не ги исполнува обврските предвидени со овие Општи услови за микроплаќање и Договорот за микроплаќање
⮚ Во случај на смрт на Xxxxxxxxxx на микроплаќање, односно во случај на бришење на Корисникот на микроплаќање од соодветниот регистар
⮚ Во случај на стечај или ликвидација или на неликвидност на Корисникот за микроплаќање.
⮚ доколку утврди дека Xxxxxxxxxx на микроплаќање на незаконски начин се стекнал со можноста за користење на услугата на микроплаќање
⮚ Во случај на користење и злоупотреба на услугата микроплаќање спротивно на овие Општи услови за микроплаќање, Договорот за микроплаќање и законските прописи од областа на платниот промет
⮚ доколку услугата на микроплаќање се користи или е наменета да се користи за цел спротивна на условите од Договорот за микроплаќање
⮚ доколку Корисникот на микроплаќање ја користи услугата на микроплаќање за давање на услуги на други корисници со одреден надомест
⮚ Доколку Т-Мобиле МК, не е во состојба да ги обезбедува услугите поради дејство на виша сила подолго од 6 (шест) месеци.
⮚ Т-МОБИЛЕ МК има право да го раскине Договорот доколку Xxxxxxxxxx на микроплаќање не направи плаќање подолго од 6 (шест) месеци
11. ФАКТУРИРАЊЕ И НАПЛАТА
11.1 ПОСТ - ПЕЈД КОРИСНИЦИ
Т-Мобиле МК за износот на вкупно извршените трансакции на услугата на микроплаќање, како и за надоместокот за користење на услугатата на микроплаќање, го задолжува Корисникот за микроплаќање како посебни ставки во редовната месечна сметка за користење на мобилни комуникациски услуги.
Непримањето или непоседувањето на сметката од која и да било причина, како и поднесувањето на Приговор согласно точка 8 од Општите услови за микроплаќање, не го ослободува Корисникот за микроплаќање од обврската да го плати долгот во предвидениот рок утврден во месечната сметка.
Корисникот за микроплаќање е должен во случај на недобивање на месечна сметка за користени услуги да се информира во било кој продажен салон на Т-Мобиле МК и да побара изготвување на истата.
Плаќањето ќе се смета дека е извршено од датумот на кој сумите се уплатени на сметката на Т- Мобиле МК.
Во случај на ненавремено плаќање, Т-Мобиле МК има право да пресмета законска затезна камата од првиот ден по истекот на рокот за плаќање утврден во сметката.
Доколку Корисникот за микроплаќање не ја плати сметката за користење на услугите во рокот определен за плаќање, по претходно писмено известување, Т-Мобиле МК има право:
− да го ограничи пристапот до услугата на микроплаќање.
− да го раскине Договорот за микроплаќање на начин и постапка утврдени во истиот.
Доколку Корисникот на микроплаќање не го плати доспеаниот долг доброволно, Т-Мобиле МК има право да ги превземе сите законски мерки за посредна или непосредна наплата на долгот како и за поведување на судска постапка за присилно наплатување на долгот.
11.2 ПРИ - ПЕЈД КОРИСНИЦИ
12. ПРОМЕНА НА ПРЕТПЛАТНИЧКИОТ ОДНОС ЗА КОРИСТЕЊЕ НА УСЛУГИ ВО МОБИЛНА ТЕЛЕФОНИЈА
- промена на претплатнички број
- промена на сопственост
- миграција од при-пејд системот во пост-пејд системот,
- миграција на MSISDN од еден на друг Претплатник (takeover)
- промена на кориснички код (convert) кај правни лица
13. ВИША СИЛА
Користењето на услугата на микроплаќање може да биде прекинато поради дејство на виша сила. Под виша сила се подразбира настан независен од волјата на Договорните страни, чие настапување не можело да се спречи или предвиди и поради кои исполнувањето на обврските од Договорот станало отежнато или неможно, вклучувајќи, но не ограничувајќи се на: природни настани, општествени настани (штрајк, немири, војна), акти на јавна власт. Т-Мобиле МК нема да сноси никаква одговорност кон Корисникот на микроплаќање поради прекин на услугата на микроплаќање, предизвикан од настан на виша сила.
14. ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ
14.1 Измени и дополнувања на Општите услови за микроплаќање
Доколку дојде до менување на условите за користење на услугите дефинирани во овие Општи услови за микроплаќање, Т-Мобиле МК, претходно писмено, преку средствата за јавно информирање, на официјалната веб страна на Т-Мобиле МК или со СМС порака ќе го извести Корисникот за измената во рок не пократок од 30 (триесет) дена пред воведувањето на измените.
Доколку во рок од 30 (триесет) дена од известувањето, Корисникот писмено не го извести Т- Мобиле МК дека го раскинува договорот, се смета дека Xxxxxxxxxx се согласил со измената на условите.
Раскинувањето на Договорот не ги ослободува Корисниците од плаќање на пристигнатите и неплатени обврски или исполнување на договорените обврски пристигнати пред извршените измени на овие Општи услови за микроплаќање.
14.2 Достапност на Општите услови за микроплаќање
14.3. Решавање на спорови
Споровите што ќе произлезат помеѓу Корисникот на микроплаќање и Т-Мобиле МК, ќе се решаваат спогодбено, а во спротивно за истите ќе решава Основен суд Скопје 2 – Скопје. Овие Општи услови, вклучително и Договорот за микроплаќање ќе се толкуваат во согласност со важечките правила и прописи во Република Македонија.
14.4. Влегување во сила и примена на Општите услови на микроплаќање
Овие Општи услови за микроплаќање на Т-Мобиле МК влегуваат во сила од денот на нивното донесување, а ќе се применуваат од денот на нивното објавување на веб страната на Т-Мобиле МК.
Скопје, 07.03.2014 година