Contract
ничката агенција, заради обезбедување и одржување опрема и медијациски уреди со цел создавање услови за спроведување на мерките за следење на комуника- циите, утврдени со Законот за оперативно-техничка агенција и Законот за следење на комуникациите.―.
Член 2
Во членот 75-а став (1) по зборовите: „склучено спогодба― се става запирка и се додаваат зборовите:
„меморандум, договор или протокол―.
Ставот (3) се менува и гласи:
„На операторите кои обезбедуваат јавни електрон- ски комуникациски услуги Агенцијата има право да им утврди максимални цени на големопродажните услуги за завршување на меѓународни повици од земјите со кои Република Македонија има склучена спогодба, ме- морандум, договор или протокол за истото, на рецип- рочна основа.―.
1238.
Врз основа на членот 75, ставови 1, 2 и 3 од Уста- вот на Република Северна Македонија, претседателот на Република Северна Македонија и претседателот на Собранието на Република Северна Македонија издаваат
У К А З
ЗА ПРОГЛАСУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА
ПРАКТИКАНСТВО
Се прогласува Законот за практиканство,
што Собранието на Република Северна Македонија го донесе на седницата одржана на 24 април 2019 годи- на.
Бр. 08-2597/2 Претседател на Република 17 мај 2019 година Северна Македонија,
Скопје Xxxxx Xxxxxxxxxxx, с.р.
Член 3
Овој закон влегува во сила со денот на објавување- то во „Службен весник на Република Македонија―, а ќе започне да се применува од 1 март 2019 година.
X X XX
PËR NDRYSHIMIN DHE PLOTËSIMIN E LIGJIT PËR KOMUNIKIME ELEKTRONIKE
Neni 1
Në Ligjin për komunikime elektronike (―Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë, numër 39/14, 188/14, 44/15, 193/15, 11/18 dhe 21/18), në nenin 29 pas paragrafit
(8) shtohet paragraf i ri (9), si vijon:
―(9) Mjetet e Agjencisë të realizuara nga të hyrat e kompensimeve të përcaktuara në nenin 30 të këtij ligji në lartësi prej 50%, si dhe pjesën e mjeteve të realizuara në pajtim me nenin 31 të këtij ligji në lartësi deri 10%, Agjencia do t‘i xxxxx si mjete të dedikuara për financim të veprimtarisë së Agjencisë Teknike Operative, për sigurimin dhe mirëmbajtjen e pajisjes dhe aparateve të mediacionit me qëllim krijimin e kushteve për zbatimin e masave për ndjekje të komunikimeve, të përcaktuara me Ligjin për Agjenci Teknike Operative dhe Ligjin për ndjekje të komunikimeve.‖.
Neni 2
Në nenin 75-a paragrafi (1) pas fjalëve: ―kontratë të lidhur‖ vihet presje dhe shtohen fjalët: ―memorandum, marrëveshje ose protokoll‖.
Paragrafi (3) ndryshohet si vijon:
―Operatorëve që sigurojnë shërbime publike elektronike komunikuese Agjencia ka të drejtë që t‘u përcaktojë çmime maksimale të shërbimeve për shitje me shumicë për përfundimin e thirrjeve ndërkombëtare nga vendet me të cilat Republika e Maqedonisë ka lidhur kontratë, memorandum, marrëveshje ose protokoll për të njëjtën, në xxxx reciprociteti.‖.
Neni 3
Ky ligj hyn në fuqi në ditën e botimit në ―Gazetën Zyrtare të Republikës së Maqedonisë‖, e do të fillojë të zbatohet nga 1 marsi 2019.
Претседател
на Собранието на Република Северна Македонија,
м-р Xxxxx Xxxxxxx, с.р.
З А К О Н
ЗА ПРАКТИКАНТСТВО
I. Општи одредби Предмет на законот
Член 1
Со овој закон се уредува постапката и условите за остварување на практикантство, правата и обврските на практикантот и на работодавачот кај кој се реализи- ра практикантската работа, договорот за практикантска работа и евиденцијата на практикантска работа.
Дефиниции
Член 2
(1) Одделни изрази употребени во овој закон го имаат следното значење:
1. „Практиканство‖ е работна активност којашто вклучува компонента на работа преку учење и здобива- ње на практични работни вештини, која се реализира во ограничен временски период, со цел стекнување на практично и професионално искуство, за да се подобри вработливоста и да се помогне преминот кон редовно вработување.
Под практикантството не се подразбира вршење на приправнички стаж, волонтерски стаж и пробна работа согласно со Законот за работните односи, како и обука, преквалификација и доквалификација согласно со За- конот за вработувањето и осигурување во случај на невработеност.
2. „Практикантска работа‖ е ограничен период по- минат на пракса на практикант кај работодавач.
3. „Практикант‖ е физичко лице кое врши практи- кантска работа кај работодавач со цел да се стекне со практични знаења и вештини што ќе му помогнат да ја подобри вработливоста на пазарот на трудот. Практи- кант согласно со овој закон може да биде секое физич- ко лице државјанин на Република Македонија кое ги исполнува условите утврдени со овој закон.
4. „Работодавач‖ е правно и физичко лице, како и друг субјект (орган на државна власт, орган на единица на локалната самоуправа, подружница на странско друштво, дипломатско и конзуларно претставништво), кој вработува работници врз основа на договор за вра- ботување.
5. „Ментор‖ е лице вработено кај работодавачот кое е задолжено за организирање на практикантската рабо- та и следење на напредокот на практикантот и кое го осигура остварувањето на целите за учење за време на практикантската работа.
(2) Употребените изрази „практикант―, „ментор‖ x
„работодавач― во машки род имаат неутрално значење и се однесуваат и за жени и за мажи.
II. Услови за вршење на практикантска работа Услови за вршење на практикантска работа
Член 3
Практикантот согласно со овој закон треба да ги исполнува следниве услови:
- да не е во работен однос,
- да не е постар од 34 години и
- да има завршено најмалку основно образование.
Член 4
(1) Потребата од практикант работодавачот ја обез- бедува по пат на јавен оглас објавен на својата интер- нет страница и/или на интернет страницата на Агенци- јата за вработување на Република Македонија или друг јавен медиум, којшто содржи информации за условите за практикантската работа.
(2) Во органите на државната власт и органите на единиците на локалната самоуправа при ангажирање на практиканти, се применува начелото на соодветна и правична застапеност на припадниците на заедниците и родово балансирано учество.
Член 5
(1) Со примената на овој закон се забранува секоја дискриминација врз основа на раса, боја на кожа, по- текло, национална или етничка припадност, пол, род, сексуална ориентација, родов идентитет, припадност на маргинализирана група, јазик, државјанство, соци- јално потекло, образование, религија или верско уверу- вање, политичко уверување, друго уверување, попре- ченост, возраст, семејна или брачна состојба, имотен статус, здравствена состојба, лично својство и општес- твен статус или која било друга основа.
(2) Заштитата од дискриминација се обезбедува сог- ласно со Законот за спречување и заштита од дискри- минација.
Времетраење на практикантската работа
Член 6
(1) Периодот на траење на практикантска работа кај еден работодавач може да изнесува до шест месеци.
(2) Кај ист работодавач практикантска работа може да се врши само еднаш од исто лице.
Број на практиканти
Член 7
(1) Максималниот број на практиканти кои можат да реализираат практикантска работа кај еден работо- давач во исто време, се определува според бројот на вработени на неопределено време на денот на пријаву- вање на практикантот кај работодавачот и тоа:
- од еден до пет вработени - еден практикант,
- од шест до 10 вработени - до два практиканта,
- од 11 до 50 вработени - до четири практиканти,
- од 51 до 150 вработени -до осум практиканти,
- од 151 до 250 вработени - до 15 практиканти,
- од 251 до 500 вработени - до 30 практиканти и
- над 500 вработени - до 50 практиканти.
(2) Бројот на ангажирани практиканти од страна на еден работодавач во кој било момент не смее да го над- мине максималниот број кој е определен врз основа на бројот на вработени на неопределено време кај работо- давачот согласно со ставот (1) на овој член.
(3) Агенцијата за вработување на Република Маке- донија еднаш месечно доставува податоци до Држав- ниот инспекторат за труд за работодавачите кои имаат пријавено практиканти.
Надоместок за практикантска работа
Член 8
(1) Практикантот за време на практикантската рабо- та кај работодавачот има право на месечен надоместок кој се исплаќа од страна на работодавачот.
(2) Висината на месечниот надоместок од ставот (1) на овој член се утврдува во нето износ за полно работ- но време во зависност од времетраењето на периодот на практикантската работа и тоа:
- од 42% до 74% од минималната нето плата, ут- врдена согласно со закон, за практикантска работа до три месеци и
- во висина на минималната нето плата утврдена согласно со закон, за практикантската работа над три месеци, сметано од четвртиот месец.
(3) Доколку практикантската работа, согласно со дого- ворот за практикантската работа, се реализира во период пократок од полното работно време, надоместокот за практикантската работа ќе се пресметува пропорционално на времето поминато на практикантската работа.
(4) Во случај на отсуство од работа по кој било ос- нов, освен одмор за време на работа и празници ут- врдени со закон, надоместокот се исплаќа пропорцио- нално на времето поминато на практикантската работа.
(5) Надоместокот за практикантската работа на прак- тикантот, работодавачот е должен да го исплати најдоцна до 15 во тековниот месец за претходниот месец.
III. Права и обврски на практикантот и работодавачот
Права на практикантот
Член 9
Практикантот, пред започнување на практикантска- та работа треба да се информира за правата за време на вршењето на практикантската работа и тоа:
- во писмена форма да го добие описот на целите, задачите и процесот на практикантството, пред да го склучи договорот за практикантска работа,
- да биде запознаен со условите за работа и опас- ностите поврзани со работата за време на практикан- тството, пред започнување на истото,
- да биде запознаен со општите акти на работодава- чот,
- на дневен и неделен одмор исто како вработените кај работодавачот согласно со општите прописи за ра- ботните односи,
- на платен одмор во траење од два работни дена месечно, доколку работи со полно работно време или еден работен ден месечно доколку работи со неполно работно време,
- на надоместок за практикантска работа од членот 8 од овој закон и
-надоместок на трошоци за службени патувања и други надоместоци кои настанале за потребите на вршење на практикантската работа.
Обврски на практикантот
Член 10
(1) Практикантот за време на практикантската рабо- та е должен да:
- потпише договор за практикантска работа со рабо- тодавачот, пред започнувањето со практикантската ра- бота,
- работи согласно со закон, договорот за практикан- тска работа и општите акти на работодавачот со кои претходно е запознаен,
- учествува во обуката и посветено да работи на до- верените задачи,
- користи средства за заштита при работа, согласно со прописите за безбедност и здравје при работа,
- го извести работодавачот за болест или други при- чини за привремена или трајна спреченост за вршење на практикантската работа,
- ги чува доверливите податоци, односно класифи- цираните информации на работодавачот, со кои е за- познаен во текот на практикантската работа и
- го извести работодавачот за штетни последици за кои е запознаен дека можат да настанат за него, за трети лица или за работодавачот.
(2) Практикантот кој за време на вршењето на прак- тикантската работа намерно или поради крајно невни- мание, го оштети имотот на работодавачот е должен да му ја надомести штетата на работодавачот согласно со одредбите на Законот за облигационите односи.
(3) Доколку практикантот претходно го известил работодавачот за штетни последици од ставот (1) али- неја 7 на овој член, истиот нема да има одговорност за направената штета.
Обврски на работодавачот
Член 11
(1) Работодавачот е должен:
- да го објави јавениот оглас за практикантска рабо- та на својата интернет страница и/или на интернет страницата на Агенцијата за вработување на Република Македонија или друг јавен медиум,
- да ги утврди очекуваните цели за ангажирање на практикантот, задачите и процесот на практикантската ра- бота, кои треба да бидат јавно достапни на заинтересира- ните кандидати во огласот за практикантска работа,
- да потпише договор за практикантска работа со избраниот кандидат,
- да изврши пријава на практикантот, најмалку еден ден, пред започнување на вршење на практикантската работа и одјава во рок од осум дена по завршување на практикантската работа, односно по престанокот на до- говорот за практикантска работа, во Агенцијата за вра- ботување на Република Македонија,
- да обезбеди одговорно лице - ментор за континуи- ран надзор на практикантот, кој ќе ја организира прак- тикантската работа, ќе го следи напредокот на практи- кантот и ќе осигура остварување на целите за учење и практикантство,
- да обезбеди надзор над работата на практикантот од страна на менторот и да не дозволи самостојно ра- ботење на практикантот,
- да обезбеди оптимални услови за работа и матери- xxxx и средства за извршување на практикантската ра- бота,
- да му издаде на практикантот потврда за стекнати- те знаења, вештини и компетенции, како и опис на практикантската работа и нејзиното времетраење, во рок од осум работни дена од завршување на практикан- тската работа,
- редовно да му го исплаќа надоместокот утврден во договорот за практикантска работа,
- да плати данок на личен доход на исплатениот износ на надоместокот,
- да обезбеди средства за заштита при работа, до- колку за работното место на кое се врши практикан- тската работа е пропишано да се користат,
- да обезбеди тајност на личните податоци и зашти- та на приватноста на практикантот и
- да плати придонес врз основа на инвалидност и телесно оштетување причинето со повреда на работа или професионална болест и дополнителен придонес за задолжително здравствено осигурување во случај на повреда на работа и професионално заболување.
(2) Работодавачот не може на практикантот да му наплаќа трошоци за обука, трошоци за превоз, работни материјали и други трошоци поврзани со вршењето на практикантската работа.
(3) Работодавачот не може да му наложи на практи- кантот да работи задачи кои не се опишани во догово- рот за практикантска работа.
IV. Договор за практикантска работа
Член 12
(1) Односите, правата и обврските помеѓу практи- кантот и работодавачот се регулираат со договор за практикантска работа.
(2) Работодавачот е должен да го склучи договорот за практикантска работа со практикантот во писмена форма, кој треба да биде потпишан од двете страни, пред започнувањето на практикантската работа.
(3) Договорот за практикантска работа за лице помладо од 18 години го потпишуваат практикантот, неговиот родител/старател и работодавачот.
(4) Договорот за практикантска работа може да би- де потпишан на полно работно време или неполно ра- ботно време, согласно со потребите и волјата на дого- ворните страни.
(5) Договор за практикантска работа не може да се склучи за вршење на работи и задачи за конкретно по- стојно работно место, за кое може да се склучи договор за вработување, односно практикантот не може да оба- вува редовни работни обврски.
(6) Договор за практиканска работа не може да се склучи со лице кое претходно било вработено кај ист работодавач или друг работодавач за работно место со исти или слични работни задачи како практиканска ра- бота и работниот однос да траел не помалку од три ме- сеци.
(7) Со склучување на договорот за практикантска работа, практикантот не ги губи правата по основ на невработеност, согласно со прописите од областа на вработувањето и осигурување во случај на невработе- ност и правата пропишани по основ на социјална заш- тита, утврдени согласно со прописите од областа на со- цијалната заштита.
Содржина на договорот за практикантска работа
Член 13
(1) Договорот за практикантска работа ги содржи следните елементи:
1. Договорни страни:
- практикант (име и презиме, единствен матичен број на граѓанинот, датум на раѓање, адреса на живеа- лиште, односно на престојувалиште, телефон, елек- тронска адреса, вид и степен на образование) и
- работодавач (полн и скратен назив, ЕМБС, годи- на на основање, име и презиме на овластено лице, ад- реса на правното лице, основна дејност, број на врабо- тени);
2. Датум и место на склучување на договорот;
3. Почетен и краен датум на практикантската ра- бота;
4. Опис на целите и процесот на здобивање на прак- тични знаења и вештини на практикантот;
5. Предмет на практикантството - опис на работни- те задачи на кои ќе работи практикантот;
6. Опис на местото на работа, условите за работа и можните опасности за практикантот;
7. Висина на месечниот надоместок за практикан- тската работа согласно членот 8 став (2) од овој закон, кој ќе му биде исплаќан на практикантот во нето износ согласно договорот;
8. Распоред на дневно и неделно работно време и број на работни часови;
9. Обврска за чување на деловна тајна од страна на практикантот и
10. Обврска на работодавачот за издавање на пот- врда за стекнати знаења, вештини и компетенции на практикантот, како и опис на практикантската работа и нејзиното времетраење.
(2) Формата и содржината на потврдата од ставот
(1) точка 10 на овој член ја пропишува министерот над- лежен за работите од областа на трудот.
Престанок на договорот за практикантска работа
Член 14
(1) Договорот за практикантска работа престанува:
- со истекот на рокот за кој е склучен договорот,
- со спогодбено раскинување,
- при намалување на бројот на вработени лица на неопределено време кај работодавачот за време на ан- гажирани практиканти, доколку не го надополни бро- јот на вработени во рок од 15 дена од денот на намалу- вање на бројот на вработени, освен во случаите на смрт или пензионирање на вработено лице или
- со вработување на практикантот.
(2) Практикантот може да го раскине договорот пред да истече времето за кое е склучен, со писмена из- јава без обврска за наведување на причината за раски- нување на договорот, освен во случај кога раскинува- њето може да предизвика штетни последици во работе- њето на работодавачот или на трети лица.
(3) Работодавачот може да го раскине договорот за практикантска работа:
- со престанување на потребните услови за практи- кантска работа,
- кога ќе констатира дека практикантот не ги испол- нува договорените обврски или
- со вработување на практикантот.
(4) Договорот за практикантска работа може да се раскине во рок од најмалку пет дена од доставување на писмената изјава за раскинување од едната дого- ворна страна до другата договорна страна.
V. Евиденција на практикантската работа
Член 15
Работодавачот е должен да води евиденција на ра- ботните часови на практикантот, согласно со евиденци- јата за работното време за вработените.
Член 16
Формата и содржината на системот за евиденција, како и следењето и известувањето за практикантската работа ги пропишува министерот надлежен за работите од областа на трудот.
VI. Примена на други прописи
Член 17
За прашањата кои ќе произлезат од практикантска- та работа, а кои не се уредени со овој закон, се приме- нуваат одредбите од Законот за облигационите односи, Законот за работните односи и Законот за безбедност и здравје при работа.
VII. Надзор
Член 18
(1) Надзор над спроведување на одредбите од овој закон врши Министерството за труд и социјална поли- тика.
(2) Инспекциски надзор врши Државниот инспекто- рат за труд, преку инспекторите за труд.
VIII. Едукација, прекршочни одредби и порамнување
Едукација
Член 19
(1) Доколку при вршењето на инспекциски надзор инспекторот на трудот утврди дека е сторена неправил- ност од членот 9 став 1 алинеи 1, 2 и 3, членот 11 став
(1) алинеи 1, 2 и 3, членот 13, членот 15 и членот 17 од овој закон, е должен да состави записник, во кој ќе ја утврди сторената неправилност, со укажување за от- странување на утврдената неправилност во рок од осум дена и со истовремено врачување на покана за спрове- дување на едукација на лицето или работодавачот каде е утврдена неправилноста при вршењето на инспекцис- киот надзор.
(2) Формата и содржината на поканата за едукација, како и начинот на спроведување на едукацијата ги про- пишува министерот надлежен за работите од областа на трудот.
(3) Едукацијата ја организира и спроведува Држав- ниот инспекторат за труд, во рок не подолг од осум дена од денот на спроведувањето на инспекцискиот надзор.
(4) Едукацијата може да се спроведе за повеќе ут- врдени исти или истородни неправилности, за еден или за повеќе работодавачи.
(5) Доколку во закажаниот термин лицето или рабо- тодавачот над кој се спроведува едукацијата, не се јави на едукацијата, ќе се смета дека едукацијата е спрове- дена.
(6) Доколку лицето или работодавачот над кој се спроведува едукација се јави на закажаната едукација и истата ја заврши, ќе се смета дека е едуциран по однос на утврдената неправилност.
(7) Доколку инспекторот на трудот при спроведува- ње на контролниот надзор утврди дека се отстранети утврдените неправилности од ставот (1) на овој член, донесува заклучок со кој ја запира постапката на инспекциски надзор.
(8) Доколку инспекторот на трудот при спроведува- ње на контролниот надзор утврди дека не се отстране- ти утврдените неправилности од ставот (1) на овој член, поднесува барање за поведување на прекршочна постапка пред прекршочната комисија.
(9) Државниот инспекторат за труд води евиденција за спроведената едукација, на начин пропишан од ми- нистерот надлежен за работите од областа на трудот.
Прекршочни одредби
Член 20
(1) Глоба во износ од 1.500 евра во денарска про- тиввредност ќе му се изрече за прекршок на правното лице, ако:
- склучи договор за практикантска работа со прак- тикант кој не ги исполнува условите утврдени со од- редбите од овој закон (член 3),
- обезбеди практикант за своите потреби без јавен оглас со предвидената содржина со одредбите од овој закон или органите на државната власт или единиците на локалната самоуправа не ја почитуваат соодветната и правична застапеност на припадниците на заедници- те и родово балансирано учество (член 4),
- склучи договор за практикантска работа за вре- метраење на практикантската работа спротивно на од- редбите од овој закон или дозволи практикантска рабо- та повеќе пати со исто лице (член 6),
- ангажира поголем број на прантиканти од бројот ут- врден со одредбите на овој закон (член 7 ставови (1) и (2)),
- не му обезбеди на практикантот право на месечен надоместок и не исплати месечен надоместок на прак- тикантот во нето износ за полно работно време за из- вршена практикантска работа или пократко од полното работно време согласно со одредбите од овој закон (член 8 ставови (1), (2) и (3)),
- не му исплати пропорционален дел како надомес- ток за вршење на практикантска работа во случај на отсуство од работа по било кој основ освен одмор или не го исплати надоместокот до 15 во тековниот месец за претходниот месец (член 8 ставови (4) и (5)),
- пред склучување на договорот за практикантска работа писмено не направи и даде на практикантот опис на целите, задачите и процесот на практикан- тството, не го запознае со условите за работа и опас- ностите поврзани со работата или општите акти на ра- ботодавачот (член 9 став (1) алинеи 1, 2 и 3),
- не му обезбеди на практикантот дневен и неделен и платен одмор, не му обезбеди и исплати надоместок или не му исплати надоместок на трошоци согласно со овој закон (член 9 став (1) алинеи 4, 5, 6 и 7),
- не објави јавен оглас за потребата од практикан- тство на својата интернет страница или на интернет страницата на Агенцијата за вработување на Република Македонија или друг јавен медиум, не ги утврди цели- те за ангажирање, задачите и процесот на практикан- тска работа (член 11 став (1) алинеи 1 и 2),
- не потпише договор за практикантска работа со избраниот кандидат, не изврши пријава на практикан- тот и одјава во дадениот рок, не обезбеди одговорно лице-ментор за континуиран надзор на практикантот или дозволи самостојно работење на практикантот спротивно на одредбите од овој закон (член 11 став (1) алинеи 3, 4, 5 и 6),
- не му обезбеди на практикантот услови и средства за работа, не му даде потврда за стекнатите знаења, вештини и компетенции во утврдениот рок, редовно не му исплаќа надоместок согласно со договорот, не исплати данок на личен доход согласно со закон, не обезбеди сретства за заштита при работа, тајност на личните податоци и заштита на приватноста, не плати придонес врз основа на инвалидност и телесно оштету- вање причинето со повреда на работа или професио- нална болест и дополнителен придонес за задолжител- но здравствено осигурување во случај на повреда на работа и професионално заболување (член 11 став (1) алинеи 7, 8, 9, 10, 11, 12 и 13),
- му наплати на практикантот трошоци за обука, трошоци за превоз, за работни материјали и други тро- шоци поврзани со вршење на практикантската работа (член 11 став (2));
- овозможи практикантска работа без договор за практикантска работа во писмена форма, овозможи практикантство на лице помладо од 18 години со дого- вор за практикантска работа непотпишан од практи- кантот и родител или старател, овозможи со договор за практикантска работа да се замени постојно работно место (член 12 став (1), (2), (3) и (5)),
- потпише договор за практикантска работа со сод- ржина спротивна на одредбите од овој закон (член 13),
- не ја прими писмената изјава за раскинување на договорот за практикантска работа, не го раскине до- говорот за практикантска работа во дадениот рок, го раскине договорот за практикантска работа спротивно на овој закон (член 14 ставови (2) и (3)) x
- неправилно води или не води евиденција на работ- ните часови на практикантот (член 15).
Член 26
Подзаконските акти од членот 19 став (2) и членот 22 став (2) од овој закон ќе се донесат во рок од 15 дена од денот на влегувањето во сила на овој закон.
Член 27
Овој закон влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Маке- донија‖.
(2) Глоба во износ од 30% од одмерената глоба за
правното лице ќе му се изрече за прекршокот од ставот
(1) на овој член и на одговорното лице во правното лице.
(3) Глоба во износ од 150 до 250 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршокот од ста- вот (1) на овој член на работодавач-физичко лице.
Глоба за овластено службено лице
Член 21
Глоба во износ од 50 до 100 евра во денарска про- тиввредност ќе му се изрече за прекршок на овластено- то службено лице од органот кој ја води постапката и надлежниот јавен орган од кој се побарани доказите и податоците, ако:
- не води евиденција за работните часови на прак- тикантот согласно со овој закон (член 15).
Порамнување
Член 22
(1) Доколку при вршење на инспекциски надзор над примената на овој закон се утврди повреда која е про- пишана како прекршок со овој закон, од страна на ов- ластеното службено лице задолжително ќе му се пону- ди постапка за порамнување на сторителот на прекр- шокот согласно со Законот за прекршоците.
(2) Формата и содржината на прекршочниот платен налог и мандатен платен налог ги пропишува министе- рот надлежен за работите од областа на трудот.
Одмерување на глоба
Член 23
Одмерување на висината на глобата за правното ли- це се врши согласно со Законот за прекршоците.
Водење прекршочна постапка
Член 24
(1) За прекршоците од членот 20 од овој закон, прекршочна постапка води и прекршочна санкција из- рекува прeкршочниот орган - Прекршочна комисија, во рамките на министерството надлежно за работите од областа на трудот.
(2) За прекршоците од членот 21 од овој закон, над- лежниот орган ќе издаде мандатен платен налог сог- ласно со Законот за прекршоците.
IX. Преодни и завршни одредби
Член 25
Подзаконските прописи предвидени со овој закон ќе се донесат во рок од три месеци од денот на влегува- њето во сила на овој закон.
X X XX
PËR PRAKTIKË
I. Dispozita të përgjithshme Xxxxx e ligjit
Neni 1
Me këtë ligj rregullohet procedura dhe kushtet për realizimin e praktikës, të drejtat dhe obligimet e praktikantit dhe të punëdhënësit tek i cili realizohet puna e praktikantit, marrëveshja për punë të praktikantit dhe evidenca e punës së praktikantit.
Përkufizime
Neni 2
(1) Shprehje të ndryshme të përdorura në këtë ligj e xxxx domethënien si vijon:
1. "Praktikë" është aktivitet pune i cili përfshin komponentin e punës nëpërmjet mësimit dhe fitimit të shkathtësive praktike të punës, e cila realizohet në periudhë kohore të kufizuar, me qëllim fitimin e përvojës praktike dhe profesionale me qëllim të përmirësohet punësimi dhe të ndihmohet kalimi në punësim të rregullt. Me praktikë nuk nënkuptohet kryerja e stazhit të praktikantit, stazhi vullnetar dhe puna provuese në pajtim me Ligjin për marrëdhëniet e punës, si dhe trajnimi, rikualifikimi dhe kualifikimi plotësues në pajtim me Ligjin për punësim dhe sigurim në xxxx xx papunësisë.
2. "Puna e praktikantit" është periudhë e kufizuar e kaluar në praktikë e praktikantit tek punëdhënësi.
3. "Praktikant" është person fizik i cili kryen punë praktikanti te punëdhënësi me qëllim të fitojë njohuri praktike dhe shkathtësi të cilat do t'i ndihmojnë të përmirësojë punësimin në tregun e punës.
Praktikant në pajtim me këtë ligj xxxx xx jetë çdo person fizik, shtetas i Republikës së Maqedonisë i cili i plotëson kushtet e përcaktuara me këtë ligj.
4. "Punëdhënës" është person juridik ose fizik, si dhe subjekt tjetër (organ i pushtetit shtetëror, organ i njësisë së vetëqeverisjes lokale, filial i shoqatës së huaj, përfaqësi diplomatike konsullore), i cili punëson punëtorë në xxxx xx marrëveshjes për punësim.
5. "Mentor" është person i punësuar te punëdhënësi i cili është i angazhuar për organizimin e punës së praktikantit dhe ndjekjen e progresit të praktikantit dhe i cili siguron realizimin e qëllimeve për mësim gjatë punës së praktikantit.
(2) Xxxxxxxxx e përdorura "praktikant", "mentor" dhe "punëdhënës" në gjininë mashkullore xxxx domethënie neutrale dhe vlejnë edhe për femra edhe për meshkuj.