промоција на професијата оџачар за Проектот: “Оџачари за чисти печки и чист воздух во Скопјe”
За реализација на активностите од проектот „Оџачари за чисти печки и чист воздух во Скопје“ предвидени во договорот за имплементација на проектот склучен од 21.01.2020 година и анекс договор кон основниот договор за имплементација на проектот од 17.02.2020 година помеѓу град Нирнберг и град Скопје, Градот Скопје објавува:
ЈАВЕН ПОВИК
за прибирање на понуди заподготовка на промотивен и информативен видео материјал за возобновување и
промоција на професијата оџачар за Проектот: “Оџачари за чисти печки и чист воздух во Скопјe”
Градот Скопје спроведува проект “Оџачари за чисти печки и чист воздух во Скопјe”, кој е финансиран од Министерство за економска соработка и развој од Сојузна Република Германија и истиот се реализира во соработка со збратимениот град Нирнберг од Сојузна Република Германија.
I. Краток опис на проектот
Проектот е фокусиран на подобрување на состојбата со квалитетот на амбиентниот воздух во градот Скопје, преку намалување на емисиите од приватните домаќинства во една пилот област во Скопје.
За таа цел потребно е да се обучат доволен број на оџачари, како и да се спроведе кампања за промовирање на значењето на професијата оџачар од аспект на заштита на здравјето на луѓето и заштита на амбиентниот воздух.
II. Цели на проектот Генерална цел :
Целта на проектот е да се тестира систем за намалување на емисиите од огревно дрво за загревање на приватните домаќинства во една пилот–област во Скопје, за што потребно e да се обучат доволен број оџачари.
Специфични цели :
- Оспособување на оџачари во Скопје за контрола и чистење на приватни грејни тела и оџаци и советување на сопствениците на домовите/фабриките за загреењето со ниски емисии;
- Информирање на сопствениците на домовите во пилот-областа и поттикнување да го променат однесувањето во однос на греењето (гориво,
видна печки, трошоци за греење);
- Овозможување процена на проблематичната состојба и планирање мерки за изнаоѓање решение врз основа на состојбата од податоците во пилот–областа;
- Исполнување на подготовките за законското спроведување на општите правни услови за контрола и намалување на емисиите од загревање на приватните домаќинства;
- Подготовка на промотивен и информативен видео материјал за возобновување ипромовирање на професијата оџачар и негова дистрибуција, споделување и емитување на националните телевизии и социјалните медиуми.
III. Потребна услуга
Изработка на 2 (две) кратки видеа од кои 1 (едно) видео за возобновување на професијата оџачар, и 1 (едно) видео за промовирање на професијата оџачар,со нарација на македонски и албански јазик, во должина од 90-120 секунди, и нивна дистрибуција, промоција и емитувањена националните телевизии и социјалните медиуми. Планот и обемот на потребната услуга е опишан во глава IV - технички спецификации.
IV. Технички спецификации
Развој на 2 (две) кратки пишани сценарија,од кои 1 (едно )сценарио за видео за возобновување на професијата оџачар и 1 (едно) сценарио за видео за промовирање на професијата оџачар кои ќе го презентираат концептот завозобновување и промовирање на професијата оџачарво соработка со проектниот тим;
Пред продукција со ангажман на човечки ресурси и избор на локација;
Продукција на видео материјал за возобновување и промовирање на професијата оџачар;
Постпродукција вклучувајќи ги сите елементи за комплетно завршување на видеата;
Спроведување на правилата за видливост на донаторот во соработка со проектниот тим;
Видео материјалите треба да се предадатво соодветен формат кој лесно ќе се отвора и лесно ќе се прикачува на масовните медиуми;
Дистрибуција, промоција и емитување на видеата на националните телевизии и социјалните медиуми;и
Xxxxxx за сопственост, со која добавувачот се согласува дека продуктите кои ќе произлезат од ангажманот ќе останат во сопственост на Град Скопје.
V. Документи за пријавување
Право да достави понуда има секое заинтересирано домашно правно и физичко лице - понудувач, кое е регистрирано за вршење на дејноста поврзана со предметот на јавниот повик.
Заинтересираните апликанти за да можеда учествуваат на јавниот повик за набавка на услугата,потребно е да ги достават следните докази:
За правни лица:
- Тековна состојба од Централен регистар на РСМ (не постара од 6 месеци од денот на аплицирање);
- Документ за регистрирана дејност- ДРД образец, издаден од Централниот регистар на РМ, како доказ дека е регистриран како правно лице за вршење на дејноста поврзана со предметот на повикот(не постара од 6 месеци од денот на аплицирање);
- Професионално резиме на правното лице;
- Референтна листа на претходни слични ангажмани и најмалку 3 (три) препораки издадени од примателите на услугите;
- Линкови од видеа на кои лицето работело;
- 2 (две) креативни решенија – 1 (едно) сценарио за видеоза возобновување на професијата оџачар и 1 (едно) сценарио за видео за промовирање на професијата оџачар;
- Финансиски предлог – нето износ и износ на ДДВ.
За физички лица
- Документ за регистрирана дејност- ДРД образец издаден од Централниот регистар на РМ, како доказ дека е регистриран како физичко или правно лице за вршење на дејноста поврзана со предметот на повикот(не постара од 6 месеци од денот на аплицирање);
- Професионално резиме на физичкото лице;
- Референтна листа на претходни слични ангажмани и најмалку 3 (три) препораки издадени од примателите на услугите;
- Линкови од видеа на кое лицето работело;
- 2 (две) креативни решенија – 1 (едно) сценарио за видео за возобновување на професијата оџачар и 1 (едно) сценарио за видео за промовирање на професијата оџачар;
- Финансиски предлог – нето износ и износ на ДДВ.
VI. Рок за извршување на услугата
Испораката на услугата да биде најдоцна во рок од 45 (четириесет и пет) дена по потпишување на договорот и истата ќе се спроведува во 2 (два) дела:
1. Креирање и промоција на видео за возобновување на професијата оџачар; и
2. Креирање и промоција на видео за промовирање на професијата оџачар.
VII. Исплата на финансиски средства
Начинот на плаќање е по доставена фактура во рок од 30 (триесет) дена за извршена услуга со записник/испратницаили работен налог потпишан од лицата вклучени во реализацијата на договорот, во рокови утврдени во техничката спецификација и договорот.
VIII. Начин на пријавување
Заинтересираните лица(апликанти) кои ги исполнуваат условите наведени во точка 4 од овој повик потребно е да достават својапонуда во електронска верзија на е-пошта: xxxxxx@xxxxxx.xxx.xx, или во печатена верзија (лично преку архива или по пошта) до Град Скопје,бул.Илинден бр.82, 1000 Скопје,со назнака за: Подготовка на промотивен и информативен видео материјал за возобновување и промоција на професијата оџачар за Проектот: “Оџачари за чисти печки и чист воздух во Скопјe”.
Рокот за аплицирање е од 26.03.2022 година до 02.04.2022 година до 15.00 часот. Ненавремената и некомплетната документација нема да биде разгледувана.