СПОРЕД ДОГОВОР ЗА ГРАНТ IPA/2017/391-843
ДО
СИТЕ ЗАИНТЕРЕСИРАНИ СТРАНИ
ПОВИК ЗА ПРИБИРАЊЕ НА ПОНУДИ ЗА ОБЕЗБЕДУВАЊЕ НА УСЛУГИ ЗА ОРГАНИЗИРАЊЕ НА ЧЕТИРИ (4) ОБУКИ НА ТРЕНЕРИ
СПОРЕД ДОГОВОР ЗА ГРАНТ IPA/2017/391-843
Буџетска линија 5.7.1
Почитувани,
Македонско здружение за заштита при работа во рамките на проектот “Подобрување на вклученоста и влијанието на граѓанското општество во јавните политики за безбедност и здравје при работа и при донесувањето одлуки како подршка на државата во процесите на пристапување кон ЕУ” Ве поканува да учествувате во постапка за обезбедување на улуги за организирање на 4 (четири) обуки на обучувачи во Скопје. Целосната документација е приложена кон ова писмо и содржи:
A. Упатства за понудувачи и барања
B. Aнекси:
❑ Барање за понуда (Анекс 1)
❑ Oпис на работни задачи (Анекс 2)
❑ Образец на понуда ( Техничка и Финансиска понуда )
Со почит,
Проект Менаџер
Скопје,
09.04.2018 година
УПАТСТВА ЗА ПОНУДУВАЧИТЕ
1. Услуги што треба да се обезбедат
Услугите што ги бара Нарачателот се опишани во Описот на разботни задачи (Анекс 2).
2. Предмет на договорт за набавка
Предмет на договорот за набавка е обезбедување на услуги за организирање на четири
(4) дводневни обуки во Скопје. Детален опис на предметот на договорот е даден во техничките спецификации во прилог на оваа документација.
3. Содржина на понудите
Понудите, целата кореспонденција и документите поврзани со постапката кои ги разменуваат понудувачот и Xxxxxxxxxxx се пишуваат на македонски јазик со користење на неговото кирилско писмо. Понудата се изготвува во согласност со условите предвидени во електронска форма и печатена форма, со користење на обрасци дадени во прилог.
Елементи на понудата
- Анекс - Образец на понуда ( Техничка и Финансиска понуда)
- ДРД образец од понудувачот
4. Начин на поднесување на понуди
Понудите мораат да се поднесат најдоцна до 25.04.2018 година до 16 часот на следната адреса: МЗЗПР - проект “Подобрување на вклученоста и влијанието на граѓанското општество во јавните политики за безбедност и здравје при работа и при донесувањето одлуки како подршка на државата во процесите на пристапување кон ЕУ” адреса: Востаничка 2/8 1000 Скопје или на: xxxxxxx.xxx-xxx@xxxxx.xxx.xx
Понудата која е поднесена по истекот на крајниот рок за поднесување на понудите нема да се разгледува.
5. Право на учество
Право да достави понуда има секое заинтересирано домашно правно лице- понудувач.
6. Цена на понудата
Цената на понудата се пишува со бројки и букви.
7. Валута на понудите
Цената на понудата се изразува во денари без вклучен данок на додадена вредност
8. Критериуми за доделување на договор
8.1 Критериуми за доделување на договорот за набавка на услуги е економски најповолна понуда. За носителот на набавка ќе биде избран оној понудувач чија понуда ќе биде оценета како економски најповолна , односно која ќе освои најголем број на бодови како збир на бодовите за секој елемент на критериумот економски најповолна понуда.
8.2 Елементи на критериумот економски најповолна понуда се земаат:
• Цена - 60 бодови
• Методологија и план за реализација со детален опис на пристапот и временската рамка- 40 бода
МЗЗПР го задржува правото да ја прифати или одбие било која апликација. Изборот на кандидати ќе се врши според процедурите на проектот "Подобрување на вклученоста и влијанието на граѓанското општество во јавните политики за безбедност и здравје при работа и при донесувањето одлуки како подршка на државата во процесите на пристапување кон ЕУ".
9. Потпишување на договорот
По завршување на изборот за најповолен понудувач сите понудувачи во постапката ќе бидат известени за одлуката за прифаќање/одбивање на доставената понуда.Известувањето е од информативен карактер и не предизвикува правни последици.
Успешниот понудувач ќе биде информиран за прифаќањето на неговата понуда, најдоцна во рок од 3 дена од донесувањето на одлука за избор на најповолна понуда. Нарачателот го задржува правото да побара дополнителни документи од понудувачот. Најуспешниот понудувач ќе биде поканет да склучи договор за извршување на услугите.
АНЕКС II: ОПИС НА УСЛУГИ
Специфични активности
За потребите на проектот “Подобрување на вклученоста и влијанието на граѓанското општество во јавните политики за безбедност и здравје при работа и при донесувањето одлуки како подршка на државата во процесите на пристапување кон ЕУ” неопходна е подршка во обезбедување на услуги за реализација на четири (4) дводневни обуки во Скопје.
Активности:
-организирање на 4 дводневни обуки во Скопје;
-времетраење : максимум 8 часа/по ден.
Опис на бараните услугите по настан | |
Обезбедување на сала и технича опрема1 за состаноци | 8 дена Од 6- 8 часа по ден |
Ручек / кетеринг услуги | 8 дена x 15 учесници |
Кафе пауза за учесници | 16 кафе паузи ( 8 дена * 2 кафе паузи) |
Датум на започнување и Период на имплементација на задачите
Настаните се предвидени да се реализираат во период од 22 мај 2018 до 07 септември 2018 година.
Датуми за одржување на предложените обуки:
Прва обука на тренери | 22-23 Мај 2018 година |
Втора обука на тренери | 21-22 Јуни 2018 година |
Трета обука на тренери | 30-31 Август 2018 година |
Четврта обука на тренери | 6-7 Септември 2018 година |
1 техничка опрема вклучува: ЛЦД проектор, 1 лап топ, платно за проекција и флип чарт табла.
Цена
Финансиската понуда треба да биде пресметана согласно горенаведените барања и спецификации. Понудата треба да биде изразена во МКД и без вкалкулиран ДДВ
Очекувани резултати
Организирани 4 дводневни обуки во Скопје.