Contract
Врз основа на член 123 од Колективниот договор за текстилна индустрија на РМ (Сл. весник на РМ број 134/2009), а во врска со член 277 став 2 од ЗРО (пречистен текст,Сл.весник на РМ бр. 52/12), член 8 од Законот за минимална плата во РМ(Сл. весник на РМ бр. 11/12), Синдикатот на работниците од текстилната,кожарската и чевларската индустрија на РМ. и Здружението на кожарско чевларска индустрија при Организацијата на работодавачи на Македонија на ден16.11.2012, склучија:
УСОГЛАСУВАЊЕ
на Колективниот договор за кожарско чевларска индустрија на РМ
. Член 1
Во член 6, во ставот 1 зборовите “во висина од 5 плати” се заменуваат со зборовите “согласно Законот за облигационите односи”.
Став 2 од член 6 се брише.
Член 2
Членот 31 се менува и гласи
„ Основната плата се определува врз основа на барањата на работното место (стручна подготовка, стекнати вештини, сложеноста и одговорноста на работното место), а се утврдува така што коефициентот на сложеност на работното место на кое работникот работи според договорот за вработување се множи со пресметковната вредност за единица коефициент за најнизок степен на сложеност.(досегашна најниска плата)
Основната плата за одделни степени на сложеност, согласно став 1 на овој член се добива за 100% остварена норма и полно работно време.
Основната плата не може да биде пониска од минималната плата утврдена со закон.„
Член 3
Чле 32 се менува и глас:
„При утврдување на пресметковната вредност за единица коефициент за најнизок степен на сложеност се поаѓа особено од: трошоците на живот, економските можности, општото ниво на платите на дејност, нивото на продуктивноста, економичноста, рентабилноста, социјалните давања и други економски и социјални фактори.
Пресметковната вреднодност на единица коефициент за најнизок степен на сложеност потписниците на овој Колективен договор го утврдуваат најмалку еднаш годишно , а најдоцна до 31.12 за наредната година.
Пресметковната вреднодност на единица коефициент за најнизок степен на сложеност за 2012 година се утврдува во висина од 6.263,00 денари.
Со колективен договор на ниво на работодавач може да се утврди повисока пресметковна вредност на единица коефициент за најнизок степен на сложеност утврдена во став 3 од овој член .„
Член 4
Во член 35 став 1 се менува и гласи:
„Со колективен договор на ниво на работодавач можат да се утврдат и други групи на степени на сложеност во рамките на претходниот член, како и на повисоки степени на сложеност за типични работни места.„
Член 5
Насловот „Информирање на работниците„ се менува и гласи:
„ ИНФОРМИРАЊЕ И КОНСУЛТИРАЊЕ НА РАБОТНИЦИТЕ„
Член 6
По членот 93 се додава нов член 93 а кој гласи:
„Консултирање значи размена на мислења и воспоставување на дијалог меѓу претставниците на синдикатот, односно работниците и работодавачот секогаш кога е потребно во случаите утврдени со закон, а особено за економска состојба, за одлуките кои можат да доведат до суштински промени во организацијата на работата или договорните обврски, во случај на пренесување на трговското друштво, како и кога работодавачот има намера да спроведе колективни отпуштања.„
Член 7
Усогласувањето на Колективниот договор за кожарско чевларска индустрија на РМ стапува на сила со денот на потпишувањето на усогласувањето.
Усогласувањето на Колективниот договор за кожарско чевларска индустрија на РМ се објавува во „Службен весник на РМ„.
Ноември 2012