Contract
Овие Правила и услови ја формираат основата на договорот меѓу Новапарк и вас, а во врска со користењето на вашата корисничка сметка. Вие се согласувате со овие Правила и услови при резервација за паркирање и/или сродни услуги на еден од паркинзите управувани од Новапарк кога ќе побарате активирање на корисничка сметка.
1. ПРИМЕНА НА ПРАВИЛАТА И УСЛОВИТЕ
Овие Правила и услови се применуваат за сите сметки на клиенти активирани од Новапарк.
2. ДЕФИНИЦИИ
− “Број на сметка” значи единствен број доделен од Новапарк на секоја сметка на клиент;
− “Паркинг” значи секој објект за паркирање во сопственост, раководење и / или управуван од Новапарк, предвиден за паркирање на возила;
− “Корисничка сметка” значи вашата единствена сметка во Новапарк која ги содржи вашите лични детали за да ви овозможи да користите услуги;
− “Податоциза корисници” го имаат значењето дадена во член 14;
− “Закони за заштита на податоците” значи сите применливи закони кои се однесуваат на обработка, приватност и употреба на лични податоци на Република Северна Македонија, вклучително и Законот за заштита на податоците 1998 и Општата регулатива за заштита на податоците ((ЕУ) 2016/679);
− “Член на Новапарк” значи секој корисник кој избира да стане член во согласност со член 10 и членството во Новапарк треба да се толкува соодветно;
− “Резервиран паркинг” значи секое паркирање и/или поврзани услуги на паркингот резервирано преку xxx.xxxxxxxx.xx, корпоративните партнери и филијали или нивните веб-страници и сите резервации за паркирање и/или поврзани услуги направени преку телефон со центарот за контакт со клиенти и на кои се применуваат условите за претходна резервација;
− “Производи” значи производи за паркирање и/или услуги што ги нуди Новапарк и на кои ќе имате пристап како корисник на сметка; и
− “Годишен билет” значи секаков вид на дозвола што ќе ви овозможи да го паркирате вашето возило во кој било или повеќе наведени паркинзи во време кое е во согласност со договорните услови.
− “Интернет-страница” значи xxx.xxxxxxxx.xx и други URL-адреси управувани од Новапарк.
3. КОРИСТЕЊЕ НА КОРИСНИЧКА СМЕТКА
Може да промените кој било податок во врска со корисничката сметка (освен вашето корисничко име).
Вие сте согласни безбедно да ги чувате вашите податоци за најава и да не ги откривате на трето лице. Ако се сомневате дека некој друг ги има или ги користи вашите податоци, треба веднаш да ја смените вашата лозинка.
Вашата корисничка сметка е лична за вас и не треба да ја користи било кое трето лице. Секое друго лице кое сака да има пристап до корисничка сметка, ќе треба да побара корисничка сметка на свое име.
Xxxxxxxx го задржува правото веднаш да ја суспендира или затвори вашата корисничка сметка, доколку:
i. постапувате спротивно на овие Правила и услови или кои било други Правила и услови на Новапарк;
ii. вклучувате (или Новапарк разумно се сомнева дека сте вклучиле) какво било лажно претставување, се однесувате спротивно пропишаните Правила и услови, сте направиле кражба или измама;
iii. дистрибуирате лажни или погрешни информации за Новапарк; или
iv. сте навредиле кој било вработен на Новапарк или други корисници на паркинзите управувани од Новапарк.
Може да ја затворите вашата корисничка сметка во секое време со испраќање на барање преку е-пошта на xxxx@xxxxxxxx.xx.
4. НАЧИНИ НА ПЛАЌАЊЕ
Новапарк прифаќа плаќање за производи и услуги со кредитна и дебитна картичка. Новапарк не издава сметки за плаќање, но ќе ви обезбеди потврда за плаќање, индивидуалнно на ваше барање.
Во кое било време по креирањето на вашата корисничка сметка ќе можете да зачувате детали за вашата кредитна или дебитна картичка во рамките на вашата корисничка сметка. Ова ќе ви овозможи погодност да изберете претходно користена картичка со цел да платите за производи во иднина. Овој податок ќе се користи само кога ќе ја користите таа кредитна или дебитна картичка за да платите за друг производ.
5. НАЧИНИ НА КОРИСТЕЊЕ НА ПАРКИНЗИТЕ И НОВАПАРК СЕРВИСИТЕ
Новапарк го одредува начинот на користење на паркингот (пр. картичка, магнетна лента, бар-код, автоматско препознавање на таблички, СМС плаќање итн) во однос на опремата за паркирање во наведениот паркинг.
Кога начинот на користење бара производ во физичка форма (пр. картичка), Новапарк ќе го испрати овој производ преку пошта, на адресата регистрирана на вашата корисничка сметка, веднаш по приемот на плаќање во однос на тој производ. Доколку физичкиот производ не ви пристигне во разумен рок, ве молиме исконтактирајте ги Новапарк за да го дознаете статусот на вашата пратка, или доколку е потребно, да се издаде замена.
6. ЗАКОНСКИ ПРАВА НА КОРИСНИЦИТЕ
Ништо во овие Правила и услови нема да одземе или модифицира кое било ваше законско право.
7. УПОТРЕБА НА ИНФОРМАЦИИ ЗА КЛИЕНТИ И ЗАШТИТА НА ПОДАТОЦИ
Новапарк ќе ги чува, обработува и користи сите лични податоци дадени од вас, а во врска со вашата корисничка сметка која е неопходна за да ви се обезбедат услугите согласно Правилата и условите. Ова чување, обработка и користење ќе биде во согласност со барањата на важечките закони за заштита на личните податоци и Политиката за приватност.
Новапарк ги користи информациите за корисниците на следниве начини:
i. за да процесира плаќања;
ii. за да комуницира со вас за плаќања и информации во врска со зделки и попусти;
iii. за да ги ажурира записите и апликацијата;
iv. за да ја активира и одржува вашата корисничка сметка и за да ви препорача цени и/или зделки за заштеда (доколку е применливо) што може да ве интересираат;
v. за да им се овозможи на трети страни да извршуваат технички, логистички или други функции во име на Новапарк;
vi. за да ви се обезбедат потребни информации или кореспонденции на ваше барање; и
vii. за да ви се испратат детали за нови, изменети или откажани трансакции.
Вашите податоци за контакт може да се користат за маркетинг цели кои се одвиваат преку телефон, е-пошта, СМС или редовна пошта, доколку сте се согласиле истите да ги добивате.
Сите информации за клиентите што Xxxxxxxx ги прибира се деловно важни и нема да се споделуваат, освен ако за тоа немаме изречна согласност. Xxxxxxxx нема да ги открива, изнајмува, тргува или продава личните податоци на трети страни за нивните цели за маркетинг.
8. ВАРИЈАЦИЈА НА ПРАВИЛАТА И УСЛОВИТЕ ПРИ АЖУРИРАЊЕ НА АПЛИКАЦИЈАТА
Ништо кажано или направено од страна на некој од вработените на Новапарк нема да има моќ на менување или модификација на овие Правила и услови.
Од време на време, Xxxxxxxx го задржува правото автоматски да ја ажурира апликацијата за да ги подобри перформансите, да ја подобри функционалноста, да ги рефлектира промените во оперативниот систем или да одговори на безбедносните проблеми. Алтернативно, можеби Xxxxxxxx ќе ве извести да ја ажурирате апликацијата од овие причини. Ако одберете да не инсталирате ажурирања или ако се откажете од автоматските ажурирања, можеби нема да можете да продолжите со користење на апликацијата.
9. ОГРАНИЧУВАЊЕ ОД ОДГОВОРНОСТ
Доколку Xxxxxxxx не успее, во кое било време во текот на договорот, да инсистира на строго извршување на некоја од вашите обврски, или ако не успее да оствари некое од правата на коишто има право, ова нема да претставува откажување од правата или правните лекови кои Новапарк ги има на располагање и нема да ве ослободи од почитување на вашите обврски.
10. ОСТАНАТИ ПРАВА И ОДГОВОРНОСТИ ВО ОДНОС НА ТРЕТИ ЛИЦА
Вие како корисник немате право да го споделите, да поведете постапка за наплата или да го пренесете овој договор или кој било негов интегрален дел без претходна писмена согласност од страна на Новапарк.
Xxxxxxxx има право да го сподели, да поведете постапка за наплата или да го пренесе овој договор или кој било негов интегрален со кое било трето лице.
Секое лице кое не е договорна страна на овој договор, без претходна писмена согласност од Новапарк, нема да има право да спроведе било какво начело од овој договор што експлицитно или со импликација му дава корист на тоа лице.
11. ЗАКОН И ЈУРИСДИКЦИЈА
Овој договор ќе се регулира и толкува во согласност со законот на Република Северна Македонија и на македонски јазик.